build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje City Mall

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 44>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
1 [2.04%]
6 [12.24%]
9 [18.37%]
17 [34.69%]
9 [18.37%]
3 [6.12%]
3 [6.12%]
1 [2.04%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 49   Average: 6.92

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 10-Jun-2010 at 22:18
Еве и слика од коментарот на lslcrew


10-06-2010
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 20-Jun-2010 at 17:31
Целиот канал е поместен источно од плацот



Излезен приклучок кон стариот дел на каналот


16-06-2010
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 20-Jun-2010 at 17:40
Дали е тој каналот што иде до градски парк?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 20-Jun-2010 at 18:39

Не, тој канал иде од Водно, Долно Нерези, Тафталиџе (Олимпико Пазарот и Архив на Македонија) низ Карпош и излага кај скиборд игралиштето во Вардар
42° 0'35.37"N
21°23'44.66"E
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 22-Jun-2010 at 23:36

„Мен фешн“ уплати 750.000 евра за трговски центар во Карпош

 

За две години на 113.000 квадрати ќе никне голем
шопинг-мол вреден 110 милиони евра

Деспина Трајковска


На заградениот простор меѓу салата „Партизан“ и булеварот „Партизански одреди“ во Карпош наскоро ќе почне изградбата на ексклузивниот трговски центар вреден речиси 110 милиони евра, инвестиција на австриска компанија во соработка со фирмата „Мен фешн“ од Македонија. Инвеститорите платиле дел од комуналиите, што е последниот неопходен чекор за добивање одобрение за градба. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вчера информираше дека на сметка на Општината „легнале“ 750.000 евра од вкупно пресметаните 2,5 милиони евра за комуналии колку што и' следуваат на Карпош. Според неговите сознанија, инвеститорот ги уплатил комуналиите и на Град Скопје.

„Со оглед на извршената уплата, веќе е во постапка процедурата да го издадеме одобрението за градба, што ќе се случи во скоро време. Уплатени се 750.000 евра, а останатите од вкупно 2,5 милиони евра инвеститорите ќе ги отплаќаат на 11 рати, за што потпишавме и протокол. Значи, градежните активности на терен ќе почнат наскоро, односно во зависност од желбата на инвеститорот. Инаку, земјиштето е оградено, бидејќи пред неколку месеци ги издадовме локациските услови“, изјави вчера Јакимовски, кој оваа инвестиција ја посочи како една од поголемите што се очекуваат годинава во општината Карпош.

Од „Мен фешн“ вчера не беа достапни да информираат за евентуалниот прецизен термин за почеток на изградбата и дали воопшто таа ќе биде свечено официјализирана. Неодамна инвеститорите информираа дека ќе градат ексклузивен трговски центар на површина од 113.000 квадратни метри, на приземје и два ката. Паркирањето ќе биде решено странично и подземно, со капацитет до 2.000 места. Објектот ќе се гради според проект на американска архитектонска компанија, која има искуство во изградба на вакви објекти низ светот, од кои педесетина се во Европа.

Трговскиот центар ќе располага исклучиво со комерцијален простор и освен бутици со ексклузивни брендови, но и марки достапни за нашиот стандард, во центарот ќе има и кафетерии, место за забава, содржини за деца и, воопшто, катчиња како во сите светски шопинг-молови.

Рокот за изведба на објектот е две години, а ќе го гради македонска компанија. Според ДУП, во овој реон освен изградба на трговски центар има маркички за изградба на ексклузивен хотел, градинка, пазар, пензионерски дом, пошта и црква. За црквата постои маркичка во непосредна близина на еден од главните влезови на трговскиот центар, а за нејзината изградба планира средства да донира и инвеститорот на ексклузивниот шопинг-мол.

 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 16-Aug-2010 at 00:56

Изградбата на новиот трговски ги уништи игралиштата на „Партизан“

Деспина Трајковска

За само нецел час вчера заминаа во историјата дел од неколкудецениските игралишта на СРЦ „Партизан“. Тие потонаа во земја по налетот на багерите ангажирани од „Мен фешн“, која си расчистува простор за изградба на трговски центар. Малкумина од вработените од спортскиот центар вчера беа сведоци на уништувањето на игралиштата. Иако револтирани оти наводно инвеститорите недозволено им узурпираат и уништуваат дел од имотот, тие останаа беспомошни. Со образложение дека е неработен ден, ниту Градежната инспекција од Општина Карпош ниту кој било друг надлежен не одговори на апелите од СРЦ „Партизан“ да изврши увид на теренот. Багерите уништија половина од фудбалското игралиште кое рекреативците го користеа буквално до завчера, а очигледно беше оти ќе биде сотрено уште едно помошно повеќенаменско игралиште.

