build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 143144145146147 328>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2881 Posted: 08-Dec-2012 at 14:14
горе-долу е точно ова
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #2882 Posted: 08-Dec-2012 at 15:10
Што е горе-долу така Ѓоко?
Прво и основно, заборавете дека некој доаѓа во Скопје да ја види оваа будалаштина од експеримент, со која ние си го упропастивме градот (од естетски и функционален аспект) и за која цел свет ни се смее! Значи растот на туристи воопшто нити приближни не би можел да се препише на оваа будалаштина.
Второ и да е така сме заработиле 170 000 евра од него при дадени 500 милиони?! Една проста касапска сметка кажува дека овој проект ќе се исплати за 300 години! Зарем ова е добар проект и треба да се фалиме со вакви факти?
Само за споредба, еве дел од податоците на националниот завод за статистика (ноќевања на странски туристи по години во Скопје):

2007 - 181 к
2008 - 221 к
2009 - 210 к
2010 - 204 к
2011 - 230 к

http://www.stat.gov.mk/Publikacii/8.4.12.01.pdf (стр. 17)

И што ќе реше ова? Дека најсилен раст на ноќевањата сме имале во 2007-2008, односно пред да започне поектот Ск.2014. Потоа следи пад и опоравување во 2011 и повторна стагнација во 2012 (во текстот госпожата споменува 230 000 ноќевања во Скопје за 2012). Само тоа се факти а не пусти и нереални желби, кои ја потврдува од авион видната теза дека Скопје 2014 не е и неможе да биде никаков магнет за туристи и дека туризмот е зависен од многу други работи и фактори. Дел од факторите на кои мислам дека државата може и треба да влијае е инфраструктурата и подобро поврзување на Македонија регионално (преку автопати, железници и промоции), така и пошироко (со целогодишни нискотарифни летови до Охрид).

Трето што многу ме загрижува а го кажуваат и податоците. Зарем е можно да сме толку забегани во погрешен правец што во туристички аспект му се дава приоритет на Скопје наместо на Охрид? Тоа е видно бидејќи со овие пари доколку навистина сакавме трајно да го развиеме туризмот можеше да се изгради автопат и железница до Охрид и дел од ниско тарифните летови да се пренасочеа таму за раст и поддршка на целогодишен туризам во градот. Ова е сулудо и никогаш нема да донесе резултати!
Така што ви се молам да бидеме реални и барем еднаш да бидеме објективни - Ск.2014 не е никаков магнет за туристи, растот доаѓа од процесот на отворање на земјава со странство (повеќе и ниско тарифни летови од Скопје, поврзување со странство, поголемиот број на наши иселеници кои носат пријатели и познати, повеќе обем на бизнис кој се прави во земјава итн.). Инаку колку за споредба пред некој ден читав дека Велико Трново годинава ќе има 1 000 000 ноќевања на странски туристи, додека Скопје цели на 260 000 и со тоа се гордее и фали, наместо да се сконцентрираме онаму каде сме силни - на нашиот планински, езерен, бањски, селски и културен туризам.


Edited by Andrej_LJ - 08-Dec-2012 at 15:26
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2883 Posted: 08-Dec-2012 at 15:26
јас нереков дека се воодушевуваат на Ск2014,туку дека туристи доаѓаат повеќе и со организирани тури со преспивање,а не на трчање да поминат низ плоштад.можеби доаѓаат да ја видат најголемата глупост па да смеат,можеби од радозналост,можеби на некој му се допаѓа проектот.не знам.поентата е дека има повеќе организирани групи кои претежно се заинтересирани за плоштадот или околу него.десетина пати сум рекол дека времето ќе каќе точно за што се работи
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #2884 Posted: 08-Dec-2012 at 15:35
Originally posted by gjoko

јас нереков дека се воодушевуваат на Ск2014,туку дека туристи доаѓаат повеќе и со организирани тури со преспивање,а не на трчање да поминат низ плоштад.можеби доаѓаат да ја видат најголемата глупост па да смеат,можеби од радозналост,можеби на некој му се допаѓа проектот.не знам.поентата е дека има повеќе организирани групи кои претежно се заинтересирани за плоштадот или околу него.десетина пати сум рекол дека времето ќе каќе точно за што се работи


