Author |
Topic Search Topic Options
|
Bojan10
Senior Member
Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
|
Quote Reply
#5181 Posted: 01-Apr-2015 at 15:54 |
Originally posted by Џоле
Originally posted by Bojan10
Сметав дека тоа е тоа што не успеале да го постигнат нашиве архитекти. А не знам да наведам кој стил се, затоа прашав.
Првиот објект е универзитетската зграда во Љубљана изграден на почетокот на 20 век, вториот е градската сала во Бирмингем изградена 1834 година. Што мислам дека е задоцнето и во едниот и во другиот случај, ама денес не е важно.
Бруталистичките згради во Скопје биле во тек со времето, и најискрено денес ми е криво што сме биле во тек со времето. Камо среќа да граделе вакви кичести згради како универзитетската во Љубљана.
EDIT: Пардон, салата во Бирмингем може и да била во тек со времето. |
Ние и денес можеме да бидеме во тек со времето, градејќи неокласицистички згради, но проблемот е во тоа што кај нас не се гради тоа во моментов. Во Скопје сега се градат фалсификати од гипс и стиропор, наместо вистински згради од камен, мермер и слично. Ќе дадам еден друг пример за тоа што се прави кај нас: се сеќавате ли на оние евтини кинески имитации на Adidas патиките, кои се распаѓаа по еден месец носење, кои намести три ленти /// (познатиот симбол на овој бренд) имаа четири и на кои наместо Adidas пишуваше Abibas, Adibas, Adabas итн.? Е па, нашиве фалсификати се нивен еквивалент во архитектурата. Денес има бројни примери за неокласицистички зданија што се градат низ светот, кои на некој начин се надоврзуваат на своите претходници, но ова што се прави кај нас според мене е, најблаго кажано, сквернавење на архитектурата. |
Еднаш засекогаш, сакале , ама не знаеле да го направат како треба, а потрошија пари како да е направено како што треба. Не ми се допаѓаат објектите од СК 2014 баш затоа што требаа да излезат како Adidas, а излегоа како Abidas.
Не е луд Груевски да прави нешто што не чини, ама толку му сече црпката, и на него и на тие околу него. Скокани се процедури, кои за жал и не гарантираат квалитет, ама би се исправиле некои грешки. Процедурите треба да се постават по стандарди од времето кога градовите низ Европа го добиле најдоброто.
СК 2014 не може да добие преодна оцена, ама дека добар дел од зградите ќе бидат корисни, ќе бидат.
И доста со тоа народот никој не го праша, и не треба да го прашува. Кој се разбира од архитектура, сељаците што кога ќе се вратат од печалка ставаат лавчиња на порта, Циганите од Шутка, пола Скопје што ги загради терасите?! Проблем е што овие се испонашаа како сељак кога ќе дојде до пара. Премногу му се дозволува на народот. Си наполнил 18 години, и веднаш знаеш кој треба да владее, каква зграда треба да се гради,... нема поефтино право од гласачкото право. За да возиш кола ти требаат 20 документи, што здравствени уверенија, што дозволи, а за да одлучиш кој ќе ја води државата и како треба да се трошат парите треба само да си 18 години, ма немој.
Треба да постои совет на архитекти кој ќе аминува дали нешто може или не може да се гради. Врховен градежен орган составен од еминентни македонски и светски архитекти, ќе заседава еднаш неделно, и ќе ги разгледува сите барања за градба. Ако не стави печат, не може да градиш и чао.
Евентуално, велам евентуално, ако имаат 2-3 добро изработени планови, па не може да се одлучат, може да го проверат мислењето на народот. Ама народот е помодарски, секогаш гледа да не испадне сељак, па ќе го избере сигурно најмодерното, т.е. чудото за 3 дена.
|
Од чаламот си патиме!
|
|
alexsend
Senior Member
Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
|
Quote Reply
#5182 Posted: 01-Apr-2015 at 18:41 |
Скопје 2014 е грешка од невидени размери. Скопје 2014 е уништување на Скопје ДО 2010.Скопје 2014 ќе биде пример во многу учебници по градежништво и архитектура како не треба! Скопје 2014 е лечење комплекси и детски фрустрации на луѓе кои немале ништо и во еден момент добиле се. Како што рече и Бојан, кога сељак ќе дојде до моќ и пари се случуваат работи како Скопје 2014, но и како Водно кое личи како сиромашно Бразилско планинско предградие и Скопје со сите нови згради во различни бои како циганско маало, изградени без било каков план. Што беше тоа урбанизам и просторно планирање? Скопје 2014 е кичерај и фушерај, лага со крајно неквалитетни материјали. Фасада која веќе избледува. Стотици милиони евра за понижување, враќање во минатото и уништување на вистинската историја на градот и сето тоа неколку пати преплатено! Јас не знам како не им е срам на сите оние кои дале потпис за вакво нешто! Како се осеќа авторот на онаа нова борделашка зграда на рекорд знаејќи дека неговото дело е извор на потсмев! Зар парите ќе го исбришат срамот!? Зарем објектот ќе го стави во своето резиме!? И не само тој, многу други учесници во проектов треба да се замислат што направиле. Зарем сите тие ликови не прошетале подалеку од земјава да видат што се гради по светските метрополи во 21ви век? Чуле ли тие луѓе за Ротердам или можеби Франкфурт? Каде дипломирале? Зарем вака го замислувале Скопје како деца? Зарем вака го замислувавте ВИЕ Скопје како деца!? Ова не е повеќе моето Скопје.
Со овие 500 милиони евра можевме да бидеме еден од најмодерните градови на Балканот, да бидеме пример за тоа како треба, да имаме модерни згради, одлична инфраструктура...
