build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Космос - Ќерамидница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 19-Mar-2015 at 21:27

аман од муабетиве на Фиат, прво нека си го досреди објектот што му остана во карабина и објектот што е полу карабина
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 19-Mar-2015 at 22:45
Се убаво ама шо направи со оние кои уплатиле? 
Back to Top
Virus View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jan-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Virus Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 29-Mar-2015 at 19:47
....запамтете ја оваа реченица.....

   ОПАСНО Е ДА СИ ВО ПРАВО КОГА ВЛАДАТА ГРЕШИ !!!!
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 29-Mar-2015 at 20:16
Originally posted by kultuzin

Се убаво ама шо направи со оние кои уплатиле? 



Фијат им понуди две варијанти
1. Да им ги врати парите
2. Да почекаат и доколку продолжи изградбата да ги добијат становите

Најголем дел имаа уплатено нецелосни суми, а Фијат им вети дека доколку продолжи градбата ќе ги добијат становите со тоа што неколку рати нема потреба да плаќаат (еден вид на извинување, ако може така да се каже)

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 29-Mar-2015 at 20:36
Originally posted by Virus

....запамтете ја оваа реченица.....

   ОПАСНО Е ДА СИ ВО ПРАВО КОГА ВЛАДАТА ГРЕШИ !!!!


Ма какви бе,денес Грујо ни ја качи платата

Вива влада,вива покачување
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 393
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 29-Mar-2015 at 21:01
Originally posted by Џоле

„КОСМОС“ ОД СТАНБЕН КОМПЛЕКС ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГРАД

Универзитетот ФОН денеска прослави 12 години од своето постоење. На денешната свечена академија одржана по тој повод претседателот на УО Сефер Цаноски најави неколку новини меѓу кои заеднички студии со Политехнико ди Милано, неколку универзитети од Р.Турција, нови факултети од областа на оштествени и природни науки за додипломски и последипломски студии.

Цаноски истакна и дека ќе продолжат активностите за изградба на „Космос“, но дека комплексот ќе добие пренамена.

„Станбениот центар Космос ќе биде преструктуриран во Универзитетски град и ќе биде изграден како футуристичка архитектонска целина чија цел ќе биде за прв пат во Македонија да етаблира студентски кварт во главниот град за повеќе од 3000 студенти. Во рамките на комплексот ќе бидат понудени најквалитени услуги за студените, простор за дообука, рекреација и иновација“ изјави Цаноски.

Зборувајќи за високото образование во Македонија и регионот Цаноски најави неколку новини меѓу кои заеднички студии со Политехнико ди Милано, неколку универзитети од Р.Турција, нови факултети од областа на оштествени и природни науки за додипломски и последипломски студии.

“Македонија е мала земја без излез на море, слаба инфраструктура и голема невработеност. Единственото поле за битка кое го имаме со останатите земји кои се повисоко рангирани се младите умови. За нас единствена опција е да инвестираме во интелектуален капацитет, вложување во иновација и да ги стимулираме квалитетот“, вели Цаноски.

Универзитетот во изминатите 12 години прерасна во најголемиот приватен универзитет на Балканот со повеќе од 7000 студенти на четири депанданси во Скопје, Струга, Струмица и Гостивар. Како општествено одговорна институција Универзитетот стипендираше повеќе од 2000 млади луѓе за прв и втор циклус на студии кои денес прераснаа во вистински професионалци во својата професија, рече Цаноски, на манифестацијата по повод јубилејот на оваа образовна институција.

http://fokus.mk/kosmos-od-stanben-kompleks-k-e-prerasne-vo-univerzitetski-grad/


Дипломата од ФОН и сличните приватни универзитети на пазарот за труд вредат како да си ја купил дипломата на сточен пазар.

Додека има овци и наивни родители коишто трошат илјадници евра нивното мрзеливо дете да се каже дека студира толку и ликови како Цановски ќе се полнат со пари и ќе живеат во луксузни вили.

Приватните универзитети ненорамално многу го спуштија критериумот на образование.

Меѓу новите генерации Македонци приметувам дека има слаб интересе за студирање на приватни универзитети. Веројатно сфатија дека тие дипломи се безвредни.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 29-Mar-2015 at 21:39
нови генерации Македонци хахахаххахахаах... нешто ко Пред и По Грујо...

Нема спас за вас...

