build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје 2014
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 323324325326>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5529
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6481 Posted: 28-Feb-2020 at 13:03
Восочните фигури ги трошат парите за музеите

Музејот на Македонија е нашиот Лувр и Прадо, и неговите потреби треба да бидат приоритет, вели за БИРН, професорот по етнологија на ПМФ и претседател на македонскиот огранок на организацијата Син штит за заштита на културното наследство, Даворин Трпески. Музејот е објект со најголема збирка предмети што се меѓу највредните и најзначајни во земјава.

За Лувр и Прадо, сепак, би било незамисливо да имаат затворена галерија поради падната таваница, половина кат испразнет поради влага, траги од протекување на покривот и стар необновен под.

Сместена во срцето на Старата скопска чаршија меѓу Мустафапашината џамија и Куршумли ан, оваа градба изградена во 1970-тите години некогаш беше гордост на градот. И денес таа е мошне ценета меѓу архитектите поради својот модерен стил и современите решенија за музејско изложување. Бетонски призми доминираат над музејското плато, но архитектите Мимоза Томиќ и Кирил Муратовски се погрижиле тие да не го нарушат чаршискиот амбиент.

Овој музеј нема апарат што ќе троши струја од неколку стотици илјади денари месечно за постојано да одржува соодветна температура и влажност во него што го нарекуваат „чилер“. Таква опрема имаат објектите на кејот на Вардар, како Музејот на македонската борба и Археолошкиот музеј, нови објекти од проектот „Скопје 2014“. Во Музејот на македонската борба, таа машина не служи за да заштити стари предмети од минатото, туку за да ги одржува восочните фигури специјално направени за Музејот.

За сето тоа време, во Музејот на Македонија огромни ѕидови стојат празни. Управата морала да ги извади големите стари килими што стоеле таму, предмети зачувани од народното творештво, за влагата да не ги оштети. Ткаенината е мошне чувствителна на неповолни услови. Галеријата на икони, со една од највредните колекции во државата, е затворена веќе две години поради паднатиот таван.

Мали, ама трошаџии



Дотраеноста на зградата веќе предизвикува значителни трошоци за поправки, тековно одржување, комунални услуги и греење. Меѓу 100 и 200 илјади евра годишно од буџетот се плаќаат за одржување зграда, која во добар дел не се користи. Тие пари не се доволни за да се подобрат условите, туку само за да се спречи значително влошување од сегашната состојба.

„Имаме одобрено три милиони денари за изработка на 19 основни проекти за сите позиции коишто ќе покажат во кој обем, со која динамика и со колкав буџет ќе се реновира објектот. Но не знам кога ќе ни бидат префрлени и кога ќе започнеме со таа сложена постапка“, вели Јован Шурбановски, в.д. директорот на оваа институција.

Шурбановски се зачуди од информациите дека трошоците за тековно одржување и за комунални услуги на Музејот на македонската борба и на Археолошкиот музеј во некои години се поголеми од тие во неговата институција. Иако редовно функционираат само седум-осум години, тие трошат и по девет милиони денари (150.000 евра) за одржување годишно.

Разликата во сумите е уште поголема ако се знаат димензиите на објектите. Музејот на Македонија има изложбен простор од над 6.500 квадратни метри, а другите два музеи се трипати помали, со поставки на две до две ипол илјади квадрати. И покрај тоа што се нови и мали, тие годишно трошат исто или повеќе пари од централниот музеј.

„Во принцип нема логика нова зграда да троши повеќе пари од стара, но тоа не мора да значи дека објектот е неквалитетен. Можеби е инсталирана скапа и софистицирана опрема што предизвикува големи трошоци. Доколку и ние имаме таква опрема, веројатно трошоците за одржување би ни биле значително поголеми“, додава тој.

Маслото на платно во влага, восокот на суво



Никој не сака да отвори војна меѓу музеите. Тие, сепак, се културни институции. Но, сите се свесни за фактот дека државата отвори нови установи што се скапи за одржување, притоа целосно занемарувајќи ги проблемите и потребите на старите.

„Очигледно дека тука станува збор за луксузирање на едни на сметка на основните потреби на други“, вели поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, денес национален координатор за култура во Владата.

Восочните фигури во Музејот на македонската борба, додава тој, немаат никаква музејска и уметничка вредност или историска функција, а задржуваат пари.

