build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Космос - Ќерамидница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 29-Jun-2010 at 18:37
ај петок ако е добро времето ќе ѕирнам каде се движат камионите и дали се гради нешто
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 12-Jul-2010 at 09:48
Djole брз си ко молња Poke

Еве го најдов градилиштето. Во моментот имаше доста работници, а не работеше механизација, но веќе е ископана прилично голема дупка. Се наоѓа поисточно отколку што мислев:

41°59'40.97"N  21°28'13.59"E

еве слика
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 13-Jul-2010 at 16:52
clover pa ne li prasa nekoj od rabotnicite do kaj e rabotata so kako koga kje gi udrat temelite?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 13-Jul-2010 at 17:00
Од ваму каде што одев не можев да пристапам до градилиштето. Ќе прашам во наредна прилика, мада нема гаранција дали ќе се добие одговор
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 14-Jul-2010 at 15:53
Originally posted by Cloverstack

Djole брз си ко молња Poke


Абе не отидов до факултет, деновиве ќе одам, ама ете чим сте се снашле, нема потреба да барам Ионака само уште исчистена нива со надеж дека ќе почне нешто да се гради
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 23-Aug-2010 at 14:11
decki se raboti li tuka nesto se slucuva nesto ili 
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 08-Sep-2010 at 18:20
Има некое раздвижување? Некој што е таму на ФОН може да пушти некоја фотка...
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Sep-2010 at 18:21
gjoleto e na fon ama izgleda go mrzi da proseta malku LOL
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 11-Sep-2010 at 16:09
абе брат како да не ме мрзи кога не сум бил на факултет Од 17ти почнуваме, така да после 20ти ќе гледам да сликнам
Back to Top
sportsfan View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Mar-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sportsfan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 13-Sep-2010 at 19:28
Еве некои фотки направени денеска













Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 14-Sep-2010 at 15:08
Згарада за 4 илјади, еден куп други згради низ Скопје изградени, што се градат и што се предвидени. Изгледа лека полека цела Македонија ќе живее во Скопје. Ах колку сме само далеку од нормална држава.
Back to Top
BadBaby View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Mar-2009
Location: Skopje, MK
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BadBaby Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 14-Oct-2010 at 17:08
а да не знае некој кој е избраниот изведувач?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 16-Oct-2010 at 19:08
ФИЈАТ ЦАНОСКИ, СТОПАНСТВЕНИК И СОПСТВЕНИК НА ФОН, НАЈАВУВА ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ
Почна да се крева „Космос“
Елена Костовска

Стопанственикот Фијат Цаноски, во јавноста повеќе познат како сопственик на првиот приватен и најугледен универзитет во државава ФОН, ќе гради станбени згради на повеќе локации низ Скопје и еден трговски центар. Тој вели дека со градежништво се занимава цел живот и сега тоа ќе му биде главната дејност. Но, секако, ќе продолжи да го јакне и образовниот систем во државава. Универзитетот ФОН ќе се прошири со факултети за архитектура и за медицина. уВо градежништвото планирате да влезете како голем инвеститор. Можете ли да ни откриете некои детали?
- Со градежништво се занимавам цел живот, со сопствена фирма ја изградив и зградата на ФОН во Скопје. Сега планирам тоа да ми биде главен бизнис. Мојата фирма вработува 50 градежни инженери и архитекти и околу 150 мајстори и нискоквалификувани работници. Таа е опремена со механизација, која чини пет милиони евра. Оваа компанија ќе биде сериозна конкуренција на големите градежни компании на јавните тендери за високоградба, не зависно дали ги распишува државата или приватни инвеститори. уКаде се планирате да градите? Има најави за изградба на луксузни станови во Керамидница. За каква инвестиција се работи?
- Сопственик сум на повеќе локации во Скопје на кои планирам изградба на станбени згради, а на една локација на влезот на градот и изградба на трговски центар. „Космос“ е станбен комплекс што ќе го градам на границата меѓу општините Гази Баба и Аеродром, на површина од 90.000 квадратни метри. Јас сум инвеститор и изведувач на проектот со фирмата „Фине Скопје“. Комплетната инвестиција, заедно со купеното земјиште, ќе изнесува 40 милиони евра, а средствата се обезбедени од сопствени извори и во соработка со Тутунска банка. Се работи за две згради на 15 ката со околу 1.000 стана. На проектот ќе се работи во три смени и се очекува да биде завршен за година и пол. Тие ќе бидат први објекти што ќе ги нудат сите услови за живеење според европски стандарди. Градбата ќе биде од прва класа со висококвалитетни материјали, а на секој станар ќе му биде понудено сам да ги одбере материјалите за паркет и за плочки. уКолку ќе биде цената на еден квадратен метар за тие згради?
- На почеток становите ќе се продаваат по цена од 850 до 1.200 евра за еден квадратен метар во зависност од големината, местоположбата и висината на која се наоѓа станот. Сакам да нагласам дека купувачите на станови ќе можат да го искористат договорот со Тутунска банка и уште една друга банка, која нема сега да ја откријам, за добивање станбени кредити под многу поволни услови со 15 проценти учество, рок на отплата од 20 години и со поволна каматна стапка. Тоа ќе биде можност за млади брачни двојки по пристапна цена да купат луксузен стан. уВо јавноста, сепак, најмногу сте познат како сопственик на првиот приватен универзитет. Каква е состојбата со високото образование во земјава, како се справувате со нелојалната конкуренција?
- Да, ФОН е првиот приватен универзитет, кој пред седум години доби акредитација за работа. Во последните години се појавија многу приватни универзитети што не ги исполнуваат условите за работа во високото образование. Дел од факултетите не го исполнуваат ни почетниот услов, 50 проценти од наставниот кадар - професори и асистенти - да биде вработен кај нив. Критериумите останаа неисполнети и кај државните универзитети откако се одвоија факултети во секој град, каде што не се појавуваат професорите, а наставата ја држат асистенти. Ова е на штета на младите. Министерот за образование летово пред уписите откри нерегуларности кај „Њујорк колеџот“ и на Меѓународниот универзитет во Струга, но, за жал, не ги затвори иако не ги отстранија неправилностите. Мислам дека крајно време е високото образование да се донесе на прав пат. уКолку изнесуваат вашите инвестиции во високото образование и кои се вашите планови за во иднина?
- Во Универзитетот ФОН во Скопје, Струга, Струмица и во Гостивар имам инвестирано 30 милиони евра. Од ФОН не очекувам да остварувам профит, јас за профит имам други бизниси, кои ми носат профит и подготвен сум од тие фирми да префрлам пари на ФОН. Ние ги менуваме програмите во зависност од потребите на пазарот. Следната година планираме да отвориме факултет за архитектура, за чиишто потреби ќе ангажираме професори од италијанската проектантска фирма „Џуџаро“. Во иднина планираме и отворање медицински факултет за што сме во преговори со некои од болниците во земјава, како и со една турска болница, со која се планира и изградба на клинички центар. уКако домашен инвеститор, што мислите какви се условите за водење бизнис во земјава и дали државата ги штити домашните инвеститори?
- Сакам да изразам особена благодарност до општините и до градоначалниците за коректната соработка за да ги извадам потребните документи. Сметам дека државата треба да им даде повеќе поволности на домашните инвеститори, а не само на странските фирми. На една странска компанија што ќе гради станови во Аеродром и е даден попуст на комуналии што не важи за домашните инвеститори, а тие остануваат тука и тука ќе ја реинвестираат добивката. Странците добивката ќе ја однесат надвор.