Ѓоко те молам престани со оваа теза времето ќе покаже дали нешто се исплатело! Па зошто се прават за секоја поголема инвестиција предпроектни проучувања и анализи пози-расходи? Зошто тогаш не започнеме да градиме да речеме скали до Месечината па времето ќе покаже што е резултатот, кога од авион се гледа дека тоа е глупост! Токму истото е и со Ск. 2014. Непотребен, кичозен, корупцијски проект со лоша и долга изведба и далекусежни апсолутно негативни последици за градот. Види тебе може од Кичево да ти е сеедно (и јас не живеам во Скопје но сепак е мој град), но на мене не ми е бидејќи мојот град се уништи, се зацементира и уништи секое зеленило, се блокираше изградбата на тунелот под Плоштадот со грдосиите како Александар, Триумфалната и објектот на Т-Хоум, се уништи најубавиот и најцентралниот дел од Кејот 13ти Ноември  и безброј други негативни нешта. И мене не ми е јасно како вие од другите градови на Македонија поддржувате да се наливаат пари само во Скопје и тоа на најбезвезни и непродуктивни работи, додека вие тонете во тотална мизерија и хаос (тоа го потврдуваат твоите слики од Кичево, за коишто јас сум искрено потресен- тоа ни во Африка го нема)!

И реагирам/в на овој начин бидејќи во текстот јасно се посочува Скопје 2014 како повод за растот на ноќевањата и странските турсити, додека јас со факти посочив дека раст прво нема, а второ дека туристите ќе се зголемуваат при процесот на отворање на земјата со странство! Кога фактите говорат и Боговите молчат! А тоа дали се шеткале на Плоштад не е миродајно бидејќи туристите ќе се маткаат таму каде ќе ги однесе домашниот водич (кој ако е средно статистички Македонец е посран во гаќи за проектов и сака да го презентира на странците а тие да паѓаат во несвест).


Edited by Andrej_LJ - 08-Dec-2012 at 15:35
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2885 Posted: 08-Dec-2012 at 15:59
абе не се разбираме никако.јас велам дека времето ќе кажи дали туристите доаѓаат заради проектов или се сменило нешто друго, и ако доаѓаат поради проектот дали доаѓаат да видат нешто добро или да ја видат најголемата глупост.

за исплатливост не зборувам ништо.тоа треба стручни луѓе од туризмот и економијата да кажат после добро подготвени студии
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #2886 Posted: 08-Dec-2012 at 16:06
единствено уште Андреј жилаво се држи против иницијативава,иако за волја за вистината доста работи мусе на место,сепак непотребно е и понатака на чашата да се гледа како полу-празна!

факт е дека многу институции добија сопствени дворои,а за кои досега фрлаа поприлично рента,факт е дека центарот се преслече како така,и капак колку и да е кич сега скопје има некоја позаокружена туристичка понуда!

дефинитивно макроекономски како иницијатива ск14 е полн погодок,инаку ќе загавеа домашниве градежници,а и да сакаше државата да инвестира свој камен во инфраструктура тоа ќе биде греота имајќи предвид дека се чека на европски фондои и честитики,плус ако сакаме од охрид да напраиме ривиера за масовен туризам каде пола европа ќе доаѓа физиолошки да се празни тогаш загреота сме макар течеле туристи ко реки,такво нешто е ок за скопје но не и за охридско-преспанскиот регион!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2887 Posted: 08-Dec-2012 at 16:42


"Protagorist", ako osnovniot motiv za proektot SK-2014 e baziran na turisticka ponuda, togas nekoj debelo zalutal na nekoja vazna pozicija vo opstestvoto ni. Nikoj nema protiv gradenjeto na posocenite drzavni objekti, zamerkata e deka toa se pravi nasila, so golema doza na kiceraj i golemo podcenuvanje na nasata inteligencija. Makroekonomskite pridobivki mozea da se napravat na drug nacin. Za tie pari domasnive gradeznici mozea da izgradat mnogu pokorisni rsboti, sekako tuka ne gi isklucuvam i objektitre za potrebite na drzavnite institucii, no so sosema poinakov pristap. Namesto toa nie dobivme "siluvanje" i na veke postoeckite objekti a rezultatot e "rasadnik na spomenici i skulpturi" i "presoblekuvanje na centarot vo barok-stil" sto za sekoj koj procital i videl nesto poveke vo zivotot e nevideno ludilo!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2888 Posted: 08-Dec-2012 at 16:46

