build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Улично осветлување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 15-Jan-2009 at 07:44
па сабајлево може вака и звучи добро работава како што ја кажуваш, но навечер некако поинаку ја доживувам LOL инаку другите градови тука незнам во која конотација да ги  барам, но за Трифун јасно е дека човекот е оној кој треба да ги влече скопските конци па дури и тоа да го прави со нозе, како што му е преминато во навика! сепак во моментов како и да влече тој одлучува во СК бар еве околу главното улично осветлување.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 15-Jan-2009 at 07:55
Originally posted by beTon

па сабајлево може вака и звучи добро работава како што ја кажуваш, но навечер некако поинаку ја доживувам LOL инаку другите градови тука незнам во која конотација да ги  барам, но за Трифун јасно е дека човекот е оној кој треба да ги влече скопските конци па дури и тоа да го прави со нозе, како што му е преминато во навика! сепак во моментов како и да влече тој одлучува во СК бар еве околу главното улично осветлување.

Не е трифун за тоа! ЗЕЛС е за тоа, за обединет настап пред иституциите!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 15-Jan-2009 at 08:03

Originally posted by lslcrew

Не е трифун за тоа! ЗЕЛС е за тоа, за обединет настап пред иституциите!
чекај зборуваме за улично осветлување или за светло по улиците LOL инаку мене ми изгледа зелс дека се за зељести муабети со владата!

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 11-Apr-2009 at 00:11
Нови 3.143 светилки на улиците

Град Скопје ќе набави 3.143 штедливи светилки кои ќе се инсталираат на 60 сообраќајници, што не беа опфатени со минатите активности за замена на осветлувањето во градот. Најновиот тендер за набавка на новите светилки, распишан пред изборите, го доби реномираната компанија „Минел-Шредер“ од Австрија. - Ефектот на новите штедливи светилки е голем, со нив се обезбедува заштеда на електрична енергија, поголема осветленост на улиците и поголема безбедност во сообраќајот - велат од Град Скопје. Според нив, гледано од финансиски аспект, со овие светилки ќе се заштедат 118.000 евра годишно поради намалената потрошувачка на струја и помалите трошоци за сервисирање.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1673&ArticleID=111498
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4407
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-May-2009 at 12:59

Соларни светилки во Трубарево

Општина Гази Баба постави соларни светилки на мостовите во населбата Гоце Делчев и во селото Трубарево за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овие два моста. Соларните светилки се економски поисплатливи и еколошки поприфатливи.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=824B07595DF6494DBE24640594DCDC87
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 12-May-2009 at 18:12
18:30 упалено улчното осветлување а сонце пече ли пече



Дали некој ќе ги помести тајмерите, и зашто не се уградат светлосни сензори за да не мора да ни се случува во ветер да ни иде енергијата
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 12-May-2009 at 19:18


Одлична забелешка

Исто така електрична енергија ни оди во ветар кај светилки кои се лошо поставени - затскриени во крошни на дрва, па долу сепак владее мрак. Вакви имам доста приметено од новите што се поставуваа до пред некое време во Аеродром. Ваљда ги поставувале кога дрвата биле без листови и воопшто не помислиле дека некогаш ќе разлистаат. Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 12-May-2009 at 19:20
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 12-May-2009 at 21:09
А одозгора поставуваат соларни светилки да се штеди енергија   Ohno
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 10-Jul-2009 at 14:03

Сообраќајниците со нови светилки

Магистралните и собирните улици до крајот на јули ќе добијат нови светилки, соопштуваат градските власти. Оттаму велат дека проектот предвидува промена на над 3.000 светилки на 60 сообраќајници, со што ќе се обезбеди поквалитетно осветлување и заштеда на електричната енергија од околу 30 отсто

%20
- Парите за набавка и за промена на светилките се одвоени од буџетот за 2009 и 2010 година. За набавка на светилките се потрошени 28,1 милиони денари, а за промена се потребни 8,2 милиони денари - истакнуваат од градската управа.

Светилките се производ на компанијата „Минел-сцхредер“, а додека работите околу демонтажата на постојните и монтажата на новите светилки ќе ги врши фирмата „Електроизградба“ од Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71091028462&id=14&prilog=0&setIzdanie=21734
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 24-Jul-2009 at 03:01

Променети 1.340 светилки на улиците

Екипи на Градот Скопје деновиве променија 1.340 светилки на дел од магистралните и собирните улици, а активностите ќе продолжат и во наредните денови.