„Петстотини илјади денари за струја месечно можеби треба да се потрошат за да се заштити некое уметничко богатство, но не за нив. Има вредни слики што се чуваат без соодветни микроклиматски услови, а ние ладиме восочни фигури. Па, дури и да била комерцијална целта на нивното поставување, приходот не ја оправдува инвестицијата“, смета Алаѓозовски.

Директорката на музејот, Даниела Николова вели дека нема избор.

„Тие восочни фигури се сопственост на државата и се оставени на моја одговорност. Јас не можам да дозволам да се оштетат“, додава таа.

За Археолошкиот музеј, Алаѓозовски вели дека се употребени 12 видеобима за да создаваат некакви ефекти, а многу институции немаат видеобим за основните потреби, да одржат презентација.

Како министер, Алаѓозовски вели дека се обидел да ги реши овие проблеми со рационализација, но како национален координатор можностите му се ограничени.

Ќе се даваат ли пари за корекции во нова зграда?



Поголем број музеи во земјава не ги задоволуваат ниту основните европски стандарди за чување културни добра, а исклучоците се ретки, вели Даворин Трпески. Еден од клучните проблеми е што предмети се чуваат во згради што не биле изградени за да бидат музеи, туку биле преадаптирани.

„Меѓу тие што се направени наменски се Природонаучниот музеј и Музејот на Македонија, како и новите музеи во центарот – Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј и Музејот на холокаустот. Па, и покрај тоа, и таму се јавуваат проблеми, особено видовме што се случува во музеите покрај Вардар поради локацијата и водите таму, имаат депоа што не можат да ги употребуваат поради влагата“, додава Трпески.

За зградата на Археолошкиот музеј, во која се сместени и Уставниот суд и Државниот архив, се потрошија речиси 43 милиони евра и таа беше најскапа од проектот „Скопје 2014“. Во просек по четири милиони евра за секој од десетте ката, осум надземни и два подземни.

Дел од овие пари се дадени за подземно ниво, кое не може да се користи поради влагата и непристапноста. Товарниот лифт е расипан, и со тоа пристапот е ограничен. „Власта не можела да ја лоцира фирмата што го поставила за да го поправи“, вели Алаѓозовски.

Второто подземно ниво требало да биде депо, но било незамисливо да се користи за тоа, бидејќи ќе ги уништело предметите. Директорката на музејот, Славица Бабамова вели дека таму ги чувале само алатите, па ниту за нив не биле соодветни условите.

За Бабамова, тоа што музејот е сместен заедно со две други институции над него е хендикеп, бидејќи сите тие имаат сосема различни потреби. Но, барем во еден случај тоа се покажало како предност. Кога во 2015 протекол покривот, водата пробила во канцелариите на Архивот, кои се најгоре (вредниот архивски материјал е два ката подолу). Државниот архив платил околу 30.000 евра за да го поправи, според податоците што ги добивме оттаму.

И Археолошкиот музеј има апарат чилер, кој функционира со многу мал капацитет. Восочните фигури биле преместени во едукативно катче во првото подземно ниво каде што се позаштитени од температурните разлики. Бабамова објаснува дека ако треба да се смени чилерот, тоа би бил трошок од околу 100.000 евра.

За да се преуреди музејот и да се отстранат сите вградени недостатоци, исто така би им биле потребни многу пари, на пример за да се подобри противпожарната заштита. Има многу дрвени елементи во музејот што го зголемуваат ризикот од пожари зашто се лесно запалив материјал.

Згора на сѐ, мермерните плочи во холот се одлепувале и паѓале бидејќи биле залепени врз гипс картон. Вработените во музејот ги залепиле со поцврст лепак, но за трајно решение треба проект и пари.

„Во нов објект, ние крпиме. Не можеме да ги решиме проблемите. А не верувам дека државата би била расположена да дава пари за зграда што е стара пет години, знаејќи во каква состојба се другите музеи. Но, проблемите може да се наталожат и за 10-15 години да имаме многу неповолна состојба“, вели Бабамова.

Во археологијата секогаш има потреба од поголеми вложувања, особено во земја со голем број наоѓалишта како Македонија. Затоа Бабамова вели дека е штета што се трошат пари за тековните потреби и за недостатоците на зградата, наместо тие да се вложат во дополнителни истражувања, публикации или зголемување на едукативната функција на музејот.

Без одржување, ризиците се големи

Како се дозволи да се направат музеи што на културата ѝ враќаат помалку отколку што се вложува во нив? Според Трпески, клучни биле процедурите во стартот, за основање на новите институции.

