build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје 2014
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 317318319320>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [54.26%]
82 [43.62%]
4 [2.13%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1754
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #6361 Posted: 19-Jun-2017 at 18:54
Не ме фаќајте за збор но добар дел од Скопје 2014 не е обложен со стиропор туку со камена волна и  Аква Панел на Кнауф кој се незапаливи материи, само оние декоративни елементи се од стиропор, бар на објектите на кој јас сум работел.
Кај нас станува проблем кај обновуваните фасади од страна на општините и новите градби на станбени згради на сите фирми бидејќи таму се користи стиропор.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6362 Posted: 19-Jun-2017 at 21:00
не е толку голем проблем дали е стиропор или не, туку колку е фушерајска изведбата, секој објект ете може да се запали, ама кои се системите на евакуација и справување со кризи од природни и подметнати катастрофи... треба да се проверат многу објекти во Скопје, од 2014 или претходно, колку се безбедни и на колку им треба ревизија и реновација

...тоа би било попродуктивен проект отколку да лечиме фрустрации од катастрофата 2014... не дека објективе од Ск2014 нема да бидат први на листа, ама ај... битно е гледиштето и принципиелноста

еве на пример, се запали масивниот објектот на Архивот/Судот (што и да е де)... треба сите да излезат низ минијатурната врата на влезот директно на мост широк пет метри и кеј на кој одвај се разминуваш? ...апсурдности на кои никој не помислува кога се распалувате за тоа чиј е Аце и дали е библиска земјава или не...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6363 Posted: 23-Jun-2017 at 13:41
Кога интелегенција критикува наспроти неандерталци, примитивци, игнорантни типови полни со арогантност и омраза, простотилок, пропаганда и партиски платеници водени од сопствени интереси и финансиски надоместок.


---

http://respublica.edu.mk/blog/o-e-2014

Зошто треба да го заштитиме Скопје 2014?

проф. д-р Минас Бакалчев


Скопје 2014 треба да стане продуктивна основа за реконтекстуализација на градот, поттик за критика, развој и за можна креативна ретроактивна логика на градот. Затоа сите фасади, сите згради, сите мостови, сите канделабри, сите скулптури, сите балустради, сите палми, треба да се видат и на друг начин, да станат повод за креативно преобмислување на градот.

Скопје 2014 се појави ненадејно, со еден видео спот со приказ на идната градска слика и со музичка подлога која даваше епски интензитет на тогаш нереалната претстава за градот. Па дури и кога почнаa да се остваруваат некои од сликите од спотот, за многумина тоа беше неверојатно. Систематичноста на остварувањето кое следеше не затекна, во одбивањето и недовербата кон процесот кој беше во тек. Па сепак и пред визијата на видео спотот, тој беше навестуван со поединечните проекти, со апсурдноста на барањата и со доследната насоченост во изборот на проектите. Тој за многумина можеше и да е прифатлив во своето инсистирање на анахроничната слика на градот, дури допадлив, ако во еден момент не ескалираше како единствен можен ексклузивен изглед на градот. Тој во ништо не беше различен од општиот вкус во текот на деведесеттите, од носталгичнато чувство за градот кое долго време се градеше, само што одеше чекор понатаму во својата доследност и исклучивост. Тој беше „надградена и проширена“ верзија на уште тогаш исклучивоста на главниот ток на архитектурата и градот.

Од Скопје 2014 до Скопје како проект

Скопје 2014 може да се критикува по низа основи, на просторен, програмски, естетски, симболички план. Несомнено, предизвика одредени просторни деформации со неартикулираното згуснување на изграденото. Исто така, предизвика критика или подбив со примената на историските референци и модели. Може да предизвика реакција и да провоцира со симболичкиот слој кој го проектира. А можат да се проблематизираат и уметничките дострели на архитектурата и скулптурите. И уште повеќе, во својата последна фаза се покажа како деструктивен фактор во однос на претходната архитектура на градот. Насилно посегна по идентитетот и целовитоста на архитектонските дела од претходниот период. Со нескриена жестина сакаше да ги поништи сите траги од дотогашното македонско архитектонско творештво на дваесеттиот век. Сето тоа го чини еден многу посебен феномен коj не може едноставно да се избрише, вербално да се поништи или заборави.