- Заради непречено одвивање на активностите за промена на светилките, неопходно е пристапот до нив да биде слободен. Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите и во близина на светилките на кои се врши промената, заради побрзо и поефикасно одвивање на активностите - апелираат од Градот.

Досега се променети светилките на следниве сообраќајници: дел од Митрополит Теодосиј Гологанов, дел од булеварите Александар Македонски, АСНОМ, Војводина, Србија, Христијан Тодоровски-Карпош, Хрватска и Никола Карев и на улиците 15 корпус, Александар Урдаревски, Боца Иванова, Бутелска, Благоја Стефковски, Васко Карангелевски, Перо Наков, Радишанска, Франклин Рузвелт, Ферид Бајрам, Февруарски поход итн.

Ќе се заменат вкупно 3.000 светилки на 60 сообраќајници. Целта е да се обезбеди поквалитетно јавно осветление и заштеда на електрична енергија од 30 отсто. За светилките Градот платил околу 135 илјади евра. Една светилка чини 9.400 денари, а за една замена Градот плаќа по 2.700 денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=28AAB23B3352D546890920E779F9C16B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 05-Aug-2009 at 16:26
ПОСТАВЕНИ НОВИ СВЕТИЛКИ НА 58 СООБРАЌАЈНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ

Градот Скопје во рамките на проектот за промена на светилките на дел од магистралните и собирни улици, во периодот од 07-31 јули 2009 година изврши промена на 3.042 светилки на 58 сообраќајници (во целост или нивни делови).
Со новопоставените светилки се обезбедува поквалитетно осветлување и заштеда на електрична енергија од околу 30%, односно заштеда на електрична енергија на годишно ниво изнесува 7.260.320 денари или приближно 117.671 евра.
Со промената на светилките, заштедите по основ на редовно одржување на јавното осветлување на овие сообраќајници се предвидува да изнесуваат околу 100.000 евра на годишно ниво.
Целокупната промена, набавка и монтажа на светилките изнесува нешто помалу од 600.000 евра, што значи дека целокупната инвестиција би се вратила за период од 3 години.
Новопоставените светилки придонесуваат и од еколошки аспект, бидејќи емисија на јаглерод диоксид предизвикана од нивното функционирање е двојно намалена.

http://www.skopje.gov.mk/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 09-Sep-2009 at 15:18

Нема штедење струја, канделабрите во паркот во Чаир светат нонстоп

Додека светот води сметка за штедењето на електричната енергија кај нас никој не реагира на непотребното трошење струја

Повеќе од десетина дена половина од канделабрите во паркот во Чаир светат нонстоп и дење и ноќе. Додека светот води сметка за штедењето на електричната енергија и применува штедливи светилки, кај нас ниту се штеди, ниту се реагира на непотребното трошење струја, коментираат меѓусебно чаирчани. Но, никој од тамошните жители не го пријавил проблемот во Општината.

Надлежните, пак, оттаму признаваат дека воопшто не ја забележале оваа појава. Сепак, потенцираат дека нивните одговорни за уличното осветление не можат ништо да преземат, бидејќи ваквите проблеми во паркот „Чаир“ се обврска на ЕВН. Од Чаир ќе се обидат преку телефонска комуникација да го решат проблемот, не покажувајќи многу грижа за досега потрошената електрична енергија што се плаќа од парите на граѓаните.

„До неодамна на неколку улици во општината имавме бандери кои светеа и дење, па некако во соработка со ЕВН го решивме проблемот. Но, во случајов со канделабрите во паркот не сме реагирале, а и нашиот одговорен за осветлението тука нема ингеренции. Со ЕВН имаме соработка и затоа ова ќе го решиме без многу да ги официјализираме работите“, вели Авни Калаба, одговорен за информирање во Чаир.

Дури и по два дена откако ги прашавме во Чаир дали знаат дека канделабрите во Чаир им светат и дење, тие се' уште се немаат јавено во ЕВН, иако непотребно трошат свои пари.

