build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска обиколница [A2/A4]

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 14-Oct-2010 at 03:37
Originally posted by mirakuliks

Морам да забележам дека и од видеоата а и од единствениот пат кога возев по обиколницата (јуни годинава)се приметува дека нема скоро воопшто сообраќај, особено е очигледно дека камионите сеуште возат низ скопје. Не знам зошто овој проблем уште не решен, односно зошто обиколницата не се користи почесто.


Sega koga ke napravat patarina na obikolnicata uste poveke ke ja izbegnuvaat, treba da se kaznuvaat kamionite i avtobusite koj ne idat vo Skopje i samo go zagushuvaat gradot so ne potreben saobrakjaj.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 03-Jan-2011 at 15:26

Обиколницата брза и празна инвестиција


Евидентно е дека таа е недоволно искористена, а транзитниот сообраќај остана да се одвива низ градските улици и булевари. Стручната јавност вели дека во брзање да се искористат парите дадени од европските тела се направило брзоплето решение, кое покажува дека е погрешно

 
 
%20  

Обиколницата околу главниот град стана заборавена инвестиција за која беа потрошени околу 150 милиони евра. Пари што беа обезбедени од европските фондови наменети за инфраструктура, од државниот буџет, како и преку кредити од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Целта да го преземе сообраќајот од градот и да го префрли од населбите и центарот кон периферијата остана само прогноза без значаен ефект и по година и пол од изградбата. Евидентно е дека таа е недоволно искористена, а транзитниот сообраќај остана да се одвива низ градските улици и булевари. Нашето истражување покажа дека за еден час преку обиколницата, кај клучката во Волково, во работен ден, поминуваат од 30 до 100 автомобили, што за вакво автопатско решение е премалку. Во вечерните часови овие бројки се многу помали.

Од Агенцијата за државни патишта немаат конкретен податок за тоа дали очекувањата и намената на обиколницата ги исполниле предвидувањата, кои биле направени со студијата за овој проект. Немаат ни податоци за тоа колку возила ја користат оваа обиколница.

- Обиколниот пат на Скопје како дел од Коридорот 8 е од особена важност за Република Македонија бидејќи ја поврзува со Република Бугарија и со Република Албанија. Со изградбата на овој автопат значително се намалува транзитниот сообраќај низ градот Скопје, кој се движи во правец исток - запад и обратно, а преку деветте изградени клучки се одвива и сообраќајот помеѓу скопските населби близу автопатот, но и кон Велес, Куманово и Тетово. Со изградбата на обиколницата, според направената студија за оправданост за изградба на автопатот, се прогнозира намалување на сообраќајот во Скопје за 20 до 30 проценти - ни изјави Катерина Панова Илиевска, помошник-директорка на Агенцијата.

Ова мислење не го дели стручната јавност која вели дека во брзање да се искористат парите дадени од европските тела се направило брзоплето решение кое покажува дека е погрешно испланирано.

- Факт е дека обиколницата не е искористена како што треба. Се градеше во време кога имаше средства за тоа, но немаше добар план и идеја за што и каде да се употребат овие средства. Јас тогаш се залагав тие пари да се употребат за решавање на сообраќајниот хаос во Скопје, како на пример изградба на подземен премин меѓу булеварот Партизански одреди и Кузман Јосифовски, за што имаше доволно средства. Со обиколницата се гледа дека не се реши сообраќајниот проблем во Скопје. Малку возила поминуваат низ неа, а во градот сé уште има огромен метеж - вели градежниот инженер Лазо Чакаровски.

Тој појаснува дека Македонија веќе подолго време неподготвена ги дочекува европските пари наменети за инфраструктурни проекти, по што тие или биваат лошо употребени или, пак, се враќаат во банките и фондовите на ЕУ. Сличен став имаат и некои од професорите на Градежниот факултет во Скопје, кои сакаа да останат анонимни бидејќи и активно биле вклучени во овој проект. Дел од работите се смениле изминатава година.

- Последнава година состојбата со оваа проблематика малку се промени. Државата и општините почнаа активно да прават издржани проекти за кои очекуваат пари од европските институции. Сега има готови проекти за кои кога ќе се најдат пари ќе се реализираат како што треба. На пример, Владата и министерствата имаат конкретни планови за тоа кои и колку хидроцентрали ќе се градат, под кои услови ќе се даваат на концесионирање, а истото важи и за патиштата низ државава за кои во тек е постапка за издавање под концесија. Се чекаат и се бараат само финансиери, другото е подготвено од наша страна - вели Чакаровски.