@+Protagorist

Ама никој не спори дека на Скопје требаше да му се случи проект од размери (па и поголеми) на Скопје 2014.

Но формата, начинот, концептот кои ги одбраа се тотално погрешни.... Со тоа, Скопје 2014 е една голема грешка што му се деси на Скопје... 

А уште пожално е што тој потенцијален простор наместо да го искористат на правилен начин, го потрошивме за правење циркус од него...



Edited by FoSsiL - 08-Dec-2012 at 16:47
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #2889 Posted: 08-Dec-2012 at 17:06

човеци воа во друго пакување од друга гарнитура ни на сон не би го дочекале е сега проблемот е што годиње врват а метрополата од ден во ден се посива беше,та оваа шминка колку и да е некому грда,вклучително и мене,факт е дека многу ќе го обели центарското лице,не дека утре неможе да се напудри посоодветно истото но дефинитивно за тоа никој нема да се нафати ко што тоа сега дпмне го направи,може сдс ќе ја крене портата на кензо утре кај маџар маало,но дотогаш и те како народ со кеиф ќе си шетка сред неокласицизмов!

да нема забуни,никој не вели дека работите се идеални,просто укажувам дека и кај сакат чоек доблесно е да се бараат негоите позитивни страни а не хендикепи,ем што градот уште бајаѓи поодамна е осакатен,чест што ја немале многу европски метрополи да низ своето постоење многупати да се опожарени,разурнати,поплавени итн. така да уживајте и во она што го имате како и какво и да ви го сервирало судбината,но тоа незначи дека треба да бидете рамнодушни кон она што мислите ил сметате дека нечини,но најдете начин како истото позитивно да го оправите наместо да си загините мирот додека барате начин како да го заборавите ил навикнете!



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2890 Posted: 08-Dec-2012 at 17:19
"Amerika e sepak drzava koja e odkriena pred... iljada sesto i koja godina"?! Koj e ovoj sto trese zeleni i sto Skopje go povrzuva so Vasington!?

Inaku, "Protagorist" mesas babi i zabi. Sakat covek nema negativnosti poradi svoite fizicki nedostatoci, a sudbinata nisto ne servira, hea ja kreirame site nie!
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #2891 Posted: 08-Dec-2012 at 18:36
проблемот на овој форум од секогаш бил препреденото его на членоите,вклучувајќи го и моето чим реплицирам на истото!

Денко како јас ги доживувам работите е моја работа,но дали нишкава е за анализирање на судбината како појава тоа е друга работа,а за да не отиде во аут дебатата како што неретко е случај би посочил на моите филозофски досетки да не им обрнувате внимание!патем судбината се ни сервира одвоздухот што го дишеме до денот што не обденува...

што е до сакатите,лошо си протолкувал читај поубо,велам хендикеп а не негативности,значи не гледам на неговиот хендикеп ако негативност туку како одреден недостаток кој неможе да ги засени сите останати особина,знаења и сили на дотичниот,во случајов скопкиот центар!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #2892 Posted: 08-Dec-2012 at 18:49
Жал ми е што никој не понуди алтернативи на Скопје 2014 (ниту архитектите,ниту политичарите,ниту странец некој од оние кои се смеат,никој...)
Сите само офкаат,плукаат и се пуштаат против проектот,а никој не зборува за тоа што би требало да се направи наместо СК 2014 а да биде прифатливо за сите,како би требало да изгледа проект кој СК 2014 ке го направи да изгледа како невкусна шега....
Баш би било убаво кога непосредно после првото презентирање на СК 2014,наместо критики врз него да гледавме алтернативи,други проетки слични но по убави,дали модерни или свемирски или едноставни решенија....
Ништо!!!   
Само голо плукање и зборување на тоа како вака не се правело....па еве ако не вака тогаш како? Ако не ова тогаш што?
За обичниот граѓанин да согледа што е погрешно,треба да му се покаже што е правилно.
На пример тоа што јас го подржувам во овој проект,можам само да го заменам со подржување на нов ПОДОБАР проект (во разлиен стил,по мал,по гоме,макар и истиот само со изменети локации,исфрлање на некои работи итн.) но никогаш нема да подржам не градење ништо,наспроти проект кој делумно ми се допаѓа,тоа едноставно нема да се случи.
Морам јас да го ценам и ова што и да е.....а на странците секако им е убаво
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #2893 Posted: 08-Dec-2012 at 19:01
Originally posted by zdravozivo

