build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 283284285286287 323>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [54.26%]
82 [43.62%]
4 [2.13%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5681 Posted: 22-Nov-2015 at 17:37

до кога бе со муабетов? до кога?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5682 Posted: 22-Nov-2015 at 18:34
Originally posted by zabegan

не има на слика во позадина на некој рандом германски медиум?...

Zabegan pak ti so tie tvojte od nogavica vadeni komentari. Toa sto ti go narekuvas "random" e ARD ili prv nacionalen Kanal vo Germanija. Institucija so preku 10 milijardi budzet. A emisijata e edna od najgledanite politicki emisiji vo Germanija. Znaci ne e random tuku e Bayern München vo odnos na televiziite i kvalitetot na emisijata i gostite.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #5683 Posted: 22-Nov-2015 at 18:41
@Zabegan

Додека некој не биде баниран, трајно.

Еве мене повеќе ме нервираат државните објекти од пред СК2014 отколку СК2014.

Ама СК2014 е како печалбарите сељаци кога ќе се вратат, и мора од комшијата да биде поразлично и боље, и ако вој има гипсана фигура на лав на порта, другиов става мечка. А што е најтрагично, сега на такви куќи стојат табли СЕ ПРОДАВА. Ова е особено присутен случај во Србија.

СК2014 е како полско ВЦ да си ставиш до влезна врата, за да ти биде блиску, а после го фасадираш со стиропор и гипс картон и го фарбаш дреч да ти биде поинтересно кога ќе се сликаш за да ставиш слика на ФБ.

Со тие пари не можело да се напрви подобро? ХА
Другар, све е пишувано од дупло па нагоре. Ситните работи како паркет, фарбање, мермер се пошувани по 10 пати поголема цена. Другар работеше на паркетот у МНР, кумановска фирма, сега градат зградетина во Куманово, 12 пати го пишале поскапо Да не збориме за неквалитетни проекти, неквалитетна изведба. Фушерај на добар дел на објектите.

Edited by Bojan10 - 22-Nov-2015 at 18:42
Од чаламот си патиме!
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #5684 Posted: 23-Nov-2015 at 17:57
Квалитетот на зградата на МНР е од најниско ниво, во секој поглед.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5685 Posted: 23-Nov-2015 at 18:33
Проектот е дефинитивно позитивен со исклучоци на некои делови од него, некој го сакаат други го мразат, но на крај на сите им се допаѓа повеќе Скопје денеска одколку пред почеток на ск2014.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5686 Posted: 24-Nov-2015 at 03:00
Намерно го објавувам видео клипов во оваа тема и иако не сум суеверен, му посакувам да му се исушат рацете на администраторот/модераторот кој ќе го избрише овој пост или ќе го префрли во друга тема, нека ми прости Бог !!!
 
Имаме пари за фасади од гипс картон, споменици, панорамско тркало, сплавови, огради и бројни други тотално непотребни глупости, а обичните смртници на кои очајнички им е потребна помош слободно нека си испоцркаат.
 
Знам дека веста не е тазе нова, но документарната програма и видео записот се од вчера, понеделник, 23 ноември 2015.
 
Edited by Dexter26 - 24-Nov-2015 at 03:23
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5687 Posted: 24-Nov-2015 at 22:45
Originally posted by kultuzin

Originally posted by zabegan

не има на слика во позадина на некој рандом германски медиум?...

Zabegan pak ti so tie tvojte od nogavica vadeni komentari. Toa sto ti go narekuvas "random" e ARD ili prv nacionalen Kanal vo Germanija. Institucija so preku 10 milijardi budzet. A emisijata e edna od najgledanite politicki emisiji vo Germanija. Znaci ne e random tuku e Bayern München vo odnos na televiziite i kvalitetot na emisijata i gostite.
ама каква врска има сето тоа со Ск2014 како проект?
збориме за стручни медиуми насочени конкретно кон архитектурата и урбанизмот кои се игнорираат и се плукаат дека биле антимакедонски, наспроти полички медиум во Германија со кој немаме никаква допирна точка и во конкретниов случај ги коментира настаните во Париз и во позадина оди слика од нашиов драгоцен објект, само затоа што оддаде почит на настанот, а тоа што никој не може да препознае каде е, тоа е веќе друго нели?
како ова ги оправдува трошоците, начинот на донесување на урбанистичките планови кај нас, па се до самиот избор на стилови и така натаму?

