build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152153154 324>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3021 Posted: 13-Jan-2013 at 15:24
Originally posted by fichot

Originally posted by HugoGoulding

Националниот Театар на Каталонија, во Барселона изграден 1996 година. И сеа? Или ова е во ред дека е дело на Шпанци а тоа дека е во Азија не е. Назионализам или примитивност? И двете, очигледно.



Па и ова е срање подеднакво како и нашиве (и оние средно-азиските).

Не знам како може да биде оправдување за редица промашени проекти и цел центар на градов тоа што „ете и на Запад се гради чат-пат вака“.



Поентата не ми беше да оправдам ништо туку да направам споредба(посебно со првиот пример од Институтот за саем и трговија во Барселона).
Ме интересираше дали има низ светот а посебно низ Европа, примери на архитектонски објекти кои употребуваат целосно стаклени фасадни завеси/ѕидови во комбинација со антички т.е. неокласицистички елементи. Налетав на еден во Шпанија и одма бев нападнат под дифолт од двајца членови и тоа одма со омаловажување а после и надвор од тема. А и одма етикети и поделби на поддржувачи и противници на проектот. Жално.

Јас реков, секој што 100% го поддржува проектот има проблеми со перцепцијата, секој што е 100% против проектот исто има проблеми со перцепцијата. Во ред е да поддржуваш поголем дел или да си против поголем дел од проектот, но кога се става сe' во пакет тоа е е неприфатливо, бар за мене.

Може да зборуваме од разни аспекти, урбанизам, внатрешна архитектура на објектите, естетика, надворешна архитектура/фасади, стилови итн. Јас избрав да зборувам за нешто каде што може да се реагира и во иднина (урбанистички не можеме да реагираме бидејќи објектите се веќе изградени) а тоа се некои пропусти во изгледот и други детали кои се промениви а може да направат големи разлики.

Edited by HugoGoulding - 13-Jan-2013 at 15:41
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3022 Posted: 13-Jan-2013 at 15:35
Originally posted by fichot

Не сакав да одам натаму, во урбанизам и сл. за да не излезе „ете за другите стално има некое оправдување, кое за нашиве го нема“. Си стојам на тоа дека и овој објект е утка, т.е. дека можеле и требале Каталонците подобро. Од друга страна некои вечерни фотки што видов и не го прават толку лош, воглавно ради тоа што тогаш доаѓа до израз стаклената „коцка“ додека столбовите се само надополнување. Кај нас е обратно. Столбовите сјаат а меѓу нив црнило.

е ова е најголемата невоочена разлика... таму се работи за модернизам надграден со класични детали кои се многу подискретни, а кај нас се работи за директна мешавина од двете, која наместо внимателно да се испланира (коминација најтешка за склопување) кај директно се тупна на буквално било каков простор, во било каков произволен лик
плус, урбанистичкиот елемент не го заборавајте како и да е
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3023 Posted: 13-Jan-2013 at 16:07
Ќе се сложам со вас за ова а и тоа цело време со обидувам да го посочам. Или прави едно или прави друго, ако тоа сакате да го кажете. Мене око нема да ми трепне и цело Скопје да го изградат и преоблечат во барок, готика и неокласика само ако тоа се направи да изгледа онака како што треба да изгледа. Ако Археолошкиот музеј и Јавнотот Обвинителство треба да отсликуваат неокласицистичка архитектура направи го тоа онака како што треба да изгледа во секој негов детал, како што било градено во 17-18-19век низ Европа па и 20век низ САД а не со повикување на целосно застаклени фасади одлик на модерната, односно мешање на стилови.

Од една страна сакаме да ги искористиме технолошките добра и предности на модерната со цел да добиеме ефикасност, од друга страна сакаме да ја искористиме естетиката и декорација на класичните стилови затоа што тоа изгледа естетски, сериозно и моќно. Епа избери едно..

И тоа се обидувам да го посочам, бидејќи овие естетски пропусти се поправливи и, дали сега или во иднина, можна е нивна корекција. За разлика од урбанизмот на веќе изградени објекти кој не е.

