build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Космос - Ќерамидница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 12-Mar-2010 at 13:42
инаку рендерите можеле и подобри да ги направат , ова некој како во паинт да си играл
www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Mar-2010 at 14:00
И ова не е во Керамидница. Ова е одма до ФОН што е уште една голема грешка бидејќи очигледно урбанизација на Керамидница и продолжувањето на бул. Гоце Делчев никогаш нема да се реализира.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Mar-2010 at 17:54
Неможам баш да одредам од рендеров, но многу ми личи на станбените комплекси кои се градат во Украина, Белорусија и Русија.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Mar-2010 at 20:52
Mislam deka poleka no pocnuva gradeznata era vo Makedonija. Sto e do objektov malku mi nalikuva na Kanyon vo Istanbul


Edited by lupo - 14-Mar-2010 at 20:55
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Mar-2010 at 22:41
од каде е сликава ? ми изгледа како хотел со 5 звездички
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Mar-2010 at 01:11
Куполата на врвот е предвидено да биде ресторан што ротира, додека под полуцилиндерот на средината од поголемиот објект е предвидено да се смести затворен базен.
Инаку викендов во дневните весници имаше оглас за собирање понуди за изведувач до фаза карабина. Колку што се слуша, за објектов сеуште нема дозвола за изградба!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 17-Mar-2010 at 01:11

Гратче ќе никне зад ФОН

Покрај луксузниот станбено-деловен комплекс со 562 стана во кои ќе живеат 4.000 жители, ќе се изгради и мост кај салата „Јане Сандански“

Најдоцна до 10 април ќе почне изградбата на дел од луксузниот станбено-деловен комплекс, наречен „Космос“, на булеварот Војводина, во близина на Универзитетот ФОН. За потребите на овој комплекс ќе се изгради и мост, кој ќе оди од свиокот кај салата „Јане Сандански“ до другата страна на реката Вардар, кај населбата Ќерамидница.

Инвеститорот на овој комплекс, скопската фирма „Фине“ ДОО, која го изгради и објектот на ФОН, веќе распиша јавен повик за најповолен понудувач за изградба на големата зграда-седумнаесеткатница од комплексот, која ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе се гради и помалата зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чини околу 30 милиони евра.

- Станува збор за мини-град, во кој ќе живеат околу 4.000 жители, кои ќе го уживаат сиот комфор и услуги. Првпат во Македонија, со продажбата на становите оди и служба за услуги на граѓаните, која ќе им биде на располагање 24 часа. Оваа служба ќе се состои од обезбедување, поправки и одржување - нагласува Ардијан Амзовски, управител на фирмата „Фине“.

Амзовски објаснува дека долу во големата зграда ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500.до 2.000 квадратни метри. Од него ќе може да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите. Ќе има и детска градинка.

Меѓу двете згради, кои ќе бидат оддалечени 120 метри, ќе има парк и шеталиште.

Паркирањето е решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот е предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-места, така што ќе бидат задоволени потребите на станарите.

Амзовски вели дека уште сега постои голем интерес за купување станови во овој комплекс.

- Има многу заинтересирани и 20 проценти од становите веќе се резервирани. Има станови од 50 до 120 метри квадратни, а се продаваат по цена од 1.000 евра за квадратен метар.

Изградбата на овој модерен комплекс ќе значи урбанизирање на населбата Ќерамидница, која досега беше едно од најзапуштените населени места во општината Гази Баба, иако на оддалеченост од само три километри до центарот.

Според Амзовски веќе се работи на инфраструктурата, односно на главниот пристапен пат до комплексот.

- Главната пристапна сообраќајница до комплексот се прави, а ќе се прави и мост од свиокот кај салата „Јане Сандански“, кој директно ќе води до станбено-деловниот комплекс - нагласи Амзовски.

Од Општина Гази Баба велат дека се надлежни за инфраструктурата, односно за уличките внатре во комплексот, но објаснија дека работите се' уште не почнале, бидејќи проектот не стигнал на разгледување во Општината Гази Баба.

- За изградба на главниот пристапен пат е надлежен Градот. Проектот за комплексот треба да стигне кај нас наредната неделата. Дури тогаш ќе можеме да зборуваме што и како ќе преземеме - најави Емилија Кипровска, портпарол во Општината Гази Баба.

Градските власти велат дека главната пристапна сообраќајница е во фаза на проектирање.

