build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 88>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
37 [37.37%]
10 [10.10%]
9 [9.09%]
9 [9.09%]
3 [3.03%]
14 [14.14%]
2 [2.02%]
4 [4.04%]
5 [5.05%]
6 [6.06%]
You can not vote in this poll
Total votes: 99   Average: 7.26

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 22-Apr-2009 at 03:23
Тодоровиќ го најави доаѓањето на Александар

Постаментот за споменикот ќе лежи во фонтана во форма на круг, вели градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ

Темелот и постаментот за споменикот на Александар Македонски ќе почнат да се градат за еден или два месеца, изјави вчера новиот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Тој рече дека споменикот на Александар треба да се постави во непосредна близина на цветниот аранжман на Плоштадот Македонија. Иако изјави дека нема информации за споменикот и ги нема видено изведбите на вајарите, дополни дека видел дел од фонтаната, која е во форма на круг, добро е дизајнирана, а постаментот лежи во неа.

- Еден дел од изградбата на споменици во центарот на Скопје ќе се реализира годинава, а еден дел во 2010 година. Програмата е во координација со Владата на Република Македонија - рече Тодоровиќ.

......

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E82869B51E16A04F8BAD06E89FDE7321
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 22-Apr-2009 at 23:29

Александар Македонски ќе загради половина плоштад

Меѓу градилиштето и делот кон Ристиќева палата и „Дал мет фу“ ќе има одвај пет метри проодна зона

Деспина Трајковска

Се ближи денот кога речиси целиот градски плоштад ќе биде претворен во градилиште заради изградбата на монументалниот споменик на Александар Македонски, црквата и на хотелот, кој е дел од комплексот Градска куќа. Иако никој од надлежните не сака да зборува за градилиштата и нивната организација, според наши сознанија, дури половина од плоштадот ќе се загради заради изведба на зданието во чест на македонскиот војсководец. Само за изградба на фонтаната, која е само дел од споменикот, ќе биде потребна една година.

Иако од Општина Центар со месеци не одговараат кој ќе биде изведувачот, според документацијата со која располага „Утрински весник“, градежните работи му се доверени на ДГ „Бетон“. За реализација на целиот проект ќе се користат десетина вида градежни машини кои изведувачот предлага до градилиштето да пристапуваат од улицата „11 Октомври“. Меѓу заградениот простор и делот кон Ристиќева палата и ресторанот „Дал мет фу“ ќе има едвај пет метри за минување.

Според предлогот на „Бетон“, за кој деновиве треба да се изјаснат градските власти, концепциски градежните работи за потребите на фонтаната би требало да се извршуваат со приклучување на улицата „11 Октомври“, каде што моментно има метални столпчиња со знак за забрана на сообраќај за сите видови моторни возила. Поточно, влезот во градилиштето би бил од улицата „11 Октомври“, на која има организиран паркинг за такси-возила и плус резервиран паркинг за возилата на ЕВН. Бидејќи постојната вертикална сигнализација не е во колизија со новопредложениот режим на сообраќај, од „Бетон“ утврдиле дека нема да биде неопходно нејзино отстранување. Дополнително на потегот ќе бидат поставени седум сообраќајни знаци и информативни табли.

Дали градилиштето ќе изгледа токму вака, по предлог на изведувачот, деновиве треба да одлучат од Градот, а дозвола е потребна и од МВР. Откако ќе ги добијат потребните согласности, општинарите од Центар, всушност, ќе го завршат последниот чекор до конечната теренска реализација на споменикот. Кога ќе се случи тоа, дефинитивно ќе зависи од желбите на владиниот врв, иако според досегашните нивни тврдења и тврдењата од Општината, споменикот се реализира со општински пари.




http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AD4B9059FD075D48A8CD3D9700BC297F


Edited by Cloverstack - 22-Apr-2009 at 23:39
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 27-Apr-2009 at 19:24
како е тоа можно, па дали се овие нормални, па тоа е квадратот од плочки околу кругот Suicide

се надевам дека е ова новинарски булшит
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 05-May-2009 at 14:31

Александар велик осум ката

 Тодоровиќ ја пофали Владата што успеала да работи домаќински и да одвои пари, како за земјоделството, образованието и за здравството, така и за разубавување на главниот град


Мини-верзија на споменикот на античкиот војсководец Александар Македонски, кој во конечната верзија ќе биде висок 22 метри

Споменикот на војсководецот Александар Македонски висок колку осумкатна зграда (22 метри) најдоцна до октомври в година ќе биде поставен во центарот на Скопје на плоштадот Македонија. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ вчера на прес-конференција ги потврди договорите со италијанската леарница „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“, кои ексклузивно ги објави „Дневник“. Потврдено е и дека сумата што ќе биде платена за 16 скулптури и споменици е 10 милиони евра.

