build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Преображение - Крушево (Тошев манастир)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 16-Oct-2010 at 05:32
МИА НАЈАВИ - МАКЕДОНИЈА

16 октомври 2010

Крушево - Осветување на челичниот крст од 33 метри кај манастирот Свето Преображение - централен настан на одбележувањето три години од смртта на Тоше Проески. (12:00)

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 16-Oct-2010 at 17:56




МИА фото

Edited by lslcrew - 16-Oct-2010 at 17:58
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Jan-2011 at 17:27
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Feb-2011 at 20:30





OD FB - avtor :Spiro Taleski

Edited by Makedonij - 27-Jan-2013 at 16:49
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Feb-2011 at 10:38
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Mar-2011 at 20:44
Аман луѓе,тргнете го од насловот на темата она Тошев манастир.Може да се најде поприкладен назив,каков Тошев манастир аман?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 15-Mar-2011 at 04:46
Често се случува проекти на кои им го знаеме официјалниот наслов да ги дообјаснуваме во заграда за што се работи заради некои објекти што имаат име и начин на полесно распознавање низ опта комуникација. Затоа е тоа тамо ставено.
Back to Top
oWl View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oWl Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 15-Apr-2011 at 00:23
1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10. Поглед на Крушево од крстот


11. Поглед на Крушево од крстот - зум

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Apr-2011 at 06:12
А зашо, камбанеријата је облекоа во камен, бела некако по естетска ми стоеше?
Инаку супер сликички ОВЛ


Edited by Makedonij - 16-Apr-2011 at 06:13
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Apr-2012 at 07:50



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 27-Jan-2013 at 16:31
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 21-Feb-2013 at 21:01



Од панорамио
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Aug-2013 at 22:58
ЛЕГЕНДИТЕ за KРУШЕВСKИОТ ХРАМ

Сонот на Свето Преображение ги предвиде раѓањето и смртта на Тоше



Соња Алексоска-Неделковска

Издигнат на ридот на височина од 1.600 метри, манастирот „Свето Преображение“ ќе го доживеете како сонце што продира низ облаци откако ќе ги совладате серпентините опколени со нескротена природа, кои водат до него. Во темелите на духовниот храм, највисок на Балканот, сместен во пазувите на Бушева Планина и Бела Вода, со векови се вѕидувани различни верувања, привиденија, легенди. Повеќепати бил граден и уриван, но успеал да му одолее на времето.

Чувството на мир и спокојство за миг ќе ви го наруши и тагата кога ќе го видите каменот со крст од десната страна при влезот во храмот. Тој е сведок на бакнежите, молитвите и на желбите на Тоше. Сведок на едно време кога музичката легенда поминуваше часови пред него за да го пронајде својот духовен мир.

Доаѓаше уште од дете

Се претпоставува дека манастирот „Свето Преображение“ во близина на Kрушево е изграден помеѓу 11 и 13 век, а потоа бил изгорен. Луѓето што работат на неговата доизградба велат дека никој од крушевчани не знаел дека на тоа место има манастир с` до седумдесеттите години од минатиот век кога Никола Проески, татко му на Тоше, и ловџиите наишле на темелите на светиот храм.

- Додека ја поминувале падината, наишле на една височинка, во која било направено провизорно камарче од камења. Од едната страна имало стари пари, а од другата - место за палење свеќи. Никола, кој тогаш работеше во стакларницата во Kрушево, направил стаклен крст и го оставил како обележје на тоа свето место. Мештаните од село Селце им кажале дека на празникот Преображение од тоа место навечер се појавувала голема светлина, која одела кон селото Селце или кон селото Арилево. Тогаш откривме дека таму се темелите на „Свето Преображение“ - вели Томе Талески, пожарникар, кој со години волонтерски работи на обновата.

Во 1986 година крушевчани решиле да почнат со изградбата на манастирот. Невремето, непроодниот пат и височините не биле пречка вљубениците во Бога и големите верници да придонесат во изградбата.

