build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вилазора (Bylazora)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Вилазора (Bylazora)
    Posted: 23-Jan-2010 at 20:38
Пајонците беа јадрото жители на античка
Македонија (Аксиос / сливот на реката Вардар), пред
освојување на овој регион од страна на Македонците во
шестиот и петтиот век п.н.е.  Македонците ниту ги истребуваат ниту избркауваат пајонците, туку ги апсорбираат повеќето од нив во своето царство.
Пајонците остана значителна етничка компонента на античкото македонско царството. Пајонските конњеници, беа елитна борбена сила во војска
на Филип II и Александар III. По распаѓањето на македонското царство и по смртта на Александар во 322 п.н.е., пајонците делумно ја повратиле својата независност.
Независна Пајонија постоела се до вториот век п.н.е., кога териториите им биле уништени од страна на Келтите и Дарданите, потоа повторно биле освоени од Македонците и потоа Римјаните. (За целосна дискусија за пајонскота историја,
видете  http://www.tfahr.org/public.html.)

Антички грчки и латински извори споменуваат како Вилазора бил најголемиот Пајонски град. Многу години луѓето пртпоставувале дека легендарената Вилазора е модерениот град ВЕЛЕС, асоцијација во основа базирана врз погрешна етмологија . Во 1976 година д-р Иван Mikulcic сугерираше дека големо
(20 хектари) плато, околу 440 метри надморска височина,
во близина на Свети Николе може да биде Вилазора.
Мали истражувања беа направени на локалитетот во 1980-тите и
1990-тите. А големи ископувања следеа со поканите на TFAHR во 2008 година. Колку повеќе дека е откопана, на
повеќе локацијата е откопана толку повеќе личи на античка Вилазора.

http://www.tfahr.org/BylazoraProject.html  








ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Jan-2010 at 20:51














Edited by Makedonij - 06-Jun-2010 at 00:38
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Jun-2010 at 01:10
Во мај го посетив местото, не се работе ништо. Но ми се чине било ногу величастно, практично цел рид бил ВИЛАЗОРА, и соред тоа шо видов името ми делува вака ВЛЕЗ ВО ГОРА......штета шо овоа место не се конзервира и возобнови, бидејки станува збор за вториот најголем старомакедонски град.







 
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Jun-2010 at 01:12






Се надевам дека на оваа локација ќе и се нуди повеќе вниманиије од надлежните институцији.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Jun-2010 at 13:21
Makedonij, се обидов да се орјентирам каде точно е ова ама не успеав. Ако може попрецизно локацијата со координати.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Jun-2010 at 21:13
Село КНЕЖЈЕ, Св.Николе
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Jun-2010 at 21:41
Повеќе за Вилазора

http://www.tfahr.org/index.html
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Jul-2010 at 20:40
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Jul-2010 at 00:06
Нароторот му дава некој специјален шмек на видеово. Ме потсеќа како оние документарки за цивилизација на маите и некои слични мистериозни работи.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Aug-2010 at 20:09
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Mar-2011 at 22:35
Ископувања 2010


%5bBylazora+Reconstr.bmp%5d
http://www.pasthorizons.com/wp-content/uploads/2010/07/B870.jpg
Северен бедем
http://www.pasthorizons.com/testdir/wp-content/uploads/2010/07/B2.jpg
http://www.pasthorizons.com/testdir/wp-content/uploads/2010/07/B3.jpg
http://www.pasthorizons.com/testdir/wp-content/uploads/2010/07/B4.jpg
http://farm3.static.flickr.com/2787/4313023487_033a8611a8_z.jpg
http://farm5.static.flickr.com/4024/4313737666_8446443c69_b.jpg

АКРОПОЛА
http://www.tfahr.org/images/2010FAlb013.jpg
http://www.tfahr.org/images/2010FAlb010.jpg
http://www.tfahr.org/images/2010FAlb005.jpg
http://www.tfahr.org/images/2010FAlb021.jpg
http://www.tfahr.org/images/2010FAlb045.jpg
http://www.tfahr.org/images/2010FAlb031.jpg
http://www.tfahr.org/images/2010FAlb032.jpg
http://www.tfahr.org/images/Finds2010x09.jpg

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИЈИ:
http://www.tfahr.org/files/bylazora2010.pdf

Истотака е закажано ископување за 2011...