- Се' уште не можеме да кажеме ништо, ниту за тоа колку ќе не чини и колку ќе трае нејзината изградба, бидејќи се подготвува проектот за неа - вели Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот во Градот.

Тој објасни дека мостот, кој ќе оди од свиокот од салата „Јане Сандански“ и ќе поминува од другата страна кон населбата Ќерамидница, нема суштинска врска со новиот станбено-деловен комплекс и е предвиден со Генералниот урбанистички план за град Скопје.

- За мостот допрва треба да се распишува оглас и рано е нешто да се каже попрецизно. Мостот ќе оди од спортската сала „Јане Сандански“ и поминува од другата страна на Ќерамидница. Притоа, едно парче оди од булеварот Гоце Делчев кај бензинската пумпа кај Скопски саем, друго парче се двои десно кон Кејот на реката Вардар до Универзитетот ФОН, односно комплексот, и трето парче се двои кон населбата Автокоманда - објаснува Шопар.

Според распишаниот оглас од инвеститорот кој трае до сабота, а в понеделник треба да се отвори, најповолниот понудувач големата зграда треба да ја изгради во рок од една година до карабина. Истиот изведувач можеби ќе ја гради и помалата зграда или евентуално би се распишувал нов тендер. Инвеститорот се' уште го нема добиено одобрението за градба од Општината Гази Баба, ниту ги има платено комуналиите.

- Треба да се заврши комплетно проектот и за другата помалата зграда за околу 20 дена, по што очекуваме да го добиеме одобрението за градба, и ќе ги платиме комуналиите што ќе не' чинат околу два милиона евра - информира Амзовски.

Шеесет проценти од оваа сума ќе бидат за буџетот на Градот, а 40 за во касата на Општина Гази Баба.

Анела Петрова                                                                                                                                                           http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8292C18481834142AEF5DFBFEDE6166B 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 12-Apr-2010 at 13:16

Микро „Космос“ во Ќерамидница

Во запуштената населба ќе се градат две згради со по 18 ката.

09:00 | 12.04.2010 | Автор: Шпиц

/ Луксузен станбено-деловен комплекс неделава ќе почне да се гради во населбата Ќерамидница, во близина на реката Вардар, веднаш зад Универзитетот ФОН. На површина од 120.000 квадратни метри е предвидено да се изградат две осумнаесеткатници, во кои е предвидено да живеат околу 4.000 станари во 1.000 стана со квадратура од 45 до 120 метри.
На најгорниот кат од едната зграда ќе има

луксузен ресторан од околу 1.500 квадратни метри, кој ќе ротира и ќе им нуди на гостите панорамска глетка врз Скопје. До него ќе се пристигнува со посебен лифт, независно од зградата. На врвот на оваа зграда ќе има и базен кој ќе им служи на станарите, како и фитнес-центар и сауна. Оваа осумнаесеткатница ќе биде поделена во ламели и ќе има повеќе посебни влезови.
- Становите ќе бидат луксузни и со висок квалитет. Станарите ќе имаат 24-часовна сервисна служба од обезбедување, водоводџија и други санитарни служби, кои ќе можат да ги повикаат од своите домови преку посебен локал. Комплексот ќе биде затворен со постојано обезбедување - објаснува Ардијан Амзовски, управител на фирмата „Фине“, која е инвеститор и на зградата на Универзитетот ФОН.
Другата зграда која ќе има скалест изглед со минимум четири и максимум 18 ката ќе биде поставена полукружно. Меѓу двете згради, кои ќе бидат оддалечени 120 метри, предвиден е парк со фонтана и шеталиште, што за станарите ќе претставува прибежиште од метежот во градот.

Паркирањето е решено со две подземни гаражи од по два ката во подрумите, како и странична гаража на два ката со околу 562 паркинг- места, со што ќе бидат задоволени потребите на станарите.
Се очекува изградбата на осумнаесеткатницата да биде завршена за една година. Изградбата на целиот комплекс ќе чини околу 30 милиони евра. Најниската цена за квадратен метар ќе изнесува 1.000 евра. Погорните станови кои ќе се водат како луксузни ќе чинат повеќе. Предвидени се неколку начини на продажба за полесно добивање кредити.
- До сега се пријавени 14 фирми изведувачи, меѓу кои има и австриски и словенечки. Нема да се штеди на квалитет. Ќе се гради со висока класа на гранит - вели Амзовски.
Во овој дел е предвидено да се изгради и мост од свијокот кај салата „Јане Сандански“, кој директно ќе води до комплексот „Космос“.
Изградбата на овој модерен комплекс ќе значи урбанизирање на населбата Ќерамидница, која досега беше едно од најзапуштените населени места во општина Гази Баба, иако од центарот на Скопје е оддалечена само три километри.                                                 http://www.spic.com.mk/kat/skopje/mikro-kosmos-vo-keramidnica.html 

