build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Космос - Ќерамидница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 04-May-2011 at 16:11
Потполно те подржувам дека овие се елементи на урбаното живеење и култура и ги има во Европа,но за жал ние сме премногу далеку од овие навики на културно живеење со оглед дека кај нас постојат несовесни и нецивилизирани луѓе ,тоа е секојдневие за жал. 

Edited by dule - 20-Jun-2012 at 15:23
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-May-2011 at 14:58
Originally posted by pbanks



Одржување на зграда не е чистачката да ги избрише плочките еднаш неделно.

Треба да има совршена инсталација под конец, редовно сервисирање и одржување на лифтови, веројатно на разноразни други системи (противпожарни итн) кои би биле неопходни за ваква зграда, паркингот, тревниците и хортикултурата, фасадата (која треба повремено да се реновира), редарска служба итн итн итн.

Колку треба сето тоа да чини, не би шпекулирал и немам претстава, но редно е некои вакви елементи на урбано живеење да станат дел од нашата култура.




Точно така, јас со сумата само шпекулирав онака на памет, само верувај дека ќе биде прескапо за македонски стандард. Еве јас живеам во зграда и верувај ми со ваков стандард не би платил повеќе од 500ден месечно за чистачка + лифт + слични одржувања на инсталации, хортикултура итн итн

Инаку еве само колку за репер, обична жена која нема скршен денар(работи како чистачка) наплаќа 2000ден за зграда од 4 спрата и 16 стана. Земи во предвид дека сигурно таму нема да чисти жена, туку цела фирма(нешто налик на Securicom или како и да се викаа), така да само тој трошок би бил 2-3 пати поголем отколку во нормална стамбена зграда.

И за крај, мислам дека е попаметно да се направи квадрат 2000еур со сите услуги вклучени во цената. Да си направи инвеститорот своја служба за сите работи и онака знаеме дека тоа е најмал проблем
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 05-May-2011 at 16:58
Во врска со цената за одржување не треба да е ниту 500 ден бидејки никој познавајки нашиот стандард не е луд да дае за оджување толку.Во повеќето згради станарите ни  50 ден не даваат а камоли да издвојуваат повеќе.Тоа е реалноста

Edited by dule - 05-May-2011 at 16:59
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 14-May-2011 at 10:19
   И тоа ми била луксузна зграда, штом се гради од парите на купувачите.
      Ако веќе градиш луксузно, изгради со свои пари и понуди го на пазарот изграденото. Ако навистина вреди и 2000 евра од квадрат да побараш, ќе најдеш купувачи.
   А вака, со однапред земени пари, зошто изведувачот воопшто би се брзал. Плус може и да крати на квалитетот, вградувајќи евтини елементи и користејќи најевтини градежни материјали.
   И ако во Скопје, цената на квадрат станбен простор е одредена од неговата локација, која цена е реална на објект што се наоѓа во "најурбаната" и "најлуксузна" населба Ќерамидница.
   Друга голема негативност е што овој проект почна често да се рекламира на телевизија. Дали тоа значи дека инвеститорот нема пари да продолжи со градбата, додека не добие пари од уште неколку наивни купувачи?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 21-May-2011 at 09:59
Еден „Космос“ со различни планети kosmos_157_thumb.jpgПостојат многу дилеми за и против кога едно семејство треба да реши дали сака да живее во стан или во куќа. Станот обично подразбира локација на која се достапни многу удобности на урбаниот живот, но куќата нуди мир и тишина. Становите се полесни за одржување бидејќи на куќите им е потребна грижа и за фасадата, покривот, дворот и слично. A домот во колективна зграда се продава готов, веќе осмислен, со многу поограничени можности за индивидуализација и за приспособување кон личните потреби, за разлика од големиот број опции што стојат на располагање кога се гради индивидуален објект.

