build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје 2014
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 318319320321322 328>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #6381 Posted: 19-Jul-2017 at 10:26
turbo folk. sve se raspagja, a voedno mi sozdava ochobol.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6382 Posted: 25-Jul-2017 at 13:13
Зошто сограѓаните од поранешна Југославија не гледаат чудно и не прашуваат што направивте со „Скопје 2014“?

Еве зошто:
“The Federal Assembly had, indeed, passed a law fixing the national contribution to the “normalization” stage of Skopje’s reconstruction (1965-71) at 400 billion dinars, or about ten per cent more than the official estimate of the total cost of the earthquake damage. The law further provided that this was to be a free, non-repayable grant…” (UN 1970: 117).
“The Macedonian and Skopje authorities had themselves contributed 130 billion dinars” (UN 1970: 117).

Сограѓаните од поранешна Југославија всушност се прашуваат и зошто го уништуваме нивниот град, бидејќи Скопје не е само наше. А „Скопје 2014“ е дефинитивно на само еден лудак.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #6383 Posted: 25-Jul-2017 at 14:35
Smeski
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #6384 Posted: 26-Jul-2017 at 09:34
Originally posted by BOJAN

Зошто сограѓаните од поранешна Југославија не гледаат чудно и не прашуваат што направивте со „Скопје 2014“?

Еве зошто:
“The Federal Assembly had, indeed, passed a law fixing the national contribution to the “normalization” stage of Skopje’s reconstruction (1965-71) at 400 billion dinars, or about ten per cent more than the official estimate of the total cost of the earthquake damage. The law further provided that this was to be a free, non-repayable grant…” (UN 1970: 117).
“The Macedonian and Skopje authorities had themselves contributed 130 billion dinars” (UN 1970: 117).

Сограѓаните од поранешна Југославија всушност се прашуваат и зошто го уништуваме нивниот град, бидејќи Скопје не е само наше. А „Скопје 2014“ е дефинитивно на само еден лудак.


да се прашаат зошто го уништиле нашиот попрво ... прво бидејки е направен касапана за да се исфинансира од nwo тајфата трета армиска област на јна како оваа би била маша утре за дресирање на непослушното куче сталин односно негоите болшевички амалгами понего, кои ете би ги корегирале најлезет нормално со "неутралниот" кучкарник на тиле&ко само што овој ги напраил абдали та освен преку скОТјани ги цедел и преку југОСовенските нотеси на Поточник и мекици од Тара планина [1] заради што компензација требаше да бидат то петпарачките југовци и стојадини за амерички извозен мајтап, за ето кога сонова ја прелеа чашата конечно ко сфрј колективно не искисна кога тоа ционистите од циа цел негов галиматијас си го наплатија стократно преку расплантацијата на ете соживотот во телеславија ... битно Грчев сеуште држи икона на телето в канцеларија ко заслужен посттелеславски пионер на архитектонски .. бреј ќе беше фора кај Ефтов во емисија сред сцена да здрмаше некое потрешче и да му отупеше рамка а овој да земи да ја лепи за другарите да не го пуштат на одмор в грчка ..

што е за цената само ќе кажам аирлија на китапот ситнопаланечки нели што од ракав се треси то најубо легнует преку хартија по вијуги ... еве да фрлиме тро варикина по истиот за утре кога ќе сакаат да прават ревија носталгичните телеславци да не им биде толку розева глобалистичката пелерина со која се гордеат и ден денес ... ексик од потпросечни метросексуалци чиј сон заглаил на визијата на телето (сите да ги напраи абдали и понадвор и подома) ех судбини удбини .. југоносталгичари да те табаат ко узурпатори на нивна касапана в наша метропола со есап од под тезга .. еве им еден за на маса та нек си трезнат бунилото кој кому мунја украл среќата ...

[1] http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=114&PID=33705#33705

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6385 Posted: 26-Jul-2017 at 16:33
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6386 Posted: 26-Jul-2017 at 19:46
go zaboravi soros toj bil oficer vo jna vo 1951 godina ama go izbrkale deka kradel i sakal da stane tito pa ot togas ja mrzi jugoslavija i zatoa ja rasturi i napravi zemjotres za da ne ni bide ubaf gradot da bide komunisticki
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6387 Posted: 26-Jul-2017 at 23:52
Во моментот на земјотресот холандски авион го надлетувал Скопје.. мислите случајно е тоа така? :o
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6388 Posted: 31-Jul-2017 at 11:36
_RJS3434 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3433 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3431 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3267 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3273 by Richard Silver, on Flickr

Интересен агол, ЕВН целосно затскриена.
_RJS3264 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3234 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3233 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3215 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3212 by Richard Silver, on Flickr

_RJS3221 by Richard Silver, on Flickr

Edited by <Fresno> - 31-Jul-2017 at 11:48
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6389 Posted: 31-Jul-2017 at 15:40
Груб и дилетантски проект - „Скопје 2014“

Владимир Величковски

Проектот со текот на времето наречен „Скопје 2014“, кој почна и трае со партиско-државно решение, ги објективизира состојбите во општеството и во ликовната уметност (М.Б. Протиќ). Создавање дела за јавен простор, нарачани од државата е позната практика, затоа што станува збор за самоидентификација на националната заедница. Во малку поразвиени средини за секое дело, скулптура или споменик во јавен простор се води јавна и стручна дебата. Кај нас, спротивно на тоа се практикува самоволие и диктат далеку од сите законски норми, од грижа за градот и за зачувување на неговите хумани и уметнички вредности. Добивме на еден груб и дилетантски начин изведен проект на кој не може да му се согледа вистинското место и функција во општеството без никаков удел на стручни личности (архитекти, урбанисти, историчари на уметноста и ликовната критика), како и на пошироката јавност.