Скопје 2014 не е архитектонска појава, зад видео-приказната никогаш не видовме архитектонско-урбанистички проект кој го објаснува градот и на архитектонски јазик го потврдува. Тој попрво се состоеше од низа поединечни зафати кои се впишуваа во сукцесивните парцијални промени на деталните планови за централното подрачје. Тоа го потврдува и недостатокот како на комплексните, интегрални урбани теми така и на малите поетички градски места и со тоа сведување на градот на собирање и изложување на скулптури и фасади.

Па сепак, тој донесе една специфичност на Скопје, наративност, комуникативност, еден вид „популизам“, патетичност помешана со панаѓур. Ја донесе амбивалентноста на новото доба, архитектурата на „тоталитаризмот“ помешана со консумеризмот, претенциозноста помешана со градот како тематски парк, „уметноста“ помешана со бизнис. Скопје 2014 може да стане проект само a posteriori, од после, тоа „после“ може да отпочне со постепено критичко присвојување на Скопје 2014. Скопје 2014 може да стане проект само преку проект, кој ќе се разликува од Скопје 2014 со тоа што ќе тргне од постојното, од Скопје 2014, и со тоа што нема да го негира Скопје 2014.




Креативно преобмислување на градот

Постојат повеќе причини зошто треба да се заштити Скопје 2014.

Прво, не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување, да се занимаваме со едно исто, а најмалку да повикуваме на деструкција и да уживаме во неа. Спротивното, сигурно ќе има економски, но и социјални и психолошки последици врз граѓаните.

Второ, треба да го избегнеме методот со кој се користеше Скопје 2014, да поништува се што е друго.

Трето, Скопје 2014 е уникална појава и како таква треба да остане како еден слој од биографијата на градот, во која градот ќе биде сфатен како плуралистички мозаик на можните градови во градот.

Четврто, Скопје 2014 треба да стане продуктивна основа за реконтекстуализација на градот, поттик како за критика така и за развој и за можна креативна ретроактивна логика на градот.

Затоа сите фасади, сите згради, сите мостови, сите канделабри, сите скулптури, сите балустради, сите палми, треба да се видат и на друг начин, да станат повод за креативно преобмислување на градот. Некогаш не е потребен радикален зафат, но потребно е на нов начин да се видат постојните нешта. Треба на нов начин да го видиме Скопје 2014, не како политички памфлет, не како тоталитарен детерминизам во просторот, туку како изграден факт кој можностите на употреба ги добива од оние кои го употребуваат, благородноста од оној кој е во него.

Амнестија на изградената реалност

Затоа, треба да се послужиме со методите на: одложена пресуда (Suspension of judgment): „Пресудите ве прават да се чувствувате многу тешко. Попрво би го одложил моментот на пресуда - прашањето на моралноста - се до последниот момент, или би ги одложил во потполност.“ (Koolhaas, 1995, p 826)); или со перформативен контекстуализам: „Никогаш не руши, никогаш не преместувај, не заменувај, секогаш додавај, трансформирај и реупотребувај “(Druot, F., Lacaton, A., Vassal, J.P., 2007, p 23); или со амнестија на изградената реалност (Amnesty for Constructed Reality) на Лаурид Ортнер (Laurids Ortner,1986): „ќе биде нужно да се прифати тоталитетот на оваа непријатна реалност и да се делува на идниот развој со една непристрасна состојба на умот“. Се разбира, сите овие пристапи се однесуват на различни контексти, на баналноста на современите градски пејсажи, на безличноста на масовниот модернизам... но во случајот на Скопје треба да стане една од тактиките на однесување со изградената реалност.