Edited by Makedonij - 18-Mar-2011 at 22:50
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Jul-2011 at 07:05
АРХЕОЛОЗИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ИСТРАЖУВААТ ВО СВЕТИНИКОЛСКО

Билазора ги открива тајните на Пајоните

Очигледно е дека Пајоните биле одлични градители. Знаеле како да се справат со големи камења, како да изградат големи одбранбени ѕидови, а тоа го правеле без малтер и без цемент, вели Вилијам Најдингер, археолог од Тексас

Кои биле Пајоните, каде живееле, какви објекти граделе, во што верувале? Какви биле нивните обичаи, како се облекувале, биле воинствени или мирољубиви? Група археолози од целиот свет деновиве се обидуваат да одговорат на овие прашања. Веќе еден месец го истражуваат локалитетот „Градиште“ кај светиниколското село Кнежје.
Наоѓалиштето кое археологот и професор д-р Иван Микулчиќ уште во 1976 година го посочил како Билазора, упориштето, главниот град на Пајоните денес дава се од себе да го потврди тоа. Иако с` уште не се појавил натпис, монета, артефакт кој неоспорно ќе потврди дека мистеријата наречена Билазора е веќе историски факт, археолозите се цврсто убедени дека ги откриваат слоевите на пајонската метропола.
Под раководство на археолошки тимови од земјава и од Тексас, истражувањата ги спроведуваат млади луѓе од целиот свет. Доаѓаат од секаде, од САД, Полска, Србија, Шпанија, Франција. Поголем дел од нив се археолози или студенти по археологија, но има и волонтери кои едноставно сакаат да ја почувствуваат возбудата што ја нуди археологијата, да научат нешто ново за културата на ова подрачје.
- Не е лесно да станеш наутро во 4.45 часот и да работиш на локација каде нема сенка, ниту едно дрвце. Возбудливо е да се работи на проект кој има потенцијал да стане дел од историјата. Првпат сум на Балканот и с` ми е ново. Многу е поинакво од сите места каде што сум била досега, но интересно е, има пријателски луѓе - вели младата Никол Хаскоуала од Њу Џерси, САД, студентка по археологија на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Истражување на два сектора

Локалитетот Градиште е оддалечен три километри од Свети Николе. Неколку патокази го олеснуваат стигнувањето до таму. На голема табла пишува дека се истражува сектор 3, акрополата на Билазора. Дел од екипата ја истражува акрополата, а друг дел на сектор 6 се обидува да фати дел од бедемот на градот. Тешко им оди. Наместо ѕидини, откриваат просторија со осум питоси, големи глинени садови во кои чувале храна.
Не пречекува археологот Стефан Данев, виш кустос во Народниот музеј од Свети Николе, раководител на ископувањата. Вели дека годинава ги истражуваат објектите околу капијата и ја дооткриваат околната архитектурата.
- Градот интензивно живеел од 7 до 2 век пред новата ера. Среде акрополата има поплочен пат, направен од големи камени блокови со пропилон, главната капија на акрополот. Од двете страни на главната улица ги откриваме сите придружни згради. Откриваме дел од бедемот - импозантен дел кој е уште еден доказ за големината на овој стратешки град, политички и стопански центар - вели Данев.
Ископувањето на просторијата со питоси го надгледува археологот д-р Вилијам Најдингер од Тексашката фондација за археолошки и историски истражувања (ТФАХР). Четврта година со својот тим работи на Билазора. Македонија ја познава од поодамна. Во деведесеттите години го истражуваше старомакедонскиот град Гортинија, на Вардарски Рид, кај Гевгелија. Нивната организација организирала археолошки истражувања во Израел, Бугарија, Франција, Шпанија и Грција, но Билазора ги натера последните четири години да ги посветат единствено на Македонија.

