build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 325>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 09-Feb-2010 at 15:42
Originally posted by pbanks

На нова прес конференција денеска, најавено е надополнување на планот

























мала шега

Го видов ова сабајле (моје време) и не го разбрав, а пред неколку саата еден другар ми го покажа овој ‘Боки 13‘ на youtube и сега откако го видов ова пак, се насмеавLOL (иначе овој ‘боки 13‘ не е ништо интересен Crazy)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 09-Feb-2010 at 17:16
Originally posted by ebivetre

Veruvam i deka forumov ne da odgatneme koi se facite, tuku da vidime sto ne odgovara i ne cini, no i sto e ubavo i treba da se forsira.

Напротив, форумов дефинитивно треба да игра улога и за да одгатнеме кои се „фаците“. Тоа е многу суштинско прашање бидејќи за вакви работи кои го засегаат нашиот заеднички простор не смее да се работи така фантомски, а исто така транспарентноста е една од основите на демократијата.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 09-Feb-2010 at 20:27
ПРЕНЕСУВАМ ДЕЛ ОД ВЕСТИТЕ НА А1. ОД НИВОТО НА ДИСКУСИЈАТА СЕ ГЛЕДА КОЛКУ МОЖЕ ПРОЕКТ ИЗРАБОТЕН ОД ВАКВИ ЛУЃЕ ДА Е ПРОДУКТИВЕН И ПОТРЕБЕН:

Трибина за одбрана на проектот „Скопје 2014“

Мери Јордановска Коментари (0)   
09.02.2010 17:14
 

 

Несекојдневна дебата со сомнителен организатор за проектот Скопје 2014. На едно место се собраа неколкумина уметници.Рекоа дека не било чудно што новите градби се во барок стил, затоа што во Скопје денес се јадело и пица бурек.

Кога се случувала естетика се случувал и земјотрес.

Излегоа со образложенија од тоа дека младите ќе се запознаат со културата додека седат до столбовите, до тоа дека со новиот лик во Скопје ќе почнат да се снимаат холивудски филмови.

„Да поканиме и врвни артисти. Мене секогаш ми била животна желба да игра главна улога во филмот Мерил Стрип. Но да ја поканиш Мерил Стрип во некаков трошен амбиент, во некоја трошна приказна е страшно рискантно“, изјави Аљоша Силјановски, режисер.

За учесниците не денешната трибина од серијата за ново Скопје не е проблем што се трошат многу пари. Секаде низ светот уметноста била скапа.

„Слика на Пикасо е педесет милиони бре луѓе. Од 200 милиони треба 400 да се за култура. Тоа че остане“, вели Горазд Чаповски, музичар.

„Сите се фаќаме за тие пари. Тоа не се многу пари. Тоа се да речеме во Париз поставени три скулптури“, изјави Ангел Коруновски, автор на споменикот „Гемиџиите„

На моменти наместо дебата, спротивставени и нервозни реакции за прашањата поврзани со македонската самосвест, енергија и култура.

Ти сакаш како Заев што кажа - се што му свети е модерно. Ало мајсторе“, рече Чаповски.

Учесниците кои го бранеа проектот за ново Скопје немаа одговор на прашањето - која е невладината организација Акорд што ја организира трибината?

„Мене тоа не ми е битно. Јас сум поканет како граѓанин“, додаде Силјановски.

Податоците за оваа невладина, покажуваат дека Акорд е здружение на граѓани од мултиетничка националност кое ги заштитува човековите права од секојдневното живеење. Формирана е во 2002 година.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119709
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 09-Feb-2010 at 20:33


Штета што немаат поставено видео, бидејќи тек тогаш се добива вистинскиот впечаток што го оставија. Ги видов прееска на вести... жалосно...
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 09-Feb-2010 at 20:40
Штета што денешната прес конференција во Совет на Град Скопје не беше отворена за јавноста

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119679

Баш ме интересира што се дешавало... ама веќе мака ми е да гледам вести
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 09-Feb-2010 at 20:41
Originally posted by Cloverstack

Штета што немаат поставено видео, бидејќи тек тогаш се добива вистинскиот впечаток што го оставија. Ги видов прееска на вести... жалосно...


