build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 144145146147148 327>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #2901 Posted: 09-Dec-2012 at 13:05
Previous
 
Потпис и од мене !!!
 
Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, па се до објавувањето на видео клипот за проектот Скопје 2014 во 2008 година, нецели 17 години не се појави ниту една идеја за разубавување на централното градско подрачје во Скопје.
 
Доколку некој, било кој, излегол со таква идеја во периодот од 1991 до 2008 година, за жал, неговата/нејзината идеја не добила доволна медиумска покриеност за да стане достапна на пошироката македонска јавност.
 
Ова не значи дека проектот Скопје 2014 е единствена алтернатива на правењето ништо со цел разубавување на централното градско подрачје во Скопје, напротив, токму фактот дека станува збор за проект форсиран од страна на влада на држава, говори повеќе од доволно дека мора да се излезе со алтернатива на проектот Скопје 2014, а до денешен ден никој не излегол со таква алтернатива.
 
Политичките приказни од типот на рушење, плукање, потсмевање, критика без конкретно решение, е исто како да ги критикуваме Германците бидејќи дозволиле Адолф Хитлер и нацистите да дојдат на власт во Германија во јануари 1933 година, без притоа воопшто да им кажеме која е алтернативата на Хитлер и на нацистите.


Edited by Dexter26 - 09-Dec-2012 at 13:11
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2902 Posted: 09-Dec-2012 at 17:19
луѓе аман веќе со тоа „немало понудено алтернатива“... за што барате тука алтернатива?
како прво, гледам и Фосил погоре ви спомнал, алтернативите постојат веќе долго време, а тоа се основните страи планови, никој не вели дека сега треба да се навратиме на градење на бетони и брутализми, туку дека треба да се запазува градежниот континуитет и градежните линии на градот, па стилот како сакаат нека го формираат, тоа би било најмал проблем
втор проблем на целата оваа работа е што се работи за неозбилен проект погрешен во глобала и основа, и сега како да се понуди алтернатива на такво нешто? алтернатива се нуди на проекти кои имаат фалинки, проекти кои се потребни, а не се правилно склопени (на пример проектот за трамвајска линија)
попросто кажано, ако некој сака да ви изгради објект на сред улица кој нема никакво општествено значење, вие ќе се буните тој да не се изгради со соодветни аргументи, нема да нудите решенија за неговиот изглед и за тоа дали ќе бил полево или подесно...
и друга работа е што скопје2014 никогаш не бил целосен, синхронизиран и конкретен проект за да може едноставно да се ревизира и променува, туку се работи за низа раштркани проекти кои не можеш да ги обработиш во целина
и последно нешто (можеби звучи политички, се извинувам) е што не може на цивилизирани начини и процедури да се разбереш со луѓе кои не убедуваат дека ставање на антички столбови на стаклена фасада е естетско и статичко подобрување и дека надградби и промени на стилови на објекти се потребни поради застареност на прозорите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #2903 Posted: 09-Dec-2012 at 17:29

имаше доста идеи на бимас,или конкурсите за градска куќа итн. но до скоро ниедна влада економски немаше аршин да се впушти во ваков потфат,а и до некаде немаа надлежните осет дека имаме најгрда метропола во европа,се вадеа на тоа како имаме повеќе-милениумско кале и најголема чаршија на балканот,или прва саат кула во османлиското царство и сл.,до душа каква таква тоа постмодерната архитектура беше и' е појава,но кога сето тоа не е целосно спакувано или пак пакетот забораиле и дека воопшто постои,запуштајќи го истиот почнувајќи партерно па завршувајќи ентериерно,што понатака да се зборува,капак транзиција посреди каде единствен мотив за пројавување државност е раскрчмување на државниот капитал,свесно или несвесно!

некој ќе рече,односно многу велат дека и ова иницијатива е раскрчмување државен капитал,што до некаде и би се сложил,но работата е што зад ваквото раскрчмување стои и мотив и причина,односно и разубавување на главниот град и одржување во кондиција на градежните компании!

