build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 320321322323>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [54.26%]
82 [43.62%]
4 [2.13%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6421 Posted: 04-Dec-2017 at 11:30
Сенигалиа има одлични оценки на Booking, очигледно добро им иде. Ако се гледа од аспект на турист, не е воопшто тешко да се види и зашто. Добра локација, несекојдневен објект, ок цена и услуга...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6422 Posted: 04-Dec-2017 at 12:34

опа капак надеж, <Фресно> во пакет со галиите сигурно одело ветувањата на инвеститорите и за пречистелна за Вардар но и негово поплочување во Центар ... е сега сите што се против патинирањето, кај нас обично од даден табор никако немѐ да најдат оправдување та макар се било идеално ... јас ко ниваму нитаму ќе речам нек си тераат двата и натака со тој памет, но веројатно не за долго, како бешенона додека двајца се караат третиот користи, жално е што тоа е преку грбот на народот т.е. неговиот данок ... мене дури и ќе ме чуди ако не ги тргнат "сплавовите" но чекам да видам каква шаријада ќе биде од тоа ... може ќе ги направат пловни, а зошто не и летечки бар сета симболика и со нив и со Ск14 упатуваше на ова, да направат шоу за туристи по дома да ни се рашетаат, а така да се релативизираат повеќе ризици меѓу кои и етнички и економски и елитистички, но ојде работата сосем обратно почнувајќи од последнава ставка, со оглед дека галиите не се кренати со државен камен та и цените не се достапни за обичен народ ...

тука може да има токму само обични сплавов, како он'вотер видиковци, со по некој шанк до бедемите или пак над нив доколку Кејот13.11 го растеретат од кафе-тераси а на нивно место си вратат клупите ко што си беше порано ... вака како е сега цел овој потег е вишок ако се земе дека нема никаква слична симетрија на кафетерии д страната на Офицерски па делува центарот ко некоја паланка ... еве сега не го патинираат ГТЦ та нека си кренат пространи кафе тераси одозгора ... ако одиме минимал тоа и треба да е минимал, дури и сред неокласикава а на која исто треба да се растерети се што е вишок ко скулптурчиња и балустрирани оградичиња, среќа нема некој авторски закон кој ова го забранува инаку први бруталистички настроените естети ќе се избезумија, до душа бидна тоа случај апропо интервенциите врз брутализмот, но нели сега нема потреба зошто упадите биле нелегални, а повторно кој е скебан него грбо на народо, нели во случајов од естетски аспект ...

ко држава после секој земјотрес, каков и да е, единствено што треба и може да си го дозволиме е надополнување, но не и враќање на нула, иако не сум јас власт која треба да му рече на народ опуштено што треба да биде ќе биде, а нас остајте не дѐ тераме програма бидејќи заради истата и сме дошле на власт ...

како и да заврши сето ова, на арно ќе биде кога пејсажниот урбанизам ќе ни бидне законска норма, бидејќи земено естетски нема визура која немоќе да се оправи со Зеленила, ете лку само ГТЦ и ваков воопшто не му опонира на неокласичниот ѕид од спротива, иако тоа Стара-НБМ штрчи ко борг сред маскембал, но и таа би се растеретила вака со по некој пејсажен испуст од зелен столб, евентуално исцела лед фасада, а само како би поминале ефтино во однос пеглањето недоносености од денешен аспект ... вака видено и го пуштив аберот за поплавените подруми во археолошки не фрлајќи сеир ами сулудо решение за повеќето од нив да направиме балнеуми т.е. поставка за термалните бањи од локалната антика, бар додека се најдаат средства за подземните води да се ресетираат ... исто во однос прокапувањата од кровои, ок мрчењето тоа не ни гине, но која е поуката, дека тендерски не треба а заради нулта корупција да одиме со најефтини понуди, или пак критериумите за надзор да ги кренеме до болка, та на тендер да почнт да се јавуваат нормални изведувачи, а овие ангажираат уште постручни подизведувачи ...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6423 Posted: 04-Dec-2017 at 14:22
Zelenikovo, јас велам да ги оставиме овие муабети на урбанистичките и архитектонски стручњаци, по можност потпомогнати и засилени со познати имиња од странство.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6424 Posted: 04-Dec-2017 at 14:56

точно урбанистите, но ма,ку имаме наши та сегѐ требало увезени, мислам за ова бар е лакрдија да се фрла народен камен за туѓа консултација ... единствено што треба sds да стори е да ги отвори сите карти и на експертска но и народна јавна дебата, бар самите тие главенакцент има на транспаретноста, и во опозиција и предизборно, иако мора да се признае дека кои дпмне си полираат рејтинг преку подобни телевизии, ајде бар не се многу ...

