build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Космос - Ќерамидница
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Космос - Ќерамидница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 01-Aug-2011 at 15:45
би рекол јавна констатација или порака-ако се закачаш со јаки чуѓе,биди чист или незапочнувај кавга.Тоа е како вицот со правењето тепачка на птица и тој што немал крила.Се знае како завршуваат тие што немаат крила а прават кавга.Не е ФЕР ама е реалност
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 01-Aug-2011 at 15:47
Originally posted by elektricar

Нека гради само тој што има сопствени сретства па после нека ги продава а не вака .


Е, ова би сакал да го видам. Денес сите се „инвеститори“. Лесно е да „инвестираш“ нечија туѓа сопственост (пари за стан или земјиште од градежна парцела). Баш би сакал да видам вистински инвеститор, некој кој ќе вложи сопствени сретства за да изгради зграда.

Нели имаше некои законски измени по Фиком и слични на нив, со кои не се дозволуваше продавање на станови додека не се покрие зградата?
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 01-Aug-2011 at 15:49
Нека се руши се што е против законски
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 01-Aug-2011 at 16:09
Овој циркус со динамит нели го гледавме и во 2007? Да да, тогаш демек се рушеа 2-3 згради во Скопје, а богами и кинескиот ѕид во градскиот парк. Јас будалиот тогаш не ни можев да претпоставам за каква несолена „шега“ се работи, па се радував и аплаудирав - конечно дошло време за да се воведе ред во урбанизмот и градењето. Арно ама еве се доградија и тие 2-3 згради, се догради и кинескиот ѕид, а со законот за легализација на дивоградбите добија можност и елегантно да си ги разрешат сите легалистички недоумици... не само тие, туку безбројните дивоградби низ државава, без некој особен ред и критериуми. А богами во новиот ДУП за градски парк се вметна уште еден, нов кинески ѕид. И воопшто, се донесоа редица такви просто криминални ДУП-ови. Па нека си размисли Фиат, можеби и не му е доцна да се спогоди со „чувариве“ на законот и урбаниот ред, па објектов волшебно да бидне комплет „по пропис“, или пак елегантно да се испеглаат проблематичните отстапувања, ако таквите навистина постојат. 

Инаку просто срцепарателни се заложбите на власта за справување со урбаната мафија, со кои ги накитија соопштенијата за јавност по повод денешниве настани  LOL
Извинете господа, малце ви се излитени фразите. Како бе така после толку години и од сите дивоградби на секој чекор, кои отстапуваат колосално по сите можни параметри, вие баш оваа на Фиат ја издвоивте за да ја покажувате вашата решеност за борба против урбаната мафија? Не се работи за кодот на Да Винчи, напротив, оваа селективност може да се дешифрира и без некоја особена имагинација и интелектуални способности.

Јас имам само една недоумица во случајов. Дали Фиат со цел памет во овие околности се дрзнал да шитка онакви трикови. Немам некое особено високо мислење за типот и верувам дека е склон кон такви шеми, ама сепак треба да бил комплетен лудак тоа да го прави во вакви политички околности. Затоа се плашам дека не е целосно исклучено во реалност да нема отстапувања како наведените, или да се предмет на „либерално“ толкување на властите или нешто такво слично. Така да не би ја исклучил целосно опцијата на меѓународни судови државата да го изгуби спорот што го најавува Фиат, па за ова рушење на крај да платат сите граѓани, сите ние.



Originally posted by elektricar

Нека гради само тој што има сопствени сретства па после нека ги продава а не вака .
Добредојде на форумот.

Во принцип потполно се согласувам. Ама еве се обидувам да замислам тек тогаш колкава брутална контрола над пазарот ќе се воспостави и колкав недостаток на станови ќе се јави и до каде ќе отидат цените на станбениот квадрат. Едноставно цел систем е толку трул и искорумпиран, што такви поединечни мерки (колку и да се логични сами по себе) нема шанси да ја оправат работата.



Originally posted by Danielbtmk

Нека се руши се што е против законски
Нека се руши, јас сум за. Ама се што е противзаконски, буквално се. А не да се прават вакви театри.



