build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 327>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 05-Feb-2010 at 20:34
  Anti NGO, znaes malku go optovaruvas forumov so svoite razmisluvanja. Kako da go slusam Latas. Mislam deka go zgresi mediumot, ovde gledame na problemot od urbanisticka i arhitektonska gledna tocka. MOzam da recam i jas za tebe deka ne i mislis dobro na Makedonija zatoa sto sakas grd plostad, kade ke ne dovede taa diskusija. Cudno mi e i zosto  ne ti se dopaga Kopenhagen,  mene toj mi e eden id poubavite gradovi vo Evropa, posebno Kristijanijapominav prekrasni 30-tina dena tamu,. No Dancite ne se pravat so sila pametni, ne prezele nikakvi drasticni izmeni vrz gradot nego postepeno go razvivale

Е тоа е гласот на 70% од македонската популација... нажалост.[/QUOTE]
 
Е тука се слагаме. Може дури и повеќе од 90%. Иако си ироничен, и можеш да пукнеш само од мака, зашто си и ќе си останеш малцинство, колку и да лаеш и да го навредуваш мојот народ.
[/QUOTE]
Back to Top
ел_ченто View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ел_ченто Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Feb-2010 at 20:41
Искрено, кога прв пат го погледнав видеото се запрепастив. Се обидувам да изградам што е можно попозитивен став за целиов проект, со оглед на тоа што ќе морам да го гледам многу често Најпозитивен сум во однос на театарот и филхармонијата. МНР би изгледало пристојно да не се пренатрупало со милион мали и ситни детали, како капителите и слични безвезни работи во грчко-римски стил. Хотелите се катастрофа, како и обновувањето на фасадите на околните објекти. Фонтана на плоштад е нешто што јас одамна го чекав, ама не и Аце на неа. Делува предимензионирано и монструозно. Офицерскиот дом (кој виси, реално гледано, тој или црквата) е релативно поднослив, како објект, иако не го поддржувам. Архивот, со мостот Око се најголемата катастрофа од целиот проект, изгледа страшно недефинирано, главно поради стаклената внатрешна фасада, во комбинација со колони и фронтон, а најстрашни се оние „антени“ на страничните куполи. Кога сме кај куполи, ќе ги имаме милион. Ама ако навистина се направи централната на собранието...отидосмо. Франкенштајновска е. Обелискот е подобар од што го замислував, може да се каже дека го поддржувам. Со скулптурите навистина претераа. Ги има премногу. А Гоце и Даме на коњ? Лавовите се единствено интересни. Тоа е во главно мојот став.

Во однос на стилската конкретност: ќе може да се пофалиме дека имаме плоштад во бруталистичко-класицистичко-грчко-римско-модернистичко-византиско-отомански архитектонски стил (последните 2 во однос на црквата и џамијата, а и отомански во однос на турли тава )

Најголема и најстрашна утка на проектот е тајмингот.
Прва тајминг грешка: економска криза, ама ај, како што вели еден неделник кризна држава од криза не се плаши.
Тајминг грешка 2:Некои од објектите би биле навистина добри да се изградени во некое дамнешно минато, како на пример триумфалната порта. Но нема смисла за такво нешто во 21 век.

П.С.: Најдобар дел од клипот ми беше раскланцаната 22, само колку да не врати во реалноста, и проблемите кои требаше да имаат приоритет, како јавен превоз, инфраструктура и се останато што не оптоварува нас, обичните смртници.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 05-Feb-2010 at 20:44
Само отворете на Српските и на Бугарските подфоруми на ССЦ, почнаа да паѓаат заебанции на наша сметка. Прашање на време е кога ќе се рашири и по другите. Срамота.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 05-Feb-2010 at 20:47
Anti-NGO само што сакав нешто да ти одговорам но ненад е во право се оптеретува форумов. Но сепак ќе кажам нешто за тој Александар. Зошто пак толку тој се експлатира во последниве 4-5 години и што тој толку значи за нас?. Дали тој е основата и генезата на постоењето на нашиот народ, по мене тоа се толку истресени глупости и непотребни нешта што немаат врска со сегашноста. Мое мислење дека нашата историја е најсилна од времето на 19 век и 20 век толку за тоа. Зошто сега споменик од него на центар во плоштадот и Скопје да му дава печат токму тој, тој е посилен од Гоце Даме Никола Карев од Илиндеско востание од Кресненско востание од словенските просветители од македонската револуција од НОБ зар стварно е тој александар поголем од овие. Затоа мислам плоштадот не треба да се касапи со ама безначајни вакви споменици. ОД затворен простор со многу згради кога човек оди тој губи ориентација, а тоа јас за Скопје не го сакам, можеби малку претерав ама искажав свое мислење.
Американците никогаш(заборавив да ти кажам) не градат античка архитектура нивната архитектура е челична конструкција



