build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 327>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 431
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 05-Feb-2010 at 12:56
Разбирам. И тука ги имаме сите изредени проблеми, и во нашиот парламент или општински совети и денес пратениците се сведуваат на гласачки машини без трунка независност. Но сепак, лека полека многу глупости можат да бидат прекинати, благодарение на акции на разни граѓански организации. Така е насекаде, владите и општините се обидуваат да прокарат разни лоши нешта и се од таму натаму зависи од имунитетот на дадената заедница да се спротивстави на нив. Ви посакуваам да иницирате нешто во заштита на добрите идеи и мислења кои прочитав во темата! Cheers

Edited by pavche - 05-Feb-2010 at 12:59
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 05-Feb-2010 at 13:04
Originally posted by pavche

Разбирам. И тука ги имаме сите изредени проблеми, и во нашиот парламент или општински совети и денес пратениците се сведуваат на гласачки машини без трунка независност. Но сепак, лека полека многу глупости можат да бидат прекинати, благодарение на акции на разни граѓански организации. Така е насекаде, владите и општините се обидуваат да прокарат разни лоши нешта и се од таму натаму зависи од имунитетот на дадената заедница да се спротивстави на нив. Ви посакуваам да иницирате нешто во заштита на добрите идеи и мислења кои прочитав во темата! Cheers


точно, тоа се се детски болести на нации кои транзитираат кон демократија. Граѓанскиот сектор кај нас е повторно или комплетно непостоечки или крајно инструментализиран.

Не за џабе и со право некои членови тука параноично реагираат на т.н. "соросоиди" и сличните. Во една таква констелација, дури и онаа малку искрена граѓанска свест доаѓа на отстрел или од едните или од другите, како што впрочем оваа година се случи на немилите мартовски протести токму против ова што вчера го видовме преточено во анимација.

Моето лично мислење за НВО заедницата во Македонија е прилично ниско.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 05-Feb-2010 at 13:12
@dacito

спрема мене имаш напишано доста балансиран осврт на тоа што ни го презентираа вчера.

Да не се повторуваме би одговорил само на 2 дела.

1. За спомениците. Да ги игнорираме историските прилики/дилеми околу нив бидејќи не ни се тема, би го кажал само следново. Ако претпоставиме дека сите тие споменици се нужни, мислам дека е голем проблем тоа што се натрупани така на купче. Мислам дека ќе беше подобро наместо да се направи еден тематски парк од центарот тие да се дисперзираат и низ градот. На пример малото плоштадче кај Еуростандард банка/Шведска амбасада плаче за оформување и за една скулптура или фонтана во средина. ОК сепак таму би ставил нешто модерно а не коњаник, но...
Дополнително, мислам дека модерните скулптури кои се изнаредија претходно како разни шмизли и сл, не припаѓаат на еден ретро плоштад како што се обидуваат да направат.
2. Точно, доволно беше центарот да биде тиња, мислам дека сите сме за тој конечно да се дооформи и изгради. Сепак дали е ова единствениот начин? Вистинскиот требаше да биде еден меѓународен, транспарентен конкурс. Центарот на градот го заслужува најдоброто што светската архитектура може да понуди и мислам дека тој требаше да биде пристапот, и тоа што ќе се усвои да се реализира до крај како што и самиот кажа.
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 05-Feb-2010 at 13:25
Последните измени на ДУП Мал ринг се усвоени на седницата одржана на 28.01.2010

Од тогаш до вчера се направени серија јавни расправи и конкурси за утврдените нови локации, и по утврдувањето на изгледот на објектите што ќе се градат на новите локации, направено е ова видео за граѓаните да имаат увид во “последните“ измени на планот.....

Па и пиксар да работи на “Скопје 2014“ нема да може да ги визуелизира новите измени за една недела. Од авион се гледа дека некој постојано ги злоупотребува институциите за да си ги реаилизира своите идеи, додека нас ни се сервира фарсата на “донесување“ на измени на ДУП, рокови за жалби, увид на планови.... Демек имаме можност да промениме нешто, а власта е транспарентна цело време Dump
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 05-Feb-2010 at 16:43
Dečki nekam nogu da vi se mešam vo muabetot...Cheers
Ama vaka sekoja čest na pbanks za nesebičnost i realizam, a drugite malce smirete se, mnozinstvoto se znae šo saka pa može nekoj na trepki da zastane. Da stvarta ima slabosti i na nekoj im e zakon na drugite krš, meni isto ne mi odgovaraat tolku spomenici pa šo. Imate školi instituciji, učete se pa zaposlete se na tia poziciji kaj šo stvarite se odlučuvaat pa moš ke smenite nešo. Inaku back off, ili pa stvarno imate nekoi kompleksi sami so sebe, razčistete malce so sebe.