Edited by Cloverstack - 01-Aug-2011 at 16:16
Back to Top
elektricar View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 01-Aug-2011
Location: Veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote elektricar Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 01-Aug-2011 at 16:55
Благодарам за гостопримливоста,инаку на форумот не сум нов го следам подолго време само не сум се вклучил активно.А дека ако инвеститорите градат од сопствени сретства цените ќе одат до недоглед не се сложувам затоа што ако станат превисоки ќе се намали бројот на оние кои ќе можат да си дозволат да купат па така да се си има граница а во Македонија општо цените мислам дека го имаат достигнато врвот
АКО СИ ПОСИЛЕН ОД МЕНЕ НЕ ЗНАЧИ И ДЕКА СИ ПОПАМЕТЕН !
Back to Top
elektricar View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 01-Aug-2011
Location: Veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote elektricar Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 01-Aug-2011 at 16:56
направив грешка ако може нека се избрише ова

Edited by elektricar - 01-Aug-2011 at 17:08
АКО СИ ПОСИЛЕН ОД МЕНЕ НЕ ЗНАЧИ И ДЕКА СИ ПОПАМЕТЕН !
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 01-Aug-2011 at 16:56
За Фиат повеќето им е јасно дека е склон кон вакви шеми, ама фактот дека има отстапувања неможе да се избегне, склон е и кон прерипување на процедурите, неплаќање давачки. И неможе ништо од тоа да се избегне со понекоја душегрижничка изјавакако демек ќе биле оштетени луѓе, по под изговор и како жив ѕид да ги користи за да си ја оправда шемата. А ако се сруши овој објект се наметнуваат два морални принципа кои ќе треба владата да ги оправда. Првото е со кинески ѕид, тифани и сите слични објекти што заглавија некаде, ќе нема веќе изговор да не се срушат и втората е што во програмите со кои нуди неколку нови модели за купување станови, социјални станови и куќи, воени станови, легализација на дивоградби, после сите тие закони редно е да покаже на терен дека се однесува и кон оваа зграда како кон градежен капитал исто како што се однесува со дигнитет и кон некои дивоградби што стварно не заслужиле да бидат легализирани, а се. Така да без разлика дали државата е сопственик или некој трчилаж фактот дека објектот е над дозволеното е апсолутен, не релативен во зависност од сопственоста. Затоа според мене нека ја стопира изградбата додека не се платат комуналиите и додека не се најде решение за оттапувњата, дали ќе биде тоа поскапи комуналии, дали ќе се сруши некое отстапување.


Edited by lslcrew - 02-Aug-2011 at 17:27
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 01-Aug-2011 at 17:00
А зошто да се руши? Ако е против законски, нека остане такво какво е, нека му ја одземат маркицата на Фијат и на јавно наддавање нека ја продадат. Зошто нешто во што се вложени пари да се руши. Плус се гради во пустелија која треба да се урбанизира. На крајот на краиштата нека ја земе државата и таа нека ја догради. Иако кај нас се е можно, ќе го срушат и после наново тој плац на друг ќе го продадат. Не ми се свиѓа типов, дури се чудам кои будали купиле стан кај овој, но да го рушиш е грев. Ај бар да беше у Центар, па да разберам. И не ми е јасно кога веќе му дале маркица, кога веќе го издигна толкав објектот, они дури сега најдоа да му рушат. Што демек тие недостатоци не ги увиделе до сеа. Ееее сите телиња ќе си останеме, а новинариве ептен упорно ќе си веруваат на своите лаги. Ако ја срушат оваа, јас лично ќе барам да одам и да го срушам кинескион ѕид и уште пола Водно.
Back to Top
medlence View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Mar-2011
Location: UK
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote medlence Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 01-Aug-2011 at 17:12
И јас не подржувам рушење на зградата, мислам дека државата нема никаква полза од тоа... Според мене, ако има отстапки од планот треба да му стават дебела казна заради тоа што не го следел планот и да не му дозволат да продолжи да гради пред да ги исплати сите давачки....
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 01-Aug-2011 at 17:53
потполно се согласувам си мислењата на Cloverstack и lslcrew,но и сум против рушење,ипак греота е да се руши нешто ново
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 01-Aug-2011 at 17:54
Biznismenot sam rece deka moze da skrati kat i se kje bide vo red znaci namesto 17 kati da ima 16 kati! A me interesira od koga opstinata tolku se fakja za zakonot, da bese taka nema da licese del od opstinata na gjungla!!Rekov konecno kje se urbanizira toj del ama eve nikako!Celosno da se urne pa da pocnat od novo!!!Sakaat covekot da go ruinirat so trosocite!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 01-Aug-2011 at 17:58
Originally posted by gjoko

потполно се согласувам си мислењата на Cloverstack и lslcrew,но и сум против рушење,ипак греота е да се руши нешто ново
Не... Греота е да се гради на диво и вон прописи. И греота е да има ваква апла селективна „правда“ како во случајов. А рушење на објекти кои отстапуваат од прописите не е греота, без разлика колку се нови или стари тие објекти. Баш греота е да не се рушат, ради тоа толерирање појавата излезе вон секаква контрола и ни ги измасакрира градовите.


