build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска обиколница [A2/A4]

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cresevo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cresevo Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 23-Jul-2009 at 11:52
Originally posted by Cloverstack

Иди на обиколница и види колку време ќе ти треба да начекаш вакви ситуации, па после ќе збориме за сообраќајот Big%20smile
Додуша веројатно во лошо време бев, ако отиде човек дур е раздвижен градов би требало полесно да начека „полни“ кадри.

Инаку не, на втората делница осветлувањето не е пуштено.


Поправка од вчера е пуштено осветлувањето
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 24-Jul-2009 at 21:43
Откако во изминатиов период ја извозев обиколницата неколку пати, решив да направам листа на се она што го видов, слично како пбанкс:

1. Пешаци на лентата за застанување - еднаш
2. Претрчувачи - еднаш
3. Велосипедисти - повеќе пати
4. Расфрлано ѓубре по коловоз во близина на Шутка - еднаш
5. Запрежна кола!!!!! - еднаш
6. Трактор - два пати (вклучувајќи го оној од клипот на денот на отварањето)
7. Кучиња скитници на коловоз - повеќе пати
8. Прегазени животни на коловозот - премногу пати (особено на делот помеѓу клучките Оризари и Бутел)
9. Две девојки кај Стајковци што шетаа куче (не знам дали се работи за истото куче што го видел пбанкс, или станало „мода“ кучињата да се шетаат по автопат, па оваа појава се проширила)
10. Графити на повеќе патокази, особено на западниот сегмент
11. Рекламни налепници за "Franck" кафе и некоја друга која не можев да видам за што е, залепени на повеќе знаци и патокази, исто така на западниот дел од обиколницата

Bash Bash Bash Bash Bash




Originally posted by Cresevo


Originally posted by Cloverstack


Инаку не, на втората делница осветлувањето не е пуштено.


Поправка од вчера е пуштено осветлувањето

Синоќа поминав, пуштено е, ама... пола не работи. И тоа сосема рандом - некаде не работи по една светилка, некаде не работат групи од по 3-4 светилки, а некаде е тотална темница на сегменти од по неколку стотини метри.

Ohno


Edited by Cloverstack - 24-Jul-2009 at 22:01
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 31-Jul-2009 at 15:56
Од планот за спротско-рекреативен центар Гази Баба... зацртана е уште една клучка овде:   42° 1'56.87"N  21°29'8.38"E

Моменталниот надвозник е широк 7m, а според плановиве, наводно планираат надвозник широк 25m, со булевар 2х2, велосипедски патеки и широки тротоари. Не ми е јасно што ќе поврзува оваа силна сообраќајница од другата страна...

За клучкава со време верувам ќе се роди потреба, бидејќи според ГУП-от, на делот од внатрешната страна на обиколницата треба доста да се гради. Ама профилот на сообраќајницата навистина не го разбирам.


1



2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 31-Jul-2009 at 19:00
Оваа клучка очигледно е убацена во ГУП-от со последната измена или онаа пред нејзе, пошто онаа постарата верзија која ја имаме во себе не ја содржи оваа клучка, односно ја содржи но во помала верзија. А и она што е на терен е сосема различно ода ова што го гледаме сега во плановите. Прилично амбициозно, но ваква клучка на тоа место неможам да замислам каква функција би имала во некое долгледно време од пар децении со оглед на тоа што се работи за бришан простор од двете страни на обиколницата моментално во околината на оваа клучка. А од друга страна пак зашто со измената на урнабистичкиот план, зашто не се сменил тековно и проектот за обиклоницата па да изгради ваков надвозник, или па може би веќе надвозникот бил изграден?! Малку мутна ситуација, конфузна.

Edited by lslcrew - 31-Jul-2009 at 19:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 12-Aug-2009 at 23:51

Проблеми на неразвозената обиколница

На делницата што ја градеше „Терна“ дошло до слегнување на насипот кај Стопански Двор

Билјана Ангеловска

Неколку месеци откако беше пуштена во сообраќај, на делницата од Оризари до Сарај од обиколницата на Скопје се јави проблем. На делот од автопатот околу главниот град, што го градеше грчката фирма "Терна", дојде до слегнување на насипот кај Стопански Двор. Проблемот се појавил пред повеќе од половина година, што значи само по четири месеци откако овој дел од обиколницата официјално беше предаден во употреба.