Е ова е кремот на македонската “авангарда“...јас не би ги регистрирал овие малоумни собири, дека со скулпториве се ми е јасно - да не беше 2014 ќе умреа за леб - сега или никогаш е работава, ама изјавите на Чаповски ме изненадија, не очекував толку малоумно размислување од него.....

...расправава што иде моментално на а2 многу работи отвори...можеа од Мангароски само слика да донесат, иста работа ќе вршеше...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4669
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 09-Feb-2010 at 20:57
Од денес не слушам појќе Мизар! Јас знаев дека се избегани, ама овај Чаповски треба да замолкне во мир и тишина!

Уште потажно е што има барем 500.000 луѓе во државата што ги сметаат изнесените аргументи за валидни!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 09-Feb-2010 at 23:10
Новите фасади до крајот на годинава

Според Трајановски инвестицијата ќе биде неколкугодишна и во првата фаза планирани се околу дваесетина милиони денари буџетски пари. Тој засега не ја прецизираше вкупната инвестиција на градот, бидејќи таа допрва детално ќе се утврдува во зависност од пристигнувањето на авторските решенија за фасадите


Градскиот татко Коце Трајановски и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ вчера едногласно ја поддржаа Владата и проектот Скопје-2014. Тие во заедничкото излагање ги објаснија и презентираа примарните инвестиции кои Градот и општината со сопствени пари ќе инвестираат во проектот.

Градоначалникот Трајановски изјави дека примарни инвестициони планови на Градот ќе бидат реновирањето на околните фасади, како и менување на постоечките огради на мостовите кај Холидеј Ин, комплексот банки и на мостот Гоце Делчев.
-Со обнова на фасадите ќе се отпочне до крајот на годинава. Многу веројатно поради доцнењето на идејните решенија за истите, градежните активности ќе бидат на почетокот на следната година. Станува збор за фасадите во централното градско подрачје, а приоритет ќе бидат оние околу плоштадот, истакна Трајановски. Тој појасни дека први објекти на кои ќе се отпочне градежна активност се зградите со кафулето Тренд и пицеријата Дал Мет Фу. Истите ќе се преадаптираат за да бидат во согласност со изгледот на плоштадот.

Според Трајановски, инвестицијата ќе биде неколкугодишна. Во првата фаза се планирани околу дваесетина милиони денари буџетски пари. Тој засега не ја прецизираше вкупната инвестицијата на градот, бидејќи таа допрва детално ќе се утврдува во зависност од пристигнувањето на авторските решенија за фасадите.

Градоначалникот на Центар Тодоровиќ потенцираше дека предвидениот проект несомнено ќе придонесе економски бенефит за државата и самата општина.
-Од туристички аспект ќе привлече многу луѓе, од функционален аспект ќе придонесе за решавање на просторниот проблем на администрацијата, изјави Тодоровиќ.

Тој напомена дека споменикот на Александар Македонски ќе биде поставен во втората половина на 2011 година бидејќи, во моментов, се работи на негово зголемување.
- Дел од спомениците, четири или пет, ќе пристигнат во текот на 2010 година, во зависност од тоа како се завршуваат, рече Тодоровиќ.  (Д.С)


Опозицијата побара итна седница за проектот "Скопје 2014"
Пратеничките групи на СДСМ, НСДП, ЛДП и Нова алтернатива вчера поднесоа барање за итна собраниска седница на којашто ќе се расправа за проектот "Скопје 2014".
- Ова дефинитивно е најзабеганиот и најкоруптивниот проект. Сметаме дека ова лудило мора да престане. Народните пари - 200 милиони евра ќе се искористат за фрустрации и криминално трошење. Тоа некој мора да го сопре, изјави Цветанка Иванова, пратеничка на СДСМ. Опозицијата смета дека Владата мора да ги консултира граѓаните за трошењето толкава сума пари во време на економска криза.