Edited by Cloverstack - 01-Aug-2011 at 18:00
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 01-Aug-2011 at 18:33
Originally posted by my Macedonia

Biznismenot sam rece deka moze da skrati kat i se kje bide vo red znaci namesto 17 kati da ima 16 kati! A me interesira od koga opstinata tolku se fakja za zakonot, da bese taka nema da licese del od opstinata na gjungla!!Rekov konecno kje se urbanizira toj del ama eve nikako!Celosno da se urne pa da pocnat od novo!!!Sakaat covekot da go ruinirat so trosocite!!


А ти му веруваш на бизнисменот?
Шала на страна никој не му е виновен што отстапил од замислата, сеа џабе му е да кажува 16 или 17 ката. И сам знаел дека ова ќе му се деси, али лакомоста еве до што го донесе. Наместо тоа, да си градел по првичните прописи, редовно да плаќал данок и сл, сигурно не ќе можеле да му анјдат нешто незаконско, барем не за овој објект.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 01-Aug-2011 at 18:44
Прво Кинески Ѕид , потоа дивите градби на Водно, на крај Космос.
Законот треба да се почитува и спроведува од сите , не се 1 и 43 сантиметри на Цановски најолемиот градажен криминал во Македонија па веднаш удри куглата.

Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 01-Aug-2011 at 18:44
Сликано денес околу 14:00. на врвот неколку работници, повремени звуци на удирање нетал, еден полициски џип под мостот на фино место под сенка и едно полициско комби на најголемата жештина, присуството на полицијата ме одвлече од тоа да одам и да сликам од другата страна.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 01-Aug-2011 at 18:53
јас знам како е да си меѓу два огнови,еден од инспекотите сум во врска со контроли и дозволи,и ако излезам на терен да инспектирам некој објект(бензиска,склад,котлара) ако има неправилности а јас не превземам мерки,на мене ќе оди све натака што би можело лошо да испадне,а и во секое време контрола ми виси над глава,па летање од работа не гини.а тоа кој ги носи одлуките да се пратат инпектори и каде е веќе друга приказна
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 01-Aug-2011 at 19:15
мене ама баш воопшто не ме засега или не ми прави разлика дали ќе ја срушеле зградата на Фиат или не, едноставно, нас, обичната раја не не засега бизнисот на Фиат и некој негов објект
околу објектов само се дига галама, поради фацата која стои позади него и нема ништо спорно тука, ако му нашле нелегалности, слободно нека рушат, па дури и ако е некоја наместена работа не ме интересира...
туку тоа што мачи беше искоментирано и погоре... досега видовме разни гадости во областа на урбанизмот, не гледам како ова нешто променува со тоа што досега го прифативме скоро секој вид на урбан криминал и дури и му дадовме привилегии (да не набројуваме), а објектов се наоѓа вон било каква урбана целина, на сред џунгла и требаше да биде знак за урбанизирање на областа, додека објекти кои кочат разни урбани развои, невидени грдосии и често опасности за секојдневен живот се оставени да си живеат...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 01-Aug-2011 at 19:20
Ако има такви други градби кои почнале да се градат во исто време со КОСМОС а се противзаконски да ги наброиме.
Back to Top
Struzanec View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Aug-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Struzanec Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 02-Aug-2011 at 12:58
Citam i samo se cudam za shto zboruvate i kako razmisluvate! Moram da priznaam deka voopshto ne mi e milo shto se rushi kompleksot na Fiat vo koj mnogu lugje vlozile del od sopstveniot kapital ili zashteda! Mozebi malku znaete za Fiat - mislam kako covek (struzanec) koj vo Struga, a i poshiroko pomaga kolku ke moze! Ne moze covekot da ne nema kompletna dokumentacija - mislam, treba da ti fali neshto za da gradish takov kompleks, a da nemash se shto ti nedostasuva!


Edited by Cloverstack - 02-Aug-2011 at 19:50
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 02-Aug-2011 at 17:23
До кога бе ќе се палите на неколку јавни донации, како да тоа е дозвола сите закони да му се срушат. Малку ли луѓе беа измамени преварени, уште од пред неколку децении имаше недоградени гради платени така на ветување дадено, со техника во автокоманда, со она во аеродром, после тоа беа фиком, самарија, еве и кинески, па малку ли примери се. Што се киви тие што уплатиле, не се ништо ама н биле внимателни. Така дајте ве молам да не ја полниме нишката со вакви работи зашто и така со офтопик се полниме.

Edited by Cloverstack - 02-Aug-2011 at 19:51
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.