build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 325>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 10-Feb-2010 at 17:43
Originally posted by pbanks

@pavche

Одлични примери Thumbs%20Up

Скопје ја имало таа среќа да има објекти слични на еве Contemporary Art and Architecture Centre in Rome. За жал одредени луѓе без воопшто да се обидат да се надградат и образуваат на темата истите тие објекти ќе ги отпишат како "комуњарски", "бездушни", "бетонски", "скокалници" итн без око да им трепне. Потоа има лутење зошто "аргументите" не им се прифаќаат или се бришат.

Всушност една од целите на Скопје 2014 е токму да ја скрие визурата кон дел од овие објекти во Скопје.

Едно е одреден тип архитектура да не му се допаѓа на некого, тоа е легитимно право и секој може да го изрази (иако секогаш е пожелно да се образложи зошто, чисто заради квалитет на дискусиите). Друго е некој од ракав да тресе произволни толкувања на историјата на архитектурата и со површни "аргументи" да ги дезинформира читателите на форумов.



Заборави во наведувањето епитети да споменеш и челично-стакларски грдосии, анационални-нетрадиционални и импотентно-материјалички градби Big%20smile.
 
Инаку што се однесува до аргументот дека една од целите на новите градби е да се покрие Комерцијална Банка и МНТ, тука се согласуваме тотално. Јас мислам дека тоа и го кажав прв во еден пост, кој од неразјаснети околности беше цензуриран.
 
И мислам дека така треба и да биде затоа што
 
1. Истите се симбол за една архитектонска и политичка диктатура
2. Наметнати
3. Без историска вредност
4. Градени без општи дискусии (како што има сега),
5. Базирани врз вредности кои не кореспондираат со западните архитектонски вредности, за кои, нели толку пекаме
6. Тоа се градби градени во руски унифициран стил (каде се е исто, нема индивидуалност и една иста градба може да биде и болница и банка и театар и ЦК) 
 
Јас би бил најсреќен ако и се срушат и МНТ и Комерцијална банка и Поштата и на нивно место се изгради ГРАДСКА КУЌА, ЗГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР и НОВО СОБРАНИЕ на РМ, наместо да гледаме скокалница со аеродромска писта, која е патем е во тотален распад, заради нечија квази идеја дека така треба да изгледа просторот.
 
На што личи просторот меѓу КБ, МОБ и НУБ?  На што личи Универзитетот (Правен, Економски, Филозофски итн), дупка до дупка, мегаломанија до небо, лоша градба?
 
Инаку мислам дека Филхармонија е утка и требаше поинаков концепт на изградба, а ако требаше да се гради модернистички, требаше надвор од центарот да се гради.
 
За мене се ова релевантни аргументи и не може да се смета дека само "аргументите" "другата" страна биле релевантни. А и оправдано се лутам зашто некои релевантни постови ми беа избришани.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 10-Feb-2010 at 17:48
Originally posted by lslcrew

Стварно не ми е јасно како вие тоа луѓе замислувате парламентарна демократија референдум и демократско општество. еве стварно мене пбанкс ме изнендуваат констатации вака експлиситно дадени дека народот не знае што е најдоборо за него и мора други да му одлучуваат. Вакви ставови се многу повеќе од рецидив на срат систем. Денеска е многу пообратно. Професионалците објаснуваат и усвојуваат и развиваат концепти и мораат цврсто да ги поткрепат на пазарот на идеи за да можат граќаните да го купат нивниот производ.


не е лсл никаков рецидив. Дали знаеш дека кај еден пријател кој живее во Феникс аризона во еден класичен американски 'suburban sprawl' му е точно наведени боите, материјалите па се до хортикултурата која ја користи за да се вклопи во тој однапред испланиран кварт. Сето тоа пропишано од општината т.е. од одговорните стручни лица во нејзе. Премногу либерте на сфаќаш демократијата понекогаш, тоа не е систем каде секој може да прави што сака, напротив најчесто во високоразвиените земји бројот на правила и закони кои се практикуваат се апсурдни за нас кои живееме во вакви анархистички земји.

Но да не ја комплицирам, такви филозофии и онака се офтипик. Во приницп не зборуваме за толку различна работа, се сложувам професионалците пред се треба да му ја продадат на народот добрата идеја а и да го едуцираат и така овие процеси би имале еден многу поглаток и природен тек.

