build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Космос - Ќерамидница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 15-Aug-2011 at 19:27
Пред околу два часа имало голема експлозија кај Космос, ама кога поминував од таму некој пола час подоцна, барем со око не можев да забележам дека некој дел е урнат. Направив неколку фотки од подалеку (имаше комплетна полициска опсада дури и на кејот од другата страна на реката), па да ги разгледам фотките и ако се забележани некакви ефекти од експлозијата, ќе постирам.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 15-Aug-2011 at 20:12
Дури до Ново Лисиче кај мене се слушна експлозијата за темелното уривање на Космос,страшна работа.




Edited by dule - 15-May-2012 at 22:37
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 602
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 15-Aug-2011 at 21:26
Пола Аеродром беше во прашина од експлозијата
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 602
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 15-Aug-2011 at 21:28

Со контролирана експлозија урнат дел од Космос

Делот од објектот Космос кој го надминуваше дозволениот габарит според деталниот урбанистички план беше урнат попладнето околу 18.30 часот со контролирана експлозија.

Звукот на минирањето се слушнало и во околните населби Ново Лисиче и Аеродром.

Сопственикот на објектот Фијат Цаноски денеска изјави дека нема намера да плати комуналии. Останува правдата да ја бара пред меѓународен суд. Извршителот, пак, остава три дена за жалба, до кога ќе треба Цаноски или да плати комуналии за Космос или да му се активира хипотеката на имот вреден 11 милиони евра.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 15-Aug-2011 at 22:23
дополна на погорниот пост


15.08.2011

СО ЕКСПЛОЗИВ УРНАТ ДЕЛ ОД КОМПЛЕКСОТ „КОСМОС“

Со експлозив поставен на неколку места на објектот урнат дел од станбениот комплекс „Космос“ на инвеститорот Фијат Цаноски. Експлозијата се случи во 18 часот и триесет минути иако беше најавена за половина час порано. Во...



Со експлозив поставен на неколку места на објектот урнат дел од станбениот комплекс „Космос“ на инвеститорот Фијат Цаноски. Експлозијата се случи во 18 часот и триесет минути иако беше најавена за половина час порано. Во околината беа распоредени десетина полициски и едно противпожарно возило. Претходно полицијата го расчистуваше теренот и не дозволуваше движење во околината на објектот. Жителите на населбата Керамидница, која се наоѓа во непосредна близина, биле предупредени дека поради силината на детонацијата ќе треба да ги напуштат домовите и да ги остават прозорците отворени. Според инвеститорот Цаноски, кој уривањето го следеше од зградата на неговиот универзитет ФОН, направена е поголема штета отколку што било предвидено со решението на општината Гази Баба.

- Зошто се уриваат горните катови? Зошто не поставија динамит на гаражата и да ја урнат ако само гаражата е повисока од предвиденото? Тука не се работи ниту за повисоко, ниту за пониско. Тука се работи да се покаже сила. Ја покажаа силата ама доста им е. Сега нека не остават да си работиме, а оваа држава да почне да функционира нормално и европски, а не африкански, изјави Цаноски по уривањето.



Цаноски, кој е пратеник и претседател на Партијата за европска иднина, е убеден дека сето ова е политичка хајка против него, бидејќи на овие избори одлучил да коалицира со опозицијата. И порача на власта да размислува што прави, бидејќи со вакви потези ги брка и домашните и странските инвеститори.

- Бизнисмените во опозиција, како што сум јас во случајов, треба да се поддржуваат. На тој начин власта треба да ме убеди дека сум згрешил што сум отишол во опозиција и да ме придобие за наредните избори, а не вака да ме револтираат. На наредните избори никако не може да бидам со некој што сака да ми направи голема штета, рече Цаноски.



Тој ги повика надлежните да му дозволат да го расчисти теренот и да продолжи со градење на објектот. Имам обезбедено средства за да продолжам со градење и комплексот „Космос“ ќе биде подготвен за вселување во предвидениот рок на крајот на идната година, истакна Цаноски.

- Убеден сум дека во рок од еден месец ќе можеме да почнеме со изградбата на „Космос“. Не верувам дека ќе се осудат пак да уриваат. Ние ќе градиме, тие нека уриваат, а штетата ќе ја плати овој народ и оваа држава.



Објектот „Космос“ почна да се урива на први август. Цаноски попладнево ги повика надлежните од општината Гази Баба што е можно побрзо да завршат со уривањето за да може да продолжи да го гради објектот. Не се откажува од најавите дека правдата ќе ја бара пред домашните и меѓународните судови.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=10044
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3626
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 05-Sep-2011 at 12:25

Цаноски ќе ги тужи Дуковски и Трајковски за Космос

недела, 04 септември 2011, 16:37

Фијат Цаноски ќе поднесе кривични пријави против градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и против директорот на градежниот инспекторат Сашо Дуковски оти според него цело време ја лажеле јавноста за случајот “Космос“.