абе и со Танге чим градов не успеал да избилда озбилна метропола, а финансиран од ООН, а што пак со некој странски експерт на sds а посереди штедлива агенда ... ок, да консултираат они странци како мислење, но не и како амин ...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6425 Posted: 04-Dec-2017 at 16:46
А кој треба да го даде аминот? И што е тоа sds? Јас не ја разбирам оваа кратенка.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6426 Posted: 04-Dec-2017 at 17:51

кај нас во вакви околности, и пред ова требаше а уште повеќе сега Амин да дадат, ГИМ за конструктивните моменти, а ААМ за архитектонските, можеби преку заеднички Совет на Градежната Фела ...
sds ги етикетирам сдсм чисто симболично како безрезервни еа-играчи, она глобалистичките пред националните интереси т.е. терање национална политика строго преку интернационален аршин, еве да не излезе дека фаќам сеир, и не го ни фаќам, напротив на креативен начин вака и ги апострофирам како партија која сега во моментов е најодговрна за многу побитни работи него Ск14-та ...

странски експерти се добредојдени за пријателски анализи, но да ги плаќаме, демек ние сме абдали, тоа е смешно, напротив тие во обзир ќе ја имаат пред се естетиката и урбаните норми, додека наш човек ја иимал во предвид и локалната култура и амбиент, но само доколку не е партиси експерт ко до сега, и тие се ок, доколку бар ко партиски излезат на мегдан заеднички, а посетне ААМ и ГИМ ко здуженија да пресечат што од таквата експертиза треба и може да се истера ...
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #6427 Posted: 04-Dec-2017 at 18:13
Originally posted by BOJAN

Zelenikovo, јас велам да ги оставиме овие муабети на урбанистичките и архитектонски стручњаци, по можност потпомогнати и засилени со познати имиња од странство.

Po moznost??? Jas bi go stavil ovde kako zadolzitelno koristenje na arhitekti od stranstvo.
Nemam doverba vo ni eden arhitekt vo Makedonija, ne samo poradi nivnoto malo iskustvo/neiskustvo tuku i poradi to a sto site ziveat vo Makedonija i poradi toa se podlezni na podkup i ucena od vladata.
Sekogas ke ima korupcija i kradenje.

Treba privatna kompanija od stranstvo da se plati i da go menadzira celiot urbanisticki proekt.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6428 Posted: 08-Dec-2017 at 01:20

интересна дебата, но ќе беше убаво да донесат и независни освен партиски експерти, уште Груевски фали во дебата за да брзо се заокружи истата, односно би отпочнала постфестум анализа за првата фаза од патинирањето на метрополата ... втората фаза веќе е во тек, онака со хилтаџиски чалам завозена, а ќе се однесува пред се на дислокација на скулптури, или пак нивна трансформација пр. фонтаната откако sds ќе го прошета Александар на Кале ... најпосле би дочекале во блиска иднина и трета фаза во која би требало да се направи обид за сингергија помеѓу брутализмот и неокласиката, а што би се постигнало со пејсажни и уметнички инсталации, за преку што поиспеглани визури да се добие што поубав центар на метрополата, иако убаво би било уште сега, наместо покасно, последнава власт им бидне од рака на велосипедистите, преку првата интервенција во патинава [1] како и да ет, темпото со кое сега е форсирана ревизијатз натенане, не ни ветува дека правовремено ќе се истера вторава фаза ...


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11497
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6429 Posted: 09-Jan-2018 at 18:16
Според мене, еден од понеиздржаните текстови за проектот Скопје 2014, а ако не се лажам, авторот е еден од творците на некои од новокомпонираните фасади. Сепак, треба да се чуе сечие мислење, посебно она на архитектите.

-----------------------------------------

Да се руши или да се дислоцира не е единствениот избор за „Скопје 2014“

Политичкиот и архитектонскиот дискурс не секогаш се преклопувaат. Политичката стигматизација на архитектурата не треба да значи архитектонска елиминација, туку можност на друг начин да се согледаат нештата.

