build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје 2014
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 302303304305306 326>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6061 Posted: 20-May-2016 at 17:58
а да речеме дека делата на Константиновски се врв на неквалитет и срам за архитектурата...
демек тоа го менува фактот дека се што е изградено во градов во последниве 25 години е урбанистичко-архитектонски чир и пародија на се што имаме од историја и култура?

значи доста со тие спинови, има милијарда причини поради кои може да се искритикуваат објектите низ градов... тоа не ги прави објектите од Ск2014 ни за грам подобри

Edited by zabegan - 20-May-2016 at 17:59
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2394
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6062 Posted: 21-May-2016 at 11:19
Originally posted by fichot



Не разбирам каква врска има архитектот на МЦ АСНОМ со излевањето на реката? Ако викнеш архитект да ти испроектира куќа да не очекуваш и кеј и брана на реката покрај куќата да ти направи? фак лоџик.




Jaс куќа покрај брег од река, езеро или море сигурно нема да градам. Но ако веќе го правиш МЦ АСНОМ непосредно до самата река, во водоплавно подрачје, непромислено е да го оставиш без соодветна заштита од поплави. И не, не мора кеј и брана, има и други начини, како што се продлабочување и проширување на речното корито и подигнување на природен бедем.



Edited by phenomenon - 21-May-2016 at 11:20
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #6063 Posted: 21-May-2016 at 12:05
Тоа што Скопје нема 5 објекти со кои може да се пофали во градов а да се урбанистички+стилски+финансиски беспрекорни е така затоа што живееме во гнила држава.

Глуп човек е глуп, па нека има дипломичка од било кое факултетче, не може да произведе добар производ, па ни зграда, објект. Јас немам ништо против барок, имам против архитектонскиот факултет во Скопје кој произведува кадар кој не може да направи квалитетен објект во било кој стил.

Што е важен стилот, само идиот се фаќа за стилови. Јас верувам дека и брутализам градба може да изгледа пристојно и барок може да изгледа супер, ама не ако ја проектира идиот од архитектонски од Скопје кој вчлече незнаење, генерациски предрасуди и комплекси од секаков вид.


Што направи факултетов и “интелигенцијава“? Направија да се срами човек да направи барок или неокласичен објект, само заради нивните фрустрации и политичка поврзаност. Погрешно следеа нападите врз проектов. Барок како поим добро се фаќа за уво на просечно Македонче и е добар маркетиншки потег. Ама ти како интелигенција не смееш да згазиш врз историските вредности на твојата професија. Ниедна професија не се откажува од квалитетните производи од својата историја и се фали со нив, и прави реплики и сл.
Овде нападот беше: барок, барок, барок, сака диктаторот да се смени историјата. И тоа е... Чекај, Ристиќева палата ли е наша историја? Зградата на телеком ли е вредност со која треба да се фалиме, НБРМ? Што е тоа што е историска вредност на Скопје со кое може да се пофалиме дека е наш производ, од наши пари, финансиски идеолошки чист, стилски и урбанистички беспрекорен? 5 дискутабилни објекти со сила ќе наброите.

Зградите на кои дркате и се сликате кога идете по екскурзии, шетачки, 99% не се демократска воља на народ, кој на референдум одчучил како да се троши негова пара и во кој стил ќе се гради, па лиги ви течат, и немате доволно меморија на картиците.

Проектов излезе наказа со која може да се живее како што се живееше со сивилото на комунистичките градби. Не дозволувам од морално интелектуални облаци да ми се држат предавања затоа што толку чист човек во Македонија не постои. Скопје покрај СК2014 се упропасува на секој чекор и во тоа активно учествуваат полупроизводите на Архитектонски и градежен факултет. Јас ли ги проектирам објектите на Водно? Објекитите во Маџир Маало? На 2 ипол срушени куќи никната печурка над тротоар? Кокошарници - конц логори во кои умира државата. Барок, барок, барок, барок, историјата се менуваааааа



