build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

А1 Арена (Спортски центар „Борис Трајковски“)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
23 [25.56%]
6 [6.67%]
18 [20.00%]
16 [17.78%]
11 [12.22%]
8 [8.89%]
2 [2.22%]
3 [3.33%]
1 [1.11%]
2 [2.22%]
You can not vote in this poll
Total votes: 90   Average: 7.41

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 21-Aug-2014 at 12:31
Не е исечена оградата, така си е од секогаш, со тоа што многу ретко се остава отворена. Си има цевки кои се ставаат и се затвараат тие скали кои водат кон долните трибини. претпоставувам сега беа тргнати зошто имаше многу малку народ и да биде олеснето симнувањето. На квалификациите на пример, со Белгија, веќе си беа на место и затворени приодите
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 17-Sep-2014 at 12:33
Нова веб страна

http://www.scboristrajkovski.gov.mk/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 10-Apr-2015 at 13:24
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 15-Feb-2016 at 13:36
Dobro e da se preimenuva temata vo "SPORTSKI KOMPLEKS BORIS TRAJKOVSKI"



Тенискa арена игралиште и сала за гимнастика ќе се градат во Скопје





















Тениското игралиште и салата за гимнастик, кои ќе бидат во склоп на „Борис Трајковски“, ќе почнат со изграба н крајот на август, почетокот на септември, изјави денеска дисректорот на спортскиот центар Златко Перински.



Како што веќе најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски новата тениска арена ќе биде со површина од 3850 метри квадрати и ќе содржи три тениски терени и еден терен за падел тенис.

– Секој проект кој што го креираме целиме да соодвествува со барањата и очекувањата на граѓаните, со цел услугите на центарот да бидат уште подостапни за целата популација. Јас и мојот тим постојано се трудиме да повеќе и подобро ги промовираме општествено одговорните активности, спортот, спортскиот начин на живот и семејните вредности. Во таа насока, со цел зголемување на понудата на СЦ Борис Трајковски, би сакал и да ја поздравам одлуката којашто беше објавена викендов, од страна на господинот Никола Груевски за изградба на уште еден објект наметен за тениска и гимнастичка арена. Со ова само потврдуваме дека тоа е нашата мисија, а успешно реализираните проекти кои за првпат се спроведуваат во Република Македонија се само поттик да бидеме уште поуспешни на секое поле – изјави директорот Перински.

Проектирана е и трибина со вкупно 500 седишта, подтрибински простор со административен дел и кафе бар. Тениските терени ќе бидат сертифицирани од светската тениска федерација и ќе бидат според сите светски и европски стандарди.

Со изградбата на оваа тениска арена и заедно со веќе постоечките терени на отворено и еден монтажен терен сместен во големата арена на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се отвори можност да се организираат секаков вид на светски и европски турнири и првенства.

Покрај најавата за изградбата, спортскиот центар денеска потпиша договор за деловна соработка со „оне.Вип“ ДОО Скопје.

– Мило ми е што и на овој начин преку оваа соработка на оне.Вип, поточно на Вип брендот со Спортскиот Центар “Борис Трајковски”, продолжуваме да придонесуваме за општеството, и токму затоа инсистиравме во рамки на овој договор да влеземе во партнерски проекти кои ќе имаат за цел да го поттикнат здравото живеење и спортскиот дух кај сите граѓани. Се надевам дека ќе успееме на дечињата од домовите и од згрижувачките семејства да им го разубавиме слободното време и да ги поттикнеме да спортуваат, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е елитен комплекс и претставува единствен центар од мултифункционален карактер на територијата на Република Македонија. Токму овие карактеристики на центарот, придонесоа истиот да биде интересен за ваков вид на соработка.