Иако, за среќа, нема никакви поголеми последици за учесниците во сообраќајот, бидејќи недостатокот бил забележан навреме, сепак, неоспорен е фактот дека толку голем и важен проект доживеа непријатност многу брзо откако профункционира.

Како што дознава „Утрински весник“, без поголема врева веднаш е интервенирано, така што санацијата веќе е при крај. Наспроти обидите да се минимизира случајот, настојувањето да се убеди јавноста дека аномалиите се појавиле во гарантниот рок и без пречки ќе се санираат, како и одбивањето отворено да се говори за тоа, внесуваат сомнежи околу сериозноста на проблемот.

Некои градежни работници неофицијално велат дека проблемот настанал поради лошо извршеното фундирање, но дека главна причина најверојатно е фактот што не се оставени специјални отвори во ѕидот, таканаречени барбакани, низ кои би истекувала водата. Поради ваквиот пропуст, бидејќи нема каде да истекува, водата што се слева кон насипот врши притисок врз ѕидот, поради што дошло до слегнување на насипот.

Наспроти тоа, други стручни лица тврдат дека воопшто не може да се зборува за нечиј пропуст или вина за настанатиот проблем. Според нив, станува збор за вода што доаѓа од горниот дел и се слева во рамнината кај потпорниот ѕид. Бидејќи, како што објаснуваат експертите, темелењето е правено на цврст камен материјал (лапор), не е можно точно да се предвиди од каде и во колкава количина ќе дојде водата, бидејќи се' до пробивањето на трасата воопшто и ја немало на тоа место. Набрзо по предавањето во употреба на обиколницата се забележани пропаѓање на коловозот на една страна и појава на одредени деформации, по што веднаш е интервенирано. Нашите соговорници велат дека населението од околните места, најверојатно, ја пренасочило водата за наводнување на своите обработливи површини, па така таа сега се слева кон трасата и прави проблеми. Поради тоа, направена е длабока дренажа покрај ѕидот што ќе ја прифати водата.

„На насипот не се направени барбакани, бидејќи такво нешто не предвидел проектот, а доколку и би постоеле, можеби би направиле поголеми проблеми. Во случајов, објективно нема проблеми, се' е во гарантниот рок, така што 'Терна' ќе го реши проблемот“, изјави Димитар Тасевски од Агенцијата за државни патишта.

Проблемот што се јави на обиколницата на Скопје, колку и да е мал или да претставува нормална појава во тек на гарантниот рок на еден објект, сепак, остава непријатен впечаток дека работата можеби не била доволно квалитетно сработена.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=89B5DE724C0C784489CBD89E1DFE09BD
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 13-Aug-2009 at 00:17
зошто проектите што ги чекавме најдолго испаднаа утки, вакви работи треба да се предвидат уште кога се испитува теренот, без разлика дали имало или немало вода
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 13-Aug-2009 at 19:57
Originally posted by zabegan

зошто проектите што ги чекавме најдолго испаднаа утки, вакви работи треба да се предвидат уште кога се испитува теренот, без разлика дали имало или немало вода


aaaand Welcome to Macedonia!!!CrazyCrazy
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 17-Aug-2009 at 16:14
Сакав да прашам дали некој ја видел обиколницата ообележана  во некоја карта/мапа од регионов, бидејќи скоро купував автокарти и ја нема никаде обелажано, дури ни на интернет.....
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 17-Aug-2009 at 16:22
Тримакс редовно ги следи промените во транспортните мрежи и на една нивна мапа која ја купив додека сеушпте траеше изградбата, значи сеуште незавршена ја имаше вметнато обиколницата со профил на автопат но со испрекинати линии!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 24-Nov-2009 at 16:36
Сега ќе почнат да не убедуваат и дека ова е нормална работа... Ohno

Ќе се прави нов проект за патарина на обиколницата

Во проектот за изградба на обиколницата околу Скопје не беше предвидена патарина, а сега Агенцијата за државни патишта најавува промена на проектот и вметнување на патарина