затоа и би те прашал... каков напредок и решение на нашите проблеми е тоа што во позадината на некое студио оди сликата на објектов?
... или ајде индиректно да си признаеме дека сето тоа се детски филмови „мамо мамо ме има на телевизија“ и немаат везе со ништо во реалноста

од тој аспект не ми е гајле од кој калибар е самиот медиум, битна е содржината... и битно е тоа што треба да го диксуитраме за Ск2014 како наводен проект... доста веќе толку несериозно и наивно пишувате за проблеми и настани кај нас што се конкретни и каде што точно увидено е каде има проблеми, а тоа се игнорира и не се дискутира никогаш, уште од прва страна на темава

нивото се сведе на тоа ај да си кажеме кој објект ни е убав и каде све ги има неговите слики, како заебанција да ви е сето ова

Edited by zabegan - 24-Nov-2015 at 22:50
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5688 Posted: 24-Nov-2015 at 22:56
Originally posted by King

Проектот е дефинитивно позитивен со исклучоци на некои делови од него, некој го сакаат други го мразат, но на крај на сите им се допаѓа повеќе Скопје денеска одколку пред почеток на ск2014.
и за крај, ги имаме ваквите канцери од коментари кои се прекопираат на форумов на секои два дена ваму или онаму
тоа што некој конкретно ќе ги увиди техничките и естетските проблеми кај некој објект, тоа не е битно, тоа што за урбанистички план како институција милион пати е објаснетко како функционира и како тоа се гази и се закопува се повеќе кај нас, тоа не е битно
кога некој ќе ги прокоментира тие работи, тоагаш се ќути, како попче, се чека да се заборави горниот коментар и посвторно се постира еднореченичен канцероген коментар...

и после тука избива расправија кога ќе се искоментира таквото понашање, и тогаш ти си незаснован плукач кој е дојден тука да се изживува врз кутрите душички кои само сакале да кажат колку им е убав или ружен некој објект... ама најбитн оод се, исцрпната реплика која си ја пишал за недокваканоста на одреден проект, исто ко да не си ја пишал
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5689 Posted: 25-Nov-2015 at 08:06

Искрено ништо не те разбрав, освен неколкуте медицински термини, веројатно сакаш да кажеш дека тебе лично ти беше поубаво Скопје пред ск2014.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #5690 Posted: 25-Nov-2015 at 18:14
Ни тогаш ни сега. Ама тогаш, имаше потенцијал. Сега ни тоа го нема.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5691 Posted: 26-Nov-2015 at 04:47
Originally posted by King

Originally posted by zabegan

Originally posted by King

Проектот е дефинитивно позитивен со исклучоци на некои делови од него, некој го сакаат други го мразат, но на крај на сите им се допаѓа повеќе Скопје денеска одколку пред почеток на ск2014.
и за крај, ги имаме ваквите канцери од коментари кои се прекопираат на форумов на секои два дена ваму или онаму
тоа што некој конкретно ќе ги увиди техничките и естетските проблеми кај некој објект, тоа не е битно, тоа што за урбанистички план како институција милион пати е објаснетко како функционира и како тоа се гази и се закопува се повеќе кај нас, тоа не е битно
кога некој ќе ги прокоментира тие работи, тоагаш се ќути, како попче, се чека да се заборави горниот коментар и посвторно се постира еднореченичен канцероген коментар...

и после тука избива расправија кога ќе се искоментира таквото понашање, и тогаш ти си незаснован плукач кој е дојден тука да се изживува врз кутрите душички кои само сакале да кажат колку им е убав или ружен некој објект... ама најбитн оод се, исцрпната реплика која си ја пишал за недокваканоста на одреден проект, исто ко да не си ја пишал

Искрено ништо не те разбрав, освен неколкуте медицински термини, веројатно сакаш да кажеш дека тебе лично ти беше поубаво Скопје пред ск2014.
не брат, укажувам дека воопшто не се работи за убавина тука... и ти ми возвраќаш со коментар за кој всушност се жалам во постот... иронии до бескрај (најверојатно е чисто ради забава и инает, ама еве и јас сум инает да го надвладеам тоа со било каква дискусија)...