Мистеријата на Билазора

Во просторијата со питоси откриле еден невообичаен артефакт - капител (горен дел од столб) кој не личи на ниту еден од трите стандардни форми. Не е ниту дорски, ниту јонски, ниту коринтски.
- Ваков експонат досега не сум сретнал. Има боја на една страна. Проверував на многу места, не најдов ништо слично. Можеби е нешто уникатно на Пајоните, кој знае?! - вели Најдингер.
Правејќи споредба меѓу Вардарски Рид и Градиште, Најдингер вели дека и во двата града се меша пајонската и македонската историја.
- За Вардарски Рид знаеме многу повеќе од историските извори. Античките историографи само двапати ја спомнуваат Билазора и кажуваат многу малку. Само велат дека е најголемиот град на Пајоните - објаснува тој.
Археолозите знаат дека во 358 г.п.н.е. во Билазора дошол Филип Втори. Од тој ден нештата добиле македонски карактеристики.
- Пропилониот е изграден пред да дојде Филип и тој е чисто пајонско дело. Сличен немам видено ниту во класичната грчка ниту во македонската архитектура досега. Можеби има некој вид пајонска архитектура која е специфична само за нив. С` уште не знаеме. Но, очигледно е дека биле одлични градители. Знаеле како да се справат со големи камења, како да изградат големи одбранбени ѕидови, а тоа го правеле без малтер и без цемент. Близу пропилониот ископавме длабока сонда. Почна да излегува керамика од железно време, од 7 и 6 век.п.н.е. Нема ништо класично, ништо слично на Атина. Како одиме надолу, полека излегуваат вистински пајонски нешта - објаснува Најдингер.

Рано е за научни тези

Најдингер и неговата сопруга Јула Метјуз студирале класична археологија, античка Грција и Рим. Метјуз вели дека се во Македонија оти имаат можност да истражуваат за луѓето кои живееле тука многу порано, дури пред Македонците.
- Тоа се луѓето пред Филип и Александар. Многу е возбудливо бидејќи оваа област досега не била истражувана - вели Метјуз.
Тие с` уште немаат доволно податоци да раскажат кои биле Пајоните. Имаат уште многу работа. Сега ги пронаоѓаат нивните згради и силно веруваат дека го истражуваат градот Билазора, иако с` уште нема материјал кој дефинитивно ги потврдува тоа.
- Веруваме бидејќи се совпаѓа со литературата. Но, с` уште е многу несигурно од каде дошле Пајоните, со кои биле поврзани. Преклани пронајдовме една монета. Многу се израдувавме, но беше толку оштетена, што не можевме да видиме што пишува - вели Метјуз.
Археолозите се сместени во хотелот „Овче Поле“. Во 5 часот наутро се веќе на локалитетот, кој зафаќа површина од 20 хектари. Напладне се враќаат во хотелот. Ручаат, па имаат попладневна настава. Ја чистат керамиката и целиот материјал, цртаат, проучуваат и анализираат с` што сработиле тој ден. Секој викенд го користат да ги посетат останатите археолошки локалитети во земјава. Одат на Калето во Скопје, Стоби, во Охрид, ја запознаваат Македонија.
- Тие се наши амбасадори и многу придонесуваат за афирмација на државата - вели Илија Стоилев, директор на Народниот музеј од Свети Николе.