Тодоровиќ деновиве се вратил од Фиренца, каде што лично се уверил во „грандиозноста, убавината и од големината на Александар Македонски“. Тој го правда трошењето пари за споменици и, иако тие ќе бидат поставени во време на светската економска криза, ја пофали Владата што успеала да работи домаќински и да одвои пари, како за земјоделството, образованието и за здравството, така и за разубавување на главниот град. Сепак, рецесијата нема да остане без последици за проектот: пет од предвидените 16 скулптури и споменици ќе бидат одложени за подобри времиња - Јустинијан Први, Христијан Тодоровски-Карпош, Гемиџиите, Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски. Тие било најлесно да се одложат оти за нив уште немало избран изведувач. Досега на леарницата и се исплатени 20 отсто од вкупната сума или околу 2 милиона евра. Како што „Дневник“ веќе објави, 40 отсто ќе се исплатат по завршувањето на леењето на скулптурите и уште 40 отсто кога ќе заврши монтирањето.

- Од сите предвидени скулптури, само една е од античката историја и тоа таа на Александар Македонски, која чини 4,5 милиони евра и која ќе биде поставена во средина на фонтана, со придружни содржини, како што може да се види од фотографиите од Фиренца, тоа ќе бидат војници на фалангата. Сите иницијативи се во согласност со Законот. Изборот на споменици е направен според процедура и се распишани конкурси, кои поминаа без приговор - тврди градоначалникот на Центар.На новинарско прашање дали избраните решенија Општината требала да и' ги претстави на јавноста и да направи изложба, Тодоровиќ одговори:

- Трудовите за Александар Македонски и за другите скулптури ги оценувало меѓународно жири и изборот на идејното решение беше објавено во „Нова Македонија“, не се сеќавам на кој датум. Се распиша меѓународен конкурс за изработка на скулптурите во бронза и тие беа објавени во „Службен весник“ и во службеното гласило на Европската Унија.Леарницата од Фиренца е избрана бидејќи леарниците од соседните држави биле со послаб квалитет.

- Се' што е квалитетно чини многу. Споменикот на Александар Македонски ќе биде поставен во средината на плоштадот, каде што сега има цвеќиња. Деновиве ќе го оградиме просторот и ќе почнеме со изработка на фонтаната. Иако земјиштето е на Градот, тие ни издадоа дозвола за изградба на фонтана и на споменик. Од Министерството за транспорт и врски на Градот ќе му ја одземат 99-годишната концесија за плоштадот Македонија - вели Тодровиќ..

Иако во договорите за леење на спомениците што општината ги потпиша со фирмата „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ се вели дека ниту една од договорените страни без претходна писмена согласност, не смеат да откриваат информации за договорот, градоначалникот својата прес-конференција ја објасни како „реакција по неверојатниот медиумски притисок“ за што усно се консултирале со леарницата. Коњаничките скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев ќе бидат со постамент од 3 метри и со висина од 5 метри и ќе ги изработува леарницата „Маринели“, а скулптурата на цар Самуил и Методија Андонов-Ченто ќе ги изработува сестринската компанија „Бацијанти“ и ќе бидат од мермер. Тодоровиќ вели дека за изработка на еден е од спомениците што ќе се одложат во просек требало да се платат 800.000 евра.

Познатата италијанска леарница е основана во 1905 година од Фердинандо Маринели и е позната по квалитетно лиење скулптури со користење на архаичниот метод со восок и рачна изработка каква што користеле ренесансните мајстори. Во 1922 година почнала да изработува големи бронзени скулптури како што се коњанички скулптури, орнаменти и фонтани. Клиенти им биле Ватикан,Соединетите Американски Држави, Полска, Унгарија, земји во Јужна Америка, Канада... Како едни од позначајните нивни изработки се оградата на монументалните скалила во Музејот во Ватикан, портите во Катедралата „Св. Павле“ исто така во Ватикан, скулптурата на Ајзенхауер во Лондон, реставрација на скулптурите во палатата Кремљ во Москва.