Скопје 2014 ни ја покажа реалноста, нашата вистинска можност и неможност во некои сложени, но и секојдневни работи, идејни, но и конкретни градежно-занатски работи. Колку сме и колку не сме во можност да одговориме на архитектонските и градежните предизвици.. И секако, скоро ендемската состојба на неукост, невештост во совладување на градскиот партер. Колку поинтензивно дебатиравме за нијансите на стилската синтакса на фасадите, толку повеќе се распаѓаше новиот градски партер, колку повеќе учевме за историските периоди на архитектурата толку повеќе одевме во кал и ѓубре, колку повеќе им се потсмевавме на чудните скулпторски решенија, толку позасилено „летните тераси“ на кафанџиите ни го заземаа јавниот простор. Професорот Живко Поповски во еден тмурен дождлив ден на колегите на седница на Архитектонскиот факултет им упати критика: во Скопје немаме тротоари. Многу години подоцна останува истата елементарна цивилизациска забелешка.





Edited by HugoGoulding - 23-Jun-2017 at 13:57
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6364 Posted: 23-Jun-2017 at 14:04
Си ги нагласил деловите што ја поддржуваат твојата теза, иако во првиот дел од текстот буквално го прави пуздер проектот.

Како и да е, веќе постои општа согласност дека за поголем дел од изградените згради веќе нема враќање назад, т.е. нивно уривање. Овде се зборуваше за стопирање на оние што се на почетокот на изградбата, како и за растоварување од преоптовареноста на централното подрачје со преголем број споменици. Дел од новите фасади ќе си останат, но дел мора да се отстранат зашто претставуваат потенцијална опасност од пожар, а и го нагрдуваат просторот, на пример, оваа:



Не знам за тебе, ама јас кога ќе видам, ме фаќа срам.

Еве како завршува текстот:

Скопје 2014 ни ја покажа реалноста, нашата вистинска можност и неможност во некои сложени, но и секојдневни работи, идејни, но и конкретни градежно-занатски работи. Колку сме и колку не сме во можност да одговориме на архитектонските и градежните предизвици.. И секако, скоро ендемската состојба на неукост, невештост во совладување на градскиот партер. Колку поинтензивно дебатиравме за нијансите на стилската синтакса на фасадите, толку повеќе се распаѓаше новиот градски партер, колку повеќе учевме за историските периоди на архитектурата толку повеќе одевме во кал и ѓубре, колку повеќе им се потсмевавме на чудните скулпторски решенија, толку позасилено „летните тераси“ на кафанџиите ни го заземаа јавниот простор. Професорот Живко Поповски во еден тмурен дождлив ден на колегите на седница на Архитектонскиот факултет им упати критика: во Скопје немаме тротоари. Многу години подоцна останува истата елементарна цивилизациска забелешка.


За сè има вторпат
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6365 Posted: 23-Jun-2017 at 15:35
Текстот е критика и затоа и го постирав, но интелектуална и конструктивно мотивирана критика која не се бави со француски клучеви, историја, партии, политика, омраза, фрлање боја итн.

Edited by HugoGoulding - 23-Jun-2017 at 16:03
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6366 Posted: 23-Jun-2017 at 16:05
Објавувавме тука повеќе текстови што на критички начин му пристапуваа на проектов, не знам дали си ги читал, како и да е, ова не е прв од таков вид и да, се согласувам, мошне е издржан во одредени точки, иако не се согласувам целосно со мислењето на авторот.
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6367 Posted: 23-Jun-2017 at 18:39
Originally posted by HugoGoulding

Текстот е критика и затоа и го постирав, но интелектуална и конструктивно мотивирана критика која не се бави со француски клучеви, историја, партии, политика, омраза, фрлање боја итн.


Интелектуална и конструктивно мотивирана критика имаше долго време пред француските клучеви. Дали некој ја слушна?

Формата не е битна (дали ќе го наречеш француски клуч или не), битна е суштината. МНТ, МЕПСО, ЕВН, Влада на РМ и ред други се осквернавени токму по методологија француски клуч, историја, партија, политика, омраза...