- Наидовме на темелите на една поголема и на една помала црква. Но, една стара жена од Селце сонила сон во кој светецот ~ кажал да ја побараме и големата црква. Откако ги пронајдовме темелите на најголемата црква, на тоа место почнавме да градиме. Затоа денешниот храм има три врати, една главна и две споредни, кои се сместени во крст - раскажува Талески.

Ни откри и една легенда. Пред два века се скарале жителите на Селце и на Арилово. Kога бил празникот селаните на Арилово не дошле да го прослават. Тој ден фатило големо невреме и селото Арилево било однесено од водата.

- Господ ги казнил зашто не дошле на празникот - вели Талески.

Додава дека семејството Проески од почетокот до денес работи на изградбата.

- Паметам, Тоше беше единственото дете на петгодишна возраст кое доаѓаше кај манастирот и помагаше. Секогаш кога ќе стигнеше во Kрушево, првин доаѓаше во манастирот и им помагаше на работниците. Сечеше дрва, носеше камења... Секоја година со него доаѓавме пеш за Божик до ова свето место - вели Талески.

Светлина над манастирот

По заминувањето на Тоше од овој свет, овој храм е утеха за неговото семејство. Најблиските секојдневно доаѓаат да го посетат, да помогнат во работите. Иако по несреќата, со секој вграден камен ја вградуваат и својата тага, тој за нив е светост и аманет што им го остави синот. Заедно со сограѓаните ќе ја исполнат желбата на Тоше. Наскоро манастирот со сета своја раскош ќе му пркоси на крушевското небо.

Поврзаноста на ова семејство со манастирот крушевчани ја раскажуваат како урбана легенда. Дел открива Дора Ристеска, сестрата на Тоше.

- Kога мајка ми Домника имала 17 години, на празникот Преображение на сон ~ се појавил човек во помлади години, покриен со бела наметка. Не можела да му го види лицето, туку само нозете, кои виселе во воздухот. Во еден миг слушнала хор, кој пее „Алелуја“. Песната ја прекинал глас, кој ~ се обратил: „Ти ќе ја видиш светлината, ќе доживееш голема радост, а потоа ќе го почувствуваш и вкусот на големата горчина. Затоа мора да ја изедеш оваа каша со листови од орев.“ Мајка ми се згрозила од кашата само што ја видела. Почнала да јаде и во сонот доживеала преголема горчина од нејзиниот вкус - вели Дора.

По неколку години, кога Домника се омажила за Никола, ја посетиле црквата „Света Богородица“. Kога ја видела иконата на Свето Преображение, здивот ~ застанал.

- Му рекла на татко ми: „Ова е човекот покриен со бела прекривка, што го видов на сон кога бев девојка“. Kога Тоше н` напушти, мајка ми се сети на сонот и во солзи ни рече: „Ете го претскажувањето. Доживеав голема радост, Тоше ни донесе светлина во домот, а отсега веќе животот ќе ми биде горчина. Ја чувствувам истата горчина како кога ја изедов кашата со листови од орев во сонот“ - открива сестрата на музичката легенда..

Мештаните раскажуваат дека чудните и неверојатни нешта продолжиле да се случуваат по несреќата на Тоше.

- Kога го донесовме ковчегот со телото на Тоше, се појавила светлина над манастирот. Ние не ја видовме ниту знаевме за тоа додека не почнаа да ни се јавуваат луѓе од околните места и да н` известуваат. Исто така, по заминувањето на Тоше, на првата прослава на празникот Преображение се појави светлина - открива Славен Ристески, зетот на Тоше.

Сè повеќе гости

Манастирот „Свето Преображение“ се гради 27 години и дури сега го добива својот вистински лик. До несреќата бил изграден до половина со камен, а од половина нагоре со тули зашто немало возила и с` било носено со добиток и со раце.

- Есенва ќе го завршиме вториот дел од иконостасот од мермер. Го тргнавме стариот покрив и направивме нов од бакар. Правиме капија висока шест и пол метри и чешма, а терасата ја удвоивме - вели Ристески.

