build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вип Арена (Спортски центар „Борис Трајковски“)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 33>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
23 [25.56%]
6 [6.67%]
18 [20.00%]
16 [17.78%]
11 [12.22%]
8 [8.89%]
2 [2.22%]
3 [3.33%]
1 [1.11%]
2 [2.22%]
You can not vote in this poll
Total votes: 90   Average: 7.41

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 03-Jun-2009 at 12:14
najmnogu me zagrizuva sto salata nema cuvari, kolku sto jas znam. Od toa proizleguva i faktot sto veke ima 3-4 grafitni potpisi na nejze! 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 03-Jun-2009 at 12:15
Wallbash


Треба да се регистрираат... Дечки ајде кој прв ќе го наведе патот натака нека сликне. Не мора ништо посебно, од мобилен е доволно.
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 08-Sep-2009 at 10:15
aj stvarno neka gi slika nekoj grafitite i neka gi postira da ne zaboravime na ova.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9025
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 29-Oct-2009 at 22:09
Кончено направиле сајт

http://www.salaboristrajkovski.gov.mk

Не е комплетен но има некакви материјали. Фото галериите им се мизерија што е штета со оглед на тоа дека наменски слики (кои се постирани во мала резолуција) им ги има правено Секуловски Емилијан кој има прекрасни фотки на Фликр. Вреди да се погледне панорамата 360 која убаво работи со зум со се.

Еве ги податоците за салата од сајтот кои ваљда конечно може да ги усвоиме како "конечни" после сите нагодувања

Информации за Салата

Информации за главната сала:

sala
- Капацитет  за спортски настани
Фиксни трибини (4.443)
Мобилни трибини (1.532)
Вкупно  (5.975) столчиња, (127) ВИП столчиња
- Капацитет за културни и музучки настани
Со фиксни и спуштени мобилни трибини 1500 м2 површина на партер  до 9.000 посетители.
Со фиксни а повлечени мобилни трибини  1800 м2  над  10.000 посетители.
Можност за поставување на пластични столчиња на партер до 1.700 и поставување на 250 ВИП кожни столчиња на партер

Мала Сала:

Мала%20сала
Капацитет од 471 посетител

Прес конференциска сала

Press


Две VIP галерии со шанкови

Vip

Vip

Пинг понг сала

Пинг%20Понг

Гимнастичка сала

Гимнастика

Објекти во изработка:

-Прес центар
-Теретана
-Куглана
-Спа центар со 4 сауни


Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 30-Oct-2009 at 17:18
За град како Скопје,салата е премала.Фалат барем уште 2.000 столчиња(минимум).Ама тоа е веќе завршена работа,тука поправки нема.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 30-Oct-2009 at 23:26

сајтот катастрофа, како за блог да станува збор, нема врска нека оди и тоа е за луѓе!

чув дека пинг-понгот е ~2000 ден саат, тоа е луѓе ненормална работа, кој да игра по таква цена? амбасадори, политичари, туристи... инаку масите се движат од 200 до 1000 евра, што мислат со две-три изнајмувања да ги исплатат и сетне да печалат? некои работи навистина незнаат како да ги изменаџираат...  




Edited by Max - 30-Oct-2009 at 23:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 30-Oct-2009 at 23:31
Да знаеа да изменаџираат воопшто немаше да направат онаква ВИП „галерија“. Што е она побогу? Кафич? За она чудо ли останавме без една трибина?  Wallbash

А за цените  Eeek2


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2009 at 23:40
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 31-Oct-2009 at 14:39
Originally posted by Sale SK

За град како Скопје,салата е премала.Фалат барем уште 2.000 столчиња(минимум).Ама тоа е веќе завршена работа,тука поправки нема.
особено за ракометот и кошарката како актуелни спортови кај нас
се согласувам со кловер, не знаев дека има такво нешто позади стаклото Crazy
Back to Top
Locutus View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Locutus Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 11-Dec-2009 at 17:34
Јас го проектирав осветлувањето на терените на салата Борис Трајковски. Информациите дека се користеле искуства од салата во Белград не се точни, бидејќи кон секое проектирање се пристапува од поинаков агол поради уникатноста на секоја сала.
Првенствено кога започна проектирањето на осветлувањето на терените, барањата на Град Скопје за осветлувањето беа да се задоволат само основните параметри за национален натпревар. Тие се воделе по идеен проект за осветлување кое беше изведен непрофисионално и без никакви вистински разбирања од проблематиката. А врз основ на тој проект зависеше и финансиската рамка во која целата инвестиција се засноваше.
На крај од процесот на проектирање Град Скопје на 4 пати ги смени своите барања за какво осветлување сакаат да има...EHF, FIBA, CIE стандарди...каде бараа истото осветлување да се користи за различни видови на спортови каде теренот има различна димензија и специфичните барања на секој спорт поединечно да бидат задоволени.
Конечниот проект беше за Главната сала, малата сала за кошарка, трим салата и салата за гимнастика. Во главната сала осветлувањето е проектирано за следните спортови: ракомет, кошарка, одбојка и тенис. За секој од тие спортови постојат 3 видови осветлување, за тренинг, за национален натпревар и за интернационален натпревар (со пренос на HDTV). Индексот на рамномерност при распределбата на осветлувањето е 0,78 (највисок на Балканските простори...што повисок тоа подобро).
Значи кога се вршеа проектирањата тие беа изведени по најстроги стандарди (при тоа се бараше воведување на стандарди за осветлување во Р.М бидејќи до тогаш Р.М немаше стандарди за осветлување !!!! ) кои ги задоволија сите телевизиски куќи за квалитет на пренос.