„Факт е дека релативно мал број луѓе носеа одлуки во врска со тие музеи. Да се правеше тоа во рамки на една постапка, во која јавноста, особено стручната, ќе беше повеќе вклучена, ќе избегневме голем број од проблемите“, додава Трпески.

Според Шурбановски, не треба да се дозволи музеите да западнат во толку лоша состојба за да им биде потребна комплетна реновација, бидејќи тоа е сложен и ризичен процес.

„Не е исто да се одржува или реновира театар и музеј. Театарот е пред се ансамблот, не е објектот. Ако објектот во кој е сместен театарот поради некои причини нема услови за работа, театарот може да продолжи да функционира, во други објекти, дури и со претстави на отворено, додека не се решат проблемите. Но музејот е самата зграда. Секој објект во кој се сместени предмети кои се заштитени како културно наследство и самиот објет е заштитен со закон. И ако овие објекти не се третираат на тој начин, настануваат проблеми“, објаснува тој.

Како што додава, целосното реновирање на музејскиот објект, подразбира и дислокација на предметите во објекти што имаат соодветни услови за чување, што е дополнителен трошок и практично неизводливо. Непрофесионално е кога предметите како заштитено добро и во фрагилна состојба, заради нивната старост, се предмет на чести дислокации.

Најголем ризик може да биде несигурноста во финансирањето. Таков пример е Народниот музеј во Србија, кој се реновираше повеќе од десет години бидејќи со менувањето на властите во Србија се кратеа и финансиите. Цела деценија тој беше затворен за јавноста, што, според Шурбановски, е недозволиво за една музејска институција.

Меѓу објектите што се запоставуваа додека се градеа новите музеи од Скопје 2014 беше и Музејот на град Скопје. Овој музеј има петпати помали тековни трошоци од Археолошкиот и од Музејот на македонската борба, иако има приближно еднаква изложбена површина како нив, од 2.283 квадрати.

Но, тој практично останал без депоа затоа што техничката опрема станала стара и неупотреблива. За тоа време се граделе депоа на двата музеја до Вардар, кои се под нивото на водата и до денес не се искористени.

„Музејот (на Град Скопје) има неупотребен простор, кој е во девастирана состојба, а нема доволно галериски простор. Недостигот од галериски простор и неговата несоодветност од архитектонски и технички аспект оневозможува да се поставуваат во тој простор големи и атрактивни изложби што ни се нудат или кои самите би можеле да ги подготвиме“, вели Емил Алексиев, куратор во музејот.

Тој се надева дека реновирањето што го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов вредно еден милион евра ќе реши некои проблеми со изложбениот и со јавниот простор во музејот, но депоата и натаму ќе останат проблем. Тој нагласува дека оваа најава од градот доаѓа откако и градските и државните власти дозволија музејот да биде „сардисан“ од градилишта и да загуби дел од својот надворешен простор и старите перони како составен дел на Старата железничка станица.

„Тој проект речито говори за општествениот недостиг од култура, грижа за традицијата и свест за сопственото минато. Говори и за алчноста и за човечката глупост. Наместо тој огромен простор врзан за објектот на Старата железничка станица да биде реновиран и ставен во јавна употреба со културни содржини, како што е одамна планирано, старите перони и најголемиот дел од Старата железничка станица, кои беа во урнатини (чекајќи подобри времиња и некое поколение подобро од нас за да биде обновена станицата) е израмнет со земја и избришан од колективната меморија на граѓаните на Скопје“, заклучува Алексиев.

https://prizma.mk/vosochnite-figuri-gi-troshat-parite-za-muzeite/
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote David Quote  Post ReplyReply #6482 Posted: 11-Mar-2020 at 12:26
Најголемо злодело на проектов е квалитетот на материјалите кои се користеа,тие пластики,стиропори,"нешто што личи на мермер.."(фасадите). Имаше расположение во јавноста за нешто европско,за нешто убаво конечно да се направи во градов,да заличи на главен град,а тие ја прокоцкаа таа шанса за да пикнат пари в џеб и да продаваат патриотизам. Сега кој и да спомне некакво европеизирање на Скопје ќе се асоцира и поврзе со чкарт квалитет и трошење пари без врска,а во реалноста градов денес тоне во уште полоша архитектура,во уште полошо урабно планирање и користење на простор,заглавени сме во сплет на комунистички згради што никој нема кохонес да ги чепне затоа што ќе наиде на критики(зошто ?)дека го уништува Скупјенце,и нови буквално голи исфарбани чкарт згради што "провинцијалците" ги купуваат ко алва,со еден едниствен изговор да се има стан во Скопје,а дали тоа го нагрдува и уништува граадот,не им е гајле.