инаку, мене Скопје секогаш ќе ми биде убаво, со или без Ск2014, затоа што јас го сакам со цела душа, за разлика од други луѓе чии фрустрации доведоа до тоа најважно нешто во комплетниот развојот на градов да биде изгледот на фронтална фасада на некој објект (па дури и тоа неуспешно се изведува) и тоа пред очите на минувачи во прометни зони, и покрај тоа што објект таму не бил изводлив...

а еве ти кажи ми: кој проблем на Скопје реално е решен на генерално ниво, или во моментов се реализира постапка на некаква стратегија за било што?
и конкретно да ти наведувам кои се точно тие проблеми, има да направиме огромна листа, ако сакаш, ок, ако не, потруди се барем да го прочиташ форумов од глава до пети и сите дискусии кои не се поврзани со Ск2014... и тоа само за Скопје, на локално ниво... а да не збориме колку имаме да редиме на ниво на државава, со оглед на тоа дека имаме право на тоа, бидејќи главен иницијатор, инвеститор и двигател на работите, е владата на земјава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5692 Posted: 26-Nov-2015 at 07:30
Во право си, има многу работи што треба да се направат во Скопје и Македонија, и таквата листа ке биде многу долга. Но уште подолга е листата за тоа што се се направи во Скопје и Македонија, една од работите на оваа втора листа е ск2014. Овде се дилемите дали требало да се прави овој проект или не, според сите релевантни анкети мнозинството на Македонци го подржуваат проектот, и покрај само предни фасади, барок, споменици... вкупниот впечаток е позитивен кај луѓето во Македонија, тоа е факт што ти и посебно некои други овде неможат или не сакаат да го сфатат.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5693 Posted: 26-Nov-2015 at 16:03
Скопје 2014 под лупа

База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.

http://skopje2014.prizma.birn.eu.com/
За сè има вторпат
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #5694 Posted: 26-Nov-2015 at 17:08
Интересен графикон.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5695 Posted: 26-Nov-2015 at 19:43
Originally posted by Џоле

Скопје 2014 под лупа

База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.

http://skopje2014.prizma.birn.eu.com/

Ништо ново, можеме на овие бројки да се потсетуваме секојдневно, за некого бројкиве се фрапантни, за повекето се нормални, исто како што за некого е фрапантно да се потрошат 700 милиони евра за автопатишта, за други не е. Се е работа на проценка и лично чувство за што треба да се трошат парите, очигледно е и факт е дека повеќето луѓе се согласуваат со вака потрошените пари за ск2014.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5696 Posted: 26-Nov-2015 at 19:51
Нешто што прв пат го приметувам, покрај сите лупинзи, паѓања во несвест, удирања глава во ѕид и останатите самоубиствени иновации на поединци, излегува дека за споменици не се потрошени ниту 5% од износот за целиот проект, а овој процент ке паѓа бидејки нови споменици нема, а останати објекти ке се градат. Дури ни овие што лапнаа 200.000 евра странски пари за да го плукаат проектот не успеале да натрупаат повеќе потрошени пари за споменици.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Online
Posts: 114
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #5697 Posted: 26-Nov-2015 at 22:08
Супер, Кулата на Водно со иста цена како и Панорамското...
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5698 Posted: 26-Nov-2015 at 22:44
Originally posted by King

Нешто што прв пат го приметувам, покрај сите лупинзи, паѓања во несвест, удирања глава во ѕид и останатите самоубиствени иновации на поединци, излегува дека за споменици не се потрошени ниту 5% од износот за целиот проект, а овој процент ке паѓа бидејки нови споменици нема, а останати објекти ке се градат.

Што знае мало дете што се 5% од 630 милиони долари. Зима и носи...