Од неодамна се` почесто се спомнуваат зборовите „рушење“ и „дислоцирање“ кога се работи за централното подрачје на градот Скопје. Овие зборови се почесто се наметнуваат како метод за решавање на загадочните проблеми на градот.

Зошто таква остраственост? Скопје 2014 (СК2014) е совршено во традицијата на Скопје, во традицијата на екстремите кои ги предизвикуваат циклусите на градење и разградување. Па сепак, ако тргнеме по сценариото да го срушиме и/или дислоцираме, има една дилема, каде ќе застанеме? И кој е тој што тоа ќе ни го соопшти?

Да срушиме сѐ од комунизмот и од турското ропство?!

Деструкцијата има темна моќ, силна привлечност. Впрочем, Скопје тоа го има доживеано низ историјата. Во различни ситуации, мојот колега Гоце Аџи Митревски ја повторуваше поговорката „дубина вуче“ (длабочината влече).

Па, да почнеме од почеток, да срушиме и дислоцираме се` од Скопје 2014. Но зошто само Скопје 2014? Треба да се свртиме околу нас. Сигурно има многу случаи кои се слични на СК2014, по згуснатоста на изградбата, по уништувањето на зеленилото, по естетиката, по корупцијата, по конфузијата, можеби во Дебар маало? Да, сите сме реагирале на некои насилнички ситуации, во кои ни го крадеа јавниот простор, ни ги крадеа тротоарите, дрвјата, градините... Но, уште поизразити случаи има во Чаир, сигурно таму може да пронајдеме проширени и надградени верзии на „неделата“ на СК2014. И понатаму можеби најочигледни се падините на Водно потопени од плимата на градежната маса и фрагментите на „кинеските зидови“ дисперзирани по градот. Но, што со транзицискиот период и беспрегледната маса на нелегални, полулегални, легални трансформации? Тоа треба да се спречи, да се исправи и засекогаш да се реши, а токму сега можеме да го направиме тоа, да се сруши и/или дислоцира.

Па сепак, периодот на едноумието како да повикува, што со целата продукција на едноумието? Се разбира, треба да се сруши и/или дислоцира!? Зарем да ги оставиме спомениците на комунизмот, зарем берлинскиот ѕид не е срушен? Зарем во Берлин знаменитиот објект, Палата на Републиката (Palast der Republik), од периодот на Источна Германија не е срушен? Ние сигурно тоа можеме да го сториме дури и поуспешно. Зарем не се сеќавате на неделата на комунизмот? Не треба да има материјална трага.

А што со ненародните режими? Периодот на окупацијата? Лесно е, треба да ги пронајдеме, обележиме и да ги срушиме и/или дислоцираме сите физички сведоци од тој период.

А од „турското ропство“, од „темниот вилает“, зарем треба да останат траги, сигурно не, траги на ропството? Згора на тоа, под сомнеж е и нивната легалност. Тогаш рушиме и/или дислоцираме?

Па оние средновековни држави и вечните дилеми кој и чиј е, имаме одговор, руши и/или дислоц`ирај! Славниот Рим? Во Македонија не беше славен, не порази и подели, а нашиот одговор за тоа е секако рушиме и/или дислоцираме, сите траги, целата археолошка стратификација. Зарем не го видовме тоа во Палмира? Да, тоа е можно и пожелно.

Македонија. И тука има сомнеж - словенство или македонство? Антиквизација? Треба да решиме еднаш засекогаш, а сега тоа е барем лесно, рушиме и/или дислоцираме, целата материјална и симболична историја на Македонија. Се` до нулта точка.

Скопје како град колаж

И тогаш што? Каде сме? Во калта каде и што и бевме? Така град не се прави ниту се согледува. Градот никогаш не е „еднонасочен“, секогаш е сложен и противречен, а архитектурата не е само критична, туку и конструктивна. Да, треба да сме инжинери, но и бриколери, да планираме нови работи, но и да правиме работи од тоа што е можно. За разлика од инжинерот, бриколерот работи со најдени/отфрлени објекти. Колин Рој (Colin Rowe) и Фред Котер (Fred Koetter) во периодот на преиспитување на догматизмот на модернатa, не` упатуваат на идејата за Град колаж (Collage City). Имено, реакцијата на големите утопии е токму градот колаж составен од фрагменти на утопии во минијатура. Таа идеја ќе ја продлабочи Рем Колхас (Rem Koolhaas) со Генеричкиот град (Generic City), „тој е површен како холивудско студио, тој може да произведе нов идентитет секое понеделничко утро“. Така засекогаш отстапи од една завршена, стокмена, испланирана утопија на урбанизмот.

