build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска обиколница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопска обиколница
    Posted: 02-Nov-2007 at 15:27

Скопска обиколница
ОД АПРИЛ ТРАНЗИТНИОТ СООБРАЌАЈ ЌЕ ОДИ ОКОЛУ СКОПЈЕ
Транзитниот сообраќај што моментно се одвива низ центарот на Скопје изнесува 50% од вкупниот превоз во главниот град. Со пренасочување на сообраќајот од центарот на Скопје кон обиколницата, количеството на издувните гасови ќе се намали за 70%

Александар Спасовски

aleksandar@total.com.mk

Низ Македонија минуваат два клучни паневропски транспортни коридора, Коридорот 8 и Коридорот 10, кои се среќаваат во Скопје, формирајќи дел од трансевропската мрежа. Поради ова, нашиот главен град е задушен во сообраќаен метеж.

ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ Со пренасочување на сообраќајот од центарот на Скопје кон автопатот, односно кон обиколницата, нивото на CO 2 во Скопје ќе се намали за 30%, односно за 5 до 7 илјади тони. Количеството испуштени издувни гасови ќе се намали речиси за 70 проценти, а бучавата ќе стивне за 2 децибели дење и 5 ноќе, и од сегашните 60 децибели во станбените зони во Скопје ќе се сведе на 55 децибели, односно 45, што е во рамките на стандардите за бучава во ЕУ. Но, со обиколницата, бучавата и издувните гасови делумно ќе се преселат во станбените зони Вучидол, Кондово и Ѓорче Петров, каде што се заканува опасност преку ноќ да биде и до 45 децибели. Поради ова покрај патот се планира изградба на ѕидови високи до 4 метри за заштита од бучавата. Тоа е цената што мора да ја платиме за заштита на метрополата.

Долгите редици камиони кои се движат низ централното градско подрачје создаваат нервоза и кај возачите, и кај пешаците. Загадувањето е над нормалата, а бучавата е неподнослива. Транзитниот сообраќај што моментно се одвива низ центарот на Скопје изнесува 50% од вкупниот превоз во градот.
Премиерот Никола Груевски минатата недела најави дека Скопската обиколница ќе биде завршена и пуштена во сообраќај најдоцна во април идната година. Скопската обиколница треба да го намали за половина сообраќајниот хаос низ главниот град. Работите ги изведува грчката фирма Терна со логистика од домашни градежници. Северниот дел од обиколницата е готов, а првиот човек на Терна, Александар Алигицакис ветува дека обиколницата ќе биде комплетно завршена во 2008 г. Дотогаш, стрпете се, Скопјани и верувајте им на Алигицакис и на премиерот.

ДВАТА КОРИДОРА
Жителите на главниот град немаат увид како течат работите и до каде е обиколницата што треба да им го реши сообраќајниот хаос. Се зборува дека многу доцни, дека ништо не е направено и дека се работи за виртуелен пат по кој ќе возиме којзнае кога.
“Капитал” реши да го обиколи ова моментално најголемо градилиште во Македонија и да види како се одвиваат работите.
Тргнавме од клучката кај Хиподром. Северниот дел на обиколницата од Хиподром до Оризари е практично готов и може веднаш да биде пуштен во сообраќај. Од мостот кој треба да ја поврзе клучката Хиподром со обиколницата се пружа извонреден поглед на целата северна делница. Работниците на Гранит веќе поставиле банкини по должината на автопатот. Селата се поврзани и главните работи сега се концентрирани на довршување на неколку надвозника и на спојката кај Оризари.

Стара идеја
Идејата за обиколниот пат околу Скопје е стара повеќе од 40 години. За прв пат ваков проект бил предложен уште во 1965 година за време на подготовката на основниот урбанистички план на главниот град, а потребата од обиколен пат е потврдена и со дополнувањата на истиот направени 20 години подоцна.
Првичната траса на патот требаше да започне од клучката Хиподром и да продолжи на север и да се спушти кон југ во близината на Ново Село. Кога жителите на Ново Село дознаа дека во близината на нивните куќи ќе поминува прометен пат, се спортивставија на ваквата иницијатива и бидејќи не беше изработена студија за еколошката оправданост на проектот издејствуваа промена на делницата кон север притоа продолжувајќи ја нејзината должина за 1200 метри.
Неколкумесечен застој на градежните работи, предизвика и незадоволството на населението од Стајковци, каде патот се доближува до самите куќите. Тие со блокади се обидуваа да го спречат понатамошното трасирање на делницата по што следеше интервенција на полицијата, под чиј надзор продолжи понатамошната изградба на патот.
Бидејќи за промена на трасата требаше да се изврши нова експропријација што ќе кошташе 500 илјади евра, а Фондот небеше спремен да ги плати па одлучи да не ја менува трасата.
Најголемиот дел од земјиштето на кое што поминува обиколницата беше во приватна сопственост. Поради тоа од Буџет на Македонија за експропријација беа издвоени средства во висина од 27 милиони евра.