Само не би се сложил со тебе каде повторно ги ставаш архитектите на тапет како најголеми злокоби. Би требал да забегам во политика ако сакам да се доискажам околу ова така да ќе престанам.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 10-Feb-2010 at 17:59
Originally posted by Anti-NGO

Заборави во наведувањето епитети да споменеш и челично-стакларски грдосии, анационални-нетрадиционални и импотентно-материјалички градби Big%20smile.
 
Инаку што се однесува до аргументот дека една од целите на новите градби е да се покрие Комерцијална Банка и МНТ, тука се согласуваме тотално. Јас мислам дека тоа и го кажав прв во еден пост, кој од неразјаснети околности беше цензуриран.
 
И мислам дека така треба и да биде затоа што
 
1. Истите се симбол за една архитектонска и политичка диктатура
2. Наметнати
3. Без историска вредност
4. Градени без општи дискусии (како што има сега),
5. Базирани врз вредности кои не кореспондираат со западните архитектонски вредности, за кои, нели толку пекаме
6. Тоа се градби градени во руски унифициран стил (каде се е исто, нема индивидуалност и една иста градба може да биде и болница и банка и театар и ЦК) 
 
Јас би бил најсреќен ако и се срушат и МНТ и Комерцијална банка и Поштата и на нивно место се изгради ГРАДСКА КУЌА, ЗГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР и НОВО СОБРАНИЕ на РМ, наместо да гледаме скокалница со аеродромска писта, која е патем е во тотален распад, заради нечија квази идеја дека така треба да изгледа просторот.
 
На што личи просторот меѓу КБ, МОБ и НУБ?  На што личи Универзитетот (Правен, Економски, Филозофски итн), дупка до дупка, мегаломанија до небо, лоша градба?
 
Инаку мислам дека Филхармонија е утка и требаше поинаков концепт на изградба, а ако требаше да се гради модернистички, требаше надвор од центарот да се гради.
 
За мене се ова релевантни аргументи и не може да се смета дека само "аргументите" "другата" страна биле релевантни. А и оправдано се лутам зашто некои релевантни постови ми беа избришани.


Релевантни во смисла дека не се косат со правилникот и секако овој пост нема да се избрише. Нерелевантни се бидејќи.

1. Не е точно, поголемиот дел од нив се избрани на меѓународни конкурси (голем дел се градени од домашни архитекти, дел не се меѓу кои и МНТ) и градени според актуелни архитектонски светски трендови и технологии од тоа време.
2. Не е точно, урбанистичкиот план на Скопје е усвоен на меѓународен конкурс и конципиран од еден голем светски архитект, се знае кој
3. Не е точно, во Скопје има многу интересни бруталистички примери со апсолутна историска вредност и "на цена" во стручни светски кругови
4. Веројатно си во право иако немам релевантни информации за ова. Секако, две зла (од процедурален аспект) не прават едно добро, требаше да ни дојде памет 50 години подоцна.
5. Не е точно. Таквиот тип на архитектура и те како постои и е практикуван на запад, ако сакаш можам веднаш да ти постирам 10на примери.
6. И повторно не е точно, брутализмот нема никаква врска со Русија. Можеш слободно да ги прегледаш следниве линкови за почеток

http://en.wikipedia.org/wiki/Le_Corbusier
http://en.wikipedia.org/wiki/Brutalist_architecture

Анти нго, жалам но аргументите ти се само набиени со идеолошки и политички предрасуди и перцепции а не со суштински познавања на модерната и воопшто на историјата на архитектурата

П.С. И навистина ми е жал што голем дел форумаши се регистрираат на форумот и не се обидуваат да ги прочитаат досегашните дискусии каде голем дел од овие работи се по 100 пати и на широко аргументирани. Постојано се вртиме во круг и започнуваме со муабетот околу материја која би се нашла во серијалот книги Architecture For Dummies.


Edited by pbanks - 10-Feb-2010 at 18:08
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 10-Feb-2010 at 18:00
Па не зборев ја финесите во урбаното планирање за кои и се сложувам дек атреба да ги има. Ама биди сигурен дека во тоа локално комјунити претерале две три дебати налокално нива меќу луќето за да унифицираат моја на огради, а во никој случај не дошол некој од "ИНПУМА" да им каже како треба. Главна финта ми беше во тоа што го кажа во вториот пасус. Да се продаде научниот концепт и воедноп да се едуцира, а не цело време да му се дав до знаење дека нема што да се замара други одлучуваат, да си седат дома пред тв и слично.*

А не ги ставив архитектите на тапет како накјголеми злокоби, ги ставив оние архитекти што знаат како не треба цело време, апритоа не успева па макар да нацртаат еден концепт како они го замислуваат централното подрачје. еве недела дена шетаат исите до еден по интервју весници и кампања како целиотв проект на владава нечини. Затоа и ја дадов паралелалата со супермаркетив, народов мора да јаде нешто (во архитектонска смислам), па некаде мора да се купи, а сега имаме само една понуди. Токму овие архитекти остваат бришан простор, па и пирамида да е ќе пројде.