Edited by HugoGoulding - 13-Jan-2013 at 16:27
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #3024 Posted: 15-Jan-2013 at 23:22
Да ви споделам еден интересен проект за црква во мало градче во Америка,незнам дали е изградена

Panteon di Vangelo Cairo, Georgia USA



Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3025 Posted: 16-Jan-2013 at 00:04
Во ред, цркви Америка колку сакаш. Си собираат пари од верниците, освен православната, другите цркви немаат некои канони околу изгледот на храмот, па на кој како му се сонило, така си тера.

Побитно, ова не е нити изградено од државата нити финансирано од народни пари. А и не е во центар на Вашингтон/Њујорк/ЛА/Чикаго...
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #3026 Posted: 22-Jan-2013 at 10:31
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/712322775/-bremeto-ke-pokaze-kakvo-znacenje-ima-proektot-skopje-2014

"Никогаш не сум се посомневала во оправданоста на проектот, секогаш велам дека времето ќе покаже од какво значење биле овие инвестиции, и од историски и од културен и од архитектонски аспект." - вели Елизабета Канческа Милеска во интервјуто за весникот Нова Македонија, кое го пренес владиниот веб сајт.

Понатаму во интервјуто таа вели: "Од страна на Министерството за култура, реализацијата на овие проекти е во согласност со сите законски прописи и процедури во нашата држава. За сите објекти што ги реализира Министерството за култура во почетокот распишавме меѓународни конкурси за идејни решенија, а во комисиите членуваа архитекти предложени од асоцијациите на архитектите на Македонија. Тие архитекти, кои беа именувани во комисиите по предлог на асоцијациите на архитектите, ги избраа идејните решенија и го ставија својот потпис на одлуките. Во комисиите членуваше и по еден странски архитект. Идејните решенија пристигнати на конкурсите ѝ беа презентирани и на јавноста, преку неколку изложби. Целата процедура беше транспарентна, ние не наметнавме ниту едно решение, а изборот беше направен од членовите на комисиите. Објектите што се изградија и оние што наскоро ќе бидат финализирани се од капитално значење за македонската култура. Конечно ќе добиеме репрезентативен театар опремен со најмодерна технологија, во кој уметниците ќе имаат нормални услови за работа. Македонската филхармонија, по речиси седум децении, конечно ќе добие концертна сала, направена според највисоки стандарди. Нема сомневање кога станува збор за овие проекти, тие се важни за македонската култура, за афирмација на нашите културни вредности. Тие ќе останат, а ние сме минливи и менливи."
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #3027 Posted: 22-Jan-2013 at 10:35
Никогаш не сум се посомневала во оправданоста на проектот

(nikogas, duri ni posle 1000 nepotrebno natrupani objekti i statui, menuvanje na planot na sekoj mesec dena, milioni evra za vrbi, lavovi, ogradi...)

реализацијата на овие проекти е во согласност со сите законски прописи и процедури во нашата држава.

(a kako togas padnaa na ustaven? od koga e zakonski menuvanje na fasada na objekt bez soglasnost od avtorot?)

распишавме меѓународни конкурси за идејни решенија, а во комисиите членуваа архитекти предложени од асоцијациите на архитектите на Македонија.

(molam? seroizna si? na sto ti licime?)

Во комисиите членуваше и по еден странски архитект.

(da de, ama koj? ako nekoj ne e od tuka ne znaci deka izborot e opravdan)

Идејните решенија пристигнати на конкурсите ѝ беа презентирани и на јавноста, преку неколку изложби. Целата процедура беше транспарентна, ние не наметнавме ниту едно решение

(da de, otkako bea odbrani. od transparentna nemase ni T. ne, ne, ne nametnavte, skraja da e)



kaza i ostana ziva.... ministerkata za kultura

Edited by xnx - 22-Jan-2013 at 10:39
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3028 Posted: 26-Jan-2013 at 12:58
Воинот на коњ и Порта Македонија се трошат како алва
Сабота, 26 Јануари 2013 10:37

Цената им е достапна, а вредноста трајна. Сувенирите се убав спомен кој ќе остане да ве потсетува на некое место, време, обележје...

Воинот на коњ, новите музеи, спомениците од плоштад Македонија, Триумфалната порта, Спомен куќата на Мајка Тереза, двокатните автобуси, се само дел од мотивите за сувенирите кои се интересни и за домашните и за странските туристи.

Најпродавани се сувенирите со Воинот на коњ, Портата Македонија и македонската фаланга. Големата побарувачка на сувенири ги испразни резервите, па сега се чека нова пратка која треба да пристигне до крајот на февруари или почеток на месец март.