Edited by Bojan10 - 21-May-2016 at 12:24
Од чаламот си патиме!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6064 Posted: 22-May-2016 at 02:18

како прво,фронтовската борба на стилови е политичка манипулација произлезена од малограѓанштина и стандардни кафански муабети
како второ, не знам како успевате да го обвините образованието за тоа што земјава е преполна со исфрустрирани луѓе и платеници
дај ако не да и затвориме сите образовни институции во земјава, само затоа што некој го интересира само правење на брзи и лесни пари и лечење комплекси, и нема ни грам љубов и почит спрема својата професија


инаку, не знам од кај да започнам за тоа колку погрешно толкување постои кај нас за поимот „историја“... да Бојан, НБРМ и Ристиќева и Телеком се дел од нашата историска нишка... зарем е битно кој ги градел и во кои услови? ..еве и Ск2014 сакале или не, е дел од наша историја
критиката на база историја е насочена на тоа што се изигрува некаква историја преку градење на сценски реквизити, а не сериозни објекти и проекти општо... демек објектов магично ќе добие ново историско потекло и ново присуство во просторот само затоа што сме имале некаква исфорсирана криза на идентитет и сами не знаеме што сакаме...
со Ск2014 не се нарушува никаква историја, проблемот е во тоа што сето тоа е трагикомично и несериозно... проблемот е во прашањето што воопшто се постигнува со сето ова? демек објектот?
ама не знам зошто воопшто дискутираме, како прво, народот не знае ни два најосновни факти за Ристиќева или НБРМ ама ај...

зградите на кои викаш дркаме, се квалитетни архитектонски зданија од најразни аспекти... еве ти го Шпер, што градел за еден од најозогласените системи во историјата на земјава, е еден од најдобрите архитекти на свое време
ние, 90% од средствата во земјава ги дадовме на стиропор, картони и гипс...
и тие објекти се изградени пред годиништа, во разни режими, некогаш постоело и робовладетелство... ама сега е 21 век и сите тие земји размислуваат на многу поинаков начин, додека ние сега доживуваме таков режим... навистина не е во ред така ноншалатно да си направиме паралела тука

и верувам дека има многу повеќе луѓе на кои не им е битен „барокот“, туку целата негова позадина и потеклото на идеите кои стојат зад него... мислам извини „скопје нема со што да се гордее и покаже“ и „ова ми е убаво, она ми е грдо“ „во тој и тој град е така“ муабетиве... мали исфрустрирани деца кои не знаат што сакаат и плачат секој пат кога ќе им се сервира нешто

Edited by zabegan - 24-May-2016 at 23:06
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #6065 Posted: 28-May-2016 at 23:46




Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #6066 Posted: 31-May-2016 at 09:49
ova e vistinskiot vandalizam za koj eden den nekoj ke odgovara
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13060
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6067 Posted: 31-May-2016 at 14:14
СКОПЈЕ – НЕКРОПОЛА НА ДУХОТ

Да бидам искрен, кога ги напишав овие зборови и кога посакав да пропатиме малку, оти од главата си патиме, не очекував таа моја клетва да држи долги седум години (а ќе потрае уште некое време), ниту, пак, верував дека Никола Груевски од зборови навистина ќе премине на толку големи, импозантни (не)дела и дека буквално ќе го промени ликот на нашата метропола, во духот на новиот идентитетски код. Ако првата најава на проектот „Скопје 2014“ предизвика чудење и неверица, денес, во годината 2016-та, кога проектот е реализиран и постојано се надградува и проширува, сфаќаме дека лудилото ги преминало сите наши тогашни страхувања, сите граници на здравиот разум.

За овој проект е пишувано многу и во фокусот на вниманието е аспектот на парите и на корупцијата. И навистина, „Скопје 2014“ е една грандиозна корупциска афера. Не го оспорувам тој дискурс, но секогаш сум тврдел и сè уште тврдам дека најголемата штета од овој проект е што идентитетскиот инженеринг на Груевски го поткрепи со цврсти кичерски зданија и со безочна узурпација на централното градско јадро. На деспотот Груевски сепак му успеа да остави трајни траги на своето децениско владеење на највредниот јавен простор во Македонија. Тоа е нешто што не му успеало ниту на Александар, а ниту на Хитлер, иако архитектурата на Третиот рајх е главната идеолошка матрица на проектот „Скопје 2014“.

