build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ѓаволски Ѕид - Св.Николе

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ѓаволски Ѕид - Св.Николе
    Posted: 31-Jan-2010 at 16:22
Незнам дали овоа е забележано, занам за него подолго време, а истотака може да се смета и за културно наследство. Потражив по форумот малце на брзина, но не го најдов. Станува збор голем комплекс, кој предвидува хотел, СПА центар, ......

 







 

http://www.gavolskizid.com.mk/index1.html


Edited by Makedonij - 31-Jan-2010 at 16:23
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Jan-2010 at 16:39
Ако остане темава ставете и некој кран  или микрофон или некој предзнак...Dunno
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Jan-2010 at 16:54
Па ќе остане нормално, пошто е проект во најава ќе му абацам "најава", а ќе не известиш кога ќе почне со работа ако се почне.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 31-Jan-2010 at 16:57
Е тоа го саках, а како сам да ги ставам тиа чуда, може или имате право само администраторите?Question
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 31-Jan-2010 at 17:16
Браво за сликиве...

Се двоумев и воопшто дека е ова во МКД , бидејки не можев да најдам инфо никаде за него...

Браво уште еднаш!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Jan-2010 at 19:05
Одличен „фајнд“ Македониј

Би требало да е тука некаде:
41°46'5.39"N  22° 1'15.71"E
...прилично далеку од Свети Николе. Има некој предлог за корекција на локацијата во насловот на нишката?

Originally posted by Makedonij

Е тоа го саках, а како сам да ги ставам тиа чуда, може или имате право само администраторите?Question
Само модерацијата. Ако некаде пропуштиме, слободно потсетете не
Патем Македониј, благодарност до тебе за ентузијазмот што ставаш и жиг "build.mk" на сликите, ама тоа не е во ред кога сликите се превземени од други сајтови бидеќи тие слики припаѓаат на некој друг.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Jan-2010 at 19:46
Originally posted by Cloverstack

Има некој предлог за корекција на локацијата во насловот на нишката?


Да навистина локацијата поблизу е до Штип отколку до Св. Николе, но се наоѓа на територија на Св.Николе. Па несум против ако се смени ако сакате да го ставеме Штип, или пак селата во близина?

Originally posted by Cloverstack

Патем Македониј, благодарност до тебе за ентузијазмот што ставаш и жиг "build.mk" на сликите, ама тоа не е во ред кога сликите се превземени од други сајтови бидеќи тие слики припаѓаат на некој друг.


Да знам, но ставам жиг оти сликите се во јава па неможеш да ги преземеш, требе да ги украдеш како знаеш, ако толку ви пречи ке ставам само на моји слики.Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Aug-2010 at 20:03
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Oct-2010 at 12:43
Само што го поставив и на травел2, вистина е на територија на Свети Николе, но поблиску е до Штип. ИНаку е во близина на селото Богослоец.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Oct-2010 at 17:58
Не можам да најдам кај си го ставил, може линк?
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Feb-2011 at 22:46
http://4x4.mk/sites/default/files/Gjavolski%20zid%201_0.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Nov-2011 at 20:38

Убавините на Република Македонија не можат да се набројат набрзина и да се опишат со леснотија.

zid1.jpg-500

Низ своето богатство оваа прекрасна земја крие многу тајни и мистерии кои се интересни за светот, а значајни за Македонците.

Интересната природна геоморфолошка појава на десниот брег на Брегалница се нарекува Ѓаволски ѕид.

Легендата говори дека ѓаволот се обложил со Господ дека кај месноста Богословец во атарот на општина Свети Николе само за една ноќ ќе изгради ѕид со кој ќе ја пренасочи реката Брегалница од нејзиното природно корито, нејзините води ќе ги упати кон Овчеполието и целосно ќе го поплави. Господ го прифатил облогот, а ѓаволот се обврзал да го изгради ѕидот додека не закукурикаат првите петли. Истата ноќ ѓаволот започнал да го гради ѕидот и тоа го правел толку брзо и вешто што не оставал место за сомневање дека работата ќе ја заврши навреме. Тогаш Господ се послужил со итроштина - пред зори клоцнал еден заспан петел кој закукурикал и така порано го најавил доаѓањето на денот. Ѓаволот не успеал во својата намера, Овчеполието било спасено од потоп, ѕидот го добил името Ѓаволски, а огромните камења останале до ден-денешен да сведочат за легендата за која не се знае кога настанала.

Интересната легенда остана меѓу народот, кој до ден денес ја раскажува секогаш кога ќе се спомене ова прекрасно место.

zid2.jpg-500

Друга легенда говори дека токму на овој простор се криело големото богатство од освојувачките походи на Александар Македонски, а овој мит бил предизвик за многу трагачи по закопано богатство да си ја пробаат среќата.

Тоа се карпести изданоци т.е. карпести ленти кои се јасно забележливи во релјефот, а се протегаат фрагментарно во правец исток-запад-северозапад, во должина од неколку стотици метри. Појавата е последица на побрзата ерозија на еродибилните еоцени седименти-песоци, песочници и друго, во однос на тектонски пореметените, вертикално поставени поцврсти карпести ленти. Овие карпи како поцврсти во однос на околните, заостануваат во релјефот во вид на природен ѕид. Според тоа појавата воопшто не е последица на директна човечка активност или градба, освен ако не се смета човековото влијание врз забрзувањето на ерозивните процеси преку оголувањето на теренот.

zid3.jpg-500

Д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг рекол дека Ѓаволскиот ѕид е чудо какво не постои во светот.

Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград, Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восхитено изјави:

- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо! Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.

zid4.jpg-500

Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив е главната причина што последните години диви копачи на богатство се повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен.

Ѓаволскиот ѕид создава немир и спокој истовремено. На човекот му носи опасности, но и зрачи со сета своја убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит.

zid-karta.jpg-500

http://kurir.mk/makedonija/vesti/48793-Gavolskiot-dzid---najgolemata-makedonska-misterija
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.