Неможе да сме хиперсензитивни за едното, а слепи за другото, лицемерно е.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6368 Posted: 24-Jun-2017 at 19:11
Реакции на текстот на Минас Бакалчев, објавен погоре:

Билјана Јовановска

Објективно и добронамерно размислување. Вистинољубиво. Без претензии да се фалсификува современиот миг, каков-таков, кој уште утре ќе стане историја, непосреден општестве запис. Колку и да е грда сликата во огледалото, треба да ја погледнеме. Вистинољубив човек.

Донка Барџиева Трајковска

Навистина не разбирам за какво вистинољубие говорите. Вистинољубието по својата суштина е поврзано со чувство за праведност и добрина. Кога станува збор за зло, во случајов злото наречено Скопје 2014, најмалку што може да направи еден вистинољубив човек е да го осуди, а не да бара амнестија и да побара од злото да направи проект кој ќе биде предмет на проучување од друг проект! Тука не гледам никакво вистинољубие. Па не се само градбите и скулптурите, не се само сите канделабри и балустради ,,кои треба да се видат и на друг начин, да станат повод за креативно преобмислување на градот“, туку идеолошката, пропагандната и криминалната позадина на сето она што го создаде ова зло. Не можеме да ги заборавиме мотивот и лошите намери, осиромашените граѓани со чии пари е создадено ова зло. Барањето амнестија за Скопје 2014 е барање амнестија за самиот злосторник. Каде гледате вистинољубие овде? Од друга страна, како професор, Бакалчев би требало да знае дека кој било објект кој во себе не содржи ништо креативно не може да стане „повод за креативно преобмислување (на градот)“! А такви се градбите, скулптурите, балустрадите... Некреативни пропагандни билборди кои треба да ги оставиме и понатаму да зрачат пропаганда?! Каде е тука вистинољубието?

Кога станува збор за „сликата во огледалото“, таа е морална категорија и упатува на постоење на совест и не може да ни биде упатена нам, на граѓаните, туку на оној кој го направил злото и на сите други кои на каков било начин биле соучесници. Кај ни е направено зло, уништен ни е градот, потрошени се нашите пари со кои можеа да се направат многу добри дела (во етичка смисла на зборот), па уште треба нас да нè осудите секој ден да го гледаме тоа зло за никогаш да не го заборавиме? Каде е тука вистинољубието? Најголемиот број граѓани кои го осудуваат овој т.н. Проект со чиста совест се погледнуваат во огледало. Не знам како им е на оние другите! Сосема друга работа е што ќе се прави со градбите, скулптурите и балустрадите, кој сè ќе одговара за уништувањето на градот и бескрупулозното трошење на нашите пари. Но, едно знам. Градот ни припаѓа нам, на граѓаните и имаме право да си го побараме назад, таков каков што ни беше. А професорот може да си најде некој покреативен проект затоа што Скопје 2014 е само скапо платен, но евтин политички памфлет кој „можностите на употреба“ не може да ги добива од оние кои го употребуваат, ниту благородност „од оној кој е во него“! Тоа е целосно противречно и неспроведливо!

https://okno.mk/node/64951
За сè има вторпат
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6369 Posted: 25-Jun-2017 at 00:21
Минас: Скопје2014 треба да се погледне и на еден друг начин.

Донка: А зло, диктартура, фашизам, режим, злосторник, криминал, Груевски, ВМРО ДПМНЕ?

Минас: *facepalm
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3162
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6370 Posted: 28-Jun-2017 at 09:01
Министерството за култура верувам дека треба да почне да ги објавува деталните информации во врска со спроведените архитектонски конкурси од објектите вклучени во проектот „Скопје 2014“. Мора да има логичен след на нештата. Најпрво, треба да се дознаат имињата на оние архитекти кои учествувале во формираните комисии на објектите. Јас знам дека во некои од нив членувала поранешната министерка. Но, учествувале и познати архитекти.