Жал ми е што никој не понуди алтернативи на Скопје 2014 (ниту архитектите,ниту политичарите,ниту странец некој од оние кои се смеат,никој...)
Сите само офкаат,плукаат и се пуштаат против проектот,а никој не зборува за тоа што би требало да се направи наместо СК 2014 а да биде прифатливо за сите,како би требало да изгледа проект кој СК 2014 ке го направи да изгледа како невкусна шега....
Баш би било убаво кога непосредно после првото презентирање на СК 2014,наместо критики врз него да гледавме алтернативи,други проетки слични но по убави,дали модерни или свемирски или едноставни решенија....
Ништо!!!   
Само голо плукање и зборување на тоа како вака не се правело....па еве ако не вака тогаш како? Ако не ова тогаш што?
За обичниот граѓанин да согледа што е погрешно,треба да му се покаже што е правилно.
На пример тоа што јас го подржувам во овој проект,можам само да го заменам со подржување на нов ПОДОБАР проект (во разлиен стил,по мал,по гоме,макар и истиот само со изменети локации,исфрлање на некои работи итн.) но никогаш нема да подржам не градење ништо,наспроти проект кој делумно ми се допаѓа,тоа едноставно нема да се случи
Морам јас да го ценам и ова што и да е.....а на странците секако им е убаво
Дури и во случаи кога она што се гради во голема мера ги нарушува можностите за понатамошен развој на Скопје?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2894 Posted: 08-Dec-2012 at 19:51
Originally posted by zdravozivo

Жал ми е што никој не понуди алтернативи на Скопје 2014 (ниту архитектите,ниту политичарите,ниту странец некој од оние кои се смеат,никој...)

Затоа што не им/ни беше дозволено, овозможено.

Дури и да постоеја алтернативи немаше и нема да бидат прифатени, ниту пак разгледани...

Така да...

Инаку... за Скопје има ‘‘алтернативи‘‘ создадени уште пред 50 години... заборавени со времето... никој не се осмелува да ги реализира... секако со прилагодување кон современоста и денешното живеење... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2895 Posted: 08-Dec-2012 at 22:48
зарем уште има луѓе што веруваат дека СК2014 е некаков главен двигател и причинител на туризам во Скопје и земјава???
сериозно? верувате на медиум со нафрлани бројќи и изманипулуирана смисла на истите?

и еве, ако Ск2014 било економско оправдано, тогаш објаснете како? сите сакаат да зборат за тоа колку странски пари се внесени во земјава, а никој не кажува колку се изнесени од страна на нашите државјани, тоа не го интересира никој нели?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2896 Posted: 08-Dec-2012 at 22:53
"Protagorist", ocigledno imame razlicni sfakanja i tolkuvanja za opstestvenite pojavi. Go pocituvam tvoeto mislenje no ne se soglasuvam so nego i kolku mozam probuvam da ti ukazam kade e tvojata utka. Znaci da sme zivi i zrdavi, pa ke iznesuvame mislenja i ponatamu.

