build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Лифтови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Лифтови
    Posted: 23-Apr-2009 at 23:30

Строго контролирани лифтови

Секој лифт ќе добие регистрација, а за нерегистрираните, казни од
200 до 5.000 евра ќе плаќаат одговорните во фирмите и куќните совети


Никој во државата не знае точно колку лифтови има во станбените и деловните згради во земјава, ниту колку се безбедни за користење
многу од нив. Се проценува дека има од 3.000 до 7.000 лифтови. Нивната безбедност во иднина ќе ја контролира новоформираното одделение за лифтови, кое функционира во рамките на техничката инспекција при Министерството за економија. Единствениот инспектор за лифтови, Јане Ставров, вели дека во практика се' уште не профункционирал Законот за техничката инспекција и оти се чека правните лица што ќе вршат технички прегледи на лифтовите да добијат акредитација.  Лиценцираните компании ќе бидат како „матични лекари“ за лифтовите. Тие ќе се грижат за нивната безбедност, а ние како инспекција ќе контролираме дали секој од лифтовите поминал технички преглед. Контролите ќе ги правиме самоиницијативно или по пријава - објаснува инспекторот Ставров.

Техничкиот преглед на лифтовите, како кај возилата, ќе мора да се врши еднаш годишно и секој исправен лифт ќе добива регистарска табличка или евиденциски број. Таа во вид на плочка ќе биде поставена на видно место на лифтот.  Граѓанинот ќе се чувствува безбедно да влезе во лифтот ако јасно се гледа дека тој има решение за употреба - објаснува Ставров. Нова зграда во која има лифт, за да мине технички прием, ќе мора да има и решение за употреба на лифтот. Тоа всушност ќе биде прв технички преглед на лифтот. Ставров вели дека граѓаните не се се' уште запознаени со новите правила со кои државата првпат ќе има директна контрола врз лифтовите.

- Секој куќен совет во станбена зграда мора да си определи фирма за технички преглед и сервисер за одржување. Истото важи и за деловните згради - вели Ставров. Тој потсетува дека се големи казните за тие што нема да го почитуваат законот и ќе го ставаат на коцка животот на станарите или на вработените.

- Висината на казните е до 5.000 евра. Во компаниите ќе се казнува правното лице и одговорниот, а во станбените згради куќниот совет и неговиот претседател. На правните лица може да им се издаде и забрана за вршење на дејноста на определено време или да им се определи мандатна казна од 200 евра на лице место, доколку лифтот е неисправен, а сепак се користи - објаснува Ставров. Тој потсетува дека ова е во согласност со европското законодавство.

- Целта е да се убедат луѓето дека сево ова е за нивно добро - додава тој. Досега се регистрирани повеќе несреќи, кои се последица од неисправни лифтови, во кои имало и повреди со смртни последици. Станари што живеат во згради ја поздравуваат намерата да се контролира исправноста на лифтовите.

- Многу често се расипуваат, а сервисерите не' дерат. Сите станари не можеме да се сложиме околу плаќањето, па многу често одиме и пеш -велат тие. Досега при градба на нова зграда за лифтот се добиваше сертификат за исправност и толку. Понатаму работата беше во рацете на сервисери што станарите сами ги ангажираа, а нивната работа и исправноста на лифтот немаше кој да ја контролирана.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=39ECE5E934284648ADACC83FBC844BF9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Aug-2009 at 03:54

Секој лифт мора да биде проверен од акредитирана фирма

Засега само две компании имаат акредитации да вршат технички преглед на исправноста на лифтовите во зградите и да издаваат годишни употребни дозволи според новиот Закон за лифтови

%20
По две години во кои немаше ниту една фирма или институција задолжена да ја контролира исправноста на лифтовите и да ја преземе одговорноста за нивното функционирање, конечно стапи во сила новиот закон за лифтови и почнаа да се издаваат акредитации според него. Ова значи дека сопствениците на објекти, куќните совети и фирмите што имаат згради со лифт веќе нема да можат да му ја доверат неговата сигурност на мајсторот што го одржувал, туку еднаш годишно ќе мораат да добијат налепница за исправност од акредитирана фирма.

