build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje City Mall

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 44>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
1 [2.04%]
6 [12.24%]
9 [18.37%]
17 [34.69%]
9 [18.37%]
3 [6.12%]
3 [6.12%]
1 [2.04%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 49   Average: 6.92

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Jan-2010 at 22:41
znaci deka Partizan ke go butnat?
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Jan-2010 at 23:53
Трговскиот изгледа импресивно - односно бројките. Конечно нешто што наликува на прав трговски - 113000 м2. Иако тоа можеби не е корисна површина, сепак ќе се доближи до нешто одлично.

Тоа што навистина боде очи е црквата - но ако си ја замислите на пола од таа висина, нема да биде проблематично.

Втора работа што ми е сомнителна - кои се тие Мен Фешн? Никогаш не сум слушнал за нив, а и да сум слушнал мислам дека ќе направат промашај со трговскиот - вакви големи центри треба да ги градат искусни претприемачи кои знаат да привлечат светски брендови. Можно е ова да се претвори во нешто од типот на Мега Аутлет во Солун со некои леви-марки и локални бутици.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 31-Jan-2010 at 00:44
Originally posted by lupo

znaci deka Partizan ke go butnat?

Не, салата си останува:

Originally posted by cukiigor



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Feb-2010 at 13:09
Сликава не кажува многу, ама се обидов да го сликам булдожерот, очигледно тука веќе почнале активностите што е за поздравување. Инаку е ограден целиот опфат меѓу Партизанска и Илинденска, не само маркицата за трговскиот.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 03-Feb-2010 at 15:01


Механизација има уште од сам почеток, за расчистување на теренот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 04-Feb-2010 at 21:04

Четири киносали во новиот трговски центар во Карпош






 

Пред неколку дена се огради просторот во реонскиот центар Карпош 3 и почнаа подготвителните градежни работи

 
 
%20  
Голема катна гаража, четири киносали, кугларница, фитнес-центри, ресторани за брза храна, кафулиња, бутици, огромен хипермаркет и други содржини ќе бидат изградени во новиот трговски центар во реонскиот центар Карпош 3, кој ќе има и деловни простории, а еден дел ќе биде наменет за колективно домување. Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски велат дека фирмата „Мен фешн“ ДОО Скопје, која го гради комплексот, сé уште не добила градежна дозвола, бидејќи требало да ја докомплетира документацијата.

- Ние им издадовме одобрение за локациски услови и пред три-четири дена местото се огради и почна расчистувањето на теренот за да може да почне изградбата - велат од кабинетот.

Оттаму додаваат дека оградени биле 64 илјади квадратни метри, а трговскиот центар ќе зафаќа површина од 54 илјади квадратни метри. Објектот ќе биде на приземје и два ката, а паркирањето ќе биде решено странично и подземно и ќе има капацитет од 2.000 возила.

Според важечкиот детален урбанистички план, земјиштето на реонскиот дел, кое се протега од булеварот Партизански одреди до улицата Илинденска и улиците Љубљанска и Манапо, е поделено на шест мегапарцели, од кои на три намената им е спортски терени, на оваа локација има уште една парцела на која веќе постои изграден спортски објект, односно салата „Наум Наумовски- Борче“, попозната како „Партизан“, каде што максималната висина достига до 22,5 метри. Предвидена е и една парцела за станбено домување, каде што максималната висина ќе биде 60 метри и каде што се сугерира само еден објект да биде на 14 ката, а другите да бидат пониски, со што би се избегнала монотонијата, како и парцела за црква и трговски центар чија висина ќе биде не повеќе од 22,5 метри. Според планот, дозволена е изградба на ексклузивен хотел, градинка, пазар, пензионерски или студентски дом, пошта и црква. Предвидено е да се изградат четири улици, една од страната на улицата Љубљанска, односно последната автобуска станица на бројот 19 и три од улицата Манапо, односно последната автобуска станица на бројот 7.
 
   
Автор: Б.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2410105557&id=14&prilog=0&setIzdanie=21901
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-Feb-2010 at 19:56

Фешн Груп ќе гради трговски цетар во Карпош 4

Локацијата до спортската сала Партизан во Карпош 4 повторно стана атрактивна. За брзо време таму ќе се градат згради и трговски центар. Местото е веќе оградено и багерите го расчистуваат теренот. Општината Карпош издала почетно одобрение.