Edited by La Linea - 05-Feb-2010 at 22:25
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 05-Feb-2010 at 20:47
Originally posted by nenad

  Anti NGO, znaes malku go optovaruvas forumov so svoite razmisluvanja. Kako da go slusam Latas. Mislam deka go zgresi mediumot, ovde gledame na problemot od urbanisticka i arhitektonska gledna tocka. MOzam da recam i jas za tebe deka ne i mislis dobro na Makedonija zatoa sto sakas grd plostad, kade ke ne dovede taa diskusija. Cudno mi e i zosto  ne ti se dopaga Kopenhagen,  mene toj mi e eden id poubavite gradovi vo Evropa, posebno Kristijanijapominav prekrasni 30-tina dena tamu,. No Dancite ne se pravat so sila pametni, ne prezele nikakvi drasticni izmeni vrz gradot nego postepeno go razvivale

Е тоа е гласот на 70% од македонската популација... нажалост.
 
Е тука се слагаме. Може дури и повеќе од 90%. Иако си ироничен, и можеш да пукнеш само од мака, зашто си и ќе си останеш малцинство, колку и да лаеш и да го навредуваш мојот народ.
[/QUOTE] [/QUOTE]
 
Хаха. Баш ме насмеа. Од цел Копенхаген ти најде да зборуваш за Кристијанија како нешто најдобро. Па тоа е место за наркомани и free drugs and whore choice, намерно неурбанизирано место со субстандарни услови налик на Шутка каде не оди полиција. И сега најде да ми кажуваш за архитектура. Тешко тебе на вкусот...
 
Вие исплукавте толку многу жолч и течности (а самите кажувате дека претставувате малцинство и го монополизирате форумот), а сега јас сум го оптоварувал форумот.  
 
 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 05-Feb-2010 at 20:49

абе што откачувате сите како заклани, нормално дека секој различно доживува одреден филм, не ни мора сите да бидат на иста фреквенција, но сепак ова сега што владата го турка е некоја златна средина, иако истата само патина а не чисто злато!

значи досега беше се во аут, се радувам што некоја власт се сети дека имаме најгрда престолнина во европа а боме и на балкан! така да од тој аспект колку и нешто да е невклопливо, еклектино, лунапарковски дрн дрн јариња сепак е далеку подобро него ова ругло што сега го имаме од распаднати фасади и запуштени партерни решенија низ центарот на скотје!

~

е сега релевантно е човек да анализира, чешла, тимари, оспорува, протестира, итн. итн. значи и мене баш ова не ми е по мерак на многу места за ова имам говорено иако се радувам што донекаде на плоштадот пресекоа целосно околу заокружувањето, но морам да константирам и закаснето и со прилично оштар претоп особено на западната страна! за платото пред моб нема зборови но и така сме трусно подрачје па не ми се верува нешто подолгорочно и таму да се задржи... инаку искрено криво ми е што наместо да се направи некој коктел од експерименти од изворна македонска архитектура и од тоа да се изведе некој средновековен македонски класицизам, значи македонската архитектура да се доведе до степен на класичност, иако таа и веќе е http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=164&PID=20110#20110 но тоа да биде прикладно за денешно време, ние на што ја свртивме на неокласицизам, па и барок. па и арт нуво стилои произлезени од западот како ренесансна карикатура на античкиот класицизам! затоа и понапред велам наместо на МАКЕДОНИЗАМ ја свртевме на НЕОКЛАСИЦИЗАМ http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=846&PID=57658#57658 но земено еклектички со модернизам да теравме дефинитивно ќе ја доискарикиравме, за тоа пример е магос и ред други бисери низ скопје, па ако и вака и така сме способни само за карикирање, во тој случај оваа карикатура ќе биде далеку поподнослива од аспект што истата ќе се перцепира како надреална модерна појава! подобро тоа него медиокритет од модернизам, пардон не е ни медиокритет нашиов футуризам потпросечно и под колена...