Последиците од овој грд проект се големи, без реални шанси нешто да се промени. За проектот се објавени голем број текстови, изјави и неколку книги од кои мал дел се однесува на професионалната проблематика. Секој сегмент на општеството е опфатен од политика и политиканство, со омраза и етикетирање. Делата од проектот се работени во кратки временски интервали, набрзина и без доволна подготвеност во технички и занаетски поглед. За уметност не станува збор туку одвај за коректно изработени дела (лиени во најскапи леарници) кои се движат во рамки на блед академизам, неуверлив (фотографски) реализам и мошне бледа и лоша варијанта на соцреализам.

Готови обрасци

На увид е дадена шума од скулптури, со неартикулирани пропорции, ниту осмислени движења и поставеност во просторот, како посебно значајна проблематика за вистински монументализам. Целиот проект, всушност не е добро осмислен ниту успешно реализиран. Очигледно е дека не постои јасно и сигурно утврден национален Пантеон на значајни личности, како што се практикува во светот, ниту ангажирање стручњаци што на вистински начин ќе ги одределе локациите и сите просторни и содржински аспекти на монументот. Местото на поставување на споменикот е главно неавтентично, решено единствено по логиката на случајот и онаму каде што имало слободно место.

Меѓутоа, проблемите не завршуваат со тоа; „монументите“ се дислоцирани во повеќе наврати, со исто така лоши и несоодветни решенија, како и фактот дека за исти личности се подигнати повеќе скулптури или споменици. Посебен проблем е преземањето готови обрасци и плагијатството како и отсуството на авторски печат со индивидуални стилски белези на обликувањето. Во една мултикултурна и мултиконфесионална средина каква што е Македонија се појавуваат споменици на личности и настани кои на населението не му се воопшто познати ниту главно може да дојде до идентификување со нив на поголема група или заедница во земјата. Прашањето на т.н. антиквизација и барок се мотивирани, како и целиот проект од политички причини, при што земјата и нејзината култура се здобија само со негативни поени. На секој чекор може да се утврдат истите слабости и недоследности. Еден сегмент од градот зборува, всушност за целиот проект и за неговата збрканост и кич компонираност во сите сегменти.

Ќе го одберам примерот со делата на Петар Хаџи Бошков, кои се во духот на актуелното понижување и потценување на модернизмот, меѓутоа не со квалитет туку обратно - со многу несоодветни и неквалитетни дела (значителен дел од нив се изработени од помлади неафирмирани автори). Треба да потсетиме дека за повеќе „монументи“ не се познати имињата на авторите. Освен тоа факт е дека во оваа апсурдно подредена „историска читанка“, која наместо со споменици треба да биде обработена во студии и книги е применет ретрограден традиционалистички стил, читлив и разбирлив за секој човек со нагласка на репрезентативниот фигуративен стил на претставување. Апстрактната уметност, од друга страна не се потврди како доминантен облик на јавен споменик. Хаџи Бошков е автор на монументот посветен на „Климент Охридски“ поставен пред истоимената Народна и универзитетска библиотека (дело на архитектот Петар Муличковски, автор на познатата модернистичка зграда на Владата, денес преоблечена во ново бело руво, во „антички“ стил, постапка непозната во светот на архитектурата). Монументот, издлабен во црн гранит (1972-1973 година) е поставен директно на тлото (ќе се потсетиме на примерот на Огист Роден) и делува впечатливо како успешна синтеза меѓу стилизираните симболични црти на ликот и мотивот на геометриски „набори“ препознатлив белег на неговите апстрактни скулптури.

Понижувачки услови

Делото многу добро се вклопува со чистите линии со орнаментални форми на архитектурата за разлика од двете коњанички фигури посветени на револуционерите „Пере Тошев“ и „Никола Петров Русински“, поставени на високи постаменти во кои се изработени и рустикални делови покрај релјефните композиции со сцени од нивниот живот и активноста. Нивната поставеност и статички движења, изработени најверојатно по инструкции на историчарите делуваат издвоено и бесмислено во однос на околината. Првиот споменик (на левата страна) е чудно поставен до грубо „апстрактно“ обработен камен со нечиток натпис на добре дојде од Општина Центар. Двата споменика на „чувари“ јавачи на коњ (многу често се среќава во делата од проектот) се перцепираат од жабја перспектива и погледнато посебно се изработени грижливо и коректно, освен првиот кој се граничи со карикатуралност, но не во смисла на жанрот карикатура (што изобилува во делата од проектот). Конечно, околу „монументите“ се наоѓа куп ѓубре од секаков вид.

Уште поголема негрижа и грда слика може да се види преку улицата пред модерното здание „скијачница“ на Македонската опера и балет. „Монументот“ посветен на револуционерот „Петар Чаулев“ е изработен во истиот непромислен „стил“ и многу послабо со неусогласеност меѓу движењето на јавачот и статичната поставеност на коњот. Споменикот е поставен веднаш до спомен-белегот чиј автор е Петар Хаџи Бошков од 1977 година, а се однесува на куќата на Папа Теодосиј во која на 26 јуни 1944 година се одржала првата конференција на НО Фронт. На неколку чекори е поставена една од новите „барокни“ сендвичарници со неонско осветлување.