„Не сме информирани дека канделабрите во паркот ’Чаир‘ светат и дење, иако тие се во нивна надлежност. Доколку е до нас, ние ќе реагираме“, вели Ленче Карпузовска, портпаролка во ЕВН. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E42F2F6C9D22A43AA97DB51CFB9225C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 23-Sep-2009 at 18:36

Новиот диспечерски центар ќе го осветли Скопје

Во иднина дефектите на јавното осветление побрзо ќе се санираат, а скопските улици ќе бидат осветлени, ветуваат од Градот. Како што најави градоначалникот Коце Трајановски, во план е изградба на сопствен диспечерски центар, од каде што ќе го контролираат осветлувањето на градските улици. Засега санацијата на мрежата за уличното осветление на градските и на општинските улици оди преку трафостаниците на компанијата „ЕВН Македонија“, што значително ја отежнува ефикасноста. Кога ќе има дефект, локалните власти и' се обраќаат на компанијата, се отвора трафостаницата, па дури потоа се решава проблемот.

- Градот има доволно пари за навреме да реагира и да нема неосветлени улици - изјави Трајановски.

Ваквата идеја, образложи тој, е резултат на фактот што поминуваат денови или недели додека се санира некој дефект, бидејќи тие немаат увид на терен се' додека некој не им јави.

- Откако ќе се изгради диспечерскиот центар ќе можеме сами да ги контролираме дефектите. Веднаш ќе знаеме каде се случил, па ќе можеме и побрзо да интервенираме. Сега сандачињата се на ЕСМ. Поради тоа ќе мора опремата за градското осветление да ја извадиме надвор од нив - изјави скопскиот градоначалник.

За системот да функционира како што треба, столбовите ќе треба да се поврзат со кабли, а потоа и со трафостаницата. За оваа идеја се зборувало и со другите градоначалници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). За вакво нешто неодамна информира и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој изјави дека е подготвен да се приклучи кон реализацијата на оваа идеја.

Ориентационата цена за изградба на ваков центар, според процените на градските власти, е околу 30 милиони денари, односно 450.000 евра. За тоа кој се' ќе даде пари, општините и Градот Скопје допрва ќе се договараат. (Ј.И.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F82DF2DBD6235F49A930FDC53242D176
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 26-Sep-2009 at 15:29
Подобро осветлување

Во населбата Мичурин почна да се поставуваат нови линии за јавно осветлување и тоа на улиците Анастас Митрев, Петар Ацев и Венијамин Мачуковски. Истовремено, екипите на ЕВН вршат преместување на надземните кабли под земја. Поставувањето нови линии се врши покрај улиците, паркинзите и пешачките патеки во Мичурин, каде што има постојно јавно осветлување. Изведувач на градежните активности е фирмата „М-Златомир“.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1823&ArticleID=122569
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 08-Oct-2009 at 16:52

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ОД ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ШТЕДЕЊЕ ЕНЕРГИЈА

Ќе се гаси уличното светло

Улиците нема да бидат во целосен мрак туку преку проект треба да се одлучи дали ќе се гаси секоја втора светилка или, пак, ќе се намалува јачината со која светат светилките

Специјално од Фрајбург, Маја Илиевска - Пачемска

За да заштеди енергија, градоначалникот на Скопје најави дека по полноќ ќе гаси дел од уличното светло во одредени делови од градот. Улиците нема да бидат во целосна темница туку ако сега свети секоја светилка, со заштедата би светела секоја втора или, пак, би можело на сите светилки на улицата да се намали јачината. Кој модел на штедење ќе биде најпогоден за Скопје, допрва треба да се одлучи со подготовка на проект. Со проектот ќе се утврди и кои улици се најпогодни за штедење, односно на кои улици по полноќ нема голема фреквенција за да може да се намали светлото.
"Ќе отвориме диспечерски центар, преку кој ќе може од едно место да се контролира уличното осветление, да се откриваат дефектите, но и да се гаси, да се намалува или да се зголемува јачината на светилките. Ова би можел да биде првиот проект за кој би побарале поддршка од Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ), откако вчера потпишавме договор за соработка, не само со ГТЗ туку и со Загреб, Сараево и со Подгорица," рече градоначалникот Трајановски.
Тој и градоначалникот на Фрајбург Дитер Соломон, заедно со претставници од Загреб, Сараево, од Подгорица и со претставници од ГТЗ потпишаа меморандум за градење на капацитети за управување со енергија во градовите. Фрајбург е лидер на градовите во Германија по употреба на соларна енергија. Во овој град соларни панели за затоплување и за производство на струја вградени се дури и во објектите кои се заштитени како споменици на културата. Во Фрајбург сосема нормално е автомат за паркирање да работи на соларна енергија, соларни панели имаат сите јавни институции, хотели, па дури и градскиот стадион.
Градоначалникот на Фрајбург на претставниците од Скопје, Загреб, Сараево и од Подгорица им го претстави начинот на кој нивниот град успеал да воведе соларна енергија речиси секаде.
"Искористете и ископирајте сè што ќе ви се допадне во Фрајбург. Ние за тоа ви стоиме на располагање", рече градоначалникот Соломон.
Градоначалникот Трајановски смета дека едно од првите нешта кои Скопје би можело да ги ископира од Фрајбург, е воведувањето соларна енергија во јавните институции.



