build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje City Mall

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 44>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
1 [2.04%]
6 [12.24%]
9 [18.37%]
17 [34.69%]
9 [18.37%]
3 [6.12%]
3 [6.12%]
1 [2.04%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 49   Average: 6.92

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Skopje City Mall
    Posted: 18-Jan-2010 at 12:20

Комплексот „Александрија“ ќе се гради од 1 март

Голем трговски центар со апартмански дел ќе почне да се гради во реонскиот дел на Карпош 3, кај спортската сала „Наум Наумовски - Борче“, позната како „Партизан“, од страната на булеварот Партизански одреди

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, најави дека изградбата ќе почне на први март.

- Комплексот „Александрија“ ќе го гради фирмата „Фешн груп“. Направени се сите геомеханички испитувања, а добиена е и дозвола за оградување на просторот. Работите ќе почнат на први март, а со градоначалникот Коце Трајановски веќе преговараме за да го преместиме каналот од страната на улицата Илинденска, односно спроти ресторанот „Имес“, за да го урбанизираме и тој дел - рече Јакимовски.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101046152&id=14&prilog=0&setIzdanie=21887
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Jan-2010 at 12:26
Moже координати за ова каде треба да се гради Cheers

Edited by Cloverstack - 25-Jan-2010 at 05:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Jan-2010 at 12:36
Еве некои стари написи по весници, идејата е прилично постара, можеби и нешто да имаме регистрирано на форумов...
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2914&stID=67413
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=62D0354108B2FD4FAEEB2995AEF5842C
http://217.16.70.245/?pBroj=1933&stID=56606&pR=12

Ова е некој стар рендер, којзнае дали е сеуште "на сила"...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Jan-2010 at 15:05
Originally posted by 46&2

Moже координати за ова каде треба да се гради Cheers


42° 0'16.95"N  21°23'32.11"E


Edited by Cloverstack - 25-Jan-2010 at 08:38
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Jan-2010 at 15:27


Фала.

Убава локација

Edited by 46&2 - 18-Jan-2010 at 15:28
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Jan-2010 at 12:41
Originally posted by lslcrew

Комплексот „Александрија“ ќе се гради од 1 март

Голем трговски центар со апартмански дел ќе почне да се гради во реонскиот дел на Карпош 3, кај спортската сала „Наум Наумовски - Борче“, позната како „Партизан“, од страната на булеварот Партизански одреди

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, најави дека изградбата ќе почне на први март.

- Комплексот „Александрија“ ќе го гради фирмата „Фешн груп“. Направени се сите геомеханички испитувања, а добиена е и дозвола за оградување на просторот. Работите ќе почнат на први март, а со градоначалникот Коце Трајановски веќе преговараме за да го преместиме каналот од страната на улицата Илинденска, односно спроти ресторанот „Имес“, за да го урбанизираме и тој дел - рече Јакимовски.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101046152&id=14&prilog=0&setIzdanie=21887


Еве што имаме забележано уште во 2007 на форумов.

Originally posted by pbanks

1


2


3


4


Објект: Идејно урбанистичко решение за бизнис центар Fashion Group
Локација: Карпош, Скопје
Површина: 100ha
Година на проектирање: 2007

Извор: ДСЦ дизајн


Инаку Александрија беше актуелна претходно, некаде на преминот 2005/2006. Требаше да бидат француска инвестиција која ја туркаше Жак Мопа, ако не се лажам човекот инволвиран и во ревитализацијата на Фени, Руен итн...  Во исто време за оваа локација се бореше и српска Делта за градење на голем трговски центар. Потоа се смени власта и овие проекти замреа.

Значи ова со Фешн груп е трета варијанта за решавање на овој неурбанизиран простор.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Jan-2010 at 17:33
На сликите 1 и 2 се гледа во средина едно сиво мало објектче. Вероватно тоа е црква колку што можам да заклучам. Проектов изгледа доста поголем од тој параклис, може до добиеме некоја претстава колкаво ќе биде ова ако се направи. Но сепак малку ми е чудна тишината околу овој проект, да беше нешто веќе до толку сигурно, би требало да имаме некоја млаку поголема медиумска активност. Или можеби ова е само некоја моја скепса на толку многу нереализирани проекти.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Jan-2010 at 05:24
Се оградува „Александрија“

После неколку години од првите најави, конечно почнува да се реализира големиот комплекс „Александрија“ во Карпош, кај спортската сала „Партизан“. Направено е испитување на тлото и моментално се оградува просторот и се рушат старите објекти. Камен темелник е најавен за 1 март, а инвеститор е „Fashion Group“.