И, повторно, сето тоа опкружено со живописна слика на секакви отпадоци. Врв на нечистотија и грда слика во центарот на градот е една (од многуте посеани по градот) пластична кабина-„нужник“ која оддава непријатна „градска“ смрдеа, поставена во вирче вода на автобуска станица пред новата „тесна“ зграда со идна административна функција речиси залепена до белата бетонска зграда на МОБ. Што му недостасува на овој опис и дали воопшто е потребен коментар? Јавно се манифестира важност на спомениците, а тие се ставени во понижувачки просторни и други услови. А за блиското опкружување можеме само уште повеќе да жалиме, меѓутоа не е важно - и без тоа никој не е загрижен за ваквата состојба.

http://plusinfo.mk/mislenje/3116/grub-i-diletantski-proekt--skopje-2014
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6390 Posted: 04-Aug-2017 at 14:26
„Инспирација“ за дизајн на урбана опрема

Покрај многуте контроверзии и недоследности на проектот Скопје 2014, денес ви презентираме малку и од „инспирацијата“ за дизајнот на дел од урбаната опрема.

Случајно наидовме на оригиналите во Мадрид и Париз, за некои од кандилабрите низ центарот на Скопје, кои се искористени делумно или целосно во реализацијата. Се разбира онолку колку успеал да „препише“ изведувачот

Споредете сами:







http://marh.mk/%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B0/
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6391 Posted: 12-Aug-2017 at 23:00
Originally posted by Џоле

Груб и дилетантски проект - „Скопје 2014“

Владимир Величковски


Глеј глеј, жив бил човеков. Не го чув ни видов 10+ години, мислев отишол.

Мало и големо, никакво (1)

Владимир Величковски

Само да потсетам дека на клучката кај хотел „Континентал“ е насаден „монумент“ посветен на генерал Михаило Апостолски, понижувачка локација за една значајна личност од народноослободителната борба. Вниманието го насочувам на една поголема беда на македонскиот нов монументализам. Станува збор за комплексот скулптури кои го симболизираат ликот и фамилијата на Филип Втори Македонски, физички малку повисок од камбанаријата на македонската православна црква „Св. Димитрија“, чија ограда е тргната за да се поврзе верскиот објект со другите градби и новата античко-барокна фасада на зградите на Домот Ибни Пајко.

Скулптурите, дело на Валентина Стефановска, вајарка со ограничени способности, се поставени на висок постамент и во фонтана каде што доминираат женски фигури симболизирајќи мајчинство и заедништво, со пренагласени женски атрибути и натурализам во претставувањето (припиена облека на бујните гради и тело). Објектот на Националната галерија „Даут-пашин амам“ се изгуби опкружен од зголемените збиени новоградби. На кејот на реката Вардар е подигнат Музејот на македонската борба, со сликарски илустрации на историски личности и настани, изработени во манир на фотографски „реализам“ (однапред одреден пристап) кои доминираат во просторот (како и восочните фигури).


Историчарите решаваа


За разлика од овие дела-дескрипции на поставката се изложени мал број оригинални музејски предмети и материјали. Концептот, во глобални црти, бил однапред подготвен и тој им беше познат на одреден круг посветени (политичари и историчари). Јас, од професионален аспект (повеќе години работев во Музеј на Македонија, на дела со историска тематика) прифатив да ја следам реализацијата на делата исклучиво од сликарски аспект, кои се моја постојана преокупација и предизвик како што е и националната историја (од ВМРО се до поновата историја). Главните инструкции и одлуки ги донесуваа историчарите и овие (прекубројни) дела, со оглед на концептот не треба да се сметаат (бидејќи таква намера не постоеше) за уметнички дела, туку пред сè претставуваат израз на сликарска вештина. Музејот е решен во класичен дух, со елементи на модифициран традиционалистички, античко-барокен „стил“. Вкусот, сфаќањата и потребите се менуваат. Дали некој светски музеј денес би одбил вредно дело од Бугеро, Дејнека или Брекер чие творештво има идеолошка мотивација и познат политички контекст? На ист потег, во продолжение на музејот е подигнат обновениот стар Македонски народен театар со ентериерен простор кој делува стеснето и нападно со густата „златна“ обоеност и кич украсите. Веднаш спроти овие зданија е изграден Еврејскиот музеј пред кој се наоѓа фигуративна класична композиција, со жанр сцена од трагичната историја на овој народ. Музејот е решен во модернистички дух, како и катната гаража (градби, меѓу кои има добри современи остварувања, кои добија имиња на војводи и востанија).

На платото на расцепканиот плоштад се поставени фонтани со мотиви на коњска глава и лав кои се налик на невешти, картонски декорации (што да се каже за двата пара лавови инсталирани на двете страни на мостот „Гоце Делчев“, едните изведени во реалистички манир кои можеби симболизираат сила и опстој - автор е Д. Дуковски, а другите во еден стриповски „футуристички“ манир, чиј автор е К. Јанев ?).


Фалсификување на историјата


Од фонтаните на платото погледот, за кратко се фокусира на монументите посветени на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент и Наум Охридски“, статични фигури и типизирани ликови симнати од иконите и фрескоживописот. Одбрана е единствената фронтална визура, што значи дека од другата страна на Камениот мост (жално соголен од знаковно запаметените историски атрибути) се гледаат како темна контурна маса, само од грб. Пред скулптурите, дело на Жарко Башевски, уште еден вајар со просечен талент но занаетска подготвеност биле поставени плочки со опис и легенда, но тие се сосем уништени, што е вообичаена вандалска практика и за други корисни предмети во нашиот урбан хаос и безредие. На други „монументи“ не е испишано името на авторот (негрижа, незнаење или срам од своето дело, што може да предизвика збрка и неточност на информациите).