– Би ја искористил оваа прилика, како би можел да ја искажам мојата благодарност и задоволство за тоа што најголемиот спортски центар во нашата држава, кој претставува единствен центар од мултифункционален карактер на територијата на Република Македонија, СЦ Борис Трајковски, добива една сериозна компанија како oне.Вип за доверлив деловен партнер. Нашиот систем на вреднување, е препознаен од компанијата оне.Вип која очигледно се стреми и работи со истата мера во насока на подигање на свеста и активно помагање на загрозените групи. Токму тие се причина и повод за ова наше здружување. Денес со компанијата оне.Вип потпишуваме договор за деловна соработка, а во негови рамки предвидено е заедничко учество на проекти кои имаат за цел да ги поттикнат здравиот начин на живот и спортскиот дух кај сите граѓани од нашата држава. Со поддршката која што е договорено да ја добиваме ќе можеме посигурно да зачекориме и во нови деловни активности, со оглед на тоа што се работи за најголемиот спортски објект во земјата за што се потребни големи средства за негово одржување. Планирани се многу заеднички новитети и активности, а започнуваме со преименувањето на големата сала во „Вип Арена“ во стилот на големите спортски центри ширум светот, притоа напоменувајќи дека името на спортскиот центар останува исто како досега во чест на големиот поранешен претседател на Република Македонија, господинот Борис Трајковски, истакна Златко Перински, Директор на СЦ “Борис Трајковски”.

Договорот за соработка помеѓу оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ се потпиша во времетраење од две година, со можност за продолжување на уште две години, а започнува да важи од 15 февруари 2016 година. Условите и сумата на договорот остануваат во рамки на деловни информации.

Спортскиот Центар кој го носи името на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски, е изграден во 2008-та година од страна на Владата на Република Македонија. Во состав на Спортскиот Центар “БОРИС ТРАЈКОВСКИ” се наоѓа мултифункционална спортска сала која е еден од најголемите репрезентативени спортски објекти на Република Македонија. Повеќенаменската сала се користи и за културни манифестации. Наскоро оваа сала ќе се преименува во Вип арена. Во самиот комплекс се наоѓа и мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација. Центарот располага и со ексклузивен фитнес и аеробик центар, ако и сауни за релаксација на спортистите, пинг-понг клуб достапен за сите посетители. Комплексот вклучува и куглана, подготвена по светски стандарди од меѓународната кугларска федерација. Во рамки на центарот работи и хокеј арена, а во овој објект на располагање на сите граѓани се и тренинзи по уметничко лизгање. Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е реновираниот базен Карпош, како и Рекреативен центар кој нуди најразлични содржини: аеробик, пилатес, фитнес, сауна, карпа за качување и сала за ритмичка гимнастика.
Во 2013 година СЦ Борис Трајковски се прошири со првиот Аква Парк во Скопје со површина од 12.000 м2, кој располага со најмодерни реквизити и содржини, атрактивни за целото семејство.
http://skopjeinfo.mk/teniska-arena-igralishte-i-sala-za-gimnastika-kje-se-gradat-vo-skopje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 24-Jul-2016 at 22:32
Инаку, веќе подолго време салава е преименувана во Vip Арена. Токму вечерва се враќав од Сити Мол со кола и го видов знакот што светеше на самата сала.

Edited by Џоле - 24-Jul-2016 at 22:32
За сè има вторпат
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 28-Jul-2016 at 15:01
Originally posted by Џоле

Инаку, веќе подолго време салава е преименувана во Vip Арена. Токму вечерва се враќав од Сити Мол со кола и го видов знакот што светеше на самата сала.

Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 66
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 13-Sep-2016 at 18:53
Мислам дека на Скопје му е по потребна отворена тениска арена со четри трибини од ова.



Edited by SkopjeZaVardar - 13-Sep-2016 at 18:54
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 24-May-2017 at 09:36
Дизајниве никако да мрднат од 1990-те години...

ИЗРАБОТЕН ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ ОБЈЕКТ ВО СКЛОП НА СЦ "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"
Тенис, гимнастика и борење од в година во затворена тениска арена

22 мај 2017



Тениската арена која ќе функционира во рамки на СЦ "Борис Трајковски" се очекува да биде готова кон крајот на наредната година, објави директорот на спортскиот центар Златко Перински. Според него, во последна фаза е обезбедувањето на потребните технички документи од проектирањето на тениската арена. Во својот состав оваа затворена тениска арена ќе има и гимнастичка сала и сала за боречки спортови.

- Откако ќе се обезбеди комплетната техничка документација ќе следува подготвување на одобрение за градба кое треба да го издаде Општина Карпош, по што ќе биде објавен огласот за избор на изведувач на арената, информираше Перински на 3Д-презентацијата од проектот на тениската арена.