Според најавите од засега единствените две акредитирани компании, „Алекс Стјуарт“ и „Гезуп“, проверката на еден лифт, по која се става налепница „исправно“ или „неисправно“ со важност од една година, ќе чини до 12 илјади денари. Непроверувањето, пак, според законските норми, ќе ги чини одговорните за лифтот казна од три до пет илјади евра. Оваа контрола на лифтовите нема врска со нивното сервисирање. Таа се воведува за да се подобри безбедноста во нив и да се посочи одговорноста за нивната исправност. Ако се случи несреќа во лифт прегледан само од мајстор, никој нема да биде одговорен за тоа. Но ако тој има налепница од акредитирана фирма дека е исправен за употреба, тогаш таа ќе одговара за последиците и против неа ќе се поднесе кривична пријава.

Од „Алекс Стјуарт“ велат дека цената на проверката зависи од неколку фактори, како колку е стара зградата, колку катови има, односно колку станици за лифтот и колкава е неговата носивост.

- Првиот технички преглед ќе биде поскап од вообичаените што ќе се прават секоја година. Цената за стандардните лифтови е од седум до девет илјади денари, а контролата на поголемите може да чини и 12 илјади денари. Се трудиме сумите да бидат што поприфатливи за граѓаните, но и ние имаме големи трошоци што мораме да ги покриеме - вели Горан Сековски, управител на оваа фирма.

И во другата фирма, „Гезуп“, куќниот совет треба да испрати барање во кое ќе напише за каков тип лифт станува збор, каква намена има, каде е вграден и колкава е носивоста.

Овие се првите две фирми што добија одобрение од Министерството за економија за да можат да вршат технички прегледи на лифтовите. Од државниот инспекторат за техничка инспекција велат дека процедурата за да се добие таа дозвола е сложена и може да трае до половина година. За да се добие сертификат треба да се достави барање до Институтот за акредитација, кој го препраќа тоа во Брисел, за комисија на Европската Унија да процени дали заинтересираната фирма ги исполнува сите европски стандарди. Ако од Брисел го одобрат барањето, институтот го испраќа до Министерството за економија, кое врз основа на сертификатот и на бројот на вработени во фирмата и издава одобрение. За процедурата се плаќаат 100 илјади денари, и тоа 50 илјади кога ќе се поднесе барањето и уште толку кога ќе се добие документот.

- Досега ни пристигнале неколку барања. За дел од нив сé уште трае постапката, а само две добија одобрение. Сега процедурата е поинаква, за разлика од стариот закон, бидејќи фирмите мора да ги исполнуваат сите европски стандарди и системи за квалитет - објаснува Јане Ставрос од Државниот инспекторат за техничка акредитација.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82491035383&id=14&prilog=0&setIzdanie=21771
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Feb-2010 at 15:28
Здраво еве и една тема за лифтовите Smile за која можеби ке има некој интерес.
 
Инаку првото прашање ке ми биде за споредба на карактеристики меѓу хидрауличен и обичен моторен-сајла лифт. Значи споредба за нив по однос на следниве карактеристики:
- брзина
- систем за заштита
- максимални висини
- потрошувачка на електрична енергија
- потрошувачка за редовно одржување, сервис и контроли
- нивната цена
- предности и недостатоци во однос на просторна позиција и стандарди (машинска сала)
- бучава и др работи
 