Археолозите одушевени

Истражувањето го финансира американската фондација. Студентите само ги плаќаат билетите до Македонија, а фондацијата го обезбедува нивното сместување, храна, предавања. Нашиот тим располага со 300.000 денари, но и тие с` уште не се префрлени на сметката на Музејот.
- Можеби не се многу, но ни се неопходни. Буџетот е ист како и лани. Секој ќе забележи дека се малку пари за да може нешто покрупно да се направи. Да не е американскиот тим, со нивниот буџет и луѓе, тешко дека би можеле нешто да направиме. Ние како установа и како држава имаме само корист од нивното доаѓање. Се надевам дека в година ќе дојдат во поголем број - вели Стоилев.
Фредерик Меж, археолог од Франција првпат е во Македонија. Во моментот нема ангажмани дома, па решил да се пријави за истражувањата на Билазора.
- Локалитетот е прекрасен и сакам да откривам нови хоризонти. На секое ископување се учи нешто ново. Сум работел во Франција и во Италија, но ова е поинакво од с` што знам. Првпат доаѓам во Македонија. Убаво е, луѓето се љубезни - вели Меж.
Кери Плет, од Минесота е волонтер во американската владина програма Пис Корпс. Веќе две години предава англиски јазик на основци во Гостивар. Втора година доаѓа да помогне во археолошките ископувања.
- Археологијата и историјата ми се многу интересни. Бидејќи веќе живеам во Македонија се обидувам да научам што е можно повеќе за оваа земја, за културата, а тоа значи и за културата на минатото - вели Плет.

Билазора поинтересна и од Египет

Археологот Словак Шушка од Полска четврта година работи на Билазора. Останува по два месеца колку што трае ископувањето. Работел во Египет, Полска, Италија, Чешка, Ирска, Велс, Англија, но фасциниран е од Билазора. Негов научен интерес се праисториски локалитети.
- Веројатно работиме на древен главен град. Не е вообичаено да се работи на вакво место. Има многу материјал и с` е ново. Добиваме многу информации за луѓето што живееле тука. Тоа дава импакт на нашето знаење за Пајоните и тоа е интересно. Секој ден носи сосема нова информација. Досега сум работел во осум земји, но ова е најинтересниот локалитет на кој сум работел досега. Бидејќи Пајоните биле поделени на многу племиња, се обидуваме да лоцираме кое било на Билазора. Се обидуваме да пронајдеме монети од племињата и тоа може да донесе многу новини на приказната, а од тоа ќе ја градиме историјата. Планирам да дојдам и идната година - вели Шушка.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1B90301F432E764A933E5EE351C71505
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-Dec-2011 at 10:29
June - July 2011.  Bylazora (Sveti Nikole), Republic of Macedonia.

Реконструкција на ''propylon'' комплексот.
http://www.tfahr.org/images/RampPeriod.JPG

Остатоците од оригиналниот 5 вековен пат и рамапата кон пропилонот

http://www.tfahr.org/images/SRF017.JPG
Теракотниот олтар, со остатоци од жртвени придонеси беше пронајден под камења на propylon рампата.
http://www.tfahr.org/images/SRF001.jpg
http://www.tfahr.org/images/SRF007.jpg

Последните одбранбени ѕидови на Bylazora
http://www.tfahr.org/images/SRF012.JPG
http://www.tfahr.org/images/SRF053.JPG


Складиште во рамките на вториот прекат, зграда која содржи гигантни питои, впишани камења.
http://www.tfahr.org/images/SRF020.JPG



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 31-Dec-2011 at 10:30
Повеќе ѕа ископувањата во 2011 на:

http://www.tfahr.org/Bylazora2011.html
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Paraxiae View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Jan-2012
Location: Sweden
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Paraxiae Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Jan-2012 at 18:56
Absurdnata ubikacija na Bylazora kaj Sveti Nikole - anti makedonski akt!