„ Станува збор за 32 илјади метри површина на земјиштето, инвеститор е Фешн груп односно Мен фешн, друштво со ограничена одговорност и таму ќе се гради трговски и објект за групно домување, двата објекта ќе бидат со површина од 62 илјади метри квадратни од кои само трговскиот е на 64 илјади метри квадратни“ – изјави Виолета Цветковска, портпарол во општина Карпош

Во Фешн Груп детали за инвестицијата најавија за следната недела.

Општинските власти велат дека наскоро ќе им издадат и дозвола за градба и до март ќе почнат со градежните активности. Изградбата треба да заврши за шест години.

Оваа локација е атрактивна уште од 2005, тогаш Жак Мопа, поранешниот прв човек на Фени сакаше да гради голем супермаркет, трговски и бизнис центар, угостителски објекти, хотел, црква и спортски терени. Следната година во игра влезе и српска Делта која требаше да гради супермаркет.

„Мини градот Александрија, проект вреден 75 милиони евра пропадна. На оваа локација не се изгради ниту супермаркетот на Делта. Сега според најавите познатата групација Фешн Груп на истото место ќе гради трговски центар и згради за групно домување.“

Според проектот, трговскиот центар ќе биде модерен со 4 кино сали, фитнес центри,    хипер маркет, катна гаража. Останатиот дел ќе се изнајмува како студентски, пензионерски или феријален дом.
                                                                                                                                                          http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=57567  

Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 10-Feb-2010 at 06:32
Малце сум збунет, иако ја знам точната локација за овој проект, во последниве два posta се пишува за две различни локации, и тоа во реонскиот центар Карпош 3 и Карпош 4. Дали се работи за иста локација но новинарите утнале, или групацијата ке гради и на две локации, иако првава констатација ми се допага како возможна Yes.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 10-Feb-2010 at 10:24
Се знае добро која е локацијата дури и заградена е се работи. Остај тоа новинариве што знаат да измешаат прости работи.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Mar-2010 at 12:07

2010-03-01


2010-03-01


2010-03-01


2010-03-01


2010-03-01
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Mar-2010 at 11:14
vladimir a slikite se napraveni vcera ili nekoj drug den?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 02-Mar-2010 at 19:45
Previous Имаш датум под сликите - 01.03.2010!


Супер слики Владимир, и честито 2000 поста Big%20smile



Edited by La Linea - 02-Mar-2010 at 19:47
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 03-Mar-2010 at 18:58
изградбата на овој објект ќе може добро да се надгледува, доволно е да има некој некој познат кој живее во црвената кула за да го пушти внатре. прозорите од скалилата на зградата гледаат точно во тој правец.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-Mar-2010 at 12:28

Комплексот „Александрија“ ќе се гради од 1 март     dojde i 1vi april kje dojdat uste mnogu prvi i nema da pocnat.standardno..

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Mar-2010 at 19:18


Според сликите на Владимир, таму има активности, иако почетокот не беше официјално означен  Dunno
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Mar-2010 at 22:19
Се копа и тоа на големо... почнато е. Неможе да се очекува веднаш нешто видливо над земја, стрпете се па и вие
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 31-Mar-2010 at 17:59
mislam deka se raboti za aleksandrija zatoa go postirav tuka                                                               

Групацијата „Балфин“ е сопственик на шопинг-центарот во Карпош

„Балфин“ е деловна групација за инвестиции и за продажба со седиште во Тирана, а нејзин сопственик е господин Самир Мане. Во рамки на групацијата се и синџирот за електроника „Нептун“ и „Фешн групација“ за продажба на облека.

20:00 | 30.03.2010 | Автор: Шпиц

/ Балканската финансиска инвестициска групација „Балфин“, со седиште во Тирана, е инвеститорот на шопинг-центарот што се гради во Скопје, на крајот од населбата Карпош 3, на потегот

меѓу улиците Партизанска и Илинденска. Групацијата планира да инвестира 68 милиони евра во изградбата на овој „прв регионален шопинг-центар во Скопје“, како што се вели од страна на групацијата, со корисен изграден простор од 96.000 квадратни метри, на површина од 32.000 квадратни метри, јавува специјализираната публикација за финансирање во недвижности „Проперти фајнанс Еуроп“.
Според шемата, објектот ќе биде изграден на три ката со простории за шопинг и забава. Во него нема да има канцеларии, но ќе има бутици со стока од ексклузивни светски марки, но и регионални марки. Покрај тоа, ќе има и простори за забава, катчиња за деца и други содржини како и во сите светски шопинг-центри. Паркингот е предвиден за 2.000 возила и ќе биде решен подземно и странично.
Проектот е дизајниран од архитектонската компанија „Лагвардија Лоу“ со седиште во градот Далас, САД. „Лагвардија Лоу“ е архитектонска проектантска компанија со нагласен урбан дизајнерски интерес и има свои филијали во Јапонија, Кина и во Европа.
Изградбата на шопинг-центарот

