Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#201 Posted: 09-Feb-2010 at 23:47 |
БЛИЦ ВЕСТ: Почна раскопување на плоштадот
Денес
стартуваа градежните работи за поставување на инсталации за идната
фонтана и споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија. Се
отстрануваше гранитниот плочник кај централниот круг, а спремна чекаше
и тешка механизација. Исто така веќе е раскопано и во близина Камени
Мост, на местото каде што треба да се постави споменикот на Даме Груев.
1
2
| http://www.build.com.mk/?p=1854
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#202 Posted: 10-Feb-2010 at 00:28 |
Да не е ова за црква, а не за споменик? Сепак гледам дека нешто со канализацијата ќе си играат bob the builder.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#203 Posted: 10-Feb-2010 at 00:32 |
Да, ама дур не кажат официјално дека е и за преместување на канализацијата, билд нема да шпекулира
|
|
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#204 Posted: 10-Feb-2010 at 00:38 |
Veruvam deka e crkvata ,imam slusnato deka tokmu na toa mesto porano bilo najgolemata septicka jama vo toj del od gradot, taka da valjda zatoa i gi stavile tie golemite cevki.
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#205 Posted: 10-Feb-2010 at 01:01 |
Originally posted by mitatos
Veruvam deka e crkvata ,imam slusnato deka tokmu na toa mesto porano bilo najgolemata septicka jama vo toj del od gradot, taka da valjda zatoa i gi stavile tie golemite cevki.
|
Јас имам слушнато за главниот канализационен одвод ама за септичка јама? Не верувам во центарот да има уште септички јами.
Инаку, build шпекулира дека градежните работи на плоштадот се за споменикот на Александар Македонски
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#206 Posted: 10-Feb-2010 at 01:49 |
Не е тоа септичка јама, тоа се вика Cloaca Maxima, односно собирна шахта за одводни канализациони водови. Со други зборови, кога ќе засмрди за некој ден да не се чудите од каде!
|
|
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#207 Posted: 10-Feb-2010 at 02:33 |
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#208 Posted: 10-Feb-2010 at 21:03 |
Originally posted by igorius
ke mora da go pomestime zbornoto mesto za sredbi |
|
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#209 Posted: 10-Feb-2010 at 23:17 |
Оуууу...omfg, ова да се дрогирав вакви халуцинации немаше да доживеам
Филип 2 со семејството во центарот на Скопје?
Гоце Михајлоски Коментари (0)
10.02.2010 19:14
Наместо Александар ќе стои татко му Филип
Наместо Александар на Букефал, на скопскиот плоштад ќе јава неговиот татко Филип 2. Со вакво тврдење денеска излегоа од невладината Плоштад Слобода.
Причината за ротацијата, според нив, не е од политички побуди, туку оти споменикот на Александар бил згрешен во изработката.
„Беа повикани скулпторот Серафимовски и Цветан Грозданов, кој што е историчар на уметност, академик во МАНУ, да реагираат, да видат што може да се поправи во Фиренца на лице место. меѓутоа отидоа и видоа дека тоа веќе излеано и во гипс, и нема што да се поправи“, вели Нита Муча, историчар на уметност.
„Владата не не ни информирала дека го сменила планот, дека на централното место во Скопје нема да има споменик на Александар Македонски, туку ќе има споменик на Филип 2, и дека тој ќе биде претставен заедно со своето семејство и дека ќе биде претставен заедно со четири горди Македонки, кои што ги спремаат своите синови да бидат воини“, рече Никола Наумовски, Плоштад Слобода.
Александар ќе го има на плоштадот, тврдат од општина Центар. Ќе биде поставен за нешто повеќе од една година. Грешките биле дел од процедурата на изработка.
„Од 2010 нема да биде, некаде ќе биде втората половина на 2011 година. Сепак таму се работи за зголемување на споменикот и сите грешки што можат да настанат, треба да се отстранат и внимателно да се дојде до моментот на лиење. Кога ќе дојде до моментот на лиење, поточно ќе знаеме кога ќе пристигне“, изјави вчера градоначалникот на општина Центар, Тодоровиќ.