Фуере: Воздржете се

Очекувам Владата да се воздржи од сите одлуки што му пречат на процесот што го води Метју Нимиц, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, за изградбата на повеќе споменици во последно време во Македонија. Сите владини ресурси во време на светска ресеција ќе бидат концентрирани на економски развој на државата и намалување на невработеноста и сиромаштијата - изјави тој. (Љ.Ш.)

Шмизли, бикови и криза

Бидејќи сакате да се споредувате со паметни влади, кажете ми барем еден пример од Вашингтон до Тирана на влада што во ек на светска економска криза дава 10 милиони евра за споменици и скулптури од типот „шмизли“ и „бикови“, го праша пратеникот Игор Ивановски премиерот Никола Груевски на вчерашната собраниска седница на која побара одговор и каде се ветените осум милијарди евра од изборната кампања.

- Немојте да карикирате, тие проекти се почнати во 2006 и 2007 година, кога БДП имаше раст од 9,7 отсто, а извозот беше зголемен за 60 отсто. Владата сметаше дека тоа се добри проекти за државата и граѓаните и реши финансиски да и' помогне на општина Центар - рече Груевски.Ивановски не беше задоволен од одговорот, но пред да ја напушти собраниската сала му порача на премиерот: Свртете се само два реда зад вас и министерката за култура ќе ви каже дека 8,5 милиони евра од буџетот на Министерството лани во декември се префрлени на сметката на општина Центар. Значи, во екот на кризата и токму кога ја замајувавте јавноста со првите преземени антикризни мерки ги дадовте парите за споменците.

Марија Тасев, Анета Тодевска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F2AE4A78AF8844BA5E7C9F116558703
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 05-May-2009 at 17:13
аман од новинариве, нека се одлучат веќе за една големина, а не да ни даваат од ракав извадени бројки Bash
инаку со се друго се согласувам, и конечно Фуере да каже нешто паметно Big%20smile

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 05-May-2009 at 19:05
Originally posted by zabegan

... и конечно Фуере да каже нешто паметно Big%20smile

Извинете, кој е тој, некој наш човек, политичар или !!!???
Фуере рекол ова Фуере рекол она Wallbash
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 05-May-2009 at 19:13
Мене не ми е јасно зошто од целата вест токму за Фуере се фативте, тоа е делот кој најмалку го тангира форумов
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 05-May-2009 at 19:13
Вчера реновиравме нешто дома,па сакам да го викнам Фуере,да кажи свое мислењеBig%20smile

Шалата на страна,почна многу да ме нервира кога странциве се мешаат во се и сешто.


build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 05-May-2009 at 21:08
Originally posted by Cloverstack

Мене не ми е јасно зошто од целата вест токму за Фуере се фативте, тоа е делот кој најмалку го тангира форумов

Затоа што веќе премногу е кажано за целава акција, и мислам дека почнува фарса да станува, овие биле овакви и направиле ова другиве биле онакви и направиле она и на крај се јавува големиот дон Фуаре и како и секогаш ќе ни каже што ние треба да направиме бидејќи он има решение за СЕ
Ohno
Мислава не е насочена на форумов него на ситуацијава во која се најдовме, во случајов и за ова тематика.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 07-May-2009 at 03:31

Александар ќе дојава како светско чудо

Скопје ќе добие споменик чија големина ќе го претвори во карикатура

Тина Иванова

Откако беа соопштени податоците за изградбата на грандиозниот споменик на Александар Македонски, во јавноста се поставија многу прашања на кои засега никој не дава релевантен одговор. Главното од нив е како 22-метарскиот Александар ќе се вклопи во скромниот амбиент на скопскиот плоштад. Како, всушност, плоштадот ќе го истрпи овој монументален објект од бронза кој, велат познавачите, бил тешко изводлив и во времето на Микеланџело, а камоли во денешно време на плексиглас.

Како споменикот, физички и особено естетски, па и од уметнички аспект ќе кореспондира со фонтаната, со коњаниците поставени околу него, со црквата која треба да се гради, со Градскиот трговски центар? Или чија е идејата за толку голем споменик: дали е на авторката или, пак, тој механички е зголемуван само за да се постигне бараната големина?

За овие, како и за многу други слични прашања молчат сите. И одговорните, но и експертите.

Димензиите и финансиската тежина на споменикот на античкиот војсководец можеби се најголемиот шок за јавноста. Доколку го апстрахираме големиот износ кој ќе се даде за негова изработка, иако тоа е многу тешко во време на глобалната криза која, секако, ја зафати и Македонија, а за што граѓаните тој чин го оценуваат како недомаќинско трошење на непотребна пропаганда и симболи, фокусот се става на големината на скулптурата, која ќе биде висока колку осумкатна зграда. За многумина тоа значи дека Скопје ќе добие една карикатурална форма, во физичка, но и во естетска и урбанистичка смисла.