Инаку, позната практика е да не се спомене името на уметникот кој го изработил монументот пред кој се одржуваат политички говори по повод некој празник (на “Мечкин камен“, во Скопје итн.). Се добива впечаток, не само пред споменичката антиквизирачка композиција посветена „Филип 2“ дека станува збор за грубо насилие врз старото градско ткиво и инсталирање на нова просторно компонирана, бледа фигуративно предадена приказна која ве збунува и создава противречни чувства и размисли кои се однесуваат на личниот и националниот идентитет, на потребата од селективност и оправданост на споменици кои се подигнати во урбан амбиент. На овој непромислен и неквалитетен начин беа предизвикани реакции не само од граѓаните туку и од соседните земји како мешање и фалсификување на историјата и со други политички конотации.

http://plusinfo.mk/mislenje/3184/malo-i-golemo-nikakvo-1
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6392 Posted: 29-Aug-2017 at 14:10
Можеби некој ќе смета дека мојот текст не е поврзан со темата, но јас мислам дека постои директна засегнатост.

Правам едно истражување за „Скопје 2014“. Потребни ми се изданијата на македонските дневни весници што излегуваа во периодот до почетокот на 2017 година. За некакво чудо, архивите на „Вест“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Нова Македонија“ и „Вечер“ се ИСЧЕЗНАТИ од Интернет. Ниту агрегаторот „Тајм.мк“ ги има во посед, бидејќи линковите единствено ги влечел од архивите на овие весници. Значи, Орвеловата „1984“ директно воспоставена од ЖМРО уште пред заминување. Доброоо, ова е само уште еден доказ за нивното владеење.

Денеска се одлучив да ги побарам отпечатените изданија на овие весници во одделите периодика низ скопските библиотеки. ФРАПАНТНО! Во Градската библиотека ми велат дека ќе сум требал да склучам посебен договор со директорот, иако имам членска карта. Требало да се знае што ќе правам, дали ќе истражувам. Град Скопје донел ваква одлука во пролетта 2017 година!!! Одам во Народно-универзитетска библиотека и таму ми велат. Дечко, ние реновираме, веројатно е дека ги имаме отпечатените изданија на весниците, ама не можеме да ги издаваме сега. А не знаеме кога ќе може!!! Одам во одделот за периодика на МАНУ, таму ми велат: „Дечко, ние ги чуваме весниците само неколку месеци, во архивата немаме простор, па изданијата на весниците им ги даваме на НУБ и Градска библиотека!!! ФРАПАНТНО... Германците кога се повлекувале во 1944 година мислам дека не направиле ваков масакр!
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #6393 Posted: 30-Aug-2017 at 08:04
Originally posted by BOJAN

Можеби некој ќе смета дека мојот текст не е поврзан со темата, но јас мислам дека постои директна засегнатост.

Правам едно истражување за „Скопје 2014“. Потребни ми се изданијата на македонските дневни весници што излегуваа во периодот до почетокот на 2017 година. За некакво чудо, архивите на „Вест“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Нова Македонија“ и „Вечер“ се ИСЧЕЗНАТИ од Интернет. Ниту агрегаторот „Тајм.мк“ ги има во посед, бидејќи линковите единствено ги влечел од архивите на овие весници. Значи, Орвеловата „1984“ директно воспоставена од ЖМРО уште пред заминување. Доброоо, ова е само уште еден доказ за нивното владеење.

Денеска се одлучив да ги побарам отпечатените изданија на овие весници во одделите периодика низ скопските библиотеки. ФРАПАНТНО! Во Градската библиотека ми велат дека ќе сум требал да склучам посебен договор со директорот, иако имам членска карта. Требало да се знае што ќе правам, дали ќе истражувам. Град Скопје донел ваква одлука во пролетта 2017 година!!! Одам во Народно-универзитетска библиотека и таму ми велат. Дечко, ние реновираме, веројатно е дека ги имаме отпечатените изданија на весниците, ама не можеме да ги издаваме сега. А не знаеме кога ќе може!!! Одам во одделот за периодика на МАНУ, таму ми велат: „Дечко, ние ги чуваме весниците само неколку месеци, во архивата немаме простор, па изданијата на весниците им ги даваме на НУБ и Градска библиотека!!! ФРАПАНТНО... Германците кога се повлекувале во 1944 година мислам дека не направиле ваков масакр!
Со еден збор... Фрапантно!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6394 Posted: 31-Aug-2017 at 07:34
Originally posted by BOJAN

Можеби некој ќе смета дека мојот текст не е поврзан со темата, но јас мислам дека постои директна засегнатост.

Правам едно истражување за „Скопје 2014“. Потребни ми се изданијата на македонските дневни весници што излегуваа во периодот до почетокот на 2017 година. За некакво чудо, архивите на „Вест“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Нова Македонија“ и „Вечер“ се ИСЧЕЗНАТИ од Интернет. Ниту агрегаторот „Тајм.мк“ ги има во посед, бидејќи линковите единствено ги влечел од архивите на овие весници. Значи, Орвеловата „1984“ директно воспоставена од ЖМРО уште пред заминување. Доброоо, ова е само уште еден доказ за нивното владеење.

