build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Најимпозантните градби и објекти во Р. Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Poll Question: Гласајте за три објекти
Poll Choice Votes Poll Statistics
32 [26.67%]
21 [17.50%]
15 [12.50%]
5 [4.17%]
14 [11.67%]
11 [9.17%]
2 [1.67%]
7 [5.83%]
4 [3.33%]
9 [7.50%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 03-Feb-2011 at 20:33
Originally posted by гитардемон

Читајќи назад во нишката, наидов на еден мој став дека во Македонија нема ништо импозантно. Епа тоа сум го напишал пред да ги прочитам сите искази после тој мој пост, и искрено жалам за таа констатација.

Читајќи ја повторно оваа (подзаборавена) нишка, исто така увидов дека има прилично многу работи да се кажат за номинираните проекти низ Македонија, па со оглед на тоа дека сајтот сепак се вика build.mk, би било извонредно добро на некој начин да презентираме што поголем број од објективе со слики и приказни за нивната изградба.

Би било добро освен новите проекти низ државава што се во изградба, на порталот да има и голем број од старите веќе изградени - архитектонски симболи на Македонија. Со тоа build.mk би било првото интернет место во светот кое ги има индексирано изградбите на најзначајните објекти во Македонија.

Кој има слики и текст за изградбата на МТВ, ГТЦ, НБРМ, РЕК Битола, пругата Гостивар-Кичево или било кој друг проект споменат тука би било супер да ги достави до редакцијата на build и да се направи нешто во врска со темава.

Срамота како не му текнало на никого досега!


Гитар, тој проект е дефинитивно една од поважните зацртани задачи на порталот. Но и сам го детектираше проблемот, материјали и информации (особено проверени и потврдени информации) се ужасно слабо достапни. Еве и јас се приклучувам кон твојот апел. Ако некој може да помогне со материјали, нека не се двоуми, а после е релативно лесна работа тие материјали квалитетно да се организираат и презентираат.


Edited by Cloverstack - 03-Feb-2011 at 20:33
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4419
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 03-Feb-2011 at 20:52
Па не е лошо да се почне со тоа што се има, колку и да е оскудно. И две слики и два реда текст се подобри од ништо за некои навистина предобри проекти за да се изостават (плус ако се тешки за наоѓање слики од минатото, слики од денешницата воопшто не се тешки, повеќето објекти се екстензивно фотографирани). Може да оди како feature во sidebar-от на главната страница на порталот, најимпознантните градби на XX век во Македонија (клик за повеќе)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 03-May-2013 at 17:54
Бидејќи ова беше прв пат да ја сретнам нишкава (незнам како не сум ја видел при прегледување на форумските теми) сега гласав.

Моите гласови се за :
-Транспортен Центар Скопје
Највеќе поради импозантноста на целиот центар во склоп со градскиот центар и целата околина ,неговата должина (ако не се лажам изнесува 2-3км) и самата планираност , тоа што своевремено не е реализиран во целост и во текот на годините не е инвестирано скоро ништо за ова импозантно издание да стане тоа што треба да биде е за плачење но во надежта за подобро утре мислам дека ќе дојде денот кога овој центар можеби ќе го добие својот правилен лик и целосната функционалност.

-Хидросистем Маврово
За овој систем имам слушнато многу пати ,а воедно и од емисијата на Миленко за хидросистемите во Македонија ,моментално претставува сеуште најсложениот проект во Македонија иако има тенденции тоа да се промени (Вардарска Долина, Луково Поле , Чебрен и Галиште - системи кој се огромен Хидролошки потенцијал на Македонија и можат да бидат многу поимпозантни (според мене) од Мавровскиот).

-Населба Аеродром (Општина Аеродром)
Самиот тип на градба ,начинот на планирање на целиот комплекс и градењето на оваа Општина (административно бидејќи Аеродром е мн мала населба) не се за потценување воопшто ,целиот комплекс дава нова визија и ново претставување на Скопје.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 03-May-2013 at 19:08
О.У. Песталоци, го нема на листава
еден од првите објекти со гумени демпери во основите... многу експериментална архитектура за свое време, од инжињерски аспект
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 10-May-2013 at 00:45
@zabegan

Мора да те коригирам бидејќи коментарот ти е некоректен.

Во О.У. Ј.Х. Песталоци не се вградени "гумени дампери во основите", туку гумени лежишта. Дампери се сосема други уреди, а овие и други типови уреди служат за сеизмичка изолација на објекти или уште попрецизно базна изолација на објекти.
Овие лежиште се правоаголни, изработени од специјален тип на гума и во нив има вградено челични плочи во неколку слоеви. Се вградуваат меѓу темелите и почвата. Пред некое време имаше промена на овие лежишта, а инаку објектот важи за прв базно изолиран објект во светот.

"Експериментална архитектура
за свое време, од инжињерски аспект" ????
Спуштете ме, ја збунив завесата.
Прво, применетата базна изолација никако не е експериментална архитектура, а секако ниту било каков инженерски експеримент. Второ. архитектурата нема ама баш никаква врска со начинот на темелење на објектот, т.е. дали ќе биде базно изолиран или не.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 10-May-2013 at 01:03
ХС Маврово бидејќи го граделе 55 000 луѓе а од механизација имало само еден вибратор,и друго све било копач,лопата и количка.направени се над 150 км тунели и канали,а машинската хала е ставена 200 метри внатре во планината,и 180 м во длабина.халата е голема колку една спортска сала.

Другите објекти се градле во релативно поразвиени услови со повеќе механизација и технологија.

Од ХЕ Вруток на времето се контролираше фрекфенцијата во цела Југославија
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 11-May-2013 at 02:04
Originally posted by medo

@zabegan

Мора да те коригирам бидејќи коментарот ти е некоректен.

Во О.У. Ј.Х. Песталоци не се вградени "гумени дампери во основите", туку гумени лежишта. Дампери се сосема други уреди, а овие и други типови уреди служат за сеизмичка изолација на објекти или уште попрецизно базна изолација на објекти.
Овие лежиште се правоаголни, изработени од специјален тип на гума и во нив има вградено челични плочи во неколку слоеви. Се вградуваат меѓу темелите и почвата. Пред некое време имаше промена на овие лежишта, а инаку објектот важи за прв базно изолиран објект во светот.

"Експериментална архитектура
за свое време, од инжињерски аспект" ????
Спуштете ме, ја збунив завесата.
Прво, применетата базна изолација никако не е експериментална архитектура, а секако ниту било каков инженерски експеримент. Второ. архитектурата нема ама баш никаква врска со начинот на темелење на објектот, т.е. дали ќе биде базно изолиран или не.

последна дезинформација од моја страна, ветувам Big%20smile
обично си наведувам што ми е слушнато од чаршиски муабети, ама тука малце сум се занел
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1385
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 04-Dec-2015 at 21:00
Мислам дека тука би можел да се најде и железничкиот тунел Буковиќ, изграден во 1967 со должина од 7062 метри.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.