„Ова е невиден упад на инвеститорот, без соодветно одобрение влегува во наш имот, згора на се' во недела кога никој од надлежните не работи за да интервенира на терен. Во случајов, сметаме дека станува збор за класична измама, бидејќи од Општина неодамна ни потврдија дека маркичката за трговскиот центар не навлегува во нашиот имот“, револтирано вчера изјави Крсте Станковиќ, раководител на „Партизан“, кој најави дека денеска ќе инсистира општинарите да ја прекинат изградбата, односно расчистувањето на теренот и веднаш да го разрешат случајот.

Разбирливо, поради неработниот ден, вчера немаше кој да објасни од Општината дали инвеститорот има дозвола за копање на теренот на „Партизан“ и дали воопшто ја обезбеди дозволата за градба откако неодамна ги уплати комуналиите. Недостапни за коментар останаа и од „Мен фешн“.

Инвеститорите на просторот помеѓу салата „Партизан“ и булеварот „Партизански одреди“ планираат да градат ексклузивен трговски центар вреден речиси 110 милиони евра. Трговскиот ќе се простира на површина од 113.000 квадратни метри, а ќе има приземје и два ката. Паркирањето ќе биде решено странично и подземно, со капацитет до 2.000 места. Во трговскиот ќе има исклучиво комерцијален простор, бутици, кафетерии, место за забава, содржини за деца и, воопшто, катчиња како во сите светски шопинг-молови. Трговскиот е предвидено да се изгради во рок од две години.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6429F35792435346888B0B87203BF5A6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 17-Aug-2010 at 10:29

Неизвесна судбината на отворените терени на СРЦ „Партизан“

Втор ден откако од СРЦ „Партизан“ обвинија дека „Мен фешн“ неосновано им узурпирала и им уништила дел од игралиштето за да го гради трговскиот центар, багерите вчера останаа невклучени. На терен не затековме какви било градежни активности. Дали инвеститорот запре со работа затоа што од „Партизан“ се во право, или нешто друго е во прашање, вчера останавме без одговор.

Од „Мен фешн“ втор ден не се достапни да го коментираат случајот и да потврдат дали имаат сопственост над земјиштето каде што багерите завчера уништија две спортски игралишта, дел од парцела, која неколку децении е во сопственост на „Партизан“. Се очекуваше вчера на терен да реагираат општинарите. По барање на надлежните од спортскиот центар, градоначалникот Стевчо Јакимовски ветил дека градежната инспекција ќе направи увид на теренот.

„Доколку инвеститорот навлегол на туѓ имот, значи ако копа во недозволени рамки, ние ќе постапиме согласно со законот. Во секој случај, имотните листови ќе ја решат целата ситуација. Инспекторите денеска ќе извршат целосен увид на документацијата и за еден-два дена проблемот би требало да се реши“, изјави вчера Јакимовски и категорично ги демантира тврдењата од „Партизан“ оти лично тој им дал писмени гаранции со кои се потврдува дека изградбата на трговскиот центар нема да земе ни милиметар од спортскиот комплекс.

Од „Партизан“ завчера реагираа дека „Мен фешн“ буквално преку ноќ неосновано им навлегол во дел од имотот, притоа узурпирајќи и уништувајќи дел од спортските терени. Инаку, на просторот меѓу салата и булеварот „Партизански одреди“ на површина од 113.000 квадратни метри е предвидена изградба на трговски центар од два ката.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C91BE79B570D704D9C540C03BD40705D

Багерите играа фудбал без топка

По реакцијата на ДТВ „Партизан“ од Карпош 4 дека бесправно им се уриваат игралишта од страна на „Мен фешн“, градоначалникот испрати инспектор да ги провери документите за градба

Откако за време на викендот градежните работници ангажирани од фирмата „Мен фешн“ тајно уништија едно фудбалско игралиште во сопственост на ДТВ „Партизан“, вчера градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, испрати инспектор за да ги провери имотните листови на двете страни. Раководителот на „Партизан“, Крсте Станковиќ, тврди дека во неделата како термити навлегле работниците и без да прашаат им ги уништиле оградата и игралиштето во кое тие самите инвестирале. Станковиќ тврди дека има писмен документ со кој градоначалникот Стевче Јакимовски им гарантира оти сопствениците од „Мен фешн“ нема да навлезат во терените на „Партизан“.