Инаку, треба да се знае дека приказната за скопскиот архитектонски елефантијазис почна пред доаѓањето на Груевски на власт, некаде во 2005 година, со плановите за обновување на Стариот театар и на Офицерскиот дом. На ова укажав во една своја тогашна колумна, која ја имам преобјавено неколкупати. Фасцинантните се сличностите и асоцијациите на градителските потфати најавени во тоа време во Македонија и оние од големите планови и нешто поскромните остварувања на Хитлер и на неговиот главен архитект, Алберт Шпер. Имено, Шпер е автор на „теоријата на вредноста на урнатините“. Во својата книга „Третиот рајх“, тој сведочи дека добро го познавал вкусот на својот фирер и работодавец, вкус заробен во минатото. Само копирањето на „класичните“ стилови, на римската и на старогрчката архитектура, но и на неокласицизмот, со употреба на вечните материјали (камен, гранит, мермер), можело да ги задоволи амбициите на мегаломанот Хитлер. Сличен, ако не и идентичен, е и вкусот на Груевски.
Шпер ја поттикнува опседнатоста на Хитлер со спортот, опседнатост што ја споделува и нашиот деспот. Една година по Летните олимписки игри во 1936 година, одржани на новиот грандиозен олимписки стадион во Берлин (постои и денес), по скандалите што го следат овој настан, Шпер прави планови во Нирнберг да изгради стадион за 400.000 гледачи, за Ариевските игри, кои треба да бидат замена за Олимписките. Македонија под власта на Груевски доби десетици нови спортски сали и терени ширум Македонија (дури и тениски игралишта по селата). Хитлер ги обожува многубројните згради на театри изградени од Херман Хелмер и Фердинанд Фелмер, во стилот на доцниот барок. Слична е фасцинација на Груевски со Стариот, сега веќе нов театар. Еден од омилените објекти на Хитлер е и Солдатенхале (офицерскиот дом) на Вилхелм Крајс. Репликата на Офицерскиот дом во Скопје, инаку една од најгрдите градби на српскиот неокласицизам, доцни, но веќе се гради. Шпер на својот фирер ќе му подари нова рајхсканцеларија, двојно поголема од Версајската палата. Груевски прекрасниот модерен објект на Владата го окова во барок. Кога ја пишував таа колумна во 2005 година, ние сè уште немавме соодветна асоцијација со еден друг грандиозен објект од плановите на главниот архитект на Рајхот, огромниот храм, реплика на базиликата „Свети Петар“, наречен Фолксхале. Берлинскиот храм бил замислен да биде 17 пати поголем од „Свети Петар“, висок повеќе од 200 метри и со дијаметар од 300 метри. Била замислена и триумфална капија многу поголема од онаа во Париз. Груевски доби своја Триумфална капија, а привршува изградбата на црква на улицата Македонија. Војната и трошоците за вооружување ќе ги спречат плановите на Шпер и на Хитлер. За разлика од него, Груевски имаше и време и пари да ги доврши своите планови. Освен тоа, успеа и да заштеди некој денар, отстапувајќи од идеолошката предлошка, сфаќајќи дека „вечните материјали“ можат да се заменат со гипс и стиропор, а сјајот сепак да не се изгуби (барем не брзо).
Неоригиналноста, некреативноста и неавтентичноста се израз на еден тоталитарен и нехуман режим, кој гради по мерка на умоболниот фирер, а не по мерка на луѓето. Тоа е главна одлика на архитектурата на Третиот рајх. Во 2005 година јавно го поставив прашањето - за што ли зборува нашата некреативност и неавтентичност и кој ѓавол, пак, нас нè тера да го реплицираме кичот од минатото, што никогаш и не бил автентична македонска архитектура? Одговорот стаса неколку години подоцна, со проектот „Скопје 2014“. Нема разлика, и кај нас станува збор за градење по мерка на умоболниот фирер, а не по мерка на луѓето. Ако во 2008-2009 година предвидував дека за десет години, во споредба со Софија, Атина, Тирана и со Белград, нашето „барокно“ Скопје, во архитектонска смисла, ќе наликува на паланечки српски гробишта, какви што може да се видат меѓу Лесковац и Ниш, денес со жалење констатирам дека тие предвидувања биле прескромни. И како во оној познат гаф на покојниот претседател Борис Трајковски, додавам – Скопје навистина стана една голема некропола. Борис мислеше на метропола, ама го потрефи вистинскиот збор – некропола. Некропола на духот!

