build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Лифтови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 556
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Oct-2017 at 07:15

охо 95% ..... значи до нова година ќе го биде, оти сега на власт се сдсм, та да не прават деноминална сегрегација, веројатно ниваму нитаму место за Божиќ ќе да го пуштат изгледа новогодишно ...

~

него наши гајлиња, види, кинезите што да кажат кашатализмот здрмал здраво дури и таму ... по секоја логика доколку Кина е социјалистичка ако не комунистичка земја, ваквиот лифт треба да им е достапен на сите станари бидејќи е закачен до заедничка зграда

СИ ИЗГРАДИЛ ЛИФТ ДО ШЕСТИ, СПЕЦИЈАЛНО ЗА ЗЕТОТ

Му се смачило на човекот да го слуша домазетот како се жали колку му е тешко да се качува по скали до шести, па Кинезов земал и си направил лифт.

Ксонг живее во станот со децении, и никогаш не му поминало низ глава да се пожали што нема лифт. Но откако ќерка му му донела зет, секојдневно му ги слуша поплаките за тоа колку е исцрпен што секој ден до шести мора да се качува пеш.

Да го избркал од станот, ќе морал да се соочи со ќерка му. Вака, му останала една опција – приватен лифт. Изградбата почнала минатата година, а лифтот е комплетиран пред некој месец. Понатаму приказната се одвива како што можете да претпоставите.





Стакленото „окно“ почнува да привлекува сé повеќе внимание меѓу минувачите. Набрзо сторијата ќе се најде и на социјалните мрежи, каде брзо станува вирална. Стигнува и до бирото за урбано планирање…

Зградата е изградена пред многу декади, кога регулативите не наложувале лифтови. Затоа локалните власти им дозволуваат на станарите да си изградат лифт, но претходно мораат да добијат дозвола од бирото за урбано планирање. Ксонг таква дозвола нема, па во моментот лифтот е под истрага и се решава дали ќе биде срушен.

Значи, не само што Ксонг ризикува да му пропадне инвестицијата, а можеби и дополнителна казна, туку наскоро веројатно пак ќе мора да го трпи кукањето на зетот.

https://365.com.mk/260423/si-izgradil-lift-shesti-spetsijalno-za-zetot


Edited by Zelenikovo - 28-Oct-2017 at 07:17
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 556
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Oct-2017 at 10:30



можеби е и локален туристичко маркетиншки спин, а може и навистина локална индивидуална лакрдија на некој тријаш кој се правда со дедото ...

еве сличен упад, но во археолошки локалитет, изгледа исто на 6-ти, само то конструктурот тро повичен во уметничка браварија ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=972&PID=222898#222898

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.