По објавувањето на овие информации, јас верувам дека архитектите-учесници во овие комисии имаат МНОГУ работи да кажат за тоа како се избрале финалните трудови кои се изработени во центарот на Скопје. Да резимирам, треба да бидеме на чисто кој ги избрал идејните решенија и на кој начин тие се реализирани во центарот на Скопје.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #6371 Posted: 29-Jun-2017 at 18:21
Najubavo e site resorsi da se potrosat na toa sto bilo zgreseno vo poslednite 10 godini i se da se srusi sto biol izgradeno, samo togas Skopje ke moze pak od dnoto da pocne...
U meguvreme uopste ne ni e briga sto i osnovnite servisi sto gradot gi nudi vo opsto i ne postojat. Se davime vo gjubre ama barem nova vlada imame i sega se med i mleko ke tece...
SO SREKA NEKA NI E! Makedonija e na pat na samounistuvanje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6372 Posted: 30-Jun-2017 at 11:30
Справување со „СК014“, ама не со „Миле ми текна“ менталитет!

Леонора Грчева

Што да се прави со „Скопје 2014“ е една од поактуелните теми за муабет и за дебата по долгоочекуваната промена на власта. Секако ќе мора да се одлучи како ќе се постапува со најголемиот симбол на вмровското зло, корупција и криминал.

Некои од нас мислат дека голем дел ќе мора да се сруши, некои дека треба да се остави како архитектонско наследство, некои дека треба да се пренамени, некои дека треба да се игнорира зашто приоритетите се други, а некои претпочитаат комбинација од претходно наведеното.

Спонтаната дебата на социјалните мрежи и портали е задушена од безброј различни мислења. Како ќе одлучиме кое е вистинското? Лесно. Како што треба да се донесува и секоја друга голема одлука во функционална, демократска и правна држава. Со експертска проценка, стручни мислења, транспарентни процеси, јавни дебати и широконародно учество.

Ниту еден од нас не треба и не смее да смета дека може самиот да одлучи што точно ќе се прави со „Скопје 2014“. Вмровскиот “Миле ми текна” менталитет мора да се искорени од нашето општество ако сакаме да изградиме подобра и поинаква иднина.

11 години илјадници градски интервенции, илјадници закони и промени на закони, буџетски одлуки и државни стратегии се донесуваа врз основа на лични хирови на диктаторот и неговиот близок круг. Експертите, професионалците и граѓанското општество беа со години толку маргинализирани и исклучувани од овие процеси што заборавивме како се донесуваат стручни и демократски одлуки.

Што ќе се прави со „Скопје 2014“ не е одлука што треба да се донесе по фејсбук дискусии и кафеански муабети. Сите дебати што ги водиме и стручните мислења што ги искажуваме се легитимни и треба да бидат дел од процесот. Но не смеат да бидат единствената основа за оваа крупна одлука.

Да, овојпат широката јавност ќе мора да биде темелно информирана и активно вклучена во процесот на одлучување за иднината на главниот град. Но не - ова не значи дека сите сме експерти и вака од око знаеме што треба да се сруши, што да се пренамени, а што премести. ВМРО од корен го уништи процесот на експертско донесување одлуки, направи фарса од сите закони и од сите професии. Драгиот лидер беше предолго главен државен правник, лекар и архитект. Доста беше. Треба да ја вратиме државата на вистински пат, да ги ревидираме или воспоставиме потребните законски процедури, и да почнеме да носиме одлуки врз основа на студии, елаборати и анализи, стручни мислења и дискусии.

И, да, широката јавност треба да биде вклучена во процесот, за секој граѓанин да може да го искаже своето мислење. Но овојпат тоа мислење треба да биде засновано врз транспарентни и сеопфатни информации, факти, бројки и наоди.

Затоа процесот на справување со „Скопје 2014“ не треба да отпочне со донесување неинформирани одлуки, туку со подготвување на сите неопходни информации со помош на кои ќе може да се донесат вистински информираните одлуки.

Овој процес треба да ги опфати следниве фази:

1.     Архитектите и урбанистите, заедно со правниците да спроведат истражувања со кои ќе се одговори на основното прашање: што всушност е „Скопје 2014“, и, кој е законскиот и просторниот опсег на овој никогаш легално дефиниран „проект“.