А што сме сега? Само една голема шала. Едно сиромашно Бразилско предградие.
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
totobobo
Senior Member
Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
|
Quote Reply
#5183 Posted: 01-Apr-2015 at 20:00 |
Originally posted by BOJAN
Originally posted by totobobo
Originally posted by Bojan10
Прашање до Архитектите на форумов, кој правец е ова?
EDIT:
Што ли мислеле ВМРОвциве од Бирмингем:
|
Замислете какви дрвоубици се овие скотовите од Љубљана, уништиле вековни дрва, ги сосекле до земја, како да уживаат во тоа сечење на дрва. Насадиле млади садници на кои ќе им треба 20 години да пораснат. Срамота. Сега треба овој градоначалникот на Љубљана да посади нови 2.000 хектари дрва, точната локација за садењето на овие нови шуми предлагам да ја одредиме ние, поточно некои од дежурните плачковци на форумов. |
Totobobo, се работи за седиштето на Универзитетот во Љубљана во неоренесансен стил, дизајнирано од чешки архитект, подоцна корегирано од австриски. Изградено пред еден век. Љубљана - градот на Јоже Плечник.
„Скопје 2014“ нема никогаш да биде Љубљана. Прво, Чаушот нема добиено ниту една архитектонска награда или било какво признание за глупостите со кои расфрла низ центарот на Скопје како да му е домашен двор. Еве, дај да слушнам каде тоа неговите трудови се пофалени и признати како вредни во светот.
Второ, во изградбата на Љубљана учествувале серија на познати архитекти, првенствено од средна Европа, кои постоечките зданија во центарот ги реализирале првенствено кон крајот на 19 и почеток на 20 век. Значи, архитекти од Чешка, Австрија, а не само од Словенија. Во „Скопје 2014“ имаме замешаност на владетел кој сака да промени се` во центарот на Скопје, во комбинација со треторазредни домашни архитекти.
Трето, Џоле веќе спомена. Стиропорот, гипсот и редица на други градежни материјали со кои се сака да се постигнат некакви „европски“ архитектонски стилови доведуваат до тоа Скопје да изгледа како девојка со вештачки гради и фејс-лифтинг.
Четврто, паралелно со фурањето на конкретни архитектонски стилови од „Скопје 2014“ се монтира одреден недемократски режим, во кој тоталитаризмот и архитектурата се хранат меѓусебно. Ова не е случај со Љубљана. Недемократичноста конкретно во урбанистичкото планирање и архитектонските правци е во тоа што граѓаните на главниот град во ниту еден момент не беа прашани дали нешто од ова што го гледаме тие го сакаат. „Скопје 2014“ е чист кабинетски проекти на луѓе што можат да се избројат на една, најмногу две раце, и тука доаѓаат до израз авторитарните тенденции на оваа владејачка гарнитура. |
Не си ме разбрал, јас се нервирав за исечените дрва (немилосрдно) од страна на Градоначалникот на Љубљана, половина век ке помине додека пораснат новите садници кои ги гледаме на твојата слика. Исто како што се нервирам за секоја искорната грмушка во Скопје...
|
Interceptor design
|
|
jalicno
Newbiе
Joined: 26-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 14
|
Quote Reply
#5184 Posted: 01-Apr-2015 at 20:33 |
Originally posted by alexsend
Скопје 2014 е грешка од невидени размери. Скопје 2014 е уништување на Скопје ДО 2010.Скопје 2014 ќе биде пример во многу учебници по градежништво и архитектура како не треба! Скопје 2014 е лечење комплекси и детски фрустрации на луѓе кои немале ништо и во еден момент добиле се. Како што рече и Бојан, кога сељак ќе дојде до моќ и пари се случуваат работи како Скопје 2014, но и како Водно кое личи како сиромашно Бразилско планинско предградие и Скопје со сите нови згради во различни бои како циганско маало, изградени без било каков план. Што беше тоа урбанизам и просторно планирање? Скопје 2014 е кичерај и фушерај, лага со крајно неквалитетни материјали. Фасада која веќе избледува. Стотици милиони евра за понижување, враќање во минатото и уништување на вистинската историја на градот и сето тоа неколку пати преплатено! Јас не знам како не им е срам на сите оние кои дале потпис за вакво нешто! Како се осеќа авторот на онаа нова борделашка зграда на рекорд знаејќи дека неговото дело е извор на потсмев! Зар парите ќе го исбришат срамот!? Зарем објектот ќе го стави во своето резиме!? И не само тој, многу други учесници во проектов треба да се замислат што направиле. Зарем сите тие ликови не прошетале подалеку од земјава да видат што се гради по светските метрополи во 21ви век? Чуле ли тие луѓе за Ротердам или можеби Франкфурт? Каде дипломирале? Зарем вака го замислувале Скопје како деца? Зарем вака го замислувавте ВИЕ Скопје како деца!? Ова не е повеќе моето Скопје.
Со овие 500 милиони евра можевме да бидеме еден од најмодерните градови на Балканот, да бидеме пример за тоа како треба, да имаме модерни згради, одлична инфраструктура...
А што сме сега? Само една голема шала. Едно сиромашно Бразилско предградие.
|
Која е таа вистинска историја на Скопје која е уништена?
|
|
one1
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
|
Quote Reply
#5185 Posted: 01-Apr-2015 at 20:34 |
Македоније е една голема дупка, назадена и квази патриотска творевина која е тоа последно токму поради тоа што му се сервира на народот од независноста а во последните 9 години како најмногу.
Не заборавајте народот на овие простори голта се што му се сервира не е важно каков вкус е тоа што го голта.