Пратениците на Нова демократија, пак, доставија барање и за седница на Комитетот за односи меѓу заедниците, со образложение дека проектот има тренденција да ги влоши меѓуетничките односи во земјава.

Претседателот Ѓорге Иванов, пак, смета дека нема потреба од негативни реакции за проектот "Скопје 2014" зашто истиот е отворен за дебата и нови иницијативи.
- Јас го поддржувам сето она што е конструктивно, креативно и иновативно бидејќи тоа ќе им го оставиме на идните поколенија. Секоја иницијатива што го изразува карактерот на нашата држава треба да е проследена во надлежните институции каде советниците треба да ја сочуваат мултиетничноста на таа иницијатива, изјави Иванов.


http://vecer.com.mk/?ItemID=F7860B27EFAB39429D01760F9C6C18F8
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 09-Feb-2010 at 23:23

„Да поканиме и врвни артисти. Мене секогаш ми била животна желба да игра главна улога во филмот Мерил Стрип. Но да ја поканиш Мерил Стрип во некаков трошен амбиент, во некоја трошна приказна е страшно рискантно“, изјави Аљоша Силјановски, режисер.

Повеќе ќе одговара Кејт Бланшет. Она се има докажано во историски улоги блиски до барокот. 

Bash

Едит: А не би ме изненадило нареден бисер на владава да биде и еден филмски спектакул. Очигледно, 100-200 милиона не се ништо, а после бароков, на македонската „култура и традиција“ ќе и фали само уште една наша, сопствена „Bitka na Neretvi“.  




Edited by fichot - 09-Feb-2010 at 23:37
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 09-Feb-2010 at 23:43

...Станува збор за фасадите во централното градско подрачје, а приоритет ќе бидат оние околу плоштадот, истакна Трајановски. Тој појасни дека први објекти на кои ќе се отпочне градежна активност се зградите со кафулето Тренд и пицеријата Дал Мет Фу. Истите ќе се преадаптираат за да бидат во согласност со изгледот на плоштадот.

Ова само кај нас го има. Постоечки објекти да се адаптираат спрема непостоечки. „Кад нече Мухамед брегу, онда брег Мухамеду“ работава. 

 Wallbash

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4669
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 10-Feb-2010 at 00:28
Веројатно ова е делот од филмот кога треба да дојдам како на реклама и да ти речам: брат, ај да пиеме едно по едно пиво, и cè да биде во ред

Знам дека ова смајлито со главата во ѕидот што го напиша не ја доволува доволно твојата нерва. I feel you Откако ги прочитав оние мислењата на мизер-мизар и на минатиот следен несуден квентин тарантино ми се одмили животот и покрај тоа што нема да ми бидат мене во дворот, а тек тебе што си од Скопје можам да замислам како ти е.

Солидарност за скопјани, ќе отворам група на фејсбук.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 10-Feb-2010 at 00:39
Originally posted by fichot

...Станува збор за фасадите во централното градско подрачје, а приоритет ќе бидат оние околу плоштадот, истакна Трајановски. Тој појасни дека први објекти на кои ќе се отпочне градежна активност се зградите со кафулето Тренд и пицеријата Дал Мет Фу. Истите ќе се преадаптираат за да бидат во согласност со изгледот на плоштадот.

Ова само кај нас го има. Постоечки објекти да се адаптираат спрема непостоечки. „Кад нече Мухамед брегу, онда брег Мухамеду“ работава. 