2.     Архитектите и урбанистите да изработат анализи на архитектонскиот квалитет, начинот на користење и можностите за иден развој на секоја поединечна зграда или јавен простор; како се користат сега зградите, дали ја извршуваат добро својата функција, дали имаат потенцијал за пренамена или надградба, дали ги задоволуваат сите архитектонски стандарди за квалитет - од безбедносни излези, до пристапи за лица со попреченост во движењето, па до поединечни стандарди кои се однесуваат на различни функции (музеи, архиви итн.). Да се одржат јавни дискусии каде стручно ќе се дискутираат архитектонските, просторните и градските вредности на проектот, и можните сценарија за неговиот архитектонско-урбанистички третман.

3.     Економистите и градежниците да направат темелна економска анализа на досегашните трошоци за градење и одржување на проектот, и на можните идни трошоци со сите сценарија - одржување на сите згради, пренамена, делумно рушење или рушење.

4.     Историчарите на уметност да ги дискутираат уметничките аспекти на „проектот“ во целост, како и на бројните скулптури и урбана опрема, и да се произнесат за нивната вредност и културно значење за градскиот простор.

5.     Сеизмолозите да изработат проценка за безбедноста на објектите, особено покрај речното корито, и нивната изложеност на ризик од земјотреси.


6.     Градежниците и хидро експертите да изработат проценка на состојбата на коритото на Вардар, и неговиот капацитет да се „справи“ со непланираната изградба во самото корито, зголемувањето на ризикот од поплави на објектите покрај реката, и загрозувањето на општата безбедност поради објектите изградени во коритото.

7.     Градежните инженери да изработат проценка на квалитетот на градбите од „проектот“, со посебно внимание на безбедносните аспекти како што се огноотпорноста или запаливоста на фасадите и пристапноста за противпожарни возила.

8.     Правниците да изработат студија за сите прекршени или неуставно променети закони, како дел или последица од реализацијата на „проектот“, и за правните можности за справување со сите криминални дела поврзани со него.

9.     Корисниците на објектите, жителите и вработените да бидат анкетирани за да се проценат помалку видливите проблеми на објектите и нивната секојдневна употребливост и вредност.

10.     Итн...

Дури потоа, откако ќе ги имаме сите овие информации, факти и мислења, конечно - преку јавни анкети, работилници, консултации или референдуми - широката јавност ќе треба да каже што мисли. Мислењето на широката јавност треба да биде дел од одлучувачките фактори, но ова мислење мора да биде основано на знаење и информација, а не на „Миле ми текна“.

https://okno.mk/node/65050
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6373 Posted: 14-Jul-2017 at 07:00
Ајде, на здравје нека ни е!

ДОДЕКА ВЛАСТА БРОИ КОЛКУ ИЗЕЛЕ ВМРОВЦИТЕ, КОЦЕ ПРЕД МНР СТАВИ УШТЕ ЕДНА ВРТЕЛЕШКА ОД 187.000 ЕВРА



Додека новата владејачка гарнитура се занимава со менито и начинот на исхрана на вмровците во изминатите 11 години, на иницијатива на градоначалникот Коце Трајановски се монтира втора вртелешка во Скопје. Иако лани градските власти најавија дека таа ќе биде поставена на плоштадот Филип Втори, вртелешката се монтира пред новата барокна зграда на Министерството за надворешни работи на плоштадот „Пресвета Богородица“.

Директорот на ЈП„Паркови зеленило“, Душан Авировиќ кој на барање на Град Скопје раководи со поставувањето на каруселите, појасни дека оваа локација за новата вртелешка е привремена. Рече дека штом се создадат услови, таа ќе биде префрлена во Луна парк, кој сега се реновира. Директорот Авировиќ најави дека новата вртелешка ќе почне со работа од следната недела.