~

сепак нетранспарентноста и истуркувањето на ваква слика преку ред и без народот да се праша, не е воопшто во ред, особено е проблематично платото пред моб, се друго се јаде некако но тоа ама ич! иако проектите пример биле и најдобро изеведени, имале и екстра новитети и финеси, пак нема да биде складно, особено што кај нас посекако ќе изостане перфекционизмот, односно заради принципот изведувач со најефтина понуда добива тендер, посекако кич не ни гине! но ајде ако осветлувањето се стокми како што треба бар навечер ваквите визури ќе делуваат спектакуларно, иако интервенцијата на камениот мост и осветлувањето и како истото е изведено не ми остава многу простор и за оваа резервна опција! а за тоа мостот око, ај што мене ни ми фаќа око како таков, но тоа со порталите на него ама ич не им требаше! и после некој ќе ми каже Црквата била лош и непркладен проект! добро сега ова што гледам на рендерите камбаната малку ја претерале и искичариле, но во основа Македонската Архитектура (а не византиската архитектура) ќе беше правиот избор наместо европскиот неокласицизам! исто и експерименти од Староградсдката Македонска Архитектура ќе легнеа со лезет, наместо ова постојниве приказни, но и тоа доколку не се изведеше пример со многу осет и без штедење камен ќе излезеше како и спомен домот на мајка тереза... сепак куполите како појава ги оправдувам и дефинитивно добро ќе го разбијат просторот иако реално таа на собранието е затната заради околните блокои од градски ѕид па ќе делува нападно, требаше толкава да тера на музејот на вмро а не на собрание но ајде, ама тоа обелискот и триумфалната капија тоа строго треба да се забранат! воопшто за кај и да е во Македонија! ова само недоквакани Македонисти можат да одобрат вакви појави!

~

а за тоа дека воопшто како капацитет и институционално и граѓански сме искилавени за тоа треба да се поведе сметка тоа е наследството од титоизмот, подпросечност и дезориентираност на сите нивоа, иако на индивидуално ниво пакажуваме прилично голема инвентивност на многу полиња! но тоа е тоа ќе треба уште многу време за да се опраи и менталитетот и институциите за да може да кажаме дека сме на едно нормално ниво а не па да се надминеме! абе тоа што е запоставувано и разградувано за последните 60 години ќе треба уште толку за да се оправи, ама со избрзани интервенции нема никаде да стигнеме, а ова е резултат бидејќи досега не ни имавме никаква визија ниту пак "експертите" седнале нешто да разработат, освен досега потшетнувања по кафе муабет а сега и дремење пред компјутер подалеку не отишле во своите дострели! да прашаш од професорите на п факултетите колку пати се собрале да истераат некоја проекција или државата колку пати им дала задача да направат некоја проекција тоа мислам чоек ќе се уплаши кога ќе види дека освен половични недореализирани обиди ништо друго нема! затоа проблемот треба да се бара на друго место најнапред во образованието, сетне во раскадрените кои го водат истот, а дури потоа во политичарите кои се потпираат на нив! па зар биваше ли до толку да нема инвентивност кај архитектите и да не можеа да излезат на мегдан со подобри проекти!? но ајде ќе се тешам, добро е можело и бетер! 