*Да ти дадам еден пример од моја струка, телекомуникации. Пред неколку децении на пазарот се спротивстваувале два концепти Internet и ATM. Како што знаелте победил интернетот. Не затоа што бил подобар, него затоа што бил подоборо продаден и покрај тоа што АТМ имал далеку подобри карактеристики од интернет, во тоа време и сега овеќето инженери се согласни околу тоа. Денеска сеуште се вадат финти од АТМ кои се издадени пред неколку децении и се имплементираат врз интернетот да се добие подобри перформанси.


Edited by lslcrew - 10-Feb-2010 at 18:04
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 10-Feb-2010 at 18:02
Originally posted by lslcrew

Па не зборев ја финесите во урбаното планирање за кои и се сложувам дек атреба да ги има. Ама биди сигурен дека во тоа локално комјунити претерале две три дебати налокално нива меќу луќето за да унифицираат моја на огради, а во никој случај не дошол некој од "ИНПУМА" да им каже како треба. Главна финта ми беше во тоа што го кажа во вториот пасус. Да се продаде научниот концепт и воедноп да се едуцира, а не цело време да му се дав до знаење дека нема што да се замара други одлучуваат, да си седат дома пред тв и слично.*


Се сложувам
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 10-Feb-2010 at 19:08
 

@pbanks

За точките...
 
1. Испитував доста по интернет, ама не успеав да видам кој е архитект на МНТ (МОБ). Само дека е во планот на Кензо Танге, како и Филхармонијата. Така што стварно не знам дали е странец или наш архитект. Точно е тоа дека се има меѓународни конкурси, но точно е дека и имало комисија, која давала ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ и која одбирала решение со нивните идеолошки баласти, т.н "интернационализам", а не национална архитектура, под будното око na ЦК и Белград 
 
2. Мене неговиот план не ми делува воопшто јапонски  ексцентричен и модерен, туку би рекол дека е на некој медиокритетски социјалистички архитект (прифаќам критика дека си давам слобода да (пот)оценувам таков врвен архитект), граден во духот на југословенскиот конформизам и со безброј предуслови и мешање на политиката
 
3. Се трудам, од тоа што кажа, но сепак не можам да сфатам каква е базата и традицијата врз која се изградени овие објекти. Тотално бришење на се претходно и скокање на чекори
 
4. За квалитетот на планот на Кензо, не можеме да судиме зашто никогаш не го видовме имплементиран во целост. А за тоа е крив оној што го прифатил, без да има формирано финансиска конструкција, базиран на нереални и мегаломански амбициии, заедно со традиционалната неодговорност и цинизам кон своето
 
5. За брутализмот се согласувам дека е практикуван и на Запад, но сепак во источниот блок истиот стил доживеа екстаза. Видете ја романска болница и се е кажано.
 
6. Ги видов линковите за брутализам, и ништо посебно не гледам. Од моја лаичка перспектива, доволно е да се види разликата меѓу Санкт Петесбург и Москва, за да се види имплемнтацијата и апликацијата на брутализмот во Русија.
 
Дискусиите не ми се идеолошки, туку само така ја перцепирам реалноста. Јас исто можам да кажам дека одењето на протест е исто така идеолоизирање и политизација.

И да не влегуваме пак во квази елитистички филмови. И дисквалификации со тоа што не сум архитект. Ако е така, јас не сакам да ти кажам дека за изградбата на некој објект најмалку е важен архитектот (дизајнерот), туку градежниот инженер и одговорните за изведбените занаетчиски и инфраструктурни работи, во принцип. А и што мислат тие профили за архитектите, заедно со вицовите. Па сега види како делува тоа.

