build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост на желбите - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-Feb-2010 at 16:16
Originally posted by La Linea

Точно, но некаде прочитав дека истекот на Дрим моментално е малку над 50 кубици, што е максимално дозволено без опасност од излевање во Струга или подоле низводно.
Но проблемов не е од вчера. Нивото на езерото беше премногу високо за лагодност подолг период наназад, а и покрај многубројните предупредувања и апели да се испушта поголемо количество вода, тоа долго време не се случи.



А исто така поради договорот со Албанија за испуштање на вода работата е дополнително искомпликувана, бидејќи може да се случат поплави и кај нив. Не сметам дека некаква политика е одговорна за моменталнава состојба, туку лоша мешавина на околности
Па и тој договор со Албанија е резултат на политика. А јас колку што слушнав договорот е застарен и не одговара на поновите климатски состојби. Мора да најдеме модус (дали нов договор или нешто сосема друго) да се заштитиме од полавување, особено на охридското крајбрежје. Во случајов имаме полно право да бидеме себични.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Feb-2010 at 16:20
Originally posted by pbanks



Се сложувам и јас, мислам дека реакцијата на Кловер е престрога.


Не ми е јасно зошто сметаш дека е престрога реакција, кога во времето додека имаше можност нешто да се превземе и да се подготвиме за нови дождови и топење на снегови, тоа не беше направено.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Feb-2010 at 16:32
@clover

Мислам дека ти објаснија погоре дека се испушта над максимуалното дозволено ниво. Повеќе ако се испушта ќе се поплави Струга прво и основно (си го видел Дрим моментално во Струга?), а и подоле. Не верувам дека некој во државава е толку глуп од политика да поплавува региони - тоа што се случува е класично политичко перење на мозоци и користење на елементарни непогоди за политички поени.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-Feb-2010 at 16:40


Крале, ако не пратиш медиуми, тогаш барем читај што беше кажано погоре. Нивото на езерото е ризично високо веќе подолг период, но и покрај многубројните укажувања, водата не се испушташе доволно на време, кога се можеше.
Ако причината не е политика, тогаш единствено друго објаснување е дека за ова прашање се надлежни тотално неодговорни хазардери.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 22-Feb-2010 at 16:49
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by La Linea

Точно, но некаде прочитав дека истекот на Дрим моментално е малку над 50 кубици, што е максимално дозволено без опасност од излевање во Струга или подоле низводно.
Но проблемов не е од вчера. Нивото на езерото беше премногу високо за лагодност подолг период наназад, а и покрај многубројните предупредувања и апели да се испушта поголемо количество вода, тоа долго време не се случи.



А исто така поради договорот со Албанија за испуштање на вода работата е дополнително искомпликувана, бидејќи може да се случат поплави и кај нив. Не сметам дека некаква политика е одговорна за моменталнава состојба, туку лоша мешавина на околности
Па и тој договор со Албанија е резултат на политика. А јас колку што слушнав договорот е застарен и не одговара на поновите климатски состојби. Мора да најдеме модус (дали нов договор или нешто сосема друго) да се заштитиме од полавување, особено на охридското крајбрежје. Во случајов имаме полно право да бидеме себични.



Зборот што јас би го искористил е неспособност наместо политика, и истата таа неспособност е причината за поплавите кај клучката Континентал. А поради бавната реакција луѓе треба да летаат од работа - но пак порано или подоцна ќе се случеа поплавите, тоа е сигурно
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Feb-2010 at 16:52
Мислам дека речиси цело време се испушта максималното дозволено ниво... не ти се точни информациите кловер - т.е. веруваш на се што ќе чуеш на ТВ. Едноставно дотекот на води е поголем од истекот и езерото се полни.

Тоа што можеше евентуално да се предвиди, е далеку порано да се испуштеше поголемо количество, фактички езерото да се спушти под нормалното ниво, па за овој период да нема проблеми. Но ова не е лесно предвидливо (кој можел да предвиди дека снегот ќе се стопи во Февруари, а не во Мај)?

Доброто е што штетите се минорни засега.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 22-Feb-2010 at 16:57
Originally posted by krale

Мислам дека речиси цело време се испушта максималното дозволено ниво... не ти се точни информациите кловер - т.е. веруваш на се што ќе чуеш на ТВ.


Крале, јас барем се повикувам на официјални реакции и на нешто што го има во медиумите, а ти се повикуваш на тоа што ти си „мислиш“ и тоа твое мислење после го издигаш на ниво на факт и со него тераш дебата. И не само во оваа дискусија туку пречесто го тераш тој стил на маалски муабет на форумов.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Feb-2010 at 17:10
Originally posted by Cloverstack


Не ми е јасно зошто сметаш дека е престрога реакција, кога во времето додека имаше можност нешто да се превземе и да се подготвиме за нови дождови и топење на снегови, тоа не беше направено.


Едноставно не ми се верува дека биле толку ноншалантни спрема проблемов. Напротив имам впечаток во последниве години дека многу подобро се одржуваат тековите, се чистат коритата (не само естетски туку суштински).