http://vest.com.mk/?ItemID=5A2B8CADE05F5945834390B272EC1C82
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 12-Oct-2009 at 15:21

Оваа информација буквално во секоја нишка може да влезе

ФРАЈБУРГ - ЗЕЛЕН ГРАД

МАКЕДОНИЈА ЌЕ УЧИ ОД ГЕРМАНИЈА КАКО СЕ ШТЕДИ СТРУЈА

Ова мало градче на југот во Германија каде денеска живеат околу 200.000 жители со право го носи епитетот на  Зелен град.

Енгергетски најефикасен и еколошки најчист со 500 хектари зелен појас, Фрајбург е модел од кои учи целиот свет.

Додека Македонците не можат да се откажат од струјата, овде сонцето е главен извор на енергија. Климата го дозволува тоа. Со 1800 сончеви часови годишно, соларните паноа станаа најисплатлива инвестиција.

Во Фрајбург ништо не смее да изгради, а да не биде по енргетски стандард.

Дури и изолација на становите, како и дебелината на прозорците мора да биде со  одредена димензија со цел да ја држи топлината. Вака Германците успеаа  на потрошувачката на струја за м2 на годишно ниво, која во Македонија изнесува 350 киловат часови, да ја намалат на само 60.

Фрајбург важи и за еколошки најчист град во Германија. Голем удел во тоа има организирањето на транспортот. Овде главно превозно средство е велосипедот, а во центарот на градот сообраќаат само трамваите.

Од 1982 та до 1999 та  превозот со велосипед е зголемен за 13 %, додека возењето автомобили опадна за 8 %.

Денeска на 1000 жители има околу 400 возила. Патната инфраструктура е така организирана, па на  граѓаните најисплатлив им е јавниот транспорт, со што и речиси сообраќаен метеж нема.

Една од причините поради која автомобилите се заменија со велосипеди се скапите паркинг места.

Ова е еден од најпознатите квартови во Фрајбург. Овде живеет 5000 луѓе,  но возила не можат да се видат никаде. Дури и станарите не  смеат да паркираат пред своите домови, но мора возилата да ги остваат во еден од двата паркинзи за кои плаќаат годишни такси. 

Во Фрајбург асфалтот е заменет со камен и калдрма. А овие канали  кои во должина од 9 км го испрепелтуваат градот оневозможуваат фрајбуршките улици да бидат поплавени дури и за време на најобилните дождови.

Од  Фрајбург ќе учи и Балканот. Првите луѓе на Скопје, Загреб, Подгорица и Сараево веќе потпишаа меморандум со кој се обврзаа дека во иднина ќе работат на развој на енергетската ефикасност. Во оваа сфера ЕУ во моментов инвестира најголем процент од своите фондови.

- Врз основа на искуството од Фрајбург ние ќе ја примениме енергетската ефикасност во сите објекти кои се во надлежност на Градот. Пред се мислам на искористување на топлинската енергија. Воедно ќе формираме и диспечерски центар од каде ќе се регулира уличното осветлување, односно зиме, на оние места каде нема фрекфенција ќе се исклучуваат дел од сијалиците, а на многу места ќе се стават и тн. штедливи сијалици – изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Првиот човек на Скопје посетата на Фрајбург ја искористи да прошета по градот, да украде по некоја идеја со цел Скопје да го приближи до европските метрополи

http://sitel.com.mk/?ItemID=987276A0E8A55E4A94348343D7736CEE




Edited by Vladimir P - 12-Oct-2009 at 15:21
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 27-Oct-2009 at 19:31

Италијанци ќе го светнат Радовиш

Компанија од италијанскиот град Пјаченца или Струмиченца, како што го нарекуваат големиот број иселеници од Струмичко, на Радовиш му нуди штедливи светилки за улично осветление што трошат 60 отсто помалку струја

Еколошко, поквалитетно и многу поекономично улично осветление на Радовиш му нуди италијанската фирма „Ифе“. Радовишкиот булевар Александар Македонски, долг 1,6 километар, е планирано да се осветли, а ако радовишани се задоволни, целото осветление во градот може да биде со штедливи светилки. Компанијата е со седиште во градот Пјаченка, во кој од 100.000 жители околу 6.000 се Македонци, главно дојдени во последната деценија. Македонец од Пјаченка е и врската за контактите на „Ифе“ со Радовиш.

