build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Космос - Ќерамидница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 07-Aug-2011 at 13:27
Ајде бе, кога беше Фиком, Самарија, Антигона и слични опствениците се јави за саат време, што не се јавуваа по телефони кај газдиде да го прашаат да не треба уште пари да доплатат. Confused Од тие случаевите горе само еден од Стразбур има добиено, другите се решени уште дома и тоа не од којзнае какво судство, едноставно некој можел и провизии да зема, не се работи за мали средства.

Сега уште некое време, па ќе спаднат страстите. Имакако административно да се реши ова, нека плати промена на дуп, комуналии и нека продолжи, нормално вољата на општината ќе ја плати со сопствена воља да биде политички коректен, сега така функционираат работие, кога оставил за што да има да му се фатат.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 07-Aug-2011 at 14:59
Originally posted by lslcrew

Ајде бе, кога беше Фиком, Самарија, Антигона и слични опствениците се јави за саат време, што не се јавуваа по телефони кај газдиде да го прашаат да не треба уште пари да доплатат. Confused Од тие случаевите горе само еден од Стразбур има добиено, другите се решени уште дома и тоа не од којзнае какво судство, едноставно некој можел и провизии да зема, не се работи за мали средства.Сега уште некое време, па ќе спаднат страстите. Имакако административно да се реши ова, нека плати промена на дуп, комуналии и нека продолжи, нормално вољата на општината ќе ја плати со сопствена воља да биде политички коректен, сега така функционираат работие, кога оставил за што да има да му се фатат.


Коментарот ти е малку инкохерентен.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 07-Aug-2011 at 16:40
мислам дека нема крај муабетов,дека Фијат згрешил и технички, и дека му замериле за нешто друго што не е тема на форумов,сите го знаемеи кажуваме,све е друго само млатење празна слама.Овде све е јасно,и нему вероватно му биле познати последиците(на одреден датум на почетоков на летово), и незнам што уште ќе се дискутира.Да беше анонимен ивеститор вероватно ќе поминеше со некое спонзорирање на незнам што,а вака штом си медиумски екпониран а и политички,важат други правила.Не е фер ама тоа е терен на АЛИГАТОРИ,или ќе изедеш некого или си во порцијата
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 08-Aug-2011 at 07:38
.


Edited by dule - 20-Jun-2012 at 15:21
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 08-Aug-2011 at 09:57

Цаноски ќе тужи во Стразбур со американски адвокат

Пратеникот Фијат Цановски денеска од Меѓународниот суд во Стразбур ќе побара привремена мерка за запирање на уривањето на зградата „Космос“ додека не се реши случајот. За таа цел тој го ангажирал меѓународниот консултант, американскиот адвокат Дејвид Серџи, кој неколку дена е во Скопје. Цаноски вели дека му се скратени повеќе права од Уставот, како правото на сопственост и слободата на движење.

- Никому не може да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен ако се работи за јавен интерес утврден со закон - рече вчера Цаноски.

Адвокатот Серџи, кој се занимава со меѓународно право и човекови права, вели дека според Европската конвенција за човекови права, сопственоста е фундаментално право за сите, а државата може само во ограничени граници да го лимитира и не може тоа да го прави арбитрарно.

- Секој механизам за лишување и спроведување мора да биде пропорционален. Во Стразбур пропорционалноста е многу важен термин. Тоа значи да се користат најмалку рестриктивните механизми за да се постигне јавното добро. Како што еден судија во САД рече, не можете да користите топ за да убиете мува кога имате тепалка за таа работа - истакна Серџи.

Тој потенцираше дека во конкретниот случај треба да се разгледаат три основни правила според конвенцијата.

- Тоа е дали има сегашна сопственост. Ако оваа сопственост е одземена, тогаш судот треба да види дали постои експропријација. Јас сметам дека Судот во Стразбур ќе гледа на случајот реално и ќе се праша зошто се случува ова, зошто се урива зградата. Ако државата ја одзема сопственоста, треба да се следат неколку правила за Судот да го признае овој процес како легален. Тоа мора да биде пропишано со закон, мора да биде од јавен интерес и да биде потребно за демократско општество - вели Серџи.