НАШИОТ ДЕЛ ОД ОДГОВОРНОСТА


На крајот, сите што денес остро го критикуваат режимот на Груевски и што тагуваат поради фактот што тој човек го нагрди нашиот град до непрепознатливост, би сакал најдругарски, без никакви лоши намери, да ги замолам да размислат за сопствениот дел од одговорноста за она што ни се случи. Вината на деспотот Груевски е очигледна и докажана и се знае што го чека откако ќе падне. Затоа единственото нешто за кое се бори сега е да добие амнестија за себе. Но, сепак мора да размислиме за нашата одговорност, за она што ние можевме да го сторивме, а пропуштивме.

Кога денес гледам како демонстрантите со гумени „бомби“ со боја ги разубавуваат ариевските објекти на „Скопје 2014“, неизбежно ми се наметнува прашањето – дали моравме да чекаме да се изградат сите, па да почнеме со вакви акции? Зошто само грст јавни личности во март 2008 година го поддржаа протестот на студентите против изградба на црква на плоштадот Македонија? Зошто никој не се сети да распише меѓународен конкурс за модерно идејно архитектонско решение за централното градско подрачје, што ќе му конкурира на проектот на Груевски? Зошто не покажавме како може да изгледа едно ново, ама модерно и убаво Скопје, градот кој по земјотресот беше светски центар на модерната архитектура? Зошто дозволивме простаци, некадарници, луѓе чие врвно естетско доживување е шопинг на Пластичарската улица, да одлучуваат за изгледот на нашиот град? Зошто порано не протестиравме против спомениците на Александар и на Филип и не фрливме црвена боја во фонтаните? Зошто не покренавме жесток бунт против лудилото, против идиотските кампањи на Груевски (се сеќавате ли на „Ти си Македонија“?) и против харангите на неговата пропагандна машинерија?

целата статија на http://plusinfo.mk/mislenje/1566/hitler-i-shper-mozat-voda-da-mu-nosat-na-gruevski
За сè има вторпат
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #6068 Posted: 31-May-2016 at 15:55
Кога денес гледам како демонстрантите со гумени „бомби“ со боја ги разубавуваат ариевските објекти на „Скопје 2014“, неизбежно ми се наметнува прашањето – дали моравме да чекаме да се изградат сите, па да почнеме со вакви акции?

Затоа што
- протестите не се против СК14. Да беа, ќе се протестираше одамна.
- протестите не нудат алтернатива на СК14
- протестите се само за Заев да дојде на власт без избори и да врши реваншизам
- објектите, архитектурата и урбанизмот вон СК14 е катастрофа. Само нека ги погледне новите трансиционистички станбени згради, состојбата на старите згради (преградени тераси, тенди, додадени поткровја, еркондишни, распаднати фасади), паркирањето сегде, уништувањето на Водно, Дебар Маало, архитектура како Darth Vader на плоштад. При таква ниска култура и образование, тоа е алтернативата, а тоа селективно се игнорира. Лесно е да се дроби против тортите на Грујо и да се мајтапат сите, ама да се корегира главниот проблем, е тоа не.