 Најдолгиот мост во Македонија се наоѓа на обиколницата
 Обиколницата, која е дел од Коридорот 8 што ја поврзува Македонија со Албанија и со Бугарија, е долга 25 километри има четири ленти со широчина од 27,5 метри. Првата делница од Хиподром до Оризари е долга 14 километри. Има вкупно девет приклучувања со Скопје и три моста. Таа го заобиколува северниот дел од Скопје, од Хиподром до Сарај. Вредноста на целата обиколница е околу 150 милиони евра. На делницата се наоѓа и најдолгиот мост во земјата, долг 630 метри. Максимална дозволена брзина на неа е 120 километри на час. Домашниот „Гранит“ и грчката „Терна“ ги изведуваа работите на терен сé до нејзиното официјално пуштање во употреба на 22 јуни минатата година.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=131171329&id=10&prilog=0&setIzdanie=22173
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 03-Jan-2011 at 17:15
Такаааа! Многу ме нервираат вакви целосно површни текстови, особено кога во нив е вклучена и домашната 'експертска' јавност. Прво оваа делница беше најприоритетна за изградба затоа што несомнено го изведува тежкиот транзит од главниот град и тоа доста далеку од истиот, со што исклушително позитивно влијае над целокупната еколошка состојба во Скопје. Кој ни е крив што сообраќајот на сите делници низ државава е мизерен? Ако е така навистина ниедна нова делница не заслужува да има автопатско решение. Но, автопатите не се градат само да го следат развојот, но истите се и најголем стимул за иден развој и раст во регионите каде минуваат и дравата како цело. Нека Македонија да го види растот на Бугарија во последниве неколку години и нека се намали колосалната безработица и ќе видите колку повеќе ќе има движење на нашите патишта.

Не само што се работи за дел од К8, но и ги поврзува сите 4 насоки на патишта кои се влеваат во Скопје. Поразително е дека од Агеницјата за патишта немаат конкретни и ажурни бројки за движењето во Македонија, тоа е навистина базичниот податок со кој мораат да располагаат! Многу од ракав ми изгледаат прогнозиве со кои се расфрлаат при изградбата на новите објекти (убаво се сеќавам вакви големи проценти околу растоварувањето на сообраќајот во Скопје имаше и пред отворањето на новиот мост кај Транспортниот Центар и бул. Словенија, но од небо се гледа дека неможе еден ваков мал зафат да растовари еден цел град).

Експертите кажуваат дека ова била промашена инвестиција, но никој не посочи каде е грешката! Тоа дека внатрешните тангенти и тунели во Скопје мора да се реализираат доколку сметаме градот да се развива во иднина, мислам дека за никого не е тајна. Но, внатрешниот систем на градски магистрали и тангенти е сосема друга категорија на решение од една автопатска обиколница на еден град, така што е многу несериозно да се споредуваат овие две решенија меѓусебно. Така, можеби ќе се сложев дека обиколницата можеше да биде повнатре во Скопје (односно да поминува низ периферните населби), при што би делувала и како внатрешен носител на сообраќајот. Но, тоа е еден половично решение според мене, затоа што кога Скопје ќе ги добие Јужен, Северен и Крушевска, тогаш обиколницата ќе служи само за транзит, не за внатрешниот сообраќај, односно нема да има потреба да се излегува од градот за истиот да се помине во должина. Градските магистрали ќе нудат брз и комфортен превоз внатре во Скопје. И само тогаш ќе излезат на јаве позитивните ефекти, осносно илјадниците ТИРови (кои следува да минуваат околу еден развиен град од големината на Скопје, кога Македонија ќе достигне еден одреден степен на развој каков што има на пример сега една Хрватска), ќе минуваат многу далеку, не предизвикувајќи додатна бука и загадување на жителите на градот.