Денеска на прес конференција од “Фине“ на Цаноски тврдат дека според деталниот урбанистички план објектот бил понизок за метар, а не повисок за околу метар ипол,како што утврдила инспекторката.

-Како со најобичен метар измерила инспекторката од местото каде што наводно мерела, таму нема ни влез, таму е слепа улица. Ниту по закон ниту по ДУП-от таму не смеат да мерат-велат од ФИНЕ.

ФИНЕ уште еднаш се повика на анализата од архитектонскиот фалкултет во која стои дека-сите забелешки од инспекцискиот наод кои се последица или се во врска со височинските коти се погрешни, произволни и немеродавни, поради што и решенијата кои се темелат на наведениот записник се без правен основ. Тоа значи дека сите мерења на инспекторката не се точни и оти одлуката врз основа на нив да се урива Космос нема правна основа,односно е незаконска.

За случајот со “Космос“ инвеститорот ја информирал и меѓународната заедница.

Објектот го обезбедуваат полицајци. Од Фине велат дека ниту нив не им е дозволено да му се приближи на градилиштето, иако Гази Баба му даде рок на Цановски од два месеца да го доурне објектот и да ја расчисти парцелата. Од МВР објаснуваат дека полицијата е таму токму на барање на општината.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=40496
Back to Top
sedat View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2011
Location: struga
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sedat Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 06-Oct-2011 at 00:21

ВИДЕО: Инспекторката Најдовска не знае од која категорија е објектот „Космос“ кој го сруши


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/05/kosmos.jpg

Елисавета Најдовска, инспекторката од општина Гази Баба овластена да го издаде решението за уривање на објектот „Космос“ денеска во Собранието на Македонија одговараше на прашања на пратеникот Благоја Стојановски.


Тој ја праша од која категорија е објектот „Космос“ според постоечките закони, на што таа даде одговор дека се работи за објект од трета категорија. Откако пратеникот ја потсети дека може да одговара пред законот за лажни искази во Собранието, Најдовска се предомисли и рече дека писмено ќе достави одговор на прашањето. 


- Согласно Законот за градење, за која категорија имате овластување да вршите надзор и да вршите записници, праша Стојановски а на ова прашање исто така Најдовска не можеше да даде одговор во моментот.


Најдовска пред градењето на „Космос“ не ангажирала фирма за да се утврди вертикалната кота на објектот, а ова го објасни со фактот дека била единствениот градежен инспектор во „Гази Баба“ и не можела секаде да постигне да ја обави таа задача.




http://www.plusinfo.mk/vest/17922/VIDEO-Inspektorkata-Najdovska-ne-znae-od-koja-kategorija-e-objektot-Kosmos-koj-go-srushi    

Edited by Cloverstack - 06-Oct-2011 at 01:46
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3626
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 21-Oct-2011 at 14:43
„Фине“ ги бара проектите за уривање и минирање за одново да почне да гради
21 октомври 2011   15:20 GMT Извор: Макфакс

Компанијата „Фине“, која го гради комплексот „Космос“ бара од општина „Гази Баба“ да им го достават проектот за уривање на комплексот и проектот за минирање со што би се утврдило каде е минирано и дали на објектот има сè уште неексплодирани средства, за да можат да го урнат објектот и повторно да почнат да го градат.

 

„Очигледно е дека општината по наредба ја кочи работата и не сака да се продолжи со инвестиција која ангажира повеќе од 300 вработени. „Фине“ е подготвена, доколку не постојат овие кочници од надлежните, да продолжи со санирање на објектот“ изјави портпаролот на „Фине“, Катерина Цаневска-Арсовска.

 

Пратеникот и сопственик на „Фине“ Фијат Цаноски за случајот „Космос“ разговарал и со европарламентарци.

 

Од општина „Гази Баба“ пак, тврдат дека по барање на инвеститорот, му доставиле решение сами да продолжат со отстранување на објектот и му дале рок од 60 дена, со што и објектот преминал во владение на инвеститорот.

 

„Бидејќи рокот за отстранување изминува кон крајот на овој месец, инвеститорот поднесе ново барање за продолжување на рокот, на кое општина Гази Баба позитивно ќе одговори. Исто така, Општина Гази Баба писмено го извести инвеститорот дека на градбата нема останат експлозив, што е констатирано со Записник од фирмата која го вршеше минирањето“ се вели во реакцијата на „Гази Баба“.