Скулпторот Благој Чушков вели дека споменикот на Александар Македонски ќе биде следното светско чудо. „Ова повеќе не е комедија, ова е трагедија за македонскиот народ. Ваков споменик нема никаде во светот. И Микеланџело да го правел во негово време, ќе било смешно. Се трошат пари на глупости, а некој се дрзнува да ги изживува своите идеи. Се прашувам, зошто толкав споменик, дали можеби да го видат Грците од Атина, дека ние имаме Александар Македонски? Ние очигледно бараме да се договараме со Грците за нашата историја. Покрај тоа, се избираат автори кои немаат никаков минат труд, анонимуси, не само за Александар, туку за сите споменици кои ги направија и што ќе ги прават“, вели револтирано Чушков.

Она што создава револт и кај експертите, архитектите, урбанистите, уметниците, историчарите на уметност е начинот на кој државата ги спроведува конкурсите за избор на скулптуралните решенија. Познато е дека постојат анонимни и јавни конкурси, исто така, и конкурси каде се повикуваат еминентни скулптори, кои ќе понудат свои решенија и кои со оглед на својот минат труд, би требало да бидат гаранција дека ќе направат добро дело.

Експертите се едногласни во мислењето дека за ваков вид скулптура, која ќе зафати значителен дел од плоштадот како најрепрезентативно место во градот, треба да се оди на нешто што значи гаранција дека ќе добиеме уметничко дело од врвен дострел. Особено се гневни што за овие конкурси не постои никаква јавна расправа на која би учествувале и еминентни личности. Јасно е дека е направена само чиновничка процедура, наспроти јавна дебата.

Од урбанистичка гледна точка, споменикот на Александар Македонски е неповолно решение.

Архитектот Мирослав Грчев вели дека урбанизмот во Македонија повеќе воопшто не се смета за струка ниту, пак, за некакво стандардизирано, кодифицирано знаење кое луѓето од таа професија го употребуваат со цел да ги донесат најдобрите одлуки во однос на лоцирањето, распоредот и намената на објектите во градот. „Одлуките за лоцирање, намена, големина на објектите, а гледаме и на спомениците, ги носат лаици кои можат да бидат од било која професија. Одлуките ги носат со политичка волја, а тие се апсолутни незнајковци. Оние кои ги донеле одлуките, насила ги протерале низ сите неопходни процедури. Сите тие се без образложение. Не постои елаборација, анализа, студија, претходна промисла за тоа колкав треба да биде споменикот, каков треба да биде, што треба да се направи за плоштадот и споменикот да бидат во вистинските пропорции итн.“, вели Грчев.

Тој смета дека сега, по свршениот чин, пост фактум, повеќе вреди да се зборува за некаква психосоцијална патологија и криза на цивилизацијата на сите институции на државата, на македонската култура, која може практично, без големи дебати или отпори, значително мазно да изнедри всушност еден апсолутен апсурд.

„Нонсенс е таков огромен споменик. Повеќе никој не се прашува која е воопшто логиката, која е пораката, која е смислата на ставањето таков огромен споменик и тоа токму на Александар и на неговиот коњ. На тој плоштад толку голем споменик, или објект од било каков тип, нека е и сосема неутрална фонтана, не стои, ниту естетски, ниту архитектонски, ниту урбанистички, ниту цивилизациски“, смета Грчев.

Таков споменик, вели тој, не е порака на оваа цивилизација. „Тоа е гигантски споменик кој наоѓа некаков свој пандан само во авторитарни општества, деспотии, диктатури, тирании од најразличен тип, фашистички, комунистички, или од некоја друга идеолошка провиниенција. Последните градени гигантски фигури, споменици кои, всушност, треба да ја величат власта, градеше Садам Хусеин. Такви гигантизми ќе видите во Северна Кореја, во Монголија итн. Во историјата на Балканот и на Македонија не постои пример за таков гигантизам“, вели Грчев.

Трендот на наезда на споменици кој се јавува во Македонија има и силни политички мотиви. Можеме да осудуваме што порано во државава не постоела интенција за поставување вакви споменици, но нивната наезда во ваков политички амбиент, без проверка на квалитетот, раѓа големи уметнички злосторства.