Државата на идниот концесионер на скопската обиколница ќе му дозволи да постави наплатна рампа, иако според проектот изработен од "Гранит" по кој е градена оваа делница, никаде не е предвидено место за наплата на патна такса. Агенцијата за државни патишта за да ја реализира оваа идеја, подготвена е да го промени постојниот проект и да изготви нов со наплатна рампа. 
Промената на проектот, вчера за "Вест", ја потврди Наташа Валкановска, директорка на Агенцијата за државни патишта. Валкановска вели дека е можно да се прави нов проект за обиколницата, но прво ќе се чека исходот од тендерот за издавање на патиштата под концесија.
"Одлуката не е дефинитивна. Ќе зависи од тендерот и од тоа дали е избран концесионер. Патарина на обиколница не е непозната работа. Ги има и на обиколниците во други земји и тоа на влез и на излез", вели Валкановска.
Сообраќајни експерти, пак, објаснуваат дека обиколниците околу големите градови се градат за да им се олесни на возачите побрзо и полесно да стигнат од едно до друго место и дека ваквите делници неблагодарно е да се даваат на концесионери и да се наплаќа патарина.
Поставувањето на патарината на скопската обиколница го најави министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески пред две недели. Тогаш Јанакиески рече дека возењето по оваа делница ќе биде бесплатно само уште една година, оти од 2011 концесионерот, компанијата што ќе ја стопанисува, преку наплата на патарина ќе заработува од неа.
Целиот проект за обиколницата инвеститорот - Агенцијата за државни патишта го чинеше над 85 милиони евра. Дел од овие пари или 28 отсто беа обезбедени со кредит од ЕИБ, а 72 отсто со заем од ЕБРД. Експропријацијата на земјиштето и надзорот на изградбата беа платени со пари од Буџетот.



http://www.vest.com.mk/?ItemID=C000D4F7921C0043879BFCEE155C2FA5
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 26-Nov-2009 at 21:00


Па всушност да, нормална работа е, ама не на обиколници каде што сообраќајот е мизерен, за сметка на транзитот кој во голема мерка се уште оди низ град. Исто така не е нормална работа на обиколница која очигледно е планирана за масовно користење од страна на локалниот сообраќај од местата покрај обиколницата, кои немаат алтернативен пат по таа оска.

Патарина на обиколницата би била огромна грешка и од сообраќаен аспект, но и од финансиски. Која е сметката? Колкав ќе биде ефектот на вложените 130 милиони евра, ако се дозволи вака грубо да се нарушува практичноста и искористеноста на обиколницата?

Од готово, вересија... Се надевам ќе се свестат на време и ќе го избегнеме ова сценарио.


Edited by Cloverstack - 26-Nov-2009 at 21:01
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 12-Dec-2009 at 00:31
Ајде со среќа нека ни е,на обиколницата 100% ќе има патарини,сега го слушав премиерот кај Јанко.
Обајсни дека тоа му го препорачала консултантската куќа што ја ангажираа за автопатите под концесија.
Сега ни останув да се молиме да не се пријави ни една компанија.Bash
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 25-Jan-2010 at 10:44
Ако има патарини, и нема контрол на влезови/излези во Скопје - џабе е целиот проект Скопска Обиколница. Како ли не им е јасно сето ова?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 04-Feb-2010 at 20:45
Во денешниов луд ден, да не пропуштиме да ја забележиме оваа многу важна вест. Да се надеваме дека ќе преовлада разумот и дека барањево ќе биде  прифатено.

БАРАЊЕ НА ГРАДОТ

Обиколницата без патарини

"Ако обиколницата се даде под концесија, па возачите да треба да пла­ќа­ат за користење на патот, сите возила од неа ќе се префрлат на скоп­ски­те улици и ќе го зголемат сообраќајниот метеж", велат со­вет­ни­ци­те