- Многу чудна и монтирана е целата работа околу уривањето на оградата и игралиштето. Во недела и на овие горештини, кога речиси нема никој во „Партизан“, работниците со однапред подготвени столбови влегоа и половината игралиште го заградија и го уништија. Веднаш повикавме полиција, но тие не можеа да сторат ништо освен, како што изјави полицаецот, ако се степаме да интервенира. Но, ние не сме насилници, ние сме спортисти и рекреативци. За вистинско чудо, вчера немаше ниту еден работник. Никаде во светот не се урива спортско игралиште заради изградба на трговски центар. Спортот треба да се негува и гради, а не да се уништува. Чекавме да дојде градежен инспектор, но не знам дали извршил увид. Имаме писмен документ од градоначалникот Јакимовски во кој стои дека игралиштата нема да ни се уриваат. Сега ни останаа само две игралишта, едното со трева, другото со тврда подлога, повеќенаменско.

До вчера ни се уништени три спортски игралишта - вели Станковиќ.

Од „Партизан“ се сомневаат дека фирмата „Мен фешн“ воопшто обезбедила дозвола за градба, иако неодамна ги уплатила комуналиите. Недостапни за коментар останаа од „Мен фешн“.

Од Општината Карпош велат дека целата ситуација ја имаат на увид и дека проблемот ќе се надмине кога инвеститорот и одговорните од „Партизан“ ќе ги покажат имотните листови пред нивната инспекција.

- Уште утрината испратив градежен инспектор. Ќе се направи увид во имотниот лист на „Мен фешн“ и ако фирмата узурпирала простор што не и' припаѓа, тогаш ќе интервенираме во согласност со Законот. Но, јас секако морам да ги демантирам изјавите дека сум дал каква било писмена гаранција дека игралиштата ќе бидат или нема да бидат урнати. Не можам да давам гаранции, тоа не е моја работа ако има имотен лист - изјави градоначалникот Јакимовски.

Додека фирмата „Мен фешн“ го расчистува просторот за изградба на трговски центар, вработените во спортскиот центар сведочеа за уништувањето на игралиштата. Тие ќе инсистираат до општинарите да се прекине изградбата, односно расчистувањето на теренот и веднаш да се реши случајот.

- Невиден упад на инвеститорот. Без соодветно одобрение влегува во наш имот. Сметаме дека станува збор за класична измама, бидејќи од Општината неодамна ни потврдија дека маркичката за трговскиот центар не навлегува во нашиот имот - дополни Станковиќ.

Најголем шопинг-центар во западниот дел од градот

Фирмата „Мен фешн“ на просторот помеѓу салата „Партизан“ и булеварот Партизански одреди планира да гради ексклузивен трговски центар, вреден повеќе од 110 милиони евра. Инвеститорите планираат Центарот да се простира на површина од 113.000 квадратни метри, со приземје и два ката. Паркирањето ќе биде надземно и подземно, со капацитет за 2.000 возила. Трговскиот ќе биде исклучиво со комерцијална содржина - бутици, кафетерии, место за забава, содржини за деца, а ќе се гради две години.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=25390C9C73A5AE449D1F786A80D71591

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 18-Aug-2010 at 11:25

„Мен фешн“ демантираат дека го узурпирале „Партизан“


Австриската фирма „Мен фешн“ ги отфрла обвинувањата на „Партизан“ дека во неделата нелегално работеле на имот кој не бил во нивна сопственост

 

 
%20  
- Во врска со текстот објавен во вашиот ценет весник, а во врска со градежните работи кај салата во населбата Карпош 4, ве известуваме дека обвинувањата на лица кои се претставуваат во текстот како претставници на управата на „Партизан“ се целосно неосновани. „Мен фешн“ ДОО Скопје, како сопственик на земјиштето и инвеститор презема градежни дејствија во целост и во согласност со издадените дозволи и одобренија, како и во согласност со важечката законска регулатива и не узурпира ничиј простор. Доколку истите продолжат со изнесување невистини „Мен фешн“ ДОО Скопје ќе биде принуден да поднесе приватни кривични тужби за сите учесници - пишува во демантот управителот на „Мен фешн“, Сашо Данаиловски.