Дел од причините зошто обиколницата е толку малку искористена е и фактот што не сите клучки се завршени, а и не сите булевари кои треба да водат до неа се изградени (на пример важниот бул. Илинден). И пак ќе повторам дека не може да се очекуваат на пример 20 000 возила на ден заради фактот што Македонија тоне во економски план, севкупната раздвиженост на земјата е мизерна, но и самата цел на оваа обиколница не е да го намали метежот во самиот град, туку да го олесни неговото преминување. Еден ден кога Охрид ќе биде силен туристички центар и кога цела Софија, Ниш и Приштина ќе сакаат да летуваат таму, ите како ќе се покаже дека ова беше правилна и долгорочна инвестиција, која за да ги даде целосните ефекти треба да се дозаврши за да биде дополнување на остатнатите решенија кој еден град го прават транспортен јазол во вистинска смисла на зборот.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 04-Jan-2011 at 04:36
Токму така, под итно нека ги доизградат сообраќајните врски до обиколницата и веднаш ќе има осетно поголем сообраќај (а помалку сообраќај на некои места во градот каде што сега има премногу). Дополнително, тие сообраќајни врски ќе го анимираат и развојот во околината на обиколницата, ќе почнат да се пополнуваат парцели со објекти кои ќе привлекуваат уште повеќе сообраќај и ако не се влечкаме, веќе за 2-3 години би можеле да очекуваме драстично поинаква слика.

Се разбира, сето тоа под услов да се откажат од максимално дебилната идеја да се плаќа патарина на обиколницата. Ако ја спроведат таа идеја, тогаш се е џабе... Е тогаш навистина обиколницата ќе остане да зјае празна без разлика на се и тогаш ќе може навистина да зборуваме за „празна инвестиција“ како што инсистира текстот. Долгорочно да се жртвуваат сите придобивки од обиколницата (кои сеуште не сме почнале да ги чуствуваме ни 10%), за некој концесионер да цеди профит и од таму, е тоа е врв на неодговорна политика. Кој лудак смислил на ваков начин да се дестимулира пренасочување на сообраќајот кон обиколницата? Штетата е толку лесно предвидлива, а ќе биде толку многу голема, што навистина не ми е јасно зошто за оваа работа не се крева голема врева. Наместо статии како последната, би сакал да видам новинарите сериозно и темелно да се зафатат со таа тема и надлежните да почуствуваат заслужен притисок.


Edited by Cloverstack - 04-Jan-2011 at 04:48
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 04-Jan-2011 at 08:20
Иако се сметав и сеуште сметам дека како Обилколница можеше да се искористи комплетно друга траса, како на пример, автопатот на влез на источно Скопје, бул. Александар Македонски и бул. Никола Карев и после да оди меѓу Злокуќани и Бардовци, да продолжи меѓу населба Даме Груев и Ново Село и да излезе онаму баш над Кондово/Волково.

Ќе морам да се согласам дека за да биде фукнционална сегашнава траса на Обилколницата, т.е. да биде користена, неопходно е барем 3-4 градски булевари да излегуваат на Обилконицата.

Така на пр. доколу Шарпланинска се поврзе со Илинденска, јас кога ќе влегувам од Тетово или Охрид за дома, ќе си ја користам дефинитивно оваа траса да побрзо да стигнам до дома.

Оној кој би живеел во Чаир, секако ќе му биде од корист клучката во Бутел и продолжениот бул. Христијан Тодоровски-Карпош, итн... мислам дека ми ја сфаќате поенатава.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 04-Jan-2011 at 09:16
Добри ви се забелешкиве и се' држи вода...со тоа што, неискористеноста на обиколницата е резултат на утепаната економија. Ваквите сообраќајници имаат за цел (во најголем процент) да го ослободат градот од тежок сообраќај, кој што би го имало кога би имале некаква поголема економска активност, некакво производство. Во вакви услови, врши работа само ако некој српски турист иде накај Охрид и нешто слично што е од минорен карактер. Ние имаме генерално мизерна искористеност на патиштата, ама и мизерна индустрија и мизерна економија воопшто, само што на тие теми е забрането да се мудрува во вакви весници.

