build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бунари, артерии, рашљари (чаталџии?!), технологии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Бунари, артерии, рашљари (чаталџии?!), технологии
    Posted: 04-Apr-2010 at 19:21
Kaj нас сегде има разни огласи за наоѓање односно детектирање на подземна вода од “рашљари“ а нема никаде  за копање или бушење на бунари.
Пред да влезам во дискусија со рашљарите, може ли да сподели некој информација, каде, како, какви и за колку евра се копа т.е. буши бунар?
Постои ли карта на водносни слоеви на МК?
Постои ли сондирање ?
Мене конкретно ме интересира наоѓање "активна жица " со бушење т.е "набивање на цевки".
Мислам вакво нешто  одприлика -> http://video.google.com/videoplay?docid=6745640668616581129&hl=mk&emb=1

Конкретно, Pакотинци - Cопиште, југ на Bодно. 
Во Соње се жалат дека "дури" на 14/17(?!)метри" се наоѓа вода.
Плацот е на 550m н.вис.
Данкешен,
K

ПС:
Во меѓувреме ги најдов овие три огласа.....
 
 
 
 
 


 


Edited by KraFT - 04-Apr-2010 at 23:35
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Apr-2010 at 15:20
добра тема арно што ти текна да ја гибнеш во основа вода се добива и од дождовница и од снег итн. прашање е дали, како и колку можеш да ја исфилтрираш, но истата освен за наводнување не би препорачал да се употребува за пиење, што од кисели дождои. што од бактерии заради стоење итн.  

како и да е фирми има доста кои можат да завршат работа www.zlatnakniga.com.mk/Details.aspx?zaglavje=259 но потребно е и испитување на водата во РЗЗЗата во МКД http://mk.wikipedia.org/wiki/Републички_завод_за_здравствена_заштита  
- www.youtube.com/user/drbogoevski

исто прашање е колку и дали сакаш водата дополнително да ја прочистуваш или обогатуваш! ув стерилизација, дестилација, озонирање итн. http://vodaizdravlje.blogspot.com/
првото е и најефтино и најпрактично http://en.wikipedia.org/wiki/Portable_water_purification  впрочем истите UV-C неонки се користат и за прочистување на воздух а не само вода http://milenko.com.mk/forum/showpost.php?p=130902&postcount=209 та бенефитот е повеќекратен! исто и озонирањето врши работа www.associatedcontent.com/article/21382/how_does_ozone_water_purification_work.html?cat=15 но само после бактериолошко прочистување но и отстранување евентуално присуство на метали и неметали од водата, сепак како појава озонирањето баш и не е ефтин процес www.healthy-water.eu/ кај нас озонериве ги има во калифорнија фитнес, но има и поефтини руски варијанти наоколу...

~

е сега откако знае чоек од каде и до каде тера муабетот со прочистувањето начинот на црпење вода е песна! може да оди со секакви комбинации на добавување вода, но артериските бунари се најповолен избор! најнапред треба мислам геолог т.е. хидролог да посочи локација, а потоа и да се направат неколку пробни бушења, кои и немора да тераат длабоко доколку областа е богата со вода, за да не кршам клечки ќе нафрлам доволно линкови за да чоек има доволно ориентација како и зошто се бркаат бунари!

- http://en.wikipedia.org/wiki/Artesian_aquifer

- www1.agric.gov.ab.ca/$department/deptdocs.nsf/all/wwg406

- http://ga.water.usgs.gov/edu/gwartesian.html

- www.brevardcounty.us/environmental_management/artesian_wells.cfm

- www.natural-energysolutions.co.uk/WaterWells.html

- www.puitsfrechette.com/faq.html

доколку водата се користи за пиење најидеално е бунарот да не се буши во близина на септички јами, исто водата би требало да се испитува бар два пати годишно, а најбитно е тој што нема искуство со бунари да се матка неподготвен околу нив, има доста несреќни случаи од задушување, падови, загадување итн. 
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Apr-2010 at 13:59
Во принцип оди вака некако.
 