-Имаше тендер за набавка на сувенирите Воин на коњ и Порта Македонија. Фирмата „Агенс“ ги изработува сувенирите, но се прават во Кина и очекуваме веќе во март да ги има во продавниците. Овој пат порачавме поголемо количество, четири-пет пати поголемо од претходното, кое изнесуваше 500 примероци, вели за Нова Македонија, Перо Јосифовски директор на Музеј на Македонија.

Во Скопје има пет продавници за сувенири со македонски мотиви. Едната е во Порта Македонија, а останатите четири се во монтажни објекти лоцирани на плоштад „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, , кај хотелот „Холидеј ин“ и на влезот на Старата скопска чаршија.

Курир
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #3029 Posted: 26-Jan-2013 at 13:09
Добро бе мораа ли и тоа во Кина да го прават ,зар немаме ние луѓе кој може тоа да го изработуваат ?? Пред некој ден читав дека во фабрика во Пробиштип се произведуваат играчките што се во Киндер јајцата ,наместо да земат само уште еден погон да направат за сувенири да се произведуваат ние ги порачуваме од Кина.....
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 552
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #3030 Posted: 26-Jan-2013 at 14:50
КАКОВ КИЧ!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3031 Posted: 26-Jan-2013 at 19:32
од Срѓан Адамовиќ од SSC





Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3032 Posted: 27-Jan-2013 at 15:12
Originally posted by xnx

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/712322775/-bremeto-ke-pokaze-kakvo-znacenje-ima-proektot-skopje-2014

"Никогаш не сум се посомневала во оправданоста на проектот, секогаш велам дека времето ќе покаже од какво значење биле овие инвестиции, и од историски и од културен и од архитектонски аспект." - вели Елизабета Канческа Милеска во интервјуто за весникот Нова Македонија, кое го пренес владиниот веб сајт.

Понатаму во интервјуто таа вели: "Од страна на Министерството за култура, реализацијата на овие проекти е во согласност со сите законски прописи и процедури во нашата држава. (па не баш, иначе немаше да бидат оспорени пред УС) За сите објекти што ги реализира Министерството за култура во почетокот распишавме меѓународни конкурси за идејни решенија (да? каде тоа биле објавени, листа некоја може?), а во комисиите членуваа архитекти предложени од асоцијациите на архитектите на Македонија. Тие архитекти (тие? немаат ли име тие архитекти? некаде прочитав транспарентни дека сме биле? ) , кои беа именувани во комисиите по предлог на асоцијациите на архитектите, ги избраа идејните решенија и го ставија својот потпис на одлуките. Во комисиите членуваше и по еден странски архитект (веројатно О.Масабни). Идејните решенија пристигнати на конкурсите ѝ беа презентирани и на јавноста, преку неколку изложби (!!!!!!!! ја изгледа сум преспал 3-4 години штом никаде не сум ни чул ни видел нешто од ова.) . Целата процедура беше транспарентна, ние не наметнавме ниту едно решение (таман работа да се наречат поставените критериуми објектот да има „барокен“ стил како наметнување), а изборот беше направен од членовите на комисиите. Објектите што се изградија и оние што наскоро ќе бидат финализирани се од капитално значење за македонската култура. Конечно ќе добиеме репрезентативен театар опремен со најмодерна технологија (чек, за театар збориме или за космодром???), во кој уметниците ќе имаат нормални услови за работа (секој нормален театар во светот веќе содржи украси вредни повеќе милиони евра!). Македонската филхармонија, по речиси седум децении (малку да побрзате со неа, да не станат 8 децении), конечно ќе добие концертна сала, направена според највисоки стандарди. Нема сомневање кога станува збор за овие проекти, тие се важни за македонската култура, за афирмација на нашите културни вредности. Тие ќе останат, а ние сме минливи и менливи. (Па не сме само ние менливи, и фасадите се. )"
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3033 Posted: 27-Jan-2013 at 16:47
LOL
Originally posted by fichot

Originally posted by xnx

тие се важни за македонската култура, за афирмација на нашите културни вредности. Тие ќе останат, а ние сме минливи и менливи. (Па не сме само ние менливи, и фасадите се. )"


LOLLOLLOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #3034 Posted: 27-Jan-2013 at 17:41
Скопје, освен интензивната послеземјотресна обнова, било толку запоставувано во многу сегменти, што му фалат квантитативно уште 10-тина „Скопје 2014“ пакети. Ова од аспект на тоа колку се вложувало во минатиот период во другите големи центри на СФРЈ, пред се мислам на Белград, Загреб, Сараево, па и некои други.Ајде да преформулирам... Во Скопје требало да се вложува многу повеќе отколу што тоа било правено во минатиот период, секако ако се исклучи послеземјотресниот целосветски ангажман, пред се од хуманитарен карактер, кој што, намерно или не, и развојно го подбутна градот. Од тој аспект, имаме уште мноогу да градиме, но да внимаваме како.......Пред се мислам дека навистина треба да се остави простор на модерни и индивидуални решенија, кои што ќе си го заземат местото во нашето живеење, а тука не мислам само фасадно модерни решенија. Баш би сакал Скопје 2018, 2022, 2026 и во други контексти...па да имаме и за што да збориме по форумиве , ако не за друго


Edited by Gradinarot - 27-Jan-2013 at 17:48
.....   .......
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3035 Posted: 27-Jan-2013 at 18:39
Originally posted by Gradinarot

Скопје, освен интензивната послеземјотресна обнова, било толку запоставувано во многу сегменти, што му фалат квантитативно уште 10-тина „Скопје 2014“ пакети. Ова од аспект на тоа колку се вложувало во минатиот период во другите големи центри на СФРЈ, пред се мислам на Белград, Загреб, Сараево, па и некои други.Ајде да преформулирам... Во Скопје требало да се вложува многу повеќе отколу што тоа било правено во минатиот период, секако ако се исклучи послеземјотресниот целосветски ангажман, пред се од хуманитарен карактер, кој што, намерно или не, и развојно го подбутна градот. Од тој аспект, имаме уште мноогу да градиме, но да внимаваме како........
ова ни од далеку не е изговор... мислам дека секој историски образован човек знае колку е пропуштено во градов и колку многу работи се погрешиле во неговата блиска историја
НО... тука е и проблемот, што најмногу ги боли оние кои се противат на Ск2014... токму со Ск2014, Скопје пропушти многу други работи, и ги прокоцка оние кои требаше само да се довршат
реално гледано, срамота е, 50 години после земјотресот, Скопје да има неизградени булевари, и просторите кои се бришани и треба да се бришат, да стојат под знак прашалник, а оние што требало само да се дооформат, да се осквернават на најбрутален начин
иако денес има планови за целосната скопска инфраструктура од булевари и улици, и има планови за Маџир Маало и Ново маало, касарната Илинден, некои од индустриските зони, стар Аеродром и т.н, ништо од тоа не гледа бел ден, дури и онаму кај што внесоа барем малку надеж, го прокоцкаа на станбени објекти... а сето тоа се проекти од круцијална важност за развојот на градот и редот што треба да се воведе во него
наместо тоа, се нафативме малиот ринг да го напукаме со секоја нова идеја што му паднала на памет некому, и тоа онака, најпроизволно, и покрај тоа што просторот во мал ринг беше веќе изготвен за довршување, и имаше многу малку простор за некаков произволен план, имаше простор само за следење на диктираното од она што веќе е изградено...
да поедноставам
1. на местото на редот објекти на кејот, имаше простор само за два објекти до МОБ, но наместо тоа, добивме објекти изградени врз пешачката патека на кејот, во формација на ѕид, од кои два објекти се неверојатно блиску до други објекти, и еден од нив е изграден на простор каде што физички немаше простор за нормален функционален објект
2. на тој потег, имаше простор само за еден мост, и тоа мост кој требаше да биде насочник на вниманието кон платото на МОБ (кое требаше само да биде уредено и збогатено), и со сосема друга тема и намена... ама наместо тоа, добивме два моста, и двата премногу нападни за просторот, и тоа, едниот од нив стана бескорисен, со тоа што удира директно во објект, а другиот беше од старт бескорисен, со самото тоа што беше измислен специјално за да го опслужува објектот на Археолошкиот суд
3. На местото кај Стоилко, требаше да има влез во подземна сообраќајница, но наместо тоа, добивме огромна порта, на која што требаше да и измислиме значење и да и изнајдеме намени
4. веќе културно и просторно оформени целини, како плоштад „Карпошово востание“ и „Жена-борец“ парк, наместо уредување, дополнување и освежување, добија насилна промена на целиот културен идентитет и просторни особини
5. просторот кај Лумикс, наместо да добие содржина соодветна на градежните линии и улици, која и не мораше да биде вселив објект, доби најпрво огромна црква, за која требаше крв да се пролее за да се измени, за на крај да го истераат истиот план, само со нов објект и да ја дислоцираат црквата на сред парк на ул. Македонија
6. на повеќе локации низ мал ринг, непромислено се жртвуваа улици и отворени пешачки простори, за изградба на најбанални објекти без никакво значење за својата ексклузивна локација, како на ул. Македонија на пример
7. споменици беа расфрлани на секаде, без никаква почит и центар на внимание кон ликовите за кои беа наменети, и без почит за просторот кај што беа поставени
8. се сменија фасади на објекти, без никаква основа, ниту пак почит кон оригиналните објекти и нивните линии, само затоа што на одредена група на граѓани не им се допаѓале