Еве ке земем карактеристика за просечен лифт со носивост од 400 kg или 6 особи.
На нет неможев да најдам многу податоци за овие два типа на елеватори ниту карактеристика, предности недостатоци, по страниците на нет за мак. фирми за лифтови немаше некоја споредба ниту пак некој показатели за нивните лифтови.
Инаку се работи за зграда од 6 ката и поткровје која нема лифт па треба да се инсталира лифт. Понудувачот сака да стави хидрауличен лифт кој ке треба да опслужува 7 станици а според некој сознанија хидрауличните лифтови се користат за максимум 5 спрата. После, спорна работа и позитивна е тоа што техничката просторија за хидрауличниот лифт ке се лоцира во подрумите додек пак за евентуално лифт со мотор-сајли машинската соба ке треба да биде над кровот сто ја зголемува висината на зградата (ако максимална дозволена висина до венец е 22 метри  сосе поткровјето, додавањето и на уште 2 метри за машинската соба ке повлече друга висина па ме интересира дали висината на машинската соба треба да се пресмета (треба да биде вклучена ) во целокупната дозволена висина на зграда до венец или не (за лифтови со сајли и машинска сала на кров се прават остапки и не влегува во дозволената висина на зградата)
Би ви бил многу благодарен за одговорите или насоки од вашите искуства. 
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Feb-2010 at 15:53
Може да помогне колку за почеток

http://www.maklift.com.mk/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Feb-2010 at 19:28

па ги има повеќе во зависност од потребата лифтови или елеватори http://www.goldenbook.com.mk/Details.aspx?zaglavje=1205

нешто што е значајно и битно во случајов е што конечно има закон за атестирање на лифтовите, а сега од скоро е формирана и комисија при мтв која ќе го надгледува цел процес... за тоа не најдов инфо на нет, но ја чув информацијата на македонско радио, па претпоставувам поплаки и пријави ќе треба да тераат до таму, а ови сетне да ја чешлаат понатака! како и да е зкон имет! уште некој да се погрижи за негово темелно и редовно спроведување!

Секој лифт мора да биде проверен од акредитирана фирма! http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=297&PID=45862#45862

Правилник за користење на лифтови и транспортери (службен весник на РМ 26/2009) http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Kratka%20sodrzina%20za%20liftovi%20i%20transporteri%20koreg.pdf

во текстот се споменува инспекторат па најверојатно таа е таа комисија при мтв

Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Feb-2010 at 21:02
http://www.qlcc.com.mk/

Ова е официјалната страна на комисијата за проверка и атестирање на лифтови успеав да ја најдам.
 
Фала ви за линкот од  zlatna kniga i maklift


Edited by Cloverstack - 25-Feb-2010 at 21:11
Back to Top
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Feb-2010 at 00:41
Кај нас сум сретнал многу стари лифтови кои изгледаат страшно и опасно и незнам колку се одржувани и сигурни.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Feb-2010 at 14:51

Најчесто неодржувани и стари се лифтовите кој се наоѓаат во зградите за домување (нестопански и институции од јавен карактер) за нивно ангажирање околу одржување и обезбедување функционалност на лифтот се самите станари на ниво на зграда или куќниот совет, кој преку собирањето пари за сметките за струја на лифтот или за негово тековно одржување па и за поголема поправка и ангажирање на фирма за одржување на лифтови од странан на станарите сето тоа се занемарува. Има изговори како на пример зошто да плаќам за лифт кога јас живеам на приземје или прв кат и мене не ми треба или пак има станари кој не даваат ни за хигиеничарка, живеат на последниот кат  лифтот им е нај потребен па пак не го плаќаат. Поради оваа несовесност на станарите лифтовите ке останат без соодветен сервис, лиценца за безбедност па дури и ке се исклучат, нормално возењето со такви лифтови не е безбедно. Инаку најстариот, прв поставен во Македонија и сеуште функционален лифт се наоѓа во Ристиќева палата мислам дека датира од 1925 година ако не се лажам. И кога ја спомнав Ристиќева палата неможам а да не се изнервирам кога на тој убав кров со скулптури висат три рекламни паноа за обичниот минувач скулптурите се нула во однос на големината на рекламните паноа иако обијектот е заститен од минис. за култура како издаваат дозволи каде што се поставуваат реклами од бизнис карактер а и му се нарушува естетиката на обијектот ама ај за ова во друг пост.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Feb-2010 at 17:37


абе ако им го стегнеш законот правично на луѓево одма се бунат влада сакала да полни така буџет, ако им прогледаш низ прсти ете закон не се спроведува, но се си мислам дека веќе тоа аклиматизацијата помина па кај и да е да видиме и малку позбилно чешлање! незнам на што личи тоа да има активни кутии постари и до 30 години, па колку и да менувале сајли, самата конструкција на кутиите попушта! 