Ps.ISL od kako sum tuka mi se sviga tvojot pristap na stvarite, ne si žestok podpirnik na Makedonizmot imaš nekoj svoj pristap, I like it Thumbs%20Up.

A da ako ne vi odgovara spodelinoto mislenje.... pa izbrišete go, bidejki jas sum prostak a nekoi se elita )
 
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 05-Feb-2010 at 16:54
Луѓе, ние уште не знаеме кој официјално стои зад проектот „Скопје 2014“. Редефинирањето на центарот на еден главен град е многу сериозна работа. Не може тоа да се прави инкогнито. За ваква работа мораше да има сеопфатен меѓународен конкурс и широка стручна дебата.
Конечно нека се појават во официјално својство тие опасни фраери што го обмислиле и што го реализираат „Скопје 2014“. Да ги видиме кои се и да кажат по кој основ си зедоа за право да направат ова. Јас сум сигурен дека и покрај сите намештаљки и гласачки машинерии, сепак процедурата е грубо нарушена (ако ништо друго барем тоа што спомнав со конкурсот). Нека се појават фраерите и нека застанат зад својот проект со целосна одговорност. Не може вака радикално да се менува ликот на главниот град и да се трошат огромни суми народни пари за таа цел, а зад проектот формално да не стои никаков субјект.

Всушност, и ако ја баталиме целината и ако ги разгледуваме поединечно проектите, не верувам дека запазиле процедура. Еден ден ќе се обелоденат составите на тие комисии (претпоставувам секогаш отприлика една иста постава) кои дигале прсти за се и сешто... Ќе се обелоденат записниците од тие комисиски „стручни расправи“ (ако воопшто нешто се дискутирало)... Ќе се обелоденат образложенијата (ќе имаме на што да се смееме)... Не верувам дека некој ќе наседне на приказна дека одеднаш се изгубиле сите тие документи... Ќе има простор за некои да бидат повикани на одговорност, само се надевам дека како општество ќе созрееме доволно за навистина да ги повикаме.

Како народ сме немале прилика да го градиме главниот град во 18 или 19 век според тогашните западноевропски текови, па еве сега во 21 век ќе надокнадиме. Тоа е смешно. Но испуштањето на шансата која ни ја пружи земјотресот (колку и да звучи тоа сурово) да направиме светски град, тоа е веќе жално.

Со оние кои што во образложена критика гледаат инает и предавство, воопшто нема да влегувам во дискусија.

Да имав 10 или 11 години, веројатно ќе бев воодушевен од планов... Но бидејќи имам малце повеќе, можам да предложам само алтернативно име - „Скопје 1814“

Немам време сега, па подоцна ќе прокоментирам редица интересни детали што се забележуваат на анимацијата.


---------------------------------

@ Tagged
Многу трезвена анализа  Applause
Во целиов набој често забораваме да ги погледнеме работите од алтернативни перспективи



@ Vahr
Тешко дека некој ќе даде таков отчет, ама еве некои податоци кои ми се врежале во глава:

- Скулптури и споменици во Општина Центар, за минатата и оваа година - 17 милиони евра
- Уставен Суд - 25 милиони евра

Мислам доволно се насетува колку ќе не чинат нечии детски фантазии и фикс идеи


@ fichot
Потполно сум на иста линија со размислувањето


@ kitkiritki
Секоја чест за трпението да склопиш толку опсежна и квалитетна анализа Applause
Навистина, малку излезе од некои условно речено „пожелни рамки“ на дискусија, но ретко кога тоа било толку оправдано. Задоволство беше да се прочита таков пост.