има уште многу работи кои треба да се набројат, ова е само дел, бидејќи многу е тешко да сместиш се во еден пост... ова е отприлика сумаризација на најголемите штети и пропусти кои биле направени досега, колку да го потенцирам тоа колку Скопје има изгубено, повеќе отколку што има добиено (велам добиено, поради тоа што има неколку светли точки во сето ова, што се бројат на прсти)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #3036 Posted: 27-Jan-2013 at 23:47
За повеќето точки апсолутно се сложувам дека се неповратно утнати реализации, какви што всушност имавме и во минатото. Искрено кажано, градски ѕид, кој е реализиран под директно влијание на Кензо-виот план, ми смета потполно еднакво, ако не и повеќе, од новиот кинески ѕид од институции пред МОБ. Едноставно неповратно го ограничи ширењето на централното градско подрачје на ниво на просечна паланка, а на кое му дадовме име мал ринг. Со оваа моја забелешка само сакам да го потенцирам континуитеот на лоши избори кои го прават и левите и десните влади и нивните раце на овие простори. Секој граѓанин знае што вреди, а што не, во својот град и никој не може да му создава виртуелна перцепција за доживување на просторот, тој го живее истиот и го вреднува низ времето. Ми се чини дека Скопје 2014 после 10-15 години ке биде повеќе прифатено отколу отфрлено, а проекти што навистина ме загрижуваат се уништување на парк шума Водно и тотално погрешно зонирање на станбени блокови во зона на воздушните текови од Водно кон Скопје. Сакам да кажам, „барокниве“ фасади и просечни ке ни легнат, модерниве не се покажаа нешто, сообракајот ќе се реши како така, т.е. ке биде никаков како и во секој поголем град во светот, но не знам како ќе се дише, а количината на воздухот утре, ми ја намалуваа и вчера и денес....
.....   .......
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #3037 Posted: 28-Jan-2013 at 00:03
Прекрасна фотографија од центарот на Скопје. Се сеќавам на времето кога се движев низ центарот секоја вечер и беше како зона сумрака. На човек да му е страв да прошета.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3038 Posted: 28-Jan-2013 at 01:32
Originally posted by Gradinarot