Originally posted by gorco

Ќе морам да се согласам дека за да биде фукнционална сегашнава траса на Обилколницата, т.е. да биде користена, неопходно е барем 3-4 градски булевари да излегуваат на Обилконицата.
Ако не се занимаваме со економии и филозофии, ова е најлогично решение и според мене, дури мислам дека што повеќе булевари треба да се врзат на неа и да биде што повеќе искористена од локалците, инаку вака ќе служи само за парадирање.
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 04-Jan-2011 at 13:50
Мислам дека без автопат кон Софија и Тирана оваа обиколница нема да види поголем проток на возила. Без целосно изграден Коридор 8 колку и да се градат приклучоци ќе бидат џабе.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 04-Jan-2011 at 14:34
Originally posted by BOJAN

Мислам дека без автопат кон Софија и Тирана оваа обиколница нема да види поголем проток на возила. Без целосно изграден Коридор 8 колку и да се градат приклучоци ќе бидат џабе.


Обилколницата е и за транзит патниците/транспортот, но не треба да се заборави дека е и за Скопјани, без разлика на место на живеење.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 05-Jan-2011 at 01:47
Originally posted by gorco

Иако се сметав и сеуште сметам дека како Обилколница можеше да се искористи комплетно друга траса, како на пример, автопатот на влез на источно Скопје, бул. Александар Македонски и бул. Никола Карев и после да оди меѓу Злокуќани и Бардовци, да продолжи меѓу населба Даме Груев и Ново Село и да излезе онаму баш над Кондово/Волково.
Таа траса сепак поминува во огромен дел низ густо населени градски области и блиску до самиот центар на градот и не претставува никаква обиколница. Всушност таа траса во најголем дел е зацртана како дел од градската примарна мрежа, која секако дека треба да се реализира, но не е решение за транзитниот сообраќај околу Скопје.



Originally posted by Dave Gahan

Originally posted by gorco

Ќе морам да се согласам дека за да биде фукнционална сегашнава траса на Обилколницата, т.е. да биде користена, неопходно е барем 3-4 градски булевари да излегуваат на Обилконицата.
Ако не се занимаваме со економии и филозофии, ова е најлогично решение и според мене, дури мислам дека што повеќе булевари треба да се врзат на неа и да биде што повеќе искористена од локалците, инаку вака ќе служи само за парадирање.
Како што пишав во претходниот пост, сосема сум на иста линија за потребата за обиколницата да биде подобро поврзана што побргу, само би сакал да нагласам дека врските кои недостасуваат се добро зацртани и останува да се реализираат, а реално нема некоја потреба да се форсира зацртување на дополнителни освен нив, особено за булеварски реално нема ни простор:
  << кликнете за резолуција 1321x1057

Најголем приоритет според мене треба да е поврзувањето на булеварот Х.Т.Карпош на клучката Бутел (42° 2'27.38"N 21°27'17.56"E). Се разбира треба да се среди приодот кон клучката и од другата страна, бидејќи моментално се работи за обично селско патче, но сепак апсолутен приоритет е булеварот.

Понатака од огромна важност е продолжувањето на Илинденска се до клучката кај Лепенец (42° 3'11.96"N 21°21'52.13"E), не само од аспект на обиколницата, туку и за внатрешниот сообраќај во градот. И повторно како во претходниот случај, иако второстепено, не треба да се заборави приодот кон клучката и од другата страна. Исто така оваа клучка ја направија згужвана (сигурно ради имотно-правни проблеми), што не смееше да се случи, но уште помалку смее да биде оставено така откако на нејзе би се поврзала сообраќајница од рангот на Илинденска. Тој југозападниот крак на клучката мора да се исправи!

Клучката Стопански Двор (42° 2'17.08"N 21°20'8.57"E) моментално од двата правци е поврзана со земјени патчиња  Ohno
Многу важно е да биде што побргу солидно поврзана барем од источна страна, бидејќи од/кон источен правец може да генерира значаен сообраќај.

Овој надвозник (42° 1'56.94"N 21°29'8.44"E) е планиран да се надгради во клучка:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=44021#44021
Иако таа клучка ја нема во ГУП-от, се сретнува во друга урбанистичка документација и веројатно е зацртана за внесување во новиот ГУП. Но според мене тоа поврзување не спаѓа во приоритетите, туку чисто да го спомнам во овој преглед...

