build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 248249250251252 328>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2459
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4981 Posted: 02-Mar-2015 at 12:46
Originally posted by Kid_A



Кумановска бања има огромен потенцијал да биде атракција и да го препороди градот. Парк, бања, река, далеку од градска гужва, хотел и паркиралишта, плус базен. Што сака некој повеќе од тоа? Тоа место за 2-3 милиона евра може да се направи рај божји, а да врти милиони годишно и со текот на времето да се надоградува. Дали е тука во прашање политика или нерасчистени имотни прашања навистина не знам да одговорам



Со денационализација е вратен имотот на којшто се наоѓа Кумановска бања на наследниците на некогашниот сопственик. Но како не им се вратија некогашните имоти на наследниците на жителите од некогашното село Долно Водно на кои им ја земаа земјата и присилно ги иселија? Или сметаш дека неколкуте функционерски вили имаат многу поголем значај за државата од бања чиј квалитет е меѓу најдобрите во Европа, а со сличен минералошки состав на континентов има само уште две бањи - Виши во Франција и Карлови Вари во Чешка?

Еве што викаат жителиите на некогашното село Долно Водно:

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=34097&idg=2&idb=574&rubrika=Revija

Eве една стара топографска мапа на којашто е прикажано каде се наоѓале селата Долно и Горно Водно:

http://web.uni-plovdiv.bg/vedrin/details/large/K-34-079-2.jpg
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4982 Posted: 02-Mar-2015 at 15:28
Излегоа нови пикантерии за проектов. Да го парафразирам министерот за економија, кој на снимката вели: „Тоа е како да трошиме пари за чоколадо, а немаме ни леб“. Ете што мислат најблиските луѓе на Сеархитектот. Се кратат буџетите на сите државни институции за да има за Скопје 2014. Колку само луѓе умреле поради скратени болнички буџети, поради недостиг на лекови, поради немање гориво за возилата од итната помош или поради немање греење во самите здравствени установи.
Преслушајте ги снимките, ќе дознаете многу како се работело и какви прекршувања на законите се правеле.
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4983 Posted: 02-Mar-2015 at 15:40

патетика Џоле, да знаеш уште колку ќе умреа да не беше ваквата макроекономска инекција за градежните компании, просто со истите пари потем ќе се сервисираа долгови кон надвор, ако имаш предвид дека ова не спаси од кризата, е сега друга работа е што вели Бојан како он би ги инвестирал овие пари пример во пругата кон бугарија итн. но и од овие проекти одма има аир и туристички и психолошки итн. просто со овој проект се олабави народ од хистеријата за името и пенетрирањето во еу и отан

реално пропусти има, нит пак овие на власт се совршеност во движење, но до сега поинвентивна власт а воедно и практична тешко дека сме имале а можеш да ми го запамтиш зборов тешко и дека ќе имаме

малку фалеше да од Скопје направиме некаков бренд а и сега не е касно доколку се заокружи проектов а потем истиот и да се пегла партерно и пејсажно што е обврска на општината но таа околината на нова железничка станица не ја оправа а не па друго, веројатно грешките времето ќе ги исправа, јасно повторно преку службите...


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4984 Posted: 02-Mar-2015 at 16:27
Originally posted by beTon




Избеган кај туризмот нема многу дефиниции но прецино планирање да сепак со она што го имаш а ние осве брутализам и кале ем матка немавме в скопје ништо друго земено како понуда, за Приказна и да не говориме, просто и ова сега што го имаме не е нешто што би продало незнам каква екслузивност но сепак ја поместува озбилно цела празнина која вирееше во мал ринг до сега, иако ето според многумина истата ќе сме ја истерале со модерни објекти поубаво за што сум прилично скептичен доволни примери се стара нбм или магос да неодам потака, ПРОСТО некој требаше да пресече и тоа го направи

постовите погоре што отидоа курбан ради дневно политички абер го доловуваат ова, еве да се повторам но во контекст на туризмот, дефакто архитект на патинирањево не е нит грујо нит вмро него "службите" просто овие се согласиле да го истераат ваквото сценарио, иако истото беше зацртано уште во времето на сдс само што вмро го доцрта и прошири, јасно сето тоа на мускули за да не губат со него цел век, но ете пак ќе си мине пола век дури и вака на мала врата протнато, затоа и често велам дека да не се нафатеа овие и сега никој немаше а Скопјеуште години ќе си беше тотал-брутал