Во Титово време ги голтаа срањата на Белград и на комунистите. Во 90тите години ги голтаа сраќата на транзицистите сега ги голтаат срањата на патриотите.
Целава работа со Македонија е тоа што Македонија во овие моменти по никаква вредност не е држава односно е држава која води натпревар со Косово во битка за подобра позиција. Практично Косово во овие моменти е далеку понапред во однос на правецот кој го зазема по решавањето на проблемот со Србија.
Во регионот ние сме убедливо на последното место во однос на се. Не постои параметар каде Албанија или Бугарија се поназад од нас. Патот по којшто сме тргнати а посебно со оваа власт и нејзините политики е пат во кој не можеме да се мериме ниту со времето на Милошевиќ во 90тите години во векот кога Србија беше нацистичка Германија на Балканот.
Македонија е без иднина земја на затворено и затупено општество во кое шлемовите и шлајмовите се тоа што се голта. Вистинските вредности се далеку. Скопје 2014 е дел од мозаикот. Немојте да мислите дека СК2014 е изолиран проект. Секако дека е тоа проект за покажување на недостаток на државност на народност но и истовремено покажување каков мизерен народ и власт крепи на овие простори.
Скопје 2014 е само еден голем шлајм кој не може да се избрише без долгорочни ефекти кои ќе ги трпиме.
Edited by one1 - 01-Apr-2015 at 20:37
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#5186 Posted: 01-Apr-2015 at 22:06 |
Originally posted by maks
За редот и редоследот на градба, побарај одговор во интервјуто што го препастирав на Жика Поповски од 2001 година кога нема ни С од ск 14.А исклучокот,, ала тифани,, на фамозниот сдсм миленик ала мијалков, Љ. Палевски....е токму причината заради која денес неможе на вистинското место да започен да се реализира подземниот премин под главниот плоштад. Човекот насилнички реши тука да ја крене својата зграда, откако го провалија,веројатно воочи избори, дека му дале спорно одобрение за градба.Секако истите оние на кои денес се повикувате дека се правдољупци! Ќе потенцирам, не може да зборуваме за иднината ако не погледнеме во минатото за одговори на овие феномени. Исто како во психотерапија. Се враќате секогаш во детството, на почетоците. Тука просторната анализа, го бара истото.А за цените и што можело повеќе и подобро надвор од Мал Ринг(како да центарот на еден главен град треба да е селска пољана-всушност заборавив дека имаме масовна хистерија за кенан кожарот и сендвичарите под ЕВН.), не можам да ви одговорам оти, нели за жал имам ваков за вас несфатлив став, но ете не сум учествувал во изградбата на овие објекти. Дали се небулозни некои од нив? За мене се небулозни десетици објекти во централниот периметар на Ск, со наречи, модерен соц шарм ала периферија на Софија или Прага уште од многу одамна, па ете не сум велел да се распнат архитектите. Знам дека тоа бил премолчениот дикатат, не повеќе од она во Бе Ге.
|
А СК2014 е поглед кон иднината? комплетна копија на блиското минато со коринтски столпчиња?
и не ми ставај етикети за нешто што не сум го зборел... ваљда не сум до толку будала да го сметам Грчев за правдољубец... затоа и ти кажувам дека се согласувам со тоа што го збориш погоре и дека не можам и да сакам да го оспорам како факт
ама во кој контекст го ставаме тоа? како оправдание на Ск2014? како констатација дека градов е осуден на тоа да доживува едно те исто со секој нов психопат со културно преродбенички замисли?
или само ќе си збориме за кобните историски периоди на градов онака?
...небулозни се еден куп работи, ама тука збориме за Ск2014
инаку, една работа неповрзана со дискусијава... една скапана трафика/сендвичара како стоилко кај што 100 пати отруја луѓе со храна, има надалеку поголема културна тежина од било што изградено во последниве години
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#5187 Posted: 01-Apr-2015 at 22:13 |
Originally posted by jalicno
Originally posted by alexsend
|
Која е таа вистинска историја на Скопје која е уништена? |
зависи на која мислиш
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#5188 Posted: 01-Apr-2015 at 22:23 |
Originally posted by totobobo
Originally posted by BOJAN
Originally posted by totobobo
Originally posted by Bojan10
Прашање до Архитектите на форумов, кој правец е ова?
|
Замислете какви дрвоубици се овие скотовите од Љубљана, уништиле вековни дрва, ги сосекле до земја, како да уживаат во тоа сечење на дрва. Насадиле млади садници на кои ќе им треба 20 години да пораснат. Срамота. Сега треба овој градоначалникот на Љубљана да посади нови 2.000 хектари дрва, точната локација за садењето на овие нови шуми предлагам да ја одредиме ние, поточно некои од дежурните плачковци на форумов. |
Totobobo, се работи за седиштето на Универзитетот во Љубљана во неоренесансен стил, дизајнирано од чешки архитект, подоцна корегирано од австриски. Изградено пред еден век. Љубљана - градот на Јоже Плечник.
„Скопје 2014“ нема никогаш да биде Љубљана. Прво, Чаушот нема добиено ниту една архитектонска награда или било какво признание за глупостите со кои расфрла низ центарот на Скопје како да му е домашен двор. Еве, дај да слушнам каде тоа неговите трудови се пофалени и признати како вредни во светот.
Второ, во изградбата на Љубљана учествувале серија на познати архитекти, првенствено од средна Европа, кои постоечките зданија во центарот ги реализирале првенствено кон крајот на 19 и почеток на 20 век. Значи, архитекти од Чешка, Австрија, а не само од Словенија. Во „Скопје 2014“ имаме замешаност на владетел кој сака да промени се` во центарот на Скопје, во комбинација со треторазредни домашни архитекти.
