build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје 2014
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 316317318319320>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [54.26%]
82 [43.62%]
4 [2.13%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6990
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6341 Posted: 11-Jun-2017 at 23:59
читам некои постови и си мислам, мора да постои некоја јака дрога за која не знам уште...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2254
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6342 Posted: 12-Jun-2017 at 09:49
Originally posted by zabegan

читам некои постови и си мислам, мора да постои некоја јака дрога за која не знам уште...


Постои. Во сендвичи.

http://zeenews.india.com/news/india/enjoyed-street-side-parantha-found-it-addictive-you-might-have-consumed-drug-laced-parantha_1845177.html
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2254
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6343 Posted: 12-Jun-2017 at 09:56
Originally posted by Kid_A


Турските серии во најголем дел промовираат конзервативни вредности. Затоа и тие „урбани“ ликови кај нас ги исмејуваат.


Mислиш на вакви конзервативни вредности?

The first study on consanguineous marriages in
Turkey was conducted by Sayli in 1969, and the
prevalence was determined as 28.4%. Other studies have
shown that the frequency of marriages between couples
related as second cousins or closer was about 21.1%,
varying between 11.7% in western regions to 46.9% in
eastern regions.

http://journals.tubitak.gov.tr/medical/issues/sag-09-39-1/sag-39-1-22-0802-7.pdf

Или на вакви?

http://www.turkstat.gov.tr/PreHaberBultenleri.do?id=21519

Edited by phenomenon - 12-Jun-2017 at 10:00
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10753
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6344 Posted: 17-Jun-2017 at 11:55
СТИРОПОРНИТЕ ФАСАДИ ОД „СКОПЈЕ 2014“ ТРЕБА ДА СЕ ДЕМОНТИРААТ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАПАЛАТ

Демонтирање на барокните фасадни облоги од стиропор е единствено решение за превентивна заштита од пожари на објектите кои се дел од проектот „Скопје 2014“, вели Петар Николовски, доктор по технички науки, консултант по енергетска ефикасност на згради.

По пожарот во Лондон, во кој до сега се повредени најмалку 30, а 70 лица се водат како исчезнати, домашните експерти од оваа област алармираат дека истото може да се случи и кај нас доколку не се преземат соодветни мерки, бидејќи и објектите кај нас се рефасадирани на сличен начин.

Николовски вели дека секоја зграда е приказна за себе, но генерално, материјалите вградени во објектите последниве неколку години укажуваат дека се потребни дополнителни превентивни мерки за заштита од пожари.

„Нашите ’барокни’ фасадни обвивки се изработени од гориви материјали, со дебелини обично од 1 – 2 цм, без надворешна минерална противпожарна заштита од 8 – 10 мм, прицврстени на метална потконструкција, која обвивката ја оддалечува десетина сантиметри од основниот ѕид и на тој начин формира воздушен простор кој е еден од трите услови за пожар, покрај изворот на оган и материјалот што гори. Овој воздушен простор во случаите кај облогите на вертикални столбови формира извонреден “оџак“ за ширење на пожарот во височина“, вели Николовски.

Тој објаснува дека декоративните елементи – детали употребени во “китење“ на фасадите од проектот „Скопје 2014“ главно се изработени од 3 материјали: експандиран или екструдиран полистирен (општо познат како стиропор), полиуретан и рециклиран стаклен гранулат. За разлика од стаклениот гранулат, кој за жал поради високата цена малку е употребуван, за првите два материјала, Николовски вели дека спаѓаат во групата на гориви материјали и тие масовно се употребени во зградите од проектот „Скопје 2014“.

На опасноста од пожари и негрижата за заштита од пожари Николовски јавно укажа и пред две години, по големиот пожар во Баку, Азербејџан. На 19 мај 2015 година во Баку, 16 луѓе загинаа во пожар на шеснаесеткатница на која претходно ѝ била реновирана фасадата. Од загинатите пет беа деца, а имаше најмалку 63 повредени. Пожарникарите го изгасија огнот дури по цели три часа.

Катастрофата доведе до сериозна вознемиреност кај населението и предизвика многу дискусии околу материјалот користен за реновирање на фасадите на повеќе од 200 станбени блокови во Баку изградени во Советскиот период. Како резултат на тоа, градоначалниците почнаа процес на отстранување на фасадните облоги на зградите каде што е употребен запалив материјал.