Ја набавила фирмата „Технометал Вардар“ која ја набави и првата вртелешка, поставена на Плоштад Македонија. За да стигне до оваа фирма, подготвена да набави карусел по специфики одредени од Град Скопје, „Паркови“ за првата вртелешка распиша дури шест тендери. Директорот Авировиќ за втората вртелешка само кусо рече дека ја набавила истата фирма.

Вториот карусел е поскап од првиот. За него се потрошени 11,5 милиони денари или околу 187.000 евра. Првиот чинеше околу 160.000 евра.

На почетокот на 2015 година Град Скопје му префрли субвенции во висина од 195.000 евра на „Паркови“ за набавка на вториот карусел. Град Скопје ја плати и набавката на првиот.

Вртелешката на Плоштад Македонија беше поставена во 2013 година. За да се вклопи во проектот „Скопје 2014“ за неа беше изградена и барокна билетара. Трошоците направени за првата вртелешка директорот Авировиќ рече дека се покриле по четири години работа. Тој очекува новата вртелешка да почне да работи со профит за шест години.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/dodeka-vlasta-broi-kolku-izele-vmrovtsite-kotse-pred-mnr-stavi-ushte-edna-vrteleshka-od-187-000-evra/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 586
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6374 Posted: 14-Jul-2017 at 09:25


Еве една денешна. Уште не е ставен во функција.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #6375 Posted: 14-Jul-2017 at 11:30
Ајде нека се порадуваат уште некој месец до локални со глупостиве, па потоа дел ќе ги заборавиме засекогаш а дел ќе ги гледаме по судови и најверојатно и во Идризово
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6376 Posted: 14-Jul-2017 at 17:49
Скокотливоста на прашањето: „Што со Скопје 2014“?

Љиљана Неделковска

Во поновата историја Скопје доживеа две катастрофи. Првата се случи на 26 јули 1963 година кога Скопје, поточно неговото централно градско подрачје, беше речиси целосно разрушено од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Втората се случи со реализацијата на таканаречениот проект Скопје 2014. Ако за првата катастрофа секоја година се потсетуваме на 26 јули, втората ја живееме на интезивен начин веќе неколку години без реални изгледи нејзините последици да се расчистат или да се надминат. Ако првата катастрофа зад себе остави урнатини над кои требаше повторно да се гради, втората остави монструозни градби кои ја уништија не само физичката, туку и духовната пропорција и комуникација на градот. Ако првата предизвика светско внимание кое резултираше со искрено сочувство и солидарност, изразена на повеќе нивоa и преку различни форми, втората предизвика потсмев и шокираност од размерите на градителско-уништувачкиот капацитет на еднa партиско-политичка одлука коренито да се потресе идентитетот на државата и на градот.

Со промената на власта си дозволивме потајно да се надеваме дека штетите настанати од катастрофата Скопје 2014 полека ќе почнат да се санираат. Се разбира, никој не очекуваше главен приоритет на владата да биде токму овој „проект“, но , ако ништо друго очекувавме/се надевавме дека ќе биде меѓу приоритетите. Очекувавме /се надевавме дека барем ќе се покрене постапка за отстранување (или разместување!?) ако не на сите, барем на неколку споменици од мноштвото начичкани во градот. Или барем на еден. Барем споменикот на Ќосето, оној со засукан ракав и со нож во раката поставен пред институциите на правдата. Реформата на судството е врвен приоритет на оваа влада. Но прашање е како тоа ќе го изведе, односно како ќе нè убеди дека реформските процеси се одвиваат во насока на воспоставување на професионално, ефикасно и независно судство, ако пред судската палата сè уште не дочекува фигура која демонстрира голо насилство, делење правда по кратка постапка, симболизирајќи ја на тој начин суспензијата на законот и правото?

Ако приоритет на новата влада не е рефасадирање и разместување на Скопје 2014, за што потврди и министерот за култура, туку за ова прашање допрва ќе се разговара и ќе се гради стратегија (меѓународен конкурс, ревизија на цената и квалитетот на градбите, увид во одржливоста на проектот), а сè со цел да се дојде до долгорочни и оправдани решенија, тогаш со право можеме да си го поставиме прашањето: дали внимателноста, одмереноста со која се приоѓа на овој проблем всушност не значи дека новата влада не е спремна да ризикува со едно вакво скокотливо прашање? Или пак во прашање е и некој друг, скриен, подлабок мотив?