Исто така, објасни дека случаите во Стразбур траат подолго, но можно е и покусо кога се предлага давање превентивни мерки што може да бидат спроведени релативно брзо.

Цановски порача дека нема да дозволи никој да го избрка од Македонија, како што биле избркани неговите роднини во 50-тите и 60-тите години во социјализмот кога заминале во Турција.

- Македонија е моја држава, а јас сум поголем патриот од сите бидејќи моите пари не ги изнесувам надвор, туку ги вложувам тука - нагласи тој.

Во меѓувреме, Општина Гази Баба продолжува со уривањето на станбениот комплекс „Космос“, поради отстапување на нивото на приземјето за 1,43 метар.

Од Општина Гази Баба експресно возвратија на прес-конференцијата на Цаноски со тврдење дека сите активности што ги презеле се во согласност со законите и дека во ниту еден момент не му е скратено правото на инвеститорот. Градоначалникот Тони Трајковски вели дека против инвеститорот и изведувачот поднеле кривични пријави и најави кривична пријава и против надзорот кој не го пријавил градењето кое не е во согласност со основниот проект.

- Во конкретниот случај постои флагрантно кршење на Законот за градењето - рече Трајковски.

Тој додаде дека во временскиот рок што му бил даден да го спроведе решението за отстранување на градбата, инвеститорот не само што не ја отпочнал постапката, туку продолжил со градба.

- Во тој период е констатирано дури и бетонирање столбови. Поради тоа, беше пристапено кон административно присилно извршување на решението - рече Трајковски.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5D7B87E511A926459785CF3C82496705
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 08-Aug-2011 at 11:32
Originally posted by dule

Со оглед дека сите знаеме кој е инвеститорот со кого коалицира политички и семејно се гледаше уште на почетокот дека оваа работа нема да успее.

Гледам овој став е широко распространет меѓу народот и е прифатлив како малтене нормална работа. Се прашувам, кеде тоа ние живееме и каде одиме?
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 08-Aug-2011 at 13:23
Цаноски ќе заработи кривична пријава
Постапката која општина Гази Баба ја води во врска со случајот со станбено-деловниот комплекс „КОСМОС“ е целосно во согласност со законите, истакна денеска градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
-Градбата се изведувала спротивно на законот за градење, спротивно на основниот проект, против сите учесници во градбата, инвеститорот, изведувачот и надзорот ќе се преземат соодветни постапки. Веќе можам да ви кажам дека спрема инвеститорот и изведувачот поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство, деновиве тоа ќе го направиме и против надзорот за сите оние прекршувања како што се, како што напоменав, спротивни на законот за градење. Неколку пати јавно го прашувам инвеститорот еве и денеска ќе го прашам да ми одговори. По кој основен проект ја изведувал постоечката градба? Дали е тоа основниот проект кој е заверен од страна на општина Гази Баба? Дали е тоа основниот проект кој што е донесен за измени во текот на градбата или е по некој друг проект кој што досега ни го нема доставено, ниту пак го имаме видено, изјави Трајковски.

Во врска со информацијата дека мал бил временскиот рок кој на Цаноски му бил даден, Трајковски го демантираше тоа, бидејќи инвеститорот, како што тој кажа, во тој период кога требал да отпочне со отстранување на градбата, тој бетонирал столбови, со што било заклучено дека намерата на инвеститорот не било да ја отпочне постапката за отстранување на градбата, и затоа се започнало со присилно административно извршување на решението кое што беше донесено од страна на градежната инспекција.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/38488-Canoski-ke-zaraboti-krivicna-prijava
____
пред фактите и боговите молчат.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 08-Aug-2011 at 16:32
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by dule

Со оглед дека сите знаеме кој е инвеститорот со кого коалицира политички и семејно се гледаше уште на почетокот дека оваа работа нема да успее.