Originally posted by lslcrew

Somebody made fool of that Macedonia can't afford even this culture square. So that's why nobody can make fool of us through upcoming years. These years is the culture, so I hope and I know it will be the infrastructure next. But it's a matter of ideology and personal beliefes what should go the first.
No, in a normal country it is not a matter of "ideology and personal beliefes" what should be done first. In any reasonable society, you take care of existential matters first, and then you go about the other stuff (and I have a big objection to calling this madness, "culture"). It is very simple: if you are poor, you don't have the luxury to throw money on unproductive stuff. First you must invest wisely, so in the future you will have money for the less basic stuff. If you are poor and you invest in a stupid way like us, you remain poor (or worst, you go bankrupt).
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4982
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 05-Feb-2010 at 17:05
Мене ми е само жал што луѓето мислат дека ние што сме против ова сме уствари снобови со кренат нос, соросоиди или антимакедонисти.

Мислам стварно размислете, зошто мене би ми било убаво ако го унаказат градот? Една логичка причина (без теории на заговор, доволно се смешни тие 100 што ги имаме слушнато досега).

Никој од нас не рече дека сме елита, а вие простаци. Тоа го вели светот за Туркменистан и Северна Кореја, а ќе го вели и за нас - и секако, ќе кажите чекајте да видиме, не знаеме уште, во 2014 плукајте - и тоа се вика наместо да учиме од туѓи грешки ќе учиме од наши.

Секако, како големи манги ние сме самостојни и многу горди, затоа не нè интересира што мислат другите за нас, туку правиме нешто бидејќи нам ни се допаѓа (нели луѓето со опасно цврст карактер се такви, па така и државата).

Јас би сакал да испаднам и глуп и хејтер, и Македонија еднаш та конечно нека ја прогласат во сите држави и сите планети земја не на Александар, и на Јуриј Гагарин (ете, нека бегаат парите мои за таа пропаганда), само ме интересира што ќе постигнете вие после? Ќе се чувствувате полни?

Прочитавме многу паметни работи про оваа работа, да, секоја чест за постовите, но факт е дека ние зависиме од остатокот на светот бидејќи очигледно е дека неспособни сме сами да направиме било што (нели чекаме странски инвестиции, не инвестираме самите, не е комунизам), па така треба и да имаме предвид што кажуваат странците за нас, а не што кажуваме ние за нас. Тоа никој не го зеде предвид.

Во Туркменистан и Северна Кореја здрав човек не вложува пари. А како што ми личи и кај нас е така последниве години. Причина? Најдете ја сами.

Не сакам да се осетите маргинализирани од елитата која го нејќи овој проект. Само размислете, власта го управува народот или народот ја дава власта?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 05-Feb-2010 at 17:28
Originally posted by Makedonij

Dečki nekam nogu da vi se mešam vo muabetot...Cheers
Ama vaka sekoja čest na pbanks za nesebičnost i realizam, a drugite malce smirete se, mnozinstvoto se znae šo saka pa može nekoj na trepki da zastane. Da stvarta ima slabosti i na nekoj im e zakon na drugite krš, meni isto ne mi odgovaraat tolku spomenici pa šo. Imate školi instituciji, učete se pa zaposlete se na tia poziciji kaj šo stvarite se odlučuvaat pa moš ke smenite nešo. Inaku back off, ili pa stvarno imate nekoi kompleksi sami so sebe, razčistete malce so sebe.

Ps.ISL od kako sum tuka mi se sviga tvojot pristap na stvarite, ne si žestok podpirnik na Makedonizmot imaš nekoj svoj pristap, I like it Thumbs%20Up.

A da ako ne vi odgovara spodelinoto mislenje.... pa izbrišete go, bidejki jas sum prostak a nekoi se elita )
 


Каде го виде ти тоа дека мнозинството одлучува за се? Тоа е полн апсурд, кој во комунизмот се покажа како неприменлив! Се разбира дека елитата (под таа елита не се подразбираат Камчеви, т.е. новопечените богаташи, туку интелектуалната елита на земјава, колку и да е мала таа не е за потценување а низ форумов јасно се отцртуваат членовите кои таа елите ќе ја наследат и надоградуваат), е двигател на целокупниот раст и развој на државата во секое поле!