Просторот е опфатен со деталниот урбанистички план „Реонски Центар Карпош 3, западен дел“.  Предвидени се станбени згради, трговски објекти и спортско-рекреативни содржини. Во ДУП-от наместо класични парцели се зацртани „мега-парцели“ кои дозволуваат поголема слобода за моделирање на просторот. За трговските содржини е дозволено максимум 80.000 метри квадратни изградена површина и висина до венец од 22,5 метри, додека за домување е дозволено максимум 42.000 метри квадратни изградена површина и висина до венец од 60 метри.

http://www.build.com.mk/?p=1573


А еве и фотки од терен:

1


2


3


4


5


6

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4469
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Jan-2010 at 05:52
А има шанси да очекуваме нешто барем блиску до 60 метри височина?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Jan-2010 at 06:01


Којзнае, ќе видиме... Чисто моја претпоставка е дека не се случајно вцртани такви. А и 60 метри не е воопшто научна фантастика, веќе имаме толкави згради.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Jan-2010 at 10:48
Сите што мислат дека живееле во град ала Париз - луѓево од куќичкава до скоро крава чуваа овде, затоа многу се радувам кога ваквите селски површини сред Скопје ги снемува, ама кога ќе чујам дека „мол“ се гради ми се претураат цревава, само ок, нека се гради нешто...
Овој простор инаку го разработувавме на факултет и тогаш колку што може да се сетам, површината на аголот на локацијава кон центар беше предвидена поголема површина за верски објект според ГУП, и тоа многу поголема отколку црквичкава која што се гледа на рендериве, а сега гледам дека баш тој простор се оградува за изградба на комплексов - значи настанале некои промени во меѓувреме...
Инаку јас лично навивам и за објекти од повеќе од 60м, само ако се веродостојни сликиве, тешко дека ќе видиме нешто високо овде...
Колку што разбрав ДСЦ го работеле проектов, ама идејниот проект е на некоја странско проектантско биро...некој веројатно е поинформиран на темава!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Jan-2010 at 10:57
Даве, да ДСЦ го имаат работено, еве го кај нив на веб страна http://dscdesign.com.mk/designs/feshion.htm, а колку што ги разгледав другите проекти се држат до некоја линија со малку закосени површини и изадени прозори, http://dscdesign.com.mk/designs/strumica.htm, http://dscdesign.com.mk/designs/vodno.htm.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Jan-2010 at 16:11
Originally posted by Dave Gahan

Овој простор инаку го разработувавме на факултет и тогаш колку што може да се сетам, површината на аголот на локацијава кон центар беше предвидена поголема површина за верски објект според ГУП, и тоа многу поголема отколку црквичкава која што се гледа на рендериве, а сега гледам дека баш тој простор се оградува за изградба на комплексов - значи настанале некои промени во меѓувреме...


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=56441#56441
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Jan-2010 at 11:50
СЕ ОГРАДУВА ПРОСТОРОТ КАЈ СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“ ВО КАРПОШ
Скопјани и ќе куглаат и ќе пазаруваат

Роза Петкова

Голем трговски центар со деловни простории, кино, хипермаркет, куглана, катна гаража ќе почне да се гради на зеленилото кај спортската сала „Партизан“. Земјиштето деновиве се оградува, а од Општина Карпош информираат дека инвеститор е „Мен фешн“, друштво за производство, трговија и за услуги од Скопје. Оттаму велат дека на локацијата ќе се градат и објекти за групно домување, во кои, според Правилникот за нормативи во урбанистичкото планирање, спаѓаат домови за студенти, стари лица, самци, деца без родители, но не прецизираат што точно од овие намени ќе се одбере. - Трговскиот ќе биде на приземје и со два ката на површина од 54.000 квадратни метри. Во него е предвидена голема катна гаража, куглана, четири киносали, фитнес-центри и огромен хипермаркет, продавници за брза храна и други содржини. Рокот за градба според Законот е не повеќе од шест години - велат од одделението за односи со јавноста на Општина Карпош. Тие на инвеститорот му издале само одобрение за локациски услови бидејќи засега тој ја немал комплетната документација за градежна дозвола. Во општината немаа информација за колку пари е откупено земјиштето, но велат дека парцелата имала и приватни сопственици. Според деталниот урбанистички план, целата слободна површина околу спортската сала, заградена со улиците Партизански одреди и Илинден од една страна, и улиците Љубљанска и Манапо од друга страна, е предвидена за деловно-станбен и спортски комплекс, наречен реонски центар Карпош 3. Тој содржи шест целини. Една од нив е трговскиот центар, чија висина на објектите е ограничена на 22,5 метри. Зградите за групно домување можат да бидат високи до 60 метри. Две парцели се за спорт на отворено и на затворено со фитнес-центри, базени и слично, кои не смеат да бидат повисоки од 22,5 метри. Од Општина велат дека заинтересирани инвеститори за изградбата на спортски терени и базен засега нема. Планот предвидува и изградба на црква на аголот меѓу Партизанска и Љубљанска. Овој проект беше актуелен во периодот кога в.д. градоначалник на Општината беше Сашо Димиќ. Таа требаше да се гради на 400 квадратни метри и според проектот да има мал плоштад, подземен паркинг, сала за крштевка, трпезарија и по надворешноста да личи на „Света Софија“ од Охрид. За изградбата на црквата од Општината сега не кажуваат ништо. - Неоградениот дел од зеленилото е парцелата, каде и според ГУП и според ДУП е предвидено да се гради црква - е кусиот одговор што го добивме од одделението за односи со јавноста. Деталниот план дозволува и доградба на постоечката сала „Партизан“, пробивање на неколку сервисни улици и паркинг пред салата.