Дополнително неможе а да не се земе во предвид тоа што се случуваше во Албанија. Сепак ни се соседи и мора да соработуваме за вакви работи а таму се случи вистинска катастрофа во споредба со неколку поплавени подруми во Пештани (можеби добра лекција да не се гради блиску до брегот). Колку што може да се види од сликите, ситуацијата околу градот Охрид е сепак под контрола.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Feb-2010 at 17:18


Таа солидарност супер звучи на хартија, ама на крајот на краиштата секој си го заштитува сопствениот интерес. Така било отсекогаш, така ќе биде и во иднина. Не велам да бидеме „злобен“ сосед, туку држава што си го штити интересот како што би си го штитела секоја друга на наше место.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 22-Feb-2010 at 17:23
Originally posted by Cloverstack



Таа солидарност супер звучи на хартија, ама на крајот на краиштата секој си го заштитува сопствениот интерес. Така било отсекогаш, така ќе биде и во иднина. Не велам да бидеме „злобен“ сосед, туку држава што си го штити интересот како што би си го штитела секоја друга на наше место.


повторно, доколку нашето кочење на водата им помогна троа на Албанците е спрема мене поголем интерес отколку потопување на пар подруми во Пештани за кои неможам а да не се сомневам дека се градени на разни транзициско коруптивни начини (знам дека е Пештани традиционално рибарско село, но што мајка бараат новоградби на линија на брег без никаква предвидена заштита од вакви работи). ЗНачи не е дека езерото се излеа и го потопи Охрид.

Дополнително, мислам дека и Крале има поента кога вели дека овие работи понекогаш не може да се предвидат. Не се разбирам за да знам колку од напред може да се предвиди временска прогноза но не верувам дека некој може да ги предвиди температурните флуктуации или врнежите месеци од напред. Ако се одеше со стратегија да се подиспразни езерото како припрема на потпопов кој доаѓа, и ако потоп не се случеше ќе се жалевме дека не сме ја задржале водта кога ја имало. Да потсетам само до пред 2-3 години се дигаше фама дека станавме пустинска земја и дека хидрологијата никогаш не била полоша, дека Охридско езеро го снемува итн. Ете сега овие 2 години хидролошката слика ни е топ.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 22-Feb-2010 at 17:33
Остави ги подрумите во Пештани, проблемот е многу поголем. Еве последната метеоролошка прогноза за среќа навестува дека сепак нема да има преголеми последици по крајбрежјето, но што ако продолжеше приливот?

А тоа што работите се непредвидливи, тоа е баш причина за да се биде внимателен и да се остава разумна резерва за екстремни сценарија. Исто така хидрологијата никако не смееме да ја „оправаме“ со задржување на вода над максимално определените коти.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-Feb-2010 at 18:16
Кловер ако природата реши ниедни мерки нема да не спаси. Заборавив кое беше точно езерото, но во Кина има едно езеро што малтене секоја година се излева и на глава да дубат тоа неможат да го спречат.

Се сложувам комплетно со тебе дека ситуацијата треба одговорно да се менаџира и да се разгледуваат буквално сите сценарија , но сметам дека си прекритичен за ова што во моментов се случува бидејќи може да се случи буквално секаде.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 22-Feb-2010 at 18:22
Originally posted by pbanks

Кловер ако природата реши ниедни мерки нема да не спаси. Заборавив кое беше точно езерото, но во Кина има едно езеро што малтене секоја година се излева и на глава да дубат тоа неможат да го спречат.
Ама зарем во нашиов случај станува збор за таква екстремна ситуација???

Како што кажав, барам и очекувам единствено да се однесуваме како сериозна држава која одговорно ги менаџира работите и си го заштитува својот интерес.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-Feb-2010 at 19:51
добро бе луѓе не живееме во камено време па да се клањаме на секое ветренце што ќе дувне!
се согласувам со кловер, конкретно оваа ситуација кај нас може да се регулира, ако не можат да се скротат водите и природата во целост, барем да се превземат заштитни мерки може

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 22-Feb-2010 at 19:56
Колку што гледам паднал и кејот во Битола, го снемало знамето од Влада, се поплавила Пелагонија, одрони имаше на патот за Велес, Битола-Ресен се лизна, лавина во Вевчани, одрони Маврово-Дебар и да не редам понатаму... значи се наоѓаме очигледно во една елементарна непогода која предизвикува штети на сите страни. Да, сигурно е дека со подобра инфраструктура и менаџирање некои од овие работи би можеле да се спречат (да бевме некоја богата и развиена земја).

