build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 160161162163164 327>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3221 Posted: 06-Apr-2013 at 21:48
It was I

Вината е целосно моја што се изгради овој резил, па сега има простор цел свет да ни се смее и да не полива со лајна врз главата.

Знаете ли сега по најновите методи квалитетот на образованието во една земја се оценува на база на даден текст, од која младината ги извлекува основните работи, те. поенти. Резултатот доаѓа од тоа колку некој од даден текст ќе ги извлече главните работи и жалам што како по обичај се фативте за ваквите глупости и маргиналштини.

Значи, поентата не е дали некој или кој ќе напише некаква критика, ниту на начинот на кој што таа ќе биде напишана. Секој би се согласил со едно нешто, друг со друго итн. Поентата е дека ние самите дозволивме ова да се случи, а со тоа оставивме отворен простор да ни се подиграваат и да не еба*аат сите, кој како стигне. И со право! Ние самите се зезаме, па не некој од страна.

Впрочем некои од методите за отпор против диктатура, режим процес или проект со каков што си имае работа ние, се несомнено хуморот и себеиронијата.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3222 Posted: 06-Apr-2013 at 22:04
Previous
 
Ти праша зошто се интересираме за нешто помалку стручно, што истовремено провоцира, а јас те спомнав тебе како виновник бидејќи си ја објавил статијата на форумов, има безброј статии исполнети со негативни критики на проектот Скопје 2014, но оваа конкретна статија која ти си ја објавил на форумов, повеќе е исполнета со потценувачки и навредливи коментари, отколку што е исполнета со урбанистички критики и предлог-решенија за конкретните проблеми.
 
Секој со свој став, јас го кажав мојот став, на тебе останува да го кажеш твојот став, доколку сеуште не си го кажал.
 
А кога сме кај хуморот и себеиронијата, ќе ме извиниш, но истите воопшто не се достапни ниту во статијата која си ја објавил на форумов, ниту во твоите коментари.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3223 Posted: 06-Apr-2013 at 22:11
Човече, Андреј и Забеган се две различни индивидуи!

Мојот став околу проектов одамна е познат на сите, навистина нема потреба да навлегуваме во непотребни повторувања.
Разберете дека никој не е должен да прави било што од следното:

а) за да посмее да напише нешто поврзано со СК2014 мора да биде и журналист и урбанист и сообраќаен инженер! Абе од Марс се гледа колку безумен, невкусен и непотребен е целиов проект и на каков примитивен, арогантен, насилен и коруптивен начин се води.

б) за да напише статија во весник, не мора и не може да нуди предлог решенија, Ниту за тоа е обучен, ниту има должност или право воопшто да нуди решенија. Ние имавме божемски тендери за стотици милиони евра, пари со кој можеше да се покани целата реномирана светска фела на стручни лица да учествуваат во проектов. Но, наместо тоа ние сосема ги ограничивме условите за учество во тендерите. И потоа ти очекуваш од новинар да ти даде предлог решение во оваа фаза кога се е готово?!

Лично јас не гледам ништо навредливо или трагично во текстов, просто еден поглед. Тоа што само нашата историја не кореспондира со скоро сите (99%) од другите светски прочити на историјата е наш проблем, со кој ниту некој од Хрватска, ниту од Исланд би требало и е должен да се сообразува. И за крај асмо да напоменам дека нема такво нешто како југословенски прочит на историјата!


Edited by Andrej_LJ - 06-Apr-2013 at 22:18
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3224 Posted: 06-Apr-2013 at 22:32
Previous
 
Гледаш како лесно губам концентрација кога нешто ми се качува на нерви, те измешав тебе со забеган. Big%20smile
 
Да, вината ја припишувам на тебе Андреј бидејќи си ја објавил статијата на форумов, а одговорот беше наменет за забеган бидејќи тој праша зошто не се заинтересираме за нешто постручно, отколку за нешто што најмногу провоцира коментари како коментарот на alexgizh.
 
Барем засега, никој на форумов не ја негира примитивната, арогантната, насилната и пред се, корумпираната природа на проектот Скопје 2014, но како што Рим не бил изграден за еден ден, така и ваквите проекти не започнуваат преку ноќ, потребни беа години исполнети со стагнација и ништо ново што би направило централното градско подрачје на Скопје да заличи на посовремено, добра обнова на фасадите со современи материјали, а истовремено задржување на оригиналниот изглед, ќе го спречеа овој проект уште во самиот корен - анимацијата која беше прикажана во 2008 година. Но статусот кво низ годините си го направи своето, поради што на крајот се појавија мудреците со своето решение наречено Скопје 2014, а скопјани молчеа, очигледно по принципот "дај шта даш", наместо да реагираат по принципот "непоканетите надвор од мојот имот".
 
