build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стругање паркет

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Стругање паркет
    Posted: 03-Mar-2010 at 12:44
Ја отварам оваа тема бидејки деновиве планирам да го стругам стариов паркет а и гледам не се отворила ваква тема до сега, се поретко слушаме дека некој стругал и лакирал паркет многу од нас испоставаа ламинат што и не е така лошо решение бидејки е евтино брзо се монтира и фино изгледа.
Ме интересираат повеке работи што мислисте вие за паркет или ламинат исто така стариот паркет ми е многу нерамен се направил цел тумби(стар е 20 до 25 год) колку би можел да се израмни со стругање и колку пари е струганје ако некој знае.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Mar-2010 at 12:58
Јас сум фан на така потрадиционални матерјали и дефинитивно би преферирал паркет, со оглед на тоа што ламинатов непотребно се исфорсира и малку го претераа и малку ми станува одбивен. А особено ми прави мерак оној црвениот паркет од цреша. Скроз се заборави паркетот. Пред некоја година имав искуство со таков сличен паркет како твојот, неколку децении нереновиран, а и не многу пазен. Имаше нерамнини, гребаници што мислев дека никогаш нема да се одклонат, ќошеви одкорнати, раздељци измеѓу.

Кога дојде време за санација, најдов мајстор препорачан од кој сум многу задоволен како го среди паркетот. Со три шмиргли различни и се раскопува може би и до 3 милиметри. Испакнатини може да се средат, да се пререди на некои места. По ќошеви и рабови кајшто е испоодлепено се залепува, од масата струготината со лепак се прави смеса за шуплини.

Цената беше 2 евра по квадрат работна рака и плус матерјалот дополнително колку ќе те фати. За 50 квадрата под паркет, работна рака е 100 евра и не се сеќавам точно, од прилика уште 70-тина евра матерјалот. Да речеме дека 10000 денари за 50 квадрата или 200 денари по квадрат ќе те фати. Ама ова зборам за пред 3 ипол години. Рачунај дека меѓувремено сигурно имало некои поскапувања, така да моја процента дека би требало да те кошта околу 4 евра по квадрат.

Иначе 50 квадрата ги работеше два дена од сабајле до пладне по десетина часа. Најдобро е да го работиш цел стан од еднаш. Што имаш мебел собери во вц и во кујна на плочки и паркетот на екс. Рачунај уште недела дена сушење, и многу битно без промаја, само со прозор од една страна отворен и што е можно почист воздух да нема прашина да не се залепи. Рачунај дека десет дена сигурно ќе ти земе.


Edited by lslcrew - 03-Mar-2010 at 13:06
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Mar-2010 at 13:10
Плус, треба да се извадат лајсните. Лајсни нови нормално. Така да да го имаш и ова во предвид.


Edited by lslcrew - 03-Mar-2010 at 13:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Mar-2010 at 15:21

ништо немора да се фрла, и лајсните можат да се сочуваат, само што рачно или со машинче ќе ги шмирглаш...

е сега за набрувањата (најчесто од вода) најдобро чаре е квалитетна изолација одоздола, но во секој случај прво мораш да ги извадиш старите летвички да го исушиш местото и да ги прередиш или пак тој дел да го замениш со нов паркет доколку стариот е апла скапан (пешкири по радијатори, поплави итн.)...

најдобро е да си викнеш мајстор, да имаше некаде да се изнајми опрема ќе можеше и сам да си ја завршиш работат доколку си домакински расположен, сепак изгубеното време, малтретирањето доколку не си упатен во муабетот и воедно дискутабилниот резултат, оставаат мал простор за импровизирање, затоа паркетар и пријатно!

еве неколку линкови кои би ожеле да помогнат

- Подигнат паркет - http://www.roditeliideca.com.mk/forum1/42--/23520--

- Собирање на паркетот - причини и санација http://www.sezadomot.com.mk/sov-nov04.10-64a.htm

- http://www.youtube.com/results?search_query=parquet+sanding&search_type=&aq=0&oq=+parquet+s

- http://www.woodfloorist.com/1/email2.html

- http://en.wikipedia.org/wiki/Parquetry#Repair

~

а што е до изборот мислам најдобра опција е бродски под, долговечно и едноставно, а одозгора може да се реди дополнително и со линолеум, итисон...

имав чуено за ламинатот дека е токсичен и со време дека испаруваат од него разни хемикалии, но за ова немам потврда ниту имам нешто читнато, сепак во моментов е најпопуларна алтернатива кај народот, иако пакетот уште долго ќе го држи главниот збор на пазарот! http://www.sezadomot.com.mk/sovI-2.htm  а со малку инвентивност може истиот да се користи и како терацо мермерната техника!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Mar-2010 at 15:49
Макс се сум слушнал некој да репарира лајсни. Не се ни исплати, нити па ќе личи тоа на нешто. Освен ако не си во пензија па ти треба нешто за живци.