Inaku, se soglasuvam so "FoSsiL", deka ne bese dozvoleno da se dostavat ponudi za proektot koj nekoj veke go bese zamislil. Sto se odnesuva do samoinicijativnoto nudenje resenija ili idei vo bilo koja oblast ke go kazam slednoto: Nikoj ne e povikan da nudi resenija samoinicijativno. za toa postojat institucii i vraboteni koi se plateni za toa. Ako ne se dorasnata da odgovorat na zadacite, dotocnite treba da se zamenat so obrazovani i sposobni luge. Pa luge moi, sekoja idea, resenie, plan cini i vreme i pari. Po ovaa logika ispaga nekoj da nudi resenija i idei a nadleznite da gi ostvaruvaat, da secat lenti i kasiraat pari za istite. Bre...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2897 Posted: 08-Dec-2012 at 23:29

Скопје можеше да се среди на елегантен, функционален и демократски начин и тоа следејќи ги овие неколку работи:

1. Формирање на комисија за урбанистичко, архитектонско и културолошко дооформување на градското јадро на Скопје и тоа во состав:

- Министер за финансии (или некој подреден)

- Министер за култура (или некој подреден)

- претставници од Градот Скопје

- претставници од о. Центар

- претставници од асоцијација на архитекти на Македонија

- претставниви од Архитектонски факултет

- претставници од Градежен факултет

- странски доволно познат архитект

- претставници на НВО ‘‘Скопје‘‘--- ова го измислив... имево... ама требаше да се формира такво... добро.. некој пандан на ова би била ‘‘Плоштад Слобода‘‘

... како и да е... комисија составена од сите релевантни и стручни луѓе и институции...

2. Означување на површината на која ќе се реализира идниот проект.

3. Дефинирање на намената и потреба од различни објекти и други елементи од проектот.

4. Дефинирање на одредени спецификации:

- дозволена висина, површина

- естетика (но и не е потребно)

- буџет (ограничен или неограничен, сепак треба да се има некоја првична рамка)

5. Распишување на меѓународен повик за учество во конкурс за идејно решение за урбанистичко, архитектонско, сообраќајно и културолошко уредување на град Скопје.

6. Извршување на конкурсот.

7. Евалуација на предложените идејни решенија и одбирање на победничкиот проект за понатамошна постапка.

8. Доставување на победничкиот идеен проект до советите на о. Центар, Град Скопје и до Собранието на РМ за советодавна евалуација, односно изнесување на нивните мислење и заклучоци во однос на проектот.

9. Јавна расправа и кампања во времетраење од најмалку еден месец.

10. Земање на сите забелешки и мислења за проектот и вршење на негова ревизија и имплементирање на прифатените забелешки и мислења.

11. Враќање на проектот на Влада, која изготвува финансиски план (првичен буџет) и акционен план (план за реализација по години) 

12. Собраниска процедура за одобрување на буџетот и акциониот план и донесување одлука за распишување на локален референдум (на територија на град Скопје)

13. Референдум

во случај на позитивен исход од референдумот... следи:

14. Распуштање на комисија за донесување на идејниот план.

15. Пристапување кон реализација на проектот, имплентација на проектот во засегнатите ДУП-ови (негова компатибилност) и формирање на стручна комисија која ќе биде ревизор на проектот како целина и одредување на консултанти кои ќе бидат ревизори на сите посебни елементи од проектот. 

16. Распишување на меѓународен тендер/меѓународни тендери (зависно дали ќе се оди како целина или како неколку делови) за изработување на технички проекти и реализација (изградба) на проектот.

17. Избирање на изведувачот/изведувачите на градежните работи.

18. Изградба.

19. Завршеток на изградба.

20. Технички прием на секој дел, објект од проектот

21. Сечење лента.




