build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Совет за прозорци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
moongose View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote moongose Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Совет за прозорци
    Posted: 29-Mar-2010 at 13:29

Треба да ги менувам прозорците и вратите од тераса, со пвц, па би молел сите што имаат искуство со истото, да ми укажат на што треба да внимавам при одбирањето, пошто од тоа комори, окови и останати матракуќи ама ич не се разбирам.

Евентуално и некоја да ми препорачате некоја проверена фирма/мајстор што се бави со тоа (ако е ок со правилата на форумот, да не испадне реклама)

Фала.

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Apr-2010 at 23:53
Постојат повеќе фирми и мајстори што изведуваат ПВЦ столарија. Сепак би препорачал да одбереш фирма наместо мајстор, единствено заради евентуална интервенција по поставување на столаријата, односно да добиеш некаква гаранција за изведената работа. Иако самата гаранција не помага премногу, мислам дека важна е гаранцијата за работната рака.
Бидејќи и јас сум во слична ситуација за избор на столарија, пред се тип на профил, моите размислувања се околу Рехау, Саламандер, Tрокал и Етем.
- Она што е предност кај Рехау е понуда на термо програма со доста ниски коефициенти на топлопроводливост за понудените профили и стакла. Сепак, предничи и со цената. Малку се поскапи од останатите.
- Саламандер ми изгледа сосема во ред во поглед на понудата, особено 3D профилите. Само кај нив сретнав 3 заптивки/дихтунзи (2 на надворешна страна, 1 на внатрешна) на самиот профил. Кај сите други се 2. Колку тоа игра улога не сум сигурен, но...
- Трокал нуди нешто слично како останатите, сеуште немам лично искуство, единствено имам информации од нет, па не би ги пренесувал посебно.
- Етем е релативно нова фирма со интересна понуда особено во поглед на цената. Мислам дека столаријата им е со стандарден квалитет, но помал избор на ПВЦ профили од останатите.

Исто така, треба да се обрати внимание на самото стакло. Имено, тоа учествува со околу 90% во самиот прозорец. Колку ние да се залетуваме во детали околу ПВЦ профилите, сепак главната улога во топлотната и звучната изолација ја има стаклото. Стандардна варијанта е термопан стакло (4+16+4). Значи, 2 стакла со дебелина 4 mm и воздушен простор од 16 mm. Овие димензии може да варираат. Постојат варијанти и со 3 стакла. Воздушниот простор може да биде исполнет и со инертен гас, најчесто аргон. Незнам дали кај нас некој може квалитетно да изведе ваков прозорец, но сепак постојат и такви понуди. Имам сознание дека самиот гас по околу 2 години се губи (незнам каде), така што некоја дополнителна инвестиција за ваков тип не би препорачал, иако цената на исполна со аргон била околу 2 Евра/m2.

Освен столаријата и стаклата, вреди да се размисли за систем со ролетни (дококу имаш потреба од заштита од сонце). Штом планираш да менуваш прозорци пофина варијанта е да ставиш и ролетни во еден чекор, отколку тоа да го правиш дополнително. Исто така, би препорачал и комарник, знаеме како јадат комарциве во последно време

Според мене бројот на комори нема скоро никаква улога во поглед на топлопроводливоста и звучната изолација. Она што е важно е дебелината на ѕидовите во самите комори. Можно е да добиеш понуда за 7 коморен профил, но дебелината на преградите да биде ептен мала, како лист хартија. Секоја понуда над 3 или 4 коморен профил е маркетинг. Она на што треба да се обрати внимание наместо бројот на коморите е тежина на профилот на метар должен (m'). Колку е поголема оваа тежина, толку повеќе материјал има во профилот, што во крајна мера е подобар параметар за квалитетот на изолацијата.