 

Комплексот “Космос“ почна да се урива на 1 август бидејќи целиот објект, според општина Гази Баба бил надвор од рамките на проектот што го добил одобрението за градба издаден од службите на Општина Гази Баба.

 

Целата градба била повисока за метар и 43 сантиметри во однос на апсолутната кота којашто била измерена од геодетска фирма.

 

Комплексот се градеше покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски. Предвиден беше како луксузен станбено-деловен комплекс со 562 стана. /крај/фф

http://www.makfax.com.mk/270056/fine__gi_bara_proektite_za_urivanje_i_miniranje_za_odnovo_da_pochne_da_gradi
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3626
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 21-Oct-2011 at 14:44
ja ne mozam da svatam a tri pati go procitav tekstov voopsto li ne e pocnato so rusenje od strana na fine?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 21-Oct-2011 at 22:41


Изгледа така е
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3296
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 21-Oct-2011 at 22:47
Јас денес поминав покрај објектот Космос. Крановите се вклучени и денес се симнуваше материјал од спратовите на земја, работници има на терен. Оддалеку се гледаше дека објектот се подготвува за нешто, според активностите што ги вршеа работниците веројатно би се рушел објектот.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3626
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 04-Jan-2012 at 23:40
фосил е тука да потврди дали се чисти теренот

Цаноски нема да ги обесштетува клиентите, ќе им изгради нови станови



Во наредните два месеца инвеститорот ќе го расчистува теренот, а потоа ќе започне да се гради одново. Во двете згради е предвидено да има 562 стана, кои се со големина од 50 до 120 метри квадратни.

Сопственикот на станбено-деловниот комплекс „Космос“ кој беше срушен, Фијат Цаноски, најавува изградба на ист таков објект на истото место. Тоа значи дека оние кои купиле станови во зградата која што беше во изградба а потоа срушена, ќе ги добијат своите станови, но малку подоцна од договореното поради тешкотиите со локалните власти.

„Во моментов се чисти просторот каде што се наоѓа станбено-деловниот комплекс ’Космос’. Според нашите проценки само расчистувањето на теренот може да потрае до крајот на следниот месец, но крајната цел е да се започне со повторна изградба на ’Космос’. Сакаме да им кажеме на сите дека она што ќе биде исфрлено како градежен шут, нема да биде користено при повторната градба. Новиот ’Космос’ ќе го градиме со нов градежен материјал. Одржавме средба со купувачите на станови и тие остануваат на веќе договореното. Тоа значи дека купувачите ќе почекаат на повторната изградба на становите, но и на целата правна разврска на случајот“, велат од фирмата „Фине“ која (ќе)ја гради зградата.

Со денови Општината Гази Баба, со асистенција на полицијата, го уриваше објектот за кој се тврдеше дека е во состојба да издржи земјотрес со јачина од 10 степени според Рихтеровата скала.

Цаноски зеде адвокат да го застапува пред судот во Стразбур каде ќе ја тужи Македонија за рушењето на „Космос“. Првичната замисла беше „Космос“ да биде луксузен објект со 562 стана. Долу, во една од зградите беше предвидено да има деловни простории и шопинг-центар, а на најгорниот кат ротирачки ресторан со површина меѓу 1.500 и 2.000 метри квадратни. Во средишниот дел на катот, и според новиот план, ќе бидат сместени фитнес-центар, базен и сауна, а предвидена детска градинка.

Во двете згради е предвидено да има 562 стана. Поголемата е со бруто-површина од околу 80, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Становите се со големина од 50 до 120 метри квадратни.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=46AC2D9049334644A787D579DE0B31F8
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4684
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 04-Jan-2012 at 23:58

Засега стои како што беше и после ‘‘рушењето‘‘. Најпрво ќе треба да го срушат цел објект, да расчистат па да градат. Се надевам дека и така ќе биде. Мислам дека 2 месеца се доволни за овие активност, но под услов да почнат да рушат во следниве 10тина дена.

Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 05-Jan-2012 at 19:31
Купувачите на станови во “Космос” во паника

Паника меѓу граѓаните кои имаат купено стан во комплексот “Космос” на Фијат Цановски. Стравуваат за своите пари, откако на објектот месеци наназад не се работи буквално ништо. Но наспроти овие кадри кои утрово ги регистрираше камерата на Сител од компанијата "Фине" велат дека се работело на терен.