 
 

@ lslcrew

Алал нека ти е за примерот со АТМ и Етернет (не Интернет).  Со оглед дека и јас сум ТК (може и се знаеме), малку ќе дообјаснам како политиката делува на струката. Скапата и модерна АТМ е понова технологија, замислена за јадрената мрежа на Интернет, со гарантирани сервиси, и е нарачана од Американци од ИЕТФ и ИАБ, оптимизирана за долги растојанија. Доживеа масовна имплементација само во Америка и никаде друго. Постарата Етернет технологија е денес скоро унифицирана како стандард и за локални и за јадрени мрежи (секаде па и во САД), и е пример како новото не значи подобро. Денес (90%) Интернетот е базиран на Етернет. 

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 10-Feb-2010 at 19:20
МНТ (МОБ)е на словенски архитект.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 10-Feb-2010 at 19:27


Бидејќи толку се фасцинира од примерот на lsl и ни докажа дека новото не значи подобро (барем во ИТ), кажи како во архитектурата новите еколошки и енергетски ефикасни згради се полоши од старите-нови класични бетонски барокни (како музејот на македонската борба). Имај во предвид дека внатре треба да чуваат восочни фигури за кои мора да се одржува една определена температура, и кажи ми колку пари ќе потрошат само за одржување на температурата, а колку пари ќе заштеделе ако направеле енергетски ефикасна зграда.

Како тука старото е подобро од новото, и те молам немој да напаѓаш, сакам издржан одговор.

P.S. Аргумент од типот „парите не се важни бидејќи станува збор за национална гордост и печат на македонизмот“ навистина немаат никаква издржаност и никаква сериозност, затоа те молам избегни такви одговори (ако воопшто имаш што да ми одговориш).

Edited by гитардемон - 10-Feb-2010 at 19:30
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 10-Feb-2010 at 19:39
ОК Анти НГО мислам дека ваков тип на дискусија е веќе на добар курс

1. МНТ е во словенечка продукција, во моментов не ми текнува на името на архитектот  се надевам дека некој од присутните архитекти во дискусијава ќе ускокнат. Ќе повторам. Идеолошкиот баласт во случајов нема врска со изборот на архитектурата, тоа што е избрано во ТОА ВРЕМЕ било светска авангарда.

2. Едноставно погрешно незнам што друго да кажам. Има цела приказна како и зошто е конципиран центарот на Скопје, од градски ѕид (не џабе така се вика) па се до нереализираната градска порта до денивелираната железничка станица која е и инженерско ремек дело (за наши услови). И ништо од тоа не е врзано со политика. Се надевам дека повторно некој ќе ускокне со објаснување тука, ако не ќе гледам да напишам нешто за викендот кога ќе бидам послободен.

3. Тука повторно би те пренасочил на мојот цитат од Архитечтоне (и скиците на Чипан) од пред некој ден. Да се негува традиција не значи да правиме буквално копирње на претходно дефинираните форми и изрази туку нивно дискретно вметнување во нови иновативни решенија. Барем спрема мене, тоа е апсолутно постигнато во дел од клучните објекти во Скопје со што на најдобар начин ја продолжуваме и надградуваме нашата градителска традиција. Со Скопје 2014 ниту се надградуваме, ниту ја почитуваме нашата традиција.

4. Не би се сложил дека било што во тој план е мегаломанско, но се сложувам со констатацијата дека некој нешто почнал а подоцна го извитоперил и оставил некомплетирано. Сепак. Оваа констатација не е поврзана со на моменти патолошката омраза (зборувам општо не за тебе) што понекогаш се демонстрира кон реализираните делови на овој план како и нивно непотребно стигматизирање со разни идеолошки атрибути.

5. Не само што е практикуван туку и е измислен на запад. "Панелките" по кои е познат источниот блок (и кои во тоа време држат вода) немаат врска со објекти како архивот, поштата или универзитетот во Скопје.

6. Клучна фраза "лична лаичка перспектива". Како интелектуалец те охрабрувам да им дадеш повеќе простор на фактите а не само на интерпретациите. Како што веќе реков, немора сите да сакаме модерна архитектура или брутализам или незнам што... Но да не извитоперуваме факти.

За крај.  Ниту јас сум архитект и не се сметам за некој експерт така да нема простор за некаков "квази елитизам" што и да треба да биде тоа. Не треба да се буткаме на рака со суетите на форумов, мислам дека е далеку попродуктивно да ги разменуваме знаењата и пред се фактите, да ги избегнуваме стандардните стереотипни и површни видувања кои се раширени меѓу народот како "универзална вистина" и патем сите да научиме по нешто еден од друг. На форум на кој зборуваме за многу специфична тема а кој е отворен сите, нормално е некои да се супериорни со знаење спрема другите и тоа секако не значи дека се "квази елитисти" и нема потреба никој да се лути.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 10-Feb-2010 at 19:48
Originally posted by Max

бидејќи за ова немаме ни пари, ни изведувачи, ни проектанти! не е се така плукни залепи како што изгледа, може за некоја импровизација од модернизам пример како магос сме способни но за вакви ремек дела малку утре, нешто покасно! затоа и оправдана е од овој аспект патиниранава предожба дополнително, бидејќи реално за тоа и во моментов имаме само капацитет!