Никаде во своите постови не спомена зашто тебе ти се допаѓа ова (аргументи од така ќе биде поубаво или поинтересно не држат заради огромните купишта пари кои би се потрошиле. Дајте еден Дизниленд да изградиме до Скопје и да го решиме проблемот со интересността). Станува збор за СЕЧИИ ПАРИ и на Скопје и на Виница и на Битола, Тетово, Гевгелија, Струмица итн затоа што парите доаѓаат од републичкиот буџет! Вака кажано може би ќе се замислат членовите од другите градови околу оправданоста на проектов. Јас лично верувам дека не би преферирале Скопје да има центар со 300 фонтани и скулптури (кои сами по себе не продуцираат ништо освен естетика, атрибут кој е во исклучителен дефицит во овој проект), а патот за Струмица или Битола да е во ужасна состојба.

Јас луѓе повеќе навистина незнам што да кажам. Сите причини ги споменав во претходните постови. И да не стане збор за естетско-функционалната вредност на проектов, да се градеше новиот Гугенхајм, пак ќе бев против (не волку сепак) затоа пто Македонија е земја која уште не е стапила здраво на земјата за да може на овој богат начин да го прослави својот успех и егсистирање! Македонија е земја со 0 инфраструктура, особено во внатрешноста и место вие кои живеете во тие за жал пеколно запуштени градови се борите со сите сили против ова лицемерно налагање на Скопје како апсолутен надмоќен и приоритетен центар, вие поддржувате проект кој нема ништо да му донесе на Скопје, а камо ли на жителите на другите региони!


Edited by pbanks - 05-Feb-2010 at 21:56
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3910
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 05-Feb-2010 at 17:32
Originally posted by гитардемон

Мене ми е само жал што луѓето мислат дека ние што сме против ова сме уствари снобови со кренат нос, соросоиди или антимакедонисти.

Мислам стварно размислете, зошто мене би ми било убаво ако го унаказат градот? Една логичка причина (без теории на заговор, доволно се смешни тие 100 што ги имаме слушнато досега).

Никој од нас не рече дека сме елита, а вие простаци. Тоа го вели светот за Туркменистан и Северна Кореја, а ќе го вели и за нас - и секако, ќе кажите чекајте да видиме, не знаеме уште, во 2014 плукајте - и тоа се вика наместо да учиме од туѓи грешки ќе учиме од наши.

Секако, како големи манги ние сме самостојни и многу горди, затоа не нè интересира што мислат другите за нас, туку правиме нешто бидејќи нам ни се допаѓа (нели луѓето со опасно цврст карактер се такви, па така и државата).

Јас би сакал да испаднам и глуп и хејтер, и Македонија еднаш та конечно нека ја прогласат во сите држави и сите планети земја не на Александар, и на Јуриј Гагарин (ете, нека бегаат парите мои за таа пропаганда), само ме интересира што ќе постигнете вие после? Ќе се чувствувате полни?

Прочитавме многу паметни работи про оваа работа, да, секоја чест за постовите, но факт е дека ние зависиме од остатокот на светот бидејќи очигледно е дека неспособни сме сами да направиме било што (нели чекаме странски инвестиции, не инвестираме самите, не е комунизам), па така треба и да имаме предвид што кажуваат странците за нас, а не што кажуваме ние за нас. Тоа никој не го зеде предвид.

Во Туркменистан и Северна Кореја здрав човек не вложува пари. А како што ми личи и кај нас е така последниве години. Причина? Најдете ја сами.

Не сакам да се осетите маргинализирани од елитата која го нејќи овој проект. Само размислете, власта го управува народот или народот ја дава власта?
 
 
bravoApplause
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2490
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 05-Feb-2010 at 19:00
@ AntiNGO: dobro eve ti shetan covek si, ja edvaj malce podaleku od Balkanov imam mrdnato, kazi mi vo Danska denes kakvi stilovi na gradenje praktikuvaat? 
Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 05-Feb-2010 at 19:06
АЈ да пробам да вратам малку назад. Забележувам дека упорно некој мисли дека ставот против Скопје 2014 е предавнички??? Пробајте прочитајте подобро и прекинете со политичкото самообојување.  Доколку си обоен, не летај со мислите дека другиот бидејќи го нема твојот став, е од другата страна. Може некој од луѓето на кои им се допаѓа проектов, бар малку да се потрудат подетално да ми го објаснат, што е тоа Ок? (целта ми е да добијам мислење, не да исмејувам или пак да провоцирам)< = < =
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 05-Feb-2010 at 19:13
Originally posted by fichot

@ AntiNGO: dobro eve ti shetan covek si, ja edvaj malce podaleku od Balkanov imam mrdnato, kazi mi vo Danska denes kakvi stilovi na gradenje praktikuvaat? 
 