Трето, Џоле веќе спомена. Стиропорот, гипсот и редица на други градежни материјали со кои се сака да се постигнат некакви „европски“ архитектонски стилови доведуваат до тоа Скопје да изгледа како девојка со вештачки гради и фејс-лифтинг.
Четврто, паралелно со фурањето на конкретни архитектонски стилови од „Скопје 2014“ се монтира одреден недемократски режим, во кој тоталитаризмот и архитектурата се хранат меѓусебно. Ова не е случај со Љубљана. Недемократичноста конкретно во урбанистичкото планирање и архитектонските правци е во тоа што граѓаните на главниот град во ниту еден момент не беа прашани дали нешто од ова што го гледаме тие го сакаат. „Скопје 2014“ е чист кабинетски проекти на луѓе што можат да се избројат на една, најмногу две раце, и тука доаѓаат до израз авторитарните тенденции на оваа владејачка гарнитура. |
Не си ме разбрал, јас се нервирав за исечените дрва (немилосрдно) од страна на Градоначалникот на Љубљана, половина век ке помине додека пораснат новите садници кои ги гледаме на твојата слика. Исто како што се нервирам за секоја искорната грмушка во Скопје... |
кој fail за сарказам ти е ова човече... нити знаеш што имало на дотичната локација пред да се изградат објектите, ниту пак знаеш како се садат и се сечат дрва во Љубљана, туку ај ќе си тресеме безвезе... а и трагичното е, дури и да се уништил некој парк за изградба на објективе во Љубљана, ќе беше исто срамота, дури и за век стари стандарди, тоа што се работи за Љубљана, не значи дека треба да го земеме како пример, само затоа што не е Скопје, и истото важи за било што...
кај нас се работи за уништување на готови пешачки површини и паркчиња, на здрави дрва и дрвореди, а не за некои диви полјани и грмушки... ако не успеваш да направиш разлика помеѓу дива полјана и урбано зеленило, тоа е е веќе твој проблем
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
totobobo
Senior Member
Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
|
Quote Reply
#5189 Posted: 02-Apr-2015 at 07:46 |
Originally posted by zabegan
Originally posted by totobobo
Originally posted by BOJAN
Originally posted by totobobo
Originally posted by Bojan10
Прашање до Архитектите на форумов, кој правец е ова?
|
Замислете какви дрвоубици се овие скотовите од Љубљана, уништиле вековни дрва, ги сосекле до земја, како да уживаат во тоа сечење на дрва. Насадиле млади садници на кои ќе им треба 20 години да пораснат. Срамота. Сега треба овој градоначалникот на Љубљана да посади нови 2.000 хектари дрва, точната локација за садењето на овие нови шуми предлагам да ја одредиме ние, поточно некои од дежурните плачковци на форумов. |
Totobobo, се работи за седиштето на Универзитетот во Љубљана во неоренесансен стил, дизајнирано од чешки архитект, подоцна корегирано од австриски. Изградено пред еден век. Љубљана - градот на Јоже Плечник.
„Скопје 2014“ нема никогаш да биде Љубљана. Прво, Чаушот нема добиено ниту една архитектонска награда или било какво признание за глупостите со кои расфрла низ центарот на Скопје како да му е домашен двор. Еве, дај да слушнам каде тоа неговите трудови се пофалени и признати како вредни во светот.
Второ, во изградбата на Љубљана учествувале серија на познати архитекти, првенствено од средна Европа, кои постоечките зданија во центарот ги реализирале првенствено кон крајот на 19 и почеток на 20 век. Значи, архитекти од Чешка, Австрија, а не само од Словенија. Во „Скопје 2014“ имаме замешаност на владетел кој сака да промени се` во центарот на Скопје, во комбинација со треторазредни домашни архитекти.
Трето, Џоле веќе спомена. Стиропорот, гипсот и редица на други градежни материјали со кои се сака да се постигнат некакви „европски“ архитектонски стилови доведуваат до тоа Скопје да изгледа како девојка со вештачки гради и фејс-лифтинг.
Четврто, паралелно со фурањето на конкретни архитектонски стилови од „Скопје 2014“ се монтира одреден недемократски режим, во кој тоталитаризмот и архитектурата се хранат меѓусебно. Ова не е случај со Љубљана. Недемократичноста конкретно во урбанистичкото планирање и архитектонските правци е во тоа што граѓаните на главниот град во ниту еден момент не беа прашани дали нешто од ова што го гледаме тие го сакаат. „Скопје 2014“ е чист кабинетски проекти на луѓе што можат да се избројат на една, најмногу две раце, и тука доаѓаат до израз авторитарните тенденции на оваа владејачка гарнитура. |
Не си ме разбрал, јас се нервирав за исечените дрва (немилосрдно) од страна на Градоначалникот на Љубљана, половина век ке помине додека пораснат новите садници кои ги гледаме на твојата слика. Исто како што се нервирам за секоја искорната грмушка во Скопје... | кој fail за сарказам ти е ова човече... нити знаеш што имало на дотичната локација пред да се изградат објектите, ниту пак знаеш како се садат и се сечат дрва во Љубљана, туку ај ќе си тресеме безвезе... а и трагичното е, дури и да се уништил некој парк за изградба на објективе во Љубљана, ќе беше исто срамота, дури и за век стари стандарди, тоа што се работи за Љубљана, не значи дека треба да го земеме како пример, само затоа што не е Скопје, и истото важи за било што...
