build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговско-деловен центар Маџари

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Трговско-деловен центар Маџари
    Posted: 22-Feb-2010 at 21:25
Ова е проект во најава, па затоа нека стои за сега името, кога ќе имаме официјален почеток на работите и изведувач ќе го смениме името. И би замолил некој ако знае каде е ова место, нека пушти координати

Маџари ќе добие модерен трговско-деловен центар

Се расчистува градежната парцела од 4100 квадратни, каде што ќе се гради објект на седум ката



Во населбата Маџари, на улицата "Благоја Стевковски", зад Матичното, попознато како кино "Маџари", се работи интензивно на расчистување на локацијата каде што е предвидена изградба на модерен трговско-деловен центар. Од Општина Гази Баба информираат дека станува збор за реализација на деталниот урбанистички план, според кој се предвидува изградба на објект на седум ката.
- Деновиве нашите служби активно работат на расчистување на локацијата каде што е предвидено да се гради. Висината на објектот е 13,20 метри, површината на градежната парцела изнесува 4058 квадратни метри од кои максималната површина под градба изнесува 1949 квадратни метри, со вкупна изградена површина 5130 квадратни метри - ни рече Емилија Кипровска, портпарол на Општина Гази Баба.

Жителите кои живеат на оваа улица велат дека откако се доселени, па се до денес живеат на место каде што по цели денови по улицата се движат камиони од кои се крева прав и врева и дека конечно ќе се уреди овој дел и нема повеќе да поминуваат по кал и прав. - Навистина е добро ќе ни се разубави улицата, сега барем ќе имаме каде да се прошетаме. Се надеваме дека Општината ќе го среди овој дел од населбата, па ќе стане поубаво место за живеење - ни рече еден жител од оваа улица.


извор
Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Mar-2010 at 23:21
7 kata 13,2 m,za dzudzinja li e ova,ili nekoja greska po obicaj.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Mar-2010 at 23:44
ocigledno e deka e greska.standardno za nasive novinari
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.