Edited by FoSsiL - 08-Dec-2012 at 23:32
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #2898 Posted: 08-Dec-2012 at 23:30
Значи овој проект е производ на една политичка партија (ако сте и вие од таа партија секако нема да ви дозволат друг проект да туркате паралелно)
Во меѓувреме сите други политички партии можеа да направат по еден проект(наместо да ја трошат енергијата на плукање)
Можеше некој да почне силно да го форсира оној на Кензо Танге (комплетно да го разработи со информации колку би коштало сето тоа и да го презентира пред јавноста(за разлика од ови кои не кашуваат ништо),воедно и да го модернизира малку)
Можеше некој да направи проект наместо 100 административни згради насекаден тоа да биде само една голема и модерна зграда.
Можеше дури и да се оди на некаков компромис па реално да ги уфрлаат критиките кон конкретни објекти (за поефикасно нивно оспорување)
Можеше.... но ништо не се случи
Е сега од друга страна можеше и наместо Ск 2014, целиот тој дел да си се напука станбени згради на приватни инвеститори
Можеше и комерцијални објекти да никнат исто на приватни инвеститори(трговски,канцелариички,паркинзи ова она)
Можеше жив циркус да се случи на пример како кинескиот ѕид кај Филип 2
Добро е што сите објекти се административни и се на државата/народот,
а со тоа добиваме сигурност дека во иднина само државата/народот ќе може одлучува за иднината на таа парцела од објекти (како и да изгледа таа моментално)
Има и полоши сценарија од ова,го знаете тоа добро
А тие што мислеа дека тој простор ќе остане зелен со тревници и понекое дрвце,многу погрешно размислување.Од памтивек имало градби на сите тие зелени локации,само биле најмногу станбени објекти кои не се доградени по земјотресот.Места кои странските инвеститори ги гледаат со светнати очи и само беше прашање на време кога ќе се фрлат по нив.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2899 Posted: 08-Dec-2012 at 23:34
а можеби и вонземјани ќе не нападнеа, и ќе дојдеше крајот на светот оваа година...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2900 Posted: 09-Dec-2012 at 12:31
Originally posted by zdravozivo

Значи овој проект е производ на една политичка партија (ако сте и вие од таа партија секако нема да ви дозволат друг проект да туркате паралелно)
Во меѓувреме сите други политички партии можеа да направат по еден проект(наместо да ја трошат енергијата на плукање)
Можеше некој да почне силно да го форсира оној на Кензо Танге (комплетно да го разработи со информации колку би коштало сето тоа и да го презентира пред јавноста(за разлика од ови кои не кашуваат ништо),воедно и да го модернизира малку)
Можеше некој да направи проект наместо 100 административни згради насекаден тоа да биде само една голема и модерна зграда.
Можеше дури и да се оди на некаков компромис па реално да ги уфрлаат критиките кон конкретни објекти (за поефикасно нивно оспорување)
Можеше.... но ништо не се случи
Е сега од друга страна можеше и наместо Ск 2014, целиот тој дел да си се напука станбени згради на приватни инвеститори
Можеше и комерцијални објекти да никнат исто на приватни инвеститори(трговски,канцелариички,паркинзи ова она)
Можеше жив циркус да се случи на пример како кинескиот ѕид кај Филип 2
Добро е што сите објекти се административни и се на државата/народот,
а со тоа добиваме сигурност дека во иднина само државата/народот ќе може одлучува за иднината на таа парцела од објекти (како и да изгледа таа моментално)
Има и полоши сценарија од ова,го знаете тоа добро
А тие што мислеа дека тој простор ќе остане зелен со тревници и понекое дрвце,многу погрешно размислување.Од памтивек имало градби на сите тие зелени локации,само биле најмногу станбени објекти кои не се доградени по земјотресот.Места кои странските инвеститори ги гледаат со светнати очи и само беше прашање на време кога ќе се фрлат по нив.



Со многу работи од твојов коментар не можам да се сложам, ама во едно те поддржувам. Идеи и замисли за центарот на Скопје, визија што би требало да се прави со одредени неискористени површини и како би се реконструирале зградите. Ќе згрешам ако кажам дека пола од зградите што во моментов се реконструираат или пак ќе се прават се навистина зрели за таков чин. Никој не даде идеја за било што. Било каква идеја од домашен или од странски архитект ќе добиеше публицитет на форумов или по медиумите. За жал, можам да се сложам дека од една страна имаме веќе налудничава опседнатост со барок и јонски столбови, но од другата страна единствено наидуваме на потсмевање, препишани критики за проектот од медиумите, полупознавања за тоа што во моментов се случува и повремено закани дека ќе се рушат градби.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 143144145146147 328>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.319 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.