ЗАКОН ИМА, НО СЛАБО СЕ ПРИМЕНУВА

Лифтовите мора на преглед

Секој Куќен совет што нема да изврши технички преглед на лифт во зграда ќе се казнува парично од три до пет илјади евра. Ваквата одредба од Законот за техничка инспекција, кој стапил во сила во октомври минатата година, малкумина ја знаат, па ретко кој побарал преглед на лифт во сопствениот објект, иако често се случуваат несреќи токму поради нивната неисправност. Граѓаните велат дека кога станува збор за одредби според кои станарите заедно, како Куќен совет, треба да учествуваат, реализацијата е мала. - Запознаен сум за новините во врска со лифтовите, но мислам дека тоа ќе се применува кога и куќните совети ќе се усогласат со новиот Закон за домување, што треба да се направи до јуни идната година. Засега има правен вакуум. Веројатно тешко ќе се соберат пари за технички преглед на лифтот. Ние не можеме да собереме по 200 денари од стан месечно, па камоли повеќе. Станарите не се заинтересирани за вакви прашања, па одѕивот кај нив е мал. Се сомневам дека и лифтот во нашата зграда е прегледан во последниве 40 години - смета Танас Панчевски, жител од Градски ѕид. Од Државниот инспекторат за техничка инспекција, кој е надлежен за надзор на лифтови, предупредуваат дека казни ќе има, па граѓаните сериозно треба да почнат да ги применуваат законските одредби. - Луѓето треба да прават разлика меѓу редовен сервис на лифтови, кој треба да се прави минимум еднаш месечно, и технички преглед. Првиот го прават сервисери, а вториот независно правно лице акредитирано од Институтот за акредитација на РМ. Прегледот е нешто слично како што на возилото му се прави преглед при процедурата за регистрација - вели Јане Ставров, државен инспектор за лифтови, жичари, дигалки и транспортери. Тој објаснува дека самите станари се должни да го побараат техничкиот преглед, односно Куќниот совет како правно лице бидејќи тој е сопственик на лифтот. Тие треба да ја викнат фирмата и да и платат, а потоа таа им го дава извештајот. Тој може да биде позитивен или негативен. Во двата случаи, станарите имаат обврска во рок од седум дена да го известат Инспекторатот, а во спротивно тој ќе поднесе прекршочна пријава до Куќниот совет. Ако извештајот е негативен, лифтот веднаш треба да се исклучи. - Целата наша контрола се води врз основа на тој извештај. Така водиме евиденција за лифтовите, која, за жал, се уште не е комплетна затоа што таа не била правена во последниве 40 години. Затоа сега бараме помош и од општините - вели Ставров. За новите лифтови, кои се поставени по 6 март 2008 година, кога престанале да важат старите законски одредби, процедурата е посложена. Тоа е така затоа што, според Ставров, практика кај нас е лифтот да биде склопен од делови од различни земји, па заради безбедност се бара и решение за сообразност со македонското законодавство. - Решението го издаваат истите фирми задолжени за технички преглед. Без овој документ и без извршен прв преглед, лифтот не смее да се пушти во употреба - објаснува државниот инспектор. Од Инспекторатот засега немаат информација колку лифтови се прегледани, ниту откриваат дали казниле некој Куќен совет. Велат дека уште е рано да се зборува за бројки, но тврдат дека граѓаните се интересираат и самите се јавуваат кај нив, па поконкретна информација ќе дадат кога ќе биде време за тоа.