Споменик на Филип втори ќе има во Битола. Тој е готов и е веќе донесен во градот. Веќе неколку месеци се чува зад општинската зграда. Градоначалникот тврди дека се уште не го поставува оти имало некакви проблеми со фонтаната која во која ќе биде сместен.
Споменици на Александар Велики, пак веќе неколку години има во Прилеп и Штип. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119742
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#210 Posted: 10-Feb-2010 at 23:42 |
Абе ајде доста, генетика е тоа нормално е! Нормално кога ќе згрешиш нешто милиметарско во гипсот што 10 луѓе го ревидирале и 20 го проектирале и 30 го планирале да излези од Александар еден цел Филип! Мислам дај ајде со лајна да фрлаа по нас немаше да ме навредат толку колку ова купче bullcrap што го изнесоа пред јавноста.
Сите безусловни поддржувачи на проектот разбудете се, видете малку околу вас. За да ви ги кажува некој овие работи и вие уште да верувате дека се прави нешто добро и дека ве почитува некој како народ, треба да се едноставно слепи.
П.С. Нема политичка конотација постот, гајле ми е која партија била на власт, ама кој и да го каже ова како оправдување треба да заврши на бесилка! Не за непочитувањето, туку за неизмерната глупост!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#211 Posted: 16-Feb-2010 at 01:33 |
Плоштадот се копа на големо
Раскопувањето на плоштадот „Македонија“ стартуваше. Општина Центар
го започна дислоцирањето на старите инсталации и поставувањето нови кои
ќе бидат во функција на новиот споменик на Александар Македонски и
фонтаната. Тарабите на оваа локација ќе останат најмалку неколку
месеци, пред да се преселат во средишното зеленило на плоштадот, кога
ќе почне да се работи на фонтаната. (С.Н.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E4C9C4E1DCDB0947899562ADD875AB7A
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#212 Posted: 24-Feb-2010 at 17:00 |
За поместувањето на цевките на плоштадот 200.000 евра Околу 200.000
евра ќе потроши локалната власт за претстојната дислокација на цевките
од канализациската, атмосферската и водоводната мрежа на плоштадот
Македонија, информира градоначалникот Коце Трајановски. Оградувањето и
раскопувањето на половина плоштад, според него, се прави само поради
изградбата на фонтаната, во чие средиште ќе се постави споменикот на
Александар Македонски, а нема врска со идна изградба на црквата, која е
планирана на неколку чекори од неа.
Тој на последната седница
на Советот, на советничко прашање на Софија Куновска од СДСМ за тоа кој
и што копа на плоштадот, кажа дека дислокацијата на инфраструктурата ја
работат со Општина Центар и дека трошоците ќе ги поделат во сооднос 50
наспрема 50.
- Плоштадот можеби ќе биде раскопан една-две
години - рече Трајановски, подготвувајќи ја јавноста дека се' уште не
се знае кој ќе биде конечниот изглед на плоштадот по завршувањето на
градежните работи. Алудираше на својата изјава за враќање на коцката,
за која рече дека била извулгаризирана, бидејќи не е познато дали
навистина ќе се случи тоа. (Ј.И.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E785C7842D6727479DF5153072D1A629
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#213 Posted: 02-Mar-2010 at 23:04 |
ФОТОВЕСТ:
Бидна и оградата за фонтаната на Аце наш!