Ова се вика - поддржи ми го копилево да и се изнасмеам на кошиљаркана.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6069 Posted: 31-May-2016 at 20:56
СК014 не е алтернатива, туку кулминација на негативните процеси во архитектурата/урбанизмот. Се наспроти тоа е чекор напред во добар правец.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6070 Posted: 01-Jun-2016 at 00:07
зошто кога се збори за Ск2014 упорно се бараат алтернативи?
ако некој објект не треба да биде изграден на одредена локација, дали звучи логично котрирањето на тој објект да се одвие преку дизајнирање на друг објект кој би стоел на таа локација???
Ск2014 едноставно не требаше да постои... Ск2014 поправа проблем што воопшто не постои, што никогаш не постоел и што бил само во главите на ова кутро и искомплексирано население...
но факт е дека Ск2014, се пред него и после него, постои затоа што народов е незаинтересиран за квалитетот и развојот на просторот на кој живее, најпрво нема колективна свест за урбан живот, па после се друго...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6071 Posted: 22-Jun-2016 at 11:03
Нека ги јадат статуите на Александар Велики!



„Естетската трансформација на главниот град на Македонија требаше да поттикне посилен национален идентитет. Но, наместо тоа, потикна национално движење на протест“, пишува авторката Валери Хопкинс (Valerie Hopkins) во текстот „Let Тhem Еat Alexander the Great Statues“, објавен на 19-ти јуни, во електронското издание на „Форин Полиси“ (Foreign Policy). Текстот интегрално го пренесуваме.

СКОПЈЕ, Македонија — Влезницата од 300 денари ($5.50) за Музејот на македонската борба, не вклучува само влез, туку и услуги на задолжителниот водич. За време од 90 минути, посетителите немаат друг избор, освен да бидат придружувани низ големите диорами на странски војници кои ги напаѓаат македонските селани, како и покрај восочните фигури во природна големина на македонските бунтовници кои што се обидувале да ја ослободат земјата од Отоманците.

Мисијата на музејот не е толку педагошка колку што е патриотска, а водичите се присутни за да се осигура дека македонската историја што е прикажана таму е правилно интерпретирана. Млад човек кој неодамна водеше група јапонски туристи, ја запре групата пред диорама во која е претставено прогласувањето на Крушевската Република во 1903 година. Тој изјави дека републиката која што имала краток век, била всушност, претходник на денешна Македонија. “Тоа беше првата република на Балканот“, истакна горделиво, пред да продолжи кон собата која се однесува на Балканските војни од 1912-13.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6072 Posted: 28-Jun-2016 at 13:04
27 juni by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6073 Posted: 28-Jun-2016 at 13:08
27 juni by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6074 Posted: 28-Jun-2016 at 13:23
27 juni by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #6075 Posted: 19-Jul-2016 at 11:51

преземено од ФБ профил Skopje The Capital Of Macedonia
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2394
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6076 Posted: 19-Jul-2016 at 14:10
Originally posted by mackomk


преземено од ФБ профил Skopje The Capital Of Macedonia


Нека изградат по уште еден хотел од двете страни на плоштадот, па таман ќе го сведат на мизерен квадрат со страна a = 50 метри.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2162
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6077 Posted: 19-Jul-2016 at 15:08
Ме потсеќа на Прага. Особено реката и парковите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6078 Posted: 20-Jul-2016 at 02:31
Originally posted by Staro Skopje

Ме потсеќа на Прага. Особено реката и парковите.
да да, тревничето на Карпошово востание, знам познато ми е од некаде, дефинитивно во Прага сум го видел

Edited by zabegan - 20-Jul-2016 at 02:39
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6079 Posted: 20-Jul-2016 at 08:03
Овие грдосии од проектот на лудакот можат да изгледаат нормално само ако се гледаат од овој птичји агол.
Back to Top
kliment View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote kliment Quote  Post ReplyReply #6080 Posted: 20-Jul-2016 at 10:53
Мене од оваа перспектива ми изгледаат полошо. Од тука може да се види дека не постои никаков концепт, план, стратегија туку личи на полигон. Секој метар квадратен е приказна за себе.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 302303304305306 326>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.139 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.