Само две фирми во Скопје вршат преглед

„Гезуп“ и „Алекс Стјуарт“ се двете фирми од Скопје кои добиле акредитација од Институтот да прават технички преглед на лифтови. Тарифата по која работат засега ја регулира пазарот, односно самите тие бидејќи се единствените Што го работат тоа. Услугата чини од 100 до 200 евра. Од Инспекторатот велат дека е пријавена уште една фирма за која сега се води процедурата за акредитација.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1859&ArticleID=125896

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4389
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Feb-2010 at 17:52
Не сум сигурен колку добар е системот во Грција, ама сигурен сум колку е ефективен. Има неколку фирми во градот кои се задолжени за одржување на згради кои обезбедуваат сè што бара законот - чистачки, редовен преглед на апаратите за пожар, редовен преглед и сервис на лифтовите, замена на светлки и прозорци доколку има потреба (сето тоа во договор со други фирми специјализирани за секој сектор), и не знам што друго. Секоја зграда си склучува договор со некоја таква фирма, а ја избира нешто како куќен совет, и секои два месеци наплаќаат на врата. Ако не сте дома, нема проблем следниот пат (со мала камата). Добивате и сметка и сè. Таму пиши детално за цела зграда колкави се трошоците, и за секој стан посебно врз основа на катот, квадратурата, бројот на лица во станот и друго. Тоа треба кај нас, бидејќи ако куќние совети за сè посебно (лифтови, противпожарни апарати итн) треба да бираат фирма, тогаш не ни се гледа крајот...

Edited by гитардемон - 26-Feb-2010 at 17:53
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Feb-2010 at 23:57

Според новиот закон за колективно домување мислам дека "фукцијата" кукен совет пополека ќе си ги губи функциите и ангажманите, ова го велам затоа што сум и јас член на куќен совет и претседател на влезот и сме регистрирани како куќен совет, а од факт што од оваа година кога стапува на сила и тој закон ке се отвараат фирми кој во нивната примарна дејност ке се врши одржување на зградата нешто што досега го правеше кукниот совет (ке имаат свои хигиеничарки, сервисери, сами ке собираат пари се што е потребно за нормално функционирање на една зграда. Една таква фирма ке држи по неколку згради. Мислам дека редно време е една зграда да функционира по современ терк. Се надоврзувам на постот на гитардемон со тоа што незнам дали овие фирми кој ке ги вршат овие тековни одржувања на згради со елктричари, водоводџии, хигиеничарки, разни занаетски работници и нормално собирање на пари , ке бидат И надлежни за преглед и сервис на лифтови и ПП апарати, се разбира ако поседуваат и лиценци за оваа работа. Мислам дека правилникот сеуште не е концизен.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4389
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Feb-2010 at 00:16
Па добро, може да им е многу поефтино да соработуваат со фирми кои ќе го прават тоа за нив. Наместо да имаат и погон за течност за противпожарни апарати, и сервисери и да ги боли глава, сепак тие се во услужната дејност, па само ќе најдат некој за нив да го прави тоа. Истото важи и за другите работи. Мислам дека фирмата која ја плаќаме тука само посредува за тие услуги, а не пружа ниедна услуга самата. Така е и полесно бидејќи нема да им треба лиценца за ПП апарати или за лифтови, ама па и за станарите бидејќи нема да треба да имаат договори со 3-4 посебни фирми, туку со една која се грижи за cè. Тоа и беше поентата на мојот пост. Ај ќе видиме како ќе биди.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Feb-2010 at 14:45

Да, потполно се сложувам со тебе.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Mar-2011 at 11:12

Најстариот градски лифт отиде во пензија

Оригиналниот метален лифт од Ристиќева палата осум децении ги опслужуваше станарите

Бојан Шашевски


Најстариот лифт во Скопје замина во историја. Ристиќевата палата остана без својот оригинален метален лифт, кој осум децении ги опслужуваше станарите од 21-метарскиот објект во срцето на градот. Лифтот минатата недела е пренесен во просториите на Музејот на Скопје и наскоро треба да биде изложен како историски експонат.

За станарите од палатата на некогашниот аптекар Владислав Ристиќ, но и за многубројни стари скопјани, туристи, патеписци, оригиналната железна направа низ своето осумдецениско опстојување беше извор на безброј спомени и приказни, претставувајќи идиличен моментум од периодот меѓу двете светски војни. Лифтот датира од 1929 или 1930 година, неколку години по изградбата на Ристиќева палата и бил првиот лифт со полукружна кабина и метална врата. Конструиран е од фирмата „Шпиглер“.