во основа ЛИКот на метрополата требаше да светне, макар и тендерски, а со тоа и малку од малку да заличи градот, што и нам ни треба а посекако ќе биде лезет и за гости, на страна што живнува мал ринг како целина,тука ќе ги изоставам думите за смирувачкиот вајб на овалноста било тоа како фенгшуи или натурализам - кому колку му сечи, но сето ова ко проект сеуште каска, и веројатно ќе можеме да зборуваме за некаков поозбилен раст на туризам откако ќе се затвори и последната дупка на плоштад, под претпоставка дека побрзо ќе се завршат фасадите на ул. Македонија и плоштадот на Скендербег, можеби ако почне некој естетски да ги корегира сите постојни недостатоци ко тоа балустирите по оградите на мостовите [1][2] или нескладно натоварените скулптури нанив, можеби така ова скопскиот мал ринг и да бидне инспиративен и неопходен за прошетка, вака бреј гледаш да минеш и заминеш, особено кабает имаат тоа скулптурите по мостовите кои логично би било нели да се спуштат по кеј

за туризмов не знам до кај ќе ја тераме вака, не знам како да ти објаснам дека туризмот, со добар план може да експлоатира секаква средина, со сите свои форми во 21-ви век
и поентата е туризмот да го адаптираш на средината според тоа со кое располагаш, а не обратно, ако Скопје нема услови за некаков вид на класичен културен туризам, тогаш префрлете се на нешто друго, едноставно е
не знам кој им ја врежа на сите таа идеја дека главниот град на земјата, мора по секоја цена да биде и туристички центар на земјата, и дека урбанистичкото планирање треба да биде насочено кон него
стварно нема смисла да се потпираме на туризмот што го креирал Париз пред 30 години... на локален балкански пазар сме бедни, а не па на европски или не дај боже светски
и тоа не е поради неатрактивноста на главниот град (како што ја нарекуваат сите), туку поради фактот дека не се разбираме ние од одговорно развивање на туризам, од понуда во агенции, до национални стратегии, и дека никој нема интерес сериозно да се нафати на нови идеи...

за се друго, е веќе дискутирано, ама ај... упорно сите се навраќаат на претходната состојба на градов... мислам дека тука не постои човек на кој му се допаѓаше претходната сосстојба, ама тоа не е проблемот
без разлика на архитектонски стилови, Скопје требаше да добие квалитетен и одговорен урбанизам, и на ниво а Мал ринг, и на генерално ниво... а ова што сега се случува е далеку од сериозно
а ако тврдиш дека ова е некоја општествена фаза која мора да се помине, тогаш реков, подобро ќе се иселам од тука затоа што сите забегале... ако треба градов и општествово да ги истрпат комплексите на секоја нова владеачка група, тогаш никогаш нема да постигнеме ништо
за 25 години независност ако не сме постигнале ништо (бидејќи нели, за се што е претходно направено криви ни се окупаторите, вклучувајќи ја и политиката на Југославија), нема да постигнеме ништо ни за 200 години
ако некој гледа светла иднина во сето ова, може уште од сега да му кажам дека следните општествени гарнитури кога ќе дојдат до моќ, ќе си лечат повторно комплекси и ќе сервираат некоја катастрофа во стил Ск2014, ама овој пат спакувани во некој неквалитетен постмодернизам, а ништо чудно и тие да губат време со менување на фасади контра било каква логика...
и така ќе губиме време и средства на глуспоти, а градот ќе си се гуши во својот хаос се повеќе, а за промислено планирање на работите, ќе си сонуваме само...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2459
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4985 Posted: 02-Mar-2015 at 16:30
Originally posted by Џоле

Излегоа нови пикантерии за проектов. Да го парафразирам министерот за економија, кој на снимката вели: „Тоа е како да трошиме пари за чоколадо, а немаме ни леб“. Ете што мислат најблиските луѓе на Сеархитектот. Се кратат буџетите на сите државни институции за да има за Скопје 2014. Колку само луѓе умреле поради скратени болнички буџети, поради недостиг на лекови, поради немање гориво за возилата од итната помош или поради немање греење во самите здравствени установи.
Преслушајте ги снимките, ќе дознаете многу како се работело и какви прекршувања на законите се правеле.