Градот не е праволиниска појава, има подеми и падови, еволуција и дееволуција. Десет години се ништо во траењето на градот и не можат да се гледат сами за себе. Неговото дејствување е во вкупноста на траењето. Има трагична слика на градот, но има и комична слика, има високо интелектуална, но има и бизарна, автентична, но и претенциозна. Па сепак, тоа е вкупноста на едно искуство.

Но што е со второто сценарио, што ако ништо не рушиме и/или дислоцираме? Да, тогаш треба да се потсетиме на поуката и критиката на Ле Корбизије (Le Corbusier) до господата архитекти, во книгата „Кон правата архитектура“, со повикот: Очи кои ништо не гледаат. Ако навистина гледаме, тогаш ќе го видиме потенцијалот на реалноста. По посетата на Скопје, еден професор од Загреб искрено ми се обрати со совет дека треба да ја искористиме појавата на СК2014. Дека во низата на градските секвенци ја нагласува чудната разнородност на градот и различните периоди. За некој што се движи од плоштадот по Камениот мост до историското јадро, Старата чаршија, бездруго има интензивно искуство на простори, изрази, мерила и дека токму артифициелното ставање едно до друго, јукстапозицијата на чаршијата и СК2014 дава дополнителен драмски ефект на градот.

Мноштво луѓе, странци и домашни, секојдневно за позадина ги имаат чудните призори од архитектурата и скулптурата од СК2014. Според говорот, некои се од Турција, Бугарија, Србија, Албанија или Косово, некои од Грција и претпоставувам од далечните предели на истокот, Кина. Но, ги има и од северните земји, а секако и од Македонија и Скопје. Млади луѓе, стари луѓе, во средно доба, во друштво, во парови или сами, љубопитно ги откриваат аглите и позадините на нивните селфија. Една млада дама од Барцелона, која е на докторски студии во Каролинска, Стокхолм, по посетата на Скопје пофално се изрази за појавното без да знае за живата дебата про ет контра.Неодамна на Мостот на цивилизациите сретнав еден минувач кој се обидуваше да фати одредени кадри од околината. Ми се претстави како фотограф од Загреб. Го прашав што мисли за градот. Иако благо, го искажа очигледното: Да, малку е кичесто, но е фантастичен за фотографија. Следната година би сакал да направи работилница за фотографија токму во Скопје.

Политичката стигматизација не мора да значи и архитектонска елиминација
СК2014 има една нуспојава. Во позадината на нејзината изразита наративност пошироката јавност за првпат покажа интерес кон архитектурата на модерната особено кон „затемниотиот град“, кон периодот на брутализмот кој долго време беше потиснат и невидлив за многумина граѓани. Првпат ги препознавме вистинските вредности на авторските дела на 1970-тите како клучен придонес на македонската архитектура.

Но, има уште нешто. Форсираната изградба кон реката сепак понепосредно ги поврза двата брега. Уличните кучиња тоа најдобро го покажуваат, одеднаш тие станаа жители на двете страни, ту се на левиот, ту на десниот брег. Ги гледаме како ги следат и дури предводат групите на туристи, од место на место, од споменик до споменик. Пред плочата која го означува местото на куќата на Мајка Тереза, пред Воинот на коњ, пред Гоце Делчев и Даме Груев, па на кејот по Мостот на цивилизациите, па пред Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум кон фонтаните и понатаму кон чаршијата, во зависност од туристите и турата. Така, се чини уличните кучиња најдобро го запознаа проектот СК2014.

И после се`, дали може да го искористиме токму тој кичест, наперчен, нагласен слој на градот пред да го отфрлиме? Сите сме свесни за вештачката природа на Eуросонг (Eurovision Song Contest) и сите добри знаеме дека многупати бил далеку од вистинските музички вредности, но секоја година повторно ги следиме новите епизоди на таа „парада на кичот и пијанството“. Дали токму Скопје може да добие култна вредност од сопствените „еурофанови“? Би требало да направиме чекор назад од преголемиот патос што го проектираме на градот, од преголемата сериозност со која му пристапуваме и недостатокот да го сфатиме како предност со која во иднина треба да се работи.