Во просек становите се поблиску до централните градски подрачја, што го олеснува транспортот, но во куќниот двор никој никогаш нема да ви го зафати вашиот паркинг- плац. Списокот е многу долг. Еден од главните предизвици на проектантите е да ги премостат овие разлики, да ги доближат колку што е можно повеќе. Сè уште не е измислена идеална формула за вкрстување, па затоа се оди на компромис. Таков обид претставува и зградата „Космос“ на кејот на реката Вардар зад Универзитетот ФОН, што ја гради инвеститорот „Фине“. Таму луѓето ќе живеат во станови, ќе уживаат во тоа што друг ќе им мисли за загревањето на домот, инсталациите и слично. Но, истовремено ќе си имаат и сопствени паркинг-плацови, а при уредувањето на нивните станбени единици ќе им биде овозможено самите да си бираат одредени елементи од ентериерот, на пример паркетот, плочките и слично, па ќе можат да си го направат својот стан единствен, наместо да им биде ист како другите станови, околу 1.000 на број, како што најави стопанственикот и инвеститор Фијат Цановски, кога се поставуваше камен-темелникот. Исто така, додека тие во куќите ќе уживаат во своите домови, станарите од „Космос“ ќе можат да се релаксираат во ротирачки ресторан на врвот на зградата, кој ќе се простира на 1.500 квадратни метри. Секој влез на зградата ќе има по четири лифта. kosmos_157.jpgОколниот простор ќе биде заграден и во него ќе може да се влегува само со картичка. Пристапот на објектот е откај Универзитетот ФОН, односно од булеварот Војводина, но се предвидува до него да минува и булевар со нов мост преку реката Вардар, во близина на спортската сала Јане Сандански, како што е предвидено со Генералниот урбанистички план на градот. Вкупната вредност на проектот е околу 40 милиони евра, од кои десет милиони евра ќе добијат градската управа и општината Гази Баба за комуналии. Со овие пари тие ќе треба да ја финансираат изградбата на предвидените инфраструктурни објекти, улиците, булеварскиот дел, мостот, како и да обезбедат водоснабдување и други комунални услуги за објектот. „Космос“ е станбен комплекс кој се наоѓа на границата меѓу општините Аеродром и Гази Баба, на површина од 90.000 квадратни метри. Шармантната и харизматична заедница нуди диференцирани услови за живот. Градбата е од првокласни висококвалитетни материјали и претставува една од најголемите градби на ниво на Република Македонија. „Космос претставува затворен комплекс - заштитен и ограден. Обезбедува сопствен систем за 24-часовно греење, производство на струја и ладење. Луксузните станбени објекти ќе бидат опремени со трговски центар, детска градинка, фитнес-центар, базен, како и со сите потребни сервисни услуги, електричари, водоводџии, обезбедување, хигиеничарки. Паркирањето е решено со два ката подземни гаражи за потребите на станарите", велат инвеститорите за својот комплекс. Тие додаваат дека продажбата на становите засега им одела добро, особено што цената на квадратниот метар е 840 евра, пониска дури и од скопскиот просек, а комплексот се нуди и се рекламира како луксузен и елитен. Изградбата досега е стигната до шестото ниво. Кога ќе заврши, според најавите за околу две години, и кога новите станари ќе се сместат во нивните планети во заедничкиот космос, ќе може да се процени и колку успешно бил направен компромисот меѓу индивидуалното и колективното домување.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3012&Itemid=122
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 736
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 21-May-2011 at 18:24
шесто ниво ?!?!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4791
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 21-May-2011 at 19:10
-2, -1, 0, 1, 2, 3

Веројатно така
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 21-May-2011 at 19:50
pa 3 podzemni i 3 nadzemni Smile
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 22-May-2011 at 13:49
Добри се новинариве нема што. Значи стигнати се до 3то ниво(6то ако рачунате и подземје), ама само на 1/3 од зградата. Значи се гради каскадно, нешто слично на комплексот Александрија. Значи прво 1/3 се иде во висина, па на друга итн
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 07-Jul-2011 at 00:09
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 07-Jul-2011 at 07:48
nabrgu ke se vovede i vtora smena i rabotite kje mrdnat malku dosega se raboto vo 1 smena i stignati se do 6-7 sprat nad zemja kako sto se gleda na slikata informaciite mi se od prijatel sto raboti tamu  kranist
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 736
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 07-Jul-2011 at 10:31
Имаат нова вевстрана http://www.fine.mk/
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 15-Jul-2011 at 21:32



Edited by dule - 06-Jan-2013 at 13:43
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7415
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 16-Jul-2011 at 00:40
си прави бизнис човекот, колку е матен или легитимен, не ме интересира, јас никогаш не би купил стан од Фиат, дури и да ги имам сите пари на светот, а изборот си е кај народот, кој каде сака да купува според сопствени критериуми
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 21-Jul-2011 at 11:31
Ако ако...само нека градат. За 2 години ќе има 3-4.000 станови за продавање и цената ќе падне причилно. Тоа на сите ни одговара така? Ќе те молат да купиш.

Само напред
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 28-Jul-2011 at 15:06

„Космос“ стопиран оти „ја надраснал“ маркицата за градба

  • Објавено: пред 24 минути |
  • Прочитано: 134 |
  • Печати |
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/07/28/9F3BA0806AAEFC4DAEA3C5CC2989693E.jpg

Веќе десетина дена градежната инспекција на општина Гази Баба ја стопира изградбата на стенбениот луксузен комплекс „Космос“ поради утврдени отстапки во висината, надвор од дозволата за градба и од Деталниот урбанистички план.


