build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кривичен суд Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кривичен суд Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 16-Oct-2014 at 16:11
Кога ги гледам столбовиве ми се лоши. Архитект го има проектирано ова, водоинсталатер, или можеби некој економист од Прилеп?
Згмечени столбови, слично како кај Мин. за финансии. Таму бетер се додуша.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 28-Jan-2015 at 19:53
Овој објект очигледно чека избори. Со месеци мајстор не се појавува на него, секој ден поминувам покрај него и се чудам.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 11-Apr-2015 at 17:23
DSC07987 by george k. 1981, on Flickr

DSC07986 by george k. 1981, on Flickr

DSC07984 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 13-Apr-2015 at 01:28

Што се деси со ова судов, кога веќе ќе го пуштат у функција?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 13-Apr-2015 at 19:21
Новата зграда на Основниот суд Скопје 1, која требаше да биде изградена по највисоки стандарди за потребите на еден современ кривичен суд, уште не е пуштена во употреба, поради тешки промашувања на основните стандарди кои се однесуваат на една градба.


http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=E2EBFC60C8D1494D88903036EB73322F
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 15-Apr-2015 at 01:20
Мх, достапен само за претплатници.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 08-Jun-2015 at 16:39
Ја средуваат пешачката патека пред Кривичниот суд.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1159
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 20-Dec-2015 at 18:22
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 20-Dec-2015 at 22:36
Ова вака остана. Чека избори изгледа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 20-Dec-2015 at 23:04
Не сум сигурен, но ми се чини дека објектов не го помина техничкиот прием. Му најдоа доста недостатоци. Мислам дека имаше по некои медиуми, ама некако се заташка.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7008
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 21-Dec-2015 at 03:17


Originally posted by Џоле

Новата зграда на Основниот суд Скопје 1, која требаше да биде изградена по највисоки стандарди за потребите на еден современ кривичен суд, уште не е пуштена во употреба, поради тешки промашувања на основните стандарди кои се однесуваат на една градба.


http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=E2EBFC60C8D1494D88903036EB73322F
само неколку поста погоре е и веќе влезе во заборав?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 30
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 21-Dec-2015 at 04:52
Originally posted by fichot

Мх, достапен само за претплатници.


само неколку поста погоре
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 01-Feb-2016 at 00:28
БАРОКНАТА ФАСАДА НА КРИВИЧЕН СУД ЌЕ ДОБИЕ РЕФЛЕКТОРИ

Се чини дека се одбројуваат денови до пуштање во употреба на новата барокна зграда на Кривичниот суд, која е изградена кај комплексот судови во близина на МРТВ. Моментално се врши доопремување на објектот во кој „кривичарите“ требаше да се вселат уште пред 3-4 години. Министерството за правда, кое е инвеститор на објектот, пред некој ден склучило договор за набавка на лед-рефлектори (светилки) за фасадата на судот. Договорено е Акционерското друштво за производство и промет „ЕЛ КОМ“ од Скопје за околу 30.000 евра да ги испорача и да ги монтира рефлекторите.

Со оваа набавка, вредноста на објектот се искачи на речиси 9,5 милиони евра, а првично беше најавено дека ќе чини 8,3 милиони евра. Објектот почна да се гради во 2010 година и беше ветено дека ќе се комплетира до крајот на 2011 година. Но, и по толку време, зградата се' уште не е вселена. Досега никој официјално не објасни кои се причините зошто судот се' уште е под клуч.

Објектот на Кривичниот суд е лоциран меѓу барокната катна гаража на Општина Центар и комплексот судови. Има 10 нивоа, со вкупна површина од 8.862 квадратни метри. Планирано е во него да се сместат седум оддели на Кривичниот суд, кои ќе се распоредат во 74 судски кабинети, а ќе има 22 средни и две големи судници што ќе можат да примат по 100 и 200 лица.