Данската архитектура е под директно влијание на холандската со барокни примеси и споени градби во различни фасади.
 
Меѓутоа, парламентот, кралската резиденција, универзитетите се во стриктно антички стил со дорски столбови.
 
Споменици на секој чекор. Од некој си викингшки крал (нели им ја земаат историјата на Норвежаните и Исландѓаните и Швеѓаните хаха) до некој си анонимен писател, за кој никој не чул.
 
Побарајте фотоси ќе видите, ме мрзи да барам.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 05-Feb-2010 at 19:19
Јас стварно сум загрижен за твојата ментална состојба! Те праша човекот фино ДЕНЕС какви градби се градат, не тоа што се градело во минатото! Ете кажи ти овие објекти ала кралски дворци и универзитети кога се градени и кажи Копенхагската опера кога е изградена и во каков стил! Нека не те мрзи да бараш слики, белким ти е јасно дека со таков пристап не се учествува во форум!

ДАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ:

The present building is the last in a series of successive castles and palaces constructed in the same site since the erection of the first castle in 1167. Since the early fifteenth century, the various buildings have served as the base of the central administration; until 1794 as the principal residence of the Danish kings and after 1849 as the seat of parliament.

Bash

Не бе па ти знаел! Ако знаел немаше вака да објаснува лаички и од ракав!


Edited by Andrej_LJ - 05-Feb-2010 at 19:25
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 05-Feb-2010 at 19:23
Anti-NGO  еден момент само, знаеш кога се изградени тие објекти во Данска?< = < =
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 05-Feb-2010 at 19:39
Парламент
http://www.ft.dk/English.aspx
http://en.wikipedia.org/wiki/File:Christiansborg_Slot.jpg
 
Универзитет
 
Операта е стварно ултрадерна ама да бев јас како вас, ќе кажев дека идејата е земена од  Sydney Opera House затоа што дел е на море. Модерно здание е и Црниот дијамант (библиотеката) и толку.
 
Инаку, во принцип не се гради многу, а и тоа што се гради се гледа да се вклопи во постоечкиот стил. Значи нема висококатници, еднолични градби и сл. Да дојде некој од вас тука нема да ви се верува колку се ''назадни" и ќе ви се сруши клишето за тоа што е модерно и како е во Данска.
 
Значи, си го почитуваат минатото, не сакаат нови градби, не ги интерсира еврото, евроскептици се, имаат стара архитектура, гајле им е за евроатлантски срања и се една од најбогатите нации во ЕУ. 
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 651
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 05-Feb-2010 at 19:44

ja gledav animacijata utrovo, rekov nema da komentiram dodeka ne ja vidam uste ednas, pa da analiziram objekt po objekt. No nemav sila da go storam toa uste ednas. Navistina ya vkusovite ne teba da se diskutira, no ona sto sakaat da go napravat so centarot na Skopje e edna sramotno i odvratno Potemkinovo selo. Gledam na nekoj i mu se dopaga. Andrej, dzabe se nerviras, ova e prosta ravenka, na tie sto im se dopaga se pomnogubrojni od tie na koi ne im se dopaga ovaa srednoaziska kicerajska budlastina. Zatoa i pobeduvaat, zatoa Makedonija e na ova deredze, zatoa ne ne buva, od opaskata na evropa, otidovme vo Azija.Ne znam sto e poloso, dali  spomenicite nafrlani na edno mesto, dali kretenskata triumfalana kapija, LCD fasada, strasno jas ne znam sto gleda covekot vo Kopenhagen, sum bil tamu, se e skladno i osmisleno, milina da setas niz nego.

