build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кривичен суд Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 236
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 20-Sep-2017 at 10:42
Originally posted by Џоле

КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО НОВАТА БАРОКНА ЗГРАДА ШТО Е САМО ЗА СЛАБИ И НИСКИ ЛУЃЕ




Биинг Џон Малкович
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11309
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 21-Sep-2017 at 15:26




За момент човек да си помисли дека и намерно е направена зградава таква   
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 429
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 13-Nov-2017 at 22:50

чекај ова озбилно е вака испроектирано, изведено и пуштено у промет <<<<

можеби тоа се некакви депоа на фотката погоре, до толку ли нема новинар да побара одговор од проектантот, изведувачот, па и власта, бивша ил сегашна ..

можеби ова е соба за притвореници, онака да ги дрма клаустрофобија пред распит, мислам не ме чуди да е ова на мвр и обвинителство досетка, скопско кривично и се ет можно ..
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1863
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 14-Nov-2017 at 11:53
cekajte be decki, ne sudete odma, mozda devojkava na slikava e kosharkarka
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 14-Nov-2017 at 15:52

2 јануари 2014

Originally posted by Teglarot



Речиси како и сите објекти од Ск2014, за да се запазат некоја квази архитектура ала барок и рококо (воглавно за надворешноста) трпи внатрешноста на објектот. Влезовите на таквите објекти (читај судови) во странство се пространи, а овој е целосно спротивно на тоа. Нема многу голема внатрешна површина со оглед на големината на објектот, има тесни соби/канцеларии/судници. Има премногу(би можел слободно да кажам ненормално) тесни ходници. Но за утката да биде најголема, таваните на објектот се многу ниски. Слушнав дека во некои делови на објектот има и тавани високи околу 2 метра. Варираат, но се ужасно ниски. Ми се чини дека се збореше за некакви проблеми со вентилационите систем, па токму поради тоа морало да се намали висината на таваните и да се стеснеле пред се ходниците. Ќе цитирам човек кој што работеше на една фаза на објектов што мисли за истиот - Пљукни залепи.


Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 14-Nov-2017 at 19:42
Не е многу познато дека голем број на наши министри се членови на литературниот кружок „Кафка фан клуб - Скопје„, па ете, суптилно му оддале чест не големиот писател.
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 15-Nov-2017 at 22:16
Секоја чест за коментарот, истото ми падна на памет.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 840
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 26-Jan-2018 at 14:32
http://fokus.mk/novata-zgrada-na-krivichniot-sud-pet-godini-zjae-prazna-dholev-ochekuva-da-se-vselat-vo-mart



Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев очекува новата зграда на судот да биде отворена на 31 март- Денот на правосудството. На денешната средба со новинарите, Џолев рече дека се чека да завршат процедурите во Катастарот и да се добие употребната дозвола.
Новиот барокен објект во кој требаше да се пресели Кривичниот суд, веќе пет години зјае празен. За него се потрошија 11 милиони евра, но судењата се уште се оддржуваат во старата зграда, во претесни судници, во кои најчесто нема место за сите странки, па дел од нив рочиштата ги следат стоејќи на нозе.
Поголемите судења, особено оние за кои има медиумски интерес, пак, се оддржуваат во судница на Врховниот суд, како на пример за случајот „Диво Насеље“, бидејќи судниците во Кривичниот суд, освен една, се премали за да во нив се сместат повеќето обвинети, нивните адвокати, роднини и јавноста. Токму и затоа беше неопходна изградба на нов објект, бидејќи се губи драгоцено време во чекање на слободна судница.
Темелите на новата зграда беа удрени во 2010 година, а тогашниот премиер Никола Груевски вети дека зградата ќе биде завршена за 18 месеци. Тој дури посочи дека ефикасноста во работењетот, меѓу другото, била поврзана и со просторните и работните услови на судиите и судската администрација. Тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, пак, се пофали дека до тогаш никој не вложил повеќе средства и напори за подобрување на работните услови на судиите. Но, од неговите фалби се сменија уште неколку министри за правда, а судот уште не е сефтосан. А, за да работата тргне со среќа, камен темелникот беше осветен и од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Но, и по пет години и потрошени милиони, објектот се уште е празен. Лани во март, тогашниот министер за правда Аднан Јашари истакна дека од нивна страна се завршени сите постапки и формалности и дека од претседателот на Судот зависело кога ќе се преселеле. Од Основниот суд Скопје 1, пак, тогаш ни одговорија дека се уште не можат да влезат во новите простории, бидејќи во тек биле набавките на компјутерската опрема.
Новата зграда на Кривичниот суд е лоцирана кај новата катна гаража и комплексот судови. И оваа зграда, како и останатите од проектот „Скопје 2014“ е преплатена, бидејќи лично од Груевски беше најавено дека ќе се изгради за 8,3 милиони евра, пари обезбедени од Светска банка и државниот буџет, но цената се зголеми за дополнителни 2,7 милиони евра. Цената се билдаше на добро познатиот начин, со склучување на анекс договори.
Судот е проектиран на 10 нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје.
Предвидени се 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни од кои една за 200 лица за случаите на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, репрезентативна судница и канцеларии, судски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци, и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 метри квадратни.
Главен изведувач на објектот беше градежната компанија „Гранит“ од Скопје.

Валентина Вурмо
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 361
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 31-Mar-2018 at 02:41
Изгледа конечно дојде денот да се пушти во употреба кривичниот суд, а го отвора ни помалку ни повеќе екс премиерот




Груевски в понеделник ќе му направи сефте на новиот кривичен суд



Експремиерот Никола Груевски заедно со 21 останат обвинет во случајот на СЈО „Титаник“ ќе ѝ направат сефте на новата зграда на кривичниот суд. Првото судско рочиште за овој предмет е закажано за понеделник и е предвидено да се одржи во една од големите судници во новиот објект, кој утре ќе биде пуштен во употреба со свеченост. Камен-темелникот на новата зграда на кривичниот суд беше поставен во 2010 година, а меѓу присутните беше и тогашниот премиер Груевски, кој заедно со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ги фрлија првите лопати.

Барокната зграда која почна да се гради во 2010 година има десет нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Изградбата на објектот беше поддржана со приближно 8,3 милиони евра заем од Светска банка. Новиот објект има 74 судиски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници од кои едната ќе биде со капацитет за 200 лица за случаи на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер-сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, судиски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 квадратни метри.





https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2-%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%9C%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D1%81%D0%B5/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11309
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 31-Mar-2018 at 14:04
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.