Ама не си во право дури ни за тие 5%, а и зарем може да се очекува од некој Ск2014 бот да биде во право за нешто, или да провери повнимателно пред да пише пост. Се разбира дека не. Си ги превидел скулптурите и си ги превидел спомениците кои биле дел од други поголеми проекти, и затоа не се пресметани како поединечни споменици, туку нивната цена е влезена во сумите за други проекти.

Да ги вклучиме сите ставки:

Споменици: 33,6 милиони €
+
Скулптури: 6,5 милиони €
+
Споменик „Таткото на воинот на коњ“ (евидентиран кај ПЛОШТАДИ): 4,4 милиони €
+
Разноразни коњи, лавови, и надарени антички MILF-ици (евидентиран кај ФОНТАНИ и др): точна сума којзнае колкава
=
минимум 45 милиони евра   ...навистина ситница, нема што!

Уште поважно, вистинскиот збор не е потрошени пари како што велиш, туку украдени пари. Некој ќе треба да објасни дали спомениците се од бронза или од злато, и зошто се исплаќани хонорари за какви што не можат да сонуваат ниту најголемите светски уметници. Затоа ќе следи робија и конфискација, па бар да вратиме нешто од парите во буџетот, а и сатисфакција да осетиме. Впрочем, оваа логика е применлива воопшто на сите проекти од Ск 2014, не само на спомениците.

А приказната дека повеќето луѓе се согласувале со вака потрошените пари за Ск2014 да му ја раскажеш на некое дете пред спиење.

За една работа сепак си во право: нови споменици нема да има
Но тоа поради сосема други причини
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5699 Posted: 27-Nov-2015 at 00:38
Record £65m paid for Alberto Giacometti bronze sculpture at Sotheby's auction
http://www.telegraph.co.uk/culture/art/art-news/7150256/Record-65m-paid-for-Alberto-Giacometti-bronze-sculpture-at-Sothebys-auction.html
Koons’s Puppy Sets $58 Million Record for Living Artist
http://www.bloomberg.com/news/articles/2013-11-13/koons-s-puppy-sets-58-million-record-for-living-artist
Billionaire Steve Cohen pays $100M for art sculpture
http://pagesix.com/2014/11/10/billionaire-steve-cohen-pays-100-million-for-art-sculpture/
Ова е цена на уметноста, ова се дел од стотиците склуптури и споменици продадена секоја од нив за над 60 милиони евра, ова е пристапот кон уметноста низ светот, пристап со кој уметноста не се мери со метри, туку со импресии, доживување и емоции. Со кое право вие ја потценувате вредноста на делата на нашите уметници, и нивната работа ја нарекувате криминал. Со кое право и без докази ги понижувате склупторите кои добија шанса да креираат и творат, да создаваат уметност, наша Македонска уметност. Вие уметноста ја цените низ кило злато, или кило бронза или кило мермер, невиден и нечуен пристап кон уметноста и уметниците.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5700 Posted: 27-Nov-2015 at 01:39

Не треси глупости.

Пиши некоја влада што плаќа такви цени со народни пари, а не некакви екцентрични милјардери, кои во најлош случај ќе треба да се објаснат со женичките им.

Originally posted by King

Со кое право вие ја потценувате вредноста на делата на нашите уметници, и нивната работа ја нарекувате криминал.
Со кое право? Со ПОЛНО право, ете со тоа. Преку глава ми е од целиот тој дијапазон криминалци и соучесници во криминал. Ако се толку добри уметници, ако нивните дела се толку вредни, нека пробаат да заработат нешто на слободен пазар. Еве од примериве што ги наведе се гледа дека тоа може да биде исклучително лукративно. Ама поради некоја мистериозна причина, Валентина Стевановска и другарчињата, своите милиони ги заработуваат исклучиво од буџетот на Република Македонија.

П.С.
Гледам сите три примери ти се современа уметност... Многу е симпатично кога некој барокен бот како тебе, кога околностите налагаат ќе почне да ја величи современата уметност со зборови како:

„ова е пристапот кон уметноста низ светот, пристап со кој уметноста не се мери со метри, туку со импресии, доживување и емоции“

Де бре Кинг, до толку ли не можеше да најдеш нешто идеолошки поприкладно, некаков барок или неокласика  LOL
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 283284285286287 323>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.922 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.