Постарите граѓани од општината Центар велат дека уникатниот лифт бил дел од некогашниот процес на преобразба на градот од ориентален во европски, промовирајќи го тогашниот, нов стил на живеење и, притоа, служејќи му на современиот модел „куќа-палата“, кој, пак, бил пренесен од европските метрополи во дваесеттите години на минатиот век.

„Неодамна беше изработен елаборат и беше констатирано дека лифтот не е доволно безбеден. Значи, не беше функционален и не соодветствуваше со сигурносните прописи. Иако лифтот беше единствен и автентичен, сепак, тој беше многу стар, а денес е невозможно да се набават делови за повторно да биде ставен во функција“, вели една постара станарка од последниот кат на Ристиќевата палата, додавајќи дека по иницијатива на жителите кабината и целата механика на лифтот се предадени за поставка во Музејот на Град Скопје.

Зоја Богдановска, кустос во Музејот рече дека лифтот е размонтиран на делови, па во најскоро време ќе биде конзервиран и подготвен за изложување пред граѓаните.

„Тоа е можеби најстариот лифт во Скопје, направен веројатно заедно со зградата во 1926 година, но се' уште не се официјализирани документите за точната година на неговото пуштање во употреба. Во фаза сме и на комплетирање и потпишување на договорот за донирање на лифтот од Ристиќева палата на Музеј на Скопје“, рече Богдановска, нагласувајќи дека лифтот се' уште не е во музејска сопственост.

„При изложувањето ќе биде приложена целата историја на лифтот и на Ристиќевата палата, разгледници од периодот меѓу двете војни, документираната гаранција од лифтот, различни оригинални документи поставени во витрина, а ќе има и фотоизложба од процесот на неговата конзервација“, објасни Богдановска.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=489602FA6718724DA5FF84F89492501A
Back to Top
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Jan-2012 at 21:31
Луѓе дали имаше епилог или се заташка случајот со паднатиот лифт во студентскиот дом Гоце Делчев?

14.07.2011, 15:48
Само реновирање ќе ги спаси студентите



Лифтовите во домот „Гоце Делчев“ се опасни за студентите

Горан Адамовски


Час работи, час не работи, еден ден го направиле, утредента пак се расипал, па цела недела не работи. Вакви се искуствата со лифтовите на студентите што престојуваат во домот „Гоце Делчев“ во скопската населба Тафталиџе. Околу 1.000 студенти што го пополнуваат капацитетот на домот, со години мака мачат со лифтовите во висококатниците.

„Домот има четири згради, односно блокови А, Б, В и Г. Секој блок има по 14 ката и по два лифта, а тие често се расипани“, се жалат студентите, кои во јули и во август заминуваат дома во внатрешноста на земјава.

Токму празнењето на домот во летните месеци беше среќа во несреќа при понеделничкиот инцидент во „Гоце Делчев“ кога еден од лифтовите во блокот Б се откачи од сајлата и падна во подрумот.

„Замислете некој да беше во лифтот тогаш“, загрижено зборуваат дел од студентите сместени во домот. Сепак, признаваат дека и тие се виновни за лошата состојба со лифтовите, бидејќи „некои колеги буквално се изживуваат со вратите и со опремата внатре“.

Која била причината за понеделничкиот инцидент се' уште не се знае. Лифтот, наводно, не бил во употреба една недела. Во понеделникот снемало струја, а кога дошла, се слушнал силен тресок. Од Министерството за образование и наука велат дека ги чекаат резултатите на МВР и на фирмата „Сезал“, задолжена за возниот ред на лифтовите во домот.

„Тие треба да направат записник и да видат што е причината, по што ќе преземеме соодветни мерки“, објаснија од МОН.