Jas sum protiv toa bilo sto da se gradi na plostadot, toj e edinstvenoto nesto sto mi se dopaga vo Skopje od arhitektonska gledana tocaka, bi dodal samo poveke zelenilo. Bi gradel samo na levata strana, o taka e tamu zapusteno. I uste edna rabota ako resat da go realiziraat ovoj plan, a sigurno ke pocnat so gradenje, se raboti za skapo zemjiste, toa ke trae so godini, plostadot ke bide raskopan uste deset godini. Edvaj docekavme Penov da zavrsi so ureduvanjeto, sega pak kla i prasina.

Samo se prasuvam, dali graganite mozat da ja sprecat realizacijata. Samo tao bi mi ja vratilo nadezta.

Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 05-Feb-2010 at 20:03
Некој од вас, елитистиве и просветлениве, во наплив на омраза кон своето спомна за Германиа, планот на Хитлер за новиот Берлин. Баш пред ден имаше на Дискавери за тоа и планот беше величествен. Не треба да имаме баласт за тоа што бил план на Хитлер. По некоја случајност, да се реализираше тоа, ќе ги засенеше и Рим и Парис и сега сите вие што само зборите ќе се фалевте дека сте биле таму и ќе постиравте слики на Фејсбук. Само видете го планот.
 
И да ве прашам нешто, дали Германците беа глупави што го реконструираа стариот изглед на Лајпциг и Дрезден со предвоени планови?
 
Дали Американците се глупави што скоро секоја владина институција е во антички стил?
 
И конечно,  дали баш ние се најдовме да заговараме откажување од своите корени во името на некаков модернизам?
 
И дали тоа не е доказ дека сме дрво без корен, дека нашиот идентитет е нејасен и затоа се правиме ултрамодерни?
 
На што личи Скопје моментално, без душа, небаре градот на гревот е, само коцкарници, кладилници и кафичи и кинески ѕидови? Тоа ли е модерно за вас? Тоа ли е прогрес?
 
Зашто никој од вас не се буни за Влајко, Лумикс, Кинески Ѕид, Тифани, Дебар Маало?
 
Зашто се буните за црква, а не ви сметаат 1000 џамии во Центар и Чаир итн? Зарем не сте отишле до Охрид да видите колку нови џамии од сериско производство има?
 
Зошто ви смета Александар?
 
Кога некој ќе ми одговори на овие логични прашања, ќе почнам да размислувам за некои од аргументите што ги давате.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 651
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 05-Feb-2010 at 20:10

Da me ispadnam eptem negativen vo skopje mi se dopaga i starata carsija, i Vodno, i Matka, od naselbite mi se dopaga Taftalidze, Kozle i Crnice, tamu gi pominav studentskite denovi. pa i aerodrom, ako se zeme vo predvid deka e koncipiran kako sovremena naselba. Ima ubavina vo Skopje, samo treba mudro da se izvlece na povrsina.

Ne mislamda se dokazuvam kolkav patriot sum, samo ne sakam da mi se smeat odstrana kako izgleda glavniot grad na moajta zemja. 

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1166
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 05-Feb-2010 at 20:10
Што е прекрасно Гитардемон, зашто антихрист засшто антимакедонец, ако даваш свое мислење. И јас мислам слично како ненад. Скопје е проектиран по земјотресот од Јапонски архитект како широк отворен и модерен град, со широки улици и големи простори за зеленило. И денеска во тие простори се чичкаат многу згради. Колку е голем тој наш плоштад во Скопје 7-8 хектари јас мислам многу помалку 3-4 хектари, на олку мала површина да му напикаш нови градежни објекти со стилови поинакви од денешните тоа навистина е еден кичерај. Ајде разбирам споменици на Даме Гоце и други те наши историски личности но зошто во центаропт на сите споменици споменик на Александар Македонски тоа како владата да прави мамка, еве ви споменици а главен е Александар, и ние треба сега да кажеме дека иимаме 3000 годишна историја?. На овие простори е опасно сам да се ставаш во центарот на историјата а другите околу нас  да ги туркаме понастрана како помалку важни . Мислам дека стварно не е потребно сето ова има оваа држава многу поважни економски културни земјоделски и било какви задачи за решавање за да идните наши генерации имаа поубава иднина.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4982
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 05-Feb-2010 at 20:25
abe dragan se zaebavav sakav da mu kazam sto ke kazat drugite clenovi za nego, razbra nenad.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 327>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.703 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.