Сличен пожар избувнал во Баку и еден месец порано, на 10 април 2015 година, но немало жртви, ниту повредени. Како причина за двата пожари беше посочен нискиот квалитет на материјалот кој се употребувал за реновирање на фасадите, кој важи за лесно запалив.

Николовски смета дека Баку, а сега и Лондон, како и ланскиот пожар на зградата на ЕВН во фаза на преслекување со барок, се предупредување за нашите власти.

„Откако новата Влада ќе застане на нозе, особено министерствата за транспорт и врски и за економија, треба да се поведе сметка за противпожарната заштита на објектите. Во Баку, од пред две години се демонтираат декоративните стиропорни фасадни облоги на сите повисоки згради“, вели Николовски.

Тој укажува дека делови од фасадната топлинска изолација околу прозорците посебно треба да се обработат со негориви материјали, како и изведба на појаси од негорив материјал на височина на меѓукатните конструкции кои треба да го спречат ширењето на огнот во височина.

Токму брзото ширење на огнот било клучно и во пожарот во 24-катницата во Лондон. Официјалната причина за пожарот сè уште не е соопштена, но експертите се сомневаат дека неодамнешното рефасадирање на зградата допринело огнот многу брзо да се рашири. Минатата година, „Гренфел тауер“ изградена во 1970 година добила модерен изглед откако постојната фасада била обложена со тенки панели. Кога тие се поставуваат еден до друг, без појас за заштита од пожар се создава воздушен простор кој како оџак го поврзува долниот кат со врвот и придонесува за брзо ширење на пожарот.

Фасадата во Лондон била направена со алуминиумски панели, меѓу кои имало полнење со материјал што е запалив плус воздушен простор што го предизвикал ефектот на оџак. Слично полнење имала и зградата на еден луксузен хотел од 63 ката во Дубаи, Обединети Арапски Емирати кој се запали за време на новогодишна прослава.

Експертите, покрај пожарот во Баку, Азербејџан како слични пожари предизвикани од полнењето на панелите за фасадите ги споменуваат и пожарите што се ширеле однадвор по зградата во Шангај, 2010 во висококатница во која загинаа 58 луѓе и ТВ културниот центар во Пекинг во 2009 година во кој загинал еден пожарникар.

Британија нареди да се направи проверка на зградите кои се веќе реновирани на сличен начин како и на зградите кои сега се реновираат по сличен метод.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/stiropornite-fasadi-od-skopje-2014-treba-da-se-demontiraat-za-da-ne-se-zapalat/
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1893
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #6345 Posted: 17-Jun-2017 at 15:00
Previous
 
Јас сум не се разбирам баш многу од градежни материјали, но морам да потенцирам дека секаде каде што сум видел да се гради нова куќа или нова зграда, фасадата секогаш ја прават со лепење на стиропорот од надворешната страна, го покриваат со самолеплива мрежа и врз мрежата го нанесуваат гипсот/малтерот и на крајот ја варосуваат фасадата со фасадна боја.
 
Имам просторија - доградба, со внатрешна изолација со стаклена волна и можам да кажам дека воопшто не врши баш некоја сериозна изолациска работа.
 
Јас мислам дека и кај постоечките објекти на кои им беа сменети фасадите, ако им беа обновувани фасадите со современи материјали, а притоа да се задржеше автентичниот изглед, сепак стиропорот ќе играше главна улога кај фасадите, освен ако има некои други фасадни градежни материјали кои би ја овозможиле истата изолација која ја овозможува стиропорот.
 
Кои други материјали се добри за надворешна изолација на фасада, а да не се запаливи ?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6346 Posted: 18-Jun-2017 at 02:35
Низ цел свет, насекаде во Скопје, фасадите се изработуваат од стиропор. Настрана што стиропорот не е запаллив.

Срамна политичка пропаганда и чисти дезинформации или елементарно не знаење.




Edited by HugoGoulding - 18-Jun-2017 at 02:45
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6347 Posted: 18-Jun-2017 at 09:13
TAKAEEEE SOROS LAZE DEKA STIRO POROT A ZAPALIL SKRADATA FOF LONTON NEE STIRO POR STRAM DA VIE SOROSOIDI OGIN A ZAPALI NE STIRO POR
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2254
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6348 Posted: 18-Jun-2017 at 10:23
Originally posted by HugoGoulding

Низ цел свет, насекаде во Скопје, фасадите се изработуваат од стиропор. Настрана што стиропорот не е запаллив.