Зашто, сепак, се согласуваат експертите, тоа е нарушување на естетиката, тоа е нарушување на заедничкиот простор на граѓаните, тоа е урбанистичко злосторство, поточно сквернавење на јавниот урбан простор. (Т.И.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6B91D186E98F3A40B0EA187B297A3023

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 07-May-2009 at 20:29
Архитектот Мирослав Грчев вели дека урбанизмот во Македонија повеќе воопшто не се смета за струка ниту, пак, за некакво стандардизирано, кодифицирано знаење кое луѓето од таа професија го употребуваат со цел да ги донесат најдобрите одлуки во однос на лоцирањето, распоредот и намената на објектите во градот. „Одлуките за лоцирање, намена, големина на објектите, а гледаме и на спомениците, ги носат лаици кои можат да бидат од било која професија. Одлуките ги носат со политичка волја, а тие се апсолутни незнајковци. Оние кои ги донеле одлуките, насила ги протерале низ сите неопходни процедури. Сите тие се без образложение. Не постои елаборација, анализа, студија, претходна промисла за тоа колкав треба да биде споменикот, каков треба да биде, што треба да се направи за плоштадот и споменикот да бидат во вистинските пропорции итн.“, вели Грчев.


браво за ова Applause
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 07-May-2009 at 21:11
Лесно е да се биде генерал после битка

Пронајдете ги насловите во весниците од порано врзани за урбанизмот нарочно во Скопје во времето на ....
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 08-May-2009 at 06:55
Ова што го гледате е "The Equestrian" / "Коњаникот" (El Paso, Texas, SAD) дело на уметникот John Houser. Поставена е на 21. Април. 2007, тежи скоро десет тони бронза, плус 4.5 тони челична арматура. Била составена од повеќе од 400 парчиња. Нејзината висина од скоро 12 m се поклопува со проектираната висина на статуата на Александар Македонски (ако е нашата висока точно 12 m , ке ја надминеме за малку Nuts) Позата исто така скоро се поклопува. Моја претпоставка дека баш од тука им дошла инспирацијата и за големината и за позата.

Така да дечки, ова е тоа... ОВА НЕ ЧЕКА!






Edited by Cartman - 08-May-2009 at 06:59
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 08-May-2009 at 09:53

ИНТЕРВЈУ: ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Александар ќе го чуваат осум лава

Во фонтаната ќе има централен столб со кружна форма, на кој во прстени од бронза и мермер ќе биде претставена историјата на Македонија

Споменикот на Александар Македонски ќе биде грандиозен, ќе стои на кружен постамент, на кој во мермер и бронза ќе бидат гравирани сцени од македонската историја, а околу него ќе стојат осум војници на фалангата и осум лава, открива новиот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. По бурната дебата во јавноста за димензиите на споменикот на македонскиот антички војсководец и изгледот на централниот плоштад, кој ќе биде начичкан со десетина скулптури, Тодоровиќ децидно вели дека кога проектот целосно ќе заврши, плоштадот Македонија ќе биде фасцинантен.

- Во фонтаната ќе има централен столб широк околу пет метри, а висок 10 метри. Тој ќе има кружна форма и на секои два метра ќе има релјефни прстени од бронза и мермер на кои симболично, во гравури ќе биде претставена историјата на Македонија. Пред столбот ќе стојат осум бронзени војници од македонската фаланга. Столбот горе ќе заврши во кружна платформа, како чинија, на која ќе биде поставен коњаникот Александар.На работ на фонтаната ќе бидат поставени осум лава, кои ќе гледаат кон надвор, односно кон граѓаните, а ќе има и скалила. Целиот објект е фасцинантен и сите ќе се гордееме со него. Изработката на споменикот е во завршна фаза, па речиси е невозможно да се направат измени во однос на димензиите. Тој ќе биде поставен кај сегашниот кружен цветен аранжман, каде што има планирана површина за градење со пречник од околу 20 метри. Колкав ќе биде реалниот пречник на фонтаната, ќе дознаеме по завршувањето на проектот - вели Тодоровиќ.

* Во јавноста се слушаат различни коментари за изгледот на плоштадот. Некои дури велат дека ќе личи на елитни гробишта откако ќе бидат поставени сите споменици.