како што кажа ацо-рембрант http://www.viddler.com/explore/AlfaTV/videos/34/ мора да имаме разбирање за потребата на народот од изворност, само што тоа доколку се тера дунстерски неја бива, иако и тоа е доказ дека сакаме да се надмине нашиот комплекс од нижа вредност, а воедно и да го истакнеме она на што имаме право и воедно е наше, единствен проблме е за тоа што "социјалистите" немаат сенс, a "демокративе" пак знаејќи дека патинирањево кај овие не поминува во никој случај па наврат нанос се сакаат со еден удар да решат, што морам да признаам дека прилично вешто го тераат, иако заради брзоплетоста трпи квалитетот! та наместо натенане и со екстра буџети да се тера муабетот иситот се тера ефтино и импровизирано! исто и редоследот е во аут па заради немање ни капацитет ни средства наместо да тера прво подземен коридор па сетне затворање на плоштадот, сега ја вртиме наопаку, а сетне тунелите под плоштад ќе треба да ги копаме исклучиво подземно што ќе биде ограничен простор за маневрирање! ајде и вака и така народ ќе преживее а бидејќи сепак ново руво ќе добиеме наоколу, евентуално и чувството нема да биде воопшто толку горко колку што тоа сега сакаме да вкусиме! исто секоја чест на оваа власт што од муабетов тера екстра тема за дефокусирање и дисперзирање на цел политички и економски притисок што го трпиме и како народ и како земја и од внатре и од надвор! секоја чест за добриот тајминг и добро одиграните спинови кои во право време и на прав начин и ја олабавуваат апатијата а воедно и ни ја поткреваат свеста за национално чуство, ова особено за спомениците, автопатот, арената, итн. иако за екскурзиите со пола објекти од визијава се заминати во аут, може тоа да е просто несманост во цела оваа патинирана идеја, а може и да е навистина пресметан ризик кој како мирудија би ја дозачинил маниричната приказна!

Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 05-Feb-2010 at 20:59
da razjasnime nesto. ova bese vo programata na vladata, narodot ja izbra so golem procent i taa pocna da realizira. Ne svakjam sto e ovaa tolkava fama sea? Ako ne mu odgovaralo ova na narodot ne bi ja izglasal. Toa e odluka na mnozinstvoto i sea nema vrakanjeDunno
A za toa dali ke mi se smeele drugite komsii za stilot vo koj ziveam bas uvo me boli. jas ne zivejam za drugite tuku za sebe


Edited by lupo - 05-Feb-2010 at 21:02
Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 05-Feb-2010 at 21:06
Убаво склопено видео од тоа што не "чека"во иднина. Значи што и да зборуваме,дали ни се допаѓало или не...веќе најголем дел објекти од овој проект се во изградба.Така да бесцелно е да расправаме за некои работи. Повеќе треба да не загрижува инфраструктурно како ќе ја издржиме пренатрупаноста од тие објекти, отколку тоа како изгледаат.Бидејки за кратко време сметам дека ќе се навикнеме на нив и ќе ги прифатиме како и да изгледаат...но во иднина недостигот на простор потешко ќе го решиме.
Мене лично ми смета црквата на плоштадот исто како и триумфалната капија.
Едноставно за овие два објекти нема место на тие локации, да не зборуваме за друго.А за менувањето на фасадите на околните објекти ..ја поддржувам идеајата ...барем ќе се реновираат и колку толку ќе заокружат некоја целина . Фонтаната со Александар ми се допаѓа и иако е голема не изгледа толку гломазно.
Додека мостот на уметноста и не е така лош како што го замислував..ми се допаѓа сам по себе, ми наликува нешто стил на градбите на Антонио Гауди.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 05-Feb-2010 at 21:16
 
Originally posted by Zoc

Повеќе треба да не загрижува инфраструктурно како ќе ја издржиме пренатрупаноста од тие објекти, отколку тоа како изгледаат.Бидејки за кратко време сметам дека ќе се навикнеме на нив и ќе ги прифатиме како и да изгледаат...но во иднина недостигот на простор потешко ќе го решиме.

Tocno toa i jas go velam, Plostadot ke stane pretesen. Drug problem e izgradbata koja ke trae so godini  



Edited by La Linea - 05-Feb-2010 at 22:28
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 05-Feb-2010 at 21:18
Зоц и те како ќе изгледа гломазно фонтаната, па тоа е тотално прамашување, просто таква композиција на ваков простор како плоштад не поминува! таква фонтана на кале да, но ова вече ќе го затвори поприлично просторот! а за тоа другото предвидено е кај моб подземен коридор кој треба да тера и под карпошово собрание, а за центар јасно чаре е паркингот под плоштад и коридорите под истиот... нема да биде лошо и рекорд да добие еден подземен коридор а горе се да е пешачка зона! А Црквата ако нема каде и тука е екстра иако заради споменикот ќе биде засенета од напред а заради капијата од зади... сепак кај Црквата е најбитна функцијата а не физиономијата и опкружувањето, иако за Црква на плоштад треба далеку по централно место кое заради ориентацијата на плоштадот единствено е возможно доколку Црквата отиде напред до камениот мост, а со тоа пак ќе се отвори простор и за џамија од спротива со што пак ќе се нормализира друга појава а воедно и аце ќе се гледа од собрание и тунелот кој треба да понира тука па ќе делува попретставително, а воедно и ќе добиеме една уникатна препознатливост за главен град во европа за прв пат на ист плоштад на некоја престолнина ќе се сретнат Христијанството и исламот... 
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 05-Feb-2010 at 21:20
што ќе ти е фонтана на Кале?
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 05-Feb-2010 at 21:21
Nenade ne moze plostadot da stane pretesen koga se ke se gradi okolu negovata linija
a od kade najdovte fontana deka ke ima na kale?