По лимената ограда и средувањето на локацијата предвидена за сега петтиот постамент на споменикот на првиот македонски претседател, Методија Андонов-Ченто, вчера екипите на градежното претпријатие Бетон" го обиколија зелениот тревник во центарот на плоштадот со нова ограда. Најпрво беа извадени преостанатите мермерни плочки околу кругот каде што стои новогодишната елка и почна со чистење на теренот од водоводната и електричната инсталација. Со оваа активност отпочнаа и деталните работи на фонтаната на плоштадот Македонија, во која ќе стои споменикот на Александар Македонски. Од Општина Центар информираат дека засега се оди во зацртаните рокови за кои секој од спомениците и постаментите под нив биле предходно зацртани. Засега општината вели дека немаат најави за некакви доцнења од градежните фирми што работат на теренот. Со ова само уште еднаш се докажува професионалноста на одговорните за проектот Скопје 2014, информираат од Општина Центар.
|
http://vecer.com.mk/?ItemID=57663CC446F89545A17C659D7B138687
Edited by Cloverstack - 02-Mar-2010 at 23:26
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#214 Posted: 03-Mar-2010 at 00:28 |
Почна копањето за фонтаната на Александар Македонски
Се подготвува и теренот за мермерниот споменик на Ченто што ќе се постави на аголот кај „Тренд“
Плоштадот од вчера дополнително почна да се раскопува. За потребите
на фонтаната со коњаничката скулптура на Александар Македонски се
заградуваше централниот дел каде што во наредниот период ќе се работи
на изведба на инфраструктурата. Општинарите од Центар се' уште не знаат
дали ќе се искористи подземната соба со инсталации изградена во времето
на градоначалникот Ристо Пенов за потребите на планираната фонтана за
што беа потрошени околу 200.000 евра. Неизвесно е и колку време ќе се
работи на инфраструктурата додека истовремено привршува изработката на
постаментот за фонтаната иза скулптурата.
„Од вчера почна да
се работи на ископување на теренот. Со оглед на тоа дека
инфраструктурата за тогашната фонтана е под земја, се' уште не може да
се утврди дали таа ќе биде корисна, дали евентуално ќе се надградува
нејзиниот капацитет или, пак, целосно ќе треба да се извади и да се
изгради нова“, изјави вчера Јовица Ацковски, портпарол во Општина
Центар.
Тој информираше дека генерално е завршена
дислокацијата на канализационата мрежа поради што од пред еден месец
плоштадот се претвори во градилиште. „Кога ќе завршиме со последната
започната активност, не може да се прецизира. Зависи од временските
услови и од она што, всушност, ќе најдеме под земја“, дополни Ацковски.
Инаку,
од завчера се работи и на подготвување на теренот за поставување на
споменикот на Методија Андонов - Ченто на аголот пред кафулето „Тренд“.
Се отстрани чешмата за вода, а се дислоцираат и подземните инсталации.
Од Центар очекуваат споменикот да биде поставен најдоцна до крајот на
идниот месец. Тој е првиот што ќе се постави на плоштадот, а е
изработен од мермер. (Дс.Т.)
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8C6E1AA5C4B81443BB65727FDABB940D
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#215 Posted: 15-Mar-2010 at 13:35 |
ВЕСТ ОТКРИВА НОВИ ДОКУМЕНТИ ЗА СПОМЕНИЦИТЕ
650 илјади евра хонорари за Александар
Од таа сума се исплаќаат авторски хонорар за Стевановска и надоместоци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за изработка на скулптурите и на релјефите
Според договорот на Општина Центар со леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци, ако се доцни поради нарачателот, нема казни, ако доцни изведувачот, казната е до 5 проценти од цената на чинење