- Искрено, се чувствувам неубаво кога зборувам за ова, оти повеќе медиуми направија компјутерски симулации, кои создадоа неверојатно грда слика за идниот изглед на плоштадот. Не знам зошто медиумите така го претставуваат тоа, можеби поради скудните информации. Вистината е сосема поинаква, а во тоа сите ќе се уверат за една до две години. Сега се чувствувам должен и ние да направиме 3-Д анимација, за да покажеме како тоа всушност ќе изгледа. Ги уверувам граѓаните дека плоштадот ќе биде прекрасен, со споменици кај Камениот мост, на другата страна на плоштадот и пред кафеаните „Тренд“ и „Дал мет фу“. Моите впечатоците од посетите на европските градови се дека старите градови имаат мали начичкани плоштади, кои се многу позгуснати од нашиот. Такви се Келн и многу градови во Италија. Тие плоштади се стари околу 300 години. Париз, пак, го има големиот Конкорд, но јас никогаш не сум се чувствувал убаво во тој метеж од автомобили и бришан простор, без ништо особено.

* Кога ќе почне да се гради црквата на плоштадот, оти веќе сте му издале дозвола на инвеститорот?

- Инвеститор на црквата е Министерството за култура, по одлука на Владата за изградба и обновување на православниот храм „Свети Констатин и Елена“. Таа ќе се гради на просторот пред влезот во Градскиот трговскиот центар, близу до оригиналната локација. Градежната дозвола им ја издадовме на 18 февруари годинава. 

* Не ли стравува општината дека со издавањето на градежната дозвола го прекршува Уставот, кој не дозволува со државни пари да се градат верски објекти?

- Јас не знам кој е тој член од Уставот. Ако има прекршување, Уставниот суд ќе се изјасни за тоа.

ОПШТИНАТА ЌЕ РАБОТИ САМОСТОЈНО

* Впечаток е дека досега Општина Центар работеше под притисок и по налог на Владата. Дали и во вашата работа како градоначалник ќе доминираат идеите на централната власт?

- Вистина е дека јас не работам под притисок на Владата, напротив. Една од причините зошто се нафатив на оваа функција е бидејќи ја почувствував искрената желба на премиерот Никола Груевски да се прават само добри нешта, без позадина и малверзации. Тоа мене ме ослободува да работам самостојно. Сакам да го претставам амбиентот како работиме со премиерот. Кога имаме работна средба со повеќемина градоначалници или стручни лица, за многу работи тој ни вели: „Решете сами“. Имаме многу фин амбиент за работа, ние сме тимски играчи. Јас предложив неколку капитални проекти, односно идеи за заживување на многу атрактивни локации во градот и имам слобода да ги направам, со или без поддршка на Владата.

* Се зборуваше дека вашата претходничка Виолета Аларова ќе ви биде советник. Вистина ли е тоа?

- И јас слушнав за тоа. Но, мене никој не ме информирал за нешто такво, ниту Аларова ниту некој од Владата. Реално гледано, не би било лошо еден до два месеца по стапувањето на функцијата со мене да биде и мојата претходничка, колку да ме воведе во тековните активности. Тоа би било добра практика, таму каде што има амбиент. Јас искрено би сакал Аларова да дојде на два-три месеци во општината како моја помош. 

* Дали наследивте празен или полн буџет од Аларова?

- Не беше празен. Не знам што значи полн буџет, кога станува збор за општинска каса. Општината воопшто не е во долгови, во почетокот имавме околу 50 милиони денари, што е доволно за редовните активности на општината. Не сум доволно стручен за да направам финансиска ревизија на буџетот сам, можеби ќе ангажирам финансиска ревизија или ќе ја почекам државната. Одговорното лице од Секторот за финансии ми рече дека работат педантно и дека ги почитуваат сите прописи и немам сомнеж. 

* Додека сте на оваа функција планирате ли да градите уште нешто на територијата на Центар, но како ваша приватна инвестиција?

- Кога премиерот ми ја предложи градоначалничката функција, ме замоли за една работа, а тоа е додека сум градоначалник на Центар да не градам ништо на територијата на општината, поради сомнежот за судир на интереси. Јас сепак го прашав дали можам да учествувам на јавни наддавања како приватник, но тој ми рече дека и покрај сите мои добри и чесни намери, тоа тешко ќе може да се објасни во јавноста. Тоа значи дека во следните четири години нема да градам ниту еден нов објект.

* Во предизборието имаше забелешки дека зад цветниот пазар беа урнати сите привремени објекти, освен дисконтот „Тинекс“ затоа што сте дел од владејачката гарнитура.