Денеска се одлучив да ги побарам отпечатените изданија на овие весници во одделите периодика низ скопските библиотеки. ФРАПАНТНО! Во Градската библиотека ми велат дека ќе сум требал да склучам посебен договор со директорот, иако имам членска карта. Требало да се знае што ќе правам, дали ќе истражувам. Град Скопје донел ваква одлука во пролетта 2017 година!!! Одам во Народно-универзитетска библиотека и таму ми велат. Дечко, ние реновираме, веројатно е дека ги имаме отпечатените изданија на весниците, ама не можеме да ги издаваме сега. А не знаеме кога ќе може!!! Одам во одделот за периодика на МАНУ, таму ми велат: „Дечко, ние ги чуваме весниците само неколку месеци, во архивата немаме простор, па изданијата на весниците им ги даваме на НУБ и Градска библиотека!!! ФРАПАНТНО... Германците кога се повлекувале во 1944 година мислам дека не направиле ваков масакр!


Во архив, градски или државен? Мада чисто сумњам.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6395 Posted: 20-Sep-2017 at 12:14
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6396 Posted: 08-Oct-2017 at 13:02
Скриените лица зад „Скопје 2014“

БИРН истражуваше кои се луѓето кои го одобрувале изборот на идејните барокни решенија за дел од објектите во Скопје

Автор: Тамара Чаусидис

Објавено на 08 октомври 2017

По јавните изјави на некогашниот премиер Никола Груевски, но и во прислушуваните разговори содржани во „бомбите“, во јавноста нема дилеми дека токму тој е идеолошкиот ментор на проектот „Скопје 2014“ . Но, идеите за барокно и неокласично преоблекување на градот симболизирани преку реченицата „Миле ми текна“ некој требаше и да ги спроведе. БИРН истражуваше кои се луѓето кои го одобрувале изборот на идејните барокни решенија за дел од објектите во Скопје.

Потфатот за редефинирање на ликот на главниот град што се одвиваше на еден исклучително нетранспарентен начин од носењето на одлуката па до реализацијата, не можеше да биде изведен доколку во него доброволно не учествуваа голем број институции, компании, но и поединци.

Според документите со кои располагаме видливо е дека во комисиите кои ги избирале барокните верзии на новите згради и фасади членувале главно архитекти и градежни инженери, но и јавни личности кои ги бранеа политиките и идеологијата на тогашната владејачка партија, вклучително и иконографијата на „Скопје 2014“ која изобилува со лавови, сонца од Вергина и референции со античкото минато на Македонија.

Мотив за учеството во комисиите за избор на идејни решенија за барокното Скопје на прв поглед не е финансиски. Хонорарите за членовите и претседателите се движат од 20 до 40 илјади денари. Но, се покажува дека членувањето во комисија за избор на идејно решение за повеќемина довело до избор токму на нивно идејно решение на некој следен конкурс.

Имињата до кои дојде БИРН и кои ќе бидат објавувани во неколку текстови, укажуваат дека некои од нив се повторуваат во повеќе комисии, а има и такви кои и во јавноста се декларирани како жестоки поборници на идејата за ревидирање на историјата, што е една од карактеристиките вткаени и во самиот проект „Скопје 2014“.

ГДОМ-ци и антички Македонци

За идејното решение на објектот на македонското Министерство за надворешни работи решавала седумчлена комисија од кои петмина се надворешни членови. Претседател на комисијата бил архитектот Васиљ Иљов, во јавноста познат како поборник на античкото минато на Македонија и како и човек кој го реконструираше скопскиот Камен мост според решение кое предизвика големи контроверзии во стручната јавност.

Иљов е претседател на здружението на граѓани „Антички Македонци“ од Богданци. Здружението е против официјалната историска наука на Република Македонија и се бори за ревизија на историјата со поголема афирмација на тезата за директен континуитет со антиката.

Плакат на здружението „Антички Македонци“ од Богданци на Васил Иљов
Здружението тесно соработува и со Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров и заеднички уште во 1995 година покренува иницијатива за поставување споменик на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Ако за ова барање морале да чекаат 16 години, нивното барање за поставување на споменик на св. Петар во Богданци во 2008 за време на Владата на Никола Груевски е решено во декември истата година.

Како претседател на комисијата за спроведување конкурс за избор на идејно решение за МНР, Васиљ Иљов добил хонорар од 40 илјади денари, а надворешните членови Зоран Петров, Ана Дамеска и Атанас Филиповски добиле по 30 илјади денари.

Избрано е идејното решение на Благој Стојаноски, но иако во целата документација тој фигурира како автор, на пуштањето на објектот во употреба изјави како автор даваше неговата сопруга Лидија Стојаноска.

Васил Иљов, покрај Каролина Боцевска, Атанас Филиповски, Биљана Каевиќ и претседателот Миодраг Митровиќ е член и на комисијата за избор на изгледот на објектот на Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција кое се гради според идејното решение на Слободан Живковски.

Уште еден автор и поборник на проектот „Скопје 2014“ кој седел во комисија за избор на идејно решение е и ликовниот уметник Марјан Камиловски. Тој е еден од авторите на Мостот Слобода, а решавал и за изгледот на Факултетот за драмски уметности, објект во близина на мостот, во кој ќе бидат сместени и канцеларии на повеќе државни институции.