Обиколницата оди под јужните падини на Скопска Црна Гора, покрај селата Стајковци, Смилковци, Брњанци, Кучевишка Бара... Таа претставува 25 километри долг автопат со 4 ленти, широк 27,5 метри и се состои од две делници. Почнува кај клучката Хиподром од каде што се разгранува од автопатот Велес-Скопје, а нејзината северна делница завршува кај Оризари. Западната делница Оризари-Сарај (Кондово) е долга 11,8 километри и претставува континуиран дел на делницата Хиподром-Оризари. Почнува северно од Шуто Оризари, поминува покрај Коњски Рид, кој лежи на југ, и продолжува во близина на гробиштата Бутел, западно поминувајќи покрај клучката Стенковец (која води кон Приштина). Потоа оди покрај реката Лепенец, благо свртува северно, минувајќи преку нивите во атарот Горнопал, од каде што понатаму врти кон југ. Минува низ населбата Вучидол, продолжува јужно низ ридовите и излегува кај Кондово, каде што се поврзува со автопатот Скопје-Тетово. Максимална дозволена брзина на обиколницата ќе биде 120 километри на час.
Откако втората делница ќе се пушти за сообраќај, скопската обиколница ќе стане дел од Коридорот 8 и ќе ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија.
Кај клучката Хиподром ќе се спојуваат двата Коридора, 8 и 10. Инвеститор на овој проект е Фондот за регионални и за магистрални патишта, а парите ги обезбеди Инвестициската банка за обнова и развој, која £ додели кредит на нашата земја со грејс-период од 7, а рок за враќање од 18 години. Вредноста на целата обиколница е околу 135 милиони евра.

ЗЕМЈОПИС
Од селата Стајковци и Смилковци до населбата Бутел сите населби по должина на автопатот имаат пристап до обиколницата преку приклучни патишта. Локалниот сообраќај, пешаците и возачите на мотоцикли и велосипеди ќе го преминуваат автопатот преку неколку надвозници и подвозници. Возењето по обиколницата нема да биде здодевно. Во северната зона патот поминува низ питома рамнина помеѓу селата Стајковци и Смилковци, каде што главно има житни полиња. Како што навлегува кон запад, видикот станува интересен и разнолик. Полињата ги заменуваат лозјата, а во северозападната ридеста зона се отвора убав пејзаж со природна вегетација, ниска шума, грмушки и благи падини. Единствено нарушување на убавиот видик доаѓа од станбените зони во населбата Вучидол. После Вучидол, патот минува преку суви ледини, места обраснати со деградирана субмедитеранска вегетација.
Жителите од околните села веќе ја користат северната делница и комуницираат преку неа. Некои се задоволни, а некое се незадоволни од обиколницата. Нивните барања се движат од реални до потполно апсурдни. Димитар Рајчиќ, кој добил надомест за одземениот дел од нивата, бара државата да му додели друго парче земја со ист квалитет затоа што постоечката нива сега му е поделена на две парцели. Иван Симонов протестира поради цената и вели дека со парите кои државата му ги исплатила за нивата од 1.000 квадратни метри може да купи само 300 квадратни метри на друго место и покажува кон градежниот реон на Скопје. Има и апсурдни барања, селаните од Смилковци велат: Ние сме задоволни. Само ги молиме инженерите малку да ја намалат угорнината на надвозникот кај нашето село бидејќи зиме, кога име снег, тешко се искачуваме со стари автомобили.