всушност не ми се верува дека во вакви услови некоја друга влада волку смело би тргнала во ваков потфат,кој морам да забележам дека без разлика на неговите идни бенефити во моментов крена таква бука да не само што му дојде како бесплатна 24/7 светска реклама ами и дома ни го дисперзира квалитетно вниманието на споредни теми наместо да се пумпа народ со болно-реални новинарски стории за сиромаштво сеејќи така 24/7 апатија небаре ако на сиромав му збориш постојано за неговата мизерија ете од тоа ќе му се заарни,но едно е факт дека брза кучка слепи кучиња раѓа па сега ќе треба потака да се фрла камен и на операции како окученото и квалитетно прогледа,но ете и него го родија,но ќе биде греота како и старото не само да го заборават но и да не го ранат понатака,со оглед дека сето ова бара постојано одржување кое и не е мала работа,затоа и требаше јавна разработка како би се извадил концепт кој би бил самоодржлив и архитектонски и естетски!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2904 Posted: 09-Dec-2012 at 18:27

Face it....

Во поранешната држава... која бај д веј беше социјалистичка/комунистичка... имало конкурс за урбанистичко решение за Скопје... А денес... во ‘‘демократската‘‘ држава во која живееме... ни к од конкурс... наместо тоа си имаме ‘‘шерифување‘‘ на владата (владејачката партија)... без око да и трепне...

За разлика од денес... Тогаш постоело разум...

Again... Face it... 

Вика вака...

Меѓународен консултативен одбор за обнова и изградба на Скопје дава препорака за распишување меѓународен конкурс за идејно урбанистичко решение за централното градско подрачје на Град Скопје

Конкурсот е распишан на 15 Јануари 1965 година и трае до 31 Мај 1965 година.

По завршувањето на конкурсот, меѓународното жири работело на разгледување и евалуација од 12 до 20 Јули 1965 година. Тогаш е избрано победничкото решение од 8 доставени предлози. 

Има доделено две награди:

Награда на групата на Кензо Танге од Токио за високиот квалитет на општото решение за композицијата на центарот и детални решенија за помали површини

Награда е исто така доделена и на Радован Мишчевиќ и Федор Венѕлер од Загреб за нивниот допринос во ефикасната и практична работа за изготвување на решенија за обнова и изградба на некои површини во планскиот опфат. 

Еве неколку од предлозите:

Славко Брезовски, Македонија Проект, Скопје

Александар Ѓорѓевиќ, Завод за урбанизам на Град Белград, Белград

Радован Мишчевиќ и Федор Венѕлер, Урбанистички завод на Хрватска, Загреб

И победничкиот на Кензо Танге, Токио

Па сега вие направете разлика што е правилен, разумен и нормален начин на справување на нештата, а што грешен и недемократски... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #2905 Posted: 09-Dec-2012 at 19:07

фосил уште си млад,но со време ќе ти стане јасно дека идеализмот ако го копираш од хартија си ја утнал поприлично,тоа всушност се случува и денес а било случај и порано,и во двата случај копиите им се недоносени,а последнава е само шминка и воопшто мастер план!

што е до face it,јас одамна се имам одвејсувано со оглед дека се е ралативно на овој свет освен преминот на друг,та колку и нешто да одобрувам или не единствен правилен начин да реагирам е да си го сочувам мирот како лесно би минал потака!

и уште еден ивичник да додадам,нема потреба да ме доживуваш како нечиј апологет,иако барам оправдувања за нечии излети!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2906 Posted: 15-Dec-2012 at 12:18
Бидејќи немаме слики од внатрешноста на портата Македонија,ги поставив овие од прославата на РК Металург

ФОТО: Годината на триумфи Металург ја испрати во Триумфална порта





http://kurir.mk/sport/rakomet/95797-FOTO-Godinata-na-triumfi-Metalurg-ja-isprati-vo-Triumfalna-porta
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2907 Posted: 15-Dec-2012 at 12:36

Eeek3  

Од кај овој простор... 