За тргањето на галиите,врбите и такви дневно политички мерења ... нема ни да коментирам,партизански приказни во отсуство на конкретен план и проекти за развивање на градов и привлекување туристи па макар и домашни,макар и само скопјани да останат во градов,жално е да се живее овде во вакво време на безидејност и незаинтересираност за нешто подобро и поубаво.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6483 Posted: 27-Mar-2020 at 19:37
И не е проблемот само во термо и хидро изолацијата на објектите, во нив треба да се инкорпорирани лифтови, системи за вентилација и климатизација, современ распоред на канцелариски и изложбени простории, гаражи, магацини и слично... нешто што крајно лаички е изведено и подоцна е насилно напикано во објектите

Не треба да си архитект или инжињер за да го знаеш ова, дека визијата за објектот не започнува од фасадата, туку од неговата намена и функционалност... едноставно мора формата на објектот да е прилагодена на функцијата и ова е нешто што модернизмот и посмодернизмот совршено го изведуваат доколку на нив работат компетентни луѓе
Имаше милион начини како да се изведе современ објект со геометрии и одлики на класицизам, ама јебига...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6484 Posted: 19-Apr-2020 at 09:28
Кога си исфрустриран искомплексиран деген, тргнат во идеолошка војна кон се претходно, тогаш не ти е битна функционалноста на објектите и кои и какви институции ќе ги населиш во нив и дали ќе имаат услови какви им требаат.

Да не беа толку сељаци можеа слаткарницата блоковски да ја осмислат во некој од запуштените реони низ Центар.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4698
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6485 Posted: 19-Apr-2020 at 09:38
Originally posted by fichot

Кога си исфрустриран искомплексиран деген, тргнат во идеолошка војна кон се претходно, тогаш не ти е битна функционалноста на објектите и кои и какви институции ќе ги населиш во нив и дали ќе имаат услови какви им требаат.

Да не беа толку сељаци можеа слаткарницата блоковски да ја осмислат во некој од запуштените реони низ Центар.


Mucho agreed-o! Кога имаш иделошки заслепено стадо кое верно те прати без разлика на апсурдноста на планот, немаш гајле. Фирерот (на третиот рајх, не нашиот) и градот Germania се добар пример.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6486 Posted: 20-Apr-2020 at 19:00
Originally posted by fichot

Кога си исфрустриран искомплексиран деген, тргнат во идеолошка војна кон се претходно, тогаш не ти е битна функционалноста на објектите и кои и какви институции ќе ги населиш во нив и дали ќе имаат услови какви им требаат.

Да не беа толку сељаци можеа слаткарницата блоковски да ја осмислат во некој од запуштените реони низ Центар.
на тоа имам да додадам дека јаготка на шлагот е што на самите проекти работеа крајни аматерски групи од архитекти и изведувачи
а во реалност се работи за проекти што требаше да бидат доделени на најискусните архитекти, со што барем и покрај тоа што објектите се напикани каде што не треба, можеше да се намали штетата

дури и физички е видливо дека некои од поновите проекти се подори од постарите и дека од грешки за жал се учеше во од... толку комплексен проект го искористија ко да е семинарска на факултет
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6487 Posted: 21-Apr-2020 at 03:12

ова so Vosocnite Figuri навистина е непотребен трошок, со тие пари ќе ги резбаа или клесаа во камен секоја година, но што е тоа е, враќање назад нема, но веројатно може да се интервенира некако подобно за да нема потреба од постојано ладење на восочните фигури, незнам дали восокот е растворлив во формалдехид, а ако не е, зошто да не се проба да се стават вос.фиг. во трајни аквариум-витрини кои би биле ем вакумирани освен наполнети со формалдехид [1] фуснотава ја посочувам како некаков абер дека не само органски соединенија можат да се чуваат во формалдехид, чинам и без тоа - само да се во вакумиран сад, бидејќи во вакум не проаѓа топлина, та практично восочните фигури можат трајно да се искулираат финансиски вака, тоа и така никој не смее да ги допре па чуму толку филмои дека мора да се во отворена просторија небаре кај нас филантропи ги финансираат музеите!