 Wallbash

те поддржувам во овој став, играњето мајтап со центарот на Скопје носи ред тешки и скапи импровизации кои се одразуваат на понатамошниот развој на градот, или пак едноставно се преголемо трошење на пари за џабе и стоење во место поради тоа што некој сакал да си гради „барок“
на пример зошто да се дислоцира цела канализациона структура за да се изгради споменик и црква? зошто да менуваме веќе започнати, но недовршени урбанистички целини?
не дека мене нешто ми се допаѓа зградата кај дал мет фу, баш напротив, таа е еден дел од плоштадот кој ми е одбивен, но додавањето на некоја „барокна“ маска не ги подобрува работите и нема друга функција, освен залажување на очите на некој кој не се разбира во тоа, а плус тоа, нервира фактот дека на пет метра од "wanna be" фасадиве има фасади од „барокни“ згради кои се распаѓаат, или пак згради кои се мртви, или пак недоршени
и уште една работа, приметивте ли дека новиве фасади немаат никаква врска со структурата на прозорите и терасите на постоечките фасади, како ли ќе го импровизираат тоа?


Edited by zabegan - 10-Feb-2010 at 00:42
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 10-Feb-2010 at 06:51
Добро признавам не сум некој експерт од областа на технологијата на лиење на скулптурите но ова ме збуни:
---Тој напомена дека споменикот на Александар Македонски ќе биде поставен во втората половина на 2011 година бидејќи, во моментов, се работи на негово зголемување.---
Дали ова "зголемување" е некој чекор во процесот на изработка на скулптурата или едноставно ке порасне (ке биде поголем од зацртаните димензии) ако знае некој нека каже да не наѓаѓам на празно Question.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 10-Feb-2010 at 09:33
Да го скршиме сопственото огледало

Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ

Новокомпонираната поетика на просторот во Скопје е спрега на политички моќници, градежно лоби, самонаречени чувари на идентитетот

Неизбежна појава на нашето време секако дека е кичот, во доцниот капитализам и транзицијата незаменлива, па така друштвото на конзумерство едноставно се дави во кич. Во таквата реалност, архитектурата што е една од убавиците на уметноста и нејзината историја не се исклучок.

Доколку сакаме да се осврнеме на некои синоними за кич низ историјата, тоа секако е еден од правците во уметноста, филозофијата, архитектурата - еклектицизам. Тој настанал со собирање на различни влијанија, аплицирање на несоодветни комбинации несистематично.

Виторио Греготи, архитект и познат теоретичар, дал одлична дефиниција за условите во кои кичот може да живее. „На кичот му е потребна посебна домашна приватна димензија, во која предметите, сами по себе, немаат специфични обележја, живеат во атмосфера на просечни и хировити комбинации“. На тој начин настануваат нови симболи и вредности, спротивни на старото сфаќање на уживањето во уметноста, од кои израснува кич - човек.

А, Скопје се гради и тоа е една деликатна, убава и предизвикувачка задача, барање и воспоставување прифатлива рамнотежа меѓу вредните традиционални траги и современите, нужни и храбри визии. Но, задачата е погрешно зададена и неуспешно се спроведува. Градот трпи неконтролирани затрупувања со агресивен, безизразен, тешко вклоплив кич. Обидот по секоја цена за самонаречена грандиозност и монументалност на архитектурата, а и скулптурата, не е одраз на естетско-филозофска студија. Тука има вткаено дневна политика за локална употреба, неизживеани и злоупотребени национални наметнувања од различни пориви, присвојување на туѓи вредности. Стануваме паланка каде што секој може да го докаже своето лошо воспитување, љубовта кон кичот, ниската страст, насилништвото, немањето чувство за заедништво и јавен интерес и обврски и права, кои од тоа произлегуваат и без кои градот го нема.

Новокомпонираната поетика на просторот е спрега на политички моќници, градежно лоби, самонаречени чувари на идентитетот, историчари што сметаат дека светот почнал да се врти поради нас, инвеститори со пари од сомнително потекло. Кич има премногу, а за тоа, пред се', треба да му се заблагодари на необразованието. Во градежништвото најмногу вложуваат оние што имаат пари или оние што располагаат со народни пари, а се знае денес кој го има тоа, па нужно следува сомнителен квалитет. Се наметнува горчлив вкус дека некој сака да не' доведе во ситуација да си помислиме дека она што се создава е толку значајно, дека присуствуваме на значаен момент во создавањето на историјата на уметноста, што би рекол Душко Радовиќ: „Кој имал среќа утрово да се разбуди во Скопје, може да смета дека за денес доволно постигнал во животот. Секое инсистирање на уште нешто би било нескромно...“.