Секако дека очекувам новинар или било кој друг да даде предлог решение, времето нема да запре во 2014 година, ќе продолжи и понатаму, а надежта дека ќе живееме во поубав, почист, поздрав и пред се, поудобен град за живеење, последна умира.
 
Ти не прочита ништо навредливо или трагично во текстот, просто еден поглед, тоа е твојот личен став, јас лично го почитувам, но не го прифаќам, бидејќи мојот личен став е дека текстот е исполнет со потценувачки и навредливи коментари, но на крајот на краиштата, тоа е мојот личен став, на тебе останува да го почитуваш, но не и да го прифатиш, доколку не сакаш да го прифатиш.
 
Историјата си е приказна за самата себеси, пред 100 години ова време не постоеле ни Полска, ни Чешка, ни Словачка, ни Украина, ни Белорусија, ни ред други држави, па сепак денес никој не им приговара на овие држави и на нивните народи да ја третираат и да ја величат сопствената историја на свој начин, па од тука очекувам ист третман и кон нас Македонците, не гледам причина зошто ние да не бидеме дел од ваквиот тренд. Обрни внимание, реков Македонците, а не проектот Скопје 2014, кој дефинитивно нема никаква поврзаност со третирање и величење на историјата, но затоа има секаква поврзаност со третирање и величење на изопачени димензии и пропорции, доколку воопшто може да се наречат димензии и пропорции.


Edited by Dexter26 - 06-Apr-2013 at 22:40
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3225 Posted: 06-Apr-2013 at 23:22
Брзината со која се гради Ск2014 јас мислам дека влечи корени од фактот што власта знае дека е многу тешко во исто време да ја има власта на владино ниво,претседател на држава,градоначалник и совет во центар,згора на тоа и сега има и надмоќ во уставен.

Еднаш се раѓа ваква прилика за било која владеачка гарнитура и нескаат да ја пропуштат,и затоа брзаат.

така јас мислам и сигурен сум во ова
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3226 Posted: 06-Apr-2013 at 23:57
Previous
 
Дефинитивно да.
 
Да не беше Скопје 2014, ќе беше некој друг тотално погрешно замислен проект.
 
Но сепак мислам дека ако властите превземеа нешто во периодот до 2008 година за разубавување на централното градско подрачје за да добие посовремен лик, ќе ги имаше повеќемина на протестите против проектот Скопје 2014, а можеби ќе имаше и референдум за целиот проект, а вака стагнацијата си го направи своето.
 
Истото важи и за двокатните градски автобуси, од самиот почеток се знаеше дека нема да го решат проблемот со сообраќајниот хаос и дека нема да ги задоволат потребите на скопјани, но статус квото кој се одржуваше низ текот на годините, ги наведе скопјани да ги прифатат двокатните градски автобуси по принципот "дај шта даш".
 
Решавањето на секој проблем започнува со самото признавање дека проблемот постои, но поранешните власти го игнорираа проблемот, за нив важно беше Скопје да има плоштад, без разлика како истиот ќе изгледа, за нив важно беше ЈСП Скопје да располага со автобуси, без разлика колку се стари и дали се во согласност со европските стандарди, а кога игнорираните проблеми ќе се насоберат, или целата структура ќе се распадне како кула од карти, или некој ќе профитира на дебело од решавањето на проблемите, без разлика дали решението го решава проблемот во целост или само ги прикрива последиците од проблемот.


Edited by Dexter26 - 07-Apr-2013 at 00:16
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3227 Posted: 07-Apr-2013 at 02:10
Originally posted by Dexter26

Таа книга не се чита и коментира преку ноќ, треба убаво да се прочита, полна е со неверојатно објективни критики, но засега сеуште не сум видел предлог-решенија за излез од ваквиот урбанистички хаос.


Макар што е касно сега за предлог-решенија (освен динамит) во книгата на Чаусидис има предлог - просторот карши Холидеј-Ин до бул. Кочо Рацин да се направи како плоштад околу кој би биле поставени повеќето од спорните објекти (УС, ФП/ЈО, МНР, Портата, фонтаната итн).

Книгата патем е одлична. Не сум видел подлабока и пообјективна анализа на развојот на Скопје.

Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #3228 Posted: 07-Apr-2013 at 07:44
За жал, тоа што хрватот јавно го кажа го делат сите посетители на Скопје. Иако го мразам тоа, сите ги прашувам како им се допаѓа (најискрен одговор се добива после неколку пивца)ново Скопје. Одговорите сублимирано се потсмев, чудење, згрозување и „зошто ви е потребен овјо кич“. Џабе моите објаснувања дека народот не го приваќа СК2014, дека има големи критики во јавноста, дека ова е обид власта да го кретинизира народот...
Како што рече некој погоре, ние сме виновни, јас сум виновен!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3229 Posted: 07-Apr-2013 at 11:14
Previous
 
Затоа јас не го земам во предвид сериозно мислењето на странците, без разлика дали воопшто се стручни од областа на урбанизмот или не.
 
Факт е тоа дека тие луѓе не живеат во Македонија и дека не знаат какви се животот на секојдневниот Македонец и македонскиот менталитет, бидејќи кога би знаеле какви се животот на секојдневниот Македонец и македонскиот менталитет, би знаеле дека молкот на Македонците потекнува од статусот кво низ кој Скопје и Македонија поминуваа се до 2008 година.
 
Тој Хрват, исто како и повеќето странски посетители на Скопје, сигурно не доаѓал секоја година во Скопје, од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, па се до 2008 година кога за прв пат беше прикажана анимацијата за проектот Скопје 2014. Кога би доаѓал барем еднаш годишно, секоја година од 1991 до 2008, би знаел зошто во 2008 речиси и немаше организиран отпор и протест против проектот Скопје 2014. Не бевме држава која излегла поразена од војна во 2008 година, ниту пак имавме во 2008 вакви догови какви што имаме денес, но затоа имавме статус кво на развојот на централното градско подрачје на Скопје, низ кој поминувавме во текот на 1990-те години, а шлаг на тортата беше непоканувањето на Република Македонија за полноправно членство во НАТО на самитот во Букурешт во април 2008. Земајќи го во предвид ваквиот развој на настаните, импулсивната реакција на Македонците не е оправдлива, но е разбирлива, па од тука следува и фактот дека речиси немаше организиран отпор и протест против проектот Скопје 2014, а странските посетители, вклучувајќи го и овој Хрват, очигледно не се запознаени со овие факти, па затоа и јас лично не го земам во предвид сериозно нивното мислење.
 
"Јас го знам решението за проблемот" е реченицата со која вообичаено започнува една диктатура, кога одредена индивидуа излегува со решенија за кои воопшто не ги прашува граѓаните дали ги прифаќаат истите тие решенија или не. Нема да навлегувам во историја и политика, само во 20-от век ги има бројни примери за такви луѓе кои имале свои решенија за кои воопшто не ги прашале граѓаните дали ги прифаќаат истите тие решенија или не.
 
Но денес, во 21-от век, немаме диктатура, туку имаме демократски избрани власти кои играат на се или ништо, или ќе биде по нивно, или ќе си отидат од власт на наредните избори, а додека се на власт ќе го дадат максимумот од себеси за да профитираат од проблемите со кои се соочуваат граѓаните, како и од наводните решенија на истите тие проблеми.


Edited by Dexter26 - 07-Apr-2013 at 11:23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3230 Posted: 07-Apr-2013 at 11:48
Декстер, реално повеќето аргументи не држат никаква вода за да се оправда овој проект односно, односот на граѓаните кон него.

Сепак би издвоил еден со кој се согласувам и кој не би требало да се испушта кога некој ги анализира работите од страна како авторот од Хрватска. А тоа е целата прикаска со НАТО и воопшто односот кон Македонија сите овие години на политички план. Токмну тој однос беше катализаторот кој не претвори во ваков народ и кој создаде плодна почва за проектот СК2014.

Значи, неможе некој да се чуди како лудите Македонци наредиле секакви кипови по плоштад а да не направи барем елементарна анализа како дошло до тоа.

Ете тоа е мојот единствен проблем со репортажите од ваков тип, за се друго авторот е за жал во право.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3231 Posted: 07-Apr-2013 at 11:55

 

Originally posted by nenad

Џабе моите објаснувања дека народот не го приваќа СК2014


Кој е тој народ што не го прифаќа?


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3232 Posted: 07-Apr-2013 at 11:58
Оној кој има свој мозок...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3233 Posted: 07-Apr-2013 at 11:59
Originally posted by kultuzin

 

Originally posted by nenad

Џабе моите објаснувања дека народот не го приваќа СК2014

Кој е тој народ што не го прифаќа?