инаку во однос цела дискусија за тоа колку и каков е ко проект Ск’14, прво досадни сте да рециклирате едни исти муабети во однос груевци, наместо цел фокус да ви е на зајковци зошто од се’ што ветиле ништо не оствариле, а второ дури и најдунстерски да е како идеја и изведба, со што се сложувам, сепак во очи светската финансиска криза истиот тој проект нас не само што не одржа на нозе и ојдовме неповратно в о рецесија со што истите пари ќе отидеа пак но во празно, туку и ни избилда заради државно стимулираниот градежен бум во орбита од фризирани статистики подобни подоцна за привлекување странски инвестиции, нешто што гледаме сега на зајковци по ниту еден основ не им тргна од рака, та полека пак во најава е ммф вазалство, Аирлија на сеирот ама најубо ќе биде да думате како ова ќе се оправа а не пак и пак во трансоини да паѓате заради својата исфрустрираност, точно, треба да се потенцира дека вакви испади би било глупост да се повторуваат што е до де’естетиката авто’кратијата ситнопаланечката’малодушност со кои груевци ги тераапроектите од Ск’14, но притоа без да се бара начин како сето тоа да се пегла, ете јас ко и многу авторитети во фелата сметам дека е најизводливо преку Пејсажни интервенции, вие Братја пак и пак иста песна, само незнам до кога, карантин рулз, особено оној на потсвеста!
Originally posted by stef4o

Восочните фигури во Музејот на македонската борба, додава тој, немаат никаква музејска и уметничка вредност или историска функција, а задржуваат пари.

„Петстотини илјади денари за струја месечно можеби треба да се потрошат за да се заштити некое уметничко богатство, но не за нив. Има вредни слики што се чуваат без соодветни микроклиматски услови, а ние ладиме восочни фигури. Па, дури и да била комерцијална целта на нивното поставување, приходот не ја оправдува инвестицијата“, смета Алаѓозовски.

Директорката на музејот, Даниела Николова вели дека нема избор.

„Тие восочни фигури се сопственост на државата и се оставени на моја одговорност. Јас не можам да дозволам да се оштетат“, додава таа.

...

И Археолошкиот музеј има апарат чилер, кој функционира со многу мал капацитет. Восочните фигури биле преместени во едукативно катче во првото подземно ниво каде што се позаштитени од температурните разлики. Бабамова објаснува дека ако треба да се смени чилерот, тоа би бил трошок од околу 100.000 евра.

...

https://prizma.mk/vosochnite-figuri-gi-troshat-parite-za-muzeite/

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6488 Posted: 21-Apr-2020 at 14:55
Originally posted by Zelenikovo

што е тоа е, враќање назад нема


хм, назад може нема, но од позади чунки моит, знае ли некој дали се осигурани восочните фигури, ако се, дали со лесно можат да се однесат, нормал така парите назад кај Народ, а посекако кај нас ќе се најдат мејкап артисти за на латекст од калапите да извадат реплики

Проштевајте за конструктивниов мајтап, но поуака од постов би било да дури и кога смета некој дека знешто е вишок како појава, воо случајов скапи современи кукли, ем скапи и за одржување во кондиција, пожелно е да се има практична дебата во случајов апропо аберите на кустосите дека со тие пари кои тековно одат за восочниците можат да се конзервираат огромен број уникатни музејски артефакти, конечно не ми е јасно зошто Техничките Факултети не се фатени наоро во некој конзерваторски ноу-хау проектза вадење на астал Вакум Витрини и Кутии кои не само што трајно би конзевирале многу што туку и би ги осигурале потенцијално експонатите од езмјотреси поплави пожари, сетете се само на пожарот во Бразил со 92% уништени артефакти [1] ако ова е поука навистин ние сме за жалење, иако кровот кој прокиснува во НММакедодија од ваков аспект би бил добредојдена квака за полесно бањаре на зградата, мајтап или не паметно би било музеите да имаат подвижни кровои, но и начин како експонатите т.е. витрините да се слизнат во депо што за наши услови е поефтино отколку инсталирање скриени саркофаг врати [2] комбинации кои се неопходни заради помало оштетување на експонатите, знам сајнс-фикшн за наши околности, но бар може да се експериментира со ултразвучни направии за гасење пожар кои повторно би требало да се студентско-професорско ноу-хау на ЕТФ [3][3] во секој случај восочните фигури од овој аспект дефакто пожелно е да се складирани во вакум или формалдехид витрина, сепак во вториов случај се работи за запалиива течност и гас при испарување [4] иако доколку е добро затнат во некоја комора не би требало да направи проблем, но кое стакло би издржало таков притисок од пожар кое не би се скрцало а потоа да се крене експлозивна печурка заради склет-течноста, арно, бар восочни фигури ќе видат зијан, но што е со останатите артефакти, вакво нешто можеби би било фора за на кеј ако се најде нечија отсечена глава па да се нареди меѓу редои така [5][5] мислам кога веќе се глупираат археолози да вадат склете на жрецови од земја зошто онакви доглупирања од удбалитичари да им прават некакви футурама скулптури по очобол-мостои!?