Има проблем и со врските на големата клучка Хиподром. Имено, не е можно вртење од излезот на Скопје кон обиколницата. Со изградба на планираната клучка кај новата населба што треба да никне кај Хиподром (41°59'50.24"N 21°30'53.66"E) и со планираната надградба на сегашниот надвозник кај стадионот во Ченто (41°59'57.63"N 21°30'4.07"E), проблемот ќе стане далеку поизразен и ќе треба да се дооформи клучката Хиподром, за која ми е навистина нејасно зошто не ја направија каква што треба кога имаа идеална можност, при нејзината надградба и поврзување со обиколницата, кога ионака беше отворен голем градежен фронт и ваква интервенција ќе беше прилично ситна работа:



Edited by Cloverstack - 05-Jan-2011 at 01:51
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 05-Jan-2011 at 02:53
Вака од назад да почнам. Ова и јас го имам како дилема со поврзувањето и да може од секој кон секој правец да се врти во клучката но го имам приметено и кај многу поголеми градови дека не сите клучки се целосна достапност. Очигледно дека има некое сообраќајно дебело оправдување зашто е тоа така иако не би дошло лошо едно такво поврзување. Иако со внатрешната мрежа клучка Хиподром клучка Арачиново тоа е достапбо сепак автопатско е автопатско. И некои други работи во врска со искористеноста. Пред се некои поголеми градови што ги гледате имајте во предвид дека немаат индустриска зона во центар на град како онаа на 3-та Мак. Бригада или Усје во центар на три километра или онаа зоната од Ќерамидница до Хиподром, или па железничко депо на километар од центар. Сите тие индустриски зони или се развивани на рабовите во градовите или се постепено дислоцирани. Ако биле предходно развиени обиклоницата е пробивана низ нив да им биде од директна корист, а не на толку прилично раздалечено од рабовите на градот. Изградабата на обиклницата од булдерски аспект секако дека и давам поддржка но прашање е колку беше потребна делницата од Визбегово до Хиподром. Слободно на среднорочен рок тоа можеше да се надомести со внетрешниот северн булевар кој е градски автопат без семафори. Ние со обиклоницата си го одложивме репавањето на тесното грло Пластичарска и тие што одлучија веројатно не сакаа политички поени да губат на ова прашање кое во тоа време чисто етничко-политички проблем а не урбанистички. Со парите од делницата ВизбеговоХипордром слободно можеше да се пробие, и аза помалку пари северниот булевар целосно со се клучките кај Кале и Момин поток. Е тоа е од директен интерес и одгаварање на постојните проблеми. И други работи е што обиклоницата нема колекторски регионални ли како и дасе рангираат патишта покрај обиколниоцата каде ќе има сервисни услужни индустриски дејности. Затопа се чудиме кога во Букурешт се гради обиколница а е прилично внатрешно поставена. Обиколница не е за да изгледа на круг или во Скопје на полугруд околу, туку за да стави на кантар транзит сообраќај и количината население и дејности што ќе ги опслужи. Тоа во скопје не е пресметано. Сега е најпаметно не да се зафаќаме со забранување товарни возила по градски автопати што сами по себе се автопати и не со насилни решенија за казни и глупости туку што побрзо да се пробие северн булевар, а делницата Визбегово Хиподром ќе си ја имаме за на готово за во следни години кога потребата ќе донессе да се искористи. Тоа е одговор на реалните проблеми, а не да создавдадеме решние за непостоечки проеблем па после да треба да создадаеме проблем за да се покаже решениево како успешно. А реалиот проблем на битпазар никој не го чепка. особено со веќе започнати подговтовнки за мост преку вардар кај Влада и поврзување со овој северне булевар автопат. Ова потсеќа на онаа смешна изјава во врска со Влајко дека ќе ја преместеле раскрницата , дека намерно ќе се стврои проблем за решението да се покаже за успешно. Сега сме ја направиле обиуоклницата целосно и ќе ја имаме но искористеноста на источната половина ќе си почека малку.