Камиловски е автор и на 250 килограми тешкиот релјеф инспириран, како што се наведува во информацијата за настанот, „од сон на свети Павле кога му се јавува Македонец и го повикува да дојде во Македонија“, што претседателот Иванов му го подарил на Папата Бенедикт XVI при неговата посета на Рим во 2011 година.

Камиловски на ТВ Сонце, како еден од авторите, ги презентира „Македонски речник на зборови со езотерични поими“ и романот „Розата од вода“
Во 2010 година кога започна ноќно истоварање и поставување споменици низ градот, Марјан Камиловски ја отвора трибината за проектот организирана од група уметници од која се испрати порака дека „Уметниците посакувале ‘Скопје 2014’ да се случело порано“.

Подоцна тој стана член на движењето Фронт на народот, фронт за Македонија, во предвечерието на настаните на 24 декември кога опозицијата беше исфрлена од Собранието,   па потоа на ГДОМ, а во екот на политичката криза по изборите, заради, како што вели самиот, „недостаток на аналитичари со десно конзервативна определба и светоглед“ е често повикуван како гостин или цитиран со неговите ставови против Сорос и тогашната опозиција.

Во комисијата која го избирала барокниот изглед на новиот објект на ФДУ претседател била Марија Гичева Василева, дипломиран инженер архитект, а покрај Камиловски членувале и архитектите Живко Божиновски, Владимир Мартулков и Наташа Хаџи Лега.

Хаџи Лега исто така членува и во комисијата што го избра идејното решение за факултетите ФИНКИ и Факултетот за физичко образование на Жарко Чаушевски и неговата фирма „Архитектоника“.

Претседателот на комисијата за избор на идејното решение на ФДУ е хонориран со 25 илјади денари, а надворешните членови со по 20 илјади.

Членство во повеќе комисии

Две години откако говори во својство на автор на барокното здание на МНР Лидија Стојаноска се јавува како претседател на комисијата која го избира идејното решение на Палатата Емануел Чучков, каде што се сместени Државен завод за ревизија, Геолошки завод и АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Во комисијата за овој објект членуваат и архитектите Калина Ваневска и Оливера Мукаетова, како и архитект Анче Толеска, која е автор на партерното уредување на кејот на реката Вардар на потегот од Камениот мост до мостот „Слобода“ кај МНР.

Во комисијата за овој објект членува уште еден награден автор, Калина Герасимовка, чиешто идејно решение на Старата учителска школа е меѓу последните објекти од проектот „Скопје 2014“ избрано во јануари годинава, но не е реализирано.

Хонорарот за членувањето во комисијата за Палатата Емануел Чучков е 25 илјади денари за претседателот и по 20 илјади денари за членовите.

Менче Поп Ацева членува во најмалку три комисии. Таа претседава со комисијата за избор на идејното решение на Палатата Лазар Поп Трајков, а член е и на комисијата за измена на фасадата на Владата и за барокниот изглед на Градскиот трговски центар, двете според замислата на Жарко Чаушевски и неговата фирма Архитектоника. Чаушевски еден од често избираните автори чијшто архитектонски израз стана симбол на проектот „Скопје 2014“.

Се чини дека, комисијата која решаваше за изгледот на Владата во чиј состав покрај Менче Поп Ацева се и Борис Никодиновски, Сања Пуздерлиска, вработена во Министерство за транспорт и врски, Стефанка Илиевска и Андрија Фаренфалт, всушност и немаше многу работа.

Изборот на идејното решение на Жарко Чаушевски е претходно верификуван преку анкета на страната на Владата која за многумина беше начин да се избегнат критиките со образложение дека станува збор за решение зад кое стојат мнозинството граѓани што гласале.

(Продолжува…)

http://prizma.mk/skrienite-litsa-zad-skopje-2014/
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6397 Posted: 09-Oct-2017 at 09:30
Убаво е што од Призма се одлучиле да ги побараат, а од надлежните министерства и општина Центар, им ги дале членовите на жири-комисиите за „Скопје 2014“. Сепак, голото наведување на имиња од податоците директно во јавност може да направи проблеми и да доведе до погрешна интерпретација во самиот текст, но и од страна на јавноста.

Не смееме да заборавиме дека на архитектонските конкурси, а особено оние на почетокот од „СК 2014“, од министерствата покануваа членови на жириа преку Асоцијација на архитекти, Град Скопје и други релевантни институции. Претставниците на ААМ, на пример, ги избирала самата асоцијација, а не Канческа-Милевска. Тоа е прво, меѓу овие објавени имиња веројатно има делегирани архитекти од самата ААМ.

Второ, во самите жириа се доделуваат наградите врз основа на гласање. Од денешна перспектива, тие точно знаеме која беше целта на владата со почетните објекти од „Скопје 2014“. Но, од тогашна перспектива самите архитекти можеби претпоставувале, но никогаш не знаеле дека проектот ќе го достигне ова ниво.

Трето, лично знам информации од барем два случаја од архитектонските конкурси во кои надлежното министерство (за култура) не го испочитувало финалниот став, донесената одлука на членовите од овие жириа. Наспроти нивната одлука, самото министерство си одлучило да се гради објектот според друго идејно решение.

Добро е што овој текст на Призма ќе отвори дебата, инаку голото споменување на имиња ништо не ми значи.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6398 Posted: 01-Nov-2017 at 09:47
Скриените лица зад даруваните споменици од „Скопје 2014“

Автор: Тамара Чаусидис
Објавено на 01 ноември 2017


Во најтесното градско подрачје има десетици споменици, од кои 15 се подарени, покажува истражувањето на БИРН. Тие формално не се платени со јавни пари, но се укажува дека постои спрега помеѓу донаторите и партијата која стои зад идејата на проектот „Скопје 2014“.