Скулпторката Валентина Стевановска потпишала договор за хонорар со Општина Центар од околу 650 илјади евра за фонтаната и за споменикот на Александар Македонски, предвидени за на плоштадот Македонија. Од таа сума, според договорот, се исплаќаат и надоместоци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за изработка на скулптурите и релјефите. "Вест" дојде до два договори со доверлив карактер кој како таков, пишува дека ќе се чува од потписниците. Договорите се третирани како деловна тајна, и нивната содржина не смеела да се открива пред никого. Од вториот договор се гледа дека четири и пол милиони евра чини леењето на комплексот споменици и релјефи предвидени околу фонтаната, заедно со коњаничката скулптура на Александар. Според договорот на Општина Центар со леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци. Тоа значи дека комплексот - фонтана и Александар Македонски на Плоштадот треба да е завршен до октомври годинава. Ако изработувачот не успее во предвиденото време да ја изврши нарачката, предвидена е казна од 1 промил дневно, но најмногу 5 проценти од вредноста на договорот. Во договорот има клаузула која вели дека рокот на изработка може да се одложи ако нарачателот задоцни со изработка на моделите. Стевановска за сумата од речиси 650 илјади евра се обврзала да изработи идден проект за изградба на монументална целина на фонтана со коњаничка скулптура, висока 3 метри, скулптури на осум војници, исто така, високи речиси 3 метри, скулптури на 2 лава со по 2 метра височина. Тие се во придружните елементи на монументалната целина, а како придружни елементи се сметаат и релјефите од фонтаната кои се изработуваат во мермер со површина од 15 квадратни метри, како и релјефи подготвени за леење во бронза со површина од 120 квадратни метри. Во интервјуто за "Вест", дадено минатата година, Стевановска ни рече дека оваа споменична целина во ширина ќе биде колкаво што е кружното место со зеленило на Плоштадот. Таа објасни дека по скали во кружна форма ќе се стигнува на плато во кружна форма, дека таму ќе има 4 бронзени лава на четирите страни на шеталиштето, а други четири лава има на палтото под фонтаната на Плоштадот. Луѓето ќе можат да доаѓаат до ѕидот од каде што почнува мермерната фонтана, исполнета со вода. "Во средината на фонтаната се издига мермерен столб, висок приближно колку коњаникот, и тие пропорционално си одговараат. Во подножјето столбот ќе биде поширок, и таму во бронза ќе биде изработена круната на Филип со дабови листови. Тоа плато од почетокот на столбот ќе служи како постамент на војниците на Александар. Ќе има 8 бронзени војници, високи по 3 метри, кои ќе бидат претставени во различни пози. Тоа се поточно 7 војници, а еден е кралот Филип Втори", ни изјави на почетокот на работата Стевановска. (Г. Т.)
Во огласот споменикот на Плоштад нема име
Општина Центар тајно го распишала огласот за леење на споменикот на Александар Македонски. Огласот за избор на леарница во која ќе се прави споменикот на Александар, јавнат на Букефал, Општината го распишала на 17 јуни 2008 година. Но во огласот не е наведено точно за кој споменик станува збор. Во описот во огласот стои само "леење на скулптури и релјефи во бронза", но не и името не воинот. Истиот ден Општина Центар распишала уште четири огласи за леење споменици. Во нив, за разлика од огласот за споменикот на Александар Македонски, јасно стои чии споменици ќе се леат. Во првиот оглас е наведено дека ќе се леат коњанички скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев, во вториот коњаничка скулптура на Никола Карев, а во останатите два пишува дека се бара леарница за споменици на Цар Самуил и Методија Андонов - Ченто. По две недели, односно на 2 јули објавени се огласи за барање леарница и за двата пара лавови што треба да бидат поставени на мостот Гоце Делчев. И во овие огласи јасно стои каков споменик ќе се лее. (А. А)
Александар ќе дојава со доцнење од 6 месеци
Споменикот на Алексадар Македонски ќе доцни најмалку половина година. Според договорот потпишан меѓу Општина Центар и леарницата од Фиренца "Фердинандо Маринели", споменикот треба да биде готов до октомври годинава. Но овој рок нема да се запази. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ пред два месеца изјави дека Александар не е излеан ни до половина и, според негова процена, тој и Букефал во Скопје ќе пристигне дури за една и пол година. Дотогаш ќе се работело на изградба на фонтаната, на која тој ќе биде поставен. Првите споменици кои за еден месец треба да бидат поставени на плоштадот Македонија се на Гоце Делчев и на Даме Груев пред Камени мост, на цар Самуил пред кафулето "Тренд" и едниот пар лавови на мостот Гоце Делчев. Леењето на спомениците на Гоце и на Даме чини 850.000 евра, а на двата пара лавови 2.300.000 евра. (А. А.)