Pocituvani gospoda,
Site nie ja sakame nasata Makedonija i so nea se gordeeme. Koga nekoj si dozvoluva da ja falsifikuva istorijata na makedonskiot narod togas toa predizvikuva mnogu gnev i ogorcenost. Takov e slucajot i so absurdnata ubikacija na Bylazora kaj seloto Kneze vo neposredna blizina na Sveti Nikole. Golemo zlo e napraveno od nasiot  profesor Ivan Mikulcic, koj kako mlad i ne zrel covek,  bil mnogu keflija koga se kacil na ridinkata kaj Kneze i izmudril deka na toa mesto e postojala drevnata Bylazora, bez da prikaze bilo kakva zdrava podloga za toa. Na toj nacin, Mikulcic kako nekoj FANTOM ja ima premesteno Bylazora od Veles na rekata Vardar daleku vo vnatresnosta na anticka Peonija. I taa glupost so absurdnoto premestuvanje na Bylazora od Veles vo Sveti Nikole ja goltnal gazdata na firmickata vo djep, TWAR od SAD, gospodinot William Neidinger, so blagoslovenie na mesnata uprava od Sveti Nikole i nadleznite od strana na Republika Makedonija. Najbolnoto e sto nevistini za istorijata na nas makedoncite se cementira so edukacija na mladi kadri arheolozi i pecateni presentacii na Internet. Nikoj nema znaenje nitu ima gajle da go ospori ovoj absurd so tvrdenjeto deka Bylazora se naoga kaj Sveti Nikole. Bylazora od sekogas e postojala kaj Veles na rekata Vardar, i e imala strateska pozicija da go brani tesnecot za vlez na Dardanite po tecenieto na Vardar vo Tikvesijata kade se naoga Stobi. Antickite pisateli dobro go opisuvat znacenjeto na gradot Bylazora. Togasnata granica na Paeonija e bila rekata Vardar, od Veles prema Skopje do rekata Pcinje. Dardanite se ziveale vo Skopskata kotlina i po ridskiot predel prema Veles. Prirodniot pat na Dardanite za vlez vo togasnata Makedonija e bil patot po tecenieto na rekata Vardar i upadot preku tesnecot kaj Veles. Absurdno e tvdenjeto deka Bylazora se naoga kaj Sveti Nikole kade ne postoi ni tesnec ni risik za upad na Dardanite vo anticka Makedonija.
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 161
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Jan-2012 at 21:02
Дали во 2012 продолжува ископувањето?
Back to Top
bylazora View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2012
Location: Sweden
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bylazora Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Jan-2012 at 19:55

About the FAKE location of Bylazora at Sveti Nikole in Republic of Macedonia

I want to tell you that the directors Eulah M. Matthews and William Neidinger are not excavating Bylazora at Kneze near Sveti Nikole in Republic of Macedonia because they have been lured to assume it by a statement made by professor Ivan Mikulcic,  who said that he "discovered" the site of Bylazora, without presenting a single substancial fact. Furthermore, the directors Eulah M. Matthews and William Neidinger are completely ignoring the existing data written by the ancient authors with evidence that Bylazora still exist at Veles on the bank of Axius River. I'm sorry to tell you that the directors Eulah M. Matthews and William Neidinger are very skillful manipulators in their habit to cover the mistake that they have done about the faulty location of the location for Bylazora. Instead, there are other candidates of cities that may have existed on the archaeological site at Kneze near Sveti Nikole, like Psaphara in Paraxiae, Philippoupolis in Parorbelia, Antigonia in Paeonia and Praesidio -  marked on the Tabula Peuntigeriana on the way from Stobi to Scupi.
Take a look on the  presented data by the directors Eulah M. Matthews and William Neidinger on the matter how Bylazora was moved from the bank on the Axius River at Veles to the interior of Paeonia.

Please read and understand what Pliny is telling us about Paeonia with regards to the Axius River as its land territory border with Dardania, and Paraxiaei, a tribal people who lived in Paraxiae, a district in Paeonia.