Политичкиот и архитектонскиот дискурс не секогаш се преклопуват. Политичката стигматизација на архитектурата не треба да значи архитектонска елиминација, туку можност на друг начин да се согледаат нештата.

Но, пред да се вратиме на првото сценарио треба уште еднаш да погледнеме околу себе, но не само во СК2014, туку таму каде што живееме, работиме, секојдневно се движиме, се возиме, во куќите, во зградите, во автобусите, возилата. Да погледаме во тротоарите, улиците, дали можеме да кажеме дека гледаме европски град околу себе? Дали СК2014 е вистинскиот проблем? И навистина, да ја видиме целината на градот и можноста за негова „европеизација“ пред да пристапиме кон „иконоборството“ на и она што малку го има.

проф. д-р Минас Бакалчев

https://www.mkd.mk/kolumni/da-se-rushi-ili-da-se-dislocira-ne-e-edinstveniot-izbor-za-skopje-2014

Edited by Џоле - 09-Jan-2018 at 18:17
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6430 Posted: 10-Jan-2018 at 20:10

главниот проблем со Ск2014 е нетранспарентност на целиот проект и сомнителниот квалитет на објектите, каде се лоцирани и колку наштетуваат на околината и го попречуваат развојот и дали претставуваат потенцијални опасности... така ќе се има научен пристап кон работите, кон поздрава животна средина, без реваншизам и омраза
има една шака објекти, вклучувајќи и споменици, кои комотно може да ги срушиме, дислоцираме и ревидираме дури и без продлабочена дискусија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #6431 Posted: 17-Jan-2018 at 14:32
^ Cisti gluposti... nego ajde... da srusime se demek spomenicite se opasni po zdravje
Trosete pari, trosete! od sto gi imate neznaete sto da pravite so niv...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6432 Posted: 17-Jan-2018 at 22:52
Originally posted by iGi_PoP

^ Cisti gluposti... nego ajde... da srusime se demek spomenicite se opasni po zdravje Trosete pari, trosete! od sto gi imate neznaete sto da pravite so niv...

трошењето при изградбата на објектите е оправдано, а при нивното рушење не?
не зборам за рушење од омраза, зборам за евалуација на се што е изградено и што може да се направи во врска со тоа, со цел да се развиваат поквалитетни урбани простори во кои ќе може нормално да функционираме... главниот проблем на Ск2014 беше градењето базирано на омраза, врз веќе дефинирани простори, без никаква трошка професионалност и без никаков детално простудиран и издржан план... мислиш дека сакам истото да се повторува во форма на рушење?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1016
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6433 Posted: 25-Jan-2018 at 20:24
Ќе се преместуваат вртелешките кои ги постави Коце Трајановски

Вртелешките поставени на кејот на Вардар ќе бидат отстранети, јавува порталот СакамДаКажам.
Двете вртелешки ги постави поранешниот градоначалник, Коце Трајановски. Едната во близина на седиштето на Телеком, другата спроти Министерството за надворешни работи.
Од кабинетот на актуелниот градоначалник, Петре Шилегов информирале дека тие ќе се отстранат бидејќи едната го блокира кејот на Вардар, а другата нема доволно посетители.
Се размислувало за нови локации, односно паркот во Чаир и паркот на езерата во Аеродром.
„Втората локација пред МНР е несоодветна поради тоа што нема фреквентност на движење. Каруселите се отстрануваат по барање на велосипедистите коишто бараат да се ослободи поголем простор за пешаци и велосипедисти на тие локации. Исто така, поради близината на локациите, бројот на посетители на двата карусела остана приближно ист со бројот на посетители кои досега го користеа првиот карусел лоциран на плоштадот Македонија, односно незначително се зголеми, а со тоа и приходот од двата карусела остана речиси ист, а се подели на два реквизита, додека пак трошоците кои се создадоа за друштвото се значително поголеми“, информирале од Кабинетот на Шилегов.
Вртелешката кај Телеком беше поставена во 2013 година во рамките на проектот Скопје 2014.
Чинеше околу 160.000 евра, а ја набави ЈП „Паркови зеленило“ со пари кои му беа префрлени од буџетот на Град Скопје.
Втората вртелешка, на плоштадот Пресвета Богородица беше поставена минатата година во јули иако првично од ЈП „Паркови и зеленило“ велеа дека ќе стои на Плоштадот Филип Втори.
Таа е поскапа од првата и за неа Град Скопје потроши 187.000 евра.

http://novatv.mk/ke-se-premestuvaat-vrteleshkite-koi-gi-postavi-kotse-trajanovski/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #6434 Posted: 26-Jan-2018 at 17:28
Фала богу!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6435 Posted: 10-Feb-2018 at 15:37
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11497
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6436 Posted: 18-Feb-2018 at 21:00
Цехот за „Скопје 2014“ е точно 700 милиони евра!