Претставници на „Ифе“ првпат во Радовиш престојувале пред половина година кога направиле анализа на состојбата со уличното осветление. Потоа во Италија подготвиле елаборат за осветлување на радовишкиот булевар, кој во саботата го презентираа во радовишката општинска зграда пред претставници на локалната самоуправа, советници, пратеници и градоначалникот.

- Лет-осветлувањето со штедливи светилки е новина и во Италија и брзо може да се прошири во Радовиш и во Македонија. Освен во Пјаченца, вакво осветление имаме работено и во неколку други италијански провинции како Парма, Реџо и Кремона. Овој вид осветление е според сите европски стандарди, поефикасно е, потрајно, поеколошко и многу поевтино, бидејќи троши 60 отсто помалку електрична енергија - рекоа Виторио Плате, комерцијален, и Давиде Роси, технички директор на „Ифе“.

Трајноста на штедливите светилки била до 12 години. Монтирањето на новиот систем за осветлување на булеварот би ја чинел радовишката локална самоуправа 111.000 евра, инвестиција која, како што беше речено, се враќа за пет години. Беше презентиран и тродимензионален филм како би изгледало новото осветление на булеварот и на црквата „Света Троица“. Радовишани беа задоволни од слушнатото и виденото, но оставија време во следните месец-два добро да се пресметаат пред да потпишат договор.

- Понудата звучи многу примамливо. Радовиш годишно за улично осветление троши 100.000 евра, од кои 30 отсто се за булеварот. Би се постигнала голема заштеда. Сепак, добро ќе пресметаме уште еднаш. Ако се' биде во ред, инсталацијата на новиот начин на осветлување може да продолжи и во другите делови на градот, а со ефектите од овој систем ќе ги информираме и другите општини од источниот и од југоисточниот регион на Македонија - вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков.

Италијанците во Радовиш дојдоа во придружба на струмичанецот Жан Јанев, кој живее и работи во Пјаченца каде што има и своја фирма. Вели дека идејата му се родила лани кога бил на гости во Радовиш и шетал по булеварот Александар Македонски. Помислил колку поубаво би изгледал ако се осветлува со технологија за лет-осветлување. Со идејата го запознал својот пријател Александар Постолов од радовишката фирма „Еми петрол“, а потоа во Италија контактирал со претставници на „Ифе“. Жан во Пјаченца заминал во 1998 година, веднаш по завршувањето на средно училиште во Струмица.

- До 2001 година во Пјаченца имаше 1.500 Македонци, а сега сме околу 6.000. Најмногу од Струмичко, поради што Пјаченца ја викаме и Струмиченца. Има и многу радовишани, скопјани и од други места. И таму сме поделени по региони. Во Пјаченца доминираат Македонци од југоисточна Македонија, најмногу од Виница, Кочани, Делчево, Берово. Во Пјаченца имаме македонски клуб, своја црква, фолклорно друштво и фудбалски клуб „Македонија“, кој се натпреварува во општинската лига, а во план е воведување дополнителна настава по македонски јазик во училиштата - објаснува Јанев.

Љупчо Шатевски



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=94BA28E01D250B4488F9A20FC22C3344
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Dec-2009 at 15:40

Голем интерес за старите скопски бандери


Многу општини од градот и од внатрешноста биле заинтересирани за донацијата од 16 стари столба и 800 светилки што ја доделува градската управа според одлуката што советот ја донесе на последната седница




Од градското одделение за односи со јавноста велат дека засега официјални барања поднеле само Новаци и Гази Баба, но и други најавиле дека ќе го сторат тоа.