Срамна политичка пропаганда и чисти дезинформации или елементарно не знаење.




Откога стиропорот не е запалив?

http://www.frocc.org/pdf/regulation/Regulatory_guide_Rockwool.pdf

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1748
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #6349 Posted: 18-Jun-2017 at 11:53
Стиропорот е лесно запалив материјал. Фасаден материјал кој не е запалив а има и подобри изолациони ефекти е камената волна, но поради тоа што е поскапа од стиропорот кај нас ретко се користи а и не многу мајстори сакаат да работат со неа.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6350 Posted: 18-Jun-2017 at 14:36
Originally posted by Staro Skopje

TAKAEEEE SOROS LAZE DEKA STIRO POROT A ZAPALIL SKRADATA FOF LONTON NEE STIRO POR STRAM DA VIE SOROSOIDI OGIN A ZAPALI NE STIRO POR


A koja фасада денес не е од стиропор?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6351 Posted: 18-Jun-2017 at 14:36
Значи ВМРО, Груевски и СК2014 го измислија стиропорот како материјал и употребата на стиропор на фасада? Не сум знаел.



Edited by HugoGoulding - 18-Jun-2017 at 14:39
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6352 Posted: 18-Jun-2017 at 15:06
Кои се твоите контрааргументи?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6353 Posted: 18-Jun-2017 at 15:56
Originally posted by Staro Skopje

Кои се твоите контрааргументи?


Контра-аргумент е дека сите фасади во Скопје, Македонија и цел свет денес се изработуваат со стиропор ист или сличен на оној со кои се реконструираат фасадите на зградите од Мал Ринг.

Edited by HugoGoulding - 18-Jun-2017 at 15:56
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6354 Posted: 18-Jun-2017 at 15:57
А на некој ако не му беше доволно фрлањето со боја и сега сака да пали тоа е друга работа.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3155
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6355 Posted: 18-Jun-2017 at 15:58
Почитуваните поддржувачи на Паторот се испењавија кој прв да го искритикува текстот за опасноста од пожар кај стиропорот. Ако ја прочитавте повнимателно изјавата на ЕКСПЕРТОТ за енергетска ефикасност (Петар, за жал, е еден од ретките кај нас) ќе забележите дека Петар посочува на опасноста од тоа како стиропорот заедно со сличните негови материјали се ИМПЛЕМЕНТИРАНИ на „барокните“ фасади. Дајте прочитајте ги првите параграфи од текстот, па ќе ви стане појасно.

Стиропорот на термичките фасади се имплементира во форма на „систем“. Тоа значи дека купувате ГРУПА на градежни производи, кои мајстор ги изведува на однапред пропишан начин, кои се под одредена гаранција од производителот дека се огнено безопасни ако се имплементираат според упатствата од тој конкретен систем. Многу е едноставна работата. Ако држите куршум во рака, тој нема ништо да ви направи, но ако го ставите во пиштол...

Петар Николовски реагира на начинот на кој се имплементирани фасадите. Тие грдосии на Груевски се закачени декоративни елементи на веќе постојни фасади, кои ако се запалат оставаат воздушен простор меѓу оригиналната фасада и „барокот“, која може да доведе до брзо проширување на пожарот и катастрофални последици при евентуален оган. Ми се чини дека за ова треба сериозно да дискутираме.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6356 Posted: 18-Jun-2017 at 17:02
Зградите во Мал Ринг кои се реконструираат се од 2 до 4-5 спратови максимум, споредби со 25 катници во Лондон се пропаганда и манипулација.

Edited by HugoGoulding - 18-Jun-2017 at 17:13
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6357 Posted: 18-Jun-2017 at 18:21
Лажеш.




И многу други... Не најдов одма слика од фасадата од над 10 спрата на пола зграда на Рекорд, да побарам и таа ќе ја видиш.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #6358 Posted: 18-Jun-2017 at 19:25
Веднаш да го одлепите стиропорот од кулите на Партизанска!
Ја отсекогаш сум поштуел креч и песок со мааалце цементче.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #6359 Posted: 19-Jun-2017 at 15:41
Jas vikam da se vratime nazad na tradicionalnite fasadi, so kal, pesok i izmet od kravi i konji.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6360 Posted: 19-Jun-2017 at 16:10
И на Гренфелци и комшиите не им се свиѓала фасадата, па еве што испадна. Потребни се итни законски измени на цел континент и проверка на сите објекти што имаат стиропор.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 316317318319320>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.797 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.