Се сеќавате ли на изјавата на поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, кој во телефонски разговор со својата, сега исто така поранешна колешка од МВР, Гордана Јанкулоска, во единаесеттата „бомба“ на СДСМ, ѝ се жалеше: „Ние сме лудаци, трошиме за чоколади, а немаме за леб“?

Тогаш тој ѝ рече: „Сега ќе даваме пари за сто слики за Археолошкиот музеј, а немаме… Човекот забега, изгуби контакт со реалноста“.

Сето ова Ставрески, кој до денес не е обвинет за никаков криминал од СЈО или од ОЈО, ѝ го кажува на својата колешка, сега обвинетата Јанкулоска и ѝ се исповеда за маките кои ги имал за да најде пари – и тоа не било колкави пари, туку фантастични 700 милиони евра, кои со години Министерството за финансии ги исплаќало за светски „најсмешниот“ владин проект, кој го осмисли и го реализираше владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски. – „Скопје 2014“.

Со штетите од поплавите, цехот ќе расте

Тие фамозно потрошени 700 милиони евра пари на даночните обврзници на Република Македонија, во суштина, се ни помалку ни повеќе туку точно 43 милијарди денари. Ова значи дека за сите избирачи во Македонија, сите потенцијални 1.814.644 гласачи, колку што се запишани во Избирачкиот список на ДИК од ланските избори, без разлика дали се вработени или се социјални случаи, пред Нова година можеле да добијат тринаесетта плата или новогодишен бонус од точно 23.600 денари.

Може е за неверување, но толку поранешната влада потрошила не за нешто друго, туку само за својот мега проект „Скопје 2014“, смислен за да даде една нова историска димензија на нацијата.

Патем речено, оваа бројка се однесува на периодот до декемвриската поплава во дел од објектите на „Скопје 2014“. Поради штетите од протекувањата од пред некој ден и поради евентуалните нови исти ситуации што би се случиле напролет (неизбежно, поради загрозеното корито на Вардар), бројката што со себе ја однесе матниот проект „Скопје 2014“ постојано ќе се зголемува.

За сите неправилности, за штедењето материјал и за непрофесионална изградба, наскоро, како што дознаваме, истрага ќе започне Јавното обвинителство, откако ќе го добие ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), чии екипи пред една недела од Министерството за култура ги зеле сите документи за овој проект на увид.

Самоисплатливоста – мислена именка

Како што дознаваме, документацијата е огромна. И јавноста знае дека таа „папирологија“ е толку голема што на својот последен прес, поранешната министерка за култура, Елизабета Канеческа – Милевска, која сега е обвинета од СЈО за криминал во случајот „Тендери“, предмет поврзан со дел од изградбата на „Скопје 2014“, самата излиста илјадници страници, оправдувајќи ја „чесноста“ на тогашната власт при изградбата на сите објекти. Самиот нејзин прес траеше рекордни два часа.

Нашите соговорниците од Министерството за култура потврдуваат дека ревизорите од ДЗР зеле сѐ – сите документи, планови за изградбата, за трошоци и стотиците договори и анекс-договори за градбите. Првично е констатирано дека заклучно со претпоследната поплава на низата објекти и штетата која ја претрпеа дел од овие објекти во големото невреме во декември лани, вредноста на потрошените пари за поправки во десетина објекти од проектот „Скопје 2014“ е точно 700 милиони евра, дознава Судство.мк. Во оваа математика е пресметано сѐ што е изградено, вградено, реконструирано и поправано во невидениот градежен потфат на владата предводена од Никола Груевски.

Овие објекти почетно беше пресметани дека државната каса ќе ја чинат само 50 милиони евра. Но, со тек на времето, тивко, цената им се зголемуваше, па есапот испадна 700 милиони евра или 43,05 милијарди денари.