За повеќето точки апсолутно се сложувам дека се неповратно утнати реализации, какви што всушност имавме и во минатото. Искрено кажано, градски ѕид, кој е реализиран под директно влијание на Кензо-виот план, ми смета потполно еднакво, ако не и повеќе, од новиот кинески ѕид од институции пред МОБ. Едноставно неповратно го ограничи ширењето на централното градско подрачје на ниво на просечна паланка, а на кое му дадовме име мал ринг. Со оваа моја забелешка само сакам да го потенцирам континуитеот на лоши избори кои го прават и левите и десните влади и нивните раце на овие простори. Секој граѓанин знае што вреди, а што не, во својот град и никој не може да му создава виртуелна перцепција за доживување на просторот, тој го живее истиот и го вреднува низ времето. Ми се чини дека Скопје 2014 после 10-15 години ке биде повеќе прифатено отколу отфрлено, а проекти што навистина ме загрижуваат се уништување на парк шума Водно и тотално погрешно зонирање на станбени блокови во зона на воздушните текови од Водно кон Скопје. Сакам да кажам, „барокниве“ фасади и просечни ке ни легнат, модерниве не се покажаа нешто, сообракајот ќе се реши како така, т.е. ке биде никаков како и во секој поголем град во светот, но не знам како ќе се дише, а количината на воздухот утре, ми ја намалуваа и вчера и денес....
ништо од тоа што е изградено, не го оправдува тоа што се гради денес, која е поентата една грешка да се оправдува со друга грешка ала „исто с*ање во друго паковање“
што е толку тешко да се разбере дека сето она што го плукате денес, треба да биде шаблон на просторот... тебе може да не ти се допаѓа градски ѕид, ама се додека постои, треба да градиш според неговите линии, може да не ти се допаѓаат МОБ и Комерцијална банка, ама ќе гради според нивните линии и движењата што ги предизвикале... дали сето тоа ќе го правиш во барок или во постмодернизам, е најмалку битно, се додека објектите ти се функционално, естетски и практично вклопени во просторот
и уште ме зачудува што нема никаква загриженост за инфраструктурата (најбитниот елемент на било кој урбан простор), туку треба да ја гледаме како нешто што евентуално ќе биде изградено и закрпено, како нешто што е на дно дна на листата приоритети...

Поентата е што, додека чекаме во надеж дека работите ќе тргнат на добро, и ќе го
добиеме она што ни треба како граѓани (практичност и удобност), градов, со Ск2014, по 1000000000 пат се усерува поради политички и чаршиски необразовани идеологии... исто како што се усерувал во '50-те и како што бил усран единствениот ветувачки план после земјотресот и после Михајловиќ... според иста логика на навраќање кон минатото, очигледно треба и некој друг утре да дојде, и да се изживува на градов и неговата иднина, поради тоа што не му се допаѓало Ск2014 и не соодветствувало на конкретните пропаганди, и така бесконечно да се вртиме во кругови
зошто едноставно Скопје, не може да добие свој градежен континуитет, како сите други нормални градови во светот? зошто мора насилно да му е одземана било која шанса, со секоја нова политичка фела?

ќе го славам денот кога некој во земјава ќе се консултира со струката, односно конкретно урбанизмот, наместо сето лудило што кај нас е репер за изградба... и ќе го славам денот, кога некој тука прво ќе се насочи кон запознавање со она за кое што се спремил да го плука или поддржува...


Edited by zabegan - 28-Jan-2013 at 01:44
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3039 Posted: 28-Jan-2013 at 09:36
Originally posted by makonix

Прекрасна фотографија од центарот на Скопје. Се сеќавам на времето кога се движев низ центарот секоја вечер и беше како зона сумрака. На човек да му е страв да прошета.



Приметив последниов период дека и Археолошкиот музеј е цел осветлен во оваа бело/жолтеникаво осветлување вклучувајќи ги и неговите столобови(претходно беше виолетова како куполата на Музејот на Борба), исто како музејов на Македонска борба и зградата на Пелистер, и мислам дека ваква една унифицирана боја на осветлување поточно, баш како оваа сега, изгледа многу поубаво, за разлика од претходините варијанти од шаренила на различни бои на осветлување.

Edited by HugoGoulding - 28-Jan-2013 at 09:38
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #3040 Posted: 28-Jan-2013 at 10:07
Zabegan, најверојатно сме на иста линија за многу прашања, како што впрочем и сме најверојатно со поголемиот дел од народот /форумашиве/ и кому му е до својот град. Како што е одамна перцепирано, архитектурата е прв и директен отсликувач на состојбите во општеството и државата, како што санитарниот јазол го отсликува домот. Би се сложил околу потребата од континуитет и почитување на претходникот, но никако тоа да биде ексклузивно. За да излеземе од постојаната и нападна самокритика или самовеличање, сеедно, имаме такви примери насекаде во светот. Секаде имаш урбани ткива, стари и нови, кои што дури му опонираат на претходникот или комшијата, еклектиката ја има и во урбанизмот, не само во архитектонските стилови. Се сложувам дека имало добри потези во градот кои што требало да ги довршиме, како што имало и урбани утки од поголеми размери него ли денешниве. И од двете треба да учиме. А за тоа дека треба да се консултира фелата за било каков проект и реализација, мислам дека е вонразумски да се дискутира, а можеби и такви работи ја отсликуваат состојбата во општеството.
.....   .......
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152153154 324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.826 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.