Од „Партизан“, пак, велат дека сé уште не е официјално потврдено во чија сопственост е земјиштето, како и тоа дека планираат да покренат тужба.

- Ние нонстоп ги бараме надлежните од „Мен фешн“ и не можеме никој да добиеме, со никого не можеме да искомуницираме, ниту со некој вработен оттаму, ниту пак со сопствениците, кои најверојатно се во Австрија. Дојде градежна инспекција и треба да им ги предадам документите. Ми рекоа дека не можат да ми покажат документи и имотен лист од „Мен фешн“ затоа што и тие самите сé уште ги немале предадено. Како и да е, тие не смеат вандалски да се однесуваат! Сега подготвуваме тужба. Градоначалникот на општината Карпош сé уште не ни го кажува официјалниот став - вели Крсте Станковски, раководител на „Партизан“.

Општината Карпош во текот на денов ќе ги има официјалните сознанија околу тоа чие е земјиштето.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81810103826&id=14&prilog=0&setIzdanie=22062
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 19-Aug-2010 at 07:07


„Мен фешн“ не врши упад на терените на „Партизан“

Градежната инспекција на Општина Карпош констатирала дека фирмата „Мен фешн“ гради согласно со добиената документација и притоа не врши упад на туѓ имот, конкретно, на спортските терени на ДТВ „Партизан“, на што се жалеа од спортскиот центар.

„Дел од терените за фудбал, за кои е засегнат Клубот за спорт, рекреација и гимнастика ‘Наум Наумовски-Борче‘ влегле во градежната парцела што сега ја реализира инвеститорот ‘Мен фешн‘. Тоа значи дека дел од тие терени согласно со донесениот ДУП ги купил инвеститорот, станале негова сопственост и тој таму сега гради. Констатиравме дека инвеститорот има уредна документација за градба, имотноправните односи се чисти и ги гради објектите во согласност со одобрената градежно техничка документација“, информираа преку писмено соопштение од Карпош.

Со ова се стави крај на дилемата дали „Мен фешн“ навистина узурпира дел од спортските терени на „Партизан“, за што обвинуваа спортските работници во неделата кога багерите ангажирани од инвеститорот раскопаа дел од фудбалското игралиште.

На просторот меѓу салата и булеварот „Партизански одреди“ ќе се гради ексклузивен трговски центар на приземје и два ката. Во него ќе има исклучиво комерцијален простор. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0CD4617E9CB39E4EB2007A03A288AEE9


Edited by Cloverstack - 19-Aug-2010 at 09:39
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 19-Aug-2010 at 10:17



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 13-Oct-2010 at 20:31
Уредно ископано, но за сега напуштено


Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 13-Oct-2010 at 20:38
Гледам работници редовно како се шуњаат наваму-натаму низ градилиштево бидејќи често поминувам, но не се забележува некој напредок.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 12-Nov-2010 at 12:43
Кај нас мора медиумиве да буцкаат, за да се дојде до информации. Според текстот на Утрински има најави дека од 15ти Декември се почнува со градење

Дупка наместо трговски центар во Карпош 3

Се отвори ли трета дупка во Скопје наместо како што се најавуваше ексклузивен трговски центар во Карпош? Ова прашање секојдневно си го поставуваат граѓаните што минуваат по булеварот „Партизански одреди“, каде што речиси два месеца постои огромен простор ограден за градилиште. Карпошовци стравуваат дека на местото ќе остане ископана голема дупка наместо да никне ексклузивен комерцијален објект. Луѓето, всушност, се сомневаат дека и во Карпош ќе се случи нешто слично на амбициозно најавуваниот хотел кај „Рамстор“ и комплексот „Ера сити“ на „Скопски саем“.

Помина речиси половина година откако од фирмата „Мен фешн“ потврдија дека на просторот ќе градат трговски центар, невиден досега во овој регион, а од пред два месеца Општина Карпош им ја издаде потребната дозвола за градба. Но, на терен, освен заграден простор и ископана дупка, нема ни трага од градежни машини, што остава простор за разни шпекулации.

Сепак, како што неофицијално тврдат упатените, проектот е „чист“ и во поглед на обезбедени финансии за изградба и од урбанистички аспект. Проектот е изработен, компанијата ги има потребните документи за изградба, а единствено се чекало на дефинирање одредени финеси како најдоцна до 15 декември официјално би стартувале градежните активности. Наводно, и досега се работело на терен, се вршела дислокација на одредена подземна инфраструктура, активност, која привршува деновиве. Сето тоа било неопходно за градењето да се одвива непречено.