Edited by SkyBoy - 15-Mar-2010 at 13:44
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#216 Posted: 22-Mar-2010 at 23:55 |
ОПШТИНА ЦЕНТАР
Фонтанта и Аце вкупно 8 милиони евра
3 милиони евра за фонтаната и постаментот, 4,5 милиони за споменикот на Александар Македонски со војниците и лавовите кои ќе го чуваат и 650 илјади евра за хонорарот на авторот на Валентина Стефановска се сумите што вчера Општина Центар и ги обелодени на јавноста и треба да ги плати на учесниците за украсувањето на Плоштадот. Ова го кажа градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на брифингот за новинарите, на којшто беше и спомнат финалниот рок од девет месеци од сега за изградбата на фонтаната на Александар Македонски. Од Општината Центар кажаа дека убрзано се работи на подземната инсталација и кога ќе биде изградена подземната нова соба за фонтаната, ќе се започне со градење на надворешниот базен на фонтаната кој треба да биде готов до почетокот на следната година. Градоначалникот, исто така, додаде дека информациите што кружат дека се започнати градежните активности во врска со цркавата на Плоштадот, се невистинити. Тој напомена дека се уште МПЦ нема доставено барање до Општината за градба на црквата. Кога ќе имало таков документ, ќе се започнело со активности. Од Центар информираа дека градежните работи деновиве убрзано се насочуваат кон постаментите на спомениците на Методија Андонов-Ченто, свети Климент и Наум Охридски, св. Кирил и Методиј и на Карпош.
Edited by SkyBoy - 22-Mar-2010 at 23:57
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#217 Posted: 23-Mar-2010 at 04:02 |
Александар ќе
јава и ќе пее за 10 милиони евра
Допрва
ќе се одлучува каква музика ќе излегува од фонтаната, која ќе има
современ систем на светлосни и хидроефекти
Деспина Трајковска
Од споменикот на
Александар Македонски, вреден10 милиони евра и од фонтаната ќе се слуша
музика. Каква, допрва ќе се одлучува. Градоначалникот на Центар Владимир
Тодоровиќ вчера посочи дека засега единствено е познато оти фонтаната
со радиус од 30 метри ќе има современ систем на светлосни, звучни и
хидроефекти.
Тодоровиќ, конечно, ја обелодени и крајната сума
што ќе се потроши за споменикот на македонскиот војсководец и фонтаната
во која тој ќе биде сместен. Само за скулптурата на војсководецот
придружувана со фалангата и осум лава ќе се потрошат 4,5 милиони евра, а
за фонтаната 3 милиони евра. Ако на овие суми се додадат и високите
хонорари за комисиите што учествуваа во изборот на идејните решенија,
како и хонорарот на авторката, 10 милиони евра се апсолутно достижни. Со
тоа, автоматски, градоначалникот, но и другите вклучени во проектот
„Скопје 2014“ ги демантираа досегашните информации дека за 10 милиони
евра ќе се изграделе не само Александар Македонски, туку и четирите
лава, коњаничките скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев и уште три
споменици.
„Дали споменикот е прескап, е релативна работа. Само
можам да ве уверам дека тој ќе биде преубав, во што ќе се уверите кон
крајот на идната година кога го очекуваме да биде готов. Според
досегашните информации, тој е излеан повеќе од половина. За девет
месеци, пак, треба да биде изградена фонтаната. На терен веќе се врши
подготовка за тие градежни активности. Фонтаната ќе има преубави
мермерни масивни скалила и мини шеталиште околу столбот на споменикот“,
рече вчера Тодоровиќ.