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6489 Posted: 21-Apr-2020 at 15:15

туку никако да чујам, осудија ли некого за перење пари во однос Ск’14, фатија ли бар еден наштиман тендер, чинам ова беше најголемото предизборно ветување на sds, чинам и Грчев го ставија да чешла, ќе дознаеме ли конечно апропо поранешната лоповлук-пропаганда со која лапаа гласои кој зијан бидна поголем, оној на груевци за билдање на Ск’14 или оној на зајковци за рушење власт со џим-шерман заеми кои подоцна со неведена ерга-омнес камата ги вратија, иако вратеното не е од Народ референдумски аминувано па кога тогаш ќе биде повратено од оние кои го голтнале, а сетне пак некој ќе си бара од некого каматите. или!?

од овој аспект добро би било ако одговорните, оние и за Ск’14 (како кулминација на нечија нарачка) но и оние за ерга-омнесот (како кулминација на нечија револуција), едноставно се растоварат низ Тајна Исповед Во Црква ако не јавна пред Народ за да Господ стави рака на склет-нусефектите од сета касапана што ја сторија едните Урбано другите Уставно, но ако флегнале во месонерија тоа би било голем зијан ако мислат дека на два стола можат да седат, па убо би било и тоа да си го Исповедаат ем да си побараат Епитимија ...

сигурно си велите ах ете го душегрижникот, хм, точно кој сум јас некому да кажам оди Спасувај Се а не пак мораш за Народ да не страда, сепак се одважувам бидејќи имам со удбашана и удбалитичари искуство да просто онака технички ама ич уво не го боли дали нечија или нечии Души ќе изгорат со своите постапки, битно е само напредок развој пари, а за последици Внуци нек му ја мислат, најмалку што може е неопаганизмот да се излуфтира од Ск’14 [1] иако во однос отанизацијата уште попожелно е да се изнесе Народ референдумски дека не прифаќа да учествува во агресија (макар и превентивна) на Трети Земји, макар и спинерски биле подметнувани провокации како оправдување ...
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #6490 Posted: 13-May-2020 at 21:14
СК2014 го уништи центарот на Скопје. За многу години. Скоро сите згради и сваштарии се ужасно испланирани и изведени. Замислете со некои од потрошените/украдените пари најпрво да се реновираа сите државни објекти: министерства, музеи, театри, државни институции. Да се средеше кејот, од едната страна имаш нови огромни објекти а од другата каде и всушност се движат сите има пропаднати коцки и автомобили. Не знам зошто на некого би му се допаѓал овој “проект“ а посебно не знам зошто некој би го направил.

Секако секое мислење е залудно сега, се надевам во скоро време ќе се појават луѓе кои ќе се справат со ова правилно, оти и моменталниве очигледно не ги бива.

Edited by FT - 13-May-2020 at 21:17
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2061
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6491 Posted: 15-Jun-2020 at 18:25
#ПрвДенИзборнаКампања поместен за 10 дена

Богдановиќ: Корона кризата не ги запре проектите, не се откажуваме и од барањето одговорност за уништувањето на Центар[/quote]

(...)

Вие прогласивте мораториум на градбите на територија на општината и во изминатиот период правите нови и ревидирате ДУП-ови кои произлегуваат од мораториумот. До кај е тој процес? Што ново ќе се носи?