Што се чудиш Џоле? Министерот за економија и нему сличните само го послушале советот на кинескиот цар Хуи од Јин, кој кога му кажале дека неговите поданици немаат доволно ориз за јадење, тој одговорил:"Зошто тогаш не јадат месо"?

http://www.mdbg.net/chindict/chindict.php?wdqb=%E4%BD%95%E4%B8%8D%E9%A3%9F%E8%82%89%E7%B3%9C
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4986 Posted: 02-Mar-2015 at 16:39
Originally posted by beTon


патетика Џоле, да знаеш уште колку ќе умреа да не беше ваквата макроекономска инекција за градежните компании, просто со истите пари потем ќе се сервисираа долгови кон надвор, ако имаш предвид дека ова не спаси од кризата, е сега друга работа е што вели Бојан како он би ги инвестирал овие пари пример во пругата кон бугарија итн. но и од овие проекти одма има аир и туристички и психолошки итн. просто со овој проект се олабави народ од хистеријата за името и пенетрирањето во еу и отан

реално пропусти има, нит пак овие на власт се совршеност во движење, но до сега поинвентивна власт а воедно и практична тешко дека сме имале а можеш да ми го запамтиш зборов тешко и дека ќе имаме

малку фалеше да од Скопје направиме некаков бренд а и сега не е касно доколку се заокружи проектов а потем истиот и да се пегла партерно и пејсажно што е обврска на општината но таа околината на нова железничка станица не ја оправа а не па друго, веројатно грешките времето ќе ги исправа, јасно повторно преку службите...


не ми е јасно како тоа две средновековни градежни фирми ни се бисер во економијава... долгови се враќаат ако се позајмуваат со усул... не е проблемот тоа како и каде ќе се трошат парите, туку зашто воопошто мора да се трошат во такви милијарди, во толку краток временски распон... како прво повеќе од пола од тие милијарди се фрлени на крајно бескорисни проекти... не може да филозофираме за економска ефикасност, а да го пропуштаме овој момент
плус.. каде се тие огромни суми кои се потрошени на стиропор, како да се поторшени за мермер на пример? што претставуваат дополнителни трошоци кои се предвидуваат за веќе комплетно завршени проекти?
ако копаш за секој проект посебно што е направено и потрошено, теоријата дека „Бетон“ се нашите спасители пропаѓа во вода
и секако, од СК2014 има аир од туристи, ама нема аир од железницата која треба да ги донесе до тука... чисто да те потсетам дека бројот на туристи вртоглаво се зголеми со субвенционирање на компании
инаку, истата власт го намали бројот на невработени со тоа што сите го напуштија заводот за вработување, реформира свои сопствени системи поставени пред пет години и менува закони за се да е по пропис...
да де, нема поинвентивна власт од оваа... во ставање глазура врз измет...
секоја чест на големата верба во нејзе

најинтересно ми е од целава приказна, кога се работи за најминијатурна микроскопска позитивна точка на некој проект, тогаш се сервира како аргумент и како спасител на народов, а за пропустите, абе пропусти се, се дешава... како да се тие минијатурната точка во сето ова

Edited by zabegan - 02-Mar-2015 at 16:51
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4987 Posted: 02-Mar-2015 at 17:14

нормално дека секој може да им најде забелешка, лично можамда ги пеглам со нептун и назад, но дефакто направиле прилично со свои сили, иако наравеното е далеку од перфектно, но не сме ние криви што очекуваме дека чаламот дека ќе помине поефтино поинаку

патем на мисла сум дека скопскиот туризам е повеќе за нас а не анимира ко скопјани да излеземе од пред тоа тенекињата и да живееме нормален ѓивот што посекако сеуште не е случај, но верувам ќе биде, а дека имаме потенцијал тоа е сигурно, битно е да се поработи на финесите поозбилно, за што оваа беше првата власта што воопшто донесе и туристичка стратегија, настрана археолошкатаи културната, иако и за инфраструктурата ко што гледам мислат, но и сами истакнаа дека и да сакале да почнат прво о пругите за истите немало П од проект та нормално додека дојде се до фаза на изведба минало и онолку време кое минало, во меѓувреме трошеле на згради кои и така им се неопходни на институциите, единствено може вишок во сето ова се мостовите, тркалото и спомениците, но за тоа извадија програма и народ им одобри