Да резмирам, постојат огромен број варијанти на ПВЦ столарија. Тука ништо не спомнав за обликот на профилот (прав, закосен, заоблен), декоративните елементи (фолии во боја, имитации на дрво, алуминиумска заштита-облога) и оковот. И тука има повеќе опции, но секој со своите потреби и убедувања.
Мислам дека она што треба да ти биде водилка е услугата, квалитетот во изработка и монтажа, гаранцијата и секако цената. Прво би ти препорачал да одредиш буџет за оваа намена, па потоа се останато.
 


Edited by medo - 14-Apr-2010 at 00:05
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Apr-2010 at 22:19
топло проводливоста зависи од повеќе фактори како што кажа и најдобро стакло да имаш ако просторот не е добро изолиран бадијала, пак ќе имаш големи топлински загуби!
покрај градежната изолација исто доста поефикасен фактор е low-e стакло кое кај нас е застапено колку мене што ми е познато во понудата на саламандер како К-стакло http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=25296#25296
како и да е исто и коморите се битен елемент бидејќи аргонот или криптонот како гасови со кој се исполнуваат коморите со низок коефициент на термална спроводливост! И да има врска колку комори има, но повторно ако имаш лошо изолирана куќа бадијала ти се и сто комори во прозорите! исто имај предвид и каков оков имаат прозорите!

~

кога станува збор за дограма јас претпочитам дрвени прозори, истите се поприлично питома и пријатна појава а воедно и се квалитетен изолатор доколку дрвото е квалитетно што кај нас и баш не е правило на пазаров! Guide to Wood Windows.pdf - http://www.4shared.com/document/0YyNyJBY/Guide_to_Wood_Windows.html

сепак дрвените прозори се штанцаат денес од ефтино дрво та дури и скапа дограма може да биде фуш, затоа и заради помалку замарање а и од незнаење луѓе тераат по дифолт со она што во моментот е тренд или пак го имаат на дофат! во секој случај кога би препорачувал што од современава дограма дефинитивно би ти препорачал алуминиум наместо пвц! евентуално како подобра опција од дрвото и алуминиумот би ти препорачал комбинација од двете дрвени рамки обложени однадвор со алуминиум http://www.m-sora.si/hr/programi/prozoriivrata/prozori/prozori_za_energetsko_ucinkovite_objekte/japan.aspx во случај да неможеш да се одлучиш за дрвена опција! инаку не би можел да потврдам но фиберглас дограмата ја посочуваат како најдобра опција http://www.thermotechfiberglass.com/FiberglassFacts.htm

еве и некој линк кој би ти бил од корист
- http://www.efficientwindows.org/ftypes.cfm
- http://www.doityourself.com/stry/weatherproofwindows
- http://www.woodworkforums.com/f14/western-red-vs-meranti-19942/
- http://dograma.start.bg/   -   http://www.dograma.eu/
- http://www.socalgas.com/construction/builders/Builders%20Resource%20Guide/Window%20Frames.htm

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Jul-2011 at 22:40
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Sep-2011 at 20:00


http://www.pilkington.com/websitev2/both/subsites/websitev2/flashmovies/legacy.html [1]

http://www.youtube.com/user/galaxywindows#g/u

http://www.youtube.com/watch?v=5kv0tvzrUIc&t=1m7s

Ефикасни Прозорци

Прозорците се елементи од надворешната обвивка на домот кои овозможуваат осветлување на просторот во текот на денот, пропуштање на сончевата топлина, переглед на околината. Прозорецот е најдинамичен дел од домот кој има двојна улога: улога на приемник кој што ја пропушта сончевата енергија да влезе, а воедно врши заштита од надворешните влијанија и ги спречува загубите на топлина. 

Загубите на топлина се делат на трансмисиски загуби и вентилациски загуби (проветрување). Збирот на трансмисиските и вентилациските загуби низ прозорците претставуват повеќе од 50% од вкупните топлински загуби во домот. Загубите на топлина низ прозорците се 10 пати, па и повеќе, поголеми од загубите низ надворешните ѕидови. Поради ова, енергетската ефикасност на прозорците има важна улога во вкупните енергетски потреби во еден објект.