Добро бе, што зборуваш????
А за профилирани столбови каде ни се мајсторите? Свесен ли си од што тоа е се прави фасада на барокна зграда? Во Скопје нема да најдеш два метра квадратни плочки у веце право да ти ги наредат, а не некој да клеса акантусови листови и орфеи....
Свесен ли си во кој конструктивен систем се градени париските и виенските објекти што си ги замишљате дека ќе ги гледате...кој гради веќе по таков принцип, ни да сакаш да ги донесеш фирмите од негде нема да ти дојдат - такви нема...

За 200 000 000 евра, јас, не Вангелштајн туку ќе ги донесев Заха, Норман и компанија и Аруп ќе изведеше 3 објекти што ќе го дигнеа Скопје во облаци и ќе беше предизвик за секој врвен архитект да се нареди до нив...ги имавме сите предуслови да бидеме современ град, ама им се испосравме...

Сите вие што го браните ова лудило, некој да ми објасни како си замишљате дека со ова ќе си го мериме со европјаните, ние големите со БДП 5000 усд по човек со земји како Британија и Франција што го крадат цел свет илјадници години па и ден денешен или Холандија, Шпанија и Португалија што ја и ден денес неформално држат милијарди народ во колонии и што влечат тешки злата со векови од нив...сите што во реален простор и време ги виделе градовите на кои се огледувате и објектите што ги сакате се свесни дека не е ова импровизација барок, туку карикатура од барок...




MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 10-Feb-2010 at 19:50

@gitar

Конкретно оваа забелешка за музејот држи вода, и се согласувам дека така би било подобро. Но сепак тоа е изолиран случај во целиот проект, а ние зборуваме за архитектонски концепти на целиот проект, и критиките се генерално за стилот и слично.
 
Јас сум сигурен дека допрва ќе излегуваат недостаци и на другите објекти, од техничко- изведбен аспект и тоа е нормално.
 
Еве и пофалба до тебе, дека може да разгледуваме, споредуваме и прифаќаме аргументи кога се издржани.
 
Иначе, после АТМ и Ethernet, можам да кажам и други примери од IT. Windows Vista и Windows 7 се понестабилни, непотребно гломазни и системски инфериорни во однос на Windows XP, а заедно сите тие се тотално инфериорни во однос на Linux дистрибуциите (кои BTW се со отворен код и бесплатни), кој да потсетам е базиран на Unix системот од крајот на 70-сетите и 80-сетитте.  И секој што барем малку се разбира од машини, ќе ви го каже тоа. Дури не ви треба ни антивирус и сл, зашто едноставно системот има природна одбрана од вируси и успорување, a User-Frendly аспектот е компарабилен со Windows-ите.
 
Дали треба да се потсетува дека Микрософт намерно прави лоши и гломазни нови ОП системи, за, заедно со моќната позиција и ПР, да ги убеди луѓето (лаиците) дека им треба нова машина (комп) и да си тече бизнисот as usual. 
 
Па прашајте се колку од Вас користат или воопшто слушнале за Линукс и за оние што слушнале колку е целиот проект обвиен со негативна кампања од mainstream медиумите.
 
Друг сличен пример е i-Pad (деновиве актуелен), наменет за т.н fashionistas (компјутерски необразовани луѓе опиени од "модерното") во споредба со некои други производи, ама ај да не излезе како реклама.
 
Овие се добри аналогии иако малку излегов од темата.   
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 10-Feb-2010 at 20:29
Како човек кој употребува интернет, а не гулаби писмоносци, би очекувал да сфаќаш зошто напредокот во секоја сфера на општеството е важен, па макар и изгледал лош во дадениот момент. Тргни од информатичката технологија (знаеш и сам зошто мора да се развива), па преку економијата (една од основните цели на општеството е стабилниот ритам на раст на економијата, значи раст, значи развој), заврши со религијата (значи не може жртвите кои се принесувале пред 2000 години да се принесуваат и денес).