Зградата ја градеше скопски „Гранит“, а надзорот го вршеше „Геинг Кребс унд Кифер интернешнл“.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=4C47468F174496419DA7CBCCBAF39B7E
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 616
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 03-Apr-2016 at 19:13
Objektov staven li e vo funkcija??
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 14-Feb-2017 at 09:06
ПРЕСЕЛБАТА ВО НОВИОТ АНТИЧКИ КРИВИЧЕН СУД ВО МАРТ

По седум години градба и опремување, многу шпекулации околу доцнењето, конечно ќе биде пуштена во употреба новата зграда на Кривичниот суд во античка градба. Како што дознава „Утрински весник“ од судски извори, преселбата во новиот објект кој се наоѓа веднаш до сегашните простории на Основниот суд – Скопје 1 се планира за март. Во испразнетите простории на сегашниот Кривичен суд треба да се преселат нивните колеги од Одделението за прекршоци од бараките во Градскиот парк, како и Управниот суд, кој неколку години е потстанар во простории на „Македонски пошти“.

Од Министерството за правда не можеа да ни ги потврдат овие сознанија, бидејќи и покрај неколкуте телефонски разговори и испратениот мејл со барање за повеќе информации, добивме само ветување, но не и повратен одговор од кабинетот на министерот Валдет Џафери. Останавме покуси за информации не само околу точниот датум на преселбата, туку и околу тоа дали се отстранети недостатоците во градбата, кои го забавија техничкиот прием и колку тоа ќе влијае на вкупниот износ во затворањето на финансиската конструкција.

Во писмениот одговор, пак, добиен од прес-службата на Кривичниот суд ни беше кажано дека новата зграда на Основен суд Скопје 1 - Скопје е направена по сите параметри и стандарди и ги задоволува потребите за ефикасно функционирање, според препораките на Европската комисија за ефикасност во правосудството ЦЕПЕШ.

Од таму појаснуваат дека како дел од судската зграда е опремениот прес- центар за претставниците на медиуми што се наоѓа спроти најголемата судница од каде ќе може да се следат судските рочишта преку ЛЦД-монитори. На тој начин, како што велат од Кривичниот суд, нема да се нарушува мирот во судницата, а новинарите истовремено ќе можат да ја следат работата во судницата и непречено да ја вршат својата работа.

Новата судска зграда опфаќа посебен коридор за доведување обвинети и осомничени лица, со посебен лифт и влез до сите судници што е одвоен од останатите влезови. Како што се наведува во дописот, на тој начин ќе се избегне откривањето на идентитетот на осомничените и обвинетите лица што неретко досега поради условите во старата зграда се случуваше овие лицата да бидат снимени или фотографирани при влезот и излезот на зградата. Покрај ова, предвидени се и простории за прифаќање и приведување лица пред судии на претходна постапка, како и посебни простории за адвокати и обвинители опремени со ви-фи. Од Кривичниот суд информираат и дека архивата е направена според најмодерни стандарди. Во составот на зградата се предвидени и простории за „корпора деликти“, како и за сослушување заштитени сведоци од каде што преку видеоконференција ќе може да се сослушува лицето и за надворешни потреби, односно за судски постапки во други земји. Ќе има и посебни лифтови за вработени, за обвинети и за посетители, како и посебни влезови и тоалети за да можат инвалидизираните лица да имаат непречен пристап до зградата.

Од Кривичниот суд информираат дека во објектот е поставен и безбедносен систем со современа опрема со над 116 камери што следат надвор и внатре со посебни контролни соби контролирани од судската полиција. Системот е направен така што доколку има дефект преку СМС стигнува сигнал до определено службено лице.

Она што е особено значајно е што судот ќе располага со 25 судници, од кои најголемата има капацитет до 150 лица и е одвоена со галерија.

Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд беше најавена уште во февруари 2010 година од страна на тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, кој на посебна прес-конференција го објасни целиот проект. Тој тогаш рече дека „секаде судските згради се изградени во монумалентален стил“. Изградбата почна во мај истата година, кога беше речено дека ќе биде готова за 18 месеци.