Замерки што имам во однос на салата:
- Кај нас кога се прави проект не се земаат сите параметри во предвид, па така салата од аспект на проектирање на осветлување е вистински кошмар бидејќи архитектот воопшто не се водел од точка на практичност туку (по моја процена) од негови лични естетски гледања.
- Целиот проект се гледа дека е изменуван неколку пати (веројатно мала сала за кошарка воопшто не требало да има каде што е сега туку тоа да е исполнето со трибини и простор за концертни изведби), па така нема јасна кохезија.
- Целиот објект не е енергетски ефикасен (што е апсурд поготово за времето во кое живееме)   
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 11-Dec-2009 at 17:38
Добредојде Locutus

Навистина информативен пост. Прво па машко  Thumbs%20Up

Дали можеш да споделиш материјали од проектот за осветлување?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 11-Dec-2009 at 17:40
Locutus довбредошол и од мене!

Ма интересира ако можеш да пуштиш дел од стандардите, односно кои се побарувањата на овие спортски федерации?!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 11-Dec-2009 at 17:42
Добредојде и од менеThumbs%20Up

И покрај материјалите што ти ги побара Cloverstack, дали имаш некои информации и податоци што мислиш дека биле испуштани од новинарските текстови а би требало да се знаат? На пример, како салата ги исполнува сигурносните стандарди?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 11-Dec-2009 at 17:48
Можеби би знаел, бидејќи уште не научивме, зошто не ставија онаков голем семафор на средина? (дали има друга причина освен штедење).

Други прашања, дали има видео надзор, дали се пуши во салата (дали важи законот за забрана за пушење), кои веројатно и другите членови би можеле да ги одговорат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9025
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 11-Dec-2009 at 18:10


Колку што јас знам на концертиве кои се одржаа скоро, ги одземале цигарите на влез. Но можеби грешам.

@Locutus, добредојде и благодарам на интересните информации Cheers
Back to Top
Locutus View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Locutus Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 12-Dec-2009 at 11:40
Колеги, бидејќи се работи за материјали за кои јас немам дозвола да ги дистрибуирам, ќе ви постувам материјали кои се јавно достапни, а кои сигурно ќе ви завршат повеќе од доволна работа.

ФИБА
http://www.fiba.com/downloads/Miscellaneous/FIBA_TV_Manual_2007.pdf
http://www.fiba.com/asp_includes/download.asp?file_id=317

ЕХФ  
http://cms.eurohandball.com/PortalData/1/Resources/1_ehf_main/11_downloadsregulations_forms/1_regulations/2_ech/EHF_ARENA_CONSTRUCTION_MANUAL_080917_en.pdf

Општо за спортови
http://www.lighting4sport.com/sportslighting.asp?sport=sn07

И материјали подготвени од Проф.Рубин Талевски оф ФЕИТ, по предметот Електрично осветлување
http://kursevi.etf.ukim.edu.mk/ieea/elosv/
http://kursevi.etf.ukim.edu.mk/ieea/elosv/     (тука ги има ЦИЕ стандардите)
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 16-Dec-2009 at 00:02

Ватерполо-мечот со Грција во „Борис Трајковски“



Пливачката федерација на Македонија веќе контактирала со компании за изнајмување монтажен базен, кој би бил поставен во најголемата спортска сала во Скопје за мечот со нашиот јужен сосед во март 2010

Ватерполо-натпреварот Македонија-Грција, кој во рамките на Светската лига на ФИНА треба да се игра во Скопје на 16 март, можеби ќе се игра во спортската сала „Борис Трајковски“, каде што би се поставил монтажен базен. Пливачката федерација на Македонија прави напори овој меч да го организира во оваа сала за да одговори на големиот интерес што сигурно ќе го има меѓу љубителите на спортот.

Единствена друга опција за играње на овој меч е базенот „Младост“ во Карпош, чии трибини собираат 600 луѓе. Олимпискиот базен е надвор од функција, а и неговиот капацитет не е многу поголем. Салата „Борис Трајковски“ има капацитет од речиси 7.000 гледачи, но ако се монтира базен, тогаш монтажните трибини не би се користеле и во салата ќе има место за околу 4.000 гледачи.