-Во моментов се чисти просторот каде што се наоѓа станбено-деловниот комплекс “Космос”. Според нашите процени, само расчистувањето на теренот може да потрае до крајот на следниот месец, но крајната цел е да се почне со повторна изградба на “Космос”. Тоа значи дека купувачите ќе почекаат на повторната изградба на становите, но и на целата правна разврска на случајот, велат од фирмата Фине за медиумите под контрола на опозицијата.

Но испаничените граѓани кои не сакаат да зборуваат пред камера, за Сител велат дека Цановски должи над 17 милиони евра на банките, па се прашуваат, од каде пратеникот на ПЕИ ќе најде пари за да ги обесштети, бидејќи како што велат, се помалку се надеваат дека еден ден, ќе бидат станари во комплексот Космос, иако за тоа имаат уредно платено.

Во меѓувреме, оштина Гази Баба треба да се произнесе што ќе прави со овој објкет, бидејќи фирмата “Фине” и по двете продолжувања од по два месеци на рокот во кој треба да го урне објектот, на терен не работи ништо. Локаните власти за овој проблем, официјална информација најавуваат по празниците.

Александар Спасовски

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/kupuvachite-na-stanovi-vo-%E2%80%9Ckosmos%E2%80%9D-vo-panika

Edited by Superman - 05-Jan-2012 at 19:33
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 13-Jan-2012 at 14:50
1.


2.


3.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 17-Mar-2012 at 16:03
Космос се урива на големо

1



2


3

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 17-Mar-2012 at 16:10
Штета што се немаше детерминираност истово да се направи со Кинескиот ѕид во парк.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 17-Mar-2012 at 16:20
Originally posted by pbanks

Штета што се немаше детерминираност истово да се направи со Кинескиот ѕид во парк.



се согласувам, изгледа таму врските се посилни од логиката
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3742
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 18-Mar-2012 at 11:52
Нека се урива што побрзо, за да почне се од ново, овајпат на правилен начин со комплетна документација.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 03-Apr-2012 at 11:43
ФИЈАТ ЦАНОСKИ ОДНОВО ЌЕ ГО ПРАВИ KОМПЛЕKС0Т

Новиот „Kосмос“ ќе се гради во мај



За 10 дена ќе заврши целосното уривање на зградата „Kосмос“, кое го реализира самиот инвеститор, а во мај годинава ќе почне неговата повторна изградба, најавува сопственикот на „Фине“, Фијат Цановски. Новиот „Kосмос“, кој е планиран како комплекс во кој ќе живеат 4.000 лица, ќе се гради според нов проект кој го одобриле од Општина Гази Баба.

Отстранувањето на карабината од седум ката, која според надлежните од Гази Баба е дива градба, почна во август 2011 година. Најпрво од локалните власти, со образложение дека објектот отстапува 1,43 метар во висина од урбанистичкиот план, а потоа со уривањето продолжи сопственикот за да не мора да плаќа дополнителни трошоци.

- Засега се урнати 70 до 80 проценти од објектот, остануваат уште 30. Сакавме комплетно да ја завршиме работата за да може теренот повторно да го подготвиме за градба - изјави Цановски.

Тој останува на ставот дека уривањето било незаконско. Поднел тужба против решението на Општината Гази Баба, а исто така и кривични пријави против градежниот инспектор и против градоначалникот Тони Трајковски. Очекува Управниот суд да донесе пресуда во негова корист во наредните два месеца. Ако не добие позитивен резултат, правдата ќе ја бара пред меѓународните институции.

Според општинарите од Гази Баба, „Фине“ должеше и за комуналии - и тоа околу 3 милиони евра. Наплатата беше извршена со активирање хипотека - имот на Водно, во Маџари и во Струга. Сопственикот ги негираше тврдењата за неплатени комуналии велејќи дека во објектот вложил околу 17 милиони евра, сосе платени комуналии, кои изнесуваат 5,2 милиони евра.

За оние што веќе купија станови во овој комплекс, од фирмата-инвеститор изјавија дека во 90 отсто од случаите парите им се вратени. Останатите прифатиле да добијат стан во новиот „Kосмос“ со задоцнување од една година.

Шутот ќе се ситни за тампонирање улици

Градежниот шут од уривањето на објектот „Kосмос“ не се носи во депонија, туку ќе се ситни и ќе послужи за тампонирање на пристапни сообраќајници околу станбениот комплекс, чија повторна изградба ќе почне во мај годинава. Старото железо ќе се однесе на отпад. Адријан Амзовски, управител на фирмата-инвеститор „Фине“, објасни дека за ова ќе се погрижи бугарската фирма што работи на уривањето.

Aнела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DF0012D0BFB5D24C99458D0267F6A1AE
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.