build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Улично осветлување
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Улично осветлување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 19-Jun-2017 at 21:45
Приметувам дека се почести стануваат сијалици кои светат жолта боја светлина кај уличното осветлување во Скопје.
Не знам дали се поштедливи но мене ама баш ич не ми се допаѓаат!

Жолтата светлина која ја даваат е многу неприродна и вештачка за човеково око односно прави цела околина да изгледа безбојна т.е. да биде обоена во жолта боја.

За разлика под бела светлина предметите и околината си ја задржуваат сопствената природна боја и се разликуваат меѓу себе наместо сите да изгледаат "жолти".

Настрана тоа што во Центар има резидентна и сообраќајни улици каде дел од светилките светат во бела боја а дел во жолта и изгледа хаотично и крајно непријатно.




-



На првата слика околината изгледа еднобојно и вештачки и цела околина е обоена во жолта нијанса, на втората слика, околината изгледа природно и пријатно секоја предмет се разликува и ја има својата вистинска природна боја


На првата слика целата улица и околина изгледа еднобојна и жолта, втората слика со бело осветлување изгледа природно и вистински, асфалтот е сив, линиите во средина жолти, другите бели, тротоарот и оградата светло сиви итн. далеку подобро.


Edited by HugoGoulding - 19-Jun-2017 at 22:29
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 19-Jun-2017 at 22:11
Огромна разлика.
1.

2.

3.

4.

5.

6.


Edited by HugoGoulding - 19-Jun-2017 at 22:24
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9091
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 19-Jun-2017 at 22:37


На времето, во 90те, жолта боја значеше натриумска светилка која беше супериорна по сите основи (рок на траење, осветлување, потрошувачка) во однос на белите светилки кои ги викаа живини. Незнам колку едните беа на база на натриум а другите на жива, но тоа беше прикаската. Значи жолта боја значеше модернизација.

Претпоставувам дека овој муабет е тотално со поминат рок и дека денеска се монитраат исклучиво лед сијалици со кои е и лесно да се манипулира за да се добие посакуваната нијанса на боја.


Edited by pbanks - 19-Jun-2017 at 22:37
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 19-Jun-2017 at 23:13

Како што читав и можам да разберам ЛЕД сијалиците даваат исклучиво бела светлина, а додека тие со натриум даваат исклучиво жолта.

На кој начин ЛЕД сијалиците се манипулираат за да даваат силна жолта/портокалова светлина? Мислам дека тоа е невозможно.

Затоа и сликите покажуваат дека кога натриумските се менуваат со нови ЛЕД најзабележителната разлика која прави дистинкција е во бојата, односно ЛЕД-от се секогаш бели, за разлика од другите кои се жолти.

Edited by HugoGoulding - 20-Jun-2017 at 01:21
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1933
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 20-Jun-2017 at 01:59
Ледот може да биде било која боја, нема врска дека свети само бело. Во светлина жолтата се нарекува топла бела ,а белата бела е ладно бела ,разликата е 4500к и 6500к.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9091
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 20-Jun-2017 at 09:47


Еве проширен пример за лед

Color TempExample of source
1900KCandle light or sunlight at sunrise or sunset
2000K - 2700KOften used as accent lighting to blend in with fluorescent 2700K applications.
3000K - 3200KUsed as a primary light source for retail applications.
3700KCoated lamps. Used where a "softer" metal halide light source is desired.
4000KUsed in general lighting; factories: parking lots, warehouses
5000K - 5500KDaylight lamps: horticulture, aquariums, high color definition.
5600KNominal sunlight (mid day during mid summer)
6000KStarts to get a blue tint like some automotive headlights

Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 20-Jun-2017 at 19:09
Значи што помала K вредност на ЛЕД-от тоа пожолта боја на светлина.

Очигледно низ Центар почнаа да ставаат 1900К ЛЕД сијалици кои личат на фенери.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 18-Aug-2017 at 08:54
Апсурди во Жена-парк, секаде има двојни канделабри, работат само „барокните“:

За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 14-May-2018 at 15:48
Ни велат дека дека сме сиромашна и презадолжена држава, а тоа пари имало за струја не само за ноќно осветлување, туку и за дневно осветлување.
 
Денес, понеделник, 14 мај 2018, околу 14:00 часот.
 

 
 
 



Edited by Dexter26 - 14-May-2018 at 15:56
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 853
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 08-Feb-2020 at 22:12
Веста е малку стара, но мислам дека не беше известено за оваа промена во начинот на осветлување во мојава општина Ѓорче Петров.

Бидејќи нашиов „селоначалник“ малку не го видовме изминативе три години не ни верував дека нешто ќе се случи, но ете за среќа се излажав и дури и морам да го пофалам за ова

Минатиот месец дојде на ред и нашата уличка и сега буквално улицата, но и сите околни во маалото блескаат, а кога викам блеска, не се шалам. Светлината е на ниво на дневна светлина

Ќе гледам да направам добра фотка деновиве.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 19-Mar-2020 at 17:46
Нови улични светилки на плоштад, ова е кај делот што се обновуваше деновиве.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 19-Mar-2020 at 19:42

Одамна не сум поминал на плоштадот,што бидна со оној дел кон ЕВН пред месец дена кога поминав беше сеуште беше оградено имаше багери,песок,плочки...успеаа ли да привршат со активностите?
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 337
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 19-Mar-2020 at 19:46
Originally posted by stef4o


Одамна не сум поминал на плоштадот,што бидна со оној дел кон ЕВН пред месец дена кога поминав беше сеуште беше оградено имаше багери,песок,плочки...успеаа ли да привршат со активностите?