За набабрено сигурно дека ќе треба прередување, вероватно може ќе треба и да се докупи нешто паркет, може да има даски доста искривени.

Нзнам од каде идејава да се изнајмува таков алат, се работи пред се за ротационен гумен ваљак што захтева шмиргла со исклучиво само едни димензии шмиргла ни помали ни поголеми, има триста работи за штелување на нејзе е не верувам дека некој би се нафатил сам да струга паркет, а ниту па би се нафатил некој да изнајмува таква машина. Не за џабе постојат паркетари. Башка си ја знаат работата, кај мене дојде разгледа и кажа точно колку лепак, колку лак ќе му треба. Остана само пола сантиметар на крај во теглата. Така да неможеш допрва паркетар да стануваш за 50 квадрата паркет. А цените се пристапни и за мајстори и за материјал.

Во врска со изолација полесно може да се постави под бродски под зашто лежи на попречни летви, а не директно. Тамо има маневарски простор да бираш каква излација ќе ставиш, само што за неколку години сигурно нема да можеш да дигнеш глава од бубачки по дома. А знам и случај за глушец под бродски под. Кај паркетот нема вакви заебанции, е сега за изолација незнам како воопшто тука иде тоа.

Инаку овие вакви формации од нијанси паркет знаат да се погодат интересни, иако повеќе сакам едноставност, па и една ваква шара знае да ми биде премногу.
Back to Top
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Mar-2010 at 16:47
Мене паркетот не ми е нешто многу подуен како од поплава но на повеке места се осекаат брачиња и се прашувам дали со подлабоко стругање ке се израмни прашање е колку машината може да симне, lslcrew  кажа дека одела до 3мм мене мислам ке ми требаат негде до 5мм.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Mar-2010 at 17:01
Абе не рачунај само на тоа што може машината да го симне, тоа е маргинално во целата приказна. Кога ќе се пререди ќе спадне, после машината само ќе го измазни.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Mar-2010 at 17:10

тешко, ете линк погоре каде јасно кажуваат напатените дека мораш да отвараш, сушиш и прередуваш! јасно во меѓувреме и да ја отстраниш причината за појавување на поголема влага... 

~

лсл тоа за инајмување кај нас тешко, обично е нормална појава на запад, каде со употребените а вратени машини од лизинг се отвораат и вакви услуги, таму реално речиси никој индивидуален мајстор не купува алат туку го изнајмува! нејсе го фрлив како дигресија за да укажам дека такво нешто постои како појава а за лајсните и воопшто самостојното прередување говорам од аспект сам свој мајстор, лајсните обично и не се оштетуваат толку евентуално бараат малку шмиргла и прелакирање...

а за бродскиот патос и шеточини тоа нема да биде случај доколку се е добро задихтувано! јасно и да не расфрлаш храна наоколу! има опции http://www.forum.hr/showpost.php?p=23813679&postcount=16 или имаш луѓе кои ја тераат и поконструктивно http://www.forum.hr/showthread.php?t=134977

Back to Top
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Mar-2010 at 19:00
Добро еве костатирам дека паркетот не е за поправка многу е стар, оштетен и надуен едноставно не е за поправка тука за менување но немам пари да го сменам и сакам да нешто евтино како ламинат, како би го ставил јас тој ламинат на нерамна површина ке треба ли да го вадам паркетот.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Mar-2010 at 20:44

да! ќе го извадиш ќе наредиш изолација доле и ламинат врз неа и пријатно!

но, ете можеш и да го репарираш паркетот доколку битно ти е само да ги средиш тумбите и да го светнеш ко нов!

има доста озборувања дека ламинатот е канцероген, но има и каква таква предност доколку се користи без килими

Originally posted by Ognen

да прашам само дали има варијанта на подно греење со ламинат наместо плочки,знам дека ќе има загуба, но дали е значителна?

laminat i podno greenje e losha kombinacija, no ej komu mu e gajle za zdravje ako ima eftina kombinacija na lager, bitno e da lichi top, a za ostanatoto lekarite kje mu ja mislat, iako ne se lugjeto krivi shto konzumerizmot nema gajle za nivnoto zdravje kolku za nivniot dzeb
http://greentot.wordpress.com/2008/06/24/baby-non-toxic-floors/


Edited by Max - 06-Apr-2014 at 14:54
Back to Top
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Mar-2010 at 00:26
Originally posted by Max

да! ќе го извадиш ќе наредиш изолација доле и ламинат врз неа и пријатно!

но, ете можеш и да го репарираш паркетот доколку битно ти е само да ги средиш тумбите и да го светнеш ко нов!