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 30-May-2010 at 13:31
sto se sluci so proektov?pocanaa ili ne?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 30-May-2010 at 14:14
Уште нема ништо
Back to Top
sportsfan View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Mar-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sportsfan Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 30-May-2010 at 20:56
Originally posted by Cloverstack

Уште нема ништо


Како бе нема? Koлку што сум информиран јас таму на големо се копа .. Прееска поминав во близина на тоа место камиони со земја излагаа и влагаа на секои 3-4 минути. Мислам дека турбо се работи .Земјата пак што се вади од таму се пренесува од спротивната страна на Вардар во Аеродром т.е во големата дупка кај што е предвидена за Аква Парк и слични работи..
За жал немам фото потврда на ова .
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 30-May-2010 at 21:08
А што, Наумовски и Цановски склучиле договор за продажба на земја (не земјиште), па им ја испорачуваат земјата во Аква Парк, или бесплатна донација?

И тоа ме тера да поставам едно друго прашање: Што се случува со земјата при ископувањето на дупки за темели? Се продава на расадници, се носи на Дрисла, или? Се продава, бесплатно се донира, или пак се плаќа за дислокација на Дрисла? Како е вообичаената пракса, знае некој?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 30-May-2010 at 21:53
Originally posted by sportsfan

Originally posted by Cloverstack

Уште нема ништо


Како бе нема? Koлку што сум информиран јас таму на големо се копа .. Прееска поминав во близина на тоа место камиони со земја излагаа и влагаа на секои 3-4 минути. Мислам дека турбо се работи .Земјата пак што се вади од таму се пренесува од спротивната страна на Вардар во Аеродром т.е во големата дупка кај што е предвидена за Аква Парк и слични работи..
За жал немам фото потврда на ова .


А ок тогаш, се извинувам. Јас мислев дека нема ништо бидејќи гласно се најавуваше, па очекував помпа и кога ќе почнат, а не да помине така незабележано

Само сигурно ли таму се копа?
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-May-2010 at 22:53
Колку што ми е познато нема комплетирана проектнa документација. Истата сеуште се работи. Можеби почнале да копаат со цел подобрување на тлото, бидејќи извесно е дека покрај Вардар може да има несоодветен почвен материјал за темелење на ваков огромен комплекс.

Edited by medo - 30-May-2010 at 22:54
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 01-Jun-2010 at 22:46
јас студирам на ФОН и би можел да сликнам а и да потврдам дека во последно време се движат доста камиони пред универзитетот. Дали се работи за изградба на овој проект или за нешто друго, неможам да кажам, зошто незнам од каде излегуваат камионите и каде треба да бидат овие згради. Ако може координати и следна недела ќе имаме слики од терен

П.С: барав координати во постовите назад, но ништо не најдов
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 28-Jun-2010 at 18:10
sto se sluci so proektov?pocanaa ili ne?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 28-Jun-2010 at 18:22
Се случува нешто, ама сеуште никој од форумов не извидел подобро
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 28-Jun-2010 at 18:25
djole ti bi trebalo da imash inf so se slucuva tamu?
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 28-Jun-2010 at 18:45
јас сеуште чекам да ми дадете координати, зошто на ФОН ама баш никој не сака да зборува за тоа,за зградата до ФОН(предвидена е демек за медицинскиот факултет кој треба да се гради), за делот што требаше да биде студентски дом и за милионите мали објекти кои се наоѓаат околу и се во сопственост на ФОН.

Така да ако има некој координати од ова за КОСМОС, нека прати, јас во петок одам натаму, ќе сликнам
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 28-Jun-2010 at 18:58
Тешко за точни координати додека не идентификуваме каде копаат (не може да се одреди ни според новинарските текстови, ни според ДУП-от бидејќи оној што е достапен до јавноста во меѓувреме е модифициран). Ама доколку се движиш покрај Вардар, додека стигнеш карши салата на МЗТ, сигурно ќе го најдеш градилиштето.

Јас типувам на оваа чистинка:
41°59'44.25"N  21°27'57.66"E

а тие 3-4 куќарки дека ќе се рушат (ако не се веќе срушени)

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.105 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.