После сите поплави, испукани подови и ѕидови, фушерајската изградба, „штедењето“ на вложениот градежен материјал, вредноста на секој од овие објекти, доколку еден ден би се продале и доколку би се оцениле како нефункционални, драстично ќе биде намалена.

Со оглед на фактот што граѓаните имаат сѐ помал интерес да ги посетат овие објекти, скапите влезници и високите цени за нивно изнајмување, засега никој со сигурност не може да каже кога со оглед на вложената сума, после колку децении секој објект поединечно сам ќе се самоисплати.

Објектите катастрофа, важи само уште гаранцијата за статиката

Имајќи предвид дека парите употребени за изградба на бароконото чудо „Скопје 2014“ се пари на даночните обврзници, тогашната влада можела целосно од корен да го промени инфрастуктурниот лик на земјата. И не само тоа. Можела да изгради дузина училишта, болници, да ги опреми АРМ и МВР, болниците и спасувачките служби, со најсовремена опрема, да изгради објекти за бездомници, да им даде вработување на бездомниците и на социјалните случаеви, да финансира проекти за да не ни се иселува младината и пак ќе останело за луксузирање…

Но сега, сите тие пари, како што се вели народски, се фрлени по Вардар – и фугуративно и фактички, барем за оние објекти кои се изградени на брегот на реката.

Овие милиониски суми на државните обврзници, фирмите и граѓаните се одвоени од Буџетот на Македонија.

– Објектите ги градеа Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи. Сега, само еден објект е останат под надлежност на СОЗР. Сите се веќе под „капата“ на Министерството за култура. На сите објекти им изминал гарантниот рок за поправки. На сила е само гаранцијата за статика. Деведесет и три отсто од објектите имаат аномалии со покривите. На некои места зградата на МНР е распукана – вели директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.

Со следното невреме, што е најавено за деновиве, но и новото протекување на терасите и таваните во музеите и театарот кај старата автобуска станица, за санирање на објектите ќе бидат потребни нови пари.

Од Министерството за култура велат дека веќе имаат обезбедено пари и програма за санација на штетите во овие објекти. Нагласуваат дека поправката е планирана со почетокот на пролетта, кога ќе се подобрат и временските прилики. Од таму додаваат дека според проценките, најдобар и најиздржлив покрив кој не пропуштил ниту капка бил тој на Музејот на ВМРО. Сите други биле со аномалии.

Со еден збор, „Скопје 2014“ троши и кога ништо не се гради. И тоа крај нема…

Автор
Горан Наумовски


http://www.sudstvo.mk/%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%86%D0%B5%D1%85%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-2014-%D0%B5/
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6437 Posted: 18-Feb-2018 at 21:52
Дефинитивно најпредавничкиот проект во Македонија! Бидејќи е многу поефтино и поприфатливо да се срушат крнтиите од Скопје 2014, наместо да се крововите, цевките наречени столбови и останатите аномалии, се надевам дека ќе пристапат кон негово отстранување. Дали се испитуваат и фасадите и нивната огноотпорност? И дали се знае колку од овие 700 милиони евра се во Швајцарија, Белизе и слично?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #6438 Posted: 18-Feb-2018 at 23:01
Со вакви дилетантски текстови само се помага во оправдувањето на СК14, а не обратно.

Башка, влезниците (за во тие кај што може да се влезе) не се „прескапи“, ако се нема нешто во меѓувреме сменато, во Археолошки е 100-120 ден. Музеј на Мак. борба е исто така околу 100ка. Не коштаат многу, но сепак, со оглед на цената што сите ја имаме платено за овие бунари без дно, мислам дека барем во наредните 10 години треба да е сосема бесплатен влезот за сите граѓани на државата, а тоа може да се компензира со ставање на цени од 200 (~3 eur) за сите други државјани. Имајќи ја предвид содржината на Археолошки тоа не е многу за никој странец (европски барем).
Back to Top
majstorot_001 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote majstorot_001 Quote  Post ReplyReply #6439 Posted: 19-Feb-2018 at 00:29
Ако треба да рушиме, треба да се почне од почеток, прво да се сруши Капиштец, потоа т.н. транспортен центар илити железничка станица па сè што е изградено на Водно околу Панорама па (изберете сами) па после може Ск2014. Имало порано и поголеми глупости па не се рушеле.
Новава (добро не е више нова) влада тоа што ќе го изгради ја да сум следна власт одма им го рушам (по логикава што може да ја прочитам кај другите коментари)