На скопската обиколница нема да се плаќа патарина. Доколку Владата од­лу­чи да не ја даде под концесија оваа сообраќајница, и наредните години ќе остане бесплатна за возачите. Да не се дава под закуп побараа град­ски­те советници на последната седница на Совет. Тоа значи дека наместо при­ват­на фирма, во иднина Градот ќе се грижи за одржување на патот.
Нив­но­то барање уследи откако пред два месеца државата најави дека кон­це­си­о­не­ри ќе стопанисуваат со два пакета патишта во Македонија , од кои во едниот влегува и скопската обиколница.
Ако таа се даде под концесија и на неа се постави наплатна рампа за па­та­ри­на, според мислењето на мнозинството членови во Советот, возилата кои сега поминуваат таму, ќе се пренасочат низ улиците во Градот, со што, ве­лат тие, ќе се зголеми и онака големиот сообраќаен метеж.
"Ин­сис­ти­ра­ме обиколницата да се исклучи од јавниот тендер кој Ми­нис­терс­тво­то за транспорт и врски го распиша за избор на фирма која ќе сто­па­ни­су­ва со обиколницата. Ако и на неа се изградат наплатни рампи, тогаш, ве­ру­вај­те, ниту едно возило повеќе нема да има на неа. А тоа за Скопје зна­е­те дека значи општ хаос низ улиците", му се обратија на гра­до­на­чал­ни­кот Коце Трајановски советниците, кој го подрржа нивното барање и нај­а­ви дека ќе поведе таква иницијатива до Министерството.
Од Министерството за транспорт и врски не добивме одговор дали ќе го при­фа­тат барањето ан Градот обиколницата да не се даде под концесија.
Спо­ред владините најави, по скопската обиколница, која транзитира од Пет­ро­вец до Кондово, ќе се вози бесплатно уште годинава, односно в ­го­ди­на фирмата која ќе биде избрана на тендерот ќе постави наплатен пункт. Сумата која возачите ќе треба да ја плаќаат за користење на оби­кол­ни­ца­та ќе ја утврди државата, според досегашната формула за пла­ќа­ње патна такса.
Кон­це­си­ја­та ќе се доделува за период од 35 години. (М.Ѓ.)

http://vest.com.mk/?ItemID=16F547C8C766ED438117682C78380C75


Edited by Cloverstack - 04-Feb-2010 at 20:46
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 03-Jul-2010 at 19:33
Вијадукт кај Волково...
(42° 2'56.98"N 21°20'15.10"E)

01.


02.


03.



Edited by lslcrew - 03-Jul-2010 at 19:34
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 24-Sep-2010 at 11:33

Обиколницата почна да попушта

Делницата што ја градеше „Терна“ на влезот од Сарај во Скопје веќе неколку дена се реконструира

Сања Наумовска


Обиколницата кај скопското село Стопански Двор веќе неколку дена целосно се реконструира. Две години по пуштањето во употреба на автопатот, се свлече асфалтот на делница во должина од 150 метри. Овој дел од обиколницата го градеше грчката фирма „Терна“, која деновиве со своите подизведувачи беше ангажирана за поправка на оштетениот дел. Во текот на изминатите четири дена асфалтот на коловозот целосно беше изгребан, а три градежни фирми поставуваа нов слој и ги преуредуваа шахтите. Заради реконструкцијата, затворени се одредени делови од обиколницата, а сообраќајот го регулираат полициски патроли.

И вчера се поставуваше асфалт. Градежните работници не сакаа да коментираат каков дефект поправаат, а за изјави упатуваа на шефовите, кои, пак, не беа присутни на градилиштето. Според работниците, ќе се работи најдоцна до утре кога се очекува целосно нормализирање на сообраќајот.

Од Агенцијата за државни патишта, пак, информираат дека се работи за мал зафат што бил предизвикан од пропаѓање (свлекување) на земјиштето. Сепак, не појаснуваат од кои причини се случило поместувањето, односно дали се работи за пропусти во подготвителните работи при испитувањето на теренот или можеби за неквалитетна изградба. Не добивме одговор ниту на прашањето колкава е штетата направена само две години по пуштањето во употреба на автопатот, по кој е евидентно дека интензитетот на сообраќај ни оддалеку не е таков каков што би се очекувал на обиколен пат за главен град.