Една од најважните карактеристики кај прозорците, како и кај целата обвивка кај куќата е коефициентот на премин на топлина k, кој го изразуваме во W/m2K. Кај нас, кај прозорците од постарите куќи, коефициентот на премин на топлина k се движи од 3,00÷3,50 W/m2K, а во некои случаи и повеќе. Во овие куќи, загубите на топлина низ прозорците се движат во просек 240÷280 kWh/m2 годишно. Да споредиме со европската регулатива, каде овие загуби е пропишано да се движат во вредностите од 1,40÷1,80 W/m2K, односно 0,80÷1,10 W/m2K за современите нискоенергетски и пасивни куќи. Разликата е лесно воочлива.

Вкупните загуби на прозорот зависат од прозорскиот профил и стаклото. Прозорската рамка, независно од видот на материјалот од кој се изработува, мора да осигура добро затворање, прекин на топлинскиот мост во профилот, едноставно отворање и низок коефициент на премин на топлина. Стаклата денес се изработуваат како изолациски стакла, двослојни или трослојни, со различни гасни полнења и премази кои ги подобруваат топлинските карактеристики.

При купување прозорот, треба да се води сметка за да се избере правилно стакло. Овој избор зависи од разни фактори, како, климатски услови, ориентација на прозорот според страната на светот, дизајнот на куќата и др. Може да се изберат различни видови на стакла за различни прозорци, зависно од факторите.
Зависно од бројот на стаклени прегради, прозорци можат да бидат едностаклени, двостаклени и тростаклени. Овие прегради можат да бидат со чисто стакло, или обложени со некоја заштитна фолија.
Кај двостаклените и тростаклените прозорци, шуплините можат да бидат исполнети и со некој гас кој има мал коефициент на термичка пропустливост, како би се намалила термичката пропустливост. Најчесто се употребуваат аргон и криптон.

...

http://energetskaefikasnost.wetpaint.com/page/Ефикасни+прозорци

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Dec-2011 at 20:40






Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Dec-2011 at 06:30
да не се залетувате екстра трошокот може незначи и трајно решение!

...
A study shows that the reduced need of cleaning persists during at least several years. The environmental benefits should however be weighed against the environmental burden of producing self-cleaning glass.

Energy wise, for instance, the number of cleanings should be reduced by 750-1000 times to break even with the increased energy input in the production of glass. Also, it may be noted that the photocatalytic property of TiO2 nanoparticles present on 'self cleaning' glass leads to the breakdown of hazardous substances but also generates hazardous substances
...
http://scitizen.com/future-energies/curtains-down-on-self-cleaning-windows-_a-14-3541.html


2001. godine je poduzeće Pilkington Glass predstavilo tržištu prve samočisteće prozore. Samočisteći učinak ćemo shematski prikazati na poluvodiču TiO2, koji je ujedno i komercijalno najčešće korišten samočisteći agens, jer uspješno kombinira fotokatalizu i superhidrofilnost. Do pojavljivanja fotokatalize kod TiO2 dolazi radi djelovanja ultraljubičaste svjetlosti (pri valnoj dužini ispod 388 nanometara), koja pobuđuje elektrone u TiO2 na prijelaz u više energetsko stanje i u provodni pojas, uslijed čega se pojavljuju oslobođeni elektroni i slobodne elektronske rupe. Sve to reagira sa kisikom i vodom, a rezultat su superoksidni ioni i hidroksidni radikali. Ovi potonji su visokoreaktivni i oksidiraju odnosno uništavaju organske molekule, tako da dobivamo ugljikov dioksid i vodu. Budući da se na tom putu uništavaju i mikroorganizmi, sve prevlake ove vrste često se nazivaju još i antibakterijskima odnosno protumikrobnima.