Here is the text in Latin:

[35] mox in ora Ichnae, fluvius Axius. ad hunc finem Dardani, Treres, Pieres Macedoniam accolunt. ab hoc amne Paeoniae gentes Paraxiaei, Eordenses, Almopi, Pelagones, Mygdones. montes Rhodope, Scopius, Orbelus. dein praeiacente gremio terrarum Arethusii, Antiochienses, Idomenenses, Doberi, Aestrienses, Allantenses, Audaristenses, Morylli, Garresci, Lyncestae, Othryonei et liberi Amantini atque Orestae, coloniae Bullidenses et Dienses, Xylopolitae, Scotusaei liberi, Heraclea Sintica, Tymphaei, Toronaei. http://www.thelatinlibrary.com/pliny.nh4.html

Here is the text in English:
Then, upon the coast, Ichne, and the river Axius: along this frontier the Dardani, the Treres, and the Pieres, border on Macedonia. Leaving this river, there are the nations of Pæonia, the Paroræi (Paraxiaei), the Eordenses, the Almopii, the Pelagones, and the Mygdones. http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus:abo:phi,0978,001:4:17

Paraxiae was a region on the territory of the Republic of Macedonia, coinciding to be identical with Ovce Pole. Ptolemaeus (90-168 AD) in his work "Geographiae" has listed a town with the name Psaphara, "surnamed" Antigoniae in Paraxiae that must have existed on the archaeological site at Kneze, also known as Safara, by the villagers from Kneze.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Jan-2012 at 19:33
Мислам дека се трудеш да докажеш нешто, шо во мигот не е ни битно, прво посети ја локацијата па си направи свое мислење.

Инаку, фактички не е ни битно дали локациата е правилна или не, важно е да се ископува и да се раставрира ископаното, па енос после може да се утврди дали се работи Вила Зора или Бела Зора, дури ни името не е разјаснето поради разни поедници Дали Б или В, мислам темата повеќе пати веке е обработена,

 всушност ако станува збор за Билазора ( Бела зора) тогаш локацијата е таа, прекрасни зори има тамо наутро, а и локацијата, местополжбата е на место, бидејки кога се искачеш на ридот се галеда огромана територија.

Ако името се толкува како Вилзора, тогаш локацијата требе да се бара или пак не накај теренот против Велес или самиот Велес, Вилаз ( Влез ) ора ( гора), и памнатаму Велес - Влез, значи влез во гора. Но бидејки таму уште нее ништо одкриено, останува така како шо е, плус да не го спомнеме митскиот бог Велес според кој као добиено е името на градот Велес....

Инаку , стварно нема врска дали локацијата е точна или не се додека таму се копа и истражува и ја оживува од заборав. Лесно е после да се филозофира.



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
bylazora View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2012
Location: Sweden
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bylazora Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Jan-2012 at 19:54
Ovde ima edna karta za lokacijata na arheoloskiot lokalitet vo edna broshura vo koja se osporuva tvdenjeto deka Bylazora se naoga kaj Kneze.
http://www.macedonia.se/en/Load/55/kneze_sveti_nikole/
Back to Top
bylazora View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2012
Location: Sweden
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bylazora Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Jan-2012 at 20:07
Pocituvani gospodine,
Ne se raboti za sitnici i bukvi, tuku za ogromni nesta koi se od bitno znacenje za istorijata na makedonskiot narod. Ima izgledi na arheoloskiot lokalitet kaj Kneze da se postojale gradovite Psaphara in Paraxiae, Philippoupolis in Parorbelia, Antigonia in Paeonia i Praesidio.
http://www.macedonia.se/en/Load/55/kneze_sveti_nikole/
http://www.macedonia.se/en/Load/56/psaphara/
http://www.macedonia.se/en/Load/57/philippoupolis/
http://www.macedonia.se/en/Load/58/antigonia/
Vo prasanje e nauka i istorija za proslosta na makedonskiot narod i sprecuvanje pravenje zlo na nas makedoncite so cementiranje na falsifikati poradi neznaenje ili prekrivanje na napraveni greski so publicirani trudovi.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.