Процесот:
- Се бира ширина на цевка - од Ф100 па нагоре.
- Се сондира теренот и се бира место.
- Длабината се одредува во текот на самото бушење. (‘Мајсторе стој‘, процес  по видување.)
- Се спушта подводна пумпа и 24 часа се плакне  изворот.
- Се тампонира цевката по длабина.
 
Пари:
40-50евра по метар + рашљарот или одговорниот за сондажа. (50е-100е)
Незнам дали и со колку евра влегува подводна пумпа.
 
Останато дознаено од лачки муабет :
Артериски бунари нема шанси т.е. многу тешко, освен на ептен длабоко во Петровец.
Вода на пумпање има сегде (99%). (20м-60м)
Надвор од урбани подрачј водата е и за пиење во 99,9%. (Со потврда и испитување.)
 
 
К
 
 
 
 
 
 


Edited by KraFT - 06-Apr-2010 at 14:02
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Apr-2010 at 15:53

добра и прецизна поука Крафт ова да не си се фатил веќе на орото? туку испитување на водата е повеќе од неопходно а особено ако бунарот е во рамница каде се обработува земјиштето, или во близина на населено место... во секој случај за 1000ден од испитување не гледам кој зијан би бил чоек одвреме навреме да врши контрола на водата која ја пие!?! http://217.16.70.245/?pBroj=1980&stID=60353&pR=3тоа со филтрирање преку ув-ц неонка е исто ефтина работа, 36w неонка е 1200 ден па со малку импровизација може да се направи заобиколно решение на готовите адаптери за чешма http://www.youtube.com/watch?v=qHlahsTE6dw

линкот од погоре за рззз битола не ги вади на каналот видеата та еве ги издвоени   http://www.youtube.com/watch?v=c1GC6vUo94M     http://www.youtube.com/watch?v=99o6GnOodw0



_______________________


инаку дека артериски бунари не се користат тоа мислам си грешка, тие се постојани и поздрави т.е. почисти затоа и ги посочувам како најидеална опција, истите кај нас се користат во сите подрачја со оглед дека земјава изобилува од вода... во секој случај ако сакш добра т.е. квалитетна вода мој совет е оди на артериски бунар!  исто обичниот бунар во лето неретко знае да пресуши, а особено сега со ова климатските промени тоа веќе е правило, во секој случај артескиот бунар се копа обично на поголема длабочина и до 200м што со онакви такаречи тамчи како горе нема да завршиш работа, за вакво нешто најдобро е ангажирање на некоја фирма специјализирана за испитување на тло и бушење бунари како што е геоинг http://www.geoing.com.mk/




_______________________


она што лично ме изненади барајќи дополнително инфо за озонерите т.е. озонирањето на водата е што во злетовица е предвидено ваков третман на водата ова значи екстра квалитетна вода обогатена со кислород...

токму по реакција на стручни служби, по реакција на научни работници во делот на оваа проблематика, беше барано брзо да се интервенира, со употреба на филтри и помош во санирање на пумпните станици кои не работеа. Тоа се направи. За жал, состојбата беше таа што е и беше инсистирано и констатирано дека токму со набавка на еден нов озонатор проблемот ќе се реши во одреден период, се додека не се изнајде и ова крајно решение. Токму затоа се помина и во набавка на еден ваков озонатор што очекуваме да биде набавем и со него се очекува со водата за пиење да биде во границите на употребливоста. Секако ќе има мерење и контрола на истата и се разбира, до колку не ги задоволува критериумите истата сигурно нема да биде употребувана, но се надеваме дека тоа нема да се случи, бидејќи се такви препораките од стручните лица.