Од полицијата, пак, велат дека тие само ја констатирале состојбата во понеделникот кога се случил инцидентот, но дека увид од нивна страна не бил извршен. Управителката на домот „Гоце Делчев“ не сакаше да зборува за случајот, препраќајќи не' да се обратиме до Државниот студентски центар, кои раководат со домовите и кои преку тендер ја избрале фирмата што ги опслужува лифтовите.

„Директорот, како и сите надлежни што можат да ви дадат изјава, се на колективен одмор“, ни рекоа од Студентскиот центар.

Од „Сезал“ вчера ни потврдија дека еднаш месечно ги сервисирале лифтовите, а дека последната контрола ја направиле во јуни.

„Нашата екипа се' уште врши увид и истражува како и зошто се случила несреќата“, велат од „Сезал“. Тие се задолжени за одржување на лифтовите во домот веќе петнаесетина години, односно од монтирањето.

Паднатиот лифт и натаму е надвор од употреба. Веќе една година не работи ниту вториот лифт во блокот Б. Не се безбедни ниту останатите лифтови, кои сега се на „пауза“. Министерот за образование, Никола Тодоров, најави пред неколку дена дека лифтовите ќе бидат направени и безбедни за студентите.

„Лифтовите, односно целиот студентски дом ‘Гоце Делчев‘ ќе биде реновиран до крајот на годината“, велат од МОН.

Повозрасните паметат дека пред дваесетина години се случи трагедија кога девојка ја отвори вратата од лифтот и падна надолу, бидејќи кабината не беше тука. Се паметат уште неколку инциденти поврзани со небезбедните лифтови. Студентите велат дека додека не се случи реновирање во домот изграден пред четири децении, не би било лошо да ги користат скалите.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=71F5A784046FFF4C965370674242BFA1
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Feb-2015 at 21:55

Повозрасните паметат дека пред дваесетина години се случи трагедија кога девојка ја отвори вратата од лифтот и падна надолу, бидејќи кабината не беше тука

vleguvanje vo lift od sekogas e rechisi refleksna rabota, neli narod se brza ili si brka rabota po telefoni itn. no do vcera maka machevme so licenciranje firmi a ne pak sproveduvanje pravilnici iliti evropski standardi, a denes idealno bi bilo liftovite da se i so e-servis/kontrola [1]

~

vo ovoj kontekst senzorite bidnaa najprakticen novitet vo ovaa oblast ... a kade seuste se klackame mehanicki ... no na povidok se novi tehnologii po princip na hiperloop-ot odnosno

http://elevation.wikia.com/wiki/ThyssenKrupp_MULTI

https://www.wsj.com/articles/thyssenkrupp-reimagines-the-elevator-as-a-hyperloop-for-buildings-1468875762





Edited by beTon - 01-Mar-2017 at 22:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Nov-2015 at 13:50
Немаме модерни лифтови зашто не е преведено упатство за употреба

Вкупно 12.000 лифтови, колку што се претпоставува дека се вградени во објекти во земјава, не можат да бидат модернизирани со уред за неконтролирано движење нагоре и надолу, што се наметнува со ЕУ регулативата, бидејќи не се преведени од англиски 2.000 страници колку што содржи постапката за негово вградување, ниту пак е донесен соодветен акт за тоа.

Рокот за вградување на уредот е 1 јануари 2016 година, а фирмите кои ги сервисираат и монтираат лифтовите, се жалат дека им се врзани рацете, оти не можат да ја реализираат постапката без соодветен акт. Предлагаат законодавецот, Министерството за економија, да ја одложи примената на членот 68 од Правилникот користење на лифтовите и транспортерите, за една година.

- Од Групацијата за сервисирање и монтирање на лифтовите при Стопанската комора, покрај непостоењето на актот со кој се определува начинот на кој треба да се изведе постапката за вградување на уредот, наведуваат дека неговото вградување е проблематично и од аспект на статиката на лифтот и неговата безбедност. Имено, зависно од големината на лифтот, неговата старост вградувањето на уредот, ќе ја зголеми тежината на лифтот за 30 до 70 килограми, што ќе се одрази на безбедноста на лифтовите. Со вградувањето на уредот, ќе се промени и техничката слика на лифтот што бара изработка на целосно нова техничка документација. Оваа документација ќе биде различна од онаа што ја дава производителот на лифтот. Сето тоа ја усложнува постапката и го зголемува периодот на целосно имплементирање на стандардот. Затоа и се бара одлагање на примената - вели Војкан Николовски од Стопанската комора.