Модерен автопат
На првата делница, во должина од 14,7 километри работи македонската градежна компанија „Гранит”, односно нејзиното шестото градилиште во секторот за ниска градба, а Заводот за испитување на материјали го контролира квалитетот на овој дел од Коридорот 8. Работата официјално стартуваше во август 2002 година, а финализирањето на проектот беше предвидено кон крајот на 2005 година но поради познатите проблеми со локалното население и со одредени далноводи кои чекаат да бидат дислоцирани, сеуште еден дел на трасата нее готов.

При изградбата на обиколница посебно се водело сметка да се избегне какво било загадување на почвата и на површинските и подземните води со масла и други нафтени деривати, гуми, цврсти честички од сол и други агенси за одмрзнување во зима кои може да бидат ослободени со површинските води. Се водеше сметка да се спречи нивното истекување во реката или врз земјоделските површини.
Обиколницата, секако, ќе има негативно влијание врз природата во овој дел на Македонија, но делумно ќе го реши проблемот со сообраќајниот хаос и загадувањето во Скопје. Високата жичена ограда ќе спречи мигрирање на животните и ќе им го намали ареалот. Затоа се планира изградба на неколку подвозници и надвозници за животни, односно зелен мост, како во земјите на ЕУ. Дали ќе биде така, ќе видиме веќе наредната година.

Економија
Се очекува обиколницата да донесе многу придобивки на економски план. Особено за оние општини кои се наоѓаат во нејзина непосредна близина.
Од Општина Гази Баба велат дека очекуваат големи придобивки на економски план, особено со изградбата на индустриска зона во близина на обиколницата на површина од 160 хектари, како и со позиционирање на индустриски објекти околу сервисните патишта кои би требало да гравитираат околу обиколницата.
Тоа, според Сашо Трајков од канцеларијата за односи со јавноста на општина Гази Баба, би влијаело на социоекономските перспективи на жителите околу обиколницата, а основен предуслов за тоа да стане реалност е изградбата на сервисни патишта околу самиот заобиколен пат, како и изнаоѓање на средства за експропријација на земјиштето на кое би се граделе тие сервисни улици.

„Со изградбата на Обиколницата се појавија низа проблеми, претежно од имотно – правен карактер. На голем дел од земјиштето на кое што поминува трасата, особено од првата фаза на обиколницата, не беше извршена целосна експропријација. Посебен акцент ставивме на решавањето на овие проблеми во текот на 2004, 2005 и 2006 година за да ги отклониме главните пречки за градба на трасата. Во моментов остана мал број на нерешени предмети за кои водиме преговори со засегнатите странки и во најкус можен рок очекуваме нивна завршница. Проблем имаме и со далноводите кои одат од Скопје до Куманово и Тетово бидејќи се уште не е извршено нивно дислоцирање” – изјави за „Капитал” Наташа Валкановска, Директор на Фондот за магистрални и регионални патишта.
“Терна” моментално го трасира патот низ ридскиот терен. “Нашата компанија работи според планот и проектот ќе биде готов во предвидениот рок” – наведува во својата изјава за “Капитал”, Александар Алигицакис, директор за деловен развој на „Терна”.
Ископани се 3 милиони кубни метри земја, на оваа делница ќе има 3 големи објекти, вијадукти, на кои работи оперативата на Бетон. Нивната вредност покрива околу 40% од вкупната вредност на втората делница или сума од околу 20 милиони евра. Од сите три, најголем вијадукт ќе биде оној кај Орман, со должина од 630 метри и најголема висина на столбовите од 19 метри. Малку помал ќе биде вијадуктот кај Кондово кој ќе се протега на должина од 435 метри, а оној кај Волково ќе ја достигне должината од 368 метри. Најголемата висина на столбовите на овие два објекти ќе изнесува 12 метри. Покрај вијадуктите предвидени се и уште дестина други помошни објекти како натпатници и потпатници.
Вкупната вредност на втората делница според податоците од Фондот за магистрални и регионални патишта изнесува 48.8 милиони евра. Дел од овие средства, поточно 28% се обезбедени со кредит од ЕИБ, додека 72% со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
И покрај тоа што Обиколницата се гради како клсичен автопат, за поминувањето по Обиколницата нема да се наплаќа патарина. Системот за одводнување на повшинските води ќе биде решен со поставување на цевки. Собирањето на водата ќе се врши преку сливници на патот и странични каналети. Осветлувањето ќе биде стандардно, слично со оние на претходно изградените патишта.
Се предвидува фрекфенцијата на автопатот да биде од 9000 до 20000 возила дневно.