стр.115 http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/069%20sednica%2024-07-2004.pdf



+   http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=899&PID=108163#108163




Edited by Max - 08-Feb-2012 at 15:52
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Apr-2010 at 21:12
Originally posted by Max

добра и прецизна поука Крафт ова да не си се фатил веќе на орото?

инаку дека артериски бунари не се користат тоа мислам си грешка, тие се постојани и поздрави т.е. почисти затоа и ги посочувам како најидеална опција, истите кај нас се користат во сите подрачја со оглед дека земјава изобилува од вода... во секој случај ако сакш добра т.е. квалитетна вода мој совет е оди на артериски бунар!

 
Не сум се фатил сеуштеа најверојатно и ќе се одложи малку.
 
Инаку за артерискиот бунар не сум грешка. Мислам дека погрешно сум разбран.
Се разбира дека најдобро е да имаш артериски бунар но за индивудална куќа тоа кошта едно цело мало богатство кое ретко кој може да си го дозволи, со голем постоечки ризик да не најде (артериска) жица. 250м-400м.
 
Штом дознам нешто плус ќе апдејтирам
 
КраФТ
 
 


Edited by KraFT - 18-Apr-2010 at 21:14
Back to Top
salevski2000 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote salevski2000 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Apr-2010 at 11:18
Конкретно за Сопиште, односно за јужната страна на Водно, за жал, и нема некои работи за радување околу водата.јас конкретно имам викендичка меѓу Горно и Долно Соње. Беше еден тип со скенер и копјутерско сондирање на земјата. МИ кажа дека до 100 метри длабочина нема доволно вода за артериски бунар, а опремата не му беше за подлабоко скенирање, иако некои куќи во комшии кај мене бушеа и до 140 метри и не извадија некоја јака вода.Човеков мене ми препорача површински бунар, бидејќи, според него, така најдобро ќе се соберат површинските води.Ископавме бунар длабок 15 метри, баш во најсушната година, мислам 2008. беше летото, и уште тогаш почна да се појавѕва вода, не нешто драматично,ама бунарот се наполни. Од тогаш константно имам по шест метри вода во бунарот, а пролетва дури и девет метри.Вградив пумпа и има топ притисок, се е супер, само по анализата на водата во РЗЗЗ, ми беше соопштено дека во водата има големо количество на железо и манган, поради што водата е темна и кога ќе се загрее мириса на расипани јајца. Јас ја користам само како техничка, ама штета за ова другово. Некои фирми за третман ми бараа околу 2.500 евра, ама стварно веќе не ми се даваат пари. Читам нешто за некоја озонизација, не знам што е тоа и дали ќе помогне, а што е најважно, колку кошта.
Овие од општината Сопиште најавуваат некој водовод од Патишка река, ама тоа тешко дека ќе биде скоро.
како и да е, многу внимателно со решението и ако ти е само за викенд, монтирај некој резервоар во подрум и полни го со цистерни. Има локалци што носат по 2,5 тони вода за 1.000 денари со трактор.
П.С.Теренот е прилично проблематичен со вода
Поздрав
< = < =
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Apr-2010 at 13:15
Озонирањето отстранува железо, сулфур, манган, бактерии, вкуси и мириси.

http://www.ozonepurewater.com/index.html

Само малку скупо
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Apr-2010 at 13:35
Не е некое добро решение резервоар. Пред се поради Ешерихија Коли што живее во застоени води.
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Apr-2010 at 21:14
Originally posted by salevski2000