И од Општина Карпош тврдат дека не постојат никакви пречки за да почне да се гради долгоочекуваниот трговски центар. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека инвеститорот е чист. Ја има потребната градежна дозвола, уплатил прва рата комуналии, а деновиве се очекува да изврши и дополнителна уплата од вкупно пресметаните 2,5 милиони евра за комуналии.

„Инвеститорот поседува чиста документација. До 15 ноември треба да уплати дел од преостанатата сума за комуналии, бидејќи плаќа на рати, што е законски дозволиво, а за тоа има поднесено и банкарска гаранција“, вели Јакимовски, според кого оваа инвестиција е една од поголемите што се реализираат годинава на подрачјето на Карпош.

Предвидено е трговскиот центар, кој е најавено дека ќе чини 110 милиони евра, да се гради на површина од 113.000 квадратни метри, на приземје и два ката. Паркирањето ќе биде решено странично и подземно, со капацитет до 2.000 места. Објектот ќе се гради според проект на американска архитектонска компанија, која има искуство во изградба на вакви објекти низ светот. Трговскиот центар ќе располага исклучиво со комерцијален простор. Рокот за изведба на објектот е две години, а ќе го гради македонска компанија.

Инаку, според ДУП, во овој реон има маркици за изградба и на ексклузивен хотел, градинка, пазар, пензионерски дом, пошта и црква. За црквата постои маркичка во непосредна близина на еден од главните влезови на трговскиот центар, а за нејзина изградба средства планира да донира и инвеститорот на ексклузивниот шопинг-мол.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=00C7A5FC03569B43A8C1C112C2092100


Edited by La Linea - 12-Nov-2010 at 21:19
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 09-Dec-2010 at 00:40
Дечки сега го видов ова на ssc,ако сте го постирале претходно слободно бришете



Skopje City Mall

Balfin is a key investor in the newest Shopping Mall in Macedonia. With 38.000m2 of planned retail space, located 3 km from the city center, Skopje City Mall is the best located retail space in the city. With excellent road and bus access, plus it’s over 1200 underground parking spaces will allow for easy access for all types of customers.


http://www.balfin.al/page.php?m=in_skopjecitymall&PHPSESSID=346fc8edb7636c8f384f12ba8882cead
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 09-Dec-2010 at 00:57
Ако не се лажам се работи за онаа локација кај Партизан измеѓу Карпош 3 и Карпош 4. Некаде во текстовите кои ги имавме околу објектот беше споменат Албанскиов инвеститор.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 09-Dec-2010 at 18:50
Gore dole mi se dopagja, samo so pomalku boi. A crkvata kade e?
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Dec-2010 at 19:19
zar ne trebase vo ovaa lokacija da se gradi kompleksot aleksandria?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 09-Dec-2010 at 19:44
Се надевам дека не е Александрија, се надевав дека на тоа место ќе го добиевме првиот навистина голем мол, со корисна површина од околу 50 000 до 60 000 метри квадратни. Ако се работи за него, тогаш ќе бидам разочаран, пред се заради малата површина (колку 2 Рамстора), каде тешко ќе дојдат големите марки на Индитекс, Дајхман, Хуманик, ЦЕундА итн. Нема да има простор за навистина големи продавници и други попатни содржини за минување на слободното време.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 14-Dec-2010 at 00:27
Како што гледам на сајтов се работи за објектот до партизан во карпос 3 и следниве рендери се официјални изработени за инвеститорот.Истата компанија го има работено Ушче шопинг молот во белград и уште многу други.
еве ги рендерите:

http://www.creinternational.com/images/projects/city-mall-skopje/01.jpg
http://www.creinternational.com/images/projects/city-mall-skopje/02.jpg

http://www.creinternational.com/images/projects/city-mall-skopje/03.jpg

http://www.creinternational.com/images/projects/city-mall-skopje/04.jpg

http://www.creinternational.com/images/projects/city-mall-skopje/06.jpg

Повеќе информации можете да најдете на сајтот:
http://www.creinternational.com/projects/city-mall-skopje.php



Edited by toasumjas - 14-Dec-2010 at 00:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 14-Dec-2010 at 00:38
Toasumjas bravo za slikive!













http://www.creinternational.com/projects/city-mall-skopje.php
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.