Според планот во проектот, изградбата на салата ќе чини околу 2,5 милиони евра, но директорот убедува дека при избор на изведувач се очекува цената да се намали при што тој додаде дека не очекува салата да биде поскапа од два милиони евра колку што првично планирале. Во моментов, за објектот се очекува проверка од Институтот за земјотресно инженерство, по што ќе се достави барањето за одобрение за градба.

Директорот Перински ги објави и резултатите од досегашното работење.

Во 2016 та година за прв пат од основањето на Спортскиот центар "Борис Трајковски" центарот работи со добивка која пред одданочување изнесува 44.5 милиони денари.

- Спортскиот центар "Борис Трајковски" бележи значително зголемување на вкупните приходи односно 146 проценти споредбено со ‎2014-2016 та година. Ова се должи на посветеното и домаќинско работење на целокупниот менаџмент кој раководи со спортскиот центар, посочи директорот.

Добивката, како што нагласи Перински, се должи на цените за спортските клубови како и за националните федерации, кои ги направиле подостапни, поради што изминатите три години спортскиот центар рушел рекорди во однос на настани на кои бил домаќин.

На теренот на ВИП-арената се одиграни повеќе од 135 спортски натпревари од различни спортови во домашни и меѓународни првенства, а центарот бил домаќини и на четири Европски првенства.
Во ВИП-арената одржани се повеќе од 70 концертни манифестации. Минатата година СЦ "Борис Трајковски" беше домаќин и на светско првенсво во борење кое предизвика особена заинтересираност во јавноста.

Според директорот на СЦ "Борис Трајковски", загубите со кои центарот работеше од 2006 до 2015 година се должат на инвестициите преземени во тој период поради што, како што нагласи тој, очекувано и кога една фирма инвестира да нема добивка. Инаку, најголема добивка на спортскиот центар му носи ВИП-арената, додека најмал приход доаѓа од пинг-понгот.

http://vecer.mk/skopska/tenis-gimnastika-i-borenje-od-v-godina-vo-zatvorena-teniska-arena
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 12-Aug-2021 at 08:08
Општина Карпош: Лага е дека ќе се руши Спортскиот центар „Борис Трајковски

Во врска со Спортскиот центар „Борис Трајковски“, станува збор за лажна вест дека ќе се уриваат 10.000 квадратни метри. Апсолутно, ќе се задржи постојната состојба на спортскиот комплекс, соопштија денеска од Општина Карпош.

Од Општината наведоа дека во тој дел, со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, врз основа на кој се носи и ДУП-от З 04, блок 5, се предвидува изградба на улица – сообраќајница, која ќе поминува кај картинг – просторот и во близина на тениските терени.

Имено, картинг – просторот е дел кој е дивоградба, за кој постои решение за отстранување. Значи, сообраќајницата воопшто не задира во ниту еден дел од спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.

– ДУП-от З 04, блок 5 кој во моментов е во процедура и се однесува за тој дел од Карпош (во близина на С.Ц. „Борис Трајковски”) е изработен во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје (2012-2022) и Регулацискиот план за ГУП на Град Скопје, З 04 (2019-2022 г.), одлука бр 27 – 974/1 од 29.1.2020 година, додадоа од Општина Карпош.

На последната 58. седница на Советот на Општина Карпош, била усвоена и предлог-одлуката за утврдување на нацрт-Детален урбанистички план за Градска четврт З 04, блок 5.

Тоа значи, како што истакнаа од Општина Карпош дека ДУП-от не е изгласан, бидејќи по новата законска регулатива, истиот се носи во две фази.

– Сега беше првата фаза (на разгледување пред советниците од Карпош), по што, од 5. август до 6 септември 2021 год. секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот ќе се одржи Јавна анкета по Нацрт-ДУП-от. Јавната презентација за заинтересираните правни и физички лица ќе се одржи на 20.8.2021 во 13.00 часот, во просториите на Општина Карпош, посочија од Општината.

Имено, во некои од медиумите се појавуваат информации и за земјиштето во предниот дел, пред С.Ц. „Борис Трајковски”.

– Истакнуваме дека истото воопшто не е предмет на ДУП – от З 04, блок 5. Во овој момент, за тоа земјиште нема важечки ДУП и воопшто не се работи на урбанистички план, наведоа од Општина Карпош.

https://www.slobodenpecat.mk/opshtina-karposh-laga-e-deka-kje-se-rushi-sportskiot-centar-boris-trajkovski/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.