Конкретно за Сопиште, односно за јужната страна на Водно, за жал, и нема некои работи за радување околу водата.јас конкретно имам викендичка меѓу Горно и Долно Соње. Беше еден тип со скенер и копјутерско сондирање на земјата. МИ кажа дека до 100 метри длабочина нема доволно вода за артериски бунар, а опремата не му беше за подлабоко скенирање, иако некои куќи во комшии кај мене бушеа и до 140 метри и не извадија некоја јака вода.Човеков мене ми препорача површински бунар, бидејќи, според него, така најдобро ќе се соберат површинските води.Ископавме бунар длабок 15 метри, баш во најсушната година, мислам 2008. беше летото, и уште тогаш почна да се појавѕва вода, не нешто драматично,ама бунарот се наполни. Од тогаш константно имам по шест метри вода во бунарот, а пролетва дури и девет метри.Вградив пумпа и има топ притисок, се е супер, само по анализата на водата во РЗЗЗ, ми беше соопштено дека во водата има големо количество на железо и манган, поради што водата е темна и кога ќе се загрее мириса на расипани јајца. Јас ја користам само како техничка, ама штета за ова другово. Некои фирми за третман ми бараа околу 2.500 евра, ама стварно веќе не ми се даваат пари. Читам нешто за некоја озонизација, не знам што е тоа и дали ќе помогне, а што е најважно, колку кошта.
Овие од општината Сопиште најавуваат некој водовод од Патишка река, ама тоа тешко дека ќе биде скоро.
како и да е, многу внимателно со решението и ако ти е само за викенд, монтирај некој резервоар во подрум и полни го со цистерни. Има локалци што носат по 2,5 тони вода за 1.000 денари со трактор.
П.С.Теренот е прилично проблематичен со вода
Поздрав
< = < =
 
Ти благодарам за  квалитетната информација.
К
 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Apr-2010 at 21:30

Originally posted by lslcrew

Не е некое добро решение резервоар. Пред се поради Ешерихија Коли што живее во застоени води.

затоа чаре е UV-C неонката како што посочив погоре ги уништува сите вируси и бактерии на клеточно ниво, дефакто наједноставен и најефтин пристап за бактериолошко третирање на водата без никакви хемикалии или рецидиви во истата! http://www.home-water-purifiers-and-filters.com/ultraviolet-filter.php

сепак за железо, сулфур и манган па и некои бактери како и вкус и мирис како што наведе Владимир чаре е Озонирање на водата! http://www.cyber-nook.com/water/Solutions.html#ozone

комбинација од двете технологии е идеален филтер за секого па макар живеел во град и таквиот филтер го користи за дополнително прочистување на водата од градски водовод... иако за градски услови постојат готови филтри http://www.home-water-purifiers-and-filters.com/ за нешто како резервар за вода или бунарска вода јас би одел со импровизација со uv-c неонка но имајте на ум дека радијацијата од овие неонки е голема па секакво изложување врз кожата е канцерогено!!! значи најдобро не импровизирајте а доколку сакате да поминете ефтино и брзо тогаш внимавајте како ја користите, вклучување на истите неонки само доколку се покриени или во затворен систем пр. во резервоарот или во самата водоводна цевка вметната неонка!


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-May-2010 at 16:39
еве доста информативни муабети од комшилуков

- http://poljoinfo.com/agrotehnika-u-ratarstvu/busenje-bunara-na-njivama/15/
Back to Top
bauhaus View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bauhaus Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Jun-2010 at 23:53
Те молам дај ми контакт од некој што врши испитување за постоењето на подземни води, каква опрема користат и дали нивните информации се веродостојни.

Поздрав
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Jun-2010 at 01:20
геинг и геоинг се изгор 100 евар по метар за фи100 цевка, тоа е тоа држат монопол со длабоките бушотини но вреди подобро артериски него површински бунар да имаш со оглед дека првиот не пресушува ни лете, но има еден куп помали фирми или поединци кои можат да ти завршат работа http://www.adra.com.mk/za_nas.html   http://www.zk.com.mk/act/бунари%20-%20изведба/Македонија

за услугите не би можел а и не е благодарно во туѓо име да говорам, со оглед дека истите кај нас не се константа туку неутешна променлива! во принцип се прават повеќе пробни бушења кои по логика на нештата би требало да влезат во вкупната цена од 100 евра метар длабочина но кај нас тоа не е случај, па може да се каже дека кај нас тешко ќе налеташ на фер хидролози, сечат како и сите останати, особено што кај нас работат со хидролошки карти а не со GPR па по таа логика одат исто онолку на слепо колку и рашљарите!