U stvari, još su istraživači japanske tvrtke Toto Inc. 1995. godine utvrdili da - ukoliko film TiO2 sadrži i određenu količinu SiO2 – dolazi do pojave superhidrofilnosti. To znači da se pri djelovanju UV-svjetlosti kut vode na površini pomiče na 0 stupnjeva, odnosno - površina se prevlači tankim slojem vode. Budući da je na površini tanak sloj vode, prljavština se teže prima za nju odnosno znatno se lakše uklanja. Ova se pojava koristi i kod prozorskih stakala ili ogledala, kod kojih ne dolazi do rošenja (slike 1 i 2). Tako se - kombinacijom fotokatalize i superhidrofilnosti, koja je nazočna kod TiO2, a pod utjecajem djelovanja UV-svjetlosti te u nazočnosti kisika i vlage - postiže samočisteći učinak. Pritom je radi učinkovitosti važno reći da TiO2 ima veliku specifičnu površinu, koja se postiže i smanjenjem čestica. Za samočisteće aplikacije tako se u pravilu koriste - nanočestice.

Samočisteći učinak se danas koristi kod mnoštva komercijalno dostupnih proizvoda kao što su već spomenuto staklo (prozorsko) i – prije svega - fasadne boje. Na tržištu je već moguće dobiti i samočisteći cement (omet), samočisteće crijepove, sustave za čišćenje otpadnih voda i zraka, samočisteći tekstil i, naravno, samočisteće keramičke pločice...http://www.korak.com.hr/sos.php?id_sos=284


Back to Top
GeToM View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GeToM Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Dec-2011 at 14:38

Zdravo imam salamander prozori i vo princip sum zadovolen. Medgutoa vo spalnata soba zimno vreme mi se zgolemi kondenzacijata na stakloto, do taa mera sto sekoa sabajl moram parketot da go brisam so krpa. Dali mozam nekako da reagiram vo ovoj slucaj( treto staklo, podobro termopan staklo, ili da reklamiram nekakvi dihtunzi kaj staklata..

pozdrav

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Dec-2011 at 17:59
обично кондензација се собира на рамот ако е алуминиумски,поради добра спроводливост на топлина(нели ладњаци се прават од алуминиум) без обзир на коморите,а ако се собира кондензација на стаклото,тогаш не е добро направено термопанот стаклото(може да се провери преку бучноста,тоа стакло што ја спречува буката,ја спречува и проводноста на топлината)
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Mar-2014 at 05:00


ova ke da imal coekot gajret ot kabadajdzii, neli za ova pvc dogramata treba da odi so zadolzitelen paropropusen sloj, dal vo forma na diht traki ili eventualno kanali za provev vo samata dograma a vnatre paropropusnen sloj, iako kaj nas cuv busele i dupki vo dogramata naknadno i eto bekdor resenie o:-)

vo osnova ova e t.n. RAL montaza koja izleguva na kraj so ovoj problem, odete vo wurt ke vi kazat chare, sepak ko shto veli medo pogore ako odite so proverena firma i vgraduvanje nema ni na son da si imate gajle, eventualno ekoloski dumi od vreme na vreme

www.sencon.hr/dodatna-oprema/ral-montaza

no ova bi trebalo da e pravilo i za drveni prozori so komori, iako i obicna dograma da zadihtuvate so obicna guma ke si imate istoto gajle



ako ova ne e chare i pak imash orosuvanje il muvla togash objektot e na udar na voda, a shto bi se resilo so drenaza i nadvoresno izoliranje so bitumen okolu temelite, jasno izolacija na dzidovite dopolnitelno bi ja otklonila opasnosta a patem i bi ja zgolemila en.ef. no i taa ako ne e dobro vrzana po spoevite na kujata ke otvori toplinski mostovi i eventualno i tamu kondenzacija a posle nekoe vreme i muvla
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Aug-2014 at 08:18
Како да се одберат добри стакла за прозорци?

текстот преземен од блог
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Oct-2014 at 16:02
komarnici





Edited by nenad - 06-Oct-2014 at 16:03
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-May-2016 at 14:47
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Jul-2016 at 08:05
Montiranje roletni



Edited by nenad - 06-Jul-2016 at 08:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.