ова твоиве думи а и на повеќето на форумов ми делуваат како типичен македонски сеир, јас пак ќе кажам кој и да дојдеше поарно од ова тешко дека ќе извадеше, пошто нарачателот е ист, но нели ние да спукаме сеир оти ето ќе се нашло утре поарно, реално требаше дебати и требаше договорени проекти, но нит некогаш некој ќе премереше ешто подобно нит пак ќе се договореше за монументалност и саде мермер по сите страни, но ето битно сега за тоа можеме да кршиме клечки


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4988 Posted: 02-Mar-2015 at 17:54
Една од придобивките на овој и сличниве проекти е што целиот техичарски и инженерски кадар најде работа.Дотогаш на овие факултети одеа само забегани и пстануваа невработени или работеа за 12 000 денари.Во фирмиве штоработат на автопативе има отворен конкурс за геодети,градежни техничари и инженери и сличен кадар.Секојдневно нивните шефови ме прашуваат да не познавам случајно некој од таа бранша.И додека се најдат се увезуваат од Србија.Секоја недела пристигнуваа кадри од Србија бидејќи кај нас ги нема овие струки.

За маните на овој и слични проекти нема овде доволно простор за да пишувам,и тоа е општо познато.да не се повторуваме
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4989 Posted: 02-Mar-2015 at 18:09
Originally posted by beTon


нормално дека секој може да им најде забелешка, лично можамда ги пеглам со нептун и назад, но дефакто направиле прилично со свои сили, иако наравеното е далеку од перфектно, но не сме ние криви што очекуваме дека чаламот дека ќе помине поефтино поинаку

патем на мисла сум дека скопскиот туризам е повеќе за нас а не анимира ко скопјани да излеземе од пред тоа тенекињата и да живееме нормален ѓивот што посекако сеуште не е случај, но верувам ќе биде, а дека имаме потенцијал тоа е сигурно, битно е да се поработи на финесите поозбилно, за што оваа беше првата власта што воопшто донесе и туристичка стратегија, настрана археолошкатаи културната, иако и за инфраструктурата ко што гледам мислат, но и сами истакнаа дека и да сакале да почнат прво о пругите за истите немало П од проект та нормално додека дојде се до фаза на изведба минало и онолку време кое минало, во меѓувреме трошеле на згради кои и така им се неопходни на институциите, единствено може вишок во сето ова се мостовите, тркалото и спомениците, но за тоа извадија програма и народ им одобри

ова твоиве думи а и на повеќето на форумов ми делуваат како типичен македонски сеир, јас пак ќе кажам кој и да дојдеше поарно од ова тешко дека ќе извадеше, пошто нарачателот е ист, но нели ние да спукаме сеир оти ето ќе се нашло утре поарно, реално требаше дебати и требаше договорени проекти, но нит некогаш некој ќе премереше ешто подобно нит пак ќе се договореше за монументалност и саде мермер по сите страни, но ето битно сега за тоа можеме да кршиме клечки


од овој аспект и турците биле супер што ни направиле пруга... секако можело да се најдат некои забелешки ваму и таму, ама подобро пред нив немало... а богами и туризам анимирале со тоа конзулите...
официјално се откажувам од дискусијава... сепак нејќам ептен сеир да почнам да фаќам...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4990 Posted: 02-Mar-2015 at 18:29
Поддржувачите на овој проект користат слаби аргументи, често неубедливи, и наместо да почнат да се освестуваат после секоја новооткриена неправилност, некако уште повеќе се вкопуваат во своите ровови. Мислев дека на некои луѓе ќе им се отворат очите после аудио снимките (патем, ќе има уште, допрва ќе се открива криминал од невидени размери), но се излажав. Не е битно. Ќе бев посреќен ако Скопје добиеше некој проект што ќе ги унапредеше урбанизмот, јавните простори, јавниот превоз, архитектурата, туристичката, угостителската и забавната понуда, но наместо тоа го добивме тоа што го добивме. Имавме историска шанса да направиме нешто, ама поради егото и полтронството го добивме кошмаров со кој ќе треба да живееме долго време, барем ние што нема да избегаме од земјава.
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4991 Posted: 02-Mar-2015 at 18:37

патем испуштив да ти предочам дека тие две три фирми кои го држат градежништвото се главните виновници за економскиот раст од 2010 навака, јасно не беше само овој проект но со него речиси ги освежија правовремено

~

после свадба тапани е нишкава ама ај
Originally posted by Cloverstack

Не знам луѓе што се шокирате... 90% од ова веќе го знаевме и го имаме документирано и тоа сосе визуелизации. Единствено навистина ново во анимацијава е „обновата“ на фасади на стари објекти и тоа што сите поединечни бисери се ставени на куп.