е почната, но преговорите за финансирање се уште траат. Претставниците на „Балфин“ изјавуваат дека постои голем интерес од идните закупувачи, како и од сопствениците на меѓународни и локални брендови.
Групацијата „Балфин“ е основана во 1993 година и е една од водечките групации за развој на недвижности и продажба на мало во Албанија. Групацијата е присутна ширум Балканот. Таа е и сопственик на првиот шопинг-центар во Албанија, КТУ и во моментов го гради и најголемиот шопинг-центар во земјата на источната порта во Тирана.
Инаку, „Балфин“ опфаќа повеќе компании, главно во Албанија, но поседува и бизниси за трговија со електронски апарати и во другите балкански земји. Групацијата е во приватна сопственост на г. Самир Мане, кој е и претседавач на бордот и нејзин извршен директор. Покрај тоа, „Балфин“ има и малцински удели во неколку компании и инвестиции со други партнери.
Во рамките на групацијата работи и синџирот за продажба на електрични и електронски апарати „Нептун“, синџирот за продажба на облека „Фешн групација“, кои имаат и свои филијали и продавници и во Македонија. „Балфин“ вработува околу 1.000 лица, од кои 600 во Албанија и 400 во други земји.                                                                                                                     http://www.spic.com.mk/kat/biznis/grupacijata-balfin-se-sopstvenik-na-soping-centarot-vo-karpos.html  

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 13-Apr-2010 at 11:20

Земјиштето за Реонскиот центар Карпош 3 на рати


Плаќањето на комуналиите за уредување на градежното земјиште на рати ќе биде поттик за инвеститорите, сметаат градските советници

 

 
%20  
За уредување на градежното земјиште во Реонскиот дел Карпош 3, компанијата „Мен фешн“, инвеститор на новиот трговски центар и на станбените објекти во оваа населба, треба да плати седум милиони евра, од кои 30 отсто како аванс, а другите на 24 рати, одлучи Градскиот совет.

Овие објекти се градат на површина од 100.000 квадратни метри, од кои зградите ќе зафаќаат 15.000 квадрати. За уредувањето на земјиштето, од потребните 7 милиони денари, 60 отсто ќе се слеат во градскиот буџет, а 40 во касата на општината Карпош. Градскиот совет ја донесе оваа одлука по барање на инвеститорот, кој како факт наведе дека со изградбата на објектите се ангажираат домашни градежни фирми, ќе се уреди просторот на каналот меѓу населбите Карпош 3 и 4, а потоа ќе се отворат нови работни места.

Градските советници сметаат дека доколку се дозволи комуналиите за уредување на градежното земјиште се плаќаат на рати, тоа ќе влијае позитивно за новите инвеститори и ќе ги поттикне да градат поголеми урбани комплекси.
 
 


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4131010741&id=14&prilog=0&setIzdanie=21957
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 04-May-2010 at 10:56
Го имаме пропуштено ова интервју од Капитал...

Жан Мо Па, директор на проектот "Александрија"
Во изградба на комплексот "Александрија" ќе инвестираме 70 милиони евра
Модерен бизнис центар, станбен комплекс, маркети, спортски терени, културни објекти, факултети.. Сe на едно место за бизнис заедницата или мал модерен град. Вака ќе изгледа комплексот  "Александрија" по неговата изградба