Edited by FoSsiL - 15-Dec-2012 at 12:38
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2908 Posted: 15-Dec-2012 at 13:00
не е мала портата,од надвор изгледот лаже.кога е посетив успеав да ѕирнам накратко во меѓупросторите,и јас се зачудив за големината
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #2909 Posted: 15-Dec-2012 at 14:30
Какво долно ниво.. Да славиш нешто во надземен бетонски заграден бункер, сличен на оние градени во ВСВ во Берлин.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2910 Posted: 15-Dec-2012 at 16:30
ова е закупениот простор како кафуле, или е онаа салата за свечености? и кој го закупи просторот? не се сеќавам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #2911 Posted: 15-Dec-2012 at 17:23
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2912 Posted: 17-Dec-2012 at 03:30

Ја доработив уште малку... вкупниот износ за опфатените предмети е 271 991 000 евра... Но има уште доста...

Originally posted by FoSsiL

Тука може да го следите развојот на листата ---> Трошоци при реализација на проектот Скопје 2014 (до Ноември 2012)


Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2913 Posted: 17-Dec-2012 at 04:10

Океј луѓе... Ги додадов и досегашните поставени споменици... износот се качи на 303 018 000 евра

Тука веќе ги исцрпив моите сознанија... Ако сум испуштил нешто... Посочете ми...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #2914 Posted: 17-Dec-2012 at 06:11

Мала забелешка. Мислам дека спомениците во Автокоманда, Аеродром - Јане Сандански, Ѓорче Петров и Кисела Вода а и некои од катните гаражи не треба да се ставени под името на СК2014. Иако реалзациите ја следат идеата на СК2014 сепак, бар јас така го сфаќам проектот, СК2014 е зафат на подрачјето на малиот ринг, односно строгиот центар и треба да земат во предвид само работите кои на јавноста и беа презентирани во видео анимацијата за Скопје 2014, тоа што низ Скопје има и други зафати тоа е плус, но е надвор од името на проектот СК2014, бар јас така го сфаќам.
Aко е така тогаш стави ги во листата и сите реконструирани улици, проширени улици, кружни текови, нови или реконструирани пешачки улици, новите автобуси, нови спортски сали и терени, јарболите итн итн.

Инаку мислам дека ти фалат фонтаните во Вардар, а и двете плажи на кејот.

Edited by HugoGoulding - 17-Dec-2012 at 06:15
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2915 Posted: 17-Dec-2012 at 06:40

Да... Но сепак.... Ја следат идејата на Ск2014, реализирани се во негово време... и секако со државни пари... Не е работата дали е Ск или не...

Муабетот е да имаме сметка за парите што ги потрошивме за вакви намени...

А улици и друго што наброја... не спаѓаат во таа категорија...  Но ако сакате можам да направам подлиста или нешто слично... 

А за фонтаните во Вардар и двете плажи... да... ги изумив... ќе ги додадам попладне...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2916 Posted: 17-Dec-2012 at 19:34
ова е тема што сме ја начнале и претходно
за жал, немаме одговорно и организирано склопен проект за да може да се разграничи што точно спаѓа во него и чија идеја и инвестиција е
најмногу можам да се сложам со тоа да ги сметаме објектите во мал ринг како што кажа хуго, и она што беше сервирано во клипот, а со тоа последниот урбанистички план што беше донесен со него и она што беше сервирано во него
други проекти може да внесеме на листата, само ако се владини, кога веќе владата беше иницијатор на сето ова
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2917 Posted: 18-Dec-2012 at 17:48

Crazy

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1918
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #2918 Posted: 19-Dec-2012 at 13:37
mislam deka dosta si dremevme. Dali ima shansi i uslovi i kako ide toa da organizirame peticija do sledniot gradonacalnik ili pa do ovoj kade barame da se zacuvaat onie objekti od skopje koi se simbol na gradot:
1. postata
2. MOB
3. vladata
4. GTC
5. muzej na makedonija
6. saemot

moze da sobereme potpisi ili da pocneme kampanja, kako i da pobarame poddrshka od stranski arhitektonski organizacii i institucii?
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #2919 Posted: 19-Dec-2012 at 20:45
Previous
Зарем мислиш дека ќе ги чепкаат нив? (освен можеби реновирање)
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #2920 Posted: 19-Dec-2012 at 20:46
Originally posted by FoSsiL

Crazy



Има работи што треба да се преработат, преместат и, ретко, отстранат. Ама дека целиов проект треба вака да се исмева саркастично - дај мислам....
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 144145146147148 327>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 2.813 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.