Edited by lupo - 05-Feb-2010 at 21:24
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 05-Feb-2010 at 21:26
Originally posted by lupo

Nenade ne moze plostadot da stane pretesen koga se ke se gradi okolu negovata linija
a od kade najdovte fontana deka ke ima na kale?


Dobro, toa se veke vkusovi. Jas ne sakam zatvireni plostadi, koi  go ogranicuvaat pogledot. Go zadrzuvam moeto mislenje, vaka koncipiran toj ke bide grd i nefunkcionalen

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 05-Feb-2010 at 21:27

Originally posted by alexgizh

што ќе ти е фонтана на Кале?

бидејќи тука го прави споменикот недофатлив, а визурата затната, значи говорам за оваа фонтана, значи столбот на истата! а инаку грешки и те како има околу положбата на споменикот и Црквата, тие просто не смееја да бидат едно до едно од схоластички причини, но бидејќи на истолчната страна од плоштадот не остана друго место со оглед дека латис ја грабнаа стара-нбм, оваа комбинација како што велам и погоре е донесена наврат нанос!

~

имам и порано коментирано зошто, но да не тупам, што имав кажав, и може и понатака да анализирам, но бадијала, веќе за ова нема простор, искрено се надевав дека не читале порано, па и да чујат надлежните нешто пообјективни размисли, но очигледно од дамна е спакуван проектов, односно уште пред изборите, та сега колку и да кршиме клечки веќе нема простор за корекции, освен простор да ги замолиме да не штедат на средства во изведбата и критериум за тендерите за изведба да биде квалитет а не цена, но во тој случај власта ќе изгуби доста поени, нели оти ќе ја обвинат за местење тендери и напуштање на политиката за нулта корупција, но подобро тоа него касапана од изведба како тоа што бидна со спомен домот на мајка тереза!

Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 05-Feb-2010 at 21:49
И конечно,  дали баш ние се најдовме да заговараме откажување од своите корени во името на некаков модернизам?

- Какво откажување од корени најде ти во модернизмот? Според тебе, македонската армија не треба да има модерно оружје, туку треба да носи копја?
 
И дали тоа не е доказ дека сме дрво без корен, дека нашиот идентитет е нејасен и затоа се правиме ултрамодерни?

- Дрвото се суши од луѓе не многу различни од тебе. Пропагираш фанатизам, што не те води во професионлани води. АКо македонците во минатото биле иновативни во своето време, современите македонци треба да бидат во денешницата. Што значи дека ако македонците само ги копираат своите предци, тоа кажува дека малку затапиле, а не напреднале!
 
На што личи Скопје моментално, без душа, небаре градот на гревот е, само коцкарници, кладилници и кафичи и кинески ѕидови? Тоа ли е модерно за вас? Тоа ли е прогрес?

- Овде мешаш теми! Душата не е во столбовите од неокласицизам, и никој овде не даде пример за душата на коцкарниците! Кинескиот ѕид е исто грев на урбана неморалност, но ако го споредиш по неколку века, ќе се знае гревот од кое време е!   Муабетов ти е како на сенилна баба, што не го слуша соговорникот!
 
Зашто никој од вас не се буни за Влајко, Лумикс, Кинески Ѕид, Тифани, Дебар Маало?

- Кој дал пофална критика за Влајко и сличните објекти? Ако знаеш што е урбанизам, ќе видиш дека Лумикс не е урбанистичка грешка, иако и јас мислам дека тој простор можеше и без него( сепак тој објект има најпрогресивно и авангардно обликување во она што е постоечки градежен фонд)
 
Зашто се буните за црква, а не ви сметаат 1000 џамии во Центар и Чаир итн? Зарем не сте отишле до Охрид да видите колку нови џамии од сериско производство има?