~

еве уште по некој линк
- http://poljoinfo.com/agrotehnika-u-ratarstvu/busenje-bunara-na-njivama/15/
- http://forum.cafemontenegro.com/showthread.php?t=28871
- http://www.forum.hr/showthread.php?t=213001

- http://www.youtube.com/results?search_query=water+well+drilling+equipment&aq=3
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Jul-2011 at 22:57

Vrste bušenja


1. Rotaciono bušenje - direktna cirkulacija  

• Bušenje se vrši direktnim načinom ispiranja sa vodom ili bentonitskom isplakom u zavisnosti od geološke sredine

• Radimo sve prečnike do 600 m dubine


2. Rotaciono bušenje - reversno 

• Bušenje se vrši indirektnom cirkulacijom radnog fluida

• Primenjuje se za bušenje bunara većih prečnika

• Raspolažemo sa alatima za bušenje prečnika do 1000 mm


3. Udarno-rotaciono bušenje 

• Najefikasnije i najbrže bušenje tvrdih stenskih formacija

• Radimo sve prečnike do 600 m dubine

http://srbijabunar.com/index.php?option=com_content&view=article&id=63&Itemid=89

4. Cable tool Drilling Method

5. Bucket auger Drilling Method


Prednosti ovog pronalaska u odnosu na postojeća rešenja ručnih pumpi su: manja ručna sila za pokretanje pumpe, manja potrošnja vode, kao i to što se za prihvat vode mogu koristiti obe ruke...




Edited by Max - 28-Jul-2011 at 23:17
Back to Top
solarius View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote solarius Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Oct-2011 at 11:49
Конкретно во Соње нема секаде вода под 20м длабочина. Бидејќи ние рачно имаме ископано 23 метри. и не најдовме ништо на одреденото место кое што го одредија со прачки затоа нека не се лаже никој на овој начин да му кажат точна длабочина а се сомневам дека и имам начин да се одреди тоа пред бушење.

Сега ме интересира дали има начин овие 23 метра што ги имаме ископани рачно со пречник од 1 метар да се продолжи со машинско бушење ? Дали има некој поинформиран да ми одговори ?
Back to Top
Nele View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Apr-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Nele Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Apr-2013 at 06:50
Здраво на сите,

Реновирам постара куќичка на Скопска Црна Гора на место каде нема водовод, а нивото на водата со годините опаднало. Затоа би сакал постоечкиот рачно ископан бунар со длабочина од 12м да го продлабочам за 4-5м. Би замолил ако некој знае контакт од лица кои продлабочуваат постоечки бунар да го сподели.Се работи за рачно ископан бунар со бетонски прстени и дијаметар од приближно 90цм. Веќе некој месец барам фирма или луѓе кое ова би можеле да го изведат но никако да најдам, се надевам дека некој форумџија ќе може да помогне...
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-May-2015 at 09:49


solarius, nele, фирми има видете во златна книга, а во краен случај имате абер и погоре во нишкава ете ви го Геоинг, закаснет одговоров, но навистина е смешно и да се одговара на вакви прашања, ќе разберев ако некој бараше абер за искуство или препорака, но дали може да се најде некаде бушилица воопшто тоа е смешно

~

еве идеален новитет за места со поголема влажност во воздухот пр. тропски или морски појаси, иако и кај нас истиов е добредојден со оглед дека релативната влажност на воздухот е околу 50% ... токму за да на секоја планина одн. планинарски дом, туристичко, излетничко или рекративно место да има по една ваква ветерница

http://www.eolewater.com/gb/site-map.html


 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Jun-2015 at 08:25


арпаџик но корисно инфо - Rough Science S4E17 Rover https://www.youtube.com/watch?v=foB5_g9lrqw

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.