~

смешно ми е што цела дискусија тука на сите овие страни што тера е сеир и лечење комплекси, мислам дека а тоа добро место е блог, но откако нешто го наредиле, единствено за кое е корисно на темава да се дебатира е како сето ова да се пегла и промовира, колку и да е недоносено, та кога можевме да носиме луѓе да одморат пред стоилко што па не пред триумлка, нејсе јас неа би ја решил од тоа рамките на рељефите пример, а потем би пуштил и партерно едно П од двете страни а зошто не и вертикално над неа та да дојде ко Н дефинитивно може нема да биде лошо Ацо да го прошетаат на Кале а таму да пуштат еден стаклен Македониум а тоа и дополнително би привлекло внимание итн. итн.

редно време е да се мисли што понатака, како и од ова да извлечеме максимум, а за тоа не се најдвит коментар по меѓиве




Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4992 Posted: 02-Mar-2015 at 18:45

Џоле коментаров горе е за Избеганио, а на тебе би ти реплицирал антирововски знали дефакто се од проектов е договорено унапред и спомениците и мостовите а особено тоа кинескиот ѕид пред мнт, мислам потенцирав дека који да беше на власт ќе мораше ова да го пегла нарачката им е неопходна на службите за да не уверат дека треба да излееме од дома а со тоа и да не радвижат во исто време дефокусирајки не од битни одлуки односно притисоци за неодродување односно останување свои на своето, нам дека ви делува ова ко научна фантастика ама ако си имал работа со дотичните "служби" ќе ти беше јасно дека сето ова сега што го малтиме ние тука е бетер и од празна слама

така да чорба, што ако беше овој или оној на власт, нарачката пак ќе врвеше, настрана што и јас не ја оправдувам, но имам рабирање а неа, а преку истото гледам да дадам и правовремена акрпа во форма на идеи и поуки како потојниов калабалак да се оправа

ето тоа со панормаското тркало и гтц е една, со скулптурите од мостовите а по кеј друга, а пејсажно маскирање на балустрираните огради трета итн. итн.


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4993 Posted: 02-Mar-2015 at 18:53
Секогаш и од секоја влада ќе подржам `завземање` на градежни маркици за државни објекти.времето пред нас ќе покажи дека секој оставен простор приватници ќе го завземат ,нормално со плик испод маса.

А за техничкиот кадар само еден пример-мој пријател рударски инженер земаше околу 17 000 во една кичевска фирма,а сега му се отвори шанса во форма што работи на автопатот и е платен над 50 000 денари со платен мобилен,службена кола....а досега беше еден малкуте среќници со рударски факултет кој беше вработен.

За маните на овој проект,пак ќе кажам-има многу за пишување и е тоа повторувано стотици пати.Го знаеме сите напамет како папагли.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4994 Posted: 02-Mar-2015 at 19:29

стварно ме изненади колку тротоарети и плочниците се параспур в центар и околу центар, има ли Жерновски намера ова да го пегла,или одинаетќечекаме да му мине мандат за да дојде некој кој ова ќе почне да го прави?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4995 Posted: 02-Mar-2015 at 19:37
Некако многу пасивен е.Или му оставиле празна каса или.....
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4996 Posted: 02-Mar-2015 at 19:46

или можеби иает е, со оглед дека има камен за по папагали но не и за тротоари, очекува дека станарите нив сами ќе си ги оправат бар пред зграда

инаку ретерирањето да не ги сервисира старите договори на општината со власта е за греота, она дека требаше задниот дел од патинираните згради во центар да ги фасадира, мислам дека само кај нас смеволку способни од инат да изедеме кило сол само за да му цркне козата на комшијата, ова сега навистина ќе биде гротескно онака потемкиново село одиш напред барок а одзади каша од руина и селски закрпи

ајде белки помирно спие бидејки успеал некако да им мати во патинирата чорба на реформаторите, односно ќе мора контра за да се бараат фалинки на патината,како беше она ако неможеш да возиш ти бар на оној што вози ќему бушиш гуми, макар немал ауто ни по роднини     
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4997 Posted: 02-Mar-2015 at 19:50
Originally posted by beTon