Гледам овој став е широко распространет меѓу народот и е прифатлив како малтене нормална работа. Се прашувам, кеде тоа ние живееме и каде одиме?


Тоа не е измислено ,тоа е реалноста за жал.И јас би сакал да не биде така но по многуте искуства ја прифатив реалноста.Истиов комплекс да го градеше друго лице некој друг инвеститор по таа цена од 840  за м2 до сега цела зграда ке се издигнеше и ќе профункционираше турбо.

Но уште пострашно е тоа што луѓето кој уплатиле за становите ги трпат сите работи.Они во општо не се криви и затоа на нив треба да им се помогне.Нив не ги интересира дали инвеститорот платил данок или комуналии,нив ги интересира КЛУЧ НА РАКА.Што е сосема нормално и сватливо.




Edited by dule - 20-Jun-2012 at 15:22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 08-Aug-2011 at 17:25
Мене друго ме загрижува што има раширено како став меѓу некои луѓе, како тоа ако е од друга партија дека мора да е бела бечка и не смее влакно да му фали зашто дури и кога работи незаконски мора тоа да се толкува како политички притисок.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 08-Aug-2011 at 17:42
мислам дека главната причина поради која се мисли дека сето ова има политичка позадина, не е поради политиката на фиат, туку поради тоа што ова е единствен објект за кој некоја општина била решителна и сака да си ја заврши работата што ја има, за разлика од многу други случаи каде криминалот си продолжил да си владее
значи не се работи за тоа дали Фиат требало да биде бела мечка, туку за сомнежите во тоа колку добро локалните или повисоките власти си ја вршат својата работа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 08-Aug-2011 at 20:16
од една страна ова е добро(за жал на тие што уплатиле стан не е воопшто добро) затоа што и овие сега што градат а се од `оваа` страна ќе водат сметка да биде све легално,затоа што утре некој друг ќе земи чекани бо рацете па ќе урива.Сите сега нека мислат дали се 100% ОК:можеби треба вака некој да се изгори па да почниме да работиме по пропис.За жал обичниот граѓанин најмногу ќе настрада
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 09-Aug-2011 at 11:17
Originally posted by gjoko

од една страна ова е добро(за жал на тие што уплатиле стан не е воопшто добро) затоа што и овие сега што градат а се од `оваа` страна ќе водат сметка да биде све легално,затоа што утре некој друг ќе земи чекани бо рацете па ќе урива.Сите сега нека мислат дали се 100% ОК:можеби треба вака некој да се изгори па да почниме да работиме по пропис.За жал обичниот граѓанин најмногу ќе настрада


Потполно си во право,додека си ја префрлаат топката едни на други граѓанинот најмногу трпи за сето ова.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 09-Aug-2011 at 16:13
Трајковски: Цаноски градел од декември, а доставил проект во јули
09.08.2011 | Македонија | Извор: Макфакс
Пратеникот и лидер на ПЕИ Фијат Цаноски градел од декември, а основниот проект и неговите измени ги доставил до општината во јули. Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и денеска го праша Цаноски врз основа на кој проект градел.

„Овој проект е изготвен во седми месец, ревидиран е во седми месец, не би можел тој да гради од декември до сега по овој проект затоа што го немал. Го прашувам по кој проект ја изведувал постоечката градба“ изјави Трајковски.

Тој соопшти дека и измените и дополнувањата на основниот проект кои што ги доставил пратеникот Цаноски во јули не биле во согласност со Законот за градба и Деталниот урбанистички план.

Сите активности кои што ги презел инвеститорот, фирмата „Фине“, биле откако инспекторката констатирала нерегуларности при изградбата и „флагрантни отстапувања и кршења и на основниот проект и на Деталниот урбанистички план и на Законот за градење“. Општината донела решение со кое што се одбива барањето на инвеститорот за измени и дополнувања на основниот проект.