Инаку не генерализирај приватни високо-образовни установи, зашто има доста кои можат да бидат пример за доста работи и за државните. Без разлика дали се државни или приватни, проблемите во високото образование се резултат на многу состојби во државава од различен карактер, што постоеле и постојат. И тие не се решаваат ни со 12-тина адхок законски измени, ниту пак со било кој „концепт“ што го имаат оние у Влада. Со новиот закон што се подготвува од страна на студентите се отвара простор за надеж, но искрено јас сум скептик како ќе се имплентира поучен од безбрај слични примери, а и како што реков проблемите во високото образование не се ограничени во просторот на високо-образовните институции туку се нешто што постои поради состојбите во нашето општество и држава.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 29-Mar-2015 at 22:04
.....................

корегирано


ПС.Се извињавам за офтопикот

Edited by gjoko - 30-Mar-2015 at 18:42
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 393
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 29-Mar-2015 at 22:07
Originally posted by FoSsiL

нови генерации Македонци хахахаххахахаах... нешто ко Пред и По Грујо...

Нема спас за вас...

Инаку не генерализирај приватни високо-образовни установи, зашто има доста кои можат да бидат пример за доста работи и за државните. Без разлика дали се државни или приватни, проблемите во високото образование се резултат на многу состојби во државава од различен карактер, што постоеле и постојат. И тие не се решаваат ни со 12-тина адхок законски измени, ниту пак со било кој „концепт“ што го имаат оние у Влада. Со новиот закон што се подготвува од страна на студентите се отвара простор за надеж, но искрено јас сум скептик како ќе се имплентира поучен од безбрај слични примери, а и како што реков проблемите во високото образование не се ограничени во просторот на високо-образовните институции туку се нешто што постои поради состојбите во нашето општество и држава.


Јас не зборувам за новиот закон и владата, туку за помладите деца од моја населба. Приметувам дека не се запишуваат толку на приватни универзитети. Тоа ми беше поентата.

Денес на ФОН мнозинството ако не и најголем дел од студентите се Албанци и Турци, а пред 10 години беше сосема друга демографска слика таму.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3214
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 30-Mar-2015 at 18:28
Повторно исфрламе на површина небитни информации, овде темата е Космос. Кој сака да говори на оваа тема бујрум, форуми за образование во земјава има колку сакате.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 17-Jan-2017 at 19:14

“КОСМОС” заминува во историјата: Компанијата Титаниум Капитал ЛТД од САД влегува во проектот ФИНЕ на Фијат Цаноски



fijat

“КОСМОС” заминува во историјата. Компанијата Титаниум Капитал ЛТД од САД влегува во проектот на компанијата ФИНЕ на Фијат Цаноски.

Името на проектот ќе биде променет во “TITANIUM CAPITAL eco building” и истиот ќе биде видно изменет и ќе биде прв тип на регенеративен станбен комплекс во регионот,со Hi-tech-интегрирано менаџирање на населбата и на сите ресурси за храна, вода, енергија и отпад.

Фејсбук статус на Сефер Цаноски

http://daily.mk/ekonomija/kosmos-zaminuva-istorijata-kompanijata-titanium-kapital-ltd
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 18-Jan-2017 at 09:47
Неверојатно задоволство ми причинува упорното инсистирање на Фијат да го изгради станбениот комплекс. И покрај сите опструкции и противења. Ние како жители на Скопје имаме 3 бенефити:
-Ќе се среди дел од градот кој е катастрофален и ќе охрабри и други да градат во тој дел.
-Ќе ги принуди другите градежни компании (на чело со адора) да го сменат концептот на градба од оние евтини и досадни касарни со кои го преполнија Скопје.
-И дефинитивно ќе ја сруши цената барем за 10%
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2281
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 18-Jan-2017 at 13:37
Најпрвин би требало да изгради десетина споменици, за идиотите да помислат дека се од Скопје 2014 и да не го чепкаат повеќе, па дури тогаш да продолжи со градба, за да се среди колку-толку и тој крајнозапуштен дел од Скопје, како еден од многуте такви во близина на централното градско подрачје.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 18-Jan-2017 at 17:38
Голема придобивка ќе биде и видоизменувањето на проектот, зашто стариот проект за комплексот Космос ми изгледаше како некој руски станбен комплекс од 1990-те. Потребни се повеќе современи, модерни и креативни згради, а не copy & paste архитектура што ја гледаме низ Аеродром и другите скопски населби.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.