- Со оние општини што официјално се пријавија се прават договори за донацијата на бандерите и светилките. Очекуваме да се пријават уште неколку. Немаме дефинирано по колку бандери и светилки ќе се доделуваат на една општина. За тоа ќе треба да се направи процена, односно ќе зависи од барањата и потребите на општините. Ние ги повикуваме другите општини што поскоро да ни достават барање - објаснуваат од градот.

Оттаму додаваат дека за да се подобри јавното осветлување на магистралните и собирните улици, пристапиле кон промена на постојните светилки со нови, посовремени и поекономични. За таа цел, во текот на 2008 година биле заменети 2.350 светилки, а во 2009 година уште 3.100.

Со поставувањето на новите светилки се подобрува осветленоста на сообраќајниците и се зголемува безбедноста на возачите, а се намалува потрошувачката на електричната енергија.

Според одлуката, променетите стари светилки, чија старосна граница е до 40 години, не се вклопуваат во новиот концепт за осветлување на градските улици, но се доволно добри за општините во внатрешноста.

Градската управа ќе ги донира и оние бандери што биле извадени на улицата Маџари во општината Гази Баба, со висина од 4,5 метри, бидејќи на улиците повеќе нема ваков тип столбови, а можат да им користат на други општини.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12189104282&id=14&prilog=0&setIzdanie=21865
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 19-Dec-2009 at 12:59

Сонцето и ноќе ќе го осветлува патот до Горно Нерези

Засега на територијата на општината Карпош се поставени само две соларни светилки, а градоначалникот Јакимовски планира да постави и во дворовите на училиштата и на градинките

%20
Соларни светилки ќе се поставуваат во општината Карпош на местата каде што нема довод на електрична енергија, во дворовите на детски градинки и на основни училишта, како и на патот од Средно до Горно Нерези. Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски велат дека поставувањето на светилките на патот во Нерези ќе почне идната година, а се очекува целиот проект да заврши до 2011 година. Првично било замислено проектот да се финансира во соработка со градската управа, но сега се направил нов план за да се покријат трошоците. Се планира да се постават вкупно 180 светилки со соларни панели, со што ќе се заштеди електрична енергија, а наедно и првпат ќе се осветли овој патен правец. Таму нема ниту инсталации, ниту можност за приклучоци, па затоа досега никој не презел ништо за да направи осветлување.

- Досега поставивме две соларни светилки во дворот на гимназијата „Никола Карев“, на патеката кај влезот на новиот пензионерски клуб во Карпош 3. Според нашата стратегиска програма, најдобро е патот долг 5,3 километри во делот од Средно до Горно Нерези да биде осветлен со соларни светилки бидејќи ЕВН нема доволно снага на трансформаторите на овој потег, а со ова решение ќе се заштедат 70 отсто од потрошувачката на електричната енергија. Поставувањето на светилките чини 18 милиони денари, ќе трае во текот на 2010 и 2011 година, а најголемиот дел пари ќе се обезбедат преку фондовите на меѓународните институции - велат од кабинетот на Јакимовски.

Оттаму додаваат дека овој вид осветлување, како и со лед-диоди, ќе го искористат и во дворовите на десетте основни училишта и на градинките.

Жителите на Нерези потврдуваат дека на потегот од Средно до Горно Нерези немало никакво осветлување.

- Крајно време е да се осветли и овој дел. Ако во вечерните часови сакате да го посетите манастирот „Св. Пантелејмон“, ќе мора да се движите по мрак, бидејќи светлина не доаѓа од никаде. Често може да се забележи и дека невини животинчиња на овој пат се прегазени, бидејќи навечер никој не може да ги види - велат жителите.
 
Автор: Бојана Стојчевска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121991035303&id=14&prilog=0&setIzdanie=21866
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 23-Dec-2009 at 21:54
ВО КИСЕЛА ВОДА
Светло на темните улици

На улиците во Кисела Вода во изминатиот период се променети вкупно 914 светилки, при што, како што велат општинарите, приоритет се дава на најнеосветлените улици и на улиците што подолг период се соочуваа со проблемот на целосен мрак. Промената и одржувањето на уличните светилки се одвива зонски, а, истовремено, се поставија и нови линии за осветлување. Со осветлување се поврзаа двете нови спортски сали, во основните училишта „Невена Георгиева-Дуња“ и „Круме Кепески“, а четири рефлектори и исто толку канделабри се поставени и на новото игралиште во Припор. Изведувач на работите е фирмата „Дигитал - Струмица“. 

Е.М.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1899&ArticleID=129714
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.