Тоа што треба да се прави е:
1 дубари околу договори, особено анекс договори ... секој што бил на функција и правел дубари со договори, да врати пари за колку ја оштетил државата, плус нормално да си одлежи малку.
2.Лоши проекти. Трајно одземање на овластувањата и лиценците на проектантот и ревидентот и ставање на црна листа да не може да учествуваат на било кој проект финансиран со државни пари.
3.Исто и за надзорот.
4.Стручна анализа на најчесто повторувани грешки, намерни случајни или од незнаење и ревизија на законската регулатива со предвидени прописи што тоа ќе го спречат во најголема мера, особено околу предмерите и техничките спецификации-описи.
5.Бришење на интелектуални услуги од постапка за јавни набавки со најмала цена, туку евалуација за избор на понудувач според квалитет кој лесно се докажува со 80%, а цена еве 20% нека биде. Така нема да може секој „дустабанлија“ (да го цитирам Зелениково) да проектира ревидира и биде надзор.
6. Казнени одредби --- екстремно ригорозни за секој функционер или сеедно вработен кој учествува во избор на понудувачи. Казнени одредби за проектант ревидент и надзор на неколку нивоа во зависност од пропустот (секој може да згреши-но секоја грешка се плаќа).

Сето ова одма да се спроведе во постапка за санација на објектите, а еве ако некој ептен не го бива да се руши.

7. Работи ли тоа комората што збира членарина воопшто нешто ????
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6440 Posted: 19-Feb-2018 at 09:46
Главниот проблем што го има „Скопје 2014“ е проблемот на недемократичноста во носењето на одлуките на сите нивоа од самите почетоци.

Оваа недемократичност ја создаде претходната власт уште од самиот почеток во 2006 година, кога самите тие одлучија дека е неопходно да се постави споменикот на Александар Македонски на плоштад. И никого не прашаа за тоа, односно ги прашаа единствено своите послушници. Таа тактика на овие простори прв ја започна Слободан Милошевиќ на крајот на 80-те години, кога на митинзи ја прашуваше насобраната толпа: „Не чујем вас добро, шта желите?“ А толпата го одговара она што го слушнала претходната вечер на централниот телевизиски дневник.

Ваквиот комплот на „недемократичност“ поаѓа од тезата: „Миле, ми текна“. Откога ќе му текне на некој лидер (да се разбереме, ваквиот начин на размислување како да ја зафаќа и новава влада), потоа се појавуваат новинарските трубадури и медиумски куќи кои прават теми на дневно ниво што треба да информираат и здобијат поддршка за глупоста на лидерот. Така беше и со проектот „Скопје 2014“. Што е битно мислењето на јавноста на самиот почеток од проектот, кога ние за неколку месеци/години ќе го промениме истото.

И потоа следи ракоплескање, тапкање по рамо, глорифицирање на лидерот. Оф ти лидеру, го донесе Берлин, Париз и Лондон во Скопје, како на никој друг претходно не му текна вакво нешто. Во оваа група има опасни лижачи на газ, воено-криминални профитери, националистички лудаци.

На тој начин, се разви тезата (која нели треба да е природна!), дека центарот на Скопје е градина на националистичкиот лидер, кој одлучува за изградба на објектите според своите дневни вкусови и расположение. На тој начин, ни се случи да го напуштиме концептот на континуитет со пост-земјотресната обнова на Скопје, па дури и на воспоставување историчност во простор следејќи ја историјата што навистина се случила на овие скопски простори.

Па така, Јосиф Михајловиќ, кој има удел во „европеизацијата“ на овој некогашен турски град, нема ниту една локација во центарот на Скопје со која граѓаните треба/можат да се поистоветат. А тоа е така, бидејќи не постои разговор што води кон донесување на одлука базирана на отстапки од личностите со спротивставени ставови, туку има „Миле ми текна“ и по него цела река на ракоплескачи на ваквите идеи.

Како последица на тоа, Скопје денес заличува на главен град од Централна Азија, а не на европски град. Град во кој Советите за прв пат ја имаат донесено државотворноста на дотогашните племиња Туркмени, Узбеци, Таџици, кои дотогаш се бореле за тоа кој ќе има владение на водата и на земјиштето. Е токму со таквите, ние како европска држава се поистоветивме. Па сега, ќе мериме кон ни го уништил „идентитетот“.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 320321322323>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.891 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.