има доста озборувања дека ламинатот е канцероген дрн дрн јариња, но има и каква таква предност доколку се користи без килими, а за да биде тоа реалност потребно е и подно греење! http://www.streetdirectory.com/travel_guide/199505/home_flooring/laminate__wood_floors_the_healthy_option.html



Ако треба да го вадам тек тогаш ке ми се отвори работа еден тон, и како после тоа се поставува на што се реди каде би можел да го видам процесот што се е потребно.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Mar-2010 at 04:33

па ламина врз паркет тешко да помине како тоа што е случај со бродски под врз паркет, плус бродскиот е како тенеќе тежок, додека ламинатот е лесен како пердув, па евентуално претпоставувам можат да ти се јават нерамнини некаде доколку повторно нешто набабри!

во секој случај и за репарација на постојниот паркет и за ламиниран под ти треба прередување...

а за ова ламинатот ако прашуваш што како оди поставување имаш на нет еден куп видеа

- http://www.youtube.com/results?search_query=laminate+floor+installation&search_type=&aq=0&oq=laminate+fl

- http://video.google.com/videosearch?hl=en&source=hp&q=laminate%20floor%20installation&aql=&oq=&um=1&ie=UTF-8&sa=N&tab=wv# 

Back to Top
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Mar-2010 at 14:36
Знам како се реди ламинат тоа е многу лесно и сум видел ламинат како редат над паркет и се си искочи како што треба убаво си изгледаше само што тој паркет беше рамен за разлика од мојот, прашањето е како да го израмнам или доколку го вадам како треба да ја спремам подлогота што изолација да ставам како идат слоевите...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Mar-2010 at 18:56

за паркетот доколку неможеш трајно да го исушиш местото пред да го прередиш паркетот исто како кај изолацијата на ламинатот можеш да употребиш тврдо пресуван стиропор, па кошулица одозгора, а потоа исто наново прередување и лепење на штичките, финиш премаз за заштита прво а сетне и лакирање на пререденото и репарирано дрво и тоа е тоа! 

инаку порано прво врз плочата ставале кошулица од оризова арпа, а врз неа катран, па дури одозгора паркетот, денес катранот е заменет со битуменска емулзија а арпата со стиропор, но сега ете исто како кај ламинатот и кај паркетот употребуваат како подна изолација пресуван стиропор, но пред се како би се зголемила енергетската ефикасност за топлотните загуби на подот да се сведат на минимум, а и најлон користат успат... 

стандард можеш и на суво да го прередиш доколку набабрувањата се од поплава и слично, а не од влага од страна или одоздола во кој случај најдобро е да има одоздола под паркетот стиропор а колку за да се израмни нивото одозгора може битуменска кошулица или кошулица од лепак http://www.gradimo.hr/Izolacija-ispod-podnih-obloga/hr-HR/14229.aspx...

~

интересно првпат слушам за плутен под, но ете и такво нешто постоело http://www.sezadomot.com.mk/sovI-8.htm 

Back to Top
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Mar-2010 at 23:27
Фала ти Макс за советите.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Mar-2010 at 00:08

фала на муабетот јас сум слушал, сум гледал, но не сум ја истаманил оваа работа, иако наскоро и јас ќе морам да го сменам подот! 

малку се лажам на ова вештачкиве материјали, но нема ништо потопло "попитомо" чувство од дрвена подлога, иако последно време тоа теракотата ми фаќа око, но тешко тоа за вград иако за во куќа на периферија и те како би легнал тој муабет!

едит: еве појасна комбинација! 

http://www.korak.com.hr/pos.php?id_pos=250

...



Edited by Max - 05-Mar-2010 at 06:02
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Jul-2011 at 19:23
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Sep-2012 at 08:44
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Sep-2014 at 11:43

Се бара информација за добар и педантен паркетар

Sent: 08-Sep-2014

Zdravo
Jas sum nova ovde. No imam maka-bidejki imam mal stan poln so stvari , slusnav deka postoi masina koja struga parket a voedno ja usisuva prasinata. Mene mi treba da se istrugaat samo delovite koi se gledaat i da se lakiraat. Dali imas takvi soznanija i da mi preporacas nekoj koj ubavo go pravi toa. TI BLAGODARAM, Maja
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Sep-2014 at 14:11

maja.maja obrati se kaj firmi ko marin.mk gi imash vo zk na kup, iako mnogu verojatno deka poskapo kje pominesh, no so individualci poteshko odi reklamacijata, dodeka za firmi sekogash gi imash na raspolaganje inspektoratot i zdruzenieto na potroshuvachi, do shto vo tvojot sluchaj bidejki velish mal prostor ne bi trebalo da se dojde

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.