Трите врати од манастирот се резби работени во дрво од даб и од орев. Освен храмот, изградени се конаци, во кои е и собата на Тоше каде што престојувал кога доаѓал. Во неа е сместено креветчето каде што спиел како дете, неговите книги со духовна содржина, кожениот тросед од неговата соба, икони, крстови и голем број пораки, што обожавателите ги оставаат. Годинава е изградена и нова магерница каде што се подготвува јадењето што се служи.

- Според традицијата, луѓето доаѓаат вечерта пред Преображение, а ние ги служиме со посно јадење. Утредента повторно доаѓаат и им даваме ручек. Првата година по заминувањето на Тоше за вечера послуживме 750 луѓе, а за ручек 900 посетители. Ова е голем празник за жителите на Kрушево, а интересот за манастирот многу повеќе се зголеми поради Тоше - вели Ќушка Илиески, кој работи како волонтер во храмот.

Денеска православните христијани го прославуваат преображението на Христос. Според преданието, за да не ослаби верата на апостолите со неговото страдање и смрт што претстоеле, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе апостолите Петар, Јаков и Јован, и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив. Откако слегле од гората, Исус им заповедал да не зборуваат за тоа што го виделе додека Тој не воскресне.

И на овој празник Тоше Проески нема да биде таму. Крушевчани, верниците во чуда и во легенди, ќе се надеваат дека повторно ќе се појави светлина, со која ќе се надополни урбаната легенда за славниот пејач.

Проески донатори за градбата на храмот

За да помогне при изградбата, Тоше во договорот што го потпишал со својата продуцентската куќа пред несреќата ставил посебна точка во која се нагласува дека секоја година ќе одржува хуманитарен концерт, а парите ќе бидат наменети за манастирот.

- За жал, донациите дојдоа по неговата смрт. За храмот годинава потрошивме 100 илјади евра. Се очекува да дојде уметник-зограф од Русија, кој ќе направи фрескоживопис, кој со подготовка и реализација ќе чини 45 илјади евра. Вкупната сума за внатрешното уредување е околу 120 илјади евра. Покривот чини над 40 илјади евра. Од 2007 до денес во манастирот се вложени над 200 илјади евра. Донациите начесто се обезбедуваат од граѓани, фирми. Вложува и семејството Проески. Татко му на Тоше, Никола Проески, ја финансира вратата во црквата „Света Богородица“ каде што беше роден Тоше и од каде што го испративме - вели Ристески.

Владата на Р. Македонија изгради 4-километарски пат до манастирот. ЕВН го донира осветлението на храмот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B087707B5694A54DB5E16653C43786FB

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 31-Jul-2014 at 15:21
http://whereismacedonia.org/images/heritage/sveto_preobrazenie/sveto-preobrazenie-krusevo.jpg

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 31-Jul-2014 at 15:22
http://whereismacedonia.org/images/heritage/sveto_preobrazenie/sveto-preobrazenie-krusevo_3.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 31-Jul-2014 at 23:07
Конаците ми личат на реновирано школо во некое малку поголемо село.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 01-Aug-2014 at 21:41
Ужасно... изгледa
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Aug-2014 at 14:18

Исполнета уште една желба на Тоше Проески

Иконостасот ќе биде отворен утре кога е и чествувањето на големиот верски празник Свето Преображение..

http://falanga.com.au/sliki/glavna/2014/08/ikonostas1-500.jpg

Местото каде Тоше Проески го наоѓаше својот душевен мир, манастирот „Св. Преображение“ во Крушево ја комплетира својата внатрешност, со што е исполнета уште една желба на нашиот ангел. 

Иконостасот ќе биде отворен утре кога е и чествувањето на големиот верски празник Свето Преображение.

http://falanga.com.au/sliki/vnatresni/2014/08/zelba%20na%20tose.jpg



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 21-Aug-2014 at 23:02
Преубаво видео.

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 22-Aug-2014 at 10:10
http://static.panoramio.com/photos/large/74812965.jpg
http://static.panoramio.com/photos/large/98147454.jpg
http://static.panoramio.com/photos/large/77340371.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.