Богдановиќ:
Во мојата предизборна програма „Живот во Центар“, во делот посветен на мерките за запирање на неконтролираните градежни активности на територија на Општина Центар, ветив дека ќе обезбедиме квалитетни услови за живот и урбан развој на општината, дека нема да дозволиме моќниците и градежната мафија да го уништуваат правото на живот, движење, зеленило, дека ДУП-вите ќе бидат комплетно услогласени со стандардите и условите за хумано домување. Тоа и го реализирав. Мораториумот беше единствениот начин да се ревидираат постоечките планови и да се постигнат похумани услови за живеење за жителите на нашата општина, земено предвид дека сите 31 ДУП-ови кои општината ги ревидира во некои делови беа спротивни на ГУП-от. Освен заштитата на државно земјиште и негово искористување за парковско зеленило, градинки, јавен простор, детски игралишта, како и секој вид на инфраструктура што го олеснува животот на граѓаните, ја намаливме и градбата, односно површините за градба кои отстапуваа сега се ставени во рамки според стандарди, нормативи и законска регулатива.

Уште една голема придобивка од измената на плановите е тоа што за прв пат ќе биде применет Законот за урбано зеленило. Општина Центар донесе одлука на Совет, изработена во консултација со Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петрова, со која се прецизира начинот на примена за да не дојде до евентуало изигрување на Законот. Инвеститорите ќе бидат обврзани на задолжително зеленило од минимум 20 проценти во рамки на парцелата. Оваа обврска и обврската за обезбедување на потребите за паркирање во сопствена парцела, ќе бидат предуслов за добивање градежна дозвола. Со тоа решаваме два клучни проблеми со кои досега се соочувавме и на кои најмногу реагираа центарци.

Промените кои ги правиме се основани и легитимни и во интерес на граѓаните.Општина Центар целосно ги изложува плановите со сите свои делови (графика и текст) кога се во фаза на јавна анкета, а електронски редовно известува за фазите на плановите на веб-страницата, со што е најтранспарентна општина кога се работи за урбанистичкото планирање.

(...)

Вие дојдовте на чело на општината во која имаше најголем дел од градбите од проектот Скопје 2014 кој СДСМ доста го критикуваше од опозиција. Малку одговорност, малку осудени за „криминалниот проект“ како што го нарекувавте. Комотно ли ви е од овој аспект?

Богдановиќ:
Проектот Скопје 2014 , јас и сега тврдам дека е криминален и налудничав проект. Галиите, шмизлите, Прометеј и целиот непродуктивен проект Скопје 2014 ја одзема душата и убавината на централното градско подрачје. Се украдоа милионски суми од граѓаните за барок и стиропор. Со енергична борба успеавме да спасиме да не никнат и Шпански скали, ја сопревме и изградбата на Панорамското тркало. Се боревме и за Кејот и за зеленилото. Јас и сега се залагам за одговорност за сите инволвирани. Но, поради опструкциите од судската власт, поставена од поранешната гарнитура, случајот се одолговлекува, но, сакам на сите да им е јасно, за криминалот, кражбата на народни пари и уништувањето на Центар, нарачателите и оние кои дебело се офајдија, ќе одговараат.

(...)

faktor.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote David Quote  Post ReplyReply #6492 Posted: 15-Jun-2020 at 19:01
Ова ко грујо последните денови кога бладаше со бранко,па бранко па бранко....е и овие исто,ск2014,вморони,груевски,груевски.....интересен феномен е пилитичар кога паѓа од власт.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5529
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6493 Posted: 19-Jun-2020 at 11:37
Од фб











Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6494 Posted: 19-Jun-2020 at 11:55
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2061
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6495 Posted: 19-Jun-2020 at 12:00
Поевтино е да се срамни со земја
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6496 Posted: 19-Jun-2020 at 17:57
Originally posted by Staro Skopje

Поевтино е да се срамни со земја
како најголем аргумент против рушењето на објекти од Ск2014 се поставуваше тоа дека нивното рушење ќе кошта многу и дека не треба да се води одмаздничка политика
епа извинете, ама нејќам на одржувањето и санацијата на овие објекти да отидат 10 пати повеќе средства отколку за нивната изградба што отидоа... тешко е да ме разубедиш дека два-три столба со динамит и неколку багери се поскапи од тоа...