Зградата е со вкупна корисна површина од 9.000 квадрати, има 10 нивоа - две подрумски нивоа, приземје, шест ката и потпокрив. Проектната документација за скопскиот Кривичен суд ја изработија македонска и италијанска фирма. Како што беше тогаш најавено, целиот проект за реновирање на судовите требаше да чини 10 милиони евра, позајмени од Светска банка, а државата учествува со 16 отсто.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=8727174B1A8D1B4E9DA862F9C5757A16
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7008
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 15-Feb-2017 at 21:26
значи сепак еден битен орган ќе користи таква дефектна зграда... мислам дека подобро им е во бараки или под кирија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Taki View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Mar-2017
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Taki Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 22-Aug-2017 at 18:32
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 23-Aug-2017 at 08:49
Предлагам да ја сквотираме оваа зграда. Ќе бидеме пионери во земјава.
Back to Top
Понтифик View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Mar-2017
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Понтифик Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 25-Aug-2017 at 13:08
Чудесна идеја!
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10945
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 20-Sep-2017 at 10:17
КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО НОВАТА БАРОКНА ЗГРАДА ШТО Е САМО ЗА СЛАБИ И НИСКИ ЛУЃЕ



Зградата чини 10 милиони евра, но е промашена во проектот и изведбата – Канцелариите на судиите и целиот службен дел во зградата се со низок плафон, кој може да се допре со рака (лево), а проблем е пристапот на пултот каде што треба да влезат и да седнат судијата, поротата и дактилографот оти низ нив може да се протне само човек тежок околу 60 килограми (десно) (Фото: СДК.МК)

Основниот суд Скопје 1 ги почнува подготовките за селење од старата во новата барокна зграда, која е готова уште пред три години, но е промашена во проектот и изведбата иако чини над 10 милиони евра. Oстана проблемот со прениските тавани во ходниците и во кабинетите на судиите и стручните соработници, кои ако сте со висина од 170 сантиметри не само што можете да ги допрете со рака, туку може и да извадите табла или светилка од плафонот.



Најголемата судница e предвидена за 200 лица. Во неа ќе се суди за предмети од организиран крминал, а преку стакло јавноста ќе биде одделена од учесниците во постапката. Специјална камера со сензори ќе се врти кон странката која ќе зборува, а тоа новинатите, во посебна просторија зад судницата, ќе го следат на големи екрани (Фото: СДК.МК)

Освен главната судница, која е по европски стандарди, повеќето судници се помали (иако сепак малку поголеми од овие во старата зграда на Кривичниот суд), но проблем е пристапот на пултот каде што треба да влезат и да седнат судијата, поротата и дактилографот. Низ нив може да се протне само човек тежок околу 60 килограми.

И во делот со ходници и судници за странки не се многу повисоки таваните. Секој кат на осумкатницата потсетува на стан на поткровје. Се простира на површина од 8.862 квадратни метри.

Едно од најголемите промашувања во изградбата, како немањето безбеден и посебен влез за полициските комбиња кои ќе спроведуваат притвореници и осудени лица во Основниот суд Скопје 1 за тероризам, насилство, за убиства и организиран криминал, делумно се надминати со доградба на нов пристап од задната страна.

Барокниот суд почна да се гради уште во времето на министерот Михајло Маневски во 2010. За овој промашен џиновски проект, потрошени се над 10 милиони евра, заем од Светска банка. Проектот го нацртале македонска и италијанска компанија, кажа во февруари, 2010 Маневски.

Условите за работа, а особено хигиената во старата зграда кај што е сместен најголемиот суд во Македонија се во делови грозни, па судиите и вработените едвај чекаат да се преселат во новата зграда, и покрај тоа што има промашувања во изведбата и што токму кај нивните канцеларии е клаустрофобично.

В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека иако има недостиг на средства, зашто селењето на институција е навистина скапо, сепак, тоа овојпат ќе се случи, според планот, до Нова Година. Најсложениот дел е селењето на ИТ опремата, а за чистењето ќе побара помош од затворите, да испратат осудени лица кои ќе може да помогнат во овој дел, вели Рибарев.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/krivichniot-sud-ke-se-seli-vo-novata-barokna-zgrada-shto-e-samo-za-slabi-niski-luge/#.WcCrSmPWpTU.facebook
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.