„Проектираната површина на приземјето излегува надвор од градежната линија, во мезанинот, во продолжение на спратот има простор планиран за паркирање на цела површина за градење и тоа е многу поголема од онаа површина која што му е дозволена, намената паркирање на приземје е спротивна на ДУП каде што точно и прецизно е напоменато дека на приземјето не може да има паркирање. Сообраќајното решение му е тотално промашено и е спротивно на ДУП“, се дел од неправилностите кои ги наведе градоначалникот.

Инаку кривична пријава, како што појасни Трајковски, ќе има против фирмата на Цаноски, „Фине“ и нејзиниот управител, Адријан Амзоски, против надзорот, а најави кривична и против проектантот. Овие субјекти ќе се гонат кривично поради непочитување на Законот за градење. Надзор на објектот вршела фирмата „Елса инженеринг“.

Трајковски тврди дека Цаноски имал некоректен однос и одбивал да ги прими документите кои му ги доставувала општината.

Од канцеларијата на Цаноски велат дека досега не стигнало ништо кај нив и дека се на колективен одмор, доколку стигнело нешто својот став ќе го кажеле утре.

Комплексот “Космос“ почна да се руши минатата недела бидејќи целиот објект, според општина Гази Баба, бил надвор од рамките на проектот што го добил одобрението за градба што го издале службите на Општина Гази Баба.

Целата градба била повисока за метар и 43 сантиметри во однос на апсолутната кота којашто била измерена од геодетска фирма.
Комплексот се градеше покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски. Предвиден беше како луксузен станбено-деловен комплекс со 562 стана.

http://kajgana.com/makedonija/trajkovski-canoski-gradel-od-dekemvri-dostavil-proekt-vo-juli
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 09-Aug-2011 at 16:25
не почитувал ништо а сега се вади на партиска припадност. Патетично.
Back to Top
miik04 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote miik04 Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 10-Aug-2011 at 11:44
pa sto ne go rusele u dekemvri, bez vrska ti e ova, koj investira vo makedonija sega, namesto da go sredat toa na drug nacin nie i tie sto resile da investiraat vo makedonija im pokazuvame zabi.. da bese nekoj stranec ke mu go baknuvaa i gazot... plus celo tetovo e po "plan" izgradeno i se gradi bez otstapka od milimetar veruvam.. neka idat tamu da vidime kako ke projdat.. selektivno pa nema kade, kolku i da ne sakas da poveruvas ti vleguva vo oci..
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 10-Aug-2011 at 15:44
Значи ако добро ве разбрав или треба да се руши се или ништо?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 14-Aug-2011 at 14:42
Бугарските партнери го прелажале Цановски за „Космос“


Фиат Цановски навистина нема среќа кога станува збор за изградбата на проектот „Космос.“ Покрај сите непогоди околу актуелното рушење, Цановски имал значителни проблеми со првичните партнери во проектот, сопственици на градежна фирма од Велико Трново, Бугарија.

Сторијата за ова пропаднато партнерство, кое излегло на штета на Цановски, ја раскажува регионалниот весник од Велико Трново „Јантра днес“ во напис со наслов „Бугарски градежници го измамија најбогатиот македонски пратеник.“

На почетокот, треба да се напомене дека оваа сторија не е поврзана со актуелните настани околу рушењето, зашто партнерството траело од средината на минатата година до март годинава, кога тоа е раскинато и оттогаш Цановски го гради проектот без бугарските партнери. Исто така, весникот, во обемниот напис, во кој се цитирани редица извори, сета вина за проблемите кои настанале во партнерството, ја припишува на бугарските партнери, како што и ќе се види подолу.

- Сите маки ми почнаа од партнерството со Бугарите, за кое длабоко жалам. Веќе не работам со нив. Не сакам ни да ги чујам, ниту да ги видам – категорично вели Цановски за весникот.

„Јантра днес“ на почетокот на подолгата сторија вели дека градежната фирма „Еврострои инженеринг“ преходно се прочула и со скандалот околу продажбата на 17 станови за потребите на бугарското Министерство за одбрана, кои, според весникот, се преплатени.