Џоле коментаров горе е за Избеганио, а на тебе би ти реплицирал антирововски знали дефакто се од проектов е договорено унапред и спомениците и мостовите а особено тоа кинескиот ѕид пред мнт, мислам потенцирав дека који да беше на власт ќе мораше ова да го пегла нарачката им е неопходна на службите за да не уверат дека треба да излееме од дома а со тоа и да не радвижат во исто време дефокусирајки не од битни одлуки односно притисоци за неодродување односно останување свои на своето, нам дека ви делува ова ко научна фантастика ама ако си имал работа со дотичните "служби" ќе ти беше јасно дека сето ова сега што го малтиме ние тука е бетер и од празна слама

така да чорба, што ако беше овој или оној на власт, нарачката пак ќе врвеше, настрана што и јас не ја оправдувам, но имам рабирање а неа, а преку истото гледам да дадам и правовремена акрпа во форма на идеи и поуки како потојниов калабалак да се оправа

ето тоа со панормаското тркало и гтц е една, со скулптурите од мостовите а по кеј друга, а пејсажно маскирање на балустрираните огради трета итн. итн.


зошто викаш дека сето ова морало да биде направено?
научна фантастика е да очекувам објект да сместат на адекватно место? научна фантастика е проектот да е малце поекономичен и посеирозно осмислен?
национална зрелост, економија и политика не биваше без тоа да се фукне објект на произволно место, со се друго после него произволно направено...???
зошто се прави сето ова? кое е оправдувањето? ...многу ми е смешно што членови се нафаќаат одоколу да филозофираат за глобала, ама не се наварќаат на основно појаснување, на основно прашање, ЗОШТО? зошто никој не сака да не удостои со тој одговор,
никој не го сакаше ова, дури и најголемите мразачи на постземјотресно скопје и најголемите поддржувачи на Ск2014, па дури и политичката фела која го овозможни реализирањето на Ск2014, верувам дека не им се допаѓа околу 90% од она што се прави на градов и дека се борат со себеси да најдат основна логика на сето ова... тогаш зошто се прави?
околу 90% од она што го застапува Ск2014 во архитектонско-урбанистичка, политичка или економска смисла, баш и не мораше да постои
заоа и поинтересно е секој проект посебно да го дискутираме отколку Ск2014 како појава...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4998 Posted: 02-Mar-2015 at 19:56
Originally posted by beTon


стварно ме изненади колку тротоарети и плочниците се параспур в центар и околу центар, има ли Жерновски намера ова да го пегла,или одинаетќечекаме да му мине мандат за да дојде некој кој ова ќе почне да го прави?
...не знам, можда владата треба да се нафати на тоа... за виша цел се разбира...
сигурно ќе се најде и некој изговор за тоа како тротоарите во центар се од исклучително значење од земјава и во нив треба да се вложат милијарди...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4999 Posted: 02-Mar-2015 at 20:00

мислам повторив 10тина пати дека е нарачка, која независно кој и да беше на власт ќе мораше да ја испорача, дефакто со тоа требаше и се дефокусира одродувањето, она имаше народ а што да се замара додека овие дургите пробуваа да спроведат своите агенди, ајде и мене ми е смешно како дошло до сето ова

Ск'14 ће биде сведок за многу работи, но најбитно за нашите недоносени амбиции,прво гледавме да му скубнеме на сталкерот,потем откако му скубнавме нему посакавме со скубнатото да почнеме нова страница а попат страницата да може да се свитка и во авионче, но на крај замирисува повторно на сталкер а авиончето почне пајажини да собира уште недопраено

но ајде ова, него тоа новата малџиска зграда во маџар маало така ја надополнува патинирава визура - со поглед од железничка кон центар - да на човек му доаѓа пред неа да застане да се слика, надреализам нема што, од се што можеа да промашат мислам не беа дуповите во мал ринг него оние во голе ринг


    
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5000 Posted: 02-Mar-2015 at 20:03
Ајдеее, сега тротоарите во Центар. Ова е класично свртување на вниманието на темата Скопје 2014. Бетон, дај фотки и локации каде има проблем со тротоарите, ама во друга нишка на форумов. Ако има проблем со општина Центар, тогаш треба да се реагира. Онаму кај што се плоштади, булевари и слични јавни површини треба да реконструира Град Скопје.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 248249250251252 328>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.578 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.