Магдалена Михајлоска
magdalena@kapital.com.mk

Капитал: Кажете ни нешто повеќе за проектот "Александрија"?
Мо Па: Идејата за проектот "Александрија" се роди пред една година. Францускиот ланец маркети „Интермарше„ побара од мене да им помогнам да најдат локации за изградба на супермаркети во Македонија. „Интермарше” има свои маркети во Белград, Сараево и на Косово и тие сакаат да го прошират својот бизнис и во Македонија со отварање на свои супермаркети во земјава. Нивното барање ме поттикна да побарам повеќе инвеститори кои би ги вложиле своите пари во Македонија. Јас живеам тука веќе шест години и успеав да донесам неколку инвестиции. Размислувајќи во што би било добро да се инвестира сфатив дека на Скопје му недостига бизнис центар. Кога  велам “сe на едно место” мислам на конференциски сали, сали за одржување на прес конференции, финансиски институции, кабинети за преведување сместувачки капацитети. Идејата е бизнисмените да имаат се на едно место. Во рамките на бизнис центарот се планира и изградба на хотели и ресторани каде што бизнисмените ќе можат да престојуваат. Подоцна ја проширивме идејата за бизнис центарот  со други активности. Планираме во рамките на Александрија да има и културни, спортски објекти, факултет за постдипломски студии со дел за сместување на студенти. За Александрија да биде атрактивна за сите решивме да изградиме и станбен дел. Планирано е да има станови кои ќе се продаваат по ниска цена. Ќе има и резиденцијален дел, а овие станови ќе се продаваат по поскапа цена.

Капитал: По која цена ќе се продава стабениот квадрат? Имате ли некои проценки?
Мо Па: Истражувањата што ги направивме на пазарот, покажаа дека во Македонија има потреба од евтини станови. Ние планираме да ги продаваме становите по цена од 500-600 евра квадратен метар. Ќе има и луксузни станови кои ќе се продаваат по повисока цена.   

Капитал: За колкава инвестиција станува збор и кој ќе инвестира во реализацијата на овој проект?
Мо Па: Се работи за инвестиција од околу 70 милиони евра. Парите се веќе обезбедени. Инаку се работи за неколку француски инвеститори кои сакаат да вложат во овој проект. Во реализацијата на Александрија ќе се вклучат и неколку македонски компании со свои инвеститори. Значи се работи за заедничка македонско-француска инвестиција. Ние сме отворени за соработка и ако некоја друга компанија сака да се вклучи во изградбата со задоволство ќе соработуваме. Сакам да потенцирам дека “Александрија” нема да биде исклучиво за потребите на бизнис заедницата. Токму затоа ние додаваме и други димензии кои ќе бидат наменети за сите. Спортските, културните инсталации и маркетите ќе бидат наменети за сите. Во делот на спортските активности веќе преговараме со Факултетот за физичка култура. Тие ќе можат спортските објекти да ги користат за свои цели. Во Александрија ќе има и кино сали кои исто така ќе бидат наменети за сите граѓани. Планираме и изградба на православен храм во соработка со Македонската православна црква. Сакаме овој комплекс да го поврземе со историјата на Македонија и затоа го дадовме името Александрија. Како што Александрар Македонски градел нови градови кои биле многу модерни и напредни во свое време, ние сакаме да содадеме модерен комплекс во Македонија.

Капитал: Кога ќе започне изградбата и каде ќе биде лоциран овој комплекс?
Мо Па: Алексадрија ќе биде лоцирана во населбата Карпош, а според планот треба да се изгради на 7,5 хектари. Само маркетот на „Интермарше” ќе се протега на 3.000 метри квадратни. Изградбата треба да почне на почетокот на следната година, а ќе заврши до крајот на 2008 година.   

Капитал: Кој ќе биде вклучен во изградбата на комплексот “Александрија”?
Мо Па: Во изградбата на Алексадрија целосно ќе бидат вклучени македонските градежни компании. Таква е нашата определба. Веќе разговаравме и со „Интермарше” и договорено е нивните маркети да ги градат македонски градежници.  Ние сакаме да го купиме земјиштето и веќе го поднесовме проектот во Владата.

Владата ќе го разгледува нашиот проект на една од следните седници и sе надеваме на позитивен исход.

Капитал: Кој ќе биде ефектот од оваа инвестиција за македонската економија?
Мо Па: Мислам дека за македонската економија изградбата на комплексот „Александрија„ ќе има повеќе позитивни елементи. Прво македонски градежни компании ќе бидат вклучени во изградбата на комплексот. Ќе бидат ангажирани и компании од други сектори. Она што е најважно според мене е отварањето на нови работни места. Само во изградбата се превидува дека ќе бидат ангажирани околу 3.200 работници.

http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=65&EditionID=488&ArticleID=10369

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 04-May-2010 at 10:57
Денес пројдов од тука, имаше само неколку камиони во комплексот и неколку работници. Има ископано огромна дупка и огромен куп ископ. НЕма некоја значајна динамика.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.