Да не го тупам, сам кажа за Ајфеловата кула дека никој не ја прифаќал во тоа време, бидејќи едноставно им изгледала премногу напредна за нивното време, па сега ти види дали ти не си модерна верзија на тогашните противници.

Бидејќи по последните неколку постови увидов дека сепак си разумен (ако не се лажам), а дека првите неколку постови ги објави со веројатно вжештена глава од толку време читање без да реплицираш, би сакал да те прашам со смирен тон каква корист ќе имаме од враќањето кон старото. Ем во архитектурата, ем во историјата, враќањето кон старото во последниве години единствено носи раздор меѓу народот (како што многу добро забележувате на форумов, а тек да одите во некоја кафеана да слушните што кажуваат другите).

Јас најмногу се противам бидејќи баш како што кажа Dave Gahan погоре, некакви си оправдувања дека сме немале пари за енергетски ефикасни згради, и чуда од технологијата, а сме имале пари за резби и сите тие работи кои ги наброја, се апсурдни. Јас се сметам за многу либерален и поборник на либералната демократија (ама не како партиска боја, бидејќи кај нас сите партии имаат идеологија на лапање пари), па затоа се прашувам како не ви смета сето она што ви го прават властите.

Дали тебе не те навредува цела постапка при носењето на оваа одлука. А прати веста на А1, споменикот поради грешка во Фиренца немало да биде на Александар, туку на Филип! Значи ја подзгрешиле малку фацата, и дека многу личат сега испаднал Филип! Генетика, јебига! (еве ја веста!) Настрана другите ебанции кои ни ги направија. Што се однесува до архитектурата, како не излезе еден надлежен да ни каже зошто се одлучиле за ова. Зошто ми го пуштаат Чаповски и другите идиоти да ми кажуваат нешто што е работа на надлежните да ми кажат?

P.S. Користам линукс од 2003-та, а знам за линукс од 2001-ва и ако се прашуваш кој го преведе КДЕ на македонски ѕирни за Лугола на интернет. Инаку, во последната година и пол користам Mac и можам да кажам дека сум многу задоволен и дека не е само шминка за очи. Пак, прашање на вкус. А корисноста на iPad допрва ќе ја видиш. Верувај ми голема е.


Edited by гитардемон - 10-Feb-2010 at 20:33
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 10-Feb-2010 at 20:52
Originally posted by гитардемон


Бидејќи по последните неколку постови увидов дека сепак си разумен (ако не се лажам), а дека првите неколку постови ги објави со веројатно вжештена глава од толку време читање без да реплицираш, би сакал да те прашам со смирен тон каква корист ќе имаме од враќањето кон старото.


Grouphug

гитар ти понекогаш кога ќе фатиш на волеј не им дозволуваш на луѓето да бидат разумни
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 10-Feb-2010 at 22:37
имам неколку прашања на оваа тема, зошто? со која цел? од која корист?
разубавување на Скопје е релативна работа, секој си има различен филм за убавина, па така да, бирајте друг одговор!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 10-Feb-2010 at 23:16
 
Originally posted by Dave Gahan

Originally posted by Max

бидејќи за ова немаме ни пари, ни изведувачи, ни проектанти! не е се така плукни залепи како што изгледа, може за некоја импровизација од модернизам пример како магос сме способни но за вакви ремек дела малку утре, нешто покасно! затоа и оправдана е од овој аспект патиниранава предожба дополнително, бидејќи реално за тоа и во моментов имаме само капацитет!
Добро бе, што зборуваш????
А за профилирани столбови каде ни се мајсторите? Свесен ли си од што тоа е се прави фасада на барокна зграда? Во Скопје нема да најдеш два метра квадратни плочки у веце право да ти ги наредат, а не некој да клеса акантусови листови и орфеи....
Свесен ли си во кој конструктивен систем се градени париските и виенските објекти што си ги замишљате дека ќе ги гледате...кој гради веќе по таков принцип, ни да сакаш да ги донесеш фирмите од негде нема да ти дојдат - такви нема...
За 200 000 000 евра, јас, не Вангелштајн туку ќе ги донесев Заха, Норман и компанија и Аруп ќе изведеше 3 објекти што ќе го дигнеа Скопје во облаци и ќе беше предизвик за секој врвен архитект да се нареди до нив...ги имавме сите предуслови да бидеме современ град, ама им се испосравме...