„Моментално се работи на санација на мал потег, во должина од околу 150 метри. Станува збор за слегнување на земјиштето. Веднаш се преземени мерки за санација, а сега се асфалтира. Бидејќи трасата е се' уште во гарантен период, работите на терен ги изведува градежната компанија ’Терна“, која беше изведувач на оваа фаза од обиколницата“, велат во Агенцијата за државни патишта.

Коментар за тоа каде треба да се бара одговорноста за пропаѓањето на патот само две години од пуштањето во употреба, вчера не добивме ниту од Градежниот институт „Македонија“, задолжен за надзор на изградбата на обиколницата на делот што го градеше „Терна“.

Бранко Стефановски, главен надзор на втората фаза од изградбата на автопатот, смета дека новинарите не биле подготвени за дискусија, бидејќи делницата каде што е оштетувањето ја нарекувале мост, односно надвозник, а тоа, всушност, бил насип меѓу два потпорни ѕида. Тој не сакаше стручно да ја објасни разликата. Не сакаше да каже ни дали фактот дека се работи за насип треба да биде оправдување за реконструктивниот зафат што е во тек, а уште помалку да прокоментира евентуален пропуст токму на надзорниот орган.

Дека надлежните ќе мора да одговорат која е причината и кој е виновникот за настанатиот проблем, е повеќе од јасно. Дотолку повеќе што ова е втор пат да се интервенира на истото место. И лани во август дојде до слегнување на насипот кај Стопански Двор. Проблемот бил евидентиран само четири месеци откако официјално беше пуштена во употреба делницата што ја градеше „Терна“. И тогаш како и сега се јави ист проблем, кој надлежните се обидоа да го минимизираат. Некои градежници тогаш објаснуваа дека проблемот настанал поради лошо извршеното фундирање и дека не се оставени специјални отвори во ѕидот, барбакани низ кои би истекувала водата.

Лани во август од Агенцијата за државни патишта ни беше објаснето дека на насипот не биле направени барбакани, бидејќи такво нешто не предвидел проектот, но доколку и би постоеле, можеби би направиле поголеми проблеми. Во Агенцијата сметаа дека објективно нема проблеми, бидејќи се' е во гарантниот рок, така што „Терна“ ќе го реши проблемот! Но, како што се покажа, проблемот се повторува.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A24DFE8A2F17AF4EA79C0A4F72151D49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 11-Oct-2010 at 02:53

Ми промакнала веста

Не е точно дека проблемот е од август лани, а за тоа доказ е долниот цитат кој е пост од јуни минатата година.

Ваљда овој пат потемелно ќе пристапат кон решавање на проблемот отколку тогаш...

Originally posted by Cloverstack

Обиколницата е пуштена за сообраќај, но за жал сеуште се работи на бројни локации Roll%20eyes

Највеќе ми избоде очи ова: пред да го снимам клипов, на одење накај Ѓорче кај Стопански Двор, на другата страна забележав беа затворени две ленти, се работеше нешто покрупно... После видов дека цел тој дел е изразито вдлабнат и дека ставале нов асфалт, но сепак не е решен проблемот - вдлабнатината останува прилично длабока и непријатна. Дури и на клипов се приметува (0:50), иако поминав по третата лента. Овој сегмент верувам знаете го градеше Терна.

Инаку кај Стенковец не се тргнати ни старите привремени знаци од времето кога другиот сегмент не беше отворен. Македонски јавашлук  Wallbash

Еве го клипот. Сообраќајот е мизерен, веројатно ќе треба недела-две за да живне работата.



Северна обиколница Скопје

Skopje Northern Bypass
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 11-Oct-2010 at 22:15
Морам да забележам дека и од видеоата а и од единствениот пат кога возев по обиколницата (јуни годинава)се приметува дека нема скоро воопшто сообраќај, особено е очигледно дека камионите сеуште возат низ скопје. Не знам зошто овој проблем уште не решен, односно зошто обиколницата не се користи почесто.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 12-Oct-2010 at 07:25
Па кога наместо полиција ќе казнува тешки товарни возила кои одат транзит, а влегуваат низ Скопје, намести некој кој возел со 70 км/час или немал светла верувам дека поинаку ќе биде.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 12-Oct-2010 at 10:07
Абе сакаат луѓето да си прошетаат низ град.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.283 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.