ОД ЦЕНАТА ЌЕ ЗАВИСИ ОДЛУКАТА

- Преговараме со две странски фирми - „Астрал пул“ и „Мирта пул“ за да закупиме еден ваков базен за мечот со Грција. Треба да утврдиме колкава е цената и дали е прифатлива за нас. Но, сметаме дека од продажбата на билети и со наоѓање неколку спонзори оваа варијанта е финансиски остварлива. Не ни е цел да заработиме со овој меч, туку да ги покриеме трошоците и да не сме во „зијан“. Публиката сигурно би уживала - вели Влатко Димовски, член на УО на ПФМ.

Во салата „Борис Трајковски“, под која припаѓа и базенот „Младост“, велат дека разговарале со ПФМ околу оваа идеја, но чекаат уште некои информации за евентуално да дадат зелено светло.

- Интересот на публиката секако би го оправдал ваквиот потег, а базенот „Младост“ тешко би одговорил на барањата. Но, од ПФМ побаравме спецификација како би одело поставувањето на таков објект во салата. Нас не' загрижува да не дојде до оштетување на паркетот или на други делови од салата при монтажата. Такво нешто нема да дозволиме. Но, ако не' уверат дека се' би одело „мазно“, тогаш вреди да се размисли, вели Филип Аџиевски, раководител на секторот за менаџирање на базенот „Младост“.

МОНТИРАЊЕ БАЗЕНИ ВО САЛИ СТАНУВА ТРЕНД

Не е невообичаено натпревари од водени спортови да се одржуваат во сали чија првична намена не е од оваа област. Пливачкото ЕП во мали базени во Турција се одржа во салата „Абди Ипекчи“ во Истанбул, која е позната по кошаркарски натпревари. ЕП во ватерполо во Хрватска 2010 година ќе се одржи во „Арена“ во Загреб, сала која беше изградена за потребите на ракометното СП 2009 година.

Македонија играше со Грција во Пиреја на 8 декември во рамките на 2 коло од СЛ, и изгуби со 6-8. Тој натпревар од трибините го следеле само околу 200 гледачи. Мечот со Грција во Скопје е реванш во групата (5 коло), а ќе се игра на 16 март. Во оваа група се уште Хрватска и Русија. Македонија моментно е на последното место на табелата без ниедна победа по два меча. Следниот меч од СЛ го играме во Скопје против Русија, на 26 јануари.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3BD0899115179A4FB6C7B7BDF4F8C5D2
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 16-Dec-2009 at 10:22
Originally posted by ovaj_stariov



Македонија играше со Грција во Пиреја на 8 декември во рамките на 2 коло од СЛ, и изгуби со 6-8. Тој натпревар од трибините го следеле само околу 200 гледачи.


Поубаво да ги дадат парите да се опраи олимписки, па таму да се игра, него овој простаклук што којзнае колку кошта...немаме еден базен како што треба, невидено е ова нашево, греота сме! Многу ги заболе нив, штом у сред Атина 200 души одвај се собрале...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 16-Dec-2009 at 11:45
Sega se gleda deka ima nedostatok na zatvoreni bazeni vo Skopje i vo Makedonija voopste
Proektot za devet golemi bazeni niz drzavava sto se sluci so niv?Imame reprezentacija (so tujgi igraci )a nema kade da igraat, sramota.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9025
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 16-Dec-2009 at 12:02


Јас не сум голем подржувач на овој проект (ниту сличните проекти од овој тип, 10 сали, 100 стадиони итн).

Точно, со изградба на капацитети се врши и стимулација за практикување на некои спортови, но пристапот со кампањско градење на голем број скапи проекти (без никаква претходна анализа) не е добар. Што ако проектот е неуспешен ќе имаме уште еден куп неискористени капацитети кои фаќаат мувла и алги?

Начинот на кој јас би го решил ова е темелно реновирање на неколкути постоечки базени во земјава, пред се Карпош и Олимписки во Скопје, евентуално Струшкиот итн... Дури не би почнал со сите, би почнал со еден од нив. Но не зборувам за еднократно реновирање туку за наоѓање за концепт за одржлив развој. Можеби да се стигне до таму ќе биде потребно субвенционирање на почетокот но доколку се направи добар развоен план, сигурен сум дека успехот е неминовен.

Како ќе се зголемува критичната маса (и платежно способната маса) за користење на овие капацитети, така ќе се пристапува и кон нивно ширење.


Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 16-Dec-2009 at 12:46
Se slozuvam,kampanjskite proekti ispagjaat smesni i na nacin koj se promoviraat,ali toa e politika.Financiska konstrukcija normalno,sigurno ima i pari da se izgradi no koga ke dojde do odrzuvanje se gleda neodgovornosta koja e zastrasuvacka.Primer  e sportskata sala vo Bitola.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.