Сите вие што го браните ова лудило, некој да ми објасни како си замишљате дека со ова ќе си го мериме со европјаните, ние големите со БДП 5000 усд по човек со земји како Британија и Франција што го крадат цел свет илјадници години па и ден денешен или Холандија, Шпанија и Португалија што ја и ден денес неформално држат милијарди народ во колонии и што влечат тешки злата со векови од нив...сите што во реален простор и време ги виделе градовите на кои се огледувате и објектите што ги сакате се свесни дека не е ова импровизација барок, туку карикатура од барок...

прво незнам кој се замишља но очигледно е некој размислува ограничено! ова се прави прво за нас а сетне во истата естетика нека ужива и кој сака... егзибицијата која денешвнава власт сака да ја истера, е повеќе од јасна, и дома чисто и нешто од нешто за туризам светнато, да тоа воопшто нема да биде оригинално, но за град кој претрпел милион катастрофи низ вековите оваа е уште една цреша која порано или подоцна раседите ќе ја изедат! незнам како поинаку да ти одговорам на твојот и на сеопштиот опозиционен нихилизам! па имате бре цел град, ако се мандраци изградете бре се, нема потреба од параноја, демек само овој плоштад и центар постоел и само тоа ќе биде скопје, не скопје добрва ќе се шири, а и сега има бришан простор во недоглед за футуризам!

патем парите тука ќе се свртат и ова е класична макроекономска политика, да се наоѓа домашен пазар домашните фирми да не испоцркаат во економскава криза, а со тоа и БДП-то да се одржува во живот, ова е пракса во сите земји, но само лаик може да каже дека парите се фрлени во ветер! нејсе, незнам од каде Вангел стана идејниот творец, не Вангел е Македонист, а проектов е партиска идеја, камо нему да му довераја да разработи ваква идеја, и јасно притоа да има и одврзани раце! ова е идеја на власта која ја спровеле професори од архитектонски, проектите се такви какви се и нарачките и тоа е тоа! јас ви гарантирам дека Вангел е илјада пати по инвентивен него што воопшто народ и може да замисли, но исто како и со секој несреќник кога ќе завршиш во простор и време каде освен импровизации за друго ништо нема средства, јасно е дека неговите експерименти нема да излезат како ремек дела, што беше случај со спомен домот на мајка тереза! просто смелоста за експериментирање е нешто уникатно но мана или зицер му е единствено несвесноста за тоа дека за такво нешто нашиве неимари немаат капацитет (ѕидање на камен)!  единствено што може да му се забележи на Вангел е преголемата верба во неимарите, и што прифатил да излезе со коавторско дело, што од една страна половично го амнестира за нецелосно изведениот и вклопениот спомен дом на мајка тереза, но од друга страна на себе непотребно си навлече омаловажување и етикетирање!

а за профилите без гајле, ваквата шема денес е стандард, а посекако и нашиве за тоа да немаат абер, бидејќи ангажираа австриец како ревидент, дефинитивно ќе им го посочи идеалното решение! сега имаш профилирана XPS изолација, па така тебе ти треба само карабина а се друго е лепенка, ајде шминка, затоа и не е далеку од памет брзо се да се изведе, во спротивно да тераа со гранит или профилиран бетон и детали за истиот дефинитивно ќе ја заглавеја на подолго! сепак сега има цнц машини па што сакаш за час од рељеф можеш да извајаш, xps-от од ерголанд пример, а профилирањето во микросм исто во прилеп, и ете ти и екстра камен сочуван на домашниот пазар! сепак опција е и класично и барокно профилираните изолациони плочи на  СТО од германија http://www.sto.com/evo/web/sto/4451_EN

http://www.sto.co.uk/evo/web/sto/27162_EN-Facade-StoDeco-Brochure.htm 

http://www.sto.at/evo/web/sto/53941_DE-StoDeco_Architekturelemente-Architekturelemente.htm?typId=20 - http://www.sto.at/evo/web/sto/53941_DE-StoDeco_Architekturelemente-Architekturelemente.htm?typId=12 - http://www.sto.at/evo/web/sto/53941_DE-StoDeco_Architekturelemente-Architekturelemente.htm?typId=13



Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 11-Feb-2010 at 00:18
Originally posted by zabegan

имам неколку прашања на оваа тема, зошто? со која цел? од која корист?
разубавување на Скопје е релативна работа, секој си има различен филм за убавина, па така да, бирајте друг одговор!