Уметноста отсекогаш негувала убавина и благородност, а каква е денес убавината на новокомпонираните објекти, на лошите визуализации, на најпопуларните еклектички мотиви - скулптури што се лоши реплики на разни епохи, лавови како од кинески супермаркети, коњи што личат на магариња, архитектонски конкурси со незрели подготовки и препораки за еклектично архитектонско обликување, со сомнителни резултати, со добитници на конкурси на објекти решени со сликички на 3Д-анимации, без да се одговори на функцијата, за потоа некои други архитекти да ги доработуваат проектите, за на крај, објектот да не е оној што бил претставен и избран, со комисии составени од неафирмирани претставници на струката. Архитектурата се најде во вир на провинциска империјална опсесија. Струката, за жал, опасно спие барајќи оправдување во општата летаргија на понижениот.

Се' додека се појавуваат архитекти што си ги реализираат своите ниски страсти и лични интереси или архитекти само со симболична улога и се' додека не се појави градски архитект, афирмиран, реномиран, образован и веќе реализиран, како важен политички и финансиски советник, нема да може да уживаме во благодетот на правилно оформен и дефиниран градски лик. Зборот архитект на светските јазици има само едно, универзално, разбирливо и сериозно значење на широка и слободна филозофско-естетска порака. Архитект е оној што во формирањето на градскиот лик е генерал, а сите други се војници.

Печатот на архитектурата е највидлив, а нејзините симболи се оставнина за препознавање и нејзина идна археологија. Личните интереси, незадржливата потреба да се остави печат по секоја цена, да се наметне и да се создаде идентитет, да се наметне примитивен критериум внесува хаос што се расплинува, останува и нема назад. Архитектурата е прва на удар и е огледало на моќниците и на општествениот момент, нивното чувство за естетика и ниво на образование. Дали потоа ќе треба да уриваме? Зошто би го кршеле сопственото огледало? Кај нас постои социјализација на сите можни загуби, а приватизација на сите видови профити. Ќе дојде ли момент кога изгубениот лик на градот ќе биде проблем на идните генерации?

Веројатно нема поголем страв од оној кога човек ќе почувствува дека ќе биде заборавен. Тој страв од заборав натерал многу моќни луѓе во светот да ангажираат големи уметници, па така Медичи и многу папи ги најмувале, Микеланџело, Леонардо да Винчи и други за да останат запишани во нивните дела и така да го препловат морето на заборавот. Но, тие моќници знаеле да ја препознаат вистинската уметност. Нашите моќници сакаат да бидат Микеланџело и Леонардо, а на комплексираните архитекти (шутови на селскиот двор) им ја препуштаат улогата на папите-извршители. Кичот плови по морето на лажниот идентитет, а современоста и светот ни се смеат и не жалат.

(Авторката е архитект)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=425D7C17FEAC1C448F7E3BDCB242249F

Edited by Dave Gahan - 10-Feb-2010 at 09:34
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 10-Feb-2010 at 09:36
BTW вчера погледав дел од некаква дебата на А1 каде учествуваа Башевски, Мангаровски, Божиновски, Грчев итн...

Немав живци да ја гледам цела бидејќи е едното па исто но ме изненади дека горе доле сите искажаат во најмала рака резерва за триумфалната капија и нејзината оправданост.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 10-Feb-2010 at 10:24
@baze кој знае каква комбинација прават ))

Немам коментар комплетно за целово ова СК 2014 како една целина. Инаку колку што можам да видам темава распали како никогаш до сега

И морам едно да кажам - не дека не сакам да се гради во Скопје, ама дали некој бил скоро во Струга, Дебар, Демир Хисар, Кавадарци, Радовиш, Кратово ?! Да ја види само ситуацијата во тие градови и животните стандарди ?!