Приказната започнува кон средината на 2010 година, кога со посредство на „виден македонски архитект“, како што пишува весникот, а чие име не се спомнува, сопствениците на „Еврострои инженеринг,“ Љубомир Петков и Стојан Караколев, се поврзале со Цановски и основале заедничка фирма во Скопје „ФЛС градба“ доо (Фиат, Љубен, Стојан), со која во доцната есен го започнале проектот.

Работниците морале плаќаат мито за да се вратат дома

Според договорот, „Евростори инженеринг“ презел обврска да донесе 200 градежни работници, инженери и градежна техника. Но, до октомври 2010 година тие донеле едвај 30 работници, а за да излезат од конфузната состојба, посредникот, македонскиот архитект, им наоѓа локална работна сила од 100 армирачи, 100 ѕидари, 50 општи работници, 20 електричари и еден геодет. Весникот вели дека според огласите за работа во македонските медиуми, тие биле ангажирани на 3 месеци, но дека Петков и Караколев им плаќале двојно помалку отколку на работниците од Бугарија. Тоа за весникот го потврдиле и бугарските технички раководители на кои бугарските газди им должат уште по 200 евра, но тие веќе се откажале од овие пари.

Бугарските работници биле плаќани по 400 евра, а техничкиот персонал по 800 евра, парите им стигнувале во банка во денари, но раководителите се жалат дека според договорот требало да добиваат по 1.000 евра. Кон средината на март тие се вратиле во Бугарија и не дошле повторно во Скопје зашто работеле без работни визи и од октомври лани до март годинава го надминале рокот од 90 дена колку што е дозволен туристичкиот престој во земјава.

Покрај тоа, тие велат дека тргнале да работат на зградата, а последните 2 недели работеле на изградбата на магистралата Скопје–Белград и самите морале да плаќаат превоз до работното место, кое било оддалечено 80 километри. На овој проект се вработиле половината од Бугарите, а другите спиеле во поранешната американска база и биле хранети од вработените на Цановски.

На крајот се случило бугарските градежници да морале да лажат за да ја поминат македонско-бугарската граница и да се вратат назад во Бугарија. Македонските цариници кај Крива Паланка сакале да ги вратат во Скопје, зашто веќе имале неколку месеци незаконски престој подолг од дозволениот.

Ги молевме да поминеме зашто се враќаме во Бугарија да ги земеме работните визи, дадовме по некоја банкнота во знак „на благодарност“ и се вративме во Бугарија, велат техничките раководители за „Јантра днес.“

Деловни партнери од пеколот

- Љубо и Стојан не ги запазија договорите за работниците, за механизацијата, за градежната техника и бараа од Фиат тој да ги плаќа платите. Требаше да донесат нова механизација, а донесоа 23 стари камиони, багери и бетонирки за кои Фиат постојано мрмореше. Ги направија подземните паркинзи, стигнаа донекаде со визбите, Фиат и Љубо се скараа зашто Бугарите не го дадоа својот дел од парите – раскажува за весникот скопјанецот кој бил посредник и чие име не е објавено.

Посредникот тврди дека двајцата Бугари му должат 64 илјади евра за неговата посредничка улога. Тој додава дека има договор за тоа, но дека тие решиле да продолжат сами. Тој, исто така, вели и дека нема да ги суди зашто разбрал дека тие ја продале фирмата и додава дека „ќе си ги бара парите на другиот начин.“

„Јантра днес“ пишува дека нивната проверка на должниците по банките во земјава покажала оти заедничката фирма на Петков, Караколев и Цановски „ФЛС Градба“ е на црниот список на лоши побарувачи на кредити во една од најголемите банки во земјава, НЛБ „Тутунска банка.“