Прв ротирачки ресторан во Македонија


Двете згради што ќе се градат меѓу општините Гази Баба и Аеродром ќе бидат затворен комплекс, заштитен со огради, и во него ќе може да се влегува само со картичка.
Се работи за луксузни станбени објекти кои ќе бидат опремени со мал трговски центар, детска градинка, фитнес-центар, базен, како и со сите потребни сервисни услуги, електричари, водоводџии, обезбедување и хигиеничарки.
Секој влез ќе има по четири лифта. На врвот од поголемата зграда, на 65 метри, ќе има ресторан од 1.500 квадратни метри, кој ќе биде прв во Скопје што ќе ротира и каде што гостите ќе имаат поглед на целиот град. Ресторанот ќе биде отворен за сите и ќе има посебен влез.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2146&ArticleID=150188
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 16-Oct-2010 at 19:42

Ај на кратко.... бев прееска на кеј... но од страна на аеродром, ме мрзеше да вртам а веќе бев заоден накај МЗТ салата.... па забележав тоа што се гледаше.... работеа... имаше два камиони истовараа нешто ама не ги гледав цели... само тоа што се дига .... видов и една мешалка..... а имаше и едни кулоси..... и едно како корпа што се дига и спушта.... еве слики па оставам на вас.... мислам дека треба да се оди и да се слика од блиску... може ќе одам утре... на заоѓање го фатив денес....

и два крана секако.... што може да биде и добар знак...

тоа е се што видов.... имаше и една електрична композиција во далечината на пругата.... мислам шпанци ги викате... ама и далеку беше а и немаше да го фатам... брзаше некаде...

Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 325
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 16-Oct-2010 at 19:49
Незнам за останатите, но од она што можам да го видам на рекламата што оди на А1 за објектов, ми изгледа одвратно.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 16-Oct-2010 at 20:13

најдов видео.... ја нема таа помалата зграда.....

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 16-Oct-2010 at 22:53
мислам дека не им треба тоа зеленото стакло.... другото е пристојно.... за таа висина може да биде и нешто понеобично, но добро.... еве станбен објект е ама и тоа не е баш некојси изговор.....
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 27-Oct-2010 at 17:52
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 27-Oct-2010 at 19:57
Многу ми личи на еден робот од еден филм, ама ич не ми текнува ни роботот као се викаше, ни филмот. Ако му текне на некој на што мислам нека каже како се викаше. Имаше еден робот нешто  една фамилија живееше, главата му беше иста потполно како ресторанов на зградава.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 27-Oct-2010 at 20:02
Futurama да не е?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.