кај нас се работи за уништување на готови пешачки површини и паркчиња, на здрави дрва и дрвореди, а не за некои диви полјани и грмушки... ако не успеваш да направиш разлика помеѓу дива полјана и урбано зеленило, тоа е е веќе твој проблем |
Пред да се изградат објектите, пред два века незнам и не ме интересира што имало тука, мене ми пречи тоа што пред година-две се исечени прекрасни дрва и насадени се овие новите кои што ги гледаш на сликава...
Важно е човек да е во тренд, и јас сум во тренд кога плачам за секоја исечена грмучка во градов (зеленилото е за мене се), срцето ми го корнат со сечење на секое па макар и скапано дрво. Ич не и е гајле колку нови ке насадат, кој ке ги чека новите да пораснат. Впрочем јас Скопје го гледам во перспектива како конзервирана тегла со туршија, не би требало да се дозволи сечење ниту на едно дрвце, не смее да се руши ниту една куќа за да се гради нешто друго. Мораме да го оставиме градот (или да го вратиме назад) како пред 30 години, тоа е автентичното, величественото, безвременското Скопје, Скопје кое што нема да смее и нема никој да го допре со столетија.
пс Нормално е дека мали корекции како папагали ке бидат дозволени заради уметнички дојам.
Edited by totobobo - 02-Apr-2015 at 07:50
|
Interceptor design
|
|
alexsend
Senior Member
Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
|
Quote Reply
#5190 Posted: 02-Apr-2015 at 16:32 |
Originally posted by zabegan
Originally posted by jalicno
Originally posted by alexsend
|
Која е таа вистинска историја на Скопје која е уништена? | зависи на која мислиш |
Вистинаска историја на Скопје е Кензо Танге! Старата железничка станица. Стара чаршија. Дебар Маало. Кале и Камени. Вистинска историја е Ристичева палата. Градот во кој јас растев е постземјотресно Скопје кое е дизајнирано како модерен град.
Во Скопје никогаш немало буржоазија, кралства, елита, барок...Во Скопје до 1920 имало 5 згради. Ова што се прави е лудост, една голема лага! Ние немаме практично ништо, Скопје е нов град и како таков требаше да се развива.
Edited by alexsend - 02-Apr-2015 at 17:01
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
Bojan10
Senior Member
Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
|
Quote Reply
#5191 Posted: 02-Apr-2015 at 17:20 |
Originally posted by alexsend
Originally posted by zabegan
Originally posted by jalicno
Originally posted by alexsend
|
Која е таа вистинска историја на Скопје која е уништена? | зависи на која мислиш |
Вистинаска историја на Скопје е Кензо Танге! Вистинска историја е Ристичева палата. Градот во кој јас растев е постземјотресно Скопје кое е дизајнирано како модерен град.
Во Скопје никогаш немало буржоазија, кралства, елита, барок...Во Скопје до 1920 имало 5 згради. Ова што се прави е лудост, една голема лага! Ние немаме практично ништо, Скопје е нов град и како таков требаше да се развива. |
Па да, толку е историјата на Скопје. 50 години. Дај немој да не зезаш. Со Скопје не може никако да се поврзат зборовите ДУХ и ИСТОРИЈА, може да се вергла и импровизира, ама нема логика. Ако одиш во историјата да го бараш духот, верувај нема да ти се допадне. Отпор кон промена е нормална појава. Народов бил и против промена Турци - младотурци, а камо ли вакво нешто што боде очи.
Пречи промената на навиките на луѓето, што е западноцивилизациски тек, а не промената на архитектурата. Тебе ти недостасува тој живот, а не старо Скопје. Скопје никогаш не успеало да стане „старо“ во смислата која се трудите несмасно да ја објаснувате.
Во Скопје немало буржоазија, и РистиЧева е историја на Скопје во иста порака?! Сите згради што ги сакате од предземјотресно Скопје се монархистички и буржоаски.
Што па модерно сте живееле, во модерен град, чудо едно. Сеќавање на селски адети и мирен живот со рингишпил, сладолед, корзо и сл. Население кое преживеало катастрофа им се радува на едноставните работи. Времињата се различни, државата е различна, ќе дојде генерација која ќе влече корист од СК 2014, ама треба време.
Одмори малце. Само омраза извира од тебе.
|
Од чаламот си патиме!
|
|
totobobo
Senior Member
Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
|
Quote Reply
#5192 Posted: 02-Apr-2015 at 17:56 |
Originally posted by alexsend
Originally posted by zabegan
Originally posted by jalicno
Originally posted by alexsend
|
Која е таа вистинска историја на Скопје која е уништена? | зависи на која мислиш |
Вистинаска историја на Скопје е Кензо Танге! Старата железничка станица. Стара чаршија. Дебар Маало. Кале и Камени. Вистинска историја е Ристичева палата. Градот во кој јас растев е постземјотресно Скопје кое е дизајнирано како модерен град.
Во Скопје никогаш немало буржоазија, кралства, елита, барок...Во Скопје до 1920 имало 5 згради. Ова што се прави е лудост, една голема лага! Ние немаме практично ништо, Скопје е нов град и како таков требаше да се развива. |
Ако Кензо и неговите дела за тебе се Скопје, за мене не се, и пред Кензо и после Кензо имало и ке има Скопје, сите Скопја во различни периоди имале различни лица. Ако за тебе Скопје е нов град и започнѕва од земјотресот навака, за мене не е, не го оспорувам твојот став и мислење, но прифати дека има луѓе кои што веруваат во Скопје поинакво од твојата перцепција за градот во кој си растел. Сме растеле и ние во истиот град, а растат во него и нашите деца, секој од нас со различни очи ги гледа промените кои ни се случуваат околу нас...
|
Interceptor design
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#5193 Posted: 02-Apr-2015 at 18:11 |
Originally posted by alexsend
Originally posted by zabegan
Originally posted by jalicno
Originally posted by alexsend
|
Која е таа вистинска историја на Скопје која е уништена? | зависи на која мислиш |
Вистинаска историја на Скопје е Кензо Танге! Старата железничка станица. Стара чаршија. Дебар Маало. Кале и Камени. Вистинска историја е Ристичева палата. Градот во кој јас растев е постземјотресно Скопје кое е дизајнирано како модерен град.