99% e готово и фино изгледа.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 22-May-2020 at 14:27
Originally posted by ehrlich

Минатиот месец дојде на ред и нашата уличка и сега буквално улицата, но и сите околни во маалото блескаат, а кога викам блеска, не се шалам. Светлината е на ниво на дневна светлина

Ќе гледам да направам добра фотка деновиве.

Дали светлината е пријатна и прикладна за резиденцијални улички?

Во секој случај ЛЕД-ов изгледа многу подобро; изгледа заборавиле да стават по некоја сијалица или рефлектор и на/кон самиот паркинг. До каде се со Skopje Smart City?





facebook.com/CityofSkopje
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 23-May-2020 at 12:28
Уличното осветлување пали-гаси во некои населби

Жители на општината Гази Баба две седмици се жалат на осветлувањето на некои од улиците во различни населби. Некои пријавувале и барале уличното осветлување да се поправи, а некои и не знаеле каде да се обратат и која е причината за темните улици. Проблеми со уличното осветлување има на улиците Јани Лукaровски во населбата Автокоманда, на улицата Палмиро Толјати во населбата Маџари, улицата Фуштанска во населбата Ченто и на улицата Анри Барбис исто така во населбата Маџари.

Марина Митева Стојановска уште на 9 мај на социјалните мрежи пишуваше за проблем со уличното осветлување уште од многу поодамна. Обраќајќи се до надлежните, таа прашуваше каде да се обрати за уличното светло број 7.089, за кое неколкупати пријавувала. Ѝ било речено дека ќе одат мајстори да поправат, но, еве, поминаа неколку седмици и никој сѐ уште не отишол…
Пред десетина дена групата „Автокоманда сака да дише“ напиша: „Неколку дена по ред нема улично осветлување во Автокоманда по 19 часот. Некое инфо? Што е ова, затемнување на сонцето, месечината или нешто трето?“

Администраторот на групата „Ѕид на општина Гази Баба“ следниот ден информира: „Проблемите со уличното осветлување во Црешево, на улиците Јани Лукровски и Палмиро Толјати денеска треба да се решат. За Фуштанска ќе се решава наредната недела, бидејќи се работи за поголем зафат, поради палење канделабар и уништување кабел од повеќе метри. На Анри Барбис првично е решен проблемот, деновиве ќе се отстрани главниот проблем“.
Но ден потоа Благоја Бади Апостолов пишува: „Пак нема улично осветлување на Јани Лукровски“. На тоа од групата „Автокоманда сака да дише“ напишаа: „Пали-гаси е работава“.

Од Општина Гази Баба не одговорија дали и кај нив граѓаните се пожалиле на темните улици и проблемите со уличното осветлување, но кратко потврдија дека се работи за мрежен дефект.
– Во дел од населените места во општината Гази Баба нема електрична енергија поради дефект во мрежата, за кој службите на општината се информирани и заедно со ЕВН работат на санирање на дефектите – објаснуваат надлежните од Општина Гази Баба.

Со намера да информираме за какви дефекти станува збор и уште колку долго ќе трае, побаравме одговор од ЕВН, од каде што ни рекоа дека тие не се надлежни за уличното осветлување.
– Ние законски немаме ништо со уличното осветлување, и според новиот закон за енергетика и според постојните мрежни правила. Уличното осветлување е под ингеренции на локалната самоуправа – објаснуваат од ЕВН.
Од она што го кажуваат некои од другите општини, причините за проблеми со уличното осветлување може да бидат различни. Кај некои задоцнет тендер за избор на фирма, а кај некои поставување нови лед-светилки што поради коронавирусот е во застој.
– Новото улично осветлување со лед-светла е поставено на 80 отсто од територијата на Ѓорче Петров. Очекуваме да се заврши целосно во периодот што следува. Имавме мал застој поради состојбата со ковид-19, поради тоа што транспортот е од Република Турција. Неосветлени улици речиси нема, има одредени места за кои граѓаните реагираат, најчесто во руралниот дел, но тие се оние 20 проценти што недостигаат и наскоро ќе се постават. Генерално, граѓаните се презадоволни и Ѓорче блеска како никогаш досега – информираат надлежните од Општина Ѓорче Петров.

Од Општина Бутел, пак, велат дека имале поплаки од граѓани во јануари, затоа што доцнел тендерот за избор на фирма за одржување на уличното осветлување, но сега тој проблем бил надминат.
– Ние како општина секогаш правиме напори јавните површини, парковите, улиците, паркинзите, спортските и детски игралишта на нашата територија да бидат добро осветлени. Кога има пријави од граѓани за прегорени светилки, преземаме мерки за нивна замена.

Што се однесува до жителите на Општина Кисела Вода, со барања за подобрување на осветлувањето во нивните населени места може да се обратат на општинскиот Фејсбук, на мејлот contact@kiselavoda.gov.mk и директно кај надлежните за јавното осветлување на телефонските броеви 072/314927 и 076/495494.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/уличното-осветлување-пали-гаси-во-нек/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 853
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 23-May-2020 at 21:07
@Staro Skopje

Да, одлично светло даваат. Ќе ги фатам утре, и така се празни улициве
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.