Имено, во ист ден, на иста седница се носи одлука за одбележување на одредени личности, се прима донација за споменици на тие личности и се одредува одбор за нејзино спроведување, со дефинирана локација што говори дека нивното поставување е однапред договорено, а потоа аминувано преку владеачкото мнозинство во општинскиот совет.

Донирањето како алатка за продолжување на проектот „Скопје 2014“ во авторство на ВМРО ДПМНЕ започнува веднаш по настаните од таканаречениот „црн понеделник“ на 24 декември 2012 година, а во предвечерието на локалните избори, откако критиките за менување на централното градско подрачје станаа дел од политичката аргументација на опозицијата која беше насилно избркана од парламентот.

И додека во јавноста сѐ уште трае шокот од насилното бркање на пратениците и тензиите кои се закануваат да излезат од контрола, советниците на Општина Центар на седница одржана на 27 декември решаваат спомен-обележјата на Борис Сарафов, Петар Чаулев и Методија Шаторов Шарло да влезат во Програмата за култура на општината, со назнака дека се донација од самите скулптори.

Следниот ден на 28 декември 2012, градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ потпишува решение за дополнување на програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја и Советот на општината во програмата ги внесува и скулптурите на Генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Никола Петров Русински, Света Лидија Македонска и Андон Јанев Ќосето. Сите споменици фигурираат како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци од Лерин, кое подоцна во името го вклучува и топонимот Крушоради.

По локалните избори 2013 година во кои опозицијата го добива градоначалникот на Центар, а градската власт останува во рацете на ВМРО ДПМНЕ, спомениците иако уште непоставени се префрлаат во надлежност на Град Скопје, а таму се префрла и дарувањето.

Донираните споменици од Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради во 2013 година сѐ уште не се поставени, но сè наведува на тоа дека тие се веќе излиени и чекаат во некој склад да бидат истакнати на локациите кои веќе им се определени.

Одлуката на Град Скопје за преземање и чување датира од декември 2013, додека самата донација Градот ја одобрува подоцна во јули 2014 година, a спомениците се поставуваат во септември истата година. На претходно донираните пет споменика на Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради се приклучува и споменикот на Ѓорѓи Сугарев.

Во електронскиот гласник на Град Скопје во одлуките за преземање на спомениците во 2014 година секој од нив е претставен не само со локација туку и со цртеж кој покажува како ќе бидат преставени фигурите и со детални параметри за висината и габаритот.

Но донациите тука не завршуваат. Речиси година подоцна, повторно од Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин примена е донација за спомен-обележје на Македонците бегалци од Граѓанската војна во Грција и донација од Фондот на холокауст на Евреите од Македонија за Македонски паметник за жртвите од холокаустот.

Градот Скопје во 2015 прима уште неколку донации од автори на бронзени фигури на Партение Зографски, Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчоски и Христофер Жефаровиќ.Тие се поставуваат на оградата на кејот на реката Вардар на потегот од МНР до Археолошкиот музеј.

Истата 2015 година, Градот Скопје прима и донација од фирмата Урбан инвест која го градеше Плоштадот на ВМРО во Скопје. Фирмата го донираше лавот, централната фигура во фонтаната која чини 500 илјади евра, на авторката Елена Дуковска.

Кој донирал и кој потпишал?

Првите донации како начин да се заобиколи процедурата со јавни пари да бидат плаќани спомениците и објектите на „Скопје 2014“ доаѓаат од самите скулптори кои добиле хонорари за избраните решенија на нивните скулптури.

Валентина Стевановска, Миле Брцески и Кирил Мукаетов се авторите на спомениците на Борис Сарафов, Петар Чаулев и Методија Шаторов Шарло што Општина Центар ги прима како донација на крајот од 2012 година, во неделата на таканаречениот „црн понеделник“.

Стевановска е најпознатиот скулптор на спомениците во рамките на проектот. Таа како автор потпишува повеќе дела меѓу кои е и скулптурата Воин на коњ, на Филип и порта Македонија и се смета за најплатен автор . Таа воедно е скулптор за најголем донаторски капацитет. Освен на Сарафов, бесплатно изработила и два споменика подарени од Здружението на Ташко Јованов како и споменикот на Александар Македонски во општина Аеродром.

Кирил Мукаетов заедно со Стевановска е автор на идејното решение за споменикот на Мајка Тереза.

Миле Брцески, покрај донираната статуа на Петар Чаулев е автор на наградените идејни решенија за споменик на Тодор Александров и Павел Шатев.

Контроверзното здружение на Ташко Јованов за Духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин е најголем донатор. Тие донираат вкупно седум спомен обележја, во време кога континуирано добиваат помош од Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Предлагач за примање на донацијата се тогашните градоначалници на Центар, односно на Град Скопје – Владимир Тодоровиќ и Коце Трајановски.

Одлуките за прифаќање на донациите се носат на седници на советниците на Општина Центар и на Град Скопје потпишани до претседателите на Советите, Владимир Здравев, односно Ирена Мишева. И двајцата се експонирани функционери на ВМРО ДПМНЕ. Здравев е претседател на Советот на Општина Центар , а до 2010 е и директор на МЕПСО, а Мишева е неизвршен директор на Македонски Телеком чијшто глас се слуша во „бомбите“ каде што се договара исклучување на одредени телефонски броеви на противничката СДСМ за време на локалните избори во 2013.