Бугарите сомнителни уште пред да се зафатат со „Космос“

Приказната на весникот не завршува тука и продолжува да ги опишува зделките на „Евростори инженеринг“ во Бугарија, цитирајќи техничка раководителка која работела за „Евростори инженеринг.“ Таа вели дека работела за нив до 1 март на изградба на некоја фабрика во Горна Орхоавица и дека им обезбедила добивка од 360 отсто на своите газди кои и останале должни 2.000 лева за плати заради што ги има дадено на суд. Тоа го сторила токму како што ја посоветувал Петков со зборовите: „Немам пари за плати, барај си ги на суд.“

Раководителката додава и дека Љубо крадел од работниците, давајќи им 30 отсто пониски надници при изградбата на административна зграда во Бабанец и дека ги предупредила неговите содружници како тој на таков начин ги краде, но тие не и поверувале. Сега и тие го судат, но таа додава дека не му можат ништо зашто тој се наоѓа во Америка.

Инаку, во Бугарија „Еврострои инжинеринг“ е замешан во големата афера за продажба на 17 станови на тамошното Министерство за одбрана за рекордни 1,025 милиони евра.

- Присуствував на разговор во кој едната страна рече: „500 евра по метар квадратен доволно ли ти се?“ Одговорот беше „да.“ Вредноста на становите беше 230 евра за метар квадратен. На крајот потпишаа зделка за 700 евра по метар квадратен, вели раководителката за весникот, која е претставена со иницијалите М.П.

Инаку, „Јантра днес“ веќе има пишувано за оваа зделка, која е дел од продажбата на вкупно 310 станови во текот на 2009 година во 6 различни градови во Бугарија, и која се проверува од Военото окружно обвинителство во Софија. За овој случај се води и истрага против поранешниот бугарски министер за одбрана, Николаи Цонев.
изворна вест
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 14-Aug-2011 at 14:45
колку приказни ќе се изнаслушаме од двете страни, и од властите и од Фиат, смешно е...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 15-Aug-2011 at 14:53

Цановски ветува изградба на Космос

Македонија | 15. август 2011 - 14:27
Извршителот ги брои деновите за продажба на земјиштето

Share3

 Фијат Цановски по средбата со луѓето кои уплатиле станови во објектот Космос донел одлука објектот да се гради одново. Ветува дека  до Декември идната година, оние кои уплатиле ќе ги добијат становите. Цановски го повика градоначалникот и општината Гази Баба да го урнат делот за кои мислат дека е незаконски изграден за да можат да продолжат со градбата. Во посебна судска постапка ќе ги решаваат проблемите со општината и ќе ја баараат првдата.

-         

Имавме состанок со купувачите на станови на кој не побараа да им бидат вратени парите назад и беше одлучено да се продолжи со изградба, рече Фијат Цановски

Но, освен рушењето на бесправно изградениот дел за кој го обвинува општината, Цановски има уште еден проблем, земјиштето на кое се гради Космос било под Хипотека. За тој плац, за уштен плац на Водно и во Струга. Компанијата вели дека ги почитувала законите за исплата на средствата за комуналии, поднеле жалба и очекуваат дека хипотеката нема да биде активирана.

-         

Досега компанијата има платено 131 000 евра за комуналии и се запазени законските рокови за исплата, рече портпаролот на компанијата ФИНЕ.

Општината Гази Баба и градот Скопје уште на 01,08 ја активираа хипотеката и случајот е предаден кај извршител. Аако не биде покрената постапка по жалбата извршителот вели дека  ќе побара судски проценител да ја одреди вредноста на имотот по што истиот ќе се продава на јавна лицитација.

http://daily.mk/cluster3/ef06fc74958f23e1f92f58ebafd6f1d2/864777
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 15-Aug-2011 at 17:49
Незнам зошто, ваков или онаков Цановски но јас некако навивам овој проект да доживее реализација. Најмногу затоа што се гради во еден буквално запуштен дел на Скопје. Иако досега неколку пати ја менуваше одлуката да се надеваме дека последната одлука да се гради КОСМОС и тоа во предвидениот рок ќе му биде последна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.