Се ли е ова политика? Значи се ова да се користи за политички препукувања е бедно. Но, политиката е како најстариот занает, тука се користи се само за да се заработи... се надевам на форумов ќе се држиме до реални градежни проблеми, а не да се занимаваме со политика.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 22-Feb-2010 at 19:58
Од страна на тоа дека можело да се спречи:

Можело, и политичарите се криви, нормално. Да не сум јас крив? Да не е моја работа да ревидирам договори стари 50 години? Ај да станува збор за некоја смешка како територијални договори од XV век меѓу Белгија и Холандија поради феудалните имоти и да станува збор за неколку метри квадратни земјиште, ама овде станува збор за нешто што може да резултира со она што ни се случи, а и многу полошо. Затоа, ум во глава и нека мислат малку кој што работи во министерствата. Политиката е најстара кучка, во право си, ама кажи ми во која земја во ЕУ има министри кои се задолжени за ресор за кој ниту учеле, ниту слушнале пред да станат министри? Ај ако не јас да одам да скокнам 2 пати да прсни вода да се намали нивото. Криви се бидејќи се неагилни и ноншалантни (сите досега). Мислам дека Cloverstack многу добро ја гледа the big picture, а не станува збор за теорија на заговор (дека политичарите се виновни за сè).


---
Од страна на тоа што да правиме сега откако гледаме дека се случува:

Крале ако ти речам дека спомениците може да се одложат за 2-3 години, а сега итно да се мисли на трајно решение за сите овие проблематични точки на нашите патишта кои арно еднаш си ги покажаа слабостите и за среќа никој не беше повреден, ќе ми речиш дека сум и јас преокупиран со малограѓански опозиционерски муабети.

Секако мора да има ексклузивитет меѓу двете бидејќи нели државата нема пари за сè истовремено. Епа бирај кое е подобро, ама да возеше ти на некое од тие патишта тој ден (и тоа да не ја ни видеше карпата на патот или дупката во асфалтот) ќе ти беше срцето во грлото, а вака лесно ти е да судиш дека сме биле ние пристрасни.

Edited by гитардемон - 22-Feb-2010 at 20:09
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 23-Feb-2010 at 00:04
Едно село во охрид се поплави зашто јаболката од годинешниов род ги истуриле во каналот и се направил насип. И тоа штрајк против државата во капитализам зашто приватницте не си нашле пасман. Апсурд до даска. И тоа според некои шпекулации се зборело дека се истураат одкупени камиони плод од политички фактори на кои им одговара по медиуми да се врти таква слика. Но ај за тоа не сега. Битно сами си го запушиле одводот и сега се поплавиле.

Гледам прееска на вести еден чичко се буни зашто денеска не се започнало со санација на патот М5. Нема ни 24 саата од одронот. Знае ли тој човек дека треба прво да се стабилизира земјиштето, да се изврши увид, проект, финансии, па после градежна актвност. Во ниуедна држава ова не се прави за 24 саата. Очигледно станавме гомнојадска нација.

Колку што сега поплавите и невремињата се политички толку и мирната ситуација до сега беше политичка. По таа логика. Да не злоупотребуваме туѓа невоља и нема да спомнувам конкретни примери од странство, но во етаблирани и реномирани држави се случува истово.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 23-Feb-2010 at 01:27
@гитардемон

Дека има одговорност дефинитивно, па нормално штом една држава не е развиена и не фунционира како што треба, дека криви се нејзините водачи. Апсолутно немам збор како противаргумент дека има нестручен кадар (читај партиски) во сите министерства кои се и башка ноншалантни.

Но апсолутно не можам да се сложам дека ова се политички поплави, местенки да се поплави опозицискиот град итн. Ако некому, токму на опозоцијата и одговара вакво сценаријо на поплави и непогоди. Но стварно е бедно да се злоупотребува туѓата несреќа за своја корист - тоа е мрско.

А за ова што викаш дека треба да се правеле патишта наместо Скопје 2014, реков одамна дека се сложувам дека инфраструктурните проекти требаа да бидат први, така да пак на крива адреса се обраќаш. Но да се надеваме дека ќе влезат во Скопје 2018 или 2020, па да имаме една комплетно нова слика за една деценија.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 05-Apr-2010 at 20:46
Еве уште една сесија од овој мост. Имав впечаток дека мостот навлегува многу подлабоко во езерото и го менува изгледот на охридското крајбрежје. Сепак освен на почетокот мостот (ако може оваа монтажна платформа да се нарече мост) се движи залепен до карпите и катастрофата не ни од далку голема колку што мислев.

1 Почетокот на мостот веднаш под Св. Софија

2

3

4

5

6

7

8



Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 11-Sep-2010 at 09:16
Овој мост е чиста катастрофа- материал обични даски ограда од ланец и железо, како на некоја река да е а не ОХРИД, град кој требе да биде совршен....

За под требало да стават тука се вика бангикир, со ростфраи ограда и да биде малце по естетско а не овоо чудо на шо личи како во некое село селаните да го правиле.....

Требало би да биде вака:
http://www.carlgoetz.de/fileadmin/produkte/terrasse/slideshow/bankirai.jpg
http://www.bard.rs/images/prodajni-program/podovi/parket/30.jpg

Ова е во Порторож и ако и тука до пред 2 години беше како тај на Ранковски...
Поарно да го нема од колку таков да е...
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.113 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.