И Центар и Град Скопје со прифаќањето на донациите се обврзуваат да управуваат, чуваат, одржуваат, и да ги заштитуваат спомен- обележјата со свои средства и за секој споменик е назначен одбор што ќе спроведува постапката за нивно подигање.

Во тие одбори се вклучени главно советници на тогашната владејачка партија. Во одборите на општина Центар е и Виолета Самарџиска, основач на невладината организација „Акорд“ која уште во 2010 преку познати режисери, скулптори и музичари го бранеше проектот „Скопје 2014“. Во истражувањето на БИРН во 2013 година, Самарџиска вели дека здружението „Акорд“ не е повеќе активно, но во регистарот на Управата за јавни приходи тоа сѐ уште постои.

Во одборот е и Дамјан Мирчевски, инаку организационен секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, советник во Центар во два мандата, а подоцна и пратеник во Собранието, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Унијата на жени на истата партија.

Во одборите членува и професор Бранислав Саракањац, исто така советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар. Овој универзитетски професор во 2010 јавно застанува во одбрана на проектот „Скопје 2014“ модерирајќи трибина на која се промовира тезата дека барокот како правец е карактеристичен и за македонската архитектура, а подоцна во колумна ги осудува критичарите на проектот за кој вели дека е „нешто наше и автентично“.

Саркањац на изборите 2013 преку листата на ВМРО ДПМНЕ станува советник на Град Скопје и претседава со сите одбори задолжени за поставување на спомениците донирани од Здружението на Ташко Јованов, а членови на одборите се Марјан Додовски и Љупчо Трпевски.

Додовски е еден од старите членови на ВМРО ДПМНЕ кој по расколот на партијата остана со поранешниот лидер Љубчо Георгиевски и со него замина во новоформираната ВМРО Народна партија на која извесно време ѝ беше и претседател. Во 2011 се враќа во матичната ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски и на локалните избори стана советник во Град Скопје од таа партија.

Трпевски е избран член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во 2013 година.

Последни примени се донациите во 2015 на неколку скулптори чиишто дела веќе се инкорпорирани во проектот „Скопје 2014“, како и компанија која не може да се пожали на висината на склучените договори, иако не влегува во петте најголеми изведувачи на проектот.

Димитар Филиповски, Кристина Пауновска, Зоран Тошевски и Слободан Милошевски се донатори на скулптурите на Партение Зографски, Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчоски и Христофер Жефаровиќ.

Филиповски е автор на неколку споменици во рамките на „Скопје 2014“, како што се Цар Самуил, неколку скулптури на мостот “Око“ и споменикот на Ченто.

Пауновска е застапена во помал обем во споменичната колекција на проектот „Скопје 2014“ за што склучила договори за споменикот на Питу Гули и скулптура на Мостот на уметноста.

Тошевски меѓу другото ги потпишува скулптурите на Плоштадот Света Богородица и Стариот театар,како и на Мостот на уметноста.

Милошовски исто така работи на скулптури на Стариот театар, а негово е и Првото заседание на АСНОМ и скулптурите на Мостот Око.

Урбан инвест е единствената компанија која се вклучува во друштвото на донаторите на „Скопје 2014“. Оваа градежна фирма има десетина договори за градба или поставување споменици, илуминација, нови фасади во рамките на проектот „Скопје 2014“ во вкупен износ од 5,8 милиони евра.

Како Ќосето стигна пред Судската палата

Првичната локација на споменикот на историски контроверзниот лик Андон Јанев Ќосето е на раскрсницата пред Македонската радиотелевизија. Но, во 2014 советниците на Град Скопје прифаќајќи ја донацијата што претходно Општина Центар ја доби од Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради решаваат обележјето на ликот со камата познат по убиство врз неистомислениците да биде лоциран пред Судската палата.

http://prizma.mk/skrienite-litsa-zad-daruvanite-spomenitsi-od-skopje-2014/
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6399 Posted: 05-Nov-2017 at 21:11

Ск2014 домофон

До театар за деца и младинци





Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6400 Posted: 11-Nov-2017 at 12:31



пошто фалц дил терале та не го доистерале ... него што е со анкетите, кај Фосил дозакачената вели 33% подршка за, а овде отповеќе, може треба да е еден фри-анонимен пол по ип-адреса, но на главна страна и на порталот и на форумот, како би добиле што почиста претстава за естетскиот акал на постојниот македонски плебс

хм да знае истиот навистина кој е залогот, т.е. политичарите и службите зад нив да беа 100% искрени, сигурно со леснотија ќе испеглаа истераа поентираа сеопфатно секаква недоносеност посреди проектов нели паднат од марс, а всушност е елитистички начин некој да си осигурал макроекономска макроисториска ем макробезбедносна политика, ама чорба, пошто Христијани а види богати они да ти терале пагански, па сега цацко им е крив што нивните мецени решиле да ги удрат по уши, и јасно ги заменат со нова гранапчиска екипа која се' ќе им испорача, но и тие ко и претходниве таман ќе стасаат до крај и нема да ја истераат, но нели надежта последна умира, дури и кај оние христљијани кои тргнале да думаат по духит од овој свет ..

сигурно и за ова ќе удриш но стартрек сеир, ама што сме ние криви што сеуште не држат навлечени на кабловска телевизија
Originally posted by Cloverstack

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 318319320321322 328>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.766 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.