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 10-Feb-2010 at 11:48


Темата распали но штета што се се сведе на рововска битка а не на конструктивна размена на аргументи.

Ајде ќе се обидам пак.

Еве неколку одлични примери "како тоа се прави" во Лондон.  Би сакал да ги потенцирам параметрите по кои објектите се коментирани во придружните текстови.

_______________

3 Stunning new green buildings for London

Jul 7, 2009 12:15 pm

 Just having a look at some inspiring new eco-buildings proposed for London - the future's bright!

 

Will Alsop's London River hotel

Progressive arcihitect Will Alsop has a number of cool green buildings around town - including the Palestra building, which I point out on Insider London's green tour. His new proposed hotel will cost £250m, has been awarded a BREEAM “Excellent” rating, partially due to a well designed and insulated façade. It'll also improve pedestrian areas - good news for zero carbon travel!
 

Norman Foster's 5-star Heathrow Hotel

Great to see more urban hotels going green! Norman Foster's new design with feature on-site combined cooling, heating and power, and on-site energy generation thanks to biomass gasification and PV solar panels. Its glass facade is another part of its energy-efficiency strategy, flooding the interior with daylight and disrupting the noise from planes that would otherwise drive guests to distraction.
 
While it's a shame to think it'll be used by people who've just stepped off a plane, it does stand to be an inspirational eco-building.
 

Sheppard Robinson's One Westminster Place

One Westminster Place is in for a treat - in the form of this rainbow-coloured glass cylinder. The glass boosts the building's BREEAM (BRE Environmental Assessment Method) rating to an 'excellent' - the highest possible. The aesthetic should be pretty cool, too: as the sun moves round, the reflections will change and the glass will split the light like a prism - making it constantly change its appearance.




Edited by pbanks - 10-Feb-2010 at 11:52
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 10-Feb-2010 at 11:51
Кога зборуваме за претворање на Скопје во "туристичка атракција" јас гарантирам дека многу повеќе луѓе ќе се заинтересираа доколку низ инвестицијата од 200 милиони ЕУР се направеше едно еколошко, енергетски ефикасно и иновативно јадро на Скопје кое совршено ќе се комплементираше со матрицата веќе започната со планот на Кензо Танге.

Значи не зборувам за "чудовишта од стакло и челик" како некој ги нарече овдека овој тип објекти.
Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 10-Feb-2010 at 12:31
Еве и јас да се подклjуча

Contemporary Art and Architecture Centre in Rome

Zaha Hadid's 26,000 square meter scheme for MAXXI was chosen through an international competition in 1998.
The program offers a flexible, interdisciplinary arena for the exhibition of contemporary art and architecture and for live events.











Hotel & Congress center - Helsingborg, Sweden

Danish schmidt hammer lassen architects have won a competition for a Congress and Hotel Center on the central harbor front of Helsingborg in Sweden, which is a 15-minute ferry trip from Elsinore in Denmark.

The project consists of a 16,900 m2 congress and hotel facility and 17,100 m2 housing on the most attractive area of Helsingborg – the former central ferry dock Ångfärjan in the city center. The new facilities will play an important part in the ongoing development of the promenade running the length of the city waterfront.

The building is characterized by a deformation of the grid into a crystalline expression that has coined the nick name “The Salt Crystals”. The 12-story hotel volume in the south east corner with its light, generic and broken facades will become the new landmark of the city.











и един предлог за Museum of Polish History in Warsaw, со ни една статуjа или споменик во окружието на площадот ...












и за краj една општествена сграда од Хелзинки

Helsinki Seafarers´ Centre












Edited by pavche - 10-Feb-2010 at 12:40
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 10-Feb-2010 at 13:42

Aj uste edna mala shega


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 325>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.891 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.