Тој деновиве треба да пресече дали
дополнително ќе му плати на „Бетон“ за непланирани градежни активности
или Општината ќе најде друга фирма што ќе ги отстрани инсталациите
изведени на плоштадот во времето на градоначалникот Ристо Пенов за тогаш
планираната фонтана. Имено, подземната машинска соба е лоцирана и
стручните екипи утврдиле дека таа нема да ги задоволи капацитетите за
фонтаната на македонскиот војсководец. Таа не може да се надгради,
единствено треба да се отстрани. Според процените на Тодоровиќ, за
новата фонтана е потребна подземна соба со инсталации поголема сигурно
двапати од таа што ја инсталираше Пенов, за што од градскиот буџет тогаш
се потрошија околу 200.000 евра. За нејзина дислокација, пак, е
проценето дека ќе се потрошат непланирани 10 илјади евра.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=8419442C3467744CA4D180ABC864294C |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#218 Posted: 23-Mar-2010 at 04:04 |
Осум милиони евра
за споменикот на Александар
Само
изградбата на фонтаната ќе чини околу 3 милиони евра, а Александар,
фалангата, 12-метарските резби во бронза и осумте лава ќе чинат околу
4,5 милиони евра
Повеќе од осум милиони евра Владата потрошила за изградба на
споменикот со фонтана посветен на Александар Македонски кој, според
најавите од Општина Центар, треба да се постави во централниот дел на
градскиот плоштад.
Според градоначалникот на општина Центар,
Владимир Тодоровиќ, само изградбата на фонтаната ќе чини околу 3 милиони
евра, а за Александар, фалангата, 12-метарските резби во бронза и
осумте лавови околу 4,5 милиони евра. Според Тодоровиќ, во четирите
милиони евра е пресметан и хонорарот на авторката на споменикот.
-
Можеби изгледа многу 650 илјади евра за хонорар за авторот на
споменикот, но изработката на спомениците не е ниту лесен ниту
едноставен процес. Во него не учествува исклучиво авторот, туку уште
една мала армија помошници и соработници. Парите одат и за потрошен
материјал, околу 25 илјади евра - рече градоначалникот.
Градежните
зафати на градскиот плоштад за потребите и изградбата на фонтана треба
да завршат за 9 месеци, а во општината се надеваат дека фонтаната и
споменикот ќе бидат поставени до крајот на 2011. Станува збор за
грандиозна градба, која никого нема да остави рамнодушен, изјави
Тодоровиќ. Според нивните сознанија, овој споменик би бил најголем на
Балканот.
- Дијаметарот на фонтаната е 30 метри. Ќе биде
поставена на неколку нивоа. За да дојдат до шеталиштето околу фонтаната
граѓаните прво треба да се искачат на неколку скалила. Потоа на работ од
фонтаната ќе бидат поставени лавовите, од кои четири ќе гледаат
нанадвор, а четири кон фонтаната. Во центарот за водоскокот ќе биде
поставен постамент на кој ќе стои коњаникот, кој ќе биде „обложен“ со
мермерни и бронзени релјефи - објавија од Општината Центар.
Се
работи на поместување на подземната инсталација. Машинската просторија,
направена за потребите на фонтаната, деновиве ќе биде урната. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F143E08CD56E814E87EC6C5A8067EEC6 |
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#219 Posted: 09-Apr-2010 at 01:19 |
Се подготвува теренот за фонтаната на Александар
Почнаа подготовките изградба на фонтаната во која ќе биде поставена коњаничката скулптура на Александар Македонски. Станува збор за дислокацијата на постојната машинска соба и активности за новата инсталација. За дислокацијата на машинската соба ќе бидат потрошени 10 илјади евра, додека фонтаната ќе чини три милиони евра.
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#220 Posted: 09-Apr-2010 at 11:07 |
Се тргаат тарабите од
ПлоштадОд наредната недела ќе се тргаат тарабите со кои е заграден
плоштадот Македонија. Градежните работи кои изминатите два месеца се
изведуваа за дислокација на подземна инфраструктура за изградба на
фонтаната се завршени. Во моментов екипи од ЈП "Улици и патишта" ги
поставуваат плочките кои беа извадени и ги крпат оштетените делови.
Сепак, скопјани и понатаму нема да можат слободно да шетаат низ
Плоштадот. Заграден ќе остане тревникот на кој ќе се наоѓаат фонтаната и
споменикот на Александар Македонски. (А.А.) http://www.vest.com.mk/?ItemID=CFBE135679E02D42B8147FE6B4F237D2
|
|