- Се работи за многу практична одлука. Во објектот што не е урнат работат 40 вработени. Јас ги замолив надлежните да почекаат додека не го завршам другиот објект во Капиштец за да ги префрлам таму работниците без да мора да им го прекинувам работниот стаж. Ако општината беше упорна да го урне и мојот објект, ќе бев принуден луѓето да ги оставам на улица. Сметам дека два-три месеци не е долг период за толеранција, всушност, јас и имав и право да го побарам тоа. Мојот договор за закуп на објектот е до 2012 година, а другите што се урнати сигурно не ги извршиле обврските од договорот. Инаку, на локацијата кај дисконтот според урбанистичкиот план треба да се гради катна гаража. За два месеца ќе ги префрлам вработените во новиот објект, по што објектот ќе се урне, а Министерството за транспорт и врски ќе ја почне постапката.

* Вие сте успешен бизнисмен и член на Ротари клубот во Македонија. Зошто се вклучивте во политиката?

- За мене општината е голем предизвик, оти има многу работа и многу проблеми. Секој човек во одреден период од животот сака и може, со своите квалитети, да исполни дел од очекувањата на своите блиски или на пошироката јавност. Јас ризикувам многу и ќе видиме дали по четири години од функцијата ќе заминам со помал или со поголем авторитет. Ако не успеам да бидам добар градоначалник, ќе се разочарам многу во себе.

НЕМА ДА СУМ ПОПУСТЛИВ ЗА НИШТО

* Кои ќе бидат вашите приоритети?

- Мои приоритети како градоначалник ќе бидат решавање на проблемите со хигиената и паркинг-просторот. Ако ги решам во мојот мандат, ќе се сметам за успешен. Центарот на градот е лице на државата, а сите, и домашните и странците најмногу забележуваат на нехигиената и на сообраќајниот метеж. Почнавме да работиме, но ќе треба да поминат неколку месеци за да се забележат ефектите.

* Што е со бесправно поставените летни тераси, со узурпацијата на тротоарите од автомобили, со градилиштата што не ги почитуваат прописите?

- Условите за летните тераси секоја година се менуваат, а промените се обврзувачки за општините. По мое мислење е најдобро да се изработи урбанистички план за поставување урбана опрема. Таков план веќе нарачавме, но уште не е готов. Согледав дека проблемот со поставувањето на урбаната опрема, фрижидерите и масите не може да се сработи за една сезона, па решив на кафеанџиите да им дозволиме годинава да работат по ланската програма. Пред една недела им дадовме известување строго да се придржуваат кон пропишаните правила. Тие и лани не ги почитувале, оваа година уште помалку ги почитуваат, но ќе забележите од понеделник како ќе се се сменат работите.

Верувајте, нема да сум попустлив за ништо и нема да оставам работите да течат туку-така. И градилиштата ќе ги средам. Сега се гради на многу места, зад „Рамстор“, кај банките, на плоштадот, кај црквата „Свети Димитрија“... Граѓаните не се должни да ја голтаат правта од градилиштата и да газат во нивната кал. Затоа писмено ги опоменавме сите инвеститори дека ќе им ги затвориме градилиштата ако во рок од три дена не ја исчистат околината, па макар да станува збор и за мој објект.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4AD8077F6CF53749B017F6FDCA9637FB




Edited by Cloverstack - 08-May-2009 at 17:19
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 08-May-2009 at 09:57
Позата на коњот обично е стандардизирана, додека во позата на коњаникот обично може да се маневрира. Незнам дали знаете но коњот доколку е со две нозе во висина тогаш коњаникот има погинато у рат. Ако е само едната нога дигната тогаш има умрено од повреди и последици од војна, а доколку коњот е со четири нозе на земја тогаш се работи за природна смрт. Така да околу позицијата на коњот не може баш многу да се остави на уметникот туку единствено изработката и изгледот на коњот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 08-May-2009 at 10:02
Originally posted by lslcrew