Нормално за рпбоивање на булеварите до клучките не станува збор тука се сложувам, тоа секако дека ќе има влијание позитивно во секој случај.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 06-Jan-2011 at 01:00
Originally posted by lslcrew

Вака од назад да почнам. Ова и јас го имам како дилема со поврзувањето и да може од секој кон секој правец да се врти во клучката но го имам приметено и кај многу поголеми градови дека не сите клучки се целосна достапност. Очигледно дека има некое сообраќајно дебело оправдување зашто е тоа така иако не би дошло лошо едно такво поврзување
Тоа нема врска со големината на градот, туку со конкретната локација и сообраќајните потреби. Има ситуации каде не е потребно или не е исплатливо да се поврзат сите правци. Има ситуации каде има разумни алтернативи. Има ситуации каде ради постојни објекти или конфигурација на терен е невозможно да се поврзат сите правци. Ни едно од овие не е случај со клучката Хиподром, каде многу лесно може да се среди работата, а уште полесно можеше да се среди во времето кога се работеше на нејзе. Какво би било на пример тоа „дебело сообраќајно оправдување“ зошто е изведена вака? Не сме сообраќајни инженери, но до толку можеме да процениме дека во случајов нема таква работа.


Originally posted by lslcrew

И други работи е што обиклоницата нема колекторски регионални ли како и дасе рангираат патишта покрај обиколниоцата каде ќе има сервисни услужни индустриски дејности
Точно е дека нема паралелни сервисни сообраќајници, но тоа воопшто не е пречка. Има солидна густина на клучки чија околина изобилува со простор за изградба и развој на индустриски и сервисни зони. Така да во таа смисла околината на обиколницата е баш атрактивна и конкурентна.


Originally posted by lslcrew

Сега сме ја направиле обиуоклницата целосно и ќе ја имаме но искористеноста на источната половина ќе си почека малку.
Сум ја возел обиколницава веќе прилично многу пати, и не дека сум мерел со некаква научна метода, но мој генерален впечаток е дека западниот сегмент во просек има помизерен сообраќај од источниот.


Edited by Cloverstack - 06-Jan-2011 at 01:01
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 20-Jan-2011 at 01:26
Луѓе што ја возат секојдневно обиколницата говорат дека е празна.Навечер дури и морбидна за возење.И покрај неплаќањето патарина камиони нема ни за лек.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 08-Feb-2011 at 16:53
Коа возев пред десетина дена негде околу 23:00 ч имаше прилично доста камиони на обиколницата, што ме зачуди, спрема тоа што порано на раце се броеја тие што ќе поминат. Иначе секое чудо за три дена, вечерта кога возев сигурно 60% од сијалиците не функционираа, но најверојатно се работеше за некаков дефект, затоа што во низа повеќе светилки не светеа на одделни места.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 08-Feb-2011 at 17:36
Јас пред нова година кога ја возев обиколницата, состојбата беше идентична. 60%-70% сијалиците не работеа, возила ни за лек. Значи надлежните не смениле сијалици и не отклониле дефкет барем месец и пол. Ohno
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 08-Feb-2011 at 22:52
Состојбата со осветлувањето е таква уште од самото отварање на обиколницата. Некаде не работат поединечни сијалици, но многу повеќе боде очи тоа што не работат помали или поголеми групи на столбови, па и цели огромни делници. Очигледно има некој поголем проблем. Од кои причини не го решаваат којзнае. Можеби е обична незаинтересираност и неодговорност, можеби е поради заштеда (што е глупаво кога веќе се инвестираше да се осветли обиколницата). Во секој случај, мислам дека осветлувањето е битно да функционира беспрекорно барем во делот кај Шутка и кај Радишани, бидејќи на тој сегмент неретко има опасни отпадоци по коловозот.


Originally posted by N23

Коа возев пред десетина дена негде околу 23:00 ч имаше прилично доста камиони на обиколницата
Ме радува што конечно слушам нешто вакво, се надевам дека не било случајност.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 09-Feb-2011 at 00:14
И јас бев прилично изненаден, иако поголем дел од нив беа турски камиони и по некој странски, сепак бројката од дваесетина а можда и повеќе, кои ги видов за 15-тина минути колку што возев, радува, можеби и тоа што се појавија камиони на тв низ ск како возат, па ги натерало на вакво нешто.
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 14-Mar-2011 at 18:36
Вчера возев,се враќав од Маврово,обиколницава е пак пуста.Влезовите за Скопје се сеуште со жолти траки(не функционираат).
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 08-Apr-2011 at 11:51
ПАТОТ ОКОЛУ СКОПЈЕ МАЛКУ СЕ КОРИСТИ
Обиколницата празна, градот врие од камиони