Во Скопје никогаш немало буржоазија, кралства, елита, барок...Во Скопје до 1920 имало 5 згради. Ова што се прави е лудост, една голема лага! Ние немаме практично ништо, Скопје е нов град и како таков требаше да се развива. |
секој растел во различен град, и различно го памти... јас растев во нахјаотичниот и најскапаниот период на Скопје, па пак имам што да кажам како позитивни страни од тоа што сум го видел во градов во мојот животен век
затоа и ми е смешно што сите си имаат некаков вид на историска фрустрација, период што го мразеле или обожавале
затоа и си поставувам прашање, зависи на која историја мислиш, затоа што секој си има своја различна верзија на приказната
јас го сакам градов каков и да е, онака локал-патриотски... само криво ми е што после толку долго време не може да воспостави континуитет во постоењето, малце развој и малце попправање на грешките од минатото онаму каде е возможно
заглавени сме со тоа да си живееме со фрустрациите на луѓе кои не знаат што сакаат, не сакаат ништо да научат, а сакаат све да биде по некои нивни лични замисли, како некои кафански пијаници со кои не можеш цивилизирано да се разбереш... дали тие луѓе сакаат современа аритектура, или барок сеедно... тоа што е битно е што се далеку од реалноста
Edited by zabegan - 02-Apr-2015 at 18:17
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#5194 Posted: 02-Apr-2015 at 18:15 |
Originally posted by totobobo
Originally posted by zabegan
Originally posted by totobobo
Originally posted by BOJAN
Originally posted by totobobo
Originally posted by Bojan10
Прашање до Архитектите на форумов, кој правец е ова?
|
Замислете какви дрвоубици се овие скотовите од Љубљана, уништиле вековни дрва, ги сосекле до земја, како да уживаат во тоа сечење на дрва. Насадиле млади садници на кои ќе им треба 20 години да пораснат. Срамота. Сега треба овој градоначалникот на Љубљана да посади нови 2.000 хектари дрва, точната локација за садењето на овие нови шуми предлагам да ја одредиме ние, поточно некои од дежурните плачковци на форумов. |
Totobobo, се работи за седиштето на Универзитетот во Љубљана во неоренесансен стил, дизајнирано од чешки архитект, подоцна корегирано од австриски. Изградено пред еден век. Љубљана - градот на Јоже Плечник.
„Скопје 2014“ нема никогаш да биде Љубљана. Прво, Чаушот нема добиено ниту една архитектонска награда или било какво признание за глупостите со кои расфрла низ центарот на Скопје како да му е домашен двор. Еве, дај да слушнам каде тоа неговите трудови се пофалени и признати како вредни во светот.
Второ, во изградбата на Љубљана учествувале серија на познати архитекти, првенствено од средна Европа, кои постоечките зданија во центарот ги реализирале првенствено кон крајот на 19 и почеток на 20 век. Значи, архитекти од Чешка, Австрија, а не само од Словенија. Во „Скопје 2014“ имаме замешаност на владетел кој сака да промени се` во центарот на Скопје, во комбинација со треторазредни домашни архитекти.
Трето, Џоле веќе спомена. Стиропорот, гипсот и редица на други градежни материјали со кои се сака да се постигнат некакви „европски“ архитектонски стилови доведуваат до тоа Скопје да изгледа како девојка со вештачки гради и фејс-лифтинг.
Четврто, паралелно со фурањето на конкретни архитектонски стилови од „Скопје 2014“ се монтира одреден недемократски режим, во кој тоталитаризмот и архитектурата се хранат меѓусебно. Ова не е случај со Љубљана. Недемократичноста конкретно во урбанистичкото планирање и архитектонските правци е во тоа што граѓаните на главниот град во ниту еден момент не беа прашани дали нешто од ова што го гледаме тие го сакаат. „Скопје 2014“ е чист кабинетски проекти на луѓе што можат да се избројат на една, најмногу две раце, и тука доаѓаат до израз авторитарните тенденции на оваа владејачка гарнитура. |
Не си ме разбрал, јас се нервирав за исечените дрва (немилосрдно) од страна на Градоначалникот на Љубљана, половина век ке помине додека пораснат новите садници кои ги гледаме на твојата слика. Исто како што се нервирам за секоја искорната грмушка во Скопје... | кој fail за сарказам ти е ова човече... нити знаеш што имало на дотичната локација пред да се изградат објектите, ниту пак знаеш како се садат и се сечат дрва во Љубљана, туку ај ќе си тресеме безвезе... а и трагичното е, дури и да се уништил некој парк за изградба на објективе во Љубљана, ќе беше исто срамота, дури и за век стари стандарди, тоа што се работи за Љубљана, не значи дека треба да го земеме како пример, само затоа што не е Скопје, и истото важи за било што...
кај нас се работи за уништување на готови пешачки површини и паркчиња, на здрави дрва и дрвореди, а не за некои диви полјани и грмушки... ако не успеваш да направиш разлика помеѓу дива полјана и урбано зеленило, тоа е е веќе твој проблем |
Пред да се изградат објектите, пред два века незнам и не ме интересира што имало тука, мене ми пречи тоа што пред година-две се исечени прекрасни дрва и насадени се овие новите кои што ги гледаш на сликава...