- Не се буниме за црква, се буниме за објект на тоа место, било каков, тоа е загушување на пешачка артерија замислена и утврдена пред 80 години. Џамиите ми пречат бидејќи нивниот број е нереален, само нема кој тоа да го стави во дискусија бидејќи веднаш темата ќе добие меѓуетнички извештерен карактер.
 
Зошто ви смета Александар?

- Кому му смета Александар? На повеќето не им пречи, им пречи стилот, непропорционалните димензии, и перењето пари преку цената за тој споменик.

- Повикуваш на постојано бунење. Во однос на студентите на архитектура, ќе ти посочам еден факт, а тоа е дека тој факултет бара најмногу временско посветување во споредба со сите останати. Секојдневно 10 часовно цртање, покрај цртежот опсежни теоретски предмети и многу малку проспиени ноќи! Ние ако протестираме секојдневно, никогаш нема да го завршиме факултетот!!! За разлика со другите, ние тоа време го посветуваме само за да добиеме потпис! И покрај целото тоа посветување, на крај архитектонските потези да ги влечат обичните луге или архитекти со сомнителни ставови и неодбранета теорија на ниту еден симпозиум???
Тотално понижувачки! Како што јас не можам да влезам во операциона сала да оперирам човек, така не може да влезе било кој во биро и да го оперира мојот град, во кој за разлика од операционата сала, каде страда еден, тука можат да пострадаат илјадници ( последната реченица е често спомнувана на предавањата од еден професор на Арх, факултет)


< = < =
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 05-Feb-2010 at 21:56
Имав навистина тешка задача да ги измодерирам последните 2-3 страници бидејќи имаше преплет и на конструктивни и квалитетни постови но и на крајно долни под било кое ниво на форумот. Се потрудив да направам најдобра селекција што можам за да сечиво искажано мислење во врска со тематиката на форумот биде задржано, а остатокот да се отстрани. Отстранети се 19 поста, можеби на некои места сум скратил, можеби на некои места сум пропуштил но тоа се случува кога не се почитуваат правилата на форумот.

Апел до сите (од било кој табор) да спуштите топка и да ги баталите личните квалификации.

Политика, премногу историско теоретизирање, ловење на предавници, вештерки, НВОа, соросоиди, елитисти, сељаци, провинцијалци, атеисти, фанатици...................

НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ!


Edited by pbanks - 05-Feb-2010 at 22:00
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 05-Feb-2010 at 22:02

кикирик цитирај чоек за да се знае точно кому му реплицираш, ето иако не е репликава за мене и јас малку ќе ви се вмешам...

со несоодветни споредби не се мери памет! па културата не е оружје бре кикирик културата е храна за душа, јасно може со неа да се распалува и политички што во голема мера е случај и по цела европа, но ето пример јас ја перцепирам и за неа говорам од друг аспект, аспект кој вели своето да се протежира а не преку туѓото да се тера и самосвест и некаква промоција!  

инаку модернизам, тоа кај нас е мисловна именка, затоа и воопшто истиот јас лично не го подржувам, а и кога би го подржал за истиот се знае кај се бара место! просто немаме капаците за расфрлање камен по современа инвентивност, сите одокочу што ги гледаш се презадолжуваат за вакви екскурзии, додека кај нас сакаме со минимум да добиеме максимум, од такви импровизации ќе трпиме и понатак, та биле во олдскул или њускул пакување!

...


~


а за модерирање панкс ич да не се секираш, се што мислите од администрација нека тера во корпа, сепак мора да се задржи некое ниво, а особено е спорно доколку ниско се распалува меѓу членои, со што наместо квалитена и конструктивна дебата се тера на инает и простодушност!

Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 05-Feb-2010 at 22:04

@pbanks аплаус за тебеApplause

Back to Top
Stefano View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefano Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 05-Feb-2010 at 22:33
Da GLASAME! Prasanjeto moze da bide "Dali vi se dopagja ili ne konceptot 2014 za razvoj na grad Skopje". Demokratija... zbirstina na razlicni tabori kade ne sekogas pobeduva podobroto tuku pobrojnoto, da vidime koe mislenje preovalduva na forumov.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 05-Feb-2010 at 22:40
Анкетата е вметната. Се извинувам за доцнењето иако ја договоривме уште вчера.

Повелете гласајте.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 327>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.984 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.