Роза Петкова


По скопската обиколница се вози ретко и по две години откако државата го изгради брзиот автопат, кој, пред се, е наменет за да го растовари сообраќајот во главниот град од тешки товарни возила. Општ впечаток на возачите што поминале по обиколницата е дека премалку камиони и шлепери го користат тој пат за да може да се заклучи дека тој навистина ја остварува својата вистинска замисла. Дури и возачите што никогаш не ја користеле обиколницата бидејќи немале потреба, но често поминале покрај неа, велат дека во најголем број случаи таа била празна. Најочигледен пример дека автопатот околу Скопје се уште не се користи во потребната мера е булеварот Никола Карев, односно познатата пластичарска улица, каде што и натаму секојдневно има редици камиони. Преку оваа сообраќајница се поврзани трите главни излези од Скопје - Тетово, Блаце и Петровец - и возачите и натаму ја сметаат за многу попрактична. Исто така, критична точка е и клучката кај Момин Поток, каде што се создава метеж, на кој реагираат и возачите на автомобили, но и жителите од околните куќи. - Живеам на булеварот веќе 20 години. Искрено се надевав дека ќе се намали сообраќајот, чисто од еколошки аспект, затоа што навистина воздухот многу се загадува. Но, за жал, не е така, камиони, шлепери и автобуси има постојано, во долги редици - вели Верче Н., жителка од населбата Француски Гробишта, под скопското Кале. Од Агенцијата за државни патишта велат дека просечниот годишен дневен сообраќај на обиколницата е 5.000 возила од кои околу 40 отсто се товарни возила. Од таму не кажаа дали оваа бројка значи дека автопатот ги оправдал првичните очекувања.
За искористеноста на патот не сакаат да коментираат ниту транспортерите, но посочуваат дека има разлика дали крајната дестинација на превозниците се наоѓа внатре во градот бидејќи во тој случај секако мора да влезат и да поминат низ градските булевари. - Претпоставувам дека сите што немаат работа во градот ја користат обиколницата. Но, сите што товарат на локации во центарот на градот или во населбите влегуваат во Скопје. Исто и тие што транспортираат до фабриките што се наоѓаат во градот, на пример, „Раде Кончар“, цементарница „Усје“ и слично. А, сите што одат од граница директно за Косово или за Гевгелија ја користи обиколницата - вели Билјана Муратовска, претседателка на асоцијацијата на независни синдикати на транспортери „Макамтранс“. Превозниците велат дека законите не забрануваат товарни возила да се движат низ градските улици, а во Законот за јавни патишта е пропишано дека државен пат може да користат потешки возила кои ги надминуваат пропишаните услови за димензии, вкупна тежина и притисок, но само со дозвола за вонреден превоз издадена од Агенцијата за државни патишта. Истиот закон предвидува да се утврдува и прекумерно користење на јавниот пат врз основа на просечен годишен дневен сообраќај на товарни возила со носивост поголема од десет тони. - Тоа се мерења за експлоатација на патот, ако на пример 50 товарни возила е капацитетот што може да го издржи одреден пат, тогаш секое наредно возило ќе плаќа надомест - вели Муратовска. Од МВР велат дека полицијата не е должна да стои и да ги проверува камионите колку тежок товар носат. Оттаму објаснуваат дека товарните возила што транзитираат низ градот и што ќе ги запре сообраќајната полиција, а се потешки од седум тони, добиваат парична казна од 400 евра. Обиколницата се градеше седум години, во две фази, од Хиподром до Оризари и од Оризари до Сарај. Ја градеа „Гранит“ и грчката фирма „Терна“, а вкупната инвестиција чини 150 милиони евра, пари од државен буџет, од кредити од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2284&ArticleID=159040
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 08-Apr-2011 at 16:02
Подобро би била статистика по делови, па да имаме две бројки да споредиме да видите колку е огромна разликата помеѓу првата делница што е само неуспешна прерана замена за булеварот Карев - Александар Македонски.

Edited by lslcrew - 08-Apr-2011 at 16:03
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 08-Apr-2011 at 18:57
Само не ми е јасно зошто би им било попрактично да одат по пластичарската кога се за транзит низ Скопје ? Да не не се упатени или информирани добро за обиколницата ?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.