Важно е човек да е во тренд, и јас сум во тренд кога плачам за секоја исечена грмучка во градов (зеленилото е за мене се), срцето ми го корнат со сечење на секое па макар и скапано дрво. Ич не и е гајле колку нови ке насадат, кој ке ги чека новите да пораснат. Впрочем јас Скопје го гледам во перспектива како конзервирана тегла со туршија, не би требало да се дозволи сечење ниту на едно дрвце, не смее да се руши ниту една куќа за да се гради нешто друго. Мораме да го оставиме градот (или да го вратиме назад) како пред 30 години, тоа е автентичното, величественото, безвременското Скопје, Скопје кое што нема да смее и нема никој да го допре со столетија.
пс Нормално е дека мали корекции како папагали ке бидат дозволени заради уметнички дојам. |
ај ако не ме читаш, барем одмори малце...
Edited by zabegan - 02-Apr-2015 at 18:16
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
totobobo
Senior Member
Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
|
Quote Reply
#5195 Posted: 02-Apr-2015 at 18:21 |
Originally posted by zabegan
Originally posted by totobobo
Originally posted by zabegan
Originally posted by totobobo
Originally posted by BOJAN
Originally posted by totobobo
Originally posted by Bojan10
Прашање до Архитектите на форумов, кој правец е ова?
|
Замислете какви дрвоубици се овие скотовите од Љубљана, уништиле вековни дрва, ги сосекле до земја, како да уживаат во тоа сечење на дрва. Насадиле млади садници на кои ќе им треба 20 години да пораснат. Срамота. Сега треба овој градоначалникот на Љубљана да посади нови 2.000 хектари дрва, точната локација за садењето на овие нови шуми предлагам да ја одредиме ние, поточно некои од дежурните плачковци на форумов. |
Totobobo, се работи за седиштето на Универзитетот во Љубљана во неоренесансен стил, дизајнирано од чешки архитект, подоцна корегирано од австриски. Изградено пред еден век. Љубљана - градот на Јоже Плечник.
„Скопје 2014“ нема никогаш да биде Љубљана. Прво, Чаушот нема добиено ниту една
архитектонска награда или било какво признание за глупостите со кои расфрла низ центарот на Скопје како да му е домашен двор. Еве, дај да слушнам каде тоа неговите трудови се пофалени и признати како вредни во светот.
Второ, во изградбата на Љубљана учествувале серија на познати архитекти, првенствено од средна Европа, кои постоечките зданија во центарот ги реализирале првенствено кон крајот на 19 и почеток на 20 век. Значи, архитекти од Чешка, Австрија, а не само од Словенија. Во „Скопје 2014“ имаме замешаност на владетел кој сака да промени се` во центарот на Скопје, во комбинација со треторазредни домашни архитекти.
Трето, Џоле веќе спомена. Стиропорот, гипсот и редица на други градежни материјали со кои се сака да се постигнат некакви „европски“ архитектонски стилови доведуваат до тоа Скопје да изгледа како девојка со вештачки гради и фејс-лифтинг.
Четврто, паралелно со фурањето на конкретни архитектонски стилови од „Скопје 2014“ се монтира одреден недемократски режим, во кој тоталитаризмот и архитектурата се хранат меѓусебно. Ова не е случај со Љубљана. Недемократичноста конкретно во урбанистичкото планирање и архитектонските правци е во тоа што граѓаните на главниот град во ниту еден момент не беа прашани дали нешто од ова што го гледаме тие го сакаат. „Скопје 2014“ е чист кабинетски проекти на луѓе што можат да се избројат на една, најмногу две раце, и тука доаѓаат до израз авторитарните тенденции на оваа владејачка гарнитура. |
Не си ме разбрал, јас се нервирав за исечените дрва (немилосрдно) од страна на Градоначалникот на Љубљана, половина век ке помине додека пораснат новите садници кои ги гледаме на твојата слика. Исто како што се нервирам за секоја искорната грмушка во Скопје... | кој fail за сарказам ти е ова човече... нити знаеш што имало на дотичната локација пред да се изградат објектите, ниту пак знаеш како се садат и се сечат дрва во Љубљана, туку ај ќе си тресеме безвезе... а и трагичното е, дури и да се уништил некој парк за изградба на објективе во Љубљана, ќе беше исто срамота, дури и за век стари стандарди, тоа што се работи за Љубљана, не значи дека треба да го земеме како пример, само затоа што не е Скопје, и истото важи за било што...
кај нас се работи за уништување на готови пешачки површини и паркчиња, на здрави дрва и дрвореди, а не за некои диви полјани и грмушки... ако не успеваш да направиш разлика помеѓу дива полјана и урбано зеленило, тоа е е веќе твој проблем |
Пред да се изградат објектите, пред два века незнам и не ме интересира што имало тука, мене ми пречи тоа што пред година-две се исечени прекрасни дрва и насадени се овие новите кои што ги гледаш на сликава...
Важно е човек да е во тренд, и јас сум во тренд кога плачам за секоја исечена грмучка во градов (зеленилото е за мене се), срцето ми го корнат со сечење на секое па макар и скапано дрво. Ич не и е гајле колку нови ке насадат, кој ке ги чека новите да пораснат. Впрочем јас Скопје го гледам во перспектива како конзервирана тегла со туршија, не би требало да се дозволи сечење ниту на едно дрвце, не смее да се руши ниту една куќа за да се гради нешто друго. Мораме да го оставиме градот (или да го вратиме назад) како пред 30 години, тоа е автентичното, величественото, безвременското Скопје, Скопје кое што нема да смее и нема никој да го допре со столетија.