Градоначалникот на општината Тони Трајковски ја потврди оваа информација, но изрази подготвеност, доколку инвеститорот направи корекции и се прилагоди кон важечкото решение за градба, станбениот комплекс да продолжи да се гради.


- Градежната инспекторка констатирала неправилности, големо отстапување во височината и поради тоа е стопирана градбата. На сите градби реагираме уште во текот на градбата, и тука е така постапено. Решението за градба на објектот е важечко и доколу објектот  се прилагоди на добиената дозвола, може да продолжи да се гради – вели градоначалникот Трајковски.


Според проектот, станбено-деловниот комплекс треба да биде седумкатница, со 562 стана во кои ќе живеат 4.000 жители. Зградата треба да има пет ламели, а ќе се гради и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000 квадратни метри, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот чини околу 30 милиони евра.

http://www.time.mk/read/NONE/e59d5b0b13/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 28-Jul-2011 at 15:07
tuka nesto SMRDI!!!
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 29-Jul-2011 at 09:41



Edited by dule - 06-Jan-2013 at 13:42
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 29-Jul-2011 at 11:06

Запрена изградбата на „Космос“


Општината Гази Баба ја запре изградбата на стенбениот луксузен комплекс „Космос“ поради утврдени отстапки во висината во предвидениот детален урбанистички план

 

 
%20  
Советникот од СДСМ, Борче Георгиевски, на седницата на општината Гази Баба го отвори ова прашање на советот, а градоначалникот на општината Тони Трајковски ја потврди информацијата.

- Констатирани се неправилности, отстапување од предвидената висина. Доколку инвеститорот направи корекции и се приспособи кон важечкото решение за градба, станбениот комплекс може да продолжи да се гради - соопшти градоначалникот.

Од фирмата „Фине“, која го гради „Космос“, потврдија дека сега нема градежни активности. Но тие тврдат дека зборовите на градоначалникот Трајковски се дезинформации, односно дека сегашниот застој е поради тоа што бил прогласен колективен одмор.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72911929368&id=14&prilog=0&setIzdanie=22343
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 30-Jul-2011 at 10:46

Колективен или принуден одмор на „Космос“?


И Фијат Цановски демантира дека изградбата на објектот била запрена поради неправилности, но од општината Гази Баба и понатаму тврдат дека имало отстапки од дозволата

 
 
%20  

Градежната дозвола на „Космос“ е одземена поради утврдени отстапки во димензиите

Општината Гази Баба и инвеститорите на зградата „Космос“ покрај Вардар и вчера останаа на своите позиции - првите дека објектот е дивоградба и е запрен, а вторите дека не се гради поради годишните одмори.

- Како може да сме ја надминале висината на зграда од 17 ката, кога сега сме само до осмиот кат? „Космос“ се гради, сега не работиме бидејќи фирмата е на колективен одмор. Не сме добиле никакво спречување од општината и не сме ги надминале димензиите. Не знам зошто се шират тие дезинформации - рече пратеникот и бизнисмен Фијат Цановски, кој е сопственик на фирмата-инвеститор „Фине“.

Од општината, пак, го тврдат сосема спротивното. Велат дека пред десетина дена е запрена изградбата на луксузниот станбен комплекс „Космос“ и градежната дозвола им е одземена поради утврдени отстапки во висината, надвор од дозволата за градба и од Деталниот урбанистички план.

Нашите градежни инспектори беа на терен и утврдија неправилности, дека е надмината висината на објектот и дека изградбата не одела според проектот и издадената градежна дозвола. На сите градби реагираме уште во текот на градежните работи, и тука е постапено така. Одобрението ќе важи само ако „Космос“ ги отстрани неправилностите и тогаш ќе може да продолжи изградбата - соопшти градоначалникот Тони Трајковски.

Изградбата на „Космос“ на булеварот Војводина, во Керамидница, во близината на Универзитетот ФОН, почна во април годинава. Беше најавен како мини-град, составен од големата зграда од 17 ката и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете заедно ќе имаат 560 стана, во кои ќе живеат околу 4.000 жители. Поголемата зграда зафаќа површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Во големата се предвидени деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, како и детска градинка. Изградбата на комплексот чини околу 30 милиони евра. На интернет-страницата на „Фине“ сé уште стои информацијата дека објектот се гради и дека е во тек продажбата на становите. Во изјави што досега инвеститорите ги давале за медиумите тврдат дека 20 отсто од становите веќе се продадени.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73011946548&id=14&prilog=0&setIzdanie=22344
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.