Точно, од архитектонска гледна точка може да биде многу релативно, но во прашање се други клучни прашања.
1. Зошто се градат старо-нови објекти во време кое реално е несоодветно и/или не знаеме за друг пример од ваков калибар.
2. Дали плановите за развој на Скопје престанаа односно драстично се променија поради политички интереси и пред се владини.
3. Дали оваа архитектура ќе соодветствува на моменталната и како ќе се прикаже е тема на дискусија.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 11-Feb-2010 at 00:27

Браво за постираните фотки (и описи) од тоа како (и што и зошто така) се гради на запад (впрочем не само таму, но секаде наоколу освен тука). На друга нишка, кога го видов спорт/шопинг центарот што се гради во Љубљана, ми дојде во земја да пропаднам.  

Ах, колку добро ќе се вклопеше со МОБ еден ваков сличен објект: 

ама тоа е. 

И сеуште се поставуваат прашања, зошто, која е функционалноста, практичноста во „барокниов“ изглед... нема, се е обид за лечење на искомплексираност. Само што ли ќе прават кога ќе сфатат дека со филмсково студио не го решиле комплексот, туку само го продлабочиле.  Затоа што пак ќе си останеме 300 години позади останатиот свет. 

Единствена друга причина можеби е баш тоа што некој напиша дека нашите мајстори не се кадарни да се справат со новите технологии и стилови.  Само плукни-залепи. Баш ко на ова STO-брошурчево. 

А пиво, може, мада кога-тогаш ќе треба да се отрезниме...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 11-Feb-2010 at 01:05

фич ти ова озбилно се сомневаш во нашите неимари не бре имаме ние вични неимари, ама проблем е кога сакаме нив да ги натовариме со никаков буџет! а капак и западљачки рокои, сетне нормално дека ќе редат недоносени муабети!

а за функционалноста мислам веќе поентирано е повеќе пати, наједноставен, најлесен и најефтин пристап за расфрлање естетика во простор, што и друго да тераше јасно а да не е минимализам, дефинитивно ќе ја заглавевме на сите нивоа! што ќе ти биде помило среден стрип, или искилавени скици, каков таков во случајов народ ќе си чита и како лектира, а и во колекција ќе си го чува! добро ќе биде муабето да продолжи и под кале... 

а за модернизам, без гајле и нему ќе му дојде скоро денот, па гледаш саде облакодери има во десет дуп-а во скопје, само прашање е кога за истите ќе се најде и инвеститор! абе тоа какви локации испустија како тие на бул.Свети Климент Охридски, а не па друго, кај нас просто за модернизам не сме дораснати ни економски ни технички! 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 11-Feb-2010 at 01:07
Анти НГО ја го употребив примерот да покажам дека не се интелектуалците тие што зад затворени врати можат да одлучат што е добро за "по дифлт, глупиот народ". Сакав да покажам дека како тоа ќе се презентира така и ќе биде прифатено и примерот ми беше во контекст на тоа што концептот 2014 е супер испромовиран со добар клип со добра акција и добро е прифатен.
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 11-Feb-2010 at 03:40

@gitar

Знаеш како, и јас и ти доволно ги презентиравме своите гледишта, па нема смисла да сме досадни. Само за 2 работи ќе ти кажам нешто.
 
Тоа за Филип дека ќе бил, а не Александар земи го во контекст на играта и манипулациите на една НВО и една телевизија кои цело време водат негативна кампања кон проектот и тоа не е сериозно.
 
Јас ти дадов примери (а и lslcrew) каде природната желба за напредок на луѓето е злоупотребена за себични цели на една  мултинационална корпорација. Така што во многу случаи, треба да бидеме многу внимателни за тоа што е "напредок", зашто во многу случаи нам сосила ни се сервира (ТВ, весници) да мислиме што е напредно, а што не, а ние и воопшто не сме свесни за тоа.
 
Како илустрација на тоа колку зборовите "напредок", "прогрес", "либерализам" можат да бидат корумпирани и злоупотребени, само еден цитат од Протокол 3 од Протоколите на Сионските Мудреци (да не објаснувам, веројатно сите знаете за што се работи)
 
"We have demonstrated that progress will bring all the goyim to the sovereignty of reason. Our despotism will be precisely that; for it will know how by wise severities to pacificate all unrest, to cauterise liberalism out of all institutions."
 
Копи-пасте во Гугл, ќе го најдете оригиналот и изворот.
 
Па сега кажи дали е напредно да нема или да има црква на плоштад.
 
 
@lslcrew
 
ОК, те сфаќам. Добро, истиот пример може да се користи и за мојата поента.


Edited by Anti-NGO - 11-Feb-2010 at 03:52
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 325>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.937 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.