еве да речеме дека театарот има културно-историско значење за градот, па вреди ад се санира, ама еден куп други објекти може слободно да ги претвориме во сложувалка од 5000 парчиња

за жал, не дочекавме асална власт што наместо да се нечка наоколу со други споредни работи, не пушти проект да се проценат сите објекти и соодветно да се одлучи која ќе им биде судбината... наместо тоа добивме стопирани градилишта и објекти кои скапуваат поради неодржување и импровизација на проекти кои се невозможни да се извршат асално поради дотичните земјишта и градилишта

Edited by zabegan - 19-Jun-2020 at 18:01
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 412
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6497 Posted: 16-Jul-2020 at 11:47
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5529
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6498 Posted: 31-Jul-2020 at 11:49
Дали се отвара патот за уривање на дел од објектите изградени со проектот „Скопје 2014“?



https://kanal5.com.mk/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #6499 Posted: 31-Jul-2020 at 14:19
Анал5 да го симнеа барем во пдф-формат Правописот, не мора да го купуваат, еве штом и на лектор штедат. Па некој полуписмен таму, да го отвОра и да пребара барем насловите кога ќе се пишуваат. Толку нели може.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 412
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6500 Posted: 01-Aug-2020 at 02:55
Не сум мислел дека овојга ќе го постирам некогаш, ама напишал нешто, па да евидентираме. Нешто има смисла, нешто не.
ИДЕИТЕ ДА СЕ РУШИ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ 2014-ТА СЕ ЧИСТА ЛУДОСТ, ХИР НА ФАНАТИЦИ И ЕЛИТИСТИ

Објавено на 31.07.2020 во 21:56:22 часот | Колумни
Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк

Сме лупнале 1 милијарда евра народни пари кои дури сме ги позајмиле по огромни камати кои ќе ги враќаме со нови кредити со нови камати, значи штетата е над милијарда евра со се каматите на каматите на каматите... И сега сето тоа да го рушиме затоа што на некој умислен елитист повеќе му се допаѓал тоа грдиот сив бетон комунистички?! Или затоа што Грујо е сељак па од инат ќе рушиме се што он замислил?! Или затоа што наместо скап мермер имало стиропор или не знам што... Или целата таа градба не била по прописи... Се знае како се тоа прави, тој што го направил тоа се праќа во затвор за памет за другите во иднина, но никакво бре рушење ало бандо една фанатична?! Наместо нешто да изградиме ние да рушиме?! Па саkате ли СДСМ да се врати на власт во наредните 50 do 100 години?!?! ВМРО тогаш стварно ќе владее еден век, како што сонува! Па тие слики и снимки со багери како рушат споменици и објекти има да се вртат во кампањите на ВМРО наредните 200 години?!?! Значи овие да не речам ултра либерални манијаци попут Грчев и останати, ттреба да се остават да галамат и да врескаат, тоа се нашите Миленко и Митко Врапчето... Вмровските фанатици се за партијата идниот конгрес да го прави во Солун или ако нема тамо сала тогаш во Минск, Белорусија, да се запали америчката амбасада, да се убијат 10 000 комуњари итн итн... Епа нашите такви фанатици се да се срушело Скопје 2014-та, да се укинело ВМРО како партија, итн итн... Фанатици има на двете страни, но она што е јасно и на малите деца - СКОПЈЕ 2014-ТА БЕШЕ ЗАБЕГАНОСТ, НЕВКУС, РАСИПНИШТВО, КРИМИНАЛ, НО НЕМА НИКАД НИШТО ДА СЕ РУШИ НИКААД, НЕМА ПАРТИЈА И ВЛАДА ШТО МОЖЕ ТОА ДА СИ ГО ДОЗВОЛИ! Тоа може да си го дозволи некаква терористичка организација која и онака не планира да иде на избори, значи ИСИС, Црвен Октомври, Црвени Кмери, Ал Каеда, Нови Леви Гемиџии и слични такви прганизации... Дали се разбравме другарчиња? Заборавете на тоа, дури и вадењето на бродовите од Вардар ми е малце спорно но ајде да речеме се работи за безбедносно прашање, заштита од поплави па тука до некаде има логика... п.с Горан СДК лаже дека СДСМ ветувала дека ќе го руши СКОПЈЕ 2014-та ако дојде на власт, тоа го нема никаде во никоја програма, тоа беа лични размисли на некои аналитичари. СДСМ е одговорна и домаќинска партија која знае колку е вреден народниот денар и нема да руши ништо за што се потрошило пари. Тоа е невидена аздисаност и тоа никој лидер на СДСМ нема да си го дозволи!

https://www.maktel.mk/News.aspx?id=134468


Edited by user8642 - 01-Aug-2020 at 02:56
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 323324325326>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.