Според него, дополнителен проблем е и тоа што ова е ново финансиско оптоварување на граѓаните и фирмите кои се сопственици на лифтовите, ако се знае дека 80 отсто од лифтовите, иако се безбедни за употреба не исполнуваат барем еден од пропишаните стандарди.

- Висината што ќе треба да ја платат за вградување на овој уред е различна и зависи од староста на лифтот, висината на зградата, неговата досегашна модернизација, дали ги има применето сите претходни мерки предвидени со ЕУ стандардите. Оттука, и се разбира со оглед на стандардот на населението и солвентноста на фирмите, како и начинот на кој се собираат средствата во станбените згради, потребен е подолг период за имплементација на овој стандард - вели Николовски.

Вградувањето само на интерфон или врати со заштита, според податоци презентирани од Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, на една од прес-конференциите ги чини граѓаните по околу 2.000 евра.

Правилникот за користење на лифтовите и транспортерите е донесен во 2009 година. Во него се предвидува постепено усогласување со ЕУ стандардите, но дел од нив тешко можат да се спроведат во земјава бидејќи нема соодветни услови за тоа. Како пример денеска се наведе фактот што се воведува сигнализација на лифтовите која во услови на дефект или запирање на лифтот ќе даде предупредување до крајниот кат на лифтот, но таму нема човек кој ќе го прифати сигналот и ќе реагира да се отстрани дефектот.

Од Комората, како што рекоа за сите проблеми и посебно за воведувањето на последниот стандард се водела редовна преписка со соодветните државни органи. 

- Во изминатиот период имавме подолга преписка со законодавецот, но нема епилог од комуникацијата - вели Даниела Михајловска -Василевска од Комората.

Во земјава се вградени 12.000 лифтови кои ги сервисираат и монтираат вкупно 90 фирми.


http://plusinfo.mk/vest/45742/nemame-moderni-liftovi-zashto-ne-e-prevedeno-upatstvo-za-upotreba-
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 21-Aug-2017 at 14:55

по модерно од ова здравје, но кога веќе е екстерен можеле да стават и една скулптура одозгора, пример три соколи, иако сдс може и три банани, попоштено него три ружи, до душа ако се пејсажно расположени нека удрат целофан оригами бидејки нели сеуште ги немаат ммф во агенда ..

Барокни лифтови – оригинален изум на архитектите на „Скопје 2014“

По барокните фасади на згради, по барокните гаражи, барокните сендвичари и огради, како дел од Скопје 2014 се појавија и три барокни лифтови. Досега најоргинален изум на архитектите на овој проект. Поставени се пред зградата на МОБ и пред се уште неизградниот објект на Филхармонија. Трите објекти што се всушност излези од подземната гаража, се потпрени на столбови што треба да наликуваат на неокласични, а опкружени се со барокна ограда.

Сумата што Владата ја потрошила за овие три барокни влеза во пракингот, е околу 300 000 евра. Лифтовите водат кон новиот паркинг што го градеше скопски „Бетон“, со капацитет од 845 паркинг места, кој се наоѓа веднаш до постоечкиот што го имаше во МОБ.



За тие што нема да се возат со барокните лифтови што водат во подземната гаража, има и скали со барокна ограда. Така сега, пред главниот влез на Македонската опера и балет, која важеше за една од најрепрезентативни примери на модерната архитектура на 20. век во овој регион на Европа, сега има три барокни лифтови, барокни канделабри и ограда што имитира барокен стил, што е сосема несоодветно на модернистичката архитектура на зградата на МОБ.

https://web.archive.org/web/20170821134037/http://reporter.mk/nashi-faci/video-barokni-liftovi-originalen-i/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.