Огромен дел од народот.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #3234 Posted: 07-Apr-2013 at 12:02
Аналитички гледано поголемиот дел од народната (простата (без навреда)) маса (или раја) го прифаќа проектов освен можеби сумата пари која е издвоена за него. Застани на плоштад и почни да ги прашуваш луѓето како гледаат на проектов и сето тоа што е направено до сега ќе се изненадиш од одговорите.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4788
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3235 Posted: 07-Apr-2013 at 12:21
За жал, и мојот впечаток е дека поголемиот дел од народот го прифаќа проектов. Може навистина интелектуалната јавност апсолутно не го прифаќа, но оди кај Цане во некое отепано беровско село, кај Менде во некое исто пелагониско, или па кај Пеце во некое струмичко, и кажи ми дали не го прифаќаат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3236 Posted: 07-Apr-2013 at 12:23
Originally posted by pbanks

Originally posted by kultuzin

 

Originally posted by nenad

Џабе моите објаснувања дека народот не го приваќа СК2014

Кој е тој народ што не го прифаќа?




Огромен дел од народот.


И да е огромен дел од народот , тоа на никој не му дава право на некој да генерализира.

Освен тоа мислам дека најголемиот дел од граѓаните на овој проект  не гледаат како на целина туку имат мислење за секој објект посебно. Пример убеден сум дека фонтаната со Александар Македонски е прифатена од најголем број на граѓани исто како и Театарот, Археолошкиот музеј и  Музејот на македонската борба за независност, додека најголем дел се противат на преголемиот број несоодветно и неплански распоредени споменици или пак на објектот на АЕК. 

Мое лично мислење е дека и покрај тоа што се изградија многу работи кои можеа да се направат подобро и пред се да опфатат пошироко градско подрачје на Скопје и Македонија дефинитивно им требаше ваков проект кој за жал поради горенаведните недостатоци остави доволно простор за критика. 

Но со евентуално преместување на спомениците, дислокација на градските плажи, дефинитивно спречување на изградба на Споменикот на Мајка тереза и Тркалото како и спречување на изградба на останатите два сплава (за двата во изградба за жал веќе е доцна) би можело да се добие многу кон подобрување на квалитетот на овој проект.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1966
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3237 Posted: 07-Apr-2013 at 12:24
Помини го Камени мост и запримети, десно антички објект, лево еден помодерен барок, па другиот класичен, карши нив музејот на евреите во модерно решение, сите овие објекти еден до друг, а сите толку различни.... Ако некој вака ја уреди дневната ќе се смееш
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3238 Posted: 07-Apr-2013 at 12:28
Originally posted by daci92

Аналитички гледано поголемиот дел од народната (простата (без навреда)) маса (или раја) го прифаќа проектов освен можеби сумата пари која е издвоена за него. Застани на плоштад и почни да ги прашуваш луѓето како гледаат на проектов и сето тоа што е направено до сега ќе се изненадиш од одговорите.


Проблемот е што многу луѓе демократијата ја разбираат како некоја проста математика на мнозинство и малцинство. Ако се земе на пример анкетава на форумов како репрезент (а веројатно не е далеку од вистината), таа укажува на само една работа а тоа е дека постои длабока поделеност околу проектот. Кога постои таква поделеност околу нешто толку големо, тоа не смее да се игнорира.

@kutuzin, како сакаш спакувај го проектот, посебно по објект, како целина... тој генерира поделби и тука завршува прикаската. Во земја со демократска традиција, вакво нешто не би поминало ни во фаза на анимација, а не па да се реализира.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3239 Posted: 07-Apr-2013 at 12:29

Originally posted by гитардемон

За жал, и мојот впечаток е дека поголемиот дел од народот го прифаќа проектов. Може навистина интелектуалната јавност апсолутно не го прифаќа, но оди кај Цане во некое отепано беровско село, кај Менде во некое исто пелагониско, или па кај Пеце во некое струмичко, и кажи ми дали не го прифаќаат.


И тој Пеце и Менде а и Цане се граѓани на Македонија  а како што гледаме во   последните 9 години на изборите таквите Мендевци , Цаневци и Пецевци го представуват мнозинството на народот и незнам од каде ви тоа право да ги вреѓате оние кои го подржуват проектот.

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #3240 Posted: 07-Apr-2013 at 12:36
Големата маса не ги разбира поимите демократија, комунизам, социјализам, фашизам, капитализам итн и сето тоа го разбирам ,но тука луѓето не гледаат на проектов како некој од нас туку како што кажа некој погоре, гледаат на него како засебни објекти а не целосен проект.
Поделеноста во нашето општество не е ништо ново ,ние сме поделени јазично, етнички, религиски, партиски, урбанистички и како не ,па за сопствени вкусови што е секаде во светот случај да не правиме муабет, но тука имаме недостаток од интервенција односно од позитивна интервенција бидејќи сите интервенции до сега водеа кон поголема поделеност.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 160161162163164 327>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.092 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.