 
Извор: Капитал
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Nov-2007 at 17:54


Неколку забелешки

- Коридорот 10 не поминувал, ниту ќе поминува  низ Скопје. Тој оди директно Куманово - Велес (преку Миладиновци и Петровец). Аналогно на ова, новинарот погрешно го лоцирал и местото на вкрстување - не е кај клучката Хиподром. Обиколницата ниту има делови ниту вкрстувања со коридорот 10.

- Апсолутно нереално звучат тврдењата за обемот на транзитен сообраќај и уште повеќе за намалувањето на издувните гасови. 70% намалување на издувните гасови е научна фантастика и неодговорно тврдење. Исто така ме чуди онаа збунка со CO2... Зарем CO2 не е издувен гас???

- Ме зачуди бројката од 135 милиони евра. Прв пат ја слушам оваа бројка.


Edited by Cloverstack - 02-Nov-2007 at 17:55
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Nov-2007 at 21:52
Клучката Хиподром не е директно поврзана со кордиор 10 меѓутоа има краци за приклучок до неа и од неа. Тоа се оние кога се враќаш од Велес за Скопје и од Скопје за Велес. Тоа се краците Рампа 1 и Главна траса, додека за Куманово и од Куманово се нарекуваат Рампа 2 и Рампа 3. Значи како клучка ти дозволува приклучок и кон Коридор 10.
А инаку за парите не е чудо, бидејќи јас колку што знам Гранит (додека јас работев таму) се спремаше да достави тужба до државата за плаќање на пенали поради застој на работите.

Поздрав.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Nov-2007 at 22:04
Originally posted by AKADEMIK

Клучката Хиподром не е директно поврзана со кордиор 10 меѓутоа има краци за приклучок до неа и од неа. Тоа се оние кога се враќаш од Велес за Скопје и од Скопје за Велес. Тоа се краците Рампа 1 и Главна траса, додека за Куманово и од Куманово се нарекуваат Рампа 2 и Рампа 3. Значи како клучка ти дозволува приклучок и кон Коридор 10.
А инаку за парите не е чудо, бидејќи јас колку што знам Гранит (додека јас работев таму) се спремаше да достави тужба до државата за плаќање на пенали поради застој на работите.

Поздрав.



Да, се разбира дека е поврзана, тоа се делниците Хиподром-Миладиновци и Хиподром-Петровец. Јас го побивав тврдењето дека кај Хиподром се спојуваат двата коридори. Всушност двата коридори се спојуваат на делницата Миладиновци-Куманово (таа е заедничка делница).

Чисто неповрзано инфо: во иднина, прклопувањето би требало да биде и пократко, зашто планираниот автопат по коридорот 8 треба да се гради по нова траса јужно од Куманово (претпоставувам ќе има клучка некаде во близина на Романовце)


Иначе за цената воопшто немав помислено на тој аспект од работата.


Edited by Cloverstack - 03-Nov-2007 at 22:05
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Nov-2007 at 22:17
За нов автопат кај Куманово првпат слушам од тебе, стварно не знам, ќе се распрашам.
Јас знам дека државата интезивно работи на експопријација на земјиштето од Табановце до Куманово (она парче од 4-5 км што се како слепо црево).
Е сега тоа интезивно беше пред 3-4 месеца кога мислам дека комисиите за проценка излегоа на терен. После тоа немам информација што се случува.
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Nov-2007 at 22:22
А за новинарот што напишал, воопшто и не чуди.
Технички гледано има напишано дека работниците на Гранит имаат поставено банкини. Банкина не се поставува, туку таа се уградува, таа е дел од планумот на патот, честопати, да не кажам секогаш се мисли на заштитната ограда што се поставува во појасот на банкината.А што станува со истата ограда што ја има долж целата траса и на двете страни во зелениот појас?
Таа ќе ја крсти банкина во средина, нема логика.
Али јеби га тоа се новинари, се разбираат во се.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Nov-2007 at 22:26
Originally posted by AKADEMIK

За нов автопат кај Куманово првпат слушам од тебе, стварно не знам, ќе се распрашам.
Јас знам дека државата интезивно работи на експопријација на земјиштето од Табановце до Куманово (она парче од 4-5 км што се како слепо црево).
Е сега тоа интезивно беше пред 3-4 месеца кога мислам дека комисиите за проценка излегоа на терен. После тоа немам информација што се случува.