Позата на коњот обично е стандардизирана, додека во позата на коњаникот обично може да се маневрира. Незнам дали знаете но коњот доколку е со две нозе во висина тогаш коњаникот има погинато у рат. Ако е само едната нога дигната тогаш има умрено од повреди и последици од војна, а доколку коњот е со четири нозе на земја тогаш се работи за природна смрт. Така да околу позицијата на коњот не може баш многу да се остави на уметникот туку единствено изработката и изгледот на коњот.
абе ова само така се верува, има многу споменици кои не го следат ова правило
на пример, ако е така, и на Гоце и Даме коњите не треба да стојат на четири
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 08-May-2009 at 10:10
Баш скоро читав една статистика за тоа која вели дека најголем број од коњаничките статуи не се придржуваат кон тие т.н правила... само во САД мислам дека се обидувале да се држат до тоа... Така да можеле и некоја друга поза, а не иста т.е слична поза, иста висина.... слабо... слабо... многу слабо...Thumbs%20Down
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 08-May-2009 at 11:28
Трајановски го издал сообраќајното решение за Александровиот споменик
Скопје
Градоначалникот Коце Трајановски го исполнил барањето на неговиот колега од Центар Владимир Тодоровиќ и издал решение за привремен сообраќаен режим на плоштадот „Македонија“, што ќе овозможи изградба на фонтаната и на споменикот на Александар Македонски. Од градот истакнаа дека решението го издале откако добиле позитивно мислење од Министерството за внатрешни работи.

Барањето за привремен сообраќаен режим беше првата активност на Тодоровиќ како градоначалник на Центар, кој по својата инаугурација најави дека споменикот ќе почне да се гради овој месец или наредниот. Но, и покрај тоа што го издале решението, градските власти не соопштуваат кои улици и кои делови од плоштадот ќе бидат блокирани околу 12 месеци, колку што, според најавите, ќе траат овие градежни работи.

- Деталите за новиот сообраќаен режим ќе ги објавиме наскоро - рекоа вчера оттаму.

Но малку се приодите кон средишниот круг на плоштадот, од каде што градежната машинерија би можела да влегува за да ги гради фонтаната и споменикот. Влезот откај кејот на Вардар е затворен со градилиштето на фирмата „Дивелоп“, а на просторот меѓу стоковната куќа „Сити галери“ и ресторанот „Дал мет фу“ се очекува наскоро да почне да се гради црква, па и тој пристап, иако е најширок и најпрактичен, ќе се затвори. Улицата Македонија е пешачка зона со повеќе кафулиња, па тешко дека таму би можеле да поминуваат камиони, а улиците Максим Горки и Орце Николов, од западната страна на плоштадот, се платени паркиралишта. Тоа го остава пристапот од улицата Никола Јонков Вапцаров, кај кафулето „Тренд“, како најверојатната патека, под претпоставка дека Камени мост е несоодветен за по него да се движат тешки товарни возила.

Од општината сè уште не сакаат да кажат кога ќе почне изградбата на фонтаната во чие средиште ќе се наоѓа споменикот на Александар Македонски. Оттаму рекоа дека авторката на скулптурата Валентина Стефановска била второнаградена на конкурсот во 2007 година, на кој немаше победник, и не била толку неискусна колку што се тврдело. Споменикот ќе биде висок 12 метри, а постаментот под него десет метри.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=388&ArticleID=24119
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 08-May-2009 at 13:55
Za razlika od mediumite koj znaat samo da plukaat kon sve sto e makedonsko, jas samo ke kazam edno golemo -KONECNO- za site spomenici od makedonskite istoriski licnosti koj momentalno se gradat. Treba svetot da znae deka Aleksandar Makedonski ne bil grk, nego makedonec, treba svetot da znae deka makedonija ima istorija, a voedno treba Skopje konecno da ima nesto drugo da pokaze na turistite osven beton zgradi.

Edited by GreatMakedon - 08-May-2009 at 13:59
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 08-May-2009 at 14:09
Originally posted by GreatMakedon

Za razlika od mediumite koj znaat samo da plukaat kon sve sto e makedonsko, jas samo ke kazam edno golemo -KONECNO- za site spomenici od makedonskite istoriski licnosti koj momentalno se gradat. Treba svetot da znae deka Aleksandar Makedonski ne bil grk, nego makedonec, treba svetot da znae deka makedonija ima istorija, a voedno treba Skopje konecno da ima nesto drugo da pokaze na turistite osven beton zgradi.


lele te molam da ne ni pocnuvame so detski prikazni za hunzite i za aleksandar. svetot e budala grcite go lazat cel svet, taka? aj nema mesto tuka za vakvi raboti. vo solun nikoj ne idi za aleksandar i konjot so gigantski testisi (kako bikot vo skopje), ako mislis deka turistite se palat na golemi beskorisni statui, se lazis. jas ne znam nekoja statua da donela priliv na turisti (maksimum 2 ke dojdat za da ja vidat, i dvata ke bidat grci koi ke protestiraat)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.273 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.