И додека владата одолговлекува, Скопје 2014 и понатаму ја исполнува својата функција на симболички катализатор на моќта поврзана со идентитетското прашање, обликувајќи го притоа нашето искуство на стварноста (Иако Скопје 2014 за нашите очи и за нашиот вкус претставува вистинска тортура, иако без двоумење ја отфрламе неговата фикција на „империјална грандиозност“ која наводно треба историјата на овој народ да ја поврзе со „идеалите“ на античкиот Македонец, иако ние немаме сомнежи во врска со квалитетот и намерите на овој проект, сепак ова не значи дека со тоа потполно сме ја онеспособиле и сме ја довеле во прашање неговата симболичка делотворност, односно начинот на којшто таа фикција влијае на обликувањето на нашето секојдневно искуство.

Имено, секогаш ќе постои минимум идеализација и фетишистичко порекнување на што укажува Славој Жижек зборувајќи за апсурдната логика според која функционира симболичкиот поредок. Во случајот на Скопје 2014 тоа би значело дека и покрај тоа што знаеме дека тоа е една голема криминална и параноична измама, сепак, бидејќи се работи за „проект“ во кој на еден симболички начин, преку споменичnите обележја на важни ликови од минатото е претставена историјата на Македонија, ние не можеме а да не покажеме, ако ништо друго, барем минимум почитување.). А тоа значи дека и понатаму овој „проект“ ќе игра на картата на нашиот идентитет, ставајќи ги во залог неговото значење и смисла, а сè со цел Другиот (Европа и соседните земји) да стекне знаење и да го потврди неговото „милениумско“ постоење. А Другиот постојано одбива да знае и со тоа го доведува нашиот идентитет во константна состојба на параноја. Како во вицот за лудакот кој умислил дека е зрно пченка поради што бил испратен во лудница на лекување. Откако е излечен и пуштен дома тој по извесно време се враќа кај докторот и во паника му кажува дека на улицата видел кокошка и се уплашил да не го изеде. Запрашан во што е сега проблемот, сега кога тој знае дека не е зрно пченка туку човек, лудакот му одговорил: „Да, јас знам дека повеќе не сум зрно пченка, но дали тоа го знае и кокошката.“ Според Жижек, „оваа прикаска, бесмислена на нивото на фактичката стварност, на која или сте или не сте зрно, апсолутно е смислена ако ’зрното’ се надомести со некое обележје кое го одредува мојот симболички идентитет.“( Slavoj Žižek, Škakljivi subjekt, 2006, str.287) На овој начин функционира и идентитетската фикција на Скопје 2014: сè додека не знаеме дали Другиот знае, ние ќе бидеме сосема немоќни и нефункционални, лесен плен на разни партиско-коруптивни, етнички и идеолошки манипулации.

https://okno.mk/node/65377
За сè има вторпат
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #6377 Posted: 14-Jul-2017 at 18:52
Страшно изгледа ова ругло. Мада одлично се уклопува во оваа какафонија на Скопје 2014.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2367
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6378 Posted: 14-Jul-2017 at 20:05
привремено решение... какви шутраци еј, не можеа да ја стават во некој парк некаде (не мора да е градски) кај што екшуали има деца. Kој овде ќе се вози, мајсторине од градилиштено?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2261
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6379 Posted: 14-Jul-2017 at 20:17
Originally posted by fichot

привремено решение... какви шутраци еј, не можеа да ја стават во некој парк некаде (не мора да е градски) кај што екшуали има деца. Kој овде ќе се вози, мајсторине од градилиштено?


Не, туку инфантилните од зградата карши.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #6380 Posted: 16-Jul-2017 at 16:35
Рингишпил заглавен во време и простор.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 317318319320>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.764 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.