пс Нормално е дека мали корекции како папагали ке бидат дозволени заради уметнички дојам. | ај ако не ме читаш, барем одмори малце... |
Целосно одморен те читам, само одморен човек тебе и може да те чита, бидејки замараш со исти фрази и небулози, во недостаток на аргументи...
|
Interceptor design
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#5196 Posted: 02-Apr-2015 at 18:28 |
небулоза ли е да правиш разлика помеѓу дива полјана со грмушки и урбан парк или дрворед?
...како право, јас прв се бунам против оние кои за дивите полјани зборат како да се невидени паркови... затоа и ти викам одмори малце, да не ја загадуваме темава со глупости
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
maks
Senior Member
Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
|
Quote Reply
#5197 Posted: 02-Apr-2015 at 19:47 |
Ние немаме ништо....рече сиромашниот дух на овој ситен човек кој себеси несака да се нарекува македонец..После другите ни се криви.Самодеструктивност и селективна меморија на дело! Да живеат прогресивците на 20тиот век !
|
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
|
|
maks
Senior Member
Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
|
Quote Reply
#5198 Posted: 02-Apr-2015 at 19:51 |
Те прашав убаво, ќе ја довршуваш приказната? Оти сите го знаеме одговорот на оваа суморна тема. Идеологии идеолатрии идиотизам. Додека не седнеме, разговараме, дојдеме на средина со ставовите,ги прифатиме реалностите на овие две самобендисани страни, нема напредок. just loop'
|
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
|
|
Kid_A
Senior Member
Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
|
Quote Reply
#5199 Posted: 02-Apr-2015 at 20:29 |
Originally posted by alexsend
Скопје 2014 е грешка од невидени размери. Скопје 2014 е уништување на Скопје ДО 2010.Скопје 2014 ќе биде пример во многу учебници по градежништво и архитектура како не треба! Скопје 2014 е лечење комплекси и детски фрустрации на луѓе кои немале ништо и во еден момент добиле се. Како што рече и Бојан, кога сељак ќе дојде до моќ и пари се случуваат работи како Скопје 2014, но и како Водно кое личи како сиромашно Бразилско планинско предградие и Скопје со сите нови згради во различни бои како циганско маало, изградени без било каков план. Што беше тоа урбанизам и просторно планирање? Скопје 2014 е кичерај и фушерај, лага со крајно неквалитетни материјали. Фасада која веќе избледува. Стотици милиони евра за понижување, враќање во минатото и уништување на вистинската историја на градот и сето тоа неколку пати преплатено! Јас не знам како не им е срам на сите оние кои дале потпис за вакво нешто! Како се осеќа авторот на онаа нова борделашка зграда на рекорд знаејќи дека неговото дело е извор на потсмев! Зар парите ќе го исбришат срамот!? Зарем објектот ќе го стави во своето резиме!? И не само тој, многу други учесници во проектов треба да се замислат што направиле. Зарем сите тие ликови не прошетале подалеку од земјава да видат што се гради по светските метрополи во 21ви век? Чуле ли тие луѓе за Ротердам или можеби Франкфурт? Каде дипломирале? Зарем вака го замислувале Скопје како деца? Зарем вака го замислувавте ВИЕ Скопје како деца!? Ова не е повеќе моето Скопје.
Со овие 500 милиони евра можевме да бидеме еден од најмодерните градови на Балканот, да бидеме пример за тоа како треба, да имаме модерни згради, одлична инфраструктура...
А што сме сега? Само една голема шала. Едно сиромашно Бразилско предградие.
|
Скопје да беше некој град со неверојатна архитектура и култура којашто сега се уништува можеби би ве сфатил, ама град кој личеше на конзерва и баш на тие фавели што ги постираш пред 10 години навистина не ве разбирам. Јас разбирам дека многумина од вас тука пишуваат од политички побуди, но малку разумност не ќе е на одмет.
Баш често си гледам satellite maps на полно европски градови, па подоцна на наши градови и села. Знаеш која е разликата? Споредуваш Скопје со Ротердам или Брисел? Нашите градови изгледаат како конзерви начукани и тоа нови градови и населби проектирани од авангардните црвени архитекти коишто денес се најгласни за се и сешто. Кај нас ниту еден град, нова населба или било што нема урбанистички ред и симетрија. Се е едно врз друго како села од збиен тип. Не е направена никаква проекција за иднината. Се што сме изградиле било од денес за утре. Толку ни е црпката генерално.
|
|
one1
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
|
Quote Reply
#5200 Posted: 02-Apr-2015 at 21:05 |
^Не зборувај глупости. Скопје со Кензо Танге станува Њујорк на балканот во однос на урбано планирање. Во тоа време слободно Загреб и Белград му завидоа на Скопје какви широки булевари, транспортен центар, трговски центар и ред други работи доби. Иако многу битно не беше се реализирано од планот на Кензо Танге.
Понатаму проблемот што Скопје НЕ СЕ РАЗВИВА по планот на Кензо Танге односно се развива до некаде 90тите години во облик на стагнација што значи Скопје не се гради но и не се руши и изменува. Се понатаму е трагикомедија. Доколку Скопје се развиваше во постмодернистички дух Скопје денес ќе го живееше тој сон да биде слободен и град на солидарност. Но сега Скопје со право е фавела делумно и поради политички и патриотски интереси и тоа што остатокот од Македонија се пресели во Скопје како сламка за спасот или слобода или смрт и тој остаток или провинција е подолу и од бразилските 10 милионски фавели а има едва неколку илјади жители.
Edited by one1 - 02-Apr-2015 at 21:07
|
|