build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 321322323
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [54.26%]
82 [43.62%]
4 [2.13%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 71
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6441 Posted: 19-Feb-2018 at 15:09
Originally posted by BOJAN

Главниот проблем што го има „Скопје 2014“ е проблемот на недемократичноста во носењето на одлуките на сите нивоа од самите почетоци.

Оваа недемократичност ја создаде претходната власт уште од самиот почеток во 2006 година, кога самите тие одлучија дека е неопходно да се постави споменикот на Александар Македонски на плоштад. И никого не прашаа за тоа, односно ги прашаа единствено своите послушници. Таа тактика на овие простори прв ја започна Слободан Милошевиќ на крајот на 80-те години, кога на митинзи ја прашуваше насобраната толпа: „Не чујем вас добро, шта желите?“ А толпата го одговара она што го слушнала претходната вечер на централниот телевизиски дневник.

Ваквиот комплот на „недемократичност“ поаѓа од тезата: „Миле, ми текна“. Откога ќе му текне на некој лидер (да се разбереме, ваквиот начин на размислување како да ја зафаќа и новава влада), потоа се појавуваат новинарските трубадури и медиумски куќи кои прават теми на дневно ниво што треба да информираат и здобијат поддршка за глупоста на лидерот. Така беше и со проектот „Скопје 2014“. Што е битно мислењето на јавноста на самиот почеток од проектот, кога ние за неколку месеци/години ќе го промениме истото.

И потоа следи ракоплескање, тапкање по рамо, глорифицирање на лидерот. Оф ти лидеру, го донесе Берлин, Париз и Лондон во Скопје, како на никој друг претходно не му текна вакво нешто. Во оваа група има опасни лижачи на газ, воено-криминални профитери, националистички лудаци.

На тој начин, се разви тезата (која нели треба да е природна!), дека центарот на Скопје е градина на националистичкиот лидер, кој одлучува за изградба на објектите според своите дневни вкусови и расположение. На тој начин, ни се случи да го напуштиме концептот на континуитет со пост-земјотресната обнова на Скопје, па дури и на воспоставување историчност во простор следејќи ја историјата што навистина се случила на овие скопски простори.

Па така, Јосиф Михајловиќ, кој има удел во „европеизацијата“ на овој некогашен турски град, нема ниту една локација во центарот на Скопје со која граѓаните треба/можат да се поистоветат. А тоа е така, бидејќи не постои разговор што води кон донесување на одлука базирана на отстапки од личностите со спротивставени ставови, туку има „Миле ми текна“ и по него цела река на ракоплескачи на ваквите идеи.

Како последица на тоа, Скопје денес заличува на главен град од Централна Азија, а не на европски град. Град во кој Советите за прв пат ја имаат донесено државотворноста на дотогашните племиња Туркмени, Узбеци, Таџици, кои дотогаш се бореле за тоа кој ќе има владение на водата и на земјиштето. Е токму со таквите, ние како европска држава се поистоветивме. Па сега, ќе мериме кон ни го уништил „идентитетот“.

Главниот проблем за „Скопје 2014“ е што многу луѓе не разбираат дека е далеку од главен „проблем“ и има многу поважни работи за кои треба да се мисли за во градот (и другите градови) отколку за него.
Како сите да забораваат дека Железничката станица не личи на ништо, на пример.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6442 Posted: 20-Feb-2018 at 21:29

и нема ни да личи на ништо Железничката станица ако немаме развиен и современ железнички транспорт на патници и стока, како и ЛРТ систем кој би ја користел станицата и добра соработка и поврзаност меѓу сите сектори кои го сочинуваат транспортниот центар
да бидеме реални, се работи за пропаднат проект кој е правен за други времиња и стандарди, докрајчен од транзиција, и најголем проблем не е нејзиниот изглед, туку нејзината комплетна просторна дисфункционалност
ако се работи на железничката станица, треба да се почне од нула, во спротивно, ќе се работи за фрлање пари во вода ала Ск2014 чисто за изглед и разгледници

за што и да се размислува за подобрување на градов, ќе ти се запали мозок, со оглед на тоа во кој длабок вир на фекалии е навлезен... јас мислам дека и најпоштен и професионален кадар да стават да раководи со него, ќе се изгубат...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1338
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6443 Posted: 14-Apr-2018 at 14:59
Одлично што ќе започне проектот „Цел Центар на точак“. Но, дали со тој проект скопјани слободно ќе можат да се движат по велосипедските патеки кои не се наменети за паркирање автомобили?

Уште подобро што ќе реновираат фасади. Дали по реновацијата зградите ќе изгледаат убаво и ускладено, или ќе си останат шарените прозорци и грозните надградби? Мислам дека зградите каде што има заградени тераси не треба да добијат нови фасади, а оние кои имаат надограден кат не смеат да добијат никаква финансиска помош од општината (како поправка на лифтови, на пример). За жал, никој никогаш нема да го спроведе ова.

Богдановиќ: Неколку објекти од „Скопје 2014“ ќе бидат дислоцирани

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција најави дека е донесена одлука за дислокација на повеќе објекти од проектот „Скопје 2014“.

Богдановиќ не сакаше да открие за кои точно објекти станува збор и кога тие ќе бидат дислоцирани. Тој рече дека се водат истраги за повеќе објекти од овој проект, но дека не може да открива детали во интерес на истрагата.

Богдановиќ најави дека наскоро ќе започне и проектот за обнова на покривите кои протекуваат и старите и небезбедни лифтови како и проектот „Цел Центар на точак“.

Градоначалникот Богдановиќ рече дека од понеделник започнува рокот за пријавување на заинтересираните заедници на сопственици на станови од подрачјето на општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Рокот истекува на 30.04.2018.

– Ова е наше ветување и почнуваме да го реализираме за да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните на Центар. Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе го имаат жителите. Значи нема да поставуваме барокни фасади против кои се боревме, туку енергетско-ефикасни фасади кои ќе значат голема финансиска заштеда за семејниот буџет – рече Богдановиќ.

Реконструкцијата на фасади опфаќа: обнова на фасада со нова термичка фасада од страна на општина Центар и замена на старата и дотраена фасадна столарија со нова од страна на заинтересираните сопственици.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 70 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада .

Ако во семејство кое живее во колективната станбена зграда која е избрана за реконструкција на фасада има социјален случај или лице со посебни потреби, врз основа на документ со кој ќе се докаже тоа, општина Центар ќе го финансира неговиот дел при финансирање за реконструкција на колективната станбена зграда.

Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада.

Услов е зградата да е постара од 25 години.

https://plusinfo.mk/%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6444 Posted: 15-Apr-2018 at 21:48
Што бидна со отстранување/преместување на карузелот? Како се разубавува времето така и повеќе луѓе проаѓаат низ тоа тесно грло кое не нуди доволно простор. А преместувањето го најавија одамна ама ништо до сега.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6445 Posted: 07-May-2018 at 16:38
Градот Хеихе во Кина, слично на Скопје 2014, има повеќе кичозни зданија. Да видиме што се случило со нив по одредено време негрижа (и поради неквалитетна изведба).







Има и позачувани примери:







https://varlamov.ru/2910149.html
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 321322323

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.779 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.