           http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1929&ArticleID=132539                                                                                                                                           
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 29-Jan-2010 at 01:41

Ќе се гради ексклузивен трговски центар во Карпош


Инвеститор на објектот е австриска компанија во соработка со „Мен фешн“ од Македонија

Деспина Трајковска


Австриска компанија во соработка со фирмата „Мен фешн“ од Македонија ќе гради ексклузивен трговски центар во Карпош, на просторот меѓу салата „Партизан“ и булеварот „Партизански одреди“. Локацијата веќе се подготвува за отворање на градилиштето. Според најавите, до средината на март официјално ќе бидат поставени темелите на објектот.

Трговскиот центар ќе има приземје и два ката и ќе се протега на површина од 113.000 квадратни метри. Паркирањето ќе биде решено странично и подземно, со капацитет до 2.000 места. Објектот ќе се гради според проект на американска архитектонска компанија, која има искуство во изградба на вакви објекти низ светот, од кои педесетина само во Европа.

Претставници на инвеститорите велат дека трговскиот центар ќе располага исклучиво со комерцијален простор и во него нема да има деловни канцеларии. Освен бутици со ексклузивни брендови, но и марки достапни за нашиот стандард, во центарот ќе има и кафетерии, место за забава, содржини за деца и воопшто, катчиња како во сите светски шопинг-молови.

„На целиот проект е работено речиси три години. Долго траеше постапката на оформување на градежната парцела, која беше целосно во приватна сопственост на повеќе лица. Токму таа процедура ни одзеде најмногу време. Останува сега да ги уплатиме комуналиите во Општина Карпош и во Градот и да ја добиеме дозволата за градба, па работите да стартуваат на терен“, велат претставници на инвеститорите.

Тие се особено горди што и покрај економската криза, сепак, ќе почнат со реализација на планираниот проект вреден речиси 110 милиони евра. Истовремено и поради тоа што отворањето на центарот ќе значи и отворање на нови 2.500 работни места. Рокот за изведба на објектот е две години, а ќе го гради македонска компанија.

Инаку, овој објект е, всушност, првиот што ќе се гради во реонот, кој, според ДУП, треба да се урбанизира со повеќе содржини. Планот дозволува изградба на ексклузивен хотел, градинка, пазар, пензионерски дом, пошта и црква, за која постои маркица во непосредна близина на еден од главните влезови на трговскиот центар, а за која свои средства ќе донира и инвеститорот на ексклузивниот објект.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4D1F93269D5BCE43B9F0E68B92991896

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 29-Jan-2010 at 01:43
Еве имаме некој рендер, значи не се работи за оној прокет што го знаеме до сега од дсц. Вака на прв поглед ми изгледа добро неможам да му најдам замерка од аспект на обичен граѓанин. Малку не ми е јасно што е со црквава, зашто изгледа вака, вероватно само како виртуелен објект колку за ориентација е поставено вака, а малку ми изгледа чудно односот на големината меѓу црквата и трговскиот, во дупот врквата изгледа многу помала.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Jan-2010 at 01:56
Мене ми изгледа невкусно ваквата комбинација помеѓу трговскиот и црквата, а веројатно голема улога тука игра гломазноста на трговскиот. Не го замислувава дека до толку ќе доминира, а богами и многу боде очи оној спомнат податок дека ќе има 113.000 метри квадратни. Според ДУП-от дозволени се максимум 80.000

Confused
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Jan-2010 at 01:59
toa so povrsinata mislam deka gresat sekade pisuva 80 000 a ovie 113 000,iznosot na investicijata 70 ml eur ovie pisuvaat 110 mil eur.rokot za izgradba ja kolku sto znam za vakvi objekti e 6 godini a i taka pisuva vo nekoi mediumi ovie vikaat 2.mn pogresni inform.. ima vo tekstov
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Jan-2010 at 02:09
axel, 6 години се премногу, а за 2 може да пројде доколку се работи со добро темпо и доволно луѓе и механизација.

6 години можеби доколку етапно го градат преостанатиот дел од комплексот


Edited by Cloverstack - 29-Jan-2010 at 02:10
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Jan-2010 at 02:26
ja citav negde samo ne mi teknuva kade so poslednive izmeni na zakonot za gradba za stanbeni zgradi treba da se izgradat za 2 god..a vakvi golemi proekti za 6 ama ne mora da znaci deka kje gradat 6 god.moze da go izgradat za 2-3.za 6 god mora celiot proekt da bide zavrsen.toj zakon e poradi toa sto vo mkd ima bezbroj takvi proekti sto se pocnati so gradba a ne gi dovrsuvaat so godini
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.