Најверојатно нема да биде ништо во догледна иднина со автопатот што го спомнав. Само сакав да кажам дека коридорот 8 не се поклопува целосно со стариот пат кон Бугарија, така да кога ќе му дојде ред да се гради, ќе поминува јужно од Куманово, а не по постоечката траса. Барем така е планирано... Со тоа и заедничката делницата на која двата коридори се преклопуваат ќе биде пократка, а и коридорот 8 ќе биде пократок за неколку километри.
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Nov-2007 at 22:38
аааааа да, имаш право. Да да трасата е сосема нова, јас се префрлив на друго. Само искрено не верувам да се прави во скоро време. Од Скопје до Куманово и до пола пат накај Паланка се исплати, рамничарски предел ама после тоа, пред Паланка и низ Паланка до Бугарија е убиство. Требаат 15 мостови и 10 тунела (не се сеќавам колку точно беа), па да видам кој ќе финансира автопат од 30 км кој ќе чини добри 70-100 милиони евра. Јас мислам дека тој коридор како и пругата ќе останат да чмаат уште долго време.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Nov-2007 at 22:42
 
со моменталната фреквенција на сообраќај натака и да ги имаме парите, не се исплати автопат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Nov-2007 at 22:48
Originally posted by AKADEMIK

аааааа да, имаш право. Да да трасата е сосема нова, јас се префрлив на друго. Само искрено не верувам да се прави во скоро време. Од Скопје до Куманово и до пола пат накај Паланка се исплати, рамничарски предел ама после тоа, пред Паланка и низ Паланка до Бугарија е убиство. Требаат 15 мостови и 10 тунела (не се сеќавам колку точно беа), па да видам кој ќе финансира автопат од 30 км кој ќе чини добри 70-100 милиони евра. Јас мислам дека тој коридор како и пругата ќе останат да чмаат уште долго време.


Да, таму ќе биде ужасно скапо да се гради... Ако се земе во предвид колку ќе чини Д.Капија-Смоквица, твојата проценка е веројатно и премногу скромна...
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22

Ама кога конечно некогаш ќе се изгради, сигурно ќе биде право задоволство човек да се вози по него.

Гледам дека си доста информиран, па да не знаеш случајно колку треба да биде долг најголемиот тунел (барем отприлика)


Originally posted by pbanks

со моменталната фреквенција на сообраќај натака и да ги имаме парите, не се исплати автопат.


Тоа да, ама за пругата сум убеден дека треба да запнеме и како знаеме и умееме да ја изградиме што побргу.
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Nov-2007 at 23:22
Имаш право дека испаднав и премногу скромен со цената во однос на проектот. Инаку не знам коклу изнесува најголемиот тунел, колку што јас знам, ама ќе прашам, дека во суштина и не постои усвоена варијанта на трасата од пред влезот на Паланка па до крај. Има неколку варијанти, па дури и да се прошири само постоечкиот пат до Деве Баир. Ама стварно не сум сигурен, а за тунелот ќе ги прашам проектантите во догледно време.
Теренот е ужасен, буквално е тунел,мост,тунел,мост.
Исто така и од Кичево до Охрид е гадно и многу скапо. Мене колку што ми проаѓа некоја цифра низ глава е дека вкупниот Коридор 8 кај нас треба да чини приближно 1 милијарда евра.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Nov-2007 at 23:34
Originally posted by AKADEMIK


Теренот е ужасен, буквално е тунел,мост,тунел,мост.


Ужасен терен = Спектакуларен автопат Big%20smile


Еднаш одамна имав прилика да се возам по италјанските А7 и А10, и францускиот А8. Тие автопати се туристичка атракција сами по себе... Big%20smile



Туку ние забегавме на оваа тема. Ако продолжуваме да збориме општо за патиштата во Македонија, да се префрлиме во темата „Патна Мрежа“




Edited by Cloverstack - 04-Nov-2007 at 04:15
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Nov-2007 at 23:49
Имаш право, избегавме од насловот на форумот.
Затоа ќе ви кажам нешто во врска со екологијата на Обиколката на град Скопје. Нешто во врска со новинарската колумна, каде што пишува дека има мостови и такви зезанции за заштита на екологијата. Тоа се случи првпат кога ни дојде инспекција од ЕУ за изградбата на патот, до кај сме, што сме. Станува збор за езерото кај Смиљковци (кој одел по риба го знае).
Таму има многу жаби кои во текот на годината се движат на поголемо подрачје околу езерото. Е сега ние веќе имавме уградено два слоја асфалт на автопатот, што значи дека автопатот е 90 % готов на тоа подрачје, фали само завршен слој. Откако дојде типот, го разгледа теренот и одлучи дека жабите мора да се движат под автопатот, но не и по него, па затоа на така добро спремен асвалт, поточно цел труп на пат, бевме натерани да ископаме 2 пропуста, да уградиме цефки и повторно да го санираме патот.
Бидејќи косината на патот е 1:1 дојде до заклучок дека треба да ја исечеме косината од нивото на теренот и да поставиме бетонски елементи во облик на буква L се со цел жабите да не можат да се качат на асфалтот . Колку за илустрација, колку странците се посветени на екологијата, ова чинеше вкупно 700 000 евра. И затоа некогаш кога ќе ве наведе пат накај Смилковци, симнете се од кола и одите до косината на патот да видите како сето тоа изгледа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Nov-2007 at 00:02

интересна информација, дефинитивно ова ќе одам да го погледнам. На новите автопатишта во Хрватска имам видено еден тон премини за мечки и сличен крупен дивеч, но првпат слушам за премин за жаби
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Nov-2007 at 00:04
@ Akademik

Не сум риболовец, ама имам направено опсежна репортажа за обиколницата, така да ми текна за кој дел збориш.

Еве две постари фотки од таму. На првата се гледа езерото, а на втората добро се гледаат токму бетонските елементи и еден од од пропустите кои ги спомна.






Инаку наскоро очекувајте да ја постирам репортажата и многу материјали во врска со обиколницава... Само да дојдам до малце слободно време... Big%20smile
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Nov-2007 at 00:20
Браво шефе. Алал да ти е. Треба и јас да појдам некој ден да испосликам се што и каде сум работел.
Инаку за сликата 2 (долната) не се гледаат баш пропустите. Ова што се гледа не е пропустот за што зборев него се одливи за вода од асфалтот. Ги има на секој втор профил или на секои 40 или 50 метра и од едната и од другата страна, односно каде има попречен пад од 2,5%.

П.С. На овие делови од Обиколката јас учествував во изградбата и стварно ме изненади. Фала ти многу. Фантастично ме врати назад. Прекрасни времиња проживеав таму. Супер.
П.П.С. Дечки, ако сте расположени, можеме некој ден да отидеме до таму и кој кого што го интересира да продискутираме за целиот објект, поточно за првата делница. (ХИПОДРОМ-ОРИЗАРИ)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Nov-2007 at 00:22

јас сум дефинитивно за но веројатно опцијата би била викенд, бидејќи преку недела работам а сега рано се стемнува па нема да стигнеме

таман ќе се изнасликаме се

Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Nov-2007 at 00:28
И мене ми одговара викенд. Од моја страна нема проблем. Договорено е за викенд. Ќе бидеме во контакт. Можете да ми пишете на akademik@freemail.com.mk или дајте ми ваши мејлови или телефони.
П.С. Каде работиш ако не е тајна? Во градежна фирма или...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Nov-2007 at 00:32

не компјутерџија сум. Но ме интересираат овие теми

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Nov-2007 at 00:34
Originally posted by pbanks

На новите автопатишта во Хрватска имам видено еден тон премини за мечки и сличен крупен дивеч, но првпат слушам за премин за жаби



Да де - „зелени мостови“. Автопатите низ дивина навистина ги ограничуваат ареалите на голем број животни. Ама на такви автопати:
-најчесто има многу помалце пропратни објекти кои дозволуваат миграција
-ареалите на покрупните животни се наоѓаат од двете страни на автопатот

Ама бидејќи ова е обиколница, па од страната на Скопје ниту има, ниту ни треба крупен дивеч, мислам дека бројните надвозници, подвозници и пропусти се доволни за останатите животни...

Само ме чуди зошто нема зелени мостови по останатите македонски